LIGJ
12 февруари 2015
Бр. 20 - Стр. 63
З А К О Н
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ
Член 1
Со Законот за работните односи ("Службен весник на Република Македонија" брoj 62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009,130/2009, 50/10, 52/10, 124/10,
47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13 и
113/14) во членот 252 ставот (3) се менува и гласи:
„Надоместоците за извршената работа од договори- те согласно ставовите (1) и (2) на овој член подлежат на плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно со закон.”
Член 2
Овој закон влегува во сила со денот на објавување- то во „Службен весник на Република Македонија“.
LIGJ
PËR NDRYSHIMIN E LIGJIT PËR MARRËDHËNIE TË PUNËS
Neni 1
Me Ligjin për marrëdhënie të punës ("Gazeta Zyrtare e Republikës së Maqedonisë" numër 62/05, 106/2008, 161/2008, 114/2009,130/2009, 50/10, 52/10, 124/10,
47/11, 11/12, 39/12, 13/13, 25/13, 170/13, 187/13 dhe
113/14), në nenin 252, paragrafi (3), ndryshohet si vijon: "Kompensimet për punën e xxxxx xxx marrëveshjet në
pajtim me paragrafët (1) dhe (2) të këtij neni, u nënshtro- hen pagimit të kontributeve nga sigurimi i detyrueshëm social në pajtim me ligjin."
Neni 2
Ky ligj hyn në fuqi me ditën e botimit në "Gazetën Zyrtare të Republikës së Maqedonisë".
412.
Врз основа на членот 75 ставови 1 и 2 од Уставот на Република Македонија, претседателот на Република Македонија и претседателот на Собранието на Репуб- лика Македонија издаваат
У К А З
ЗА ПРОГЛАСУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНУ- ВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕН- ЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Се прогласува Законот за изменување и дополнува- ње на Законот за пензиското и инвалидското осигуру- вање,
што Собранието на Република Македонија го доне- се на седницата одржана на 11 февруари 2015 година.
Бр. 08-758/1 | Претседател |
11 февруари 2015 година | на Република Македонија, |
Скопје | д-р Xxxxx Xxxxxx, с.р. |
Претседател
на Собранието на Република Македонија,
Трајко Вељаноски, с.р.
ЗАКОН
ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ПЕНЗИСКОТО И ИНВАЛИДСКОТО ОСИГУРУВАЊЕ
Член 1
Во Законот за пензиското и инвалидското осигуру- вање (“Службен весник на Република Македонија” број 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14,
113/14, 160/14 и 188/14), во членот 11 став (1) точката
15) се менува и гласи:
„лице кое остварува приходи од извршување фи- зичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа, доколку вкупниот нето износ на приходите по тој основ е повисок од износот на мини- малната плата утврдена со закон“.
Член 2
Во членот 120 по ставот (3) се додава нов став (4), кој гласи:
„(4) Осигуреникот кој плаќа xxxxxxxx во вториот пензиски столб, има индивидуална сметка и е член во задолжителен пензиски фонд, не плаќа придонес во вториот пензиски столб на надоместокот од извршува- ње физичка и/или интелектуална работа, врз основа до- говор за дело и/или авторски договори или други дого- вори со кои е определен надоместок за извршената ра- бота.“
Член 3
Во членот 125 став (4) точката 1. се менува и гласи:
„работодавачот - за работниците вработени кај него.“
Точката 5) се менува и гласи:
„лицата од членот 11 став (1) точки 4), 5), 6) и 14) од овој закон“.
По ставот (6) се додава нов став (7), кој гласи:
„(7) По исклучок од ставовите (5) и (6) на овој член, својството на осигуреник за лицата од членот 11 став
(1) точка 15) од овој закон се воспоставува и преку пријава за износот на примениот надоместок по основ на договор за дело и/или авторски договор или друг до- говор, која согласно со закон ја доставува лицето кое остварило надоместок .“
Член 4
Во член 148 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) На корисник на пензија кој покрај пензијата ос- тварува и приходи од извршување физичка и/или инте- лектуална работа, врз основа на еден или повеќе дого- вори за дело и/или авторски договори или други дого- вори со кои е определен надоместок за извршената ра- бота, не му се запира исплатата на пензијата.
Ставот (2) станува став (3).
Член 5
Во членот 198 по ставот 1 се додава нов став (2), кој гласи:
„ (2) Во матичната евиденција се внесуваат и пода- тоци за:
1. осигуреник кој покрај примања од работен однос, самовработување, остварува и приходи од извршување физичка и/или интелектуална работа, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски дого- вори или други договори со кои е определен надомес- ток за извршената работа, доколку вкупниот нето из- нос на приходите по тој основ е повисок од износот на просечната нето плата за претходната година објавена од Државен завод за статистика;
2. осигуреник во работен однос кој остварува при- ходи од извршување физичка и/или интелектуална ра- бота, врз основа на еден или повеќе договори за дело и/или авторски договори или други договори со кои е определен надоместок за извршената работа со работо- давач кај којшто е во работен однос или со други прав- ни лица кои имаат сопственичка, организациска или управувачка поврзаност со работодавачот и
3. корисник на пензија кој покрај пензијата оствару- ва и приходи од извршување физичка и/или интелекту- ална работа, врз основа на еден или повеќе договори за