Секоја Договорна Страна ќе употреби разумни комерцијални напори за отстранување на причините за евентуалните доцнењa или прекини во случај на Виша Сила, што е можно побрзо, во согласност со обврските наведени во Договорот, и ќе преземе такви разумни...
Д О Г О В О Р БР.
ЗА ИСПОРАКА И ПРЕВЗЕМАЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНА МОЌНОСТ И ЕНЕРГИЈА
помеѓу
АД ЕЛЕМ Скопје, со седиште на ул. 11 Октомври бр. 9, 1000 Скопје, со скратено име АД ЕЛЕМ
Претставувано од
(во понатамошниот текст Продавач)
и
, со седиште на
Претставувано од , . (во понатамошниот текст Купувач)
Член 1
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Со овој Договор се уредуваат сите меѓусебни права и обврски на Договорните Страни при продажба, испорака, купување и преземање на електричната енергија и моќност.
Член 2
ЦЕЛ И СТРУКТУРА НА ДОГОВОРОТ
Обезбедена Услуга: Договорните страни од овој Договор може, но не се обврзани, да влезат во трансакции за набавка и продажба на количини на електрична моќност и енергија. Секоја Трансакција треба да се изврши во согласност со овој Договор и да се допрецизира со Писмо за Конфирмација, кое е составен дел на овој Договорот.
Документација и Трансакции: Пред влегување во секоја нова трансакција, Договорните страни треба да ги дефинираат и потврдат деталите за трансакцијата во форма на Писмо за Конфирмација, односно периодот на испорака на електричната енергијата, точката на испорака, количината, цената и сите други материјални термини од таа Трансакција кои не се изложени во овој Договор.
Член 3
ОСНОВНИ ОБВРСКИ
Обврски на страната што ја продава електричната енергијата: Продавачот се обврзува дека ќе обезбеди електрична енергија во временски период, количини и времетраење дефинирани со условите на овој Договор и согласно Писмото за Конфирмација, освен во Случај на Виша Сила.
Продавачот на електрична енергија ја гарантира испораката на електрична енергија согласно овој Договор и Писмото за Конфирмација, освен во Случај на Виша Сила.
Обврски на страната што ја превзема електричната енергијата: Купувачот се обврзува дека ќе изврши превземање на електрична енергија во временски период, количини и времетраење дефинирани со условите на овој Договор и согласно Писмото за Конфирмација, освен во Случај на Виша Сила, по цена дефинирана во Писмото за Конфирмација.
Член 4
ПЕРИОД НА ИСПОРАКА И ТОЧКА НА ИСПОРАКА НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА
Период на испорака: Електричната енергија ќе биде испорачана за периодот наведен во Писмото за Конфирмација.
Место на испорака: Продавачот ќе ја испорача електричната енергија во точка на испорака наведена во Писмото за Конфирмација.
Член 5
ФАКТУРИРАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ
Плаќањето на договорните количини на електрична енергија ќе се врши авансно на сукцесивни периоди, дефинирани со Писмото за конфирмација. Продавачот е должен да му достави авансна фактура за првиот сукцесивен период на Купувачот со самото потпишување на Писмото за Конфирмација, а Купувачот е должен најдоцна еден работен ден пред почетокот на сукцесивниот период да изврши плаќање на доставената авансна фактура за првиот сукцесивен период.
За секој следен сукцесивен период, Продавачот ќе му достави авансна фактура на Купувачот, а Купувачот е должен најдоцна еден работен ден пред почетокот на соодветниот сукцесивен период истата да ја плати.
Авансната фактура за предвидената количина на електрична енергија за соодветниот сукцесивен период ќе биде зголемена за соодветниот износ на ДДВ.
Усогласувањето меѓу Xxxxxxxxx и Продавачот ќе се изврши првиот работен ден по завршување на периодот на испорака за соодветниот период наведен во писмото за конфирмација.
По извршената и усогласена испорака на целокупната електрична енергија утврдена во Писмото за конфирмација, Продавачот ќе издаде и достави до Купувачот конечна фактура за целокупната испорачана електрична енергија.
Во случај на задоцнето плаќање ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи на Република Македонија.
Член 6
ДАНОЦИ, ТАКСИ, ТРОШОЦИ
Сите давачки кои произлегуваат од реализацијата и извршувањето на овој Договор и Писмото за Конфирмација, како и сите трошоци за транспорт, закуп на преносни капацитети и останати трошоци поврзани со Систем Операторот и Операторот на пазар на електрична енергија ги сноси Купувачот.
Секоја од Договорните Страни има право да бара од другата Договорна Страна, благовремено да и ги обезбеди сите потребни информации и документи поврзани со давачките кои се однесуваат на соодветната трансакција.
Член 7
ВИША СИЛА
Како Виша сила се смета секој настан или сите околности или комбинирани настани или околности кои се вон разумна контрола на субјектот; кој/кои негативно влијае на извршувањето на обврските на една од Страните според овој Договор и Писмото за Конфирмација; и негативни ефекти кои не можеле да се предвидат или спречат, надминат, отстранат или ублажат во целост или делумно од субјектот преку длабинска анализа и соодветна грижа и кој вклучува но не е ограничен на војни постапки (најавени или ненајавени), инвазија, вооружен судир или дејство од странски непријател, ембарго, револуција, бунт, востание, граѓански нереди или нереди, вандализам или терористички дејствија; штрајкови, затворање на објекти, рестриктивни работни пракси или други трудови нереди; уредби, прописи или рестрикции наметнати од страна на влади или
владини, административни или регулаторни агенции или органи освен ако не е резултат на прекршување од страна на една од Договорните Страни; и екстремни природни дејствија како гром, земјотрес, пожар, поплава, лизгање на земјиште, обично обилни или пролонгирани врнежи од дожд или недостаток од вода како последица на временски или еколошки проблеми. Недостатокот или недоволни средства или недостапни средства не се сметаат за настан на Виша сила.
Секоја Договорна Страна ќе употреби разумни комерцијални напори за отстранување на причините за евентуалните доцнењa или прекини во случај на Виша Сила, што е можно побрзо, во согласност со обврските наведени во Договорот, и ќе преземе такви разумни чекори доколку е потребно да ги ограничи евентуалните штети на другата Договорна Страна.
Ниту една од Договорните Страни не презема одговорност за трошоците или штетите настанати поради прекин или намалување на набавката на електрична енергијата како резултат на Случај на Виша Сила. Секое намалување кое настанало како резултат на Случај на Виша Сила ќе резултира со еквивалентно намалување на количината на електрична енергија која треба да ја обезбеди Продавачот, и количината на електрична енергија која треба да ја преземе Купувачот, според Писмото за Конфирмација.
Член 8
НЕ ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Доколку Продавачот не успее да ја испорача целата или дел од електричната енергијата согласно овој Договорот и Писмото за Конфирмација, и при тоа нема Случај на Виша Сила, Продавачот ќе му плати на Купувачот сума еднаква на производот од разликата помеѓу договорената цена за електричната енергија според Договорот и цената за која Купувачот може да набави електрична енергија на пазарот (доколку е повисока), и целата количина неиспорачана електрична енергија.
Таквата цена ќе биде утврдена на комерцијално разумен начин, заедно со релевантните и комерцијално разумни преносни трошоци и останатите комерцијално разумни документирани трошоци.
Доколку Купувачот не успее да ја преземе целата или дел од електричната енергија според Договорот и Писмото за Конфирмација, и при тоа нема Случај на Виша Сила, Купувачот ќе му плати на Продавачот сума еднаква на производот од разликата помеѓу договорената цена за електрична енергијата според Договорот и најниската цена по која Продавачот може да ја продаде електричната енергија на пазарот, и количината на непреземена електрична енергија.
Таквата цена ќе биде утврдена на комерцијално разумен начин, заедно со релевантните и комерцијално разумни преносни трошоци и останатите комерцијално разумни документирани трошоци.
Во случај кога Купувачот, количината на електрична енергија која ја добил и која е најавена кај Систем Операторот и Операторот на пазар на електрична енергија за испорака во точка на испорака 2, 3 или 4 дефинирани во Писмото за конфирмација, не може да ја преземе, пенализацијата која е предвидена од страна на Систем операторот и Операторот на пазар на електрична енергија ќе биде на товар на Купувачот во целост.
Договорната Страна која бара да се прекине Договорот како резултат на некоја од причините наведени во член 9, пресметува надомест за обештетување на вкупно договорените, а неиспорачани/непреземени количини на електрична енергија соодветно,
согласно став 1 и став 3 од овој член и тој износ го фактурира на Договорната Страна која не ја исполнила обврската во рок од 5 дена по доставување на барањето за прекинување на Договорот. Исплатата на фактурата се врши во рок од 8 дена од доставувањето на фактурата. Фактурата се дополнува со документ во кој се даваат информации за пазарната откупна/продажна цена која е користена во пресметувањето на надоместокот на штетите.
Член 9
РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Секоја од Договорните Страни има право да го раскине овој Договор по итна постапка со известување (по факс или по препорачана пошта) во следните случаи:
- доколку Продавачот не му ја испорача електричната енергија согласно овој Договор и Писмото за Конфирмација на Купувачот;
- доколку Купувачот ја прекрши својата должност да ја преземе електричната енергија и/или плати електричната енергија согласно овој Договор и Писмото за Конфирмација на Продавачот
- доколку една од Договорните Страни е во ликвидација или во стечај или е покрената постапка за наплата на побарувања од страна на доверителот/доверителите и која (поради висината на побарувањето од доверителот) може да доведе до битно намалување на средствата на другата Договорна Страна.
Член 10
ДОВЕРЛИВОСТ
Договорните страните се согласни обврските утврдени во овој Договор да се сметаат за доверливи и да не се откриваат на трети лица, ниту пак да се објавуваат во текот на важење на овој Договор, освен доколку е неопходно некоја информација да стане јавна на барање на државните органи или извршните тела на компетентни меѓународни организации каде членуваат Република Македонија и/или АД ЕЛЕМ– Скопје.
Член 11 ПРЕНЕСУВАЊЕ НА ПРАВАТА И ОБВРСКИТЕ
Секоја од Договорните Страни нема право да ги пренесе сопствените права и обврски од овој Договор и Писмото за Конфирмација, без претходна писмена согласност од Другата Договорна Страна, кон трета страна и тие да станат ефективни по потврдата дека писмената забелешка е примена од страна на другата Договорна Страна.
Член 12
ПРИМЕНЛИВ ЗАКОН, СПОРОВИ
Применлив закон: На примените на овој Договор и Писмото за Конфирмација ќе важат законите во Р. Македонија.
Спорови: Во случај на спор и недоразбирање кои би можеле да произлезат од овој Договор и Писмото за Конфирмација, Договорните Страни ќе се обидат да го решат на спогодбен начин, по пат на преговарање.
Сите спорови од овој Договор и Писмото за Конфирмација кои нема да бидат разрешени по пат на преговори, ќе се решаваат во Основен суд Скопје 2, Скопје.
Член 13
ТЕХНИЧКА ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА
Систем Оператори: Следниве организации ќе бидат одговорни за оперативните и технички работи поврзани со испораките на електрична енергија предвидени со овој Договор (“Систем Оператори“):
За Продавачот: АД МЕПСО-Диспечерски Центар
Ул.Максим Горки бр.4, 1000 Скопје Контакт:
Тел:
Факс:
Е-mail:
За Kупувачот: АД МЕПСО- Диспечерски Центар
Ул. Максим Горки бр.4, 1000 Скопје Контакт:
Тел:
Факс:
Е-mail:
Забелешките, фактурите или другите документи испратени од една Договорна Страна кон Друга, поврзано со Договорот, ќе се испраќаат по факс на броевите прикажани подолу во текстот и/или на официјалните е-маил адреси на одговорните лица наведени подолу. Документите испратени по факс ќе се смета дека се примени во моментот кога факс машината од која се испраќаат документите ќе го потврди преносот.
За Продавачот:
Тел:
Факс: Одговорно лице: E-mail:
За Купувачот: Тел: Факс:
Одговорно лице: E-mail:
Член 14
ИЗМЕНИ НА ДОГОВОРОТ
Сите измени и дополнувања на овој Договор се изготвуваат во писмена форма со согласност на Договорните страни со Xxxxx Xxxxxxx. Доколку одредени одредби од овој Договор се или станат неважечки, со тоа нема да биде нарушена важноста на останатите одредби од овој Договор.
Член 15
ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Овој Договор стапува во сила од денот на потпишување од двете Договорни страни.
Важноста на Договорот е во времетрање од 1(една) година од денот на потпишување, а комерцијално додека сите обврски на страните од Договорот и Писмата за Конфирмација не бидат исполнети.
Член 16
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Овој Договор е напишан на македонски јазик со кирилично писмо во четири истоветни примероци, од кои по два примерока за секоја Договорна страна .
ПРОДАВАЧ КУПУВАЧ