УПРАВАTA ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Врз основа на член 206 и 219 од Законот за работните односи (“Службен весник на РМ”, број 62/05 158/10), член 5 од Колективниот договор за државните, правосудните и органите
на локалата самоуправа на Република Македонија ("Службен весник на РМ", бр.53/95) и Општ Колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, број 10/08,85/09), Управата за јавни приходи, претставувана од директорот од една страна и Синдикалната организација на работниците во Управата за јавни приходи, претставувана од Претседателот на синдикатот од друга страна, склучија
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР НА
УПРАВАTA ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Колективен договор, во согласност со Законот за работни односи, Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалата самоуправа на Република Македонија ("Службен весник на РМ", бр.53/95) и Општ Колективен договор за јавниот сектор на Република Македонија (“Службен весник на РМ”, број 10/08....85/09), се уредуваат и доуредуваат правата, обврските и одговорностите на работодавачот и вработените како договорни страни, склучувањето, содржината и престанокот на договорот за вработување, и други прашања од работните односи или во врска со работните односи согласно чл.206 од Законот за работните односи (“Службен весник на РМ”, број 62/05 158/10),
Член 2
Овој колективен договор особено регулира:
I. Вработување;
II. Обврски на вработените;
III. Права на вработените и нивната положба;
IV. Заштита и безбедност на вработените при работа;
V. Посебна заштита;
VI. Плата, надоместоци на плата и други примања;
VII. Наградување во Управата за јавни приходи;
VIII. Информирање на вработените ;
IX. Стручно оспособување и усовршување на вработените ;
X. Услови за работа и делување на синдикалната организација;
XI. Остварување на правото на штрајк;
XII. Материјална одговорност;
XIII. Престанување на важноста на договорот за вработување;
XIV. Постапка на утврдување на одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски ;
XV. Откажување на договорот за вработување од деловни причини;
XVI. Заштита на правата на вработените;
XVII. Мирно решавање на индивидуални и колeктивни работни спорови;
XVIII. Изменување, дополнување, толкување и следење на примена на Колективниот договор;
XIX. Преодни и завршни одредби
Член 3
Работодавач во смисла на овој Колективен договор е Управата за јавни приходи претставувана од директорот на Управата за јавни приходи.
Член 4
Вработен во смисла на овој Колективен договор, е секое лице кое е во работен однос во Управата за јавни приходи врз основа на склучен договор за вработување.
Правата, обврските и одговорностите од работен однос на вработените во Управата за јавни приходи, кои имаат статус на даночни службеници и вработените кои вршат општи, административно-технички и помошни работи се уредуваат со Законот за Управата за јавни приходи, Законот за работните односи и овој Колективен договор.
На вработените во Управата за јавни приходи, кои вршат работи од областа на финансиското, општо-административно, материјално работење и јавните набавки со статус на државни службеници, во однос на правата, обврските и одговорностите од работниот однос кои не се уредени со Законот за државни службеници, се применуваат одредбите од Законот за работните односи , Закон за Управата за јавни приходи и овој Колективен договор
Овој Колективен договор е задолжителен и го обврзува работодавачот и вработените на негова непосредна примена.
Овој Колективен договор, ги обврзува како вработените кои се членови на синдикатот, така и вработените кои не се членови на синдикатот.
Член 5
Со овој колективен договор можат да се утврдат и поголеми права како и други права кои не се предвидени, ако тоа не е во спротивност со закон и со Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија.
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
I. ВРАБОТУВАЊЕ Член 6
Во Управата за јавни приходи може да се вработи секое лице државјанин на Република Македонија кое ги исполнува посебните услови предвидени со актот за систематизација на работните места во Управата за јавни приходи.
Член 7
Xxxx посебни услови за засновање на работен однос се предвидуваат:
▪ видот и степенот на стручната подготовка;
▪ посебни знаења, вештини и квалификации специфични за пооделни работни места;
▪ работното искуство во струката;
▪ претходна проверка за вршење на работите.
Член 8
Одлуката за потреба од засновање на работен однос ја донесува директорот на Управата за јавни приходи во согласност со актот за систематизација на работните места.
Член 9
Работниот однос во Управата за јавни приходи се заснова на неопределено и на определено време, во зависност од потребите за работа и видот на работите и задачите.
Член 10
Вработувањето во Управата за јавни приходи се врши врз основа на јавен оглас за слободно работно место, кој го објавува Управата за јавни приходи во најмалку два дневни весници, од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.
Јавниот оглас содржи:
▪ основ за негово објавување;
▪ број на огласот (број/година);
▪ звање и работно место кое се огласува;
▪ број на извршители;
▪ посебни услови за работно место;
▪ рок за доставување на пријава за вработување кој не смее да биде пократок од пет (5) дена;
▪ напомена дека ненавремените и некомплетно пополнети пријави нема да се разгледуваат;
▪ адреса за подигање и поднесување на службениот образец на пријавата за вработување;
Покрај елементите од став 2 на овој член, огласот во зависност од видот на работното место може да содржи напомена дека :
▪ за избор на кандидат во звање за кое не е предвидено работно искуство ќе биде спроведено интервју;
▪ за избор на кандидат за работно место за кое е предвидено работно искуство во струката може да биде спроведено интервју или писмена проверка на кандидатот за вршење на работата на работно место;
▪ напомена дека за одделелни работни места предвидени со овој колективен договор вработениот со работно искуство ќе биде подложен на пробна работа.
Член 11
Заинтресираните кандидати по објавениот оглас доставуваат пополнет пропишан образец на Пријава за вработување преку архивата на Управата за јавни приходи или по пошта.
Член 12
За спроведување на постапката за вработување по огласот, директорот на Управата за јавни приходи формира Комисија, составена од претседател, двајца членови и нивни заменици.
Претседателот и членовите имаат VII/1 степен на стручна подготовка.
Член 13
Составот, надлежностите, степен на образование на членовите на комисијата како и критериумите за спроведување на постапката за вработување согласно закон, ќе бидат прецизирани со посебен Правилник донесен од работодавачот.
Комисијата ги разгледува поднесените пријави по огласот за вработување и врши административна проверка дали поднесените пријави се навремени и комплетно пополнети.
По извршената проверка, Комисијата изготвува записник кој содржи листа на сите пријавени кандидати, и тоа:
- листа на кандидати која поднеле уредни пријави рангирани според просечниот успех во образованието и
- листа на кандидати кои поднеле неуредни пријави.
Комисијата писмено ги известува кандидатите кои поднеле уредни пријави за датумот времето и местото на одржување на интервјуто или писмената проверка.
Комисијата писмено ги известува и кандидатите кои поднеле неуредни пријави дека истите нема да се разгледуваат.
Член 14
Комисијата спроведува интервју односно писмена проверка со кандидатите кои поднеле уредни пријави и врз основа на тоа изготвува Записник со ранг листа на кандидатите и истата ја доставува до директорот на Управата за јавни приходи.
Член 15
Директорот на Управата за јавни приходи од предложената ранг листа врши избор за пополнување на огласеното работно местo и донесува Одлука за избор.
Комисијата го повикува избраниот кандидат во рок од 7 (седум) дена од приемот на писменото известување, да достави докази за исполнување на општите и посебните услови за работното место во оригинал или копија заверена кај нотар.
Комисијата изготвува записник за исполнување на условите за работното место за избраните кандидати
Доколку избраниот кандидат не достави докази за исполнување на условите за работното место или не ги исполнува условите, тогаш директорот врши повторен избор од ранг листата.
ДОГОВОР ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Член 16
Кандидатот отако ќе ги достави доказите за исполнување на општите и посебните услови за работното место согласно член 15 став 2 потпишува договор за вработување со Управата за јавни приходи.
Вработениот не може да стапи на работа ако нема склучено договор за вработување.
Договорот за вработување покрај содржината од член 28 од Законот за работни односи содржи и подетални информации за договорните страни односно содржи и матичен број на вработениот, матичен и регистарски број за работодавачот.
Член 17
Правата, обврските и одговорностите од работен однос започнуваат да се остваруваат со денот на стапување на работа, исто така, и во случај ако на тој ден вработениот од оправдани причини нема да почне да работи.
Случаите кога вработениот од оправдани причини не може да почне со работа на денот определен со договорот за вработување се:
▪ болест на вработениот;
▪ смртен случај на член на потесно семејство;
▪ елементарна непогода;
За причините од став 2 на овој член, вработениот е должен писмено да го извести работодавачот, во рок од 2 работни дена од времето кога требало да се јави на работа.
Член 18
Работодавачот мора во рок од 8 (осум) дена од денот на склучување на договорот за вработување писмено да го извести кандидатот кој не е избран дека не е избран и кој кандидат е избран.
Работодавачот е должен на кандидатот кој не е избран во рок од 3 (три) дена да му ги врати сите документи што му ги доставил како доказ за исполнување на бараните услово за вршење на работа.
Неизбраните кандидати имаат право на приговор до Директорот на Управата за јавни приходи во рок од 8 (осум) дена од денот на приемот на известувањето за извршениот избор.
ПРИПРАВНИЦИ
Член 19
Избраниот кандидат за работно место за кое не се бара (не е предвидено) работно искуство се вработува како приправник.
Приправникот се оспособува за самостојно и стручно вршење на работите и задачите на работното место за кое засновал работен однос со договор за вработување.
Приправничкиот стаж за вработените со високо образование трае 1 (една) година, а за вработените со средно или вишо овразование трае 6 (шест) месеци.
Член 20
Приправничкиот стаж, приправникот го поминува на стручно оспособување во соодветните организациони единици.
Стручно оспособување на приправниците се врши во зависност од степенот и видот на образованието и природата на работите и работните задачи на соодветната организациона единица за кои приправникот се оспособува.
Член 21
Приправничкиот стаж се спроведува под надзор на непосредниот раководител кој го воведува и му помага во работењето на приправникот и континуирано го следи неговото стручно оспособување.
Член 22
По спроведување на приправничкиот стаж, приправникот полага приправнички испит.
Полагањето на испитот е утврдено и како обврска со договорот за вработување.
Член 23
Приправникот, за полагање на испитот поднесува писмено барање најрано 45 дена пред истекот на приправничкиот стаж.
Барањето се поднесува до раководителот на организационата единица во која стручно се оспособува.
Член 24
Приправникот го полага испитот најрано 20 дена пред истекот на приправничкиот стаж, а најдоцна до истекот на приправничкиот стаж.
Приправничкиот испит се полага пред Комисија за полагање на приправнички испит составена од претседател, двајца членови и нивни заменици.
Комисијата од ставот 2 на овој член ја формира директорот на Управата за јавни приходи.
Претседателот и членовите во комисијата и нивните заменици треба да имаат VII/1 степен на стручна подготовка.
Член 25
Приправнички испит се состои во писмен дел (тестирање) и практичен дел (тест за практична проверка на компјутерските вештини).
Комисијата од член 25 на овој колективен договор, подготвува тестови различни по сложеност во зависност од степенот на образование и работното место за кое се полага приправничкиот испит.
Максималниот број на бодови кои можат да се освојат при полагање на приправничкиот испит изнесува 100 бода, од кои 80 бодови се од писмениот дел, а 20 бода се од практичниот дел.
При полагање на испитот приправникот треба да покаже дека успешно ги совладал неопходните теоретски и практични знаења потребни за успешно вршење на работите и задачите за кои се оспособувал.
Се смета дека приправникот го положил приправничкиот испит доколку освоил минимум 60% од максималниот број на бодови.
Член 26
Претседателот на комисијата го определува денот и часот за полагање на приправничкиот испит и за тоа го известува приправникот најдоцна 7 дена пред полагањето.
За текот на полагањето на испитот се изготвува записник кој го потпишуваат претседателот и членовите на комисијата.
Резултатите од испитот се оценуваат со “го положил испитот”, и “не го положил испитот”. Приправникот се известува за резултатите од полагањето на приправничкиот испит,
најдоцна три дена од денот на полагањето.
Член 27
Приправникот кој не го положил испитот при првото полагање, има право повторно да полага во рок кој не смее да биде пократок од 15, ниту подолг од 45 дена од известувањето.
Доколку и по втор пат не го положи приправничкиот испит, му престанува работниот однос.
На приправникот кој го положил испитот му се издава уверение за положен испит за приправници.
Уверението го потпишува претседателот на комисијата.
ПРОБНА РАБОТА
Член 28
При склучување на договорот за вработување, вработениот и Управата за јавни приходи договораaт пробна работа .
Периодот на пробната работа во траење од 6 месеци се однесува на службеници со работно искуство кои засноваат работен однос на следниве работните места:
▪ даночен инспектор;
▪ даночен контролор и
▪ даночен извршител;
Пробната работа може да се продолжи во случај на оправдано отсуство од работа (болест или слично).
Во периодот на пробната работа, вработениот може да го откаже договорот за вработување со отказен рок од три работни дена.
Во текот на пробниот период, вработениот е под директна контрола, следење и оценување од страна на непосредниот раководител.
Член 29
Управата за јавни приходи на вработените кои се на пробна работа им обезбедува стручна обука за извршување на работите на новото работното место на кое се вработени.
Пред истекот на рокот за пробна работа, непосредниот раководител до директорот на Управата за јавни приходи поднесува извештај со оценка за работењето на вработениот кој бил подложен на пробна работа.
Писмениот извештај за оценување на пробната работа содржи конкретни работни задачи кои се извршени, степен на лично залагање за совесно, квалитетно и доследно извршување на истите, креативност, иницијативност и заинтересираност за извршување на работата, способноста за тимска работа, способноста за комуникација со странки доколку местото тоа го налага и други елементи по наоѓање на оценувачот а кои се битни за оценувањето на пробната работа.
Доколку за време на пробната работа, вработениот е оценет како неуспешен, директорот на Управата за јавни приходи, донесува одлука за престанок на работниот однос.
Плата на приправникот и на вработениот на пробна работа Член 30
Приправникот за време на приправничкиот стаж, има право на надомест на плата во висина од 80% од платата предвидена за соодветното работно место, како и другите правата кои произлегуваат од работниот однос.
Вработениот на пробна работа, има право на плата за соодветното работно место во износ од 100% од утврдената плата, како и на другите права кои произлегуваат од работниот однос.
II. ОБВРСКИ НА ВРАБОТЕНИТЕ Член 31
Вработениот е должен совесно да ја извршува својата работа на работното место за кое што склучил договор за вработување, во време и на место, коишто се определени за извршување на работата, почитувајќи ја организацијата и деловната активност на работодавачот.
Вработениот е должен да врши и друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, а е во рамките на неговата стручна подготовка, врз основа на писмен акт од страна на работодавачот се додека траат причините, но не подолго од два месеци, само во случаи:
▪ кога треба да се замени привремено отсутен работник;
▪ кога е зголемен обемот на работа;
▪ ако на работното место на кое работи е намален обемот на работа;
▪ во случај на елементарна непогода која се случила или непосредно се заканува;
▪ завршување на итни и неодложни работи;
Вработениот во сите случаи кога врши друга работа која не е предвидена со договорот за вработување, има право на плата која ја примал на неговото работно место, односно плата која за него е поповолна.
Во текот на траењето на работниот однос, во случај на промена на работното место со работникот се склучува нов променет договор за вработување.
III. ПРАВА НА ВРАБОТЕНИТЕ И НИВНАТА ПОЛОЖБА РАБОТНО ВРЕМЕ
Член 32
Полното работното време на вработените во Управата за јавни приходи изнесува 40 часа неделно.
Работната недела по правило трае пет работни дена.
Работодавачот е должен да води евиденција за полното работно време.
Почетокот, распоредот и завршетокот на работното време го утврдува работодавачот, согласно закон и акт на орган на државната управа од соодветната област.
Член 33
Во зависност од потребата, природата и карактерот на работите и задачите во одделни организациони единици на Управата за јавни приходи, работата може да се врши во смени.
Директорот одлучува кои одделенија во организационите единици на Управата за јавни приходи можат да работат непрекинато или во смени, и го определува распоредот на работното време согласно закон и овој колективен договор.
ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА
Член 34
По исклучок, работното време на вработениот во Управата за јавни приходи може да трае подолго од 40 часа во работната недела, но не подолго од 8 часа неделно или 190 часа годишно, особено во следните случаи:
1. Во случај на исклучително зголемување на обемот на работата;
2. Ако е нужно да се отстрани оштетувањето на средствата и опремата за работа што би предизвикало застој и прекин во натамошната работа.
3. За време на земјотрес, поплава, пожари, епидемија, епизоотија и друга виша сила или несреќа која се случила или која непосредно се заканува;
4. Ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот;
5. Кога е неопходно да се заврши започнатиот процес на работа чиј прекин, со оглед на природата на организацијата на работата, би предизвикал значителна материјална штета или загрозување на животот или здравјето на луѓето;
6. Да се замени ненадејно отсутен работник во процесот на работата која трае непрекинато;
7. Завршување на итни и неодложни дејствија на процесот на работата;
Во случаите од став 1 на овој член вработениот е должен да работи врз основа на писмена, а во исклучителни случаи и усна наредба од страна на непосредниот раководител.
Во случај на издавање на усна наредба, непосредниот раководител е должен истата да ја верификува во писмена форма, најдоцна во рок од 24 часа од нејзиното усно издавање.
Работното време подолго од 40 часа во работната недела може да трае само онолку време колку што е неопходно потребно да се остварат целите на прекувремената работа од став 1 на овој член.
На вработениот кој работел над 150 часа подолго од полното работно време, а не отсуствувал од работа повеќе од 21 ден во текот на годината кај истиот работодавач, работодавачот е должен да му исплати покрај додатокот на плата и бонус во висина од една просечна плата во Републиката.
Работодавачот е должен да води посебна евиденција за прекувремената работа и часовите на прекуврмената работа и посебно да ги наведе во месечната пресметка на платата на работникот.
Забрана на вршење на прекувремена работа
Член 35
Работа подолга од полното работно време не смее да се наложи:
▪ на работникот жена за време на бременост, раѓање и родителство;
▪ на мајка со дете до 3 години старост и самохран родител со дете до шест години старост, освен ако работникот даде писмена изјава дека доброволно се согласува со прекувремената работа ;
▪ на повозрасен работник (над 57 години за жени и над 59 години за xxxx);
▪ на работник кој работи со скратено работно време;
▪ на работник на кој врз основа на мислење на лекарска комисија поради таквото работење ќе му се влоши здравствената состојба;
▪ во други случаи утврдени со закон;
Работодавачот не смее да наложи работа подолго од полното работно време ако работата може да се изврши со соодветна организација или распределба на работата или распоредување на работното време.
Скратено работно време Член 36
Вработениот кој работи помалку од полното работно време (скратено работно време) во согласност со прописите на пензиско и инвалидско осигурување (инвалидност), прописите за здравствено осигурување (медицинска рехабилитација), остварува права од задолжителното осигурување како кога би работел со полно работно време.
Вработениот од став 1 на овој член, кој работи помалку од полното работно време, има право на плаќање за работата според стварните работни обврски, како и други права и обврски од работниот однос како работник кој работи полно работно време.
Ноќна работа Член 37
ден.
Како ноќна работа се смета работењето во времето помеѓу 22,00 и 6,00 часот наредниот
Ако вработениот е распореден на работно место за кое е определено време како
работно време во ноќна смена, за ноќно работење се сметаат осум непрекинати часа меѓу 22,00 и 7,00 часот идниот ден.
Ако вработениот е распореден за работа ноќе односно барем три часа од својата редовна дневна работна обврска, или пак една третина од полното работното време од својата годишна работна обврска, има право на посебна заштита за ноќна работа.
Ако вработениот од ставот 3 на овој член, заради ноќното работење може да му биде влошена здравствената состојба, работодавачот е должен да го ангажира во соодветна работа дење.
Паузи, одмори и отсуства Пауза
Член 38
Вработениот кој работи полно работно време има право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути.
Во посебни организациони облици на Управата за јавни приходи во кои според карактерот и природата на работите и задачите не се дозволува прекин на работата, како и во услови на работа со странки, паузата се организира на начин кој обезбедува работата да не се прекинува.
Времето на користење на паузата од претходниот став го определува Влада на РМ.
Времето за паузата од ставот 1 на овој член се засметува во работното време, и за истото се исплатува плата.
Одмор меѓу два последователни работни дена Член 39
Вработениот има право на одмор помеѓу два последователни работни дена во непрекинато траење од најмалку 12 часа.
Неделен одмор Член 40
Вработениот има право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато. Ден на неделниот одмор по правило е недела, или друг ден во неделата.
Годишен одмор Член 41
Вработениот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена.
Вработениот повозрасен од 57 години (жена) и 59 година (маж), инвалид, работник со најмалку 60% телесно оштетување и вработен кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток има право на уште три работни дена годишен одмор.
На вработениот му се издава решение за правото на користење на годишен одмор.
На барање на вработениот, со образложување на причините, периодот кој му е утврден како годишен одмор, може да биде заменет со нов.
Празниците, саботите и неделите, слободните денови, отсуствата поради боледување, како и други случаи на оправдано отсуство од работа, не се пресметуват во деновите на годишниот одмор.
Како ден на годишен одмор се смета секој работен ден кој е според распоредот на работното време кај работодавачот за конкретниот вработен одреден како работен ден.
Стекнување на право на годишен одмор Член 42
Вработениот, кој за прв пат заснова работен однос, се стекнува со правото на цел годишен одмор, кога ќе оствари непрекината работа од најмалку шест месеци, без оглед на тоа дали вработениот работи со полно работно време или со пократко работно време од полното.
Право на пропорционален дел од годишниот одмор Член 43
Вработениот има право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор во вкупен износ од по 2 дена за секој месец работа, ако:
- во календарската година во која склучил работен однос не се стекнал со правото на целосен годишен одмор;
- му прeстанал работниот однос пред изминувањето на рокот, по истекувањето на кој би добил право на целосен годишен одмор;
Користење на годишниот одмор Член 44
Годишниот одмор по правило се користи во тековната календарската година.
Годишниот одмор може да се користи и во 2 дела, со тоа што првиот дел мора да трае најмалку 12 работни дена.
Ако вработениот го користи годишниот одмор во делови, првиот дел го користи без прекин во траење од најмалку 12 работни дена во текот на календарската година, а вториот дел во непрекинато траење најдоцна до 30-ти јуни наредната година.
Годишниот одмор којшто не бил искористен во тековната календарска година работникот има право да го искористи до 30 јуни идната календарска година.
По правилоеден дел од годишниот одмор, вработениот користи во сезона на годишен одмор.
Работникот го користи годишниот одмор кај работодавачот кај кого стекнал право на негово користење, освен ако со работодавачот поинаку не се договорил.
По престанувањето на работниот однос работодавачот е должен да му даде на работникот потврда за искористен годишен одмор.
Работникот има право еден ден од годишниот одмор да го искористи на ден којшто самиот ќе го определи, ако тоа посериозно не го загрозуваработниот процес, за што мора да го извести работодавачот најдоцна три дена пред користење.
Член 45
Распоредот на користење на годишните одмори на вработените во Управата за јавни приходи се утврдува врз основа на план.
Распоредот и планот на годишните одмори го утврдува раководителот на организационата единица водејќи сметка со таквиот распоред да се овозможи непречено извршување на работите на истата, и за можностите да се задоволат барањата на вработените, земајќи ги предвид семејните обврски и потреби.
Врз основа на утврден распоред, директорот или од него овластен работник донесува поединечни решенија за користење на годишен одмор.
Критериуми за утврдување на траењето на годишниот одмор Член 46
Годишниот одмор на вработениот од член 43 се продолжува најмногу до 26 работни дена согласно следните критериуми:
1) Работен стаж;
2) Сложеност на работите и задачите кои работникот ги извршува и условите под кои се извршуваат;
3) Здравствена состојба.
На вработените по основ на должината на работниот стаж им припаѓа годишен одмор и
тоа;
- од 1 - 10 години работен стаж ..................... 2 работни дена;
- од 10 - 20 години работен стаж ....................3 работни дена;
- од 20 - 25 години работен стаж ................... 4 работни xxxx;
- преку 25 години работен стаж ..................... 5 работни xxxx;
На вработените по основ на сложеноста на работата им припаѓа годишен одмор за:
- работи од I - III степен на сложеност .......... .1 работни дена;
- работи од IV - VI степен на сложеност ........ 2 работни дена;
- работи од VII - VIII степен на сложеност....... 3 работни дена;
На вработените заболени од професионална болест по основ на здравствената состојба им припаѓа годишен одмор од 1 работен ден.
Користење на годишен одмор во посебни случаи Член 47
Вработениот кој засновал работен однос со Управата за јавни приходи, а се стекнал со правото на годишен одмор кај друг работодавач, има право да го користи целиот или преостанатиот дел од одморот во Управата за јавни приходи.
По престанувањето на работниот однос во Управата за јавни приходи, директорот е должен на работникот да му издаде потврда за неискористените денови од утврдениот годишен одмор.
Право на исплата за неискористениот дел на годишниот одмор Член 48
Ако работодавачот не му овозможил искористување на годишниот одмор, вработениот има право на обесштетување на неискористените денови на годишен одмор, во висина на просечната плата на работникот за тие денови.
Работникот по престанувањето на работниот однос по било кој основ има право на обештетување за неискористен годишен одмор.
Xxxxxxxx е каква било спогодба со која вработениот би се откажал од правото на годишен одмор или од обесштетувањето за годишниот одмор во случаите од став 1 на овој член.
Платен одмор Член 49
Вработениот има право на платен одмор заради лични и семејни околности, до 7 работни дена во текот на календарската година и тоа:
▪ за склучување на брак ................................................................. 3 дена;
▪ за склучување на брак на дете .................................................... 2 дена;
▪ за раѓање или посвојување на дете( само за татко) .................. 2 дена;
▪ за смрт на сопружник или дете ...................................... .............. 5 дена;
▪ за смрт на родител, брат, сестра ................................................ 3 дена;
▪ за смрт на родител на сопружник 2 дена;
▪ за смрт на дедо или баба 1 ден;
▪ за полагање на стручен испит за потребите на Управата за јавни
приходи 5 дена;
▪ за полагање на правосуден испит, магистратура или докторат. 5 дена;
▪ за полагање на друг поединечен испит 1 ден;
▪ за селидба на семејство од едно во друго место 3 дена;
▪ за селидба на семејство во исто место 2 дена;
▪ за елементарни непогоди 7 дена;
Отсуството од работа во смисла на став 1 на овој член се користи во деновите на траење на основот.
Член 50
На вработен кој е упатен на стручно оспособување и усовршување според одредбите на овој договор, може да му се одобри отсуство со надомест на плата и подолго од 7 работни дена.
Член 51
Вработените кои се доброволни крводарители, имаат право на два последователни слободни работни дена за секое давање крв.
Слободните денови се користат непосредно по денот на давањето крв.
Неплатено отсуство Член 52
Вработениот има право да отсуствува од работа без надомест на плата и придонеси од плата, најдолго 3 месеци во текот на календарска година во следните случаи:
▪ за потребите предвидени во членот 51 на овој договор, по барање на вработениот откако го искористил платеното отсуство од работа на кое имал право;
▪ за нега на болен член на семејството која не е медицински индицирана;
▪ за лекување на своја сметка;
▪ за патување во странство;
▪ за изградба, доградба или поправка на куќа или стан;
▪ за учество во спортски, културни и други манифестации;
▪ за учество на конгреси, конференции и слично;
▪ за други неодложни лични работи;
Раководителот на организационата единица каде е распореден вработениот, дава мислење по барањето.
На вработениот му мируваат правата и обврските од работниот однос за време на неплатеното отсуство.
Решение за неплатено отсуство донесува директорот.
Отсуство од работа поради празнување Член 53
Вработениот има право на отсуство од работа со надоместок на плата за празниците на Република Македонија и за други со закон определени слободни денови.
Отсуство од работа поради неспособност за работа заради заболување или
повреда
Член 54
Вработениот има право на отсуство од работа со надоместок во случај на времена неспособност за работа поради заболување или повреда и во други случаи во согласност со прописите за здравствено осигурување.
Отсуство од работа заради вршење на функции или обврски од посебни закони Член 55
Право на отсуство од работа со надоместок на плата, има вработениот заради вршење на непрофесионална функција на која бил избран на непосредни државни избори, функции односно должности на кои е именуван од страна на судот, како работник кој е повикан на должност како воен обврзник, како и за изведување на одбрамбени должности и должности за заштита и спасување, освен служење на воен рок, или без своја вина е повикан од страна на судски или управни органи, на товар на органот каде што ја врши функцијата, односно каде што ја извршува обврската од посебен закон.
Платено отсуство заради образование Член 56
Вработениот кој се образува, дошколува или оспособува во согласност со потребите на
работниот процес, како и работникот кој се дошколува и образува по сопствен интерес, има право на платено отсуство од работа заради полагање на испитите, само во случај кога прв пат полага го полага испитот.
Мирување на работниот однос на вработениот избран или именуван на државна
или јавна функција
Член 57
На вработениот кој е избран или именуван на државна или јавна функција, утврдена со закон, а чие вршење бара привремено да се престане со работа кај работодавачот, му мирува работниот однос за време на вршење на функцијата, и има
право во рок од 15 дена од престанувањето на функцијата што ја вршел или на која бил именуван, да се врати на работа кај работодавачот заради продолжување на вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.
Мирување на работниот однос на вработен упатен на работа во странство Член 58
На вработениот кој е упатен на работа во странство во рамките на меѓународно-техничка соработка, просветно-културна и научна соработка, во дипломатски и конзуларни преставништва, на стручно усовршување или образование во согласност со потребите на работодавачот, му мирува работниот однос и има право во рок од 15 дена од престанувањето на работата во странство, да се врати на работа кај работодавачот заради продолжување на вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.
На вработениот на кој брачниот другар му е упатен на работа во странство во случаевите предвидени во став 1 од овој член, има право во рок од 15 дена од престанувањето на работата на неговиот брачен другар во странство да се врати на работа кај работодавачот заради продолжување на вршење на работи кои одговараат на неговиот степен на стручна подготовка.
IV. ЗАШТИТА И БЕЗБЕДНОСТ НА ВРАБОТЕНИТЕ ПРИ РАБОТА
Член 59
Управата за јавни приходи е должна да обезбеди услови потребни за безбедно извршување на работата и задачите на вработените преку примена на мерки, средства и методи во согласност со Законот за безбедност и здравје при работа.
Директорот на Управата за јавни приходи на предлог на синдикатот со посебен акт ќе утврди работните места на кои постои зголемена опасност од повреди и заболувања и условите кои треба да ги исполнат вработените кои ќе ги извршуваат работите на тие работни места и да изврши осигурување што произлегува од закон.
Со актот од став 2 на овој член, директорот на предлог на синдикатот ги утврдува видовите, мерките и нормативите за безбедност при работа.
Член 60
Вработениот е должен да се придржува кон мерките за заштита при работа и работите на работното место да ги врши со потребно внимание заради обезбедување на својот живот и здравје, како и на животот и здравјето на другите вработени и граѓаните.
Член 61
Управата за јавни приходи е должна да обезбеди редовни медицински прегледи на работниците заради откривање на професионални и други заболувања и нивно ефикасно лекување за работно место сврзано со условите за работа и здраствената состојба на работникот.
Член 62
Во спроведувањето на мерките за заштита при работа Синдикатот има право и обврска да учествува и даде мислење во:
▪ планирање и унапредување на условите за работа и воведување нова технологија на работниот процес;
▪ да биде информиран за сите промени од влијание за сигурноста и здравјето на работникот;
▪ да се грижи за примената на прописите и спроведувањето на мерките и актот за заштита при работа;
▪ да го информира и бара интервенција на испекцискиот орган (инспекција на трудот) кога ќе оцени дека се загрозени животот и здравјето на работникот, ако Управата за јавни приходи пропушта или одбива да го направи тоа;
▪ да поднесе приговор на наодот на инспекцискиот орган;
▪ и во други случаи на недоследна примена на позитивните законски прописи, актот за заштита при работа и овој Колективен договор.
За остварување на правата уредени со Законот за безбеденост и здравје при работа, директорот е должен да му ги обезбедеи сите услови и можности на синдикатот.
Член 63
Синдикатот покренува постапка пред надлежните органи доколку Управата за јавни приходи не ги преземе пропишаните мерки и средства за заштита на работниците при работа.
V . ПОСЕБНА ЗАШТИТА
Заштита на вработените поради бременост и родителство Член 64
За време на бременост и родителство, вработената има право на посебна заштита во работниот однос.
Работодавачот е должен на вработените од став 1 на овој член да им овозможи полесно усогласување на семејните со професионалните обврски.
Заштита за вршење работи за време на бременост и по породување Член 65
За време на бременост и уште една година по породувањето, вработената не смее да
врши работи, ако тие со зголемена опасност влијаат на нејзиното здравје и здравјето на детето.
Посебна заштита за време на бременоста
Член 66
Работодавачот не смее да бара било какви податоци за бременоста на вработената, освен ако таа самата не ги достави заради остварување на правата за време на бременост.
Ако вработената врши работа која за време на нејзината бременост може штетно да влијае на нејзиното здравје или здравјето на нејзиното дете, работодабвачот е должен да и обезбеди вршење на друга соодветна работа и плата, како да ја вршела својата работа, ако тоа за неа е поповолно.
Во случај на спор помеѓу работодавачот и вработената, одлучувачко е мислењето на избраниот лекар, односно лекарска комисија.
Посебна заштита за време на бременост и родителство во врска со ноќната и
прекувремената работа
Член 67
За време на бременост или дете до една година возраст, вработената не смее да врши прекувремена работа или да работи ноќе.
На вработената која има дете од една до три годишна возраст, може да и се наложи да врши прекувремена работа или работа ноќе,само по нејзина претходна писмена согланост.
Правото од став 1 и 2 од овој член го има вработениот - таткото на детето, односно работникот кој го негува детето, доколку мајката умре, го напушти детето, односно врз основа на мислење на надлежната лекарска комисија според прописите на здравстевното осигурување, е неспособна за самостојно живеење и работа.
На еден од вработените - родители кој има дете помало од седум години или пак дете со телесен и или душевен недостаток и кој живее сам со детето и се грижи за негово воспитување и заштита, може да му се наложи да врши прекувремена работа само со негова претходна писмена согласност.
Отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство Член 68
Вработената за време на бременост, раѓање и родителство има право на платено отсуство од работа во траење од девет месеци непрекинато, а ако роди близнаци, тројка или повеќе, и до една година.
Врз основа на наод од здравствен орган, вработената може да го започне отсуството за бременост, раѓање и родителство, 45 дена пред раѓањето а задолжително 28 дена пред раѓањето.
Доколку работничката се породи порано од рокот утвдрен во ставот (2) на овој член, отсуството за бременост и раѓање започнува да го користи од денот на раѓање на детето до истекот на рокот од став (1) од овој член.
Правата од став 2 на овој член, важат и за вработената која посвоила дете.
Вработената која го користи платеното отсуство поради бременост, раѓање и родителство, ако сака може да се врати на работа порано од предвиденото, но не и пред 45 дена од денот на раѓањето на детето.
Вработената од став 5 на овој член покрај правото на плата има право и на надомест на плата за отсуство поради бременост, родителство во висина од 50% од утврдениот износ, според прописите на здравствена заштита.
Доколку правата предвидени во овој член не ги искористи вработената, истите може да го користи таткото/родителот или посвоителот на детето.
Еден од родителите на детето со развојни проблеми има право на половина работно време, во случај ако двајцата родители се во работен однос, или се работи за самохран родител, врз основа на наод од лекарска комисија за здравствено згрижување.
Вработената која го дои своето дете и по изминувањето на отсуството поради бременост, раѓање и родителство, ќе започне да работи со полно работно време има право на платена
пауза во текот на работното време, во траење од еден и пол час дневно, сметано и времето за пауза, се додека детето не наполни една година.
Посебна заштита на инвалидните работници Член 69
Управата за јавни приходи е должна да му обезбеди соодветно работно место, односно работа со пократко работно време за остварување на правата од работен однос утврдени со закон, на инвалидот на трудот, на вработен со нарушена работна способност и на вработен кој работи на работни места на кои постои опасност од настанување на инвалидност, согласно чл.178 од Закон за работни односи.
VI. ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА
11. Плата Член 70
Вработениот има право на плата.
Платата на вработениот со полно работно време и нормален учинок не може да биде пониска од најниската плата утврдена со овој колективен договор.
Платата е составена од:
- основна плата;
- додатоци на плата;
Основната платата на вработениот за полно работно време и просечен учинок, не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделени степени на сложеност според овој Колективен договор.
1.1 Основна плата Член 71
Основната плата се определува врз основа на барањата на работното место (видот, сложеноста, обемот и одговорноста за работите на работното место, стручната подготовка, стекнатите знаења и вештини), на кое вработениот работи согласно договорот за вработување.
Член 72
Најниската плата за најнизок степен на сложеност (во натамошниот текст: најниска плата), за тековната година изнесува не помалку од 45% од просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
Доколку според податоците на Државниот завод за статистика месечниот пораст на трошоците за живот е над 10%, усогласувањето се врши на секои 6 месеци.
Директорот на Управата за јавни приходи, на годишно ниво донесува Одлука за најниската плата изразена во:
▪ процент во однос на просечната исплатена нето плата по вработен во Република Македонија за претходната година;
▪ во номинален износ;
▪ вредност на бодот за пресметката на плата;
Член 73
Основната плата за одделни степени на сложеност за полно работно време и нормален учинок на вработениот се утврдува така што износот на најниската плата се множи со соодветниот коефициент за одделни степени на сложеност.
Основната плата за одделни степени на сложеност се утврдува според следните групи и коефициенти:
I. група
Едноставни рутински работи и работни задачи
- хигиеничар
Коефициентот на сложеност е 1,40
II. група
Помалку сложени работи и работни задачи
- кафекувар
- внатрешно обезбедување/чувар
- оператор на централа
- доставувач/курир
- возач
Коефициентот на сложеност е 1,70
III. група
Средно сложени, сложени и посложени работи и работни задачи
1. Подгрупа
- возач на директорот
- економ
- книговодител
- благајник
- технички секретар
Коефициентот на сложеност е 2,00
2. Подгрупа
- помлад даночен агент
- помлад даночен оператор
- помлад даночен референт
- архивар
- магационер
Коефициентот на сложеност е 2,20
3а. Подгрупа
- даночен агент
- даночен оператор
- даночен референт
- даночен извршител
Коефициентот на сложеност е 2,45
3б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- даночен агент
- даночен оператор
- даночен референт
- даночен извршител
Коефициентот на сложеност е 2,50
4а. Подгрупа
- виш даночен референт
Коефициентот на сложеност е 2,55
4б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- виш даночен референт
Коефициентот на сложеност е 2,60
5а. Подгрупа
- помлад даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 2,65
5б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- помлад даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 2,70
IV. Група
Многу сложени работи и работни задачи 1а. Подгрупа
- асистент на управник
- даночен контролор
- самостоен даночен референт
Коефициентот на сложеност е 2,95
1б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- асистент на управник
- даночен контролор
- самостоен даночен референт
Коефициентот на сложеност е 3,00
2а. Подгрупа
- xxx xxxxxxx агент
- xxx xxxxxxx оператор
- виш даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 3,15
2б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- xxx xxxxxxx агент
- xxx xxxxxxx оператор
- виш даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 3,20
3а. Подгрупа
- самостоен даночен извршител (проценител)
- самостоен даночен агент
- самостоен даночен оператор
- самостоен даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 3,25
3б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- самостоен даночен извршител (проценител)
- самостоен даночен агент
- самостоен даночен оператор
- самостоен даночен контролор
Коефициентот на сложеност е 3,30
V. Група
Високо сложени работи и работни задачи 1б. Подгрупа
- лектор
- преведувач
- помлад асистент за протоколарни работи
- помлад асистент за внатрешна ревизија
- помлад асистент за професионални стандарди
- ВЕБ администратор
- помлад ИТ специјалист
- помлад аналитичар
- помлад асистент
Коефициентот на сложеност е 3,35
1б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- помлад ИТ специјалист
- помлад аналитичар
- помлад асистент
Коефициентот на сложеност е 3,40
2а. Подгрупа
- помлад инспектор (РД; ГД;)
Коефициентот на сложеност е 3,55
2б. Подгрупа
- помлад инспектор (ДГДО;РД Скопје;)
Коефициентот на сложеност е 3,60
3а. Подгрупа
- асистент
- ИТ специјалист
- аналитичар
- советник за екстерна/интерна комуникација и информирање
- советник за односи со јавноста
Коефициентот на сложеност е 3,45
3б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- асистент
- ИТ специјалист
- аналитичар
Коефициентот на сложеност е 3,50
4. Подгрупа
- асистент на помошник директор
- асистент на заменик директор
- асистент на директорот
Коефициентот на сложеност е 3,70
5а. Подгрупа
- даночен советник
- виш ИТ специјалист
- виш аналитичар
- шеф на обработка на пријави
- шеф на даночен xxxxxx
- шеф на прием на пријави
Коефициентот на сложеност е 4,05
5б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- даночен советник
- виш ИТ специјалист
- виш аналитичар
- шеф на даночен xxxxxx
Коефициентот на сложеност е 4,10
6а. Подгрупа
- самостоен ИТ специјалист
- самостоен аналитичар
- самостоен даночен советник
- шеф на служба (ДО)
- внатрешен ревизор
- инспектор за професионални стандарди
- раководител на ЦОП
- раководител на центар
Коефициентот на сложеност е 4,15
6б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- самостоен ИТ специјалист
- самостоен аналитичар
- самостоен даночен советник
- шеф на служба (ДО)
Коефициентот на сложеност е 4,20
7а. Подгрупа
- координатор на даночно одделение
- шеф на повикувачки центар
- шеф на приемна канцеларија
- инспектор (РД, ГД)
- виш внатрешен ревизор
- виш инспектор за професионални стандарди
Коефициентот на сложеност е 4,25
7б. Подгрупа
Во РД Скопје и ДГДО
- инспектор (ДГДО, РД Скопје)
- виш внатрешен ревизор
- виш инспектор за професионални стандарди
Коефициентот на сложеност е 4,30
8. Подгрупа
- самостоен внатрешен ревизор
Коефициентот на сложеност е 4,35
9а. Подгрупа
- заменик главен инспектор за професионални стандарди
- заменик главен внатрешен ревизор
- шеф на кабинет на директорот
- шеф на канцеларија/портпарол
- виш инспектор (РД, ГД)
Коефициентот на сложеност е 4,35
9б. Подгрупа
- виш инспектор (ДГДО, РД Скопје)
Коефициентот на сложеност е 4,40
10. Подгрупа
- главен аналитичар (ДГДО)
- главен регионален аналитичар
- раководител на оддел во ГД
- раководител на одделение во РД и ДГДО
Коефициентот на сложеност е 4,45
11. Подгрупа
- главен инспектор (ДГДО, РД,ГД)
Коефициентот на сложеност е 4,50
12. Подгрупа
- главен регионален инспектор/координатор
- главен инспектор за ГДО /координатор
- раководител на контакт центар
Коефициентот на сложеност е 4,60
13. Подгрупа
- помошник главен генерален инспектор за спречување на корупција
- заменик главен генерален аналитичар
- помошник главен генерален инспектор во ГД
- заменик управник РД
Коефициентот на сложеност е 4,80
14. Подгрупа
- заменик управник на ДГДО
- заменик управник на РД
- началник на регионален инспекторат (сите РД)
- началник на инспекторат за големи даночни обврзници (ДГДО)
- раководител на одделение за утвдрување на данок во РД
Коефициентот на сложеност е 5.10
15. Подгрупа
- управник на РД Битола
- управник на XX Xxxxxxxx
- управник на РД Тетово
- управник на РД Штип
- заменик раководител на сектор во ГД
- заменик главен генерален инспектор
Коефициентот на сложеност е 5.20
16. Подгрупа
- раководител на сектор во ГД
- главен генерален аналитичар
- главен внатрешен ревизор
- главен инспектор за професионални стандарди
Коефициентот на сложеност е 5.30
17. Подгрупа
- раководител на сектор за правни работи
- раководител на сектор утврдување и наплата на данок
- раководител на сектор информатичка технологија
- главен генерален инспектор
- управник на РД Скопје
- управник на ДГДО
Коефициентот на сложеност е 5,40
18. Подгрупа
- помошник на директорот
Коефициентот на сложеност е 5,50
За пресметувањето на платите, основната плата од став 2 на овој член за секоја група на сложеност е изразена во бодови во посебен акт - Проценка на работните места во Управата за јавни приходи, кој е составен дел на овој колективен договор.
Проценката на работните места во Управата за јавни приходи изразена во бодови ја донесува директорот на Управата за јавни приходи.
1.2 Додатоци на плата Член 74
Додатоците на плата се определуваат за посебни услови при работа, кои произлегуваат од распоредот на работното време и тоа за работа во смени, ноќна работа, прекувремена работа, работа во неработен ден, работа во празници определени со закон, изложеноста на ризик и додаток за работен стаж.
Како работни места кои се изложени на ризик се сметаат работите на даночните инспектори, даночните контролори и даночните извршители.
Член 75
Основната плата на вработениот по час се зголемува за:
▪ прекувремена работа 35%;
▪ за работа во неработен ден 35%;
▪ за работа во денови на празник 50%;
▪ за ноќна работа 35% ;
Основната плата на вработениот му се зголемува:
▪ за изложеност на ризик до 30%;
Додатоците меѓусебно не се исклучуваат.
За извршените работи и поминато време на работа според ставот 1 на овој член, раководителот на организационата единица води соодветна евиденција, која се доставува до надлежната служба за пресметување на плати.
Наместо зголемување на платата од став 1 на овој член, со согласност на вработениот, може да се определи истиот да користни слободни денови.
Член 76
Основната плата на вработениот се зголемува за 0,5% за секоја полна година работен стаж, а најмногу до 20%.
Член 77
Вработен со намалена работна способност (инвалид) што настанала со работата во Управата за јавни приходи, а кој е распореден на друго работно место по тој основ, не може да има плата пониска од платата што ја имал пред распоредувањето.
Член 78
Вработен со намалена работна способност предизвикана од старост и истоштеност, а кој е 5 години пред одење во пензија и е распореден на помалку вреднувано работно место, има плата во висина на платата од претходното работно место валоризирана со тековниот пораст на платите во Управата за јавни приходи.
2. Надоместоци на плата и надоместување на трошоци поврзани со работата
2.1 Надоместоци на плата Член 79
На вработениот му припаѓаат надоместоци на плата за :
▪ годишен одмор;
▪ празници утврдени со закон;
▪ отсуство од работа поради бременост, раѓање и мајчинство;
▪ привремена спреченост за работа поради болест или повреда;
▪ воена вежба;
▪ дообразование,стручно оспособување и преквалификација, односно доквалификација согласно потребите на Управата за јавни приходи,
▪ учество во обука за одбрана и заштита;
▪ јавување на покани на други органи до кои е дојдено без вина на вработениот;
▪ во случаи кога не работи од причини на страна на рабодавачот;
▪ синдикално образование во договор со работодавачот;
▪ учество на претставникот и членовите на синдикатот на синдикални состаноци, семинари, конгреси, конференции, спортски манифестации;
▪ за време на отказен рок;
▪ слободни денови од работа;
▪ други случаи утврдени со закон;
Во случаите од став 1 на овој член на вработениот му припаѓа надоместок на плата во висина на неговата плата исплатена во претходните три месеци.
Доколку вработениот не земал плата во претходните три месеци, му припаѓа надоместок во висина на просечна плата на ниво на Управа за јавни приходи.
Член 80
За време на привремена неспособност за работа поради болест или повреда вработениот има право на надомест на плата во висина од:
▪ 70% за период до 7 дена;
▪ 80% за период до 15 дена;
▪ 90% за период до 21 ден;
▪ над 21 дена на товар на здравственото осигурување.
почнувајќи од првиот ден на боледувањето при што како основица за пресметување на надоместокот се зема платата на вработениот.
Во случаи на на спреченост за работа поради професионални заболувања и повреда на работа и за други случаи утврдени со закон, надоместокот се утврдува во висина од 100% од основицата утврдена во претходниот став.
2.2 Надоместување на трошоци поврзани со работата Член 81
Вработениот има право на надомест на трошоци за превоз и дневници за службени патувања во земјата согласно одредбите од Законот за извршување на буџетот на Република Македонија, што се носи на годишно ниво за соодветната година.
Вработениот има право на надоместоци на трошоци за превоз, селидба и дневници за службени патувања во странство. Износот на надоместоците се утврдува согласно Уредбата за издатоците за службени патувања и селидби во странство што на органите на управта име се признаваат во тековни трошоци, како и со посебниот акт на Владата на РМ за највисоките износи на дневницита за службено патување во одделни држави.
На вработените кои за потребите на Управата за јавни приходи се распоредени да работат во организциони единици на УЈП надвор место на живеење, работодавачот им ги надоместува трошоците за превоз во висина на стварните трошоци во јавниот сообраќај.
Член 82
Вработениот има право и на следниве надоместоци и тоа:
▪ отпремнина при заминување во пензија,
▪ помош во случај на боледување подолго од 6 месеци, и во случај на потешки последици при елементарни непогоди
▪ парична помош во случај на смрт на вработениот на неговото семејството
▪ парична помош во случај на смрт на член на потесно семјство на вработениот (родител, брачен другар, деца родени во брак или вон брак, посиноци, посвоени деца и деца земени на издржување) доколку живеел во заедница.
▪ Регрес за годишен одмор во износ на просечна плата исплатена ниво на УЈП во последните 3 (три) месеци.
Правото на парична помош од ставот 1 на овој член се остварува по претходно поднесено писмено барање, а се доделува врз основа на решение на директорот.
Висината на надоместоците се утврдува согласно одредбите од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија, што се носи на годишно ниво за соодветната година.
Член 83
Вработениот има право на надомест за трошоци за одвоен живот од семејството во висина што се усогласуваат со анекс на колективен договор на годишно ниво.
Избраните и именуваните функционери кај буџетските корисници имаат право на надоместоци за трошоци за одвоен живот од семејството согласно одредбите од Законот за извршување на буџетот на Република Македонија, што се носи на годишно ниво за соодветната година.
Под одвоен живот од семејството се смета кога лицата кои имаат семејства за издржување засноваат работен однос во органот на управата надвор од нивното живеалиште, а во местото каде што е седиштето на органот во кој имаат засновано работен однос не живеет со нивното семејство.
VII. НАГРАДУВАЊЕ ВО УПРАВА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ
Член 84
На вработените во Управата за јавни приходи на крајот на секоја календарска година им се доделува бонус, а на денот на Даночните службеници секоја година им се доделуваат јубилејни награди.
Член 85
Бонус систем претставува систем на награди кои се доделуваат на вработените во Управата за јавни приходи врз основа на претходно спроведена постапка за оценување на вработените. Бонусот опфаќа парични награди, унапредување на вработениот во кариерата, обуки на вработените и друг вид на материјални награди.
Бонусот представен во паричен износ во зависност од остварените резултати може да изнесува од една до шест плати на вработениот.
Член 86
Јубилејни награди се плакета, признание, пофалница(благодарница), парична или материјална награда и се доделуваат на:
▪ вработени кои непрекинато работат во Управата за јавни приходи 10 години;
▪ вработени кои непрекинато работат во Управата за јавни приходи 20 години;
▪ вработени кои непрекинато работат во Управата за јавни приходи 30 години;
▪ вработен заминат во пензија во тековната година – пензионер;
▪ надворешни соработници лица или организации кои особено допринеле за квалитетно извршување на работите од делокругот на Управата;
▪ вработен и организационен дел на Управата за јавни приходи за професионалност и ефикасност во извршување на работите од делокругот на Управата за јавни приходи
Јубилејната награда представена во паричен износ изнесува една просечна плата исплатена во Управа за јавни приходи во последните ( 3) три месеци.
Член 87
Вработениот кој остварил натпросечни резултати во работата, може да му се утврди плата во зголемен износ до 20% од основната плата, а особено во следните случаи:
▪ особено ангажирање во извршување на работите и задачите од работното место или други определени работи и извршување на истите со особен квалитет;
▪ покажана иницијативност во работата која се манифестира со давање корисни предлози и решенија кои придонесуваат за поголема ефикасност и остварување поголеми резултати во работата;
▪ извршување на посеопфатни работи и задачи во однос на работите и задачите кои обично се извршуваат;
▪ покажана особена стручност и професионалност во примена на законски и други прописи;
▪ значителен придонес во спречување и откривање на даночни прекршоци и други недозволени дејствија;
▪ успешно и во текот на подолг временски период извршување на работи и задачи од отсутен работник и сл.
Член 88
Предлог за доделување на јубилејна награда дава:
▪ Генерална дирекција - Сектор за човечки ресурси врз основа на персонална евиденција за вработените во Управата за јавни приходи (за 10, 20 и 30 години непрекината работа во Управата за јавни приходи, и за вработен заминат во пензија во тековната година – пензионер)
▪ непосредно претпоставениот раководител.
Член 89
Комисија за доделување на награди во управата за јавни приходи
Комисија за доделување на награди во Управата за јавни приходи (во натамошниот текст Комисија) претставува независно тело формирана од страна на Директорот на Управата за јавни приходи.
Комисијата е составена од пет члена по еден претставник од Регионалните дирекции и еден претставник од Секторот за човечки ресурси- Генерална Дирекција .
Комисијата работи на седница, а се состанува во зависност од потребите. Комисијата води записник за секоја одржана седница. По спроведената постапка Комисијата изготвува извештај - ранг листа со предлог за наградување и го доставува до Директорот на Управата за јавни приходи.
Директорот на Управата за јавни приходи, може предлогот да го одобри, да побара од Комисијата предлогот со ранг листа да го дополни и да не го одобри.
VIII. ИНФОРМИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 90
Управата за јавни приходи е должна да обезбеди редовно и навремено информирање на вработените и Синдикалната организација за:
▪ покрената постапка за измена и дополнување на Правилниците за организација и систематизација;
▪ решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците;
▪ одлуки со кои се уредуваат правата и обврските на вработените;
▪ за синдикалните активности;
▪ други прашања од заеднички интерес;
Информирањето се врши писмено, а за одредени работи и усно.
Вработените се информираат преку истакнување на огласна табла, објава во службени гласила на Управата за јавни приходи, по електронски пат ( интранет, електронска пошта, ВЕБ
- страна ) и друго.
IX. СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И УСОВРШУВАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 91
Вработените имаат право и должност на постојано образование, дошколување и стручно оспособување во согласност со интересот, потребите и условите на Управата за јавни приходи
Член 92
Стручното оспособување на вработените во текот на работата се врши со следење, анализа и проценка на потребите од обука и стручно усовршување со цел да се идентификуваат сите клучни познавања, вештини, квалификации неопходни за успешен учинок на секое работно мести и ниво со што вработениот ќе стекне брзо и ефикасно образование и стручно оспособување во проучување на прописи, стручна литература и публикации, како и дошколување преку учество на семинари, советувања, курсеви, обуки, дополнителни студии или со практично усовршување во Управата за јавни приходи, во соработка со други органи или организации во Републиката, и со можно дошколување по потреба и во странство.
Член 93
Обуките се одржуваат по правило за поодделни категории на вработени со оглед на видот, сложеноста и природата на работите кои се извршуваат на тие работни места, за обезбедување на поголема стручност во работењето, поради планот за личен развој за таа цел раководителот на организационата единица доставува пополнет Прашалник за анализа на најприоритетните потреби од обука за тој период во својота единица до соодветната организациона единица .
По идентификување на потребата од обуки, учење и развој се изготвува програмата за обука на вработените на ниво на Управа за јавни приходи која ја донесува Директорот .
Член 94
Во програмата за обука ке се разгледаат најприоритетните краткорочни потреби за следната година, следени од среднорочен до долгорочен фокус на потребите за развој на вештини ќе се предвиди,начинот на спроведување на обуките, потребен буџет, одговорностите, како и видот на проценката на знаењето.
Член 95
Траењето на образованието, дошколувањето и оспособувањето, како и правата и обврските на договорните страни пред и по завршување на образованието, дошколувањето и оспособувањето се уредуваат со посебен договор (анекс).
X. УСЛОВИ ЗА РАБОТА И ДЕЛУВАЊЕ НА СИНДИКАЛНАТА ОРГАНИЗАЦИЈА
Член 96
Управата за јавни приходи е должна да созададе услови за работа на синдикатот во врска со заштитата на правата на вработените од работниот однос, утврдени со закон и колективен договор.
Член 97
На барање на синдикатот, Управата за јавни приходи доставува податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание на материјалната и социјалната положба на членовите на синдикатот (вработените) и ги разгледува мислењата и предлозите на синдикатот во постапката на донесување на одлуки и решенија што имаат влијание на материјалната и социјалната положба односно во остварување на правата вработените.
На претседателот на синдикалната организација и на неговиот заменик, им се овозможува непречено комуницирање со директорот односно раководниот работник што тој ќе го овласти.
На другите синдикални преставници на ниво на организациона единица (синдикални повереници) им се овозможува непречено комуницирање со раководните работници на ниво на организирање на синдикалната организација кога тоа е неопходно за остварување на правата на работниците, функционирањето и активностите на синдикатот.
Синдикатот изготува список на синдикалните претставници (повереници) и го доставува до директорот односно соодветната организациона единица.
Член 98
На барање на Синдикатот, Управата за јавни приходи на претседателот на синдикатот и неговиот заменик му овозможува и обезбедува стручни, административни и технички услови за работа заради остварување на синдикалните функции односно телефон (интерна и излезна телефонска линија) во кругот на Управата за јавни приходи
Користење на салите за состаноци заради оджување на состаноци кои по правило се одржуваат кон крајот на работното време со предходна најава.
Директорот или раководителот на организационата единица, може поради итни потреби со образложен заклучок да бара состанокот на синдикалното членство или на органите на основните организации на Синдикатот да се одложи, до надминување на причините поради кои истиот е одложен, но не повеќе од три дена.
За остварување на финансиско-сметководствени работи на синдикатот се обезбедува пресметка и уплата на синдикалната членарина (со одлука на синдикатот за висината и начинот на нејзината распределба) и се наплатува заедно со пресметката и исплатата на плата, како и уплата на лични обврски на работникот од неговата плата.
За редовно остварување на синдикалните активности на претседателот на синдикатот, на неговиот заменик и поверениците на организиционите единици на УЈП да им се обезбедуваат и следниве материјално-технички услови:
▪ користење на службено возило;
▪ користење на телефакс врските;
▪ умножување и печатење на материјали.
4. За остварување на синдикалните активности се обезбедува и користење на соодветни одмаралишта, игралишта и други објекти за одржување на советувања, семинари, состаноци со претседателите на основните организации и синдикалните повереници, за одржување на работнички спортски игри или културни манифестации и сл.
Доколку постојат финансиски можности работодавачот може да обезбеди финансисика подршка за Синдикалните активности .
Член 99
Синдикалниот претставник ( претседател на синдикална организација, претседател на синдикална подружница и членови на органи на синдикални организации и синдикатот) има право на посебна заштита утврдена со Законот за работни односи и колективните договори.
Претседателот на Синдикалната организација,неговиот заменик и поверениците за време на нивниот мандат неможат да добијат отказ од деловни причини и без нивна согланост неможе да бидат распоредени на друго работно место .
На синдикалните претставници, Управата за јавни приходи треба да им овозможи несметано да се ангажираат за ефикасно вршење на функциите во Синдикатот, за учество на синдикални состаноци, семинари, советувања, конгреси и конференции, учество на спорски натпревари и други видови на синдикални активности согласно Статутот на Синдикатот и Програмата за работа, месечно во часови и тоа:
- за претседателот и потпреседателот до. 56 часа
- за членови на синдикални органи и тела до. 24 часа
- за повереник на синдикална подружница до. 16 часа
- и по предлог на Синдикалната организација и други лица членови на синдикална организација додека трае потребата од нивно ангажирање но не подолго од 16 часа.
Ослободувањето од работа опфатено во точка 4 се врши во договор и согласност со раководителот на организационата единица каде синдикалните преставници се распоредени со цел несметано и координирано вршење на работите на работното место.
XI. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК Член 100
Правото на штрајк вработените во Управата за јавни приходи го остваруваат во
согласност со закон и Правилата за штрајк на синдикатот на УПОЗ. Штрајкот мора да биде писмено најавен кај работодавачот.
Во писмото со кое се најавува штрајкот мора да бидат наведени причините за штрајкот, местото на одржување на штрајкот, времетраењето, денот и времето на почеток на штрајкот.
Штрајкот мора да биде организиран на начин на кој нема да се оневозможува или попречува организирањето и одвивањето на работниот процес за вработените кои не учествуваат во штрајкот, забрана на влез на работниците и на одговорните лица во деловните простории на работодавачот.
Член 101
За време на штрајк, работодавачот на вработените им исплатува надоместок на плата во висина од 70% од најниската плата утврдена со овој Колективен договор само во случај ако легитимноста на штрајкот е во согласност со актот на соодветниот Синдикат односно ако добие легитимност од соодветниот Синдикат.
За време на штрајк, работодавачот е должен да им уплатува придонеси од плата утврдени со посебните прописи на најниската основица за плаќање на придонесите.
Вработените кои учествуваат во штрајк, несмеат да бидат ставени во понеповолна положба од другите вработени, поради нивното учество во штрајкот.
XII. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ
Одговорност на вработен за предизвикана штетата
Член 102
Вработениот е одговорен за штетата која на работа или во врска со работата, намерно или од крајна небрежност и ја предизвикал на Управата за јавни приходи и должен е истата да ја надомести.
Член 103
Ако штетата е предизвикана од повеќе вработени, тогаш секој од нив е одговорен за оној дел на штетата што ја предизвикал.
Ако за секој вработен не може да се утврди делот од штетата што ја предизвикал, се смета дека сите вработени се подеднакво одговорни и штетата ќе ја надоместат во еднакви делови.
Член 104
Секој вработен кој дознал за постоење на штета предизвикана на работа или во врска со работата должен е веднаш да го извести непосредниот раководител.
Постапка за утрврдување на материјална одговорност
Член 105
Предлог за покренување на постапка за утврдување на материјална одговорност против вработен во Управата за јавни приходи, покренува непосредно претпоставен раководител, Единицата за професионални стандарди, односно директорот на Управата за јавни приходи.
Директорот на Управата за јавни приходи формира Комисија за утврдување на материјална одговорност на вработениот.
Комисијата од ставот 2 на овој член ја сочинуваат: претседател и два члена, како и нивни заменици, а истата по потреба може да ангажира и стручни лица, а ако тоа е потребно и вештаци.
Член 106
Комисијата работи на седница.
На расправата пред Комисијата присуствува и претставник на Синдикатот, доколку вработениот против кого се води постапката е член на синдикална организација.
Претседателот на комисијата може да бара подносителот на предлогот да ги дополни или образложи наводите во истиот и да приложи и други потребни докази.
Член 107
Комисијата во текот на постапката, а врз основа на наводите од предлогот, приложените докази, исказот на вработениот против кој се води постапка, сослушување на сведоци и преку изведување на други докази, утврдува одговорност за сторената материјална штета, нејзината висината и начинот на сторување, кој ја предизвикал штетата, како и кој ќе ја надомести.
За дејствијата преземени на расправата се води записник.
Комисијата го разгледува и писменото мислење од синдикатот ако е доставено или го сослушува непосредно представникот на сондикатот.
Комисијата за утврдената фактичка состојба поднесува извештај со предлог за висината на надомест на штетата, врз основа на што директорот на Управата за јавни приходи донесува решение за надомест на штета.
Доколку висината на штетата неможе да се утврди или нејзино утврдување би предизвикало несразмерно високи трошоци, надоместокот на штетата се утврдува во паушален износ. Паушалниот износ изнесува една просечна плата исплатена на вработениот пред да настане штетата. Овој износ вработениот го исплатува месечно по 1/3 од вкупната плата до исплата на целиот износ.
Доколку комисијата во текот на постапката не утврдила одговорност на вработениот за сторената материјална штета или не постојат докази за сторената штета, врз основа на поднесениот извештај директорот донесува решение за ослободување на вработениот од материјална одговорност.
Член 108
Против решението за надомест на штета вработениот има право на приговор до директорот во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.
Директорот со решение одлучува по поднесениот приговор. Решението на директорот е конечно.
Вработениоит кој не е задоволен од конечното решение, има право во рок од 15 дена од денот на приемот на решението да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
Член 109
Постапката за утврдување на материјална одговорност не може да се поведе ако поминале 90 дена од денот кога непосредно претпоставениот раководител, Единицата за професионални стандарди односно директорот на Управата за јавни приходи, дознал за тоа.
Постапката за утврдување на материјална одговорност не може да се поведе, ако од денот кога е сторена материјалната штета поминала една година.
Член 110
Постапката за утврдување на материјална одговорност не може да се води поголго од 90 дена, сметано од денот на донесување на решението за формирање на Комисија.
Во случај на оправдано отсуство на сторителот на штетата, рокот од ставот 1 на овој член, започнува да тече после престанокот на причината за оправданото отсуство.
Услови за ослободување од надомест за предизвикана штета.
Член 111
Директорот може да го ослободи вработениот од плаќање надомест на штетата во целост или делумно ако е исполнет некои од следните услови:
• ако штетата ја сторил за да го заштити својот живот и здравје, како и животот и здравјето на други работници и граѓани;
• ако штетата ја сторил за да го заштити имотот на Управата за јавни приходи; Начин за надоместување на материјална штета
Член 112
Вработениот има право да се произнесе за начинот на надомест на материјалната штета и тоа :
▪ согласност за администратвна забрана од плата;
▪ со уплата на сметка определена од работодавачот на име материјална штета;
▪ во готовина на благајната на работодавачот;
Вработениот од став 1 на овој член има право штетата да ја надомести на рати, но не подолго од 12 месеци.
Член 113
Доколку вработениот во рокот определен од Управата за јавни приходи не се произнесе за начинот на плаќање на штетата, истата се врши со административна забрана врз основа на посебно решение што го носи директорот.
Член 114
Ако вработениот на работа или во врска со работата претрпи штета, Управата за јавни приходи е должна да му ја надомести штетата на вработениот според општите начела за одговорност за штета.
Член 115
Постапката за надомест на штетата се поведува со образложено барање на оштетениот работник.
Член 116
Комисијата го утврдува постоењето на штетата, околностите под кои таа настанала и нејзината висина.
Одлука по барањето за надомест на штета на предлог на комисијата, ја донесува директорот во рок од 90 дена од премот на барањето.
Член 117
Против одлуката, вработениот има право на приговор до директорот во рок од 8 дена од денот на доставувањето на одлуката.
Решението по приговорот е конечно.
Вработениот кој не е задоволен од конечното решение има право во рок од 15 дена од приемот на решението да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
Член 118
Управата за јавни приходи одговара за штетата која вработениот ќе ја предизвика на поединци или правни лица во работата или во врска со работата.
Управата за јавни приходи има право пред надлежниот суд да бара од вработениот надомест на извршената исплата од став 1 од овој член, ако вработениот штетата ја предизвикал намерно или од крајна небрежност.
XIII. ПРЕСТАНУВАЊЕ НА ВАЖНОСТА НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ Член 119
Работниот однос престанува со откажување на договорот за вработување на иницијатива на една од договорните страни, губење на работната способност на вработениот утврдено од надлежен орган согласно со закон, поради возраст на вработениот, поради истек на договорениот рок доколку договорот е склучен на определено време, поради смрт на вработениот, раскинување на договорот за вработување со писмена спогодба меѓу страните на договорот, со судска пресуда и во други случаи утврдени со закон.
1.Откажување на договорот за вработување со отказ од страна на работодавачот Член 120
ако:
Работодавачот може на вработениот да му го откаже договорот за вработување со отказ
1) Вработениот заради своето однесување, недостаток на знаења или заради
неисполнување на посебните услови определени со закон, не е способен да ги извршува договорните или други обврски од работниот однос (лична причина).
2) Вработениот го крши работниот ред и дисциплина, не ги исполнува обврските утврдени со закон, колективен договор и договорот за вработување (причина за вина).
3) Престане потребата од вршење на одредена работа заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични промени (деловна причина).
1.1 Откажување на договор за вработување од лични причини од страна на
вработениот
Член 121
Работодавачот може да го откаже договорот за вработување со отказ ако вработениот поради недостаток на знаења или можности, не е способен да ги извршува работните задачи утврдени со закон со колективен договор и со договорот за вработување.
Утврдувањето на неспособноста на вработениот да ги извршува работните задачи на работното место на кое е распореден, се презема до колку на вработениот му се обезбедени еднакви услови за извршување на работата, како и на другите вработени кои работат на исти или слични работи.
Непосредниот раководител ја следи работата на вработениот и доколку оцени дека вработениот нема знаење и способности, иницира постапка за утврдување на неговите знаења и способности за вршење на работите на работното место на кое е распореден.
Неспособноста на работникот да ги врши работните задачи ја утврдува Комисија формирана од директорот на Управата за јавни приходи.
Комисијата е составена од претседател и четири члена со најмалку ист степен на стручна подготовка како и вработениот чија неспособност се утвдрдува.
Комисијата треба да ги прибави потребните податоци за условите, околностите и за причините за неспособноста на вработениот да ги извршува работните задачи од работното место.
На вработениот му се доставува писмено известување дека е отпочната постапка за утврдување на неговите знаења и способности за извршување на на работите на работното место на кое е распореден.
За почетокот на постапката писмено се известува синдикатот.
Вработениот и синдикалниот претставник имаат право на увид во документацијата врз основа на која е започната постапката, за што се составува записник.
Комисијата ја спроведува постапката за утврдување на неспособност на вработениот врз основа на документација за најмалку едномесечно следење на работата на вработениот.
Врз основа на дадената оценка од Комисијата, директорот донесува одлука.
Член 122
На вработениот, кај кого е утврдена неспособноста за извршување на работните задачи, може да му биде понуден нов договор за вработување кој одговара на неговите знаења и способности, доколку има друго работно место.
Ако вработениот не го прифати новиот договор за вработување или ако нема друго работно место, може да му престане договорот за вработување.
Член 123
Работодавачот може да го откаже договорот за вработување со отказ, ако не е задоволен од извршувањето на работните обврски на вработениот, доколку на истиот му се обезбедени потребните услови за работа, му се дадени соодветни упатства, насоки или писмено предупредување дека не е задоволен од начинот на извршувањето на работните обврски на вработениот и ако по истекот на рокот од 30 дена од денот на дадените упатства, насоки и предупредување, вработениот не го подобри своето работење.
Член 124
При искажани незадоволителни резултати во работата за конкретен вработен во тековниот месец, непосредниот раководител изготвува извештај кој содржи:
▪ име и презиме, работно место и организациона единица;
▪ време за кое се врши оценување на вработениот;
▪ xxxxxx опис на работната задача што не е извршена или неквалитетно е извршена, кога и од кого бил даден налог за работа, дали му се обебедени потребните услови за работа, дали при тоа или за време на работата биле давани соодветни упатства, насоки предупредувања и на кој начин;
▪ последици од таквото работење;
▪ кратко мислење за работата на вработениот во претходните три месеци;
За вработениот кој според извештајот од став 1 на овој член се утврди дека неговата работа не задоволува, му се доставува писмено укажување за тековното работење со предупредување да го подобри своето работење во наредниот месец.
Доколку вработениот по истекот на 30 дена од даденото предупредување не го подобри работењето, а за тоа нема оправдани причини, се изготвува писмен и образложен предлог за покренување на постапка за утврдување на одговорност.
Предлогот му се врачува на вработениот и веднаш од него се бара писмено изјаснување за причините за таквотот работење и предлогот за отказ.
Ако вработениот одбие да даде писмено изјаснување тоа се констатира на самиот предлог или се изготвува посебна забелешка за местото, времето и причината за одбивањето.
Предлогот се доставува и до синдикалната организација и се бара писмено мислење во рок од три дена .
Предлогот со прилозите непосредниот раководител ги доставува до директорот на Управата за јавни приходи.
1.2 Откажување на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски со отказен рок
Член 125
Работодавачот може да му го откаже договорот за вработување на вработениот со отказен рок поради кршење на работниот ред и дисциплина, тешки повреди на службените и работни обврски, непридржување кон обврските од член 32 од Законот за Управата за јавни приходи или кршење на забраната за вршење на други активности од член 34 од Законот за Управата за јавни приходи, со отказен рок особено ако:
▪ не го почитува работниот ред и дисциплина според правилата пропишани од Управата за јавни приходи;
▪ не ги извршува или несовесно и ненавремено ги извршува работните обврски;
▪ не се прдржува кон прописите што важат за вршење на работите на работното место;
▪ не се придржува на распоредот и користењето на работното време;
▪ не побара отсуство или навремено писмено не го извести работодавачот за отсуството од работа;
▪ поради болест или оправдани причини отсуствува од работа, а за тоа во рок од 48 часа писмено не го извести работодавачот;
▪ со средствата за работа не постапува совесно или согласно техничките упатства за работа;
▪ настане штета, грешка во работењето или загуба, а за тоа веднаш не го извести работодавачот;
▪ не ги почитува прописите за заштита при работа или не ги употребува совесно;
▪ преиначува, внесува или потврдува невистинити податоци во службени исправи или во информациониот систем;
▪ води деловни книги на даночни обврзници, составува даночни пријави, барања за поврат на данок, приговори жалби и/или тужби на даночен обврзник во даночна постапка;
▪ несовесно ја врши службената должност заради што настапила или можела да настапи штета за даночниот обврзник или тело на државната власт;
▪ ја злоупотреба на службена легитимација;
▪ презема или непрезема било како дејство со цел за оневозможување или отежнување на навремена , правилна и законита работа на Управата за јавни приходи;
▪ ги извршува работните задачи несовесно, нестручно, неефикасно, неуредно, ненавремено;
▪ својата работа ја врши пристрасно со влијание од страна на политички партии, се раководи од свои политички уверувања и од лични финансиски интереси, ги злоупотребува статусот на даночен службеник и не го штити угледот на Управата за јавни приходи;
▪ не ги извршува наредбите на непосредно претпоставениот раководител и не постапува по нив согласно со уставот законот и друг акт;
▪ во согласност со закон и прописите на Управата за јавни приходи, по барање на даночните обврзници, не дава информации заради остварување на нивните права и обврски, освен информации кои претставуваа даночна тајна;
▪ при исполнување на своите обврски, користи привилегии, бара и прима материјална или друга корист;
▪ не го усовршува своето стручно знаење заради унапредување на професионалните барања;
▪ се однесува спротивно на Кодексот на даночни службениции и на пропишаните правила за ред и дисциплина во Управата за јавни приходи;
▪ врши друга функција, должност или дејност поврзана со остварување на профит која е во судир со службената дејност;
▪ врши дејност која е во судир со службената должност како сопственик или партнер во трговски друштва, член на управни одбори или на надзорни органи на трговски друштва;
▪ врши други работи и дејности без претходно одобрение од директорот.
1.3 Откажување на договор за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски без отказен рок
Член 126
Работодавачот може на вработениот да му го откаже договорот за вработување без отказен рок во случаите на кршење на работниот ред и дисциплина или неисполнување на работните обврски утврдени со овој или друг закон, колективен договор, правилата за работниот ред и дисциплина и договорот за вработување, а особено ако вработениот:
▪ неоправдано изостане од работа три последователни работни дена во текот на една година;
▪ или 5 работни дена во текот на една година
▪ го злоупотреби боледувањето;
▪ не се придржува кон прописите за здравствена заштита, заштита при работа, пожар, експлозија, штетно дејствување на отрови и други опасни материи и ги повредува прописите за заштита на животната средина;
▪ внесува, употребува или е под дејство на алкохол и наркотични средства;
▪ стори кражба или во врска со работата намерно или од крајно невнимание предизвика штета на работодавачот и
▪ оддаде деловна,службена или државна тајна.
1.4 Отстранување од работа до донесување на одлука за отказ на договорот за
вработување
Член 127
Со писмен налог на директорот вработениот може до донесување на одлуката за отказ на договорот за вработување да биде отстранет од Управата за јавни приходи, со надоместок во висина на 50% на платата на работникот кој ја примил претходниот месец до донесувањето на одлука за отказ на договорот за вработување, ако:
▪ вработениот со своето присуство во Управата за јавни приходи го загрозува животот или здравјето на вработените или други лица или се оштетуваат средства од поголема вредност;
▪ присуството на вработениот во Управата за јавни приходи штетно ќе се одразува на нејзината работа;
▪ присуството на вработениот оневозможува утврдување на одговорноста за повреда на работните обврски;
▪ кога против вработениот е покрената кривична постапка од надлежен орган за кривично дело сторено на работа или во врска со работата;
Против писмениот налог за отстранување од работа, вработениот има право на приговор до директорот на Управата за јавни приходи во рок од 8 дена од денот на приемот .
Приговорот не го задржува извршувањето на налогот.
XIV. ПОСТАПКА ЗА УТВРДУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТ ПОРАДИ КРШЕЊЕ НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ
Член 128
На вработениот може може да му биде откажан договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски само во постапка утврдена во овој колективен договор.
Покренување и водење на постапка за утврдување на одговорност Член 129
Постапката за утврдување на одговрност се покренува по предлог на непосредно претпоставениот раководител или Единицата професионални стандарди, односно директорот.
Предлогот содржи: име и презиме на вработениот,опис на кршењето на работниот ред и дисциплина и работните обврски и на околностите под кои таа е сторена, законскиот основ за покренување, времето и местото на извршување на повредата, докази за постоење на повредата, и датум и потпис.
Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност се покренува во рок од еден месец од денот на дознавање на кршењето на работната дисциплина и на работните обврски, односно во рок од 3 месеци од денот на сторување на повредата на службената должност.
Комисија за утврдување на одговорност поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски
Член 130
За утврдување на одговорноста на вработениот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски директорот формира Комисија за секоја постапка пооделно (во натамошниот текст: Комисија).
Комисијата работи во полн состав, а одлуката ја донесува со мнозинство гласови. Комисијата е составена од претседател и два члена и ниви заменици.
Комисија е должна предлогот за покренување на постапка за утврдување на одговорност со прилозите да го разгледа и да го достави до вработениот со напомена да даде одговор, и до синдикалната организација, заради запознавање и давање мислење.
Член 131
Претседателот на комисијата ја закажува расправата и ги повикува: вработениот кој ја сторил повредата и неговиот застапник доколку го има, подносителот на предлогот за покренување на постапка, сведоците, претставникот на синдикатот, а по потреба и други лица.
На вработениот против кој се води постапката, поканата за расправата му се доставува 5 дена пред почетокот на расправата.
Вработениот има право да биде застапуван во постапката од лице кое тој ќе го овласти да го застапува.
Член 132
Комисија работи и одлучува во полн состав.
Пред почетокот на расправата, претседателот на комисијата утврдува дали се присутни сите повикани лица и го проверува нивниот идентитет.
Расправата може да се одржи во отсуство на вработениот и неговиот застапник доколку уредно биле повикани, а отсуствуваат од неоправдани причини.
Тек на главна расправа Член 133
Кога се исполнети условите за одржување на расправата, претседателот на комисијата,
откако ќе го објави предметот на постапката, ја отвара расправата.
Со расправата раководи претседателот на комисијата. Председателот им дава збор на:
▪ подносителот на предлогот за покренување на постапка,
▪ вработениот или неговиот застапник,
▪ сведоците, вештите лица и другите учесници во постапката, кои се сослушуваат пооделно.
Претседателот и членовите на комисијата може да поставуваат прашања и да бараат објаснувања.
Претседателот ги објавува заклучоците на комисијата за одржувањето или одложувањето на расправата и се грижи за правилно водењето на записникот од расправата.
Докази и изведување на докази Член 134
По изјаснувањето на вработениот, Комисијата пристапува кон изведување на предложените докази.
Доказите се изведуваат со читање писмени извештаи, информации, изјави и други исправи или со сослушување на сведоците, а кога е тоа потребно се одредува и вештачење. На расправата можат да се изнесат дополнителни докази.
Кога сведокот или вештите лица ќе бидат испрашани од преседателот и од членовите на Комисијата, прашања може да му поставуват и на подносителот на предлогот, вработениот или неговиот застапник.
При изведувањето на доказите Комисијата се води од начелото на слободна оценка на доказите.
Во текот на постапката пред Комисијата, се бара и мислењето на основната синдикална организација на органот, доколку преставникот на синдикатот не е застапник на работникот против кого е поведена постапката.
За дејствијата преземени на расправата се води записник.
Член 135
По изведување на сите предложените докази, утврдување на фактите и завршните зборови на учесниците во постапката, претседателот објавува дека расправата е завршена.
По завршување на расправата Комисијата пристапува кон советување и гласање дали постои кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски и дали постои вина .
Записникот од гласањето се запечатува во посебен плик.
Комисија му поднесува извештај на директорот во кој ќе биде образложено во што се состои повредата, начинот на кој што е извршена, вината на сторителот, како и сите олеснителни и отежнителни околности кои биле од влијание за донесување на одлуката.
Прекин на постапката Член 136
Постапката се прекинува, кога:
1) некој од учесниците во расправата се наоѓа на подрачје кое поради поплави, други непогоди и слично е отсечено од местото на одржување на расправата;
2) вработениот против кого е поведена дисциплинска постапка се разболи непосредно пред или додека трае постапка што се докажува со отворено боледување од матичен лекар;
3) доколку треба да се донесе решение за некое претходно прашање кое во врска со постапката.
За прекинот и продолжувањето на постапката Комисијата донесува посебен заклучок, против кој не е дозволена жалба.
Член 137
Прекинот на постапката има за последица да престанат да течат сите рокови определени за вршење на дејствијата во дисциплинската постапка.
За време на траењето на прекинот на постапката комисијата не може да превзема никакви дејствија.
Дејствијата што ги превзеле учесниците во постапката додека трае прекинот на постапката немаат никаво правно дејство. Нивното дејство почнува откако постапката ќе продолжи.
Член 138
Постапката што е прекината ќе продолжи кога ќе престанат причините за прекинот.
Роковите што поради прекинот на постапката престанале да течат, почнуваат да течат одново од денот кога комисијата ќе го достави решението за продолжување на постапката.
Член 139
Доколку по одржаното советување и гласање, Комисијата констатира дека вработениот не направил повреда на службената должност, ја запира постапката.
Член 140
Во зависност од степенот на одговорност на вработениот, условите под кои е направена повредата на работните обврски и на работниот ред и дисциплина, поранешната работа и однесување на вработениот, тежината на повредата и нејзините последици, директорот може на вработениот, наместо откажување на договорот за вработување да му изрече парична казна која не може да биде поголема од 15% од последната исплатена месечна плата на вработениот, во траење од еден до шест месеци.
Член 141
Одлуката (решението) за откажување на договорот за вработување и решението за парична казна ја донесува директорот на Управата за јавни приходи.
Одлуката (решението) задолжително се дава во писмена форма, со образложение на основот, односно причината за откажување на договорот за вработување, и причините за изрекување на паричната казна со упатство за правно средство.
Член 142
Против одлуката (решението) за откажување на договорот за вработување, вработениот има право на приговор до директорот на Управата за јавни приходи, во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.
Приговорот против одлуката за откажување на договор за вработување без отказен рок, не ја задржува од извршување одлуката за отказ.
Приговорот против одлуката за откажување на договор за вработување со отказен рок, го одлага нејзиното извршување до донесување на конечната одлука по приговорот. Директорот донесува конечна одлука (решение) по приговорот во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на истиот.
По врачување на конечната одлука (решение)или кога истата не е донесена во законски предвидениот рок, вработениот има право во рок од 15 дена да покрене постапка пред надлежниот суд.
Член 143
Отказ на договорот за вработување, работодавачот може да му даде на вработениот во рок од три месеци од денот на дознавањето на фактите кои се основа за давање на отказот, односно во рок од шест месеци од денот на настапување на фактите кои се основа за давање на отказот.
Отказ на договорот за вработување, работодавачот може да му даде на вработениот поради сторено кривично дело на работа или во врска со работата, најдоцна до истекот на рокот за застареност утврден во закон за стореното кривично дело.
XV.ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ ОД ДЕЛОВНИ ПРИЧИНИ
Член 144
Како деловни причини се сметаат случаите кога работодавачот има намера да воведе поголеми економски, организациони, технолошки или структурни промени, а кои ќе предизвикаат потреба од намалување на бројот на вработени.
Во случаите кога ќе настанат предвидените промени од став 1 на овој член, на вработениот може да му престане работниот однос на начин и постапка предвидена со Законот за работни односи и со овој колективен договор.
Работодавачот за намерата, а најдоцна 30 дена пред донесувањето на одлуката за престанок на работен однос на поголем број работници од деловни причини, е должен да го извести синдикатот на Управата за јавни приходи за:
▪ причините за престанок на потребата од работата на работниците;
▪ предвидениот број и категоријата на вишок на работниците;
▪ предвидениот рок во кој ќе престане потребата од работа на работниците;
По доставеното известување, работодавачот се советува со синдикатот за можните начини за спречување и ограничување на бројот на отказите и за можните мерки за спречување и ублажување на штетните последици.
Член 145
По завршување на советувањето со синдикатот односно со претставникот на вработените, работодавачот е должен писмено да ја извести службата надлежна за посредување при вработување, заради помош и услуги од посредување при вработување, согласно закон.
Член 146
Бројот и структурата на вработените на кои им се откажува договорот за вработување поради економски, технолошки, структурални или слични промени (деловни причини) се утврдува врз основа на следните критериуми:
• стручна подготовка и квалификација;
• работно искуство;
• успешност во работењето;
• работен стаж;
• работен стаж во Управата за јавни приходи;
• здравствена состојба;
• возраст;
• економско-социјална состојба.
1. Стручна подготовка и квалификација
Овој критериум се вреднува според степенот и видот на стручната подготовка. а) Степен на стручна подготовка
- до IV степен 10 бода
- до V степен 15 бода
- до VI степен 20 бода
- до VII степен 25 бода
б) Вид на стручна подготовка
- соодветна на работното место 5 бода
- несоодветна на работното место. 0 бода
2. Работно искуство
Овој критериум се вреднува според бројот на годините поминати на работа во областа на која работи во ефективно траење.
а) до 5 години 1 бод
б) од 6 до 10 години 2 бода
в) од 11 до 20 години 3 бода
г) од 21 до 30 години 4 бода
д) над 30 години 5 бода
3. Успешност во работењето
Овој критериум се вреднува според следните мерила;
а) ако резултатите од извршувањето на работните задачи се под просечните и очекуваните резултати 0 бодови
б) зa успешно извршување на работните задачи со просечни резултати 20 бодови
в) зa успешно, самостојно, квалитетно и ефикасно извршување на работните задачи со надпросечни резултати 40 бодови
Успешноста се утврдува за период од најмалку 12 претходни месеци со писмено мислење на раководителот на организационата единица, имајќи ги во предвид квалитетното и навремено извршување на работите, економично и рационално користење на средствата за работа и работното време, самоиницијативност и иновативност, остварена плата во зголемен односно намален износ како и изречените парични казни во постапки за отказ.
4. Работен стаж
Овој критериум се вреднува според бројот на годините утврдени како вкупен стаж и тоа:
- до 1 година 0 бода
- повеќе од 1 година до 4 години .............................. 2 бода
- повеќе од 4 години до 11 години ........................... 6 бода
- повеќе од 11 години до 17 години.......................... 12 бода
- повеќе од 17 години до 24 години.......................... 18 бода
- повеќе од 24 години до 31 година. 24 бода
- над 31 година 30 бода
5. Работен стаж во Управата за јавни приходи
Овој критериум се вреднува според следниве мерила;
- до 1 година ............................................................ 0 бода
- повеќе од 1 година до 4 години 1 бод
- повеќе од 4 години до 10 години ........................ 4 бода
- повеќе од 10 години до 15 години....................... 8 бода
- повеќе од 15 години до 20 години....................... 12 бода
- повеќе од 20 години до 25 години....................... 16 бода
- повеќе од 25 години до 30 години...................... 20 бода
- над 31 година ........................................................ 24 бода
6. Возраст
Овој критериум се вреднува според следниве мерила:
- од 18 до 19 години. 0 бода
- над 19 до 29 години. 10 бода
- над 29 до 39 години. 20 бода
- над 39 до 49 години. 30 бода
- над 49 до 59 години. 40 бода
- над 59 години. 50 бода
7. Здравствена состојба
Здравствената состојба се утврдува врз основа на наод од надлежниот здравствен орган сметано до денот на утврдување на приоритетна листа и тоа:
а) утврден степен на професионална неспособност за работа како последица на повреда при работа или професионална болест 10 бода
б) останати инвалиди на трудот 5 бода
8. Економско-социјална состојба
Овој критериум се вреднува според:
а) вработен кој има приход по член на семејството до 50% од просечната месечна плата во Републиката 10 бода;
б) вработен кој има приход по член на семејството од 50% до 100% од просечната месечна плата во Републиката 5 бода;
в) вработен кој има приход по член на семејството над 100% од просечната месечна плата во Републиката 0 бода;
г) вработен кој има дополнителни приходи од дополнителна работа или од обработлив имот....................................................... - 10 бода;
Како член на семејство во смисла на овој критериум се подразбира брачниот другар и децата кои не се во брачна заедница, а живеат заедно со вработениот.
Член 147
Доколку по претходните критериуми вработените имаат ист вкупен број бодови, предност да го задржат работното место имаат:
▪ доколку повеќе вработени се распределени на работни задачи за кои согласно со систематизацијата на работните места се предвидени два степени на стручна подготовка, предност да го задржат работното место имаат оние вработени кои имаат повисок степен на стручна подготовка;
▪ доколку има поголем број вработени на исти работни задачи кои имаат ист степен на стручна подготовка, предност да го задржат работното место имаат оние вработени што имаат подолго работно искуство на истите работни задачи кај работодавачот;
▪ доколку има поголем број на вработени на исти задачи, кои имаат ист степен на стручна подготовка и исто работно искуство, предност да го задржат работното место имаат оние вработени кои, според оцената на непосредниот раководител, имаат резултати во извршувањето на работните задачи;
▪ доколку има поголем број на вработени на исти работни задачи со ист степен на стручна подготовка, исто работно искуство и исти резултати во извршувањето на работните задачи, предност да го задржи работното место имаат:
- работничка за време на бременост и со дете до 2 години;
- самохран родител, односно усвоител на дете до 7 години;
- родител на хендикепирано дете;
- инвалид на трудот и работници со професионално заболување;
- еден од брачните другари што се вработени во Управата за јавни приходи;
- преставник на Синдикатот;
- работник кој е до 5 години пред одење во пензија;
Член 148
Кога за определен број вработени престанала потребата за работа, а на работното место работат два или повеќе вработени за вишок се утврдуваат оние кои исполнуваат еден од условите за одење во пензија.
Член 149
За изготвување на бодовни листи со примена на критериумите, директорот со решение формира посебна комисија.
Комисијата е составена од претседател, два члена и заменици од кои еден член и еден заменик предлага Xxxxxxxxxx.
Изготвената бодовна листа се доставува до директорот .
На основа на бодовната листа директорот донесува одлука за откажување на договорот за вработување поради деловни причини.
Против одлука за откажување на договорот, вработениот има право да поднесе на приговор до директорот на Управата за јавни приходи во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката.
Вработениот кој не е задоволен со конечната одлука на директорот или ако не се донесе одлука во рок од 15 дена од денот на поднесување на приговорот, вработениот има право во наредниот рок од 15 дена да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
XVI. ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ВРАБОТЕНИТЕ
Член 150
Ако вработениот смета дека работодавачот не му ги обезбедува правата од работен однос или крши некое негово право, има право да поднесе писмено барање до директорот на Управата за јавни приходи, кршењето да го отстрани, односно да ја исполни својата обврска.
Ако вработениот смета дека со писмена одлука му е прекршено право од работен однос, има право во рок од 8 дена од денот на приемот на одлуката, да поднесе приговор до директорот на Управата за јавни приходи
Приговорот од став 2 на овој член го задржува извршувањето на одлуката до донесувањето на конечна одлука, освен во случаи утврдени со закон.
Директорот е должен да донесе одлука во рок од 8 дена од денот на поднесувањето на барањето.
Член 151
По приемот на одлуката со која е одлучено по приговорот на вработениот или по истекот на рокот од 8 дена од поднесувањето на приговорот, вработениот во рок од наредните 15 дена има право да бара заштита на своите права пред надлежниот суд.
XVII. XXXXX РЕШАВАЊЕ НА ИНДИВИДУАЛНИТЕ И КОЛЕКТИВНИТЕ РАБОТНИ СПОРОВИ
Индивидуален работен спор Член 154
Индивидуален работен спор претставува спор во врска со остварувањето на правата на вработениот утврдени со закон, овој колективен договор и договорот за вработување.
Колективен работен спор Член 153
Колективен работен спор, е спор во врска со склучување, измена, дополнување или
примена на овој или друг колективен договор, остварување на правото на синдикално организирање и штрајк.
Начин и постапка мирно решавање на индивидуални и колективни работни
спорови
Член 154
Во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и вработениот можат да се договорат решавањето на спорот (кој не можат да се решат со меѓусебно спогодување) да го доверат на посебен орган утврден со Законот за мирно решавање на работните спорови.
Начинот и постапката на мирно решавање на колективните и одделните индивидуални работни спорови, изборот, правата и обврските на помирувачот и арбитрите и другите прашања од значење за мирното решавање на работните спорови е уредена и ќе се спроведува согласно Законот за мирното решавање на работните спорови.
XVIII. ИЗМЕНУВАЊЕ, ДОПОЛНУВАЊЕ, ТОЛКУВАЊЕ И СЛЕДЕЊЕ НА ПРИМЕНАТА НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР
Член 155
Овој колективен договор ги обврзува и важи и за вработените кои не се членови на синдикат или на Синдикатот-потписник на овој колективен договор.
Правните норми содржани во овој колективен договор се применуваат непосредно и се задолжителни за сите лица на кои во согласност со став 1 од овој колективен договор се применува.
Член 156
Страните на овој колективен договор и лицата на кои тој се применува, се должни да ги извршуваат неговите одредби. Поради повреда на обврските од овој колективен договор, оштетената страна или лице на кои тој се применува може да бара надомест за претрпената штета.
Член 157
Секој учесник може да предложи изменување и дополнување на овој колективен договор.
Предлогот за изменување или дополнување на овој колективен договор во писмена форма се доставува до другиот учесник кој е должен да се изјасни во рок од 30 дена .
Во случај ако другиот учесник не го прифати или не се изјасни по предлогот во рок од став 2 на овој закон, учесникот – предлагач може да започне постапка за усогласување.
Член 158
Постапката за усогласување започнува на барање на еден од учесниците на колективниот договор и треба да заврши во рок од 60 дена од поднесување на барањето.
Во рок од 10 дена од поднесување на барањето за усогласување се формира Комисија за усогласување.
Секој од учесниците именува по еден член во Комисијата за усогласување. Членовите на комисијата договорно избираат трет член на комисијата како претседател.
Секое усогласување што учесниците ќе го постигнат мора да биде во писмена форма.
Со усогласените ставови учесниците задолжително пристапуваат кон изменување и дополнување на колективниот договор.
Член 159
За следење на примената и за давање толкување на одредбите на овој колективен договор учесниците формираат комисија.
Секој од учесниците на овој колективен договор именуваат по 2 члена во комисијата од став 1 на овој член, во рок од 30 дена од случувањето на овој колективен договор.