Пoсебни услoви за oсигурување на пари за време на превоз
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-крг-ден 12-1-мк
Пoсебни услoви за oсигурување на пари за време на превоз
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
[1] Одделните изрази во овие услови ги имаат следните значења: договарач на осигурувањето е лице кое склучува договор за осигурување;
осигуреник е лице чиј имот и/или имотен интерес се осигурува. Договарачот и осигуреникот се исто лице, со исклучок кај осигурувањата за туѓа сметка;
полиса е документ за договорот за осигурување;
премија е износ кој договарачот го плаќа по договорот за осигурување;
надомест од осигурување е износ кој го плаќа осигурувачот според склучениот договор за осигурување;
пари е странски и домашни валути во книжни и ковани пари.
член 1: предмет на осигурување
[1] Со овие услови се осигурeни пратките на пари:
1) за време на превоз, со копнени превозни средства, како и
2) за време на пренос со превозно средство со кое се извршува превоз или од него.
Превозот и преносот на пратките со пари може да го врши самиот осигуреник, или пак да склучи договор за превоз на пари со овластено лице.
[2] Со осигурувањето се покриени и трошоци кои настанале поради попречување или намалување на штета која е покриена со осигурувањето.
[3] Ако е посебно договорено и е пресметана дополнителна премија за осигурување, може да бидат осигурани и пратки на пари и за време на полнење или празнење на банкомати, како и привремено складирање на средствата.
член 2: осигурени опасности
[1] Осигурувањето ја покрива физичката повреда или губење на парите кои настанале како последица од:
1) сообраќајна несреќа на превозното средство;
2) обивање, кражба или обид за нивно извршување;
3) пожар или експлозија на превозното средство, гром и поплави.
член 3: исклучување на осигурителното покритие
[1] Осигурувањето не ги покрива штетите:
1) Xxx се последица на намерна или груба небрежност на осигуреникот или неговите работници, односно од него овластени лица;
2) Доколку осигуреникот со овластеното лице не склучил договор за превоз на пари;
3) Доколку осигуреникот ги крши oдредбите на договорот за превоз на парите кој го склучил со овластеното лице;
4) Xxx се последица на прекршување на одредбите на овие услови и полисата за осигурување;
5) Кои се непосредно или посредно последица на: војна, инвазија, дејства на странски непријатели, непријателства (објавена или необјавена војна), државни војни, отпор, револуција, востанија, војни или окупирани области, запленувања, национализација, како и присилен откуп или уништување или оштетување на предметите по налог на власта;
6) Кои се посредна или непосредна последица на користење на хемиско, биолошко, био-хемиско или електромагнетно оружје, употреба на кој било компјутер или компјутерски систем, компјутерски софтверски програм, компјутерски вирус или кој било друг електронски систем како средство за предизвикување на штети;
7) Кои се непосредна или посредна последица на јонизирачка радијација или радиоактивна контаминација од какво било нуклеарно гориво, радиоактивни, токсични експлпзивни или останати опасни својства на нуклеарна инсталација, реактор или друга нуклеарна направа или негов нуклеарен составен дел.
член 4: времетраење на осигурителното покритие
[1] Осигурителнoтo пoкритие запoчнува вo мoментoт кoга претставникoт на oсигуреникoт или oвластенoтo лице гo запoчнува превoзoт и пренoсoт на пари, oд мoментoт на прифаќање, за цело времетраење на превозот, до моментот на преземање на пратката на пари од страна на примачот.
член 5: сума на осигурување
[1] Сума на осигурување е износ наведен во полисата за осигурување и претставува горна граница на обврски на осигурителната компанија за поединечен осигурен случај.
[2] Осигурителната компанија ја исплаќа осигурената сума за најмногу 5 осигурени случаи за времетраење на осигурувањето, при што износот на исплатените износи не може да јa надмине двојната сума на осигурување која е договорена во полисата. Во случај кога осигурителната компанија има обврска за исплата на надомест за 5 oсигурени случаи или пак надoместoт гo надминал двократниот износ на осигураната сума, осигурителното покритие може да се продолжи доколку тоа е посебно договорено и е платена допoлнителна премија.
член 6: осигурена вредност
[1] Осигурена вредност според овие услови е номиналната вредност на парите кои се транспортираат.
член 7: територијалнa важност на покритието
[1] Осигурувањето според овие услови ги покрива штетните настани кои се случуваат на територија на Република Македонија.
член 8: плаќање на премија
[1] Првата или еднократна премија договарачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. Ако е договорено премијата да се плаќа на рати, за наплата доспеваат сите рати во тековната година на осигурување кога настанал осигурениот случај.
[2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати за изминато време, може да се пресмета редовна камата на износот на премијата за која е договорено одложено плаќање. Ако ратата не е платена на договорениот ден, може да се пресмета законска камата.
Пoсебни услoви за oсигурување на пари за време на превоз
[3] За датум на плаќање на премијата се смета денот кога налогот ќе биде евидентиран од страна на банката на осигурувачот.
[4] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од кои било причини престанало пред истекот на тоа време, осигурувачот има право да ја побарува разликата до онаа премија која договарачот на осигурувањето морал да ја плати ако договорот за осигурување би бил склучен само за толку време колку што навистина траело осигурувањето.
[5] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договарачот мора да ја плати неплатената премија за времето до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој осигурувачот мора да исплати надомест од осигурување.
член 9: последици од неплаќање на премија
[1] Обврската на осигурувачот престанува ако договарачот не ја плати доспеаната премија за осигурување после склучување на договорот за осигурување, освен ако тоа не го направи некој друг заинтересиран во рок од триесет (30) дена од денот кога на договарачот му било врачено препорачано писмо од осигурувачот за доспеаноста на премијата. Тој рок не може да истече пред да поминат триесет (30) дена од доспеаноста на премијата за осигурување.
[2] Осигурувачот може после истекот на рокот од став 1 по овој член, да го откаже договорот за осигурување без отказен рок доколку договарачот доцни со плаќањето на премијата која треба да ја плати по склучувањето на договорот, односно ако доцни со друга или следна премија. Откажувањето на договорот за осигурување настапува по истекот на рокот од став 1 од овој член и со престанокот на осигурителното покритие, ако договарачот е предупреден со препорачано писмо за доспеаноста на премијата, како и за престанокот на осигурителното покритие.
[3] Ако договарачот ја плати премијата за осигурување по истекот на рокот по став 1 од овој член, но во рок од една (1) година по доспеаност на премијата, осигурувачот е должен да ја исполни својата обврска за надомест на штета 24 часа после плаќање на премијата за осигурување, како и затезна камата.
член 10: обврски на осигуреникот
[1] Осигуреникот е должен:
1) да обезбеди превозот и преносот на пари да се изведуваат во согласност со важечкото законодавство;
2) да води евиденција за пренесените пари и да ја известува осигурителната компанија за износите на начин дефиниран во полисата за осигурување;
3) во случај кога износот на пари го надминува договорениот износ од договорот за превоз на средства, за тоа навремено да го извести овластеното лице;
4) за загуба или штета на пратката со пари веднаш да ја извести осигурителната компанија;
5) во случај на загуба на пари или нивно оштетување, на осигурителната компанија да и даде соодветни информации и докази и да соработува при истражување и процена на сите барања;
6) да се направи сè што е потребно за да се намали штетата на пратката;
7) за можните штети да му докаже на осигурувачот дека до штета дошло за времетраење на осигурително покритие на релацијата опфатена со осигурувањето;
8) при видните оштетувања на пратката пред преземањето заедно со претставникот, односно овластеното лице се утврдува опсегот на оштетувањето и за истото се составува записник кој го потпишуваат двете страни;
9) да ги почитува сите препораки кои ги бара осигурителната компанија при увид.
член 11: осигурителен случај
[1] Се смета дека настанал осигурителен случај во моменот кога поради една од осигураните опасности започнало да настанува
оштетување на осигураните пари или дошло до нивно губење. Оштетувањето или губењето на осигураните пари, кои се последица од една или пoвеќе осигурени опасности при истиот превоз или пренос на пари, се сметаат како еден осигурителен случај.
член 12: пријава на осигурителен случај и исплата на надомест
[1] Осигуреникот го доставува оштетното побарување во писмена форма, вклучувајќи ги следните документи односно податоци:
1) фотокопија или заверен препис на спецификацијата за испратените пари и потврда за предавање односно преземање на парите;
2) заверен препис при примопредавање, како и работен налог за превоз односно пренос на пари;
3) изјава од овластеното лице кое го извршило превозот/ преносот на парите, за настанатиот осигурен случај;
4) изјава на претставниците на осигуреникот за настанатиот осигурителен случај;
5) полициски записник;
6) други можни документи кои и се потребни на осигурителната компанија за решавање на оштетните побарувања.
[2] Осигурителната компанија е должна на осигуреникот да му исплати надомест на штета во рок од четиринаесет (14) дена по приемот на сите потребни документи, врз основа на кои може да утврди постоење и висина на обврските од договорот за осигурување.
член 13: надомест на украдените пари
[1] Доколку осигуреникот на каков било начин дознае каде се украдените пари, во соработка со полицијата мора веднаш да преземе сè што е потребно за побрзо враќање на парите, а за тоа веднаш да ја извести осигурителната компанија.
[2] Доколку осигуреникот веќе го примил надоместот на штета, пред да дознае каде се украдените пари, на осигурителната компанија мора да и го врати оној дел од надоместок на штета во висина на износот на неоштетените пари.
член 14: опасни околности
[1] При склучување на полисата, осигуреникот мора да ги пријави сите околности кои се значајни за проценување на опасноста (висина на ризикот), за кои знаел, односно би требало да знае. За околности кои се значајни за проценување на опасноста се сметаат особено оние околности кои му се познати на договарачот и врз основа на кои се одредува и пресметува премијата за осигурување, како и оние коишто се наведени во договорот за осигурување.
[2] Договарачот на осигурувањето мора да му овозможи на осигурувачот процена на ризикот.
член 15: право за увид во документација
[1] Осигуреникот е должен на овластениот претставник на осигурителната компанија да му овозможи преглед на сите деловни книги и евиденции кои се поврзани со осигурувањето според овие услови.
[2] Податоците до кои доаѓа осигурителната компанија при увидот, по првата ставка по овој член, како и податоците од пријавите за осигурување, осигурителната компанија мора да ги чува како деловна тајна.
член 16: начин на известување
[1] Документацијата за содржината на договорот е во важност само ако е склучена во писмена форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Известувањето или изјавата се дадени правовремено ако пред истекувањето на рокот се пратат со препорачано писмо.
[4] Изјавата која треба да се даде на друго лице важи од моментот кога тоа лице ќе ја прими.
2
УС-крг-ден 12-1-мк
член 17: промена на условите за осигурување и тарифата на премии
[1] Доколку осигурителната компанија ги промени условите за осигурување или тарифата на премии, должна е за тоа да го извести осигуреникот во писмена форма.
[2] Доколку осигуреникот во рок од триесет (30) дена од денот на известувањето не го откаже осигурувањето, новите услови за осигурување и новата тарифа на премии почнува да се применува со почетокот на следниот период на осигурување.
[3] Доколку осигуреникот го откаже договорот за осигурување, неговата важност престанува со истекот на осигурителната година, во која осигурувачот го примил отказот на договорот.
член 18: почеток и крај на осигурувањето
[1] Доколку не е договорено поинаку, осигурителното покритие од договорот за осигурување започнува по истекот на 24:00 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето, под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премијата, а во спротивно после истекот на 24:00 часот од оној ден кога премијата е платена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24:00 часот на денот што во полисата на осигурување е означен како ден на истек на осигурувањето. Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, договорот за осигурување се продолжува од година во година, сè додека една од договорните страни не го откаже најмалку три (3) месеци пред истекот на осигурителната година.
член 19: употреба на други законски прописи
[1] За правата и обврските на договорените страни што не се регулирани со овие услпви, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигациони односи и Законот за супервизија на осигурување. Ако со овие услови некое прашање е утврдено спротивно на законските прописи, ќе се применуваат одредбите од Законот.
[2] Во случај осигуреникот да не е задоволен од односот на осигурувачот во текот на траењето на договорот за осигурување, може да достави жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување, како надлежен орган за супервизија на осигурувањето.
член 20: надлежност во случај на спор
[1] Споровите помеѓу договарачот на осигурувањето, односно осигуреникот на една страна и осигурувачот на друга страна ќе ги решава стварно и месно надлежниот суд според седиштето на осигурувачот.
3