Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Дополнителни услови за осигурување на членови на домаќинството од последици на несреќен случај (незгода)
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
Член 1
Општи одредби
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие дополнителни услови за осигурување на членови на домаќинство од последици на несреќен случај (во понатамошен текст: дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на членови на домаќинство од последици на несреќен случај, што договорувачот на осигурувањето ќе го склучи со друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје (во понатамошен текст: осигурувач).
(2) Членови на домаќинство се сметаат: брачните другари, децата, родителите и останатите членови на заедничкото домаќинство кои во полисата или во приложен список кон неа се наведени поименично.
Под домаќинство се подразбира секоја фамилија или друга заедница на лица, чии членови заедно живеат и заеднички ги трошат своите приходи. Член ови на домаќинството кои привремено живеат - стануваат во друго место (на школување, воени лица или на привремена работа итн.) може да се осигуруваат како членови на домаќинство.
(3) Договорувач на осигурувањето може да биде секој член на домаќинството, или претпријатие или друга организација, односно секое правно лице кое има интерес да ги осигура своите членови и нивните фамилии.
(4) Осигурувањето може да се договори за едно домаќинство - индивидуално осигурување, или за повеќе домаќинства - колективно осигурување, за случај на смрт и за случај на траен инвалидитет како последици на несреќен случај.
Кон ова осигурување може да се договори и осигурување за случај на смрт поради болест.
За вклучување на ризикот смрт од болест кај индивидуалните осигурувања, осигурувачот може да побара понуда за здравствената состојба.
(5) По овие дополнителни услови можат да бидат осигурени членовите на домаќинството од своето раѓање до навршување на 75 години.
Со договорот за осигурување мораат да бидат осигурени сите членови на домаќинството на исти осигурени суми.
Доколку договорувачот не ги опфатил сите членови што живеат во домаќинството, при настанување на осигурениот случај, осигурената сума се намалува во сразмер помеѓу платената премија и премијата што би требало да се плати според вистинскиот број на членовите на домаќинството.
(6) Лицата наведени во став (1) од овој член се осигурени без оглед на нивната здравствена состојба (освен за лицата за кои е потребна понуда за здравствена состојба од став (4) на овој член), општата работна способност и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9, став (3), точка 4 од општите услови, освен лицата што потполно се лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучени од осигурување.
Член 2
Обврска на осигурувачот и траење на осигурувањето
(1) Обврската на осигурувачот во однос на секој осигурен член на домаќинството почнува во 24:00 часот оној ден кога е платена договорената премија, но не порано од 24:00 часот оној ден кој во полисата е означен како почеток на осигурувањето.
(2) Ако е договорено осигурување со вклучување на ризикот смрт поради болест, осигурувачот е должен да исплати:
1. 50% од договорената осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи во текот на првите шест месеци на траењето на осигурувањето, односно од стапувањето во осигурување.
2. 50% од износот за кој е зголемена осигурената сума кога се врши зголемување на осигурената сума, а смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци од извршеното зголемување на осигурената сума и договорената осигурена сума пред да се изврши зголемување на
осигурената сума.
3. Целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на осигурувањето, односно од стапувањето во осигурување.
4. Целата осигурена сума, ако смртта на осигуреникот настапи по шест месеци од почетокот на извршеното зголемување на новодоговорената осигурена сума.
5. Осигурувачот е должен да ја исплати договорената осигурена сума кога смртта на осигуреникот настапила во текот на првите шест месеци на траење на осигурувањето кај договорите за осигурување кои се обновени пред истекот на претходниот договор за осигурување.
(3) Обврската на осигурувачот за новопримен член на домаќинството започнува во 24:00 часот оној ден кога осигурувачот го примил известувањето за пристапување и кога е платена премијата.
(4) Обврската на осигурувачот за сите членови на домаќинството престанува во 24:00 часот оној ден кој е наведен во полисата како истек на осигурувањето или престанала по некој друг основ.
(5) Осигурувачот нема никаква обврска за исплата на осигурената сума за случај на смрт:
1. Ако осигуреникот во првата година на траење на осигурувањето, односно од своето пристапување во осигурувањето изврши самоубиство;
2. Ако смртта на осигуреникот настапи со извршување на смртна казна; Ако смртта на осигуреникот настапи поради земјотрес;
3. Ако смртта на осигуреникот настапи поради настан кој директно се препишува на војна, инвазија, чин на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали е објавена војната или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција.
(6) За лице кое престанало да биде член на домаќинството (мажење, женење итн) во тек на траење на осигурувањето, осигурувањето е на сила до истек на тековната година на осигурувањето.
(7) Поради неплатена премија, обврската на осигурувачот престанува според одредбите на член 4 од овие дополнителни услови.
Член 3
Осигурени суми
(1) Наведените осигурени суми во полисата за еден осигуреник претставуваат најголем износ на обврската на осигурувачот за секој поодделен осигурен случај.
Член 4
Плаќање на премија
(1) Договорувачот на осигурувањето премијата ја плаќа веднаш и однапред за цела година за сите осигуреници без исклучок и за цело времетраење на осигурувањето ако не е поинаку договорено.
(2) За членовите на домаќинството кои ќе пристапат во тек на траење на осигурувањето, за првата година се плаќаат толку дванаесеттини од годишната премија колку месеци осигурувањето останува во важност до истекот на тековната година на осигурувањето. За секој новопримен член во домаќинството се издава нова полиса.
(3) Ако договорувачот на осигурувањето не ја плати премијата ниту во рок од 30 дена од нејзиното стасување, осигурувањето престанува по истекот на 30 дена од денот кога на договорувачот му е врачено препорачано писмо од осигурувачот со известување за стасаноста на премијата со тоа да тој рок не може да измине пред да поминат 30 дена од изминување на рокот на чекање.
Член 5
Пријава на несреќен случај
Договорувачот на осигурувањето е должен на осигурувачот да му го пријави секој несреќен случај што ќе му се случи на осигуреникот - членот на домаќинството во рок предвиден со член 13 од општите услови и должен е да му ги даде сите потребни известувања заради појаснување на
Дополнителни услови за осигурување на членови на домаќинството од последици на несреќен случај (незгода)
настанатиот несреќен случај.
Член 6
Корисник на осигурување
(1) Ако во полисата не е поинаку предвидено, корисниците за случај на смрт на членовите на домаќинството се одредуваат според член 16 од општите услови.
(2) За случај на инвалидитет, корисник е самиот осигуреник.
(3) Ако корисникот е малолетно лице, осигурената сума се исплатува на неговите родители, односно старатели.
Член 7 Обврска на осигурувачот кога осигурените лица се помлади од 14 години Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб, договорена осигурена сума за случај на смрт, но најмногу до износот кој максимално е утврден со одлука на управниот одбор на друштво за осигурување УНИКА а.д. Скопје.
Член 8
Завршни одредби
Овие дополнителни услови важат со општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода), а доколку нивната содржина е во спротивност на содржината на општите услови, важат овие Дополнителни услови.