Contract
ПРЕДЛОГ
АНЕКС БР. 2 НА ДОГОВОР
за деловна соработка за купопродажба на репроматеријали бр. 02-1899/1 од 25.09.2015 година Склучен на ден меѓу:
1. Фабрика за заварени цевки и профили 11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово, со седиште во Куманово на улица „11 Ноември“ број 87 А, Куманово, Република Македонија, со ЕМБС:4028201, претставувано од Извршен директор Xxxxx Xxxxxxxx, во понатамошниот текст Прва договорна страна, од една страна
и
2. Друштво за градежништво и трговија Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово, со седиште на ул. „Xxxxxx Xxxxx“ број 160 Куманово, застапувано од управителот Xxxx Xxxxxxxxxxxxx од Куманово, во понатамошниот текст Втора договорна странач, од друга страна
Член 1
Со овој Xxxxx се продолжува важноста на Основниот Договор за деловна соработка за купопродажба на репроматеријали бр.02-1899/1 од 25.09.2015 година и Анекс бр.1 на Договор за деловна соработака за купопродажба на репроматеријали бр.02-7227 од 21.12.2017 година, за период од три години.
Се менува член 9.1. и член 9 гласи:
„9.1. Овој договор се склучува во времетраење од 3 (три) години сметано од ден 21.12.2020 година.
9.2. Доколку една од страните изрази желба да го продолжи овој Договор после истекувањето на неговото време на важење, таа ќе ја запознае другата страна за својата намера во рок не помал од 30 дена пред денот на завршувањето на важењето на овој договор.„
Член 2
Овој Xxxxx влегува во сила на денот на неговото склучување по што важноста на основниот договор се продолжува за 3 години.
Член 3
Анекс на договорот е склучен во 4 (четири) примерока, од кои по 2 (два) за секоја договорна страна.
ДОГОВОРНИ СТРАНИ:
Прва договорна страна :
За Фабрика за заварени цевки и профили
11 ОКТОМВРИ Акционерско друштво Куманово извршен директор Војчо Нацевски
Втора договорна страна :
За Друштво за градежништво и трговија
Квалитет-Пром ДООЕЛ Куманово увоз-извоз Куманово управител Xxxx Xxxxxxxxxxxxx