Contract
0531
ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ НА ДЕЦА ОД ПОСЛЕДИЦИ НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ СО ДЕТСКО ШТЕДНО ОСИГУРУВАЊЕ
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1.
(1) Дополнителните услови за осигурување на деца од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст Дополнителни услови) се составен дел на договорот за детско штедно осигурување кој договорувачот на осигурувањето го склучил со Кроациа Осигрување АД, Друштво за осигурување на живот (во понатамошниот текст Осигурувач) според Посебните услови за детско штедно осигурување.
(2) Договорувач може да биде родителот или старателот на детето, како и секое друго физичко или правно лице кое има интерес да склучи осигурување и кое ќе ја плаќа премијата.
(3) Според овие услови можат да се осигураат деца со навршени 30 дена од раѓање до деца кои се на 13 годишна возраст, а осигурувањето може да трае најдоцна до 25 година од животот.
II. ПРИФАЌАЊЕ ВО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2.
1. При прифаќање во осигурување се пресметува дополнителна премија поради зголемен ризик од следниве болести:
• Даунов синдром и слични сродни хромозомски нарушувања
• Детска церебрална парализа
• “Sy” вродено на хипотонично дете
• Епилепсија
• Аномалија на развојот на главата и мозокот
• Неуроакутен синдром
• Мускулна дистрофија
• “Osteogenesis imperfecta"
• Слепило
• Глувост
2. Во тој случај доплатата на премијата изнесува 50% од премијата добиена со пресметка од Таблицата на премија за дополнително осигурување на деца од последици на несреќен случај со осигурување на живот.
III. ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ Член 3.
(1) Кога ќе настане осигурен случај, осигурувачот по овие дополнителни услови е обврзан да исплати:
• трошоци за погреб, ако смртта настапила како последица на несреќен случај
• утврден процент на инвалидитет според Таблица за одредување на процентот на траен инвалидитет како последица од несреќен случај (незгода) и
• дневен надомест за лежење во болница како последица на несреќен случај
•
IV. КОРИСНИЦИ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 4.
Во полисата за корисник на осигурувањето се смета:
1. во случај на смрт на осигуреникот – родителот односно старателот на детето
2. во случај на инвалидитет на осигуреникот и надомест за лежење во болница како последица на несреќен случај – самиот осигуреник.
V. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ Член 5
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 6
(1) Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
VI. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ Член 7
Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
VII. ЗАСТАРЕНОСТ Член 8
(1) Рокот за застареност за поднесување на барање по договор за осигурување изнесува 5 години.
(2) Застарувањето се смета дека настапило по истекот на годината во која било можно да се бара надоместокот.
VII. ЗАВРШНА ОДРЕДБА Член 9
За односите помеѓу осигурувачот, осигуреникот, договорувачот, корисникот и
другите лица на кои се однесува, а не се уредени со овие Дополнителни услови, се применуваат одредбите на Законот за облигационите односи.