GO L E M OTO ^ EK M EXE
GO L E M OTO ^ EK M EXE
ШПЕКУЛАЦИИ ОКОЛУ СТРАТЕШКИОТ ДОГОВОР СО МАЈКРОСОФТ
ФУНКЦИОНИРАЊЕ ВРЗ ПАЗАРНИ
ОСНОВИ ИЛИ...!?
ВМРО-ДПМНЕ смета дека Договорот што Владата го склучи со "Мајкрософт" за пакетот оперативни системи "Windows" е нетранспарентен и штетен за државата.
Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија, Xxxxxxx Xxxxxxxxxx, ги демантираше наводите изнесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека Владата склучила штетен договор со "Мајкрософт".
За претставникот на "Мајкрософт" во Македонија, Xxxxxxxx Xxxxxxxx, Договорот не е матна зделка, бидејќи корпорацијата е исклучиво деловна.
XXXXXXX XXXXXXXXXX ВИЦЕПРЕМИЕРКА
Пишува:
Рената МАТЕСКА
С
тратешкиот Договор на Владата на Република Македонија со една од најголемите светски корпорации
- "Мајкрософт" - повторно беше ставен под лупа, што предизвика дискусии, полемики и препукувања на релација власт - опо- зиција, а се огласи и претставникот на "Мајкрософт" во Македонија.
Во стратешкиот Договор што го склучи Владата со софтверскиот гигант "Мајк- рософт" постојат анекси кои Владата ги крие од јавноста, бидејќи токму во нив се содржани лошите решенија на склучената зделка, ја фрли ракавицата опозиционата ВМРО-ДПМНЕ, со обвинувања на адреса на Владата.
Според портпаролот на партијата ВМРО-ДПМНЕ, Xxxxxx Xxxxxx, Договорот, вреден четири милиони долари, треба да го плаќаат македонските граѓани, а во ниту еден дел не е прецизирано точно за што и како ќе бидат наменети тие пари.
- "Освен тоа, легализацијата на софтве- рот е веќе еднаш платена со 1,3 милиони долари, па не е јасно зошто сега се плаќаат 4 милиони долари", вели Xxxxxx.
Аргументите на опозицијата говорат дека во повеќе земји од регионот, како на пример владите на Словенија и Хрватска,
платиле значително помала сума за пакетот што го презеле. Контактите кај нив биле со компанијата "Мајкрософт" и со нивни претставници во овие земји, а не со посредници како што е случајот со Македонија. Европските држави, според опозицијата, настојуваат да ја минимизираат или да се дистанцираат од употребата на "Windows" и да се преориен- тираат кон некои други софтверски реше- нија, како што е "Линуксот", кој спаѓа во слободен софтвер, и за разлика од скапиот "Windows" е бесплатен.
- "Македонија треба да се стреми - вели Xxxxxx - кон легализација на софтверот, тоа не е спорно, но Владата треба да излезе со компаративна анализа за тоа што направиле земјите од регионов со ваквиот вид договори, а што направила Македонија".
Xxxxx Xxxxxxxxxx, член на ИК на оваа партија, соопшти дека составен дел од Договорот се и дополнителните трошоци за консултантски услуги за следните четири години кои чинат 42 долари плус ДДВ по компјутер годишно, но не помалку од 6.200 компјутери. На ваков начин годишно Владата ќе плаќа уште дополнителни 307.000 долари, а за четири години таа сума изнесува 1.229.000 долари.
- "Во споредба со ова - потенцираше Трајчевски - излегува смешна бесплатната обука што ќе ја врши 'Мајкрософт', а
за која ќе бидат ангажирани фирми од државава. Прашањето е како се одбрани токму 'Семос' и 'Некст сенс', фирма која произлегува од 'Семос' со заминувањето на неколку луѓе, а сопругата на премиерот, Xxxxx Xxxxxxxxxxx, токму во 'Семос' има една третина од акциите".
Тој исто така потврди дека во 2002 година, пред влегувањето на Македонија во Светската трговска организација, Владата на Македонија потпишала до- говор за легализација на софтверот на "Мајкрософт" во државната админист- рација. Во Договорот уште стои дека покрај преводот што ќе се обезбеди во иднина на оперативните системи XP и Office XP, соодветно ќе се преведуваат и сите наредни верзии на овие системи. Опозицијата смета дека доколку До- говорот не се продолжи по 2007 година, "Мајкрософт" нема да доставува маке- донски верзии на наведените продукти што претставува невидена ароганција и лош резултат на нашите преговарачи.
ОБВИНУВАЊА
Да не остане "покуса", власта веднаш се огласи жустро демантирајќи ги обвинувањата од опозиционата ВМРО- ДПМНЕ.
Вицепремиерката Xxxxxxx Xxxxxxx- ска која е и потписничка на стратешкиот
XXXXXXXX XXXXXXXX ПРЕТСТАВНИК НА МАЈКРОСОФТ ЗА МАКЕДОНИЈА (ГОРЕ)
XXXXXX XXXXXX
ПОРТПАРОЛ НА ВМРО-ДПМНЕ (ДЕСНО)
Договор со "Мајкрософт" посочи дека на прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ биле соопштени голем број лаги, дезинформации и контрадикторности.
- "ВМРО-ДПМНЕ излезе со теза дека Владата не треба да склучува договори за вистинско легализирање на софтверот на Мајкрософт во државната администрација, туку треба да се пренасочи кон други опе- ративни системи. На истата прес-конференција - нагласи Шекеринска - кажаа дека нивната влада потпишала договор со иста или слична цел".
Изненадувачки, според неа, е и тајмингот на прес-конференцијата која се случи речиси три месеци по потпишувањето на Договорот за стратешко партнерство меѓу Владата и "Мајкрософт".
Xxxxxxxxxx информира дека според Договорот што е склучен меѓу поранешната влада, односно од тогашното Министерство за финансии и една компанија за лиценцирање на софтверот на "Мајкрософт" во државната администрација требало да бидат лиценцирани околу 1.800 програми за околу два милиона долари. Со новиот Договор, кој
е потпишан со потпретседателот на корпорацијата "Мајкрософт", треба да бидат лиценцирани
6.200 пакети, а неговиот износ е 3,9 милиони долари.
За обвинувањата дека анек- сите од Договорот се тајни, дека има нетранспарентни анекси, анекси што не може да ги видиме, а голема корист од тоа ќе има токму фирмата "Семос", во која една третина од акциите ги има Јасна Црвенковска, власта исто така имаше одговор и оправ- дувања.
- "Семос е компанија која постои од 80-тите години и со 'Мајкрософт' има потпишано договор од 90-тите години. Тоа е избор на 'Мајкрософт'. Владата никого не избрала" - подвлече Xxxx Xxxxxxxxx од СДСМ, прет- седател на Комисијата за Инфор- матичка технологија при Владата на Македонија.
Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ постави и прашање зошто ако договорот што го склучи екс- владата со софтверската ком- панија бил штетен, тогаш зошто оваа Влада не го раскинала пред да склучи нов договор.
- "Неспорно е дека корпо- рацијата 'Мајкрософт' е единст-
вениот носител на авторските права, и затоа владата - според Xxxxxxxxx - преговараше со таа компанија, а не со компанија од тука".
Фактот што Договорот меѓу владата и "Мајкрософт" бил склу- чен со непосредна спогодба, а не преку јавен тендер, е главната причина стратешкиот Договор да заврши на рагледување кај анти- корупциската комисија.
ИНТЕРЕС
По сите препукувања се огласи и претставникот на "Мајкрософт", Xxxxxxxx Xxxxxxxx, кој ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека државата двапати плаќа за исти лиценци и компјутери.
- "Стратешкиот Договор со Владата не е направен врз политичка основа, интересот на 'Мајкрософт' е само деловен. Со договорот - истакна Гаговски - се опфатени 6.200 компјутери што ги користи Владата, а кои не се лиценцирани. Тие 1.800 лиценци што ги набавила претходната влада се легални и не се вклучени во сегашниот договор. Тие ли- ценци тогаш се набавени од
застапник на 'Мајкрософт' и не е преговарано директно со нас, бидејќи тогаш таа влада не презела пошироко лиценцирање на софтверите".
Тој тврди дека непосредно договарање за лиценцирање не е направено само во Македонија, туку и во други држави во регионот, како на пример, пред две години во тогашна СРЈ. По Договорот за четиригодишно стратешко партнерство меѓу софтверскиот гигант и македон- ската Влада, "Мајкрософт" се обврза да инвестира 6 милиони долари. Владата пак на "Мајкрософт" треба да му плати 4 милиони долари за ли- ценцирање на софтверот на 6.200 компјутери што се користат во администрацијата, за што до кра- јот на месецов ќе добијат уште толку лиценцирани копии за компјутерите во образованието.
Најсмешно од сè е тоа што
постои можност да се потврди поговорката "Сиромавиот се- когаш плаќа двапати", а во слу- чајов Македонија е повеќе од си- ромашна и информатички непис- мена држава. Ни Xxx Xxxxx лич- но тешко би можел да најде ча- ре за нас!