Contract
Комбинирано осигурување на возила
Документ со информации за производот за осигурување
Компанија: ЕВРОИНС ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје Производ: Евро каско
Во овој документ се сумирани клучните информации поврзани со производот за осигурување. Целосните преддоговорни и договорни информации за производот се составен дел од општите и посебните услови за осигурување.
Вид на осигурување
Едногодишна каско полиса за патнички возила кои се во сопственост на физички лица со полиса за автомобилска одговорност од Евроинс осигурување.
Ограничувања на осигурувањето
Максималниот износ на осигурително покритие за цел период на осигурување изнесува 12.300 денари;
Осигурително покритие важи под услови возилото да се наоѓа во владение и да се управува од осигуреникот, лица блиски на осигуреникот или лица кои се ополномоштени или се законски претставници на осигуреникот; Полисата на Евро каско не може да биде искористена истовремено за барање оштета со полиса на каско за еден ист осигурителен случај.
Осигурително покритие
Сообраќајна незгода која се случила на возило во процес на движење, односно експлоатација на истото и во која учествуваат најмалку две возила во движење и на истите е причинета материјална штета, за која е изготвен Европски извештај од страна на учесниците во незгодата во согласност со одредбите од ЗБСП или е сочинет записник за извид на лице место од надлежната служба на МВР.
Исклучени ризици
Нерегистрирани возила;
Дејствија со умисла или груба небрежност; Кршење на стаклата на возилото од било која причина;
Управувањето на возило кое е исклучено од сообраќај согласно законската регулатива;
Учество на возилото во секаков вид на натпревари, тренинзи, испитувања и слично;
Ненаменско користење на возилото во согласност со одредбите од ЗБСП и Законот за Возила; Управување на возило од возач кој не поседува возачка дозвола, возач на кој што му е изречена мерка забрана за управување со моторно возило и слично;
Осигуреното возило незаконски е внесено во земјата;
Осигуреното возило не е регистрирано од надлежните органи според законот;
Управување на возилото од возач кој конзумирал алкохол над дозволената граница и употребил опојни дроги или други психотропни супстанци спротивно на одредбите од ЗБСП;
Останати исклучувања согласно условите.
Територијална важност на осигурувањето
Република Северна Македонија.
Обврски на осигуреникот
При настанување на осигуран настан, осигуреникот е должен:
Да преземе мерки за спасување, ограничување и намалување на штетите на осигуреното возило;
Усно веднаш да ги извести надлежните државни органи (полиција и др.) или со другите учесници во незгодата да потпише Европски извештај во согласност со одредбите од ЗБСП;
Да го чува возилото во состојба која настанала по случување на осигурениот настан до одредување на висината на штетите од страна на осигурувачот.
Премија за осигурување
Висината на премијата на осигурување изнесува 490 денари и истата се плаќа еднократно при склучување на договорот за осигурување, додека при давање попуст висината на премијата изнесува 300 денари, а истата во секој случај се плаќа еднократно, при склучување на договорот за осигурување.
Почеток и престанок на покритието
Договорот за осигурување се склучува за рок од една година и стапува во сила од 24:00 часот на денот кој е посочен во осигурителната полиса како почеток на договорот.
Прекин на договорот
Договорот за осигурување се прекинува пред истек на рокот:
Поради неплаќање на премија согласно член 969 став (3) од Законот на облигационите односи;
Без писмено известување, со взаемна согласност на страните, сметано од 00:00 часот во денот, кој следува по настанување на тотална штета (целосна загуба) на осигуреното моторно превозно средство;
Во други случаи, императивно предвидени во македонското право, во овие услови или во конкретниот договор за осигурување.