Contract
АВТОРСКИ ДОГОВОР бр.
За реализирање на
Овој договор е склучен помеѓу Македонското еколошко друштво, со седиште на Институтот по Биологија, Природно-математички факултет, ул. Гази Баба бб, 1000 Скопје (во понатамошниот текст: МЕД), претставувано од
,
и
, во понатамошниот текст: автор
Цел на договорот Член 1
Договорот се склучува заради реализирање на
(во понатамошниот текст: авторско дело).
Исплати Член 2
МЕД се обврзува за реализација на авторското дело да му исплати денари нето износ.
Исплатата на ова сума ќе се изврши на две еднакви рати, од кои 40% по потпишувањето на договорот, 50% по доставувањето на извештајот за напредок на работата, и 10% по доставувањето на финалниот извештај.
Член 3
Исплатата на авторскиот надомест ќе се изврши преку МЕД, на трансакциската сметка на авторот во Банка.
Персоналниот данок на доход за физичко лице ќе го исплати МЕД.
Имплементација Член 4
Авторот е должен да ги реализира активностите предвидени со проектот врз основа на кој е склучен овој договор. Проектот е даден во анекс и претставува дел од овој договор.
Член 5
Авторот е должен активностите да ги реализира со најдобар можен квалитет, во предвидената временска рамка и за договорениот буџет.
Член 6
Авторот е должен за секоја промена која ќе има влијане врз текот или резултатите на проектот да го извести МЕД и да побара писмено одобрување за промена на активностите. Доколку промената е од таква природа што авторот не може да продолжи со реализирање на проектот, или оцени дека нема да ги постигне предвидените цели, МЕД и авторот со анекс кон овој договор ќе ги дефинираат условите според кои ќе заврши спроведувањето на активностите.
Доколку авторот не го извести МЕД за промени кои влијаат на целите или реализацијата на проектот, а за кои знаел или би морал да знае, обврзан е на МЕД да му ја врати целокупната сума доделена за имплементација на проектот, и договорена со овој договор.
Извештаи
Член 7
Авторот се обврзува да поднесе извештај за напредок за работата не подоцна од
30.09.2009 година, и завршен извештај не подоцна од 20.12.2009 година.
Извештајот за напредок на работата и завршниот извештај се состојат од две компоненти –
наративен дел и финансиски дел.
Двете компоненти на извештајот за напредокот на работата и завршниот извештај авторот ќе ги достави на посебни формулари, кои се дадени во анекс на овој договор.
Член 8
Авторот е должен да води детална евиденција за трошењето на средствата доделени со проектот.
Авторот е должен да ги зачува сите оригинали од сметките кои настанале при реализирањето на проектот и истите да ги достави до МЕД со доставувањето на завршниот извештај.
Пренамена на средства
Член 9
Авторот може да врши пренамена на средствата од една во друга ставка на буџетот, доколку висината на вкупно пренаменетите средства надминува 10% од вкупната вредност на договорената сума за реализирање на проектот.
Доколку постои потреба за пренамена на средства поголема од 10%, истата треба писмено да се образложи до МЕД и писмено да биде одобрена.
Лична безбедност, безбедност и обештетување на трети лица
Член 10
Авторот е лично одговорен за сопствената безбедност, безбедноста на лицата кои му помагаат, безбедноста на трети лица и штета нанесена на трети лица.
Во ниту еден случај МЕД не сноси одговорност заради настаната опасност по здравјето, животот или имотот на авторот, неговите соработници или кон трети лица, настаната со реализирањето на активностите на проектот.
Публикации
Член 11
Доколку реализирањето на проектот предвидува печатење, на печатениот материјал, на видно место, мора да биде истакнато логото на МЕД.
МЕД ќе ги обезбеди потребните логоа за примателот.
Користење на резултатите Член 12
XXX има право да ги користи резултатите добиени со реализирањето на овој проект заради промоција на работата на Друштвото и постигнувањето на целите и задачите на Друштвото.
МЕД го има право периодичниот и финалниот наративен извештај од спроведувањето на проектот да го објави на својата веб-страница.
При користење на резултатите, XXX ќе ја почитува сопственоста на авторот и неговото авторското право, со јасно наведување на неговото име.
Фото материјал
Член 13
Авторот е должен да обезбеди фотографии од активностите при реализација на проектот. Овие фотографии треба да се предадат заедно со предавањето на завршниот извештај. Овие фотографии МЕД може да ги користи бесплатно за сопствени потреби. Секоја фотографија треба да има податоци за авторот, локацијата и објектот што е фотографиран. Фотографиите треба да бидат предадени во дигитална форма.
Завршни одредби
Член 14
Евентуалните измени на овој договор ќе се извршат со анекс кон договорот, на согласност на двете страни.
Член 15
За се што не е регулирано со овој договор важат соодветните законски прописи.
Член 16
Во случај на спор по овој договор, договорените страни ќе се обидат истиот да го надминат договорно. Доколку тоа не е возможно, одлучува месно и стварно надлежниот суд во Скопје.
Член 17
Договорот е составен во два еднаки примероци, од кои еден за МЕД и еден за авторот.
Скопје, 2010 година
За МЕД Автор:
………………………………. ……………………………………
Д-р Xxxxx Xxxxxxxx Претседател