Contract
за месец 202_ година
СКЛУЧЕН ПОМЕЃУ:
АД „МЕПСО“
и
Давател на балансни услуги
Склучен помеѓу:
1. Операторот на електропреносниот систем на Република Северна Македонија, Акционерско друштво за пренос на електрична енергија и управување со електроененергетскиот систем во државна сопственост, Скопје, ул. Максим Горки бр.4, Скопје, застапувано од Генералниот директор на АД МЕПСО , во натамошниот текст АД МЕПСО од една страна и
2. , застапувано од Управител
, во натамошниот текст Давател на услуги за балансирање (BSP), од друга страна.
Предмет на Договорот Член 1
Предмет на овој договор е набавка на mFRR балансен капацитет и mFRR балансна енергија за потребите на АД МЕПСО во периодот од 00:00 часот на година до 24:00 часот на година.
mFRR балансен капацитет за месец 202_ година | |||||
BSP | Регулација нагоре (+) дневно (МW) | Регулација надолу (-) дневно (МW) | Цена €/MW | Период на испорака | Вкупен износ € |
Член 2
(1) BSP се обврзува да го стави на располагање на АД МЕПСО закупениот mFRR балансен капацитет.
Најдоцна до 14 часот во денот D-1, BSP до АД МЕПСО доставува распоред за диспечирање на mFRR балансни единици кои ќе бидат вклучени во процесот на балансирање на елекроенергетскиот систем за денот D и истиот се смета за конечен. BSP е должен да го доставува Распоредот за диспечирање на mFRR балансни единици до АД МЕПСО во следниот формат:
Балансна единица | Име на балансна единица | Опсег | Ден | Датум | Вкупно | Н1 | Н2 | Н3 | Н4 | Н5 | Н6 | Н7 | Н8 | Н9 | Н10 | Н11 | Н12 | Н13 | Н14 | Н15 | Н16 | Н17 | Н18 | Н19 | Н20 | Н21 | Н22 | Н23 | Н24 | |
MIN | Распоред за диспечирање | Регулација нагоре | (+) | |||||||||||||||||||||||||||
Цена за mFRR енергија | €/MWh | |||||||||||||||||||||||||||||
Регулација надолу | (-) | |||||||||||||||||||||||||||||
MAX | Цена за mFRR енергија | €/MWh | ||||||||||||||||||||||||||||
Базна моќност |
Активирање на mFRR балансна енергија Член 3
(1) АД МЕПСО активира mFRR балансна енергија само од Листата на приоритетно подредување (мерит ордер листа):
• почнувајќи од понудите со најниска цена за балансна енергија за регулација нагоре се додека не се обезбеди потребната количина на балансна енергија,
• почнувајќи од највисоката цена за балансна енергија за регулација надолу, се додека не се обезбеди потребната количина на балансна енергија.
(2) mFRR балансна енергија се активира мануаелно од страна на АД МЕПСО со доставување на барање до BSP во кое се содржани следните податоци:
1) име на балансна единица
2) време на активација
3) количина на МW
4) време на деактивација
како и останати податоци за нивно активирање кои АД МЕПСО и BSP може да ги разменат.
(3) Во случај на технички потешкотии како резултат на неможност да се реализира активирање на балансна енергија, BSP испраќа известување и нов распоред за диспечирање на балансните единици со расположливи балансни единици кои се во можност да обезбедат mFRR балансна енергија до АД МЕПСО, еден час пред часот на активирање на балансната единица.
Финансиско порамнување за набавениот mFRR балансен капацитет Член 4
(1) АД МЕПСО врши финансиско порамнување за набавениот (резервираниот) mFRR балансен капацитет врз основа на податоците за реално обезбедениот mFRR балансен капацитет од страна на BSP и цените од аукциите за mFRR балансен капацитет.
(2) Балансните единици на BSP се смета дека го овозможиле набавениот mFRR балансен капацитет доколку балансната единица го даде на располагање балансниот капацитет според техничките детали за активирање опишани во Правилата за набавка на mFRR.
(3) Период на порамнување е еден календарски месец.
(4) АД МЕПСО испраќа извештај за финансиско порамнување за набавка на mFRR балансен капацитет во рок од 5 (пет) работни дена од првиот работен ден на месецот кој што следи по месецот на кој што се однесува пресметката.
(5) Врз основа на извештајот од став (4) од овој член, BSP испраќа фактура до АД МЕПСО во рок од 8 (осум) работни дена од доставување на извештајот.
(6) Датумот на доспевање е 8 (осум) работни дена од датумот на издавање на фактурата.
Финансиско порамнување на mFRR активираната балансна енергија Член 5
(1) Место на испорака на активираната mFRR балансна енергија е електропреносната мрежа на АД МЕПСО.
(2) АД МЕПСО врши пресметка на активирана mFRR балансна енергија во согласност со Правилата за балансирање на ЕЕС, Член 44 “Пресметка на количината на активирана mFRR балансна енергија”.
(3) АД МЕПСО врши финансиско порамнување за активираната mFRR балансна енергија врз основа на количината на активираната mFRR балансна енергија и цените од аукциите за mFRR балансна енергија.
(4) За финансиско порамнување на активираната mFRR балансна енергија се користат цените што ги дава BSPs и тоа онака како што се подредени во мерит ордер листата.
(5) Периодот на финансиското порамнување е еден календарски месец.
(6) АД МЕПСО испраќа извештај од пресметката за активирана mFRR балансна енергија до BSP со цел финансиско порамнување, во рок од 7 (седум) работни дена по завршување на односниот месец.
(7) BSP има право на приговор на извештајот и истиот треба да го испрати во рок од
2 (два) работни дена од неговото испраќање. АД МЕПСО го разгледува приговорот, го подготвува и испраќа конечниот извештај за порамнување во рок од 1 (еден) работен ден откако ќе го добие приговорот и тој станува конечeн за финансикото порамнување.
(8) Доколку BSP не е задоволен од конечниот извештај може да покрене постапка пред РКЕ но тоа не ја одложува обврската за плаќање на фактурата.
(9) Врз основа на извештајот од став (6) или став (7) од овој член, АД МЕПСО ја испраќа фактурата за активирана балансна енергија за регулација надолу до BSP во рок од 12 (дванаесет) работни дена по завршување на односниот месец.
(10) Врз основа на извештајот од став (6) или став (7) од овој член BSP ја испраќа фактурата за активирана балансна енергија за регулација нагоре до АД МЕПСО во рок од 12 (дванаесет) работни дена по завршување на односниот месец.
(11) Датумот на доспевање на фактурите е 8 (осум) работни дена од датумот на издавање на фактурите.
Последици од неисполнување на обврските Член 6
(1) Ако BSP не успее целосно да го обезбеди закупениот mFRR балансен капацитет, необезбедениот капацитет (разликата помеѓу закупениот и обезбедениот капацитет) нема да му биде платен.
(2) Необезбедениот капацитет во временскиот интервал е основа за пресметување на трошокот за необезбедената mFRR балансната енергија кој се пресметува согласно Член 47 став (2) од Правилата за балансирање на електроенергетскиот систем.
(3) АД МЕПСО изготвува извештај за необезбедениот mFRR балансен капацитет и во рок од 5 (пет) работни дена од првиот работен ден на месецот М+1 за месецот М го доставува до BSP.
(4) Врз основа на извештајот од став (3) од овој член, АД МЕПСО испраќа фактура за необезбедениот mFRR балансен капацитет до BSP во рок од 12 (дванаесет) работни дена по завршување на односниот месец.
(5) Датумот на доспевање на фактурата е 8 (осум) работни дена од датумот на издавање на фактурата.
Гаранција за квалитетно извршување на договорот Член 7
(1) Секој давател на балансни услуги кој е внесен во Регистарот на Даватели на балансни услуги, доколку учествувал на месечната аукциja која се организира за секој месец одделно, најмалку 15 (петнаесет) дена пред првиот ден на испорака на месечниот продукт и чија понуда за mFFR балансен капацитет е избрана за најповолна е должен да достави финансиска гаранција за квалитетно извршување на договорот за обезбедување на балансен капацитет и енергија во рок од 5 (пет) дена пред почетокот на испорака во висина од 10% од вредноста на договорот со важност до 20 (дваесет) работни дена по завршување на односниот месец во кој има договор за обезбедување на mFRR балансен капацитет.
(2) Финансиската гаранција може да биде во форма на банкарска гаранција, издадена од реномирана банка избрана од понудувачот и прифатлива за АД МЕПСО, или депонирани средства.
(3) Финансиската гаранција од став (1) од овој член се однесува исто така и на редовните исплати од овој Договор кои BSP ги има кон АД МЕПСО.
(4) Банкарската гаранција мора да биде издаденa во форма во која банката - гарант безусловно и неотповикливо се обврзува да го плати секој износ до гарантираниот и тоа на прво писмено барање доставено од АД МЕПСО.
(5) Во случај кога BSP нема да ги подмири своите финансиски обврски од член 46 став
(7) од Правилата за балансирање на ЕЕС кон АД МЕПСО како и евентуални финансиски обврски кои произлегуваат од член 47 од Правилата за балансирање на ЕЕС, АД МЕПСО му доставува писмена опомена, и доколку во рок од 8 (осум) дена од доставувањето на писмената опомена BSP не ја подмири финансиската обврска, АД МЕПСО отпочнува постапка за активирање на финансиската гаранција.
(6) Рокот на важноста на банкарската гаранција и/или депонираните средства ќе го покрие предметниот месец плус 15 (петнаесет) дена од денот на валутата на фактурата за тој месец.
Раскинување на договор Член 8
(1) Кога една од договорните страни нема да ги исполни своите обврски, другата договорна страна може да бара исполнување на обврската или да го раскине договорот без отказен рок.
(2) Договорната страна која поради неисполнување на договорните обврски бара продолжување на исполнување на обврската или раскинување на договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање по писмен пат.
(3) Во случај на раскинување на договорот по вина на BSP, АД МЕПСО ја наплаќа банкарска гаранција.
Доверливост Член 9
(1) АД МЕПСО има обврска да објавува податоци кои се дел од овој Договор согласно “Правила за формата, содржината и динамиката на доставување и објавување на податоци”.
(2) За останатите податоци кои не се предмет на објавување согласно “Правила за формата, содржината и динамиката на доставување и објавување на податоци”, договорните страни се согласни да не откриваат детали од овој договор на трета страна, било да се во пишана, усна или електронска форма.
(3) Ограничувањето од став (2) од овој член нема да важи само при аплицирање во Банки од страна на договорните страни и Државните тела кои би вршеле инспекција.
АД МЕПСО | BSP |
ПРИЛОГ 1: Преглед на прифатени понуди
Преглед на прифатени понуди | |||||
BSP | Продукт | Понудени колични MW | Доделени количини MW | Цена EUR/MW | Период на испорака |