Contract
|
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување гости на јавни капалишта и плажи од последици на несреќен случај (во натамошен текст: Дополнителни услови) се составен дел на договорот за осигурување гости на јавни капалишта и плажи од последици на несреќен случај (незгода) што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса
- Скопје, (во натамошен текст: осигурувач).
(2) Договарачот на осигурување може да биде секоја организација што се занимава со таква дејност.
(3) Лица што се осигуруваат по овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 4 од Општите услови, освен лица потполно лишени од деловна способност кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР
Член 2
Договорот за осигурување з,а секој гостин на капалиште (во натамошен текст: капач) се склучува според вкупниот број на продадени
влезни билети за време на траењето на осигурувањето.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член З
Ако во полисата не е поинаку договорено осигурувањето започнува за секој одделен капач од моментот кога со купениот влезен билет влегол во просторот на капалиштето, односно плажата, а престанува во моментот кога облечен ќе го напушти просторот на капалиштето, односно плажата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4
(1) Осигурувачот е во обврска ако несреќниот случај настане на просторот на капалиштето, односно плажата и на вода.
(2) За несреќните случаи што ќе настанат надвор од просторот на капалиштето, односно плажата, осигурувачот е во обврска само тогаш кога несомнено е утврдено дека настраданото лице било корисник на просторот означен во полисата и дека во времето на настанувањето на несреќниот случај имало своја облека оставена во кабина или на некое друго место определено за тоа.
(3) Кон осигурувањето на корисниците на капалиштето се вклучува осигурувањето од одговорност на договарачот спрема осигурените корисници поради телесни повреди на оштетување, односно исчезнување на нивните предмети до износите означени во полисата. Правото и
обврските од ова осигурување се регулирани со Посебните услови за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и по овие Дополнителни услови.
НАЧИН И РОКОВИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 5
(1) Премијата за осигурување се пресметува врз основа на вкупно продадените влезни билети.
(2) Во случај кога со еден влезен билет се служат повеќе капачи (влезни билети за заеднички кабини) или влезни билети се плаќаат паушално за определен период време од страна на поединци или група капачи, договарачот е должен за тие групи и претплатни влезни билети да ја пресмета вкупната вредност на тие влезни билети, така што ќе се подели со износот на цената на еден редовен влезен билет за еднократно користење на капалиштето, односно плажата, од страна на одделен корисник, ќе се пресмета и премијата за осигурување.
(3) Договарачот е должен да му ги стави на увид на осигурувачот сите свои книги и евиденции од кои може да се утврди бројот на продадените влезни билети.
(4) Договарачот на осигурувањето е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за целото времетраење според рокот договорен во полисата.
(5) Ако премијата се уплаќа по пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е уплатена во пошта, а ако се плаќа со xxxxxx, се смета дека е уплатена во 24,00 часот оној ден, на кој е предаден вирманскиот налог во банката.
(6) Обврската на осигурувачот постои спрема секој осигуреник поединечно и кога договарачот не ја уплатил премијата во предвидениот рок, доколку несреќниот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на членот 3 од овие Дополнителни услови и член 6 и 19 од Општите услови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИТЕ ЛИЦА
СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ГОДИНИ ИЛИ ПОСТАРИ ОД 75 ГОДИНИ
Член 6
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб договорената осигурена сума за случај на смрт, но најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на Национална групација за осигурување АД Осигурителна полиса - Скопје.
(2) Кога лицето кое го снашло несреќен случај е постаро од 75 години осигурувачот е должен да исплати само 50% од износот што инаку би требало да го плати.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 7
(1) Договарачот е должен да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврските на осигурувачот (несреќен случај), оштетување или исчезнување на предмети), како и да им го пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таков настан повлекува чија и да е кривична одговорност.
(2) Договарачот, исто така, е должен на барање на осигурувачот, да му ги даде сите потребни известувања со цел за разјаснување и утврдување висината на неговата обврска.
ПРАВНА ПОУКА
Член 8
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување лица од последици на несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.