Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ СО ИНТЕРНЕТ ДОМЕНИ НА А1 Македонија ДООЕЛ СКОПЈЕ
I. Општи одредби
1. Цел
Цел на овие Општи услови за постапување со интернет домени (во понатамошниот текст „Општи услови“) е регулирање на деловниот однос помеѓу А1 Македонија ДООЕЛ Скопје (во понатамошниот текст „А1 Македонија“) како регистрар и регистрантот. А1 Македонија е носител на правото да работи како регистрар по склучувањето на соодветен договор со МАРНет.
2. Дефиниции
Изразите како регистрар, регистрант, МАРНет, интернет домен и други кои се употребени во овие Општи услови го имаат значењето како што е пропишано во Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .мк домен и врвниот македонски .мкд домен („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2014) како и евентуалните негови измени дополнувања или други акти со кои може да биде заменет.
3. Упатувачка норма
Одредбите од Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .мк домен и врвниот македонски .мкд домен („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.88/2014) кои се однесуваат на:
▪ видови поддомени во .mk доменот и регистрација на .mk доменот
▪ регистрација на .мкд доменот
▪ назив на доменитe
▪ управување со .mk и .мкд доменот
▪ начин на регистрација на домен
▪ права и обврски на регистрантите
▪ промена на податоци на регистрирани домени
▪ обновување на регистрација на домен
▪ бришење на домен
▪ пренос на домени
▪ стекнување право на користење домен со наследување и со
▪ отстапување на домен и
▪ решавање спорови
се применуваат адекватно на деловниот однос помеѓу А1 Македонија како регистрар и регистрантот, а согласно принципот mutatis mutandi.
Одредбите на овие Општи услови се користат како дополнување на одредбите на Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .мк домен и врвниот македонски .мкд домен и другите законски и подзаконски норми кои ја регулираат оваа област.
II. Операции со интернет домени и потребна документација
4. Операции со домени А1 Македонија ги обезбедува за крајни корисници (регистранти) следните операции со интернет домени:
▪ регистрација,
▪ продолжување на регистрација,
▪ трансфер од друг xxxxxxxxx,
▪ промена на регистрант, и
▪ промена на податоци во примарниот национален домен .mk и во секундарните домени xxx.xx, xxx.xx, xxx.xx, xxx.xx, xxx.xx
5. Назив на домен
Називот на доменот треба да ги исполнува условите предвидени со ПРАВИЛНИКОТ за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД домен.
6. Плаќање
Регистрантот мора да го плати износот за операцијата со доменот според објавениот Ценовник. А1 Македонија ќе ја изврши бараната операција со доменот само доколку истата е платена однапред. Ценовникот е објавен на интернет страната xxx.X0.xx и истиот е подложен на промени, по наоѓање на А1 Македонија.
7. Документација
Како општо правило, сите документи кои се поднесуваат до А1 Македонија треба да се на македонски јазик и неговото кирилско писмо (со исклучок на оние кои не може да се преведат како на пр. интернет доменот). Документи кои не се на македонски јазик треба да бидат преведени на македонски јазик од овластен преведувач со заверка на преводот на нотар.
Физички лица државјани на РСМ или лица со постојан престој во РСМ, треба да достават важечка македонска лична карта или македонски пасош (оригинал на увид). Доколку физичките лица се странски државјани кои немаат постојан престој во РСМ, треба да достават пасош (оригинал на увид).
Правни лица регистрирани во РСМ треба да достават копија од извод од Централен регистер (тековна состојба) не постар од 6 месеци (оригинал на увид), како и документ за лична идентификација на овластеното лице во правното лице (оригинал на увид). Правни лица регистрирани во странство треба да достават извод од соодветниот регистар каде се регистрирани (оригинал или нотарски заверена копија).
Доколку физичките или правните лица се застапувани преку полномошник, треба да се достави нотарски заверено полномошно или доколку се работи за странски лица, полномошно заверено од нотарска или друга јавно-бележничката служба во таа земја и со апостил печат.
За било која измена на документите доставени до А1 Македонија, треба да се извести А1 Македонија во рок од 3 дена од денот на промената.
8. Регистрација или продолжување на важност на домен
Документи кои треба регистрантот да ги поднесе за регистрација или продолжување на важност на домен:
За физички лица:
▪ пополнето Барање (читко)
▪ документација согласно т.7 став 2 и 3 од овие Општи услови
▪ доказ за платен износ според важечкиот ценовник за операции со домени
Се смета дека деловниот однос е воспоставен помеѓу А1 Македонија и регистрантот ако Барањето биде одобрено од А1 Македонија.
Доколку регистрантот престане да го користи претходно регистрираниот домен пред истек на периодот на регистрација, или пак побара бришење на доменот пред истек на периодот на регистрација, регистрантот нема право на поврат на дел од претходно платениот износ за регистрација на доменот за определен период.
9. Трансфер на домен
За трансфер на домен од друг регистрар, регистрантот треба да поднесе:
▪ пополнето Барање
▪ документација согласно т.7 став 2 и 3 од овие Општи услови
▪ код за трансфер од стариот регистрар
10. Промена на податоци или бришење на домен
За промена на податоци или бришење на домен, регистрантот треба да поднесе:
▪ пополнето Барање
▪ документација согласно т.7 став 2 и 3 од овие Општи услови
11. Непотполна документација А1 Македонија нема да постапува по Барањето доколку документацијата е непотполна или несоодветна, во кој случај го повикува подносителот на Xxxxxxxx да ја дополни, замени или исправи во рок од 3 работни дена. Во случај подносителот на Барањето не го испочитува рокот, А1 Македонија има право да го задржи однапред уплатениот износ на име трошоци или доколку износ однапред не бил уплатен, да побара надоместок на трошоци во износ еднаков на годишниот надоместок на трошоци.
12. Постапување на А1 Македонија
По доставување на целокупната документација од страна на регистрантот А1 Македонија превзема активности согласно Правилникот за организацијата и управувањето со врвниот македонски .МК домен и врвниот македонски .МКД и по успешно реализирање на барањето, регистрантот добива потврда на неговата официјална електронска адреса.
III. Податоци за Регистрарот и доверливост на податоци
13. Општи податоци за Регистрарот А1 Македонија Назив: А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
Седиште: Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје WEB адреса: xxx.X0.xx
Податоци за контакт:
А1 Македонија ДООЕЛ Скопје
Плоштад Пресвета Богородица бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија тел: x000 0 0000000
Даночен број: 0000000000000
Телефон на служба за поддршка на корисници: 077/1234
Работно време на служба за поддршка на корисници: секој ден од 00:00 до 24:00 часот Адреса на електронска пошта за поддршка на корисници: xxxxxxxxxxxxxxxx@X0.xx
14. Доверливост на податоци
Сите податоци стекнати за време на деловниот однос меѓу А1 Македонија и регистрантот претставуваат деловна тајна и истите нема да бидат откриени на трети лица освен доколку тоа не е пропишано со позитивните законски и подзаконски прописи на Република Северна Македонија.
Доколку во Барањето и придружната документација има и лични податоци, подносителот на Барањето потврдува дека ги има обезбедено соодветните согласности од субјектите на лични податоци за доставување на тие податоци до А1 Македонија и нивна понатамошна употреба и објавување за цели на операции со домени. А1 Македонија објавува своја изјава за приватноста на интернет страната xxx.x0.xx.
IV.Завршни одредби
15.Објавување и измена на општи услови А1 Македонија ги објавува овие Општи услови на интернет страната www. x0.xx.
А1 Македонија има право овие Општи услови да ги промени по свое наоѓање за што ќе ги извести регистрантите во рок до 15 дена пред стапувањето на измените на сила со објава на истите на својата интернет страната xxx.x0.xx.
16.Однос помеѓу одобрено Барање и овие Општи услови
Доколку Барањето на регистрантот од т.8 биде одобрено од А1 Македонија, ќе се смета дека е склучен договор за регистрирање на интернет домен или продолжување на важноста на договорот за интернет домен.
Доколку Барањето на регистрантот од т.9 и 10 биде одобрено од А1 Македонија се смета дека е направен анекс на договорот со промена на податоци, или раскинат со трансфер на домен или бришење на домен. За се што не е регулирано со Барањето ќе се применуваат овие Општи услови.