Гоџи (Lycium barbarum) сорта Ningxia No.1 - се одликува со црвен, крупен и вкусен плод. Цената на одрвенет садник е 10 EUR.
П О Н У Д А
за саден материјал и откуп на ГОЏИ
Овошјето ГОЏИ е убедливо најпрофитабилното растение за плантажно одгледување во Македонија. БИОПЛАНТ склучува договори за гарантиран откуп на родот само со оние кооперанти кои:
- ќе купат сертифициран саден материјал од Биоплант
- ќе одгледуваат гоџи согласно Законот за органско земјоделско производство на РМ и ќе добијат сертификат за органско производство од контролното тело “Балкан Биосерт” - Скопје
- ќе засадат гоџи на површина од минимум 1 dka (минимум 400 садници)
Гоџи (Lycium barbarum) сорта Ningxia No.1 - се одликува со црвен, крупен и вкусен плод. Цената на одрвенет садник е 10 EUR.
Откупот е загарантиран минимум 5 години. Цена за 1 kg 100% свеж органски плод е:
- 5,00 EUR набран без петелка (рачка)
За секоја предадена количина гоџи се добива кантарна белешка. Исплатата на средствата од откупот се врши до 30 дена по предавањето на последната количина гоџи во текот на календарската година.
Шема на садење
За плантажно одгледување, каде што обработката на почвата се врши механизирано, растојанието меѓу редовите треба да e 2 до 2,50 m, а меѓу садниците 1 до 1,50 m (400 садници на 1 dka, односно
4.000 садници на 1 ha).
За помали насади или домашни градини, каде што обработката на почвата вообичаено е да се врши рачно, растојанието меѓу редовите може да биде 1,5 m, а меѓу садниците 1 m.
Нарачка на садниците
Ако сакате да склучите договор за откуп на плодот со нас, тогаш најпрвин се прави договор за нарачка на садници, со кои ние Ви гарантираме дека сертифицираниот саден материјал ќе го добиете на време и по гарантирана цена. По потпишувањето на договорот за нарачка на садниците, се уплаќа учество од 50% од вкупната цена на садниците. Остатокот од 50% се плаќа пред преземањето на садниците од нашиот расадник во Скопје.
При преземањето на садниците ќе ја добиете и комплетната технологија за садење, одгледување и одржување на плантажата.
Сите погоре наведени цени се со вклучен ДДВ, а плаќањето се врши во денари, според среден курс на еврото на НБРМ, на денот на фактурирањето.
БИОПЛАНТ Xxxxxx, xx. 0000 xx.0 (индустриска зона Пинтија) тел: (00) 0000 000 xxx.xxxxxxxx.xx