Contract
ЈАВЕН ПОВИК
за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово
Со цел подобрување на услугите кон граѓаните, Општина Куманово има потреба од инсталирање на безжични ПОС терминали со кои ќе се овозможи наплата на административна такса во нејзините простории
Право на учество
Право на учество на овој повик имаат сите деловни банки во Република Северна Македонија
Услови кои што треба да бидат исполнети од страна на понудувачите:
2.1 Утврдување на професионална способност
-
дозвола за основање и работење на
банката, издадена од гувернерот на
Народна
банка на Република Северна
Македонија;
- документ за регистрација
издаден од Централниот регистар на
Република Северна
Македонија.
2.2
Утврдување на техничка способност:
- да има имплементирано соодветен систем за безготовинска наплата со платежна картичка преку GPRS безжичен ПОС терминал во минимум една јавна институција;
-
изјава за поседување на техничката
опременост и оспособеност за
имплементација
на системот, како и
дополнителни мерки за осигурување
квалитет на услугата со
обезбедена
24-часовна техничка поддршка x
-
изјава за ангажиран технички персонал
за имплементација на системот, без оглед
на
тоа дали тој персонал е вработен во
банката.
2.3 Технички услови поврзани со услугата кои што треба да бидат исполнети:
2.3.1 Деловната банка треба да овозможи инсталација на GPRS безжичен ПОС терминали преку кои ќе може да се опслужуваат трансакции со картички од следните брендови:
- Maestro картички издадени од сите домашни и странски банки,
- MasterCard картички издадени од сите домашни и странски банки
- Visa Electron картички издадени од сите домашни и странски банки
- Visa картички издадени од сите домашни и странски банки
2.3.2 ПОС терминалите треба да функционираат во комплетна согласност со најсовремените безбедносни стандарди пропишани од горенаведените картични системи. Деловната банка е одговорна за безбедноста на сите трансакции и за потенцијална финансиска штета и последици од евентуална нефункционалност или злоупотреба.
2.3.3 Платежна платформа која овозможува:
ПОС терминалот ќе се користи за наплата на административните такси за управни работи и постапки кои се водат во рамките на Општина Куманово, со можност за надополнување на платформата за наплата по други поединечни основи на плаќање при плаќање преку безжични ПОС терминали,
префрлувањето на вкупниот износ на средства за секој поединечен основ за плаќање ќе се врши наредниот работен ден на уплатната сметка соодветна на избраниот основ на плаќање
деловната банката на редовна основа по e-mail да доставува детален извештај на трансакциите со картички преку ПОС терминалите
Критериум за доделување на договорот
Критериум за доделување на договорот ќе биде најниска цена, односно висина на провизија по поединечна извршена трансакција, која ќе им биде наплатена на граѓаните (корисници на услугата).
Понудата треба да биде изразена во проценти од износот на трансакцијата.
За најповолна понуда ќе биде изберена понудата на оној понудувач кој понудил најнизок процент- провизија по поединечна извршена трансакција, прифаќајќи ги во целост условите предвидени во овој повик.
Елементи од кои треба да биде составена понудата
Образец на понуда даден во прилог
дозвола за основање и работење на банката, издадена од гувернерот на Народна
банка на Република Северна Македонија;документ за регистрација издаден од Централниот регистар на Република Северна
Македонија.листа на јавни институции каде што е имплементиран соодветен систем за безготовинска наплата со платежна картичка преку GPRS безжичен ПОС терминал;
изјава за поседување на техничката опременост и оспособеност за имплементација
на системот, како и дополнителни мерки за осигурување квалитет на услугата со
обезбедена 24-часовна техничка поддршка иизјава на понудувачот за ангажиран технички персонал за имплементација на системот, без оглед на тоа дали тој персонал е вработен во банката, потпишана од страна на одговорно лице
Изјава на понудувачот дека ги исполнува технички услови наведени погоре во точка 2.3, потпишана од страна на одговорно лице
Модел на договор, потпишан од страна на одговорно лице
Рок за доставување на понуди
Рокот за поднесување на понудите изнесува 7 (седум) дена сметано од денот на објавување на повикот на официјалната интернет страна на Општина Куманово- xxx.xxxxxxxx.xxx.xx.
Понудите кои нема да бидат поднесени во предвидениот рок и кои што не ги содржат потребните елементи ќе бидат отфрлени.
Краен рок за поднесување на понудите е 14.05.2020 до 12:00 часот.
Понудите треба да бидат доставени во затворени писма со назнака НЕ ОТВАРАЈ.
Краен рок за поставување на прашања е 10.05.2020 година до 15:00 часот преку електронска пошта xxxxx-xxxxxxx@xxxxxxxx.xxx.xx.
Понудите треба да бидат доставени во Писарница на Општина Куманово на следната адреса:
За јавен повик за ПОС терминал
Општина Куманово
Одделение за јавни набавки
ул. „11 Октомври“ бб
1300, Куманово, Република Северна Македонија
Избор на најповолна понуда
За најповолна понуда ќе биде изберена понудата на оној понудувач кој понудил најнизок процент- провизија по поединечна извршена трансакција, прифаќајќи ги во целост условите предвидени во овој повик.
Понудите ќе бидат евалуирани од страна на Комисија назначена од Општина Куманово во рок од 7 дена од крајниот рок за доставување на понудите.
Сите учесници ќе бидат известени во писмена форма за резултатите од повикот, избраниот најповоленн понудувач и образложение за извршениот избор.
Договорен орган
Општина Куманово
Градоначалник
Xxxxxx Xxxxxxxxxxxx
_______________________
ОБРАЗЕЦ НА ПОНУДА
Xxxxx повик за прибирање понуди за склучување нефинансиски договор за наплата на административна такса со платежна картичка преку инсталирање ПОС терминал во Општина Куманово
П О Н У Д А
Дел
I – Информации за понудувачот
I.1.
Име на понудувачот:
___________________________________________________
I.2.
Контакт информации
-
Адреса:
_____________________________________________________________
-
Телефон:
___________________________________________________________
-
Факс:
______________________________________________________________
-
Е-пошта:
___________________________________________________________
-
Лице за контакт:
____________________________________________________
I.3.
Овластено лице:
_______________________________________________________
I.4.
Даночен број:
__________________________________________________________
I.5.
Матичен број:
__________________________________________________________
Дел
II- Финансиска понуда
II.Понудената
провизија од поеднинечна извршена
трансакција, вклучувајќи ги сите трошоци
и
попусти,
изразена во процент, изнесува:
_____________________________ [со
бројки]
(________________________________________________________)
[со букви], која
ќе биде наплатена од страна на граѓаните
(корисници на услугата).
II.1.
Го прифаќаме начинот на вршење на
наплатата на административната
такса,
начинот
на известувањето за извршените уплати
и времетраењето на трансакцијата,
утврдени
во јавниот повик.
II.2.
Со поднесување на оваа понуда, во целост
ги прифаќаме условите предвидени
во
јавниот
повик.
II.3
Кон понудата ги доставуваме следниве
документи:
дозвола за основање и работење на банката, издадена од гувернерот на Народна
банка на Република Северна Македонија;документ за регистрација издаден од Централниот регистар на Република Северна
Македонија.листа на јавни институции каде што е имплементиран соодветен систем за безготовинска наплата со платежна картичка преку GPRS безжичен ПОС терминал;
изјава за поседување на техничката опременост и оспособеност за имплементација
на системот, како и дополнителни мерки за осигурување квалитет на услугата со
обезбедена 24-часовна техничка поддршка иизјава на понудувачот за ангажиран технички персонал за имплементација на системот, без оглед на тоа дали тој персонал е вработен во банката, потпишана од страна на одговорно лице
Изјава на понудувачот дека ги исполнува технички услови наведени погоре во точка 2.3, потпишана од страна на одговорно лице
Модел на договор, потпишан од страна на одговорно лице
Понудувач
_________________
Одговорно лице
__________________
Потпис
__________________
Место и датум: