ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ НА МАРАТОН BUS ADVERTISING
ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА РАБОТЕЊЕ НА МАРАТОН BUS ADVERTISING
Регулирање на меѓусебните односи помеѓу договорните страни
МАРАТОН е компанија која врз основа на добиена концесија од ЈСП Скопје- Скопје, го организира рекламирањето на автобусите и тоа: закуп на рекламен простор за одреден период; спроведува подготовка на рекламниот простор за брендирање; подготвува идејно решение односно учествува во подготвување на идејно решение за рекламирање на автобус; организира печатење, поставување и ламинирање на рекламите; спроведува мониторинг, безбедност и одржување на рекламите од сопствен мониторинг тим; подготвува неделни и месечни извештаи за текот на кампањата; врши отстранување на графити и замена на евентуално оштетени делови од рекламните фолии за времетраење на рекламната кампања и враќање во првобитна состојба на рекламниот објект по завршување на кампањата (во понатамошниот текст: XXXXXXX XXXXX).
Меѓусебните права и обврски на XXXXXXX XXXXX како организатор на спроведување услуги за рекламирање на автобуси во јавниот превоз во Скопје и клиентите како нарачатели на услуга, се регулираат со посебен договор и анекси кон договорот.
Во случај да е извршена услугата на МАРАТОН и е организирано рекламирање на автобус/и за агенција/клиент, а не е потпишан договор од двете страни, писмената потврда за резервација од клиент/ агенција (по е- маил) и известувањето (по е-маил) за извршена услуга од МАРАТОН се смета за договор помеѓу договорните страни.
За сé што не е предвидено во секој поединечен договор, ќе важат општите услови за работење на XXXXXXX XXXXX. Во случај на колизија помеѓу посебните договори/анекси помеѓу страните и општите услови, полноважен е посебниот договор/анекс.
За сé што пак не е предвидено во секој поединечен договор, односно Општите услови за работење на XXXXXXX XXXXX, се применува Законот за облигациони односи.
Општи правила за рекламирање на автобуси
Рекламен простор за брендирање на автобус може да биде надворешен и внатрешен дел на/од автобусите на градскиот превоз. Подетално за типот и
димензиите на просторот на кој може да се врши рекламирање на автобуси се опишува во ценовниците за услугите на МАРАТОН ГРОУП.
Покрај предвидените услуги во ценовниците, по барање на клиент, може да се предвиди и друга услуга, која во конкретниот случај се договара помеѓу договорните страни.
Во случај на промена на условите за рекламирање согласно законски прописи или други политики кои имаат непосредно влијание на брендирање на автобуси, договорните страни се должни да ги почитуваат новонастанатите состојби.
Барање и понуда за реализација на услуга за рекалмирање на автобуси
Нарачателот доставува барање за рекламирање на рекламни површини на автобус во писмена форма (е-маил, факсимил и сл.).
Секое барање треба да содржи:
- податоци за нарачателот;
- период за кој се врши брендирање на автобуси;
- тип на рекламни површини на кои би се рекламирал клиентот (доколку му се познати);
- број на автобуси на кои би се рекламирал клиентот;
- тип на услуга која се бара да се спроведе особено дали е вклучено барање за изработка на идејно решение за автобус;
- датум/период за започнување со реализација на рекламната кампања.
МАРАТОН доставува до нарачателот понуда во писмен облик која содржи:
- Податоци за рекламните површини на кои може да се рекламира;
- период за кој се врши брендирање на автобуси;
- цени во согласност со ценовникот за услугите,
- информации за тоа кои услуги се вклучени во цената;
- CV за реализираните услуги и список за клиенти;
- рок за важност на понудата.
Резервација и потврда на резервација
Доколку нарачателот потврди дека ја прифаќа понудата, тој ја резервира во писмен облик (е-маил, факс и сл.) со спецификација на точен број на автобуси кои ќе бидат искористени, тип на рекламна површина, период на искористување на рекламниот простор, почеток на рекламирањето, информирање за идејното решение доколку тоа се подготвува од страна на
нарачателот, односно обезбедување информации и услови за подготвување на идејното решение, доколку истото го подготвува XXXXXXX.
По извршената резервација на рекламните површини, откажување на резервацијата во рок од 15 дена пред почетокот на кампањата се наплаќа со надомест на штета во износ од 50% од вкупната вредност на договорот без одобрените попусти, а откажувањето во период од 15-30 дена пред почеток на кампањата со надомест на штета во износ од 30% од вкупната вредност на договорот без одобрените попусти. Доколку клиентот задоцни со почетокот на кампањата во рок не повеќе од 15 дена после денот на потврдениот старт на кампањата, доколку е можно организаторот ќе изврши промена на резервацијата и ќе наплати трошоци во износ од 10 % од договорениот месечен закуп без одобрените попусти. Во ситуација кога не е можно пролонгирање на периодот на закуп, односно кога Маратон Гроуп го има резервирано просторот (објектот) за друг клиент, целиот закуп треба да се плати во целост без разлика кога и дали ќе се постави рекламниот материјал.
Поместување или откажување на рекламна кампања се врши исклучиво во пишана форма.
Клиентот не може да каже дека не бил запознат со последиците во случај на откажување и поместување на резервираниот период за реализација на рекламната кампања.
МАРАТОН нема да поставува реклами на рекламни површини на кои се опишани негативни и/или провокативни и/или навредливи пораки кон други клиенти, лица или институции. XXXXXXX го задржува правото да оцени дали пораката која е предмет за рекламирање ги има горенаведените карактеристики. Доколку од горенаведените причини резервацијата за кампањата е откажана, нарачателот е должен да плати 100% од износот за услугата.
Нарачателот е должен да води сметка за тоа дали предметот на рекламирање е во спротивност со позитивните законски прописи и истиот ги сноси сите штетни последици од незаконско рекламирање и е должен да ги покрие сите евентуални трошоци и штети кои би настанале од истото.
Цена на закуп, продукција,попусти, начин на плаќање
Цената на закуп на една рекламна површина во ценовникот е дадена во евра и се однесува за период од 1 (месец), 3 (три), 6(шест) и 12 (дванаесет) месеци, а по барање на клиент се доставува и за друг период.
Во Ценовникот на МАРАТОН се даваат поеднинечните цени за закуп и продукција за надворешно и внатрешно рекламирање за определен период и други услуги кои се опфатени во цената.
XXXXXXX одобрува попусти и тоа:
- количински попусти (во зависност од бројот на автобуси)
- агенциски попуст кога маркетинг агенција ќе обезбеди клиент или со договор или на друг начин истото е договорено.
Cите цени во ценовникот се дадени во EВРА во нето износ, без вклучен ДДВ од 18%.
Плаќањето е во денарска противвредност по продажен курс на НБРМ на денот на изготвувањето на фактурата.
Плаќањето за секоја договорена работа се врши по издадена фактура на начин како што е договорено во секој поединечен договор.
Условите и начинот на плаќање се уредуваат со посебен документ кој е составен дел на Ценовникот и истиот му се испраќа на клиентот заедно со понудата.
Подготвување идејно (креативно) решение, печатење, пoставување и одржување
Доколку подготовката на кративното решение се врши преку МАРАТОН, клиентот треба да достави кои производи односно услуги, слоган, збор, бројки, букви или слично треба да бидат опфатени во идејното решение. Исто така клиентот треба да достави точни ознаки за боите на производите односно услугите кои се презентирани на нив.
Клиентот е потребно да ги стави достапни производите односно услугите достапни за фотографирање, односно за обработка, како и за нивна адаптација за аплицирање на идејното решение на автобусите.
Подготвеното идејно решение, XXXXXXX го доставува на потврдување на клиентот. Клиентот не може да го повлече потврденото решение најдоцна
3 (три) дена пред печатење. Доколку тоа сепак се случи, XXXXXXX не е одговорен за доцнење на рекламната кампања на клиентот.
Доколку подготовката на креативното решение ја прави клиентот, XXXXXXX му доставува леари (скица) со точни димензии, врз основа на кои клиентот го подготвува кративното решение за рекалмирање на автобусот. Кративното решение треба да биде доставено до МАРАТОН во електронска форма, во четири формати и тоа: EPS; AI; CDR; TIFF и во размер 1: 10.
Доколку идејното решение не е подготвено според предвидените стандарди, XXXXXXX не е одговорен за изгледот на идејното решение аплицирано на автобус, како и за задоцнување во започнување со рекламирање, доколку тоа е вратено на доработка од страна на клиентот.
XXXXXXX, со дозвола на клиентот може да го преадаптира идејното решение за подобро аплицирање на автобус. По преадаптацијата, XXXXXXX му го доставува решението на клиентот на одобрување.
Нарачателот е должен подготовката за принт да ја достави најдоцна 7 (седум) дена пред почетокот на кампањата. XXXXXXX не е одговорен за задоцнувања во доставата или за доставен оштетен или неупотреблив материјал.
XXXXXXX е должен да го одржува рекламниот простор во естетски добра состојба, а истото го врши преку своjот мониторинг тим кој се грижи за состојбата на брендираниот автобус.
Скопје.01.09.2016