Contract
Закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем по Проектот за подобрување на постојната
регионална и општинска патна мрежа
Службен весник на X. Македонија бр. 5/09 од 13.01.2009 година
Член 1
Република Македонија се задолжува кај Европската банка за обнова и развој со заем во износ од 50.000.000 евра, наменет за реализација на Проектот за подобрување на постојната регионална и општинска патна мрежа.
Член 2
Условите и начинот на користење на заемот од членот 1 на овој закон се утврдуваат со Договор за заем за Проектот за подобрување на постојната регионална и општинска патна мрежа, кој ќе се склучи меѓу Република Македонија и Европската банка за обнова и развој.
Во име на Република Македонија, Договорот за заем од ставот 1 на овој член ќе го потпише министерот за финансии или од него овластено лице.
Член 3
Рокот за отплата на заемот од членот 1 на овој закон е 15 години, со вклучен грејс период од четири години.
Годишната каматна стапка е варијабилна каматната стапка ЕУРИОБОР зголемена за 0,50 %.
Република Македонија ќе и плати на Европската банка за обнова и развој еднократна провизија во износ од 0,50 % од износот на заемот.
На износот на неповлечените средства од заемот се плаќа провизија на Европската банка за обнова и развој во износ од 0,25% од износот на заемот на годишно ниво.
Член 4
Корисник на средствата од заемот од членот 1 на овој закон е Агенцијата за државни патишта.
Член 5
Република Македонија, заемот од член 1 на овој закон ќе го отплаќа од Буџетот на Република Македонија.
Член 6
Овој закон влегува во сила со денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија".