ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА СКЛУЧЕН ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
ДЕЛ I: ДОГОВОРЕН ОРГАН
I.1)Податоци за договорниот орган
I.1.1)Назив на договорниот орган:Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје
I.1.2)Адреса:ул.„Орце Николов“ бр.138 Скопје I.1.3)Град и поштенски код:Скопје 1000 I.1.4)Интернет адреса:xxx.xxxxx.xx
I.1.5)Лице за контакт:Xxxxxxx Xxxxxxxxxxxx Адреса на е-пошта:xxxxxxx.xxxxxxxxxxxx@xxxxx.xx Телефон/Факс:022633-813
I.2)Категорија на договорен орган, негова главна активност или дејност:
Правни лица основани за задоволување на потребите од јавен интерес – Член 4 став 1 алинеја б) од Законот - Домување, градежништво и транспорт
II.1)Предмет на договорот за јавна набавка:
Изработка на проектна документација за објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје (по спроведен Конкурс за избор на идејно решение за објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје- Мал Ринг во Скопје)
II.2)Вид на договорот за јавна набавка: Услуги - Категорија на услуга: бр.12
Архитектонски услуги; инженерски услуги и интегрални инженерски услуги; услуги за просторно планирање и инженерски услуги за уредување на земјиштето; поврзани научни и технички советодавни услуги; услуги за технички испитувања и анализа
Место на испорака на стоките или извршување на услугите, или локација на извршување на работите:
II.3)Дали договорот е од опфатените дејности (секторски договор):
II.4)Дали постапката ќе ја спроведе Централно тело: Не
II.5)Групна набавка: Не
II.6)Подетален опис на предметот на договорот за јавна набавка:
Изработка на комплетна проектна документација, идеен проект, проекти за дислокација на постоечки подземни инсталации, проект за подготвителни работи, основен проект со сите фази потребни за изградба на објектот- Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје
Проектната документација треба да биде изработена врз основа на: Изводот од ДУП, Проектната програма потпишана од Нарачателот, одобрениот идеен проект, Елаборатот за нумерички податоци, Елаборатот за геомеханички истражни работи, Законот за просторно и урбанистичкото планирање и неговите подзаконски акти, Законот за градење и неговите подзаконски акти, Законот за домување, Правилникот за стандарди и нормативи за проектирање на објекти, Правилникот за Енергетска ефикасност на градежни објекти, Правилникот за содржината на проектите, означувањето на проектот, начинот на заверка на проектот од страна на одговорните лица и начинот на користење на електронските записи и други важечки законски прописи врзани за предметот на набавката.
При изработката на проектната документација треба да се применуваат рационални современи и издржани решенија.
Општи урбанистичко-архитектонски услови:
Градежна парцела Г.П7.1.1
-намена на објектот: В4 – државни институции
-површина на парцела: 1547,00 m2
-површина за градба: 1131,00 m2
-вкупна површина за изградба 10.179,00 m2
-процент на изграденост: 73,1 %
-коефициент на искористеност: 6,58
-максимална висина на хоризонтален венец H=29 m
-максимална катност: П+7+Пк
II.7)Референтна номенклатура за доделување на договор за јавна набавка (ОПЈН):
II.9)Рамковна спогодба: Не
II.10)Времетраење на договорот:
130 денови
ДЕЛ III: ПОСТАПКА
III.1)Вид на постапка: Постапка со преговарање без претходно објавување на оглас
Оправданост за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување:
кога предметниот договор следува по спроведување на конкурс за избор на идејно решение и се доделува на најдобро рангираниот учесник или на еден од најдобро рангираните учесници
Дополнително образложение за изборот на постапката со преговарање без претходно објавување:
За избор на идејно решение за објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје-Мал Ринг во Скопје спроведен е Конкурс како дел од постапка за јавна набавка за доделување на договор за услуги. Жири Комисијата за „Конкурс за избор на идејно решение за објект Државни институции ГП 7.1.1 ДУП Централно градско подрачје на Град Скопје - Мал Ринг во Скопје“ изврши рангирање на пристигнатите конкурсни трудови, при што како најдобро рангиран е одреден трудот чиј автор е Xxxxx Xxxxxxxxx, на кого му е доделена втора награда. АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење на Републиката - Скопје има обврска да склучи договор за јавна набавка со најдобро рангираниот учесник, (со правно лице во кое најдобро рангираниот учесник на конкурсот ги врши работите на проектирање) во постапка за доделување на договор за јавна набавка на услуги, по завршување на Конкурсот за избор на идејно решение. Според тоа потребно е да се спроведе постапка со преговарање, согласно член 99 став (1) точка 3) од Законот за јавни набавки, како продолжение на започнатите активности.
III.3)Критериум за доделување на договор за јавна набавка: Најниска цена
III.4)Дали постапката за доделување на договор за јавна набавка била реализирана со користење на електронски средства? Не
III.5)Дали била користена електронска аукција? Не
ДЕЛ IV: СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ИЛИ РАМКОВНА СПОГОДБА
IV.1)Услови под кои е склучен договорот или рамковната спогодба
IV.1.1)Датум на склучување на договор или рамковна спогодба: 17.12.2014
IV.1.2)Број на добиени понуди: 1
IV.2)Информации за носителот на набавката со кој е склучен договорот
Име на носителот на набавката: Трговско друштво за производство,трговија,инженеринг и градежништво АРХИТЕКТОНИКА ДООЕЛ Скопје
Адреса на носителот на набавката: ул. Владимир Комаров бр. 29/3/15 Град или населено место: Скопје Држава: Македонија
IV.3)Информации за вредноста на договорот
IV.3.2)Вредност на склучениот договор со вклучен ДДВ : 8732000 ден.
IV.5)Датум на доставување до Биро за јавни набавки: 16.01.2015