Contract
ДОГОВОР МЕЃУ СОЦИЈАЛИСТИЧКА ФЕДЕРАТИВНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА И РЕПУБЛИКА АВСТРИЈА ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА ОД 1 ФЕВРУАРИ 1982 ГОДИНА*
Обврски за екстрадиција Член 1.
Државите договорнички се обврзуваат дека, според долунаведените одредби и услови, на барање, една на друга ќе екстрадираат лица што се гонат во државата молител поради судски казниво дело или се бараат поради извршување на судска казна или превентивна мерка.
Кривични дела за кои може да има екстрадиција Член 2.
(1) Екстрадицијата се одобрува поради гонење за дело за кое според правото на двете договорни држави е пропишана казна лишување од слобода или
превентивна мерка повеќе од една година или построга казна.
(2) Екстрадицијата поради извршување правосилно изречена казна или
превентивна мерка поради едно или повеќе дела наведени во став 1 од овој член се одобрува ако траењето на казната или превентивната мерка, односно остатокот од нив што треба да се изврши изнесува најмалку 4 месеци. Исто така, екстрадицијата се одобрува ако е потребно да се извршат повеќе казни или
превентивни мерки чијшто збир изнесува најмалку 4 месеци.
(3) Ако екстрадицијата се одобрува во согласност со став 1 или 2 од овој член, тоа истовремено или дополнително се одобрува и поради други судски казниви дела според правото на двете договорни држави и поради извршување на казните лишување од слобода изречени за такви дела или превентивни мерки кај кои не се стекнуваат временските услови утврдени во наведените ставови.
Непредавање сопствени државјани Член 3.
Државјаните на замолената држава не се екстрадираат.
Одбивањето екстрадиција поради азил или меѓународно-правни обврски.
Член 4.
* Договорот е објавен во „Службен весник на СФРЈ“ – Меѓународни договори, бр. 6/83, а влегол во сила на 1 јануари 1984 година.
Екстрадиција не се одобрува:
1) ако лицето чиешто предавање се бара ужива азил на територијата на замолената држава;
2) ако екстрадицијата би било во спротивност со обврските на замолената држава кои што произлегуваат од мултилатерални договори.
Политички кривични дела Член 5.
(1) Екстрадицијата нема да се одобри ако се бара поради дело кое, според мислењето на замолената држава, претставува кривично дело од политички карактер.
(2) Не се смета за кривично дело од политички карактер дело против животот, вклучувајќи и обид и соучесништво, како и секое друго кривично дело кај кое, земајќи ги предвид сите околности на поединечниот случај, а особено начинот на извршување, применетите или заканувачките средства или тежината на настанатата или очекуваната последица, криминалниот карактер претежнува над политичкиот.
Воени кривични дела Член 6.
Екстрадицијата нема да се одобри ако се бара поради дело кое, според
мислењето на замолената држава, се состои исклучиво во повреда на воените должности.
Фискални кривични дела Член 7.
Екстрадицијата нема да се одобри за дело кои според мислењето на замолената држава претставува исклучиво повреда на прописите за даноци, монопол, царина или девизи, или повреда на прописите за контингентирање стока или надворешна трговија.
Начело ne bis in idem
Член 8.
(1) Екстрадицијата нема да се одобри ако кривичната постапка кон лицето за кое се бара екстрадиција во замолената држава е правосилно завршена за делото за кое се бара екстрадиција.
(2) Ослободувањето или запирањето само поради недостаток на судска надлежност не исклучува екстрадиција.
(3) Екстрадицијата исто така нема да се одобри ако лицето што треба да се
предаде е правосилно ослободено или прогласено за виновно во трета држава за делото за кое се бара екстрадиција или ако изречената казна или превентивна
мерка се извршени или простени, или неизвршениот дел од казната е простен, или извршувањето на казната или превентивната мерка е застарено според правото на третата држава.
Застареност Член 9.
Екстрадицијата нема да се одобри ако кривичното гонење или извршувањето на казната или превентивната мерка е застарено според правото на една од
договорните држави.
Смртна казна Член 10.
Ако според правото на државата молител за делото на кое се заснова молбата за екстрадиција е пропишана смртна казна, а таква казна не е пропишана според
правото на замолената држава, во државата молител наместо смртна казна може да се изрече или да се изврши само казна лишување од слобода.
Судска надлежност на замолената држава Член 11.
(1) Нема да се одобри екстрадиција поради дело кое подлежи под судска надлежност на замолената држава.
(2) По исклучок од став 1 од овој член, екстрадиција може да се одобри ако се одобрува поради некое друго дело и кога е неопходно кривично-правно оценување на сите дела во државата молител во интерес на откривање на вистината, поради одмерување на казната или од други причини важни за кривичната постапка и
поради извршување на казната или за ресоцијализација на лицето што треба да се предаде.
Посебни случаи Член 12.
(1) Екстрадицијата нема да се одобри за дело за кое според правото на двете договорни држави е пропишана казна лишување од слобода или превентивна мерка што не надминува пет години и ако предавањето очигледно несразмерно
тешко би го погодило лицето што треба да се предаде поради неговата возраст,
долг престој во замолената држава или од други сериозни причини кои лежат во неговите лични околности.
(2) Ако екстрадицијата не се одобрува од причини наведени во став 1 од овој член, замолената држава ќе испита дали против лицето кое треба да се екстрадира
може да се покрене кривична постапка поради делото на кое се заснова молбата
за екстрадиција. Државата молител треба да биде известена за резултатите од тоа испитување и покренатата кривична постапка.
Амнестија Член 13.
Амнестијата дадена во замолената држава ја исклучува екстрадицијата само ако делото подлежи под судската надлежност на таа држава.
Вонредни судови Член 14.
Лицето чиешто предавање се бара не смее да биде изведено пред вонреден суд во државата молител. Не се одобрува екстрадиција поради извршување казна или превентивна мерка што ја изрекол таков суд.
Претпоставки за гонење Член 15.
Ако не постои изјава на оштетеното лице која според правото на замолената држава е потребна за покренување кривична постапка не ја спречува екстрадицијата.
Осудување во отсуство Член 16.
За извршување на казната или превентивната мерка што е правосилно досудена врз основа на судска постапка спроведена во отсуство на лицето кое треба да се предаде, екстрадицијата ќе се одобри само ако државата молител гарантира дека по екстрадицијата ќе се спроведе кривична постапка според нејзините правни
прописи во присуство на предаденото лице.
Начело на специјалност Член 17.
(1) Предаденото лице не смее да биде гонето, осудено или да подлежи на некое друго ограничување на личната слобода, ниту да биде предадено на трета држава
за дело xxxxxxx пред екстрадицијата на кое се однесува одобрението за предавање, или за дело по друга основа настанало пред екстрадицијата.
(2) Ограничувањето од став 1 од овој член престанува:
а) ако државата што го предала лицето се согласи со кривичното гонење или судската казна или превентивната мерка. Со молбата за согласност се
приложуваат документите предвидени во член 19 од овој договор и записникот составен пред судот од кој може да се види ставот на предаденото лице во врска со планираното проширувањето на кривичното гонење или извршување на
казната. Согласност се дава кога делото на кое се заснова молбата, според овој договор, со себе повлекува обврска за одобрение на екстрадицијата;
2) ако предаденото лице по неговото конечно пуштање на слобода престојува
подолго од 45 дена во државата молител, иако можело и смеело да ја напушти или ако по напуштањето на таа држава доброволно се вратило таму.
(3) Ако во текот на постапката во државата молител се промени правната
квалификација на делото што постоела во постапката на екстрадиција, тогаш
предаденото лице може да се гони или да му се суди само ако екстрадицијата е дозволено и според новата правна квалификација на фактичката состојба.
(4) Во рокот наведен во став 2 од точката б) од овој член, на предаденото лице ќе му се дозволи излез од земјата, освен ако не сторил ново дело по екстрадицијата.
Во тој случај, рокот наведен во став 2 од точката б) од овој член почнува да тече кога предаденото лице и во кривичната постапка која е покрената поради делото конечно е пуштено на слобода.
Предавање на предметот Член 18.
(1) Ако се одобри предавање на лицето, без посебна молба се одобрува и предавањето на предмети:
а) што можат да послужат како доказно средство;
б) што лицето кое треба да се предаде ги стекнало со кривично дело или со впаричување на предмети кои потекнуваат од кривично дело.
(2) Ако издавањето кое според овој договор би било дозволено не може да се одобри поради тоа што лицето кое треба да се предаде побегнало или починало или не можело да се најде на суверената територија на замолената држава, сепак ќе се одобри предавање на тие предмети.
(3) Во секој случај, правата на замолената држава или на трети лица на
предметите остануваат неповредени. Со оглед на тие права, по завршувањето на постапката во државата молител, предметите се враќаат колку што е можно
побрзо и бесплатно на замолената држава. Ако таквите права би биле повредени со предавањето, предавањето нема да се дозволи.
(4) За предавањето предмети во согласност со овој член не се применуваат прописите за увоз и извоз на предмети или девизи.
Документација Член 19.
(1) Со молбата за предавање се приложува примерок или заверен препис (копија) од налогот за притвор, извршната осудителна пресуда, одлуката за изрекување
превентивна мерка или некој друг документ со исто дејство. Овие документи мора да бидат потпишани од надлежен судија и мора да имаат службен печат.
(2) Ако тоа не се содржи во документите од став 1 од овој член, се приложува и: а) описот на делото, со наведување на времето и местото на извршување;
б) правната квалификација на делото и препис на законските одредби што треба да се применат или коишто се применети;
в) во случај на молба за екстрадиција поради извршување казна или превентивна мерка – документи од кои произлегува извршноста на одлуката;
г) колку што е можно поточни податоци за лицето чиешто предавање се бара, за неговото државјанство, престојувалиште или живеалиште.
Дополнување на документацијата Член 20.
Ако замолената држава смета дека податоците и документацијата што ѝ се доставени не се доволни, бара потребно дополнување. Таа може да одреди соодветен рок за доставување на ова дополнување кој, по образложена молба,
може да се продолжи. Во недостаток на дополнување, по молбата за извршување се одлучува врз основа на постојните податоци и документација.
Начин на комуницирање Член 21.
(1) Молбите согласно овој договор се доставуваат во писмена форма.
(2) Преписката во предмети на екстрадиција и транзит, ако со овој договор не е поинаку утврдено, се одвива меѓу Сојузниот секретаријат за правосудство и организација на сојузната управа на Социјалистичка Федеративна Република
Југославија и Сојузното министерство за правосудство на Република Австрија. Со тоа не се исклучува дипломатскиот пат на комуницирање.
Јазик и легализација Член 22.
Молбите кои се доставуваат во согласност со овој договор и документацијата што треба да се приложи се изготвуваат на јазикот на државата молител. Легализација не е потребна. Не се приложуваат преводи.
Пронаоѓање и притвор во постапка на екстрадиција Член 23.
Ако државата молител достави барање за екстрадиција во согласност со одредбите на овој договор и докаже дека лицето чиешто предавање се бара се
наоѓа на суверената територија на замолената држава, тогаш, замолената држава неодложно ги презема мерките потребни за негово пронаоѓање. Ако е потребно, ќе го притвори тоа лице во согласност со своето право или ќе донесе други мерки за спречување на негово бегство.
Привремен притвор во постапка на екстрадиција Член 24.
(1) Во итни случаи, државата молител може да бара привремено притворање на бараното лице. Таква молба можат да упатат правосудните органи и највисоките органи за внатрешни работи на една договорна држава до соодветните
правосудни органи или органи за внатрешни работи на другата договорна држава. Замолената држава одлучува според своето право за изрекување притвор или за одредување други мерки за спречување на бегство на бараното лице.
(2) Во барањето за привремен притвор се наведува дека се располага со една од исправите наведени во член 19 став 1) од овој договор и дека постои намера за
поднесување молба за екстрадиција. Барањето треба да содржи и краток опис на делото, со наведување на местото на извршување, можни казни или казни што
треба да се извршат или превентивни мерки, како и колку што е можно поточни податоци за лицето кое треба да се предаде, за неговото државјанство и за неговото престојувалиште или живеалиште.
(3) Барањето од став 1 од овој член може да се поднесе и по пошта, телекс или
преку Меѓународната организација на криминалистичката полиција – ИНТЕРПОЛ. Државата молител ќе биде веднаш известена во која мерка е удоволено нејзиното барање.
(4) Привремениот притвор може да се укине ако молбата за екстрадиција и
документацијата наведена во член 19 од овој договор не е доставена во рок од 30 дена. Привремениот притвор во никој случај не смее да трае подолго од 45 дена од денот на притворање. Привремениот притвор може секогаш да се укине ако замолената држава презема други мерки што смета дека се нужни за спречување на бегство на тоа лице.
(5) Укинувањето на привремениот притвор не спречува повторно притворање ниту екстрадиција ако молбата за предавање стигне подоцна.
Иницијатива за екстрадиција Член 25.
(1) Ако надлежните органи на една договорна држава дознаат дека на суверената територија на таа договорна држава се наоѓа лице за кое другата договорна
држава може да бара да биде предадено, тие можат да го притворат тоа лице. Другата договорна држава треба веднаш да биде известена за тоа,на начинот утврден во член 24 став 3 од овој договор, со наведување на времето и местото на притворање.
(2) Известената договорна држава според став 1 од овој член, најдоцна 15 дена од денот на прием на известувањето за притвор, соопштува дали ќе поднесе молба за предавање. Молбата за екстрадиција мора да се достави во рок од 30 дена од денот на соопштувањето дека ќе се бара предавање.
(3) Притворот се укинува ако во рокот од став 2 од овој член не се најави молба за екстрадиција или се соопшти дека нема да се бара предавање.
(4) Укинувањето на привремениот притвор не спречува повторно притворање и предавање ако молбата за екстрадиција стигне подоцна.
Одлука по молба за предавање Член 26.
(1) Замолената држава одлучува за екстрадицијата во најкраток можен рок и ја известува државата молител за својата одлука.
(2) Целосното или делумното одбивање на предавање треба да се образложат.
Постоење повеќе молби за екстрадиција Член 27.
(1) Ако предавање бараат договорна држава и трета држава, замолената држава одлучува за предноста земајќи ги предвид сите околности, особено местото на
извршување на кривичното дело, редоследот на пристигнување на молбите, државјанството на лицето кое треба да се предаде, можноста за негово
натамошно предавање и, ако молбата се однесува на разни дела, тежината на тие дела.
(2) Ако молбите се засноваат врз разни дела и ако се даде предност на молбата на третата држава, замолената држава ѝ соопштува на другата договорна држава, заедно со Одлуката по молбата за предавање, во која мера таа се согласува со
евентуалното натамошно предавање од третата држава на другата договорна држава.
Предавање на лицето што треба да се екстрадира Член 28.
(1) Во случај предавањето да се одобри, замолената држава соопштува кога е подготвена за екстрадиција. Договорните држави се договараат за времето и местото на предавање и за време на предавањето соопштуваат во кое време лицето што се предава се наоѓало во притвор поради екстрадиција.
(2) Лицето што треба да се предаде може да се пушти на слобода ако не се преземе во рок од 15 дена од денот кога замолената држава е подготвена за
екстрадиција. По истекот на 30 дена од тој ден, лицето во секој случај се пушта од притвор и молбата за предавање се смета за беспредметна.
(3) Ако предавањето на лицето што треба да се екстрадира е спречено поради неговата здравствена состојба или други вонредни причини, договорните држави меѓусебно се известуваат за тоа и откако пречката ќе прекине, се договараат за утврдување нов термин за предавање, од кога ќе се сметаат роковите од став 2 од овој член.
Одложување и условно предавање Член 29.
(1) Замолената држава може по одобрувањето на екстрадицијата да го одложи предавањето на лицето што треба да се екстрадира за да спроведе кривична постапка против тоа лице поради некое друго кривично дело или за да изврши
казна лишување од слобода или превентивна мерка изречена од нејзините судови.
(2) Ако предавањето се одложи, замолената држава, на барање на државата молител, може привремено да го предаде лицето што треба да се екстрадира,
поради спроведување итни процесни дејства. Процесните дејства треба да бидат подетално опишани во молба.
(3) Државата молител ќе го држи во притвор лицето кое што е привремено предадено и ќе го врати веднаш по спроведувањето на процесните дејства.
Притворот спроведен на суверената територија на државата молител се
пресметува во казната што ќе се изрече или е изречена во замолената држава.
Лица за придружба Член 30.
(1) Лицата за придружба што треба да го доведат лицето што се екстрадира на суверената територија на другата договорна држава или да одведат од таа
територија имаат право на суверената територија на другата договорна држава да
ги преземаат потребните мерки до предавањето или по преземањето на лицето што се екстрадира за да се спречи неговото бегство.
(2) На лицата за придружба им е дозволено да носат службена облека, потребно службено оружје и предмети од опрема кога извршуваат службени должности на суверената територија на другата договорна држава. Оружјето може да се употреби само во случај на нужна одбрана.
Предавање на предмети Член 31.
(1) Предметите чиешто предавање е одобрено според член 18 од овој договор се предаваат, доколку е можно, истовремено со лицето што се екстрадира.
(2) Предавањето на предметите поради врачување на оштетениот може да се
изврши со согласност на другата договорна држава уште пред одобрувањето на предавањето на лицето ако лицето што се екстрадира се согласува со непосредното враќање на предметите на оштетениот.
Примена на процесно право и известувања Член 32.
(1) Ако со овој договор не е поинаку утврдено, за постапката на екстрадиција и
притвор на суверената територија на замолената држава се применува нејзиното право.
(2) Ако лицето се екстрадира поради кривично гонење, тогаш државата молител за известува замолената држава за резултатот од кривичната постапка. Ако за тоа
постои правосилна одлука, се доставува примерок или заверен препис (копија) на таа одлука.
Транзит Член 33.
(1) Транзитот на лице што треба да се екстрадира од трета држава на една од
договорните држави преку територијата на другата договорна држава се одобрува транзит под истите услови како и екстрадицијата.
(2) Ако со овој договор не е поинаку утврдено, неговите одредби важат и за транзитот.
(3) Замолената држава може да одбие транзит ако молбата се однесува на лице против кое во таа држава се води кривична постапка или постои извршна
осудителна пресуда, или ако транзитот би можел да повреди значајни интереси на таа држава.
(4) Додека трае транзитот, замолената држава треба да го држи во притвор лицето што се транзитира. Таа држава не смее да го гони ниту да му изрече казна или
превентивна мерка на тоа лице без согласност на државата која што треба да ја изврши екстрадицијата.
(5) Не се одобрува транзит на сопствени државјани.
Транзит по воздушен пат Член 34.
(1) Ако при екстрадицијата едно лице треба да се префрли од трета држава во договорна држава по воздушен пат, без меѓуслетувања преку суверената
територија на другата договорна држава, не е потребно изречно одобрение на договорната држава преку која се прелетува. Државата молител ќе ја извести таа држава дека постои еден од документите во член 19 став 1) од овој договор, дека лицето што се превезува не е државјанин на договорната држава преку која се
прелетува, дека лицето не се гони поради дела од воен или политички карактер, дека кон лицето нема да се изврши ниту една казна или превентивна мерка досудени за такво дело и дека не станува збор за случај од член 10 од овој
договор.
(2) Во случај на непредвидено меѓуслетување на суверена територија на државата преку која се прелетува, известувањето од став 1 на овој член го има истото дејство како молбата за притвор предвидена во член 24 од овој договор.
Транзитирање поради извршување Член 35.
Одредбите за транзит (член 33 и 34 од овој договор) се применуваат аналогно и на предавањето лице кое се транзитира преку суверена територија на една
договорна држава на суверена територија на другата договорна држава поради
извршување на казна или превентивна мерка изречена од суд на трета држава за некое кривично дело. Истото важи ако некое е лице осудено во една договорна држава и се спроведува поради извршување на казна, преку суверена територија на другата договорна држава на суверена територија на трета држава.
Трошоци Член 36.
Трошоците настанати во врска со екстрадицијата, условното предавање на лице во смисла на член 29 став 2 од овој договор или предавањето предмети на нејзина територија ги сноси замолената држава. Државата молител ги сноси трошоците за авионскиот превоз настанати поради предавање кое на нејзино барање е
извршено по воздушен пат и трошоците што настанале поради транзитот.
Дефиниции
Член 37.
(1) Во смисла на овој договор, под „јазикот на државата молител“ се подразбира:
а) за целата територија на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – српско-хрватско, книжевен хрватски, словенечки или македонски јазик;
2) за територијата на Република Австрија – германски јазик.
(2) Во смисла на овој договор, поимот „превентивна мерка“ означува:
а) Во Социјалистичка Федеративна Република Југославија - мерки за безбедност, воспитни мерки и мерки на заштитен надзор во врска со условна пресуда, што се предвидени во кривичното законодавство на Социјалистичка Федеративна
Република Југославија;
б) Во Република Австрија - секоја мерка што ја ограничува слободата, а која што е изречена со пресуда на кривичниот суд покрај или наместо некоја казна.
(3) Во смисла на овој договор, под „правосудни органи“ се подразбираат:
а) во Социјалистичка Федеративна Република Југославија – редовни судови, јавни обвинителства и Сојузниот секретаријат за правосудство и организација на сојузната управа;
б) Во Република Австрија – судови, државни обвинителства и Сојузното министерство за правосудство.
(4) Во смисла на овој договор, под „највисоки органи за внатрешни работи“ се подразбираат:
а) во Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Сојузниот секретаријат за внатрешни работи;
б) Во Република Австрија – Сојузното министерство за внатрешни работи.
(5) Ако времетраењето на извршувањето на превентивната мерка е неодредено, за оценување дали тоа времетраење изнесува најмалку четири месеци (член 4 став 2 точка 2 од овој договор), меродавен е моментот во кој мерката најдоцна
мора да се укине според правото на државата молител.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 38.
Овој договор треба да се ратификува. Инструментите за ратификација ќе се разменат во Виена.
Член 39.
(1) Овој договор влегува на сила на првиот ден од третиот месец по размената на инструментите за ратификација.
(2) Договорот се склучува на неопределено време. Секоја договорна држава може договорот писмено да го откаже по дипломатски пат, со отказен рок од 6 месеци.
Составено во Белград на 1 февруари 1982 година во два оригинални примероци на српско-хрватски и германски јазик, при што и двата текста имаат иста важност.