Contract
IV.1 Процедура за склучување договор за меѓународна соработка
Чекор 1:
За да се склучи Договор за меѓународна соработка (или Меморандум на соработка) потребно е една од страните (Факултетот или високо-образовна институција од странство) да достави писмо на интерес за воспоставување билатерална соработка меѓу двете страни.
Чекор 2:
Склучувањето договор за соработка се става како предлог за усвојување на ННС. Доколку предлогот се усвои се изготвува одлука за воспоставување билатерална соработка со институцијата која покажала интерес за тоа.
Чекор 3:
Писмото на интерес, одлуката од ННС и барање од Деканот за одобрение/полномошно за склучување Договор за соработка се доставуваат до Ректорот/Ректоратот.
Чекор 4:
Ректорот издава одобрение или го ополномоштува Деканот да го потпише Договорот за соработка со заинтересираната страна.
Чекор 5:
Преку кореспонденцијата со другата страна, за која е одговорен ЦК, Факултетот ги дефинира деталите на Договорот.
Чекор 6:
Договорот се потпишува на англиски јазик ( и доколку сака некоја од страните и на нејзиниот мајчиниот јазик) во 4 примероци од кои по два за секоја од страните.
Чекор 7:
По завршување на процедурата, Факултетот преку ЦК доставува примерок (копија) од Договорот до Ректоратот, а оригиналот го задржува за своја евиденција.
Доколку УКИМ има потпишано договор за меѓународна соработка на универзитетско ниво, во тој случај Факултетот ги реализира само Чекорите 1, 2, 5 и 6.