Contract
Инструкции за понудувачите
1.Договорен орган
1.1. Договорен орган е Центар за развој на Источен плански регион, со адреса на ул.,,Ванчо Прке” бр.119, кат 2, Штип,телефон за контакт 000-000-000, факс 000-000-000 web страна xxx.xxxxxxxxxx.xx .
1.3. Kонтакт лице во врска со техничките спецификации – проектната задача е Xxxxxxxx Xxxxxxxxx, телефон 000 000 000, електронска пошта: xxx@xxxxxxxx.xxx.xx .
2. Предмет на договорот
2.1 Предмет на договорот за набавка на консултантски услуги е: Изработка на Студија за статус на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерската документација.
2.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите составни делови. Во спротивно понудата ќе се смета за неприфатлива.
3. Постапка за избор на најповолен понудувач
3.1 Оваа постапка се спроведува согласно со Методологијата за спроведување на тендерски за Проектот Програма за зачувување на природата во Македонија.
4 Извор на средства
4.1. Средствата за реализација на Договорот за набавка на консултантски услуги кој е предмет на оваа постапка без вклучен ДДВ, а во рамките на Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија” финансиран од Швајцарската конфедерација, се обезбедени од Фармахем ДООЕЛ Скопје согласно склучениот Договор за спроведување на програмската активност „Изработка на студија за определување на статусот на пасиштата на територијата на Источен пласнки регион“ помеѓу Договорниот орган и Фармахем ДООЕЛ Скопје, наш бр. 0802-167/1 од 25.04.2016 година.
5.Начин на извршување на услугата, јазик на изработка на потребните документи, број и начин за доставување на изработените примероци
Носителот на набавката е должен услугата да ја изврши во согласност со техничките спецификации (проектната задача) дадени во прилог на оваа тендерска документација.
Студијата за статус на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница треба да биде изработена на македонски и англиски јазик, во печатена и електронска форма.
Бројот и начинот за доставување на изработените примероци кои носителот на набавката е обврзан да ги достави на Договорниот орган се:
• 30 (триесет) печатени примероци од Студијата на македонски јазик со дизајнирана корица;
• 30 (триесет) печатени примероци од Студијата на англиски јазик со дизајнирана корица;
• 30 (триесет) примероци од Студијата во електронска верзија (CD), на македонски јазик, со дизајнирано CD и опаковка и
• 30 (триесет) примероци од Студијата во електронска верзија (CD), на англиски, со дизајнирано CD и опаковка
Финалните документи треба да бидат лекторирани. Дизајнот и квалитетот на печатената и електронска верзија од Студијата за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница треба да се дефинираат по упатствата и препораките од Договорниот орган и Програмскиот тим за Координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија.
6. Рок за извршување на услугите
Носителот на набавката е должен да ги изврши услугите предмет на договорот, во рок од 6 месеци сметано од денот на потпишување на договорот за јавна набавка, согласно следнава динамика:
- Носителот на Набавката е должен до Договорниот орган да достави Нацрт Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, изработена според прифатената Методологија, во рок од 4 месеци сметано од денот на потпишување на Договорот за јавна набавка, која треба да биде одобрена од Договорниот орган и Програмскиот тим за координација на Програмата за зачувување на природата во Македонија, пред да се пристапи кон изработка на Финална верзија на Студијата,
- Финална Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, во рок од 6 месеци сметано од денот на потпишување на Договорот за јавна набавка, согласно точка 3. од тендерската документација.
Секоја понуда со поинаков рок на извршување од утврдениот во оваа тендерска документација, ќе биде отфрлена како неприфатлива.
7. Разлики во цена (корекција на цени)
Не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
8. Авансно плаќање
8.1 За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно плаќање.
9. Начин на плаќање
Плаќањето на услугата која е предмет на овој договор, ќе се врши на следниов начин:
- со доставување на прва фактура со периодичен извештај за напредокот на проектот, најдоцна во рок од 5 (пет) календарски дена по изминување на 3 месеци сметано од денот на потпишување на договорот за јавна набавка, на вредност соодветна на процентот на сработеното, но најмногу до 30 % од вкупната вредност на Договорот,
- со доставување на втора фактура со периодичен извештај за напредокот на проектот и Нацрт Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, изработена според прифатената Методологија, најдоцна во рок од 5 (пет) календарски дена по изминување на 4 месеци сметано од денот на потпишување на договорот за јавна набавка, на вредност соодветна на процентот на сработеното, но не повеќе од 50% од вкупната вредност на договорот за јавна набавка, и
- со доставување на конечна фактура со завршен извештај за спроведување на проектот и Финална Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница согласно точка 3. од тендерската документација, најдоцна во рок од 6 месеци сметано од денот на потпишување на Договорот за јавна набавка.
Договорниот орган на Носителот на набавката ќе му ја исплати фактирирана вредност, без ДДВ, најдоцна во рок од 15 (петнаесет) дена сметано од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган.
Проектот ,,Програма за зачувување на природата во Македонија” во рамките на кој се реализира оваа програмска активност е финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка и е регистриран во Централната база на податоци на Република Македонија за странска помош (CDAD). Во Договорот помеѓу Владата на РМ и Владата на Швајцарската конфедерација стои клаузулата дека донираните средства не можат да се користат за плаќање на јавни давачки во РМ, па според тоа проектот е ослободен од ДДВ и вредноста на договорот за јавна набавка, на носителот на набавката од страна на Договорниот орган ќе му биде исплатена без вклучен ДДВ.
За донацијата соодветно се применуваат одредбите од Правилникот за начинот на спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет на добра и услуги наменети за реализација на прокт кеој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеѓу РМ и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци, на Министерство за финансии со бр.20-21842/1 од 27.06.2014 г. објавен во Сл.весник на РМ бр.98/2014 и Правилникот за начинот на спроведување на ослободување од плаќање на увозни давачки, данок на додадена вредност и акцизи при увоз на добра-стоки наменети за реализација на проект кој се финансира со парични средства добиени врз основа на договор за донација, склучен помеѓу РМ и странски донатори, во кој договор е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат увозни давачки, даноци и акцизи како и формата и содржината на Барањето за остварување на ослободувањето како и потребната документација, на Министерство за финансии со бр.20-21843/1 од 27.06.2014 г. објавен во Сл.весник на РМ бр.98/2014.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од оној утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за јавни набавки.
10. Договорна казна
Носителот на набавката ќе му плати на Договорниот орган определен паричен износ (договорна казна), ако:
- не ја исполни својата обврска или
-задоцни со нејзиното исполнување или неуредно ја исполни.
Во случај на доцнење со извршување на услугите предмет на Договорот, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна.
Договорната казна изнесува 1 ‰ (промил) од вкупната вредност на овој Договор за секој ден задоцнување, со тоа што износот на така определената договорна казна не може да премине 5 % (проценти) од вкупната вредност на Договорот за јавна набавка. Договорната казна се пресметува додека Xxxxxxxxx на набавката не ги изврши услугите, односно обврските предмет на Договорот.
Кога Xxxxxxxxx на набавката доцни со исполнување на предметот на Договорот, потребно е Договорниот орган веднаш по приемот на исполнувањето на обврските да му врачи на Носителот на набавката писмено известување дека Договорниот орган го задржува правото на договорна казна.
Договорниот орган не може да бара договорна казна поради задоцнување ако го примил исполнувањето на обврската, а без одлагање не му соопштил на Носителот на набавката дека го задржува своето право на договорна казна.
Договорната казна изнесува 5 % (проценти) од вкупната вредност на Договорот за јавна набавка, во случај на неисполнување на обврската на Носителот на набавката.
Во случај на неисполнување на обврската, Договорниот орган може да бара или исполнување на обврската или договорна казна.
Договорниот орган го губи правото да бара исполнување на обврската ако побарал исплата на договорната казна.
Кога казната е договорена за случај да се задоцни со исполнувањето на обврската или неуредното исполнување, може да бара и исполнување на обврската и договорна казна.
Договорниот орган има право да бара договорна казна и кога нејзиниот износ ја надминува висината на штетата што ја претрпел, како и кога не претрпел никаква штета.
Ако штетата што ја претрпел Договорниот орган е поголема од износот на договорната казна, тој има право да бара разлика до целосниот надомест на штетата.
11. Право на учество
11.1 Понудувачите (или стручно лице/стручни лица од тимот на понудувачот) што имаат една или повеќе негативни препораки, како и групите понудувачи (или стручно лице / стручни лица од тимот на понудувачот) со негативна препорака, немаат право на учество или ќе бидат изземени од процесот. Негативните препораки може да се дадат или од страна на донаторот или од државната установа за јавни набавки.
11.2 Право да достави понуда има секое заинтересирано правно лице од Македонија регистрирано за услуги поврзани со темата на тендерот и кое преземало документација за Јавен повик.
11.3 Право да достави понуда има и група на понудувачи без обврска за здружување во соодветна правна форма. Договорниот орган нема да бара од групата на понудувачи да се здружи во посебна правна форма доколку истата биде избрана за носител на набавката
11.4. Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци: членот на групата кој ќе биде
носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата, членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавен повик, членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата, краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
11.5. Сите членови на групата на понудувачи се поединечно и солидарно одговорни пред договорниот орган за извршување на своите обврски. Договорниот орган ќе комуницира со претставникот на групата на понудувачи.
11.6 Понудувачот во рамките на иста постапка за доделување на договор може да учествува само во една понуда. Понудувачот не смее да биде подизведувач во друга понуда во истата постапка за доделување договор. Членовите на тимот стручни лица имаат право да учествуваат само во една понуда во иста постапка за доделување договор. Понудите што нема да го почитуваат ова правило ќе бидат одбиени.
11.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за доделување на договорот.
12. Трошоци за поднесување на понуда
12.1 Понудувачот ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со поднесувањето на понудата, а договорниот орган нема одговорност за тие трошоци без оглед на исходот од постапката за доделување на договорот.
13. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
13.1. Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
Критериум економски најповолна понуда 100 бодови Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
1) Карактеристики на квалитет (Техничка понуда) 70 бодови
2)Цена (Финансиска понуда) 30 бодови
13.2. Елемент 1: Карактеристики на квалитет (Техничка понуда) 70
бодови
Поделементи на елементот 1 се:
Поделемент 1: Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот 50 бодови
Поделемент 2: Пристап, методологија и временска рамка/динамика за изработка на Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, односно за исполнување на
проектните задачи 20 бодови
За поделементот 1 Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот се утврдени вкупно 50 бодови кои се распределуваат на клучните експерти на следниов начин:
• Тим лидер - експерт по земјоделство - пасишта (Клучен експерт бр.1) 10 бодови
Поделементи:
1. да има учествувано во реализација на минимум 3 (три) проекти во областа на земјоделството со задачи релевантни и адекватни на оние за кои се предлага (тим лидер, главен координатор, раководител на проекти или тим на експерти x
слично) -4 бодови
2. да има учествувано во минимум 3 (три) проекти од областа на земјоделството, животната средина, природата или одржливиот развој, финансирани од странски донатори 3 бодови
3.Учество во минимум 1 (еден) проект од областа на пасишта 3 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
• Експерт за земјоделство - земјоделски култури (Клучен експерт бр.2) 8 бодови
Поделементи:
1.Учество во најмалку 5 (пет) проекти од областа на земјоделството
/земјоделски култури -4 бодови
2.да има учествувано во минимум 3 (три) проекти од областа на земјоделството, финансирани од странски донатори 4 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
• Експерт за земјоделство - сточарство (Клучен експерт бр.3) ---
------------------------------------------------------------------------------8 бодови
Поделементи:
1.Учество во најмалку 5 (пет) проекти од областа на
земјоделството/сточарство 4 бодови
2.да има учествувано во минимум 3 (три) проекти од областа на земјоделството/сточарство, финансирани од странски донатори 4 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
• Експерт за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4) 8 бодови
Поделементи:
1.Учество во најмалку 5 (пет) проекти од областа на, земјоделство, заштита на биолошката разновидност и/или природата 4 бодови
2.да има учествувано во минимум 2 (два) проекти од областа на животната средина и земјоделството, финансирани од странски донатори 4 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
• Експерт за шумарство (Клучен експерт бр.5) 8 бодови
Поделементи:
1.Учество во најмалку 5 (пет) проекти од областа на шумарството, заштита на биолошката разновидност или природата 4 бодови
2.Учество во минимум 2 (два) проекти од областа на шумарството кои се финансирани од странски донатори 4 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
Експерт за ГИС (Xxxxxx експерт бр.6) 8 бодови
Поделементи:
- Учество во најмалку 2 (два) проекти од областа на земјоделството, заштита на животната средина, проучување и заштита на биолошката разновидност и/или природата со задачи
од областа на ГИС 4 бодови
- Учество во најмалку 1 (еден) проект од областа на земјоделството, заштита на животната средина, проучување и заштита на биолошката разновидност и/или природата со задачи од областа на ГИС кој е финансиран од странски донатор-----------
4 бодови
Напомена: Доколку не е исполнет минималниот услов понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива и нема да се разгледува во понатамошната постапка на евалуација на понудите.
Доказ: биографија со референтна листа на проекти
Напомена:
Едно исто лице може да се предложи за вршење на само една задача. Во спротивно, понудата на понудувачот ќе биде отфрлена како неприфатлива.
Формула за пресметка на бодови за поделементите на клучните експерти
Вкупен валидно докажан број на на барани роекти | Максимален број на бодови за поделемент на клучен експерт | ||
x | |||
Број на бодови за поделемент на клучен експерт | = | Максимален вкупен валидно докажан број на барани проекти (од сите понудувачи) |
Пресметување на бодовите за секој клучен експерт се врши со собирање на добиените бодови за поделементите на клучниот експерт.
Пресметувањето на бодовите за поделементот 1 (на елементот 1): Квалификациите и искуството на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот се врши со собирање на добиените бодови за сите 6 клучни експерти.
За Поделементот 2: Пристап, методологија и временска рамка/динамика за изработка на Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, односно за исполнување на проектните задачи се утврдени вкупно 20 бодови
Доказ: Доставен Пристап, методологија и временска рамка/динамика за изработка на Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница
Начинот на евалуирање (доделување и пресметување на бодовите) на поделементот 2, ќе зависи од објективното квалитативното и квантитативното оценување, од обемот на покривање на студијата-број на области, степен на разработеност на решение и методологија на показатели, со јасно дефинирани техники и алатки кои се планира да се применат, од квалитативното оценување и квантитатино оценување на дефинираните одредници по кои може да се следи самата изработка на Студијата, од објективноста на предложената динамика и од нејзината корелација со дефинираните рокови за изработка на Студијата во техничките спецификации-проектната задача прилог на тендерската документација за конкретната набавка.
Пресметување на бодовите и евалуирањето на Елементот 1: Карактеристики на квалитет-Техничка понуда се врши со собирање на добиените бодови за Поделементот 1 и Поделементот 2 на Елементот 1.
13.3. За елементот цена ( Финансиска понуда) се утврдени вкупно 30 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови (максималниот утврден) ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска понудена цена (без ДДВ)
X максимален број бодови
Понудена цена (безДДВ)
• Во текот на евалуацијата на критериумите за доделување договор, секој член на Комисијата за евалуација ќе ја бодува секоја понуда посебно. Конечниот резултат од бодувањето на секоја понуда ќе биде просекот од бодови дадени од страна на секој оценувач за таа понуда.
• Најпрво ќе се оценува техничката понуда, која доколку не освои минимум 50 бодови од можните 70 бодови, ќе се изземе од постапката и нема да се продолжи кон оценување на финансиската понуда.
• Ако има две или повеќе понуди со исти вкупни бодови, тогаш договорот ќе и биде доделен на понудата што добила најмногу бодови за елементот 1 од критериумот - економски најповолна понуда.
• Ако има две или повеќе понуди со исти вкупни бодови и исти бодови за за елементите од критериумот - економски најповолна понуда, тогаш договорот ќе и биде доделен на понудата што била доставена прва.
14. Спречување на судир на интереси
14.1 Изведувачот не смее, при извршување на договорот, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
14.2 Во постапката за доделување договор, членовите на евалуационата комисија, како и одговорното лице потпишуваат изјава за непостоење судир на интереси.
14.3 Во случај на судир на интереси кај членовите на Евалуационата комисија, истите се повлекуваат од работа на комисијата и се заменуваат со други лица.
15. Појаснување, измена и дополнување на тендерската документација
15.1 Секое барање, информација и објаснение за тендерската документација и други документи во процесот може, преку електронска пошта, да се испрати на Центарот за развој на источен плански регион (ЦРИПР). ЦРИПР ќе одговори во рок од 5 дена од приемот на пораката, и истовремено одговорот ќе го објави на web страната на Договорниот орган xxxx://xxxxxxxxxx.xx и web stranata na ПЗП xxxx://xxxxxxxxxx-xxx.xx/?xxxxxxx.
15.2 Центарот за развој на Источен плански регион, како договорен орган, го задржува правото најдоцна 5 дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, по свое наоѓање или врз основа на прашања за објаснување поднесени од страна на понудувачите, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, која ќе ја објави на ист начин како и претходната тендерска документација – јавен повик.
16. СПОСОБНОСТ НА ПОНУДУВАЧИТЕ
16.1 Со понудата понудувачот задолжително треба да достави придружна документација со која ќе ги докаже:
- личната состојба,
- способноста за вршење професионална дејност,
- техничката или професионалната способност
16.2 Бараната документација се поднесува во оригинал или во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“.
16.3. Поднесување дополнителни документи по истекувањето на рокот не се прифаќа.
16.4. Доколку има потреба, Комисијата за евалуација може да побара појаснувања за понудата. Барањето мора да се испрати по електронска пошта, а одговорот на понудувачот мора да биде одговор директно до испраќачот.
16.5. Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат својата лична состојба и способноста за вршење професионална дејност.
16.6. Лична состојба
16.6.1 Договорниот орган ќе го исклучи од постапката за доделување на договор за јавна набавка секој економски оператор:
- на кој во последните 5 години му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
- кој има неплатени даноци, придонеси и други јавни давачки, освен ако на економскиот оператор му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
- на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
- на кој му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- на кој му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- кому му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност,
- кому му е изречена привремена забрана за вршење одделна дејност и
- кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги барал договорниот орган.
16.6.2. За докажување на својата лична состојба, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
- изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари;
- потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган;
- потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган;
- потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена привремена забрана за вршење одделна дејност.
16.6.3 Документите од подточка 16.6.2. не смеат да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад.
16.7. Способност за вршење на професионална дејност
16.7.1 За да ја докаже способноста за вршење на професионална дејност, економскиот оператор треба да достави документ за регистрирана дејност (ДРД образец /Потврда за регистрирана дејност за кој во РМ надлежен орган за издавање е Централен регистар на РМ и истиот не треба да е постар од 6 месеци сметано од крајниот рок за доставување на понудите наназад / во оригинал или копија заверена од понудувачот со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот”) како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа
на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
16.8 Техничка или професионална способност
16.8.1 За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
16.8.1.1. Потребни квалификации на економскиот оператор
Да има успешно реализирани/изработени минимум 5 (пет) проекти од областа на земјоделството или биодиверзитетот.
16.8.1.2. Достапност на лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот
Економскиот оператор да има вработено или ангажирано лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, за кои лица економскиот оператор треба да се обезбеди дека нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на овој договор за јавна набавка, и тоа лица кои ќе ги покриваат минимум следниве области, односно ќе ги вршат следниве задачи:
• Тим лидер – експерт за земјоделство -пасишта (Клучен експерт бр.1),
• Експерт за земјоделство - земјоделски култури (Клучен експерт бр.2),
• Експерт за земјоделство -сточарство (Клучен експерт бр.3),
• Експерт за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4)
• Експерт за шумарство (Клучен експерт бр.5)
• Експерт за ГИС (Клучен експерт бр.6).
Едно исто лице може да се предложи за вршење на само една задача. Во спротивно, понудата на понудувачот ќе биде отфрлена како неприфатлива.
16.8.1.3. Образовни и професионални квалификации на лицата одговорни за реализација на предметот на набавката:
Тим лидерот (експертот за земјоделство - пасишта, клучен експерт 1), експертот за земјоделство – земјоделски култури (клучен експерт бр.2) и Експертот за земјоделство - сточарство (клучен експерт 3) треба да имаат образование минимум доктори на земјоделски науки.
Експертот за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4) и експертот за шумарство (Клучен експерт бр.5) треба да имаат образование минимум магистри во соодветните области (магистер на биолошки науки и магистер на шумарски науки).
Експертот за ГИС треба да има завршено минимум високо образование од областа на географија, информатика, технолошки науки, машински и електротехнички науки, шумарски, биолошки, земјоделски науки, заштита на животната средина или слични области.
16.8.2 Економскиот оператор го докажува исполнувањето на минималните услови од подточка 16.8.1 со доставување на:
16.8.2.1. Референтна листа на економскиот оператор (заверена и потпишана од економскиот оператор) за извршени услуги/ реализирани проекти од областа на земјоделството или биодиверзитетот, со датуми, купувачи/приматели на услугите,
- со задолжително доставување на потврди за успешно реализирани/изработени минимум 5 (пет) проекти од областа на земјоделството или биодиверзитетот, потврди издадени од примателите на услуги (копии заверени од понудувачот со печат и потпис на одговорното лице, назнака “Верно на оригиналот”).
16.8.2.2. Изјава заверена и потпишана од понудувачот за лица кои ќе бидат одговорни за реализација на предметот на набавка, односно за извршување на задачите предмет на договорот, и тоа за лица кои ќе ги покриваат минимум следниве области, односно ќе ги вршат следниве задачи:
• Тим лидер – експерт за земјоделство - пасишта (Клучен експерт бр.1),
• Експерт за земјоделство - земјоделски култури (Клучен експерт бр.2),
• Експерт за земјоделство -сточарство (Клучен експерт бр.3),
• Експерт за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4)
• Експерт за шумарство (Клучен експерт бр.5)
• Експерт за ГИС (Клучен експерт бр.6).
Задолжително назначување во изјавата:
⮚ На улогата која ќе ја имаат лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот за јавна набавка. Доколку економскиот оператор, покрај бараниот минимум, предложи и други лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор, во изјавата да даде краток опис на задачите кои ќе им бидат доделени за реализација на предметот на набавка,
⮚ Со назначување во изјавата дека лицата одговорни за извршување на задачите предмет на договорот ќе бидат ангажирани и достапни за цело времетраење на договорот со генералии на ангажираното лице,
⮚ Со назначување во изјавата дали предложените лица се вработени кај понудувачот или се ангажирани;
⮚ Со назначување во изјавата дека предложените лица за извршување на задачите предмет на договорот економскиот оператор се обезбедил дека се исклучиво ангажирани од него за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот за јавна набавка, во спротивно економскиот оператор прифаќа неговата понуда да биде отфрлена како неприфатлива,
Образецот на Изјава е даден како Прилог II.
16.8.2.3. Универзитетски дипломи или Уверенија за положени испити за тимот експерти за бараните образовни квалификации во точка 16.8.1.3..
Универзитетските дипломи или Уверенијата за положени испити се доставуваат во копија заверена од економскиот оператор со печат и со потпис на одговорното лице, со назнака “Верно на оригиналот“).
16.8.2.4 Техничката и професионалната способност на економскиот оператор може да биде поддржана од друг субјект, без оглед на правните врски меѓу економскиот оператор и тој субјект. Ако економскиот оператор ја докажува својата техничка и професионална способност повикувајќи се на поддршката од друг субјект тој е должен да ја докаже поддршката со xxxxxxx доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање на економскиот оператор соодветните технички и професионални ресурси. Против субјектот кој ја обезбедува техничка или професионална поддршка не смее да е изречена правосилна пресуда за учество во криминална организација, корупција, измама или за перење на пари.
16.8.2.5. Ако економски оператори поднесат понуда како група на економски оператори, техничката и професионалната способност се докажува со земање предвид на ресурсите на сите членови на групата. Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдува согласно напред наведеното.
17. ПОДГОТОВКА И ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
17.1 Содржина на понудата
17.1.1 Понудата треба да биде подготвена врз основа на оригиналната тендерска документација и се состои од следниве елементи:
- пополнет образец на Понуда составен од I. ОПШТ ДЕЛ, II. ТЕХНИЧКА ПОНУДА И III. ФИНАНСИСКА ПОНУДА;
- Документи за утврдување на личната состојба наведени во подточка 16.6.2 од тендерската документација;
- документи за утврдување на способноста за вршење на професионална дејност наведени во точка 16.7.1 од тендерската документација
- докази за утврдување на техничката или професионалната способност наведени во подточка 16.8.2 од тендерската документација
- документи/докази потребни за евалуација на техничката понуда наведени во точка 13.2. (биографии со референтни листи на проекти за сите 6 клучни експерти и Пристап, методологија и временска рамка/динамика за изработка на Студија за статусот на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница)
- ЦД од понудата.
17.2 Јазик на понудата
17.2.1 Понудата, како и целата кореспонденција и документи поврзани со понудата се доставува на македонски јазик.
17.3 Цена на понудата
17.3.1 Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на понудувачот, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно.
17.3.2 Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
17.4 Валута на понудата
17.4.1 Цената на понудата се изразува во денари.
17.5 Период на важност на понудата
17.5.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 (сто и дваесет) дена од денот определен како краен датум за поднесување на понудите. Доколку денот определен како краен датум за поднесување на понудите е неработен, периодот на важноста на понудата се смета од наредниот работен ден. Понудите кои содржат покус период на важност од оној утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
17.6 Форма и потпишување на понудата
17.6.1 Понудувачот подготвува еден оригинален примерок во писмена форма и еден електронски примерок (CD) од понудата спакувани во коверт. Понудата се пишува со неизбришливо мастило и ја потпишува одговорното лице на понудувачот или овластено лице од страна на понудувачот.
17.7 Краен рок и место за поднесување на понудите
17.7.1 Краен рок за доставување на понудите е 10.06.2016 година, во 12:00 часот.
17.7.2 Понудите се поднесуваат на следнава адреса: Центар за развој на Источен плански регион, со адреса на ул. Ванчо Прќе, бр.119, кат 2, Штип, со назнака "За Јавен повик бр.0507-189/2/2016".
17.7.3 Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите, се отфрла како задоцнета и истата ќе му биде вратена на понудувачот неотворена.
17.8 Алтернативни понуди
17.8.1 Во оваа постапка за доделување на договор не се дозволени алтернативни понуди.
18. ОТВОРАЊЕ И ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
18.1 Отворање на понудите
18.1.1 Отварањето на понудите нема да биде јавно.
18.2 Евалуација на понудите
18.2.1 Комисијата за евалуација ги оценува понудувачите и понудите врз основа на следниов модел:
ФОРМАЛНИ БАРАЊА (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Понуда поднесена во бараниот рок | Да/Не |
Комплетна понуда согласно точка 17.1.1 | Да/Не |
КРИТЕРИУМИ ЗА СООДВЕТНОСТ (ЕЛИМИНАЦИОНИ) | |
Докази за лична состојба | Да/Не |
Докази за способност за вршење професионална дејност | Да/Не |
Докази за исполнување на техничка и професионална способност | Да/Не |
КРИТЕРИУМ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ДОГОВОР-начинот на евалуација е објаснет во точка 13 |
• Предлог одлуката за избор на најповолен понудувач за тендерите ја дава Комисијата за евалуација, и истата се испраќа заедно со извештајот од евалуацијата до Швајцарска канцеларија за соработка во Македонија заради можни забелешки. Ако Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија не се согласува со предлог одлуката дадена од страна на Комисијата за евалуација, Комисијата за евалуација ќе мора повторно да ги евалуира понудите и да даде предлог за нов најдобар понудувач. Конечната одлука за избор на најповолен понудувач после одобрување од Швајцарската канцеларија за соработка во Македонија ја донесува одговорното лице на институцијата (партнерот).
18.2.2 И да пристигне една понуда, доколку ги задоволува потребните критериуми, истата ќе биде земена предвид.
18.2.3 Избраниот понудувач ќе биде запознаен со конечната одлука по писмен пат, во рок од 5 дена од донесувањето на одлуката.
18.2.4 Понудувачите што не биле одбрани исто така ќе бидат запознаени по писмен пат, по потпишување на договорот со избраниот понудувач.
18.2.5 Не постои право на жалба.
18.2.6 Информацијата за избраниот извршител ќе биде објавена на интернет страницата на договорниот орган и на web страната на Програма за зачувување на природата во Македонија.
18.3 Доверливост на процесот на евалуација на понудите
18.3.1 Ниту една информација во врска со разгледувањето, оценката и споредбата на понудите во процесот на евалуација нема да им се откријат на понудувачите или на кои било други лица што не се службено вклучени во тој процес.
18.4 Појаснување на понудите
18.4.1 Поднесување дополнителни документи по истекувањето на рокот не се прифаќа.
18.4.2. Доколку има потреба, Комисијата за евалуација може да побара појаснувања за понудата. Барањето мора да се испрати по електронска пошта, а одговорот на понудувачот мора да биде одговор директно до испраќачот.
18.5 Исправка на аритметички грешки
18.5.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
- ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови.
- ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
18.5.2 Комисијата за евалуација ќе ги коригира грешките во понудата според опишаната постапка и исправката на аритметичките грешки ќе се смета обврзувачка за понудувачот.
19. ДОДЕЛУВАЊЕ И СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
19.1 Договорниот орган, по донесување на конечната одлука за избор на најповолен понудувач, договорот му го доделува на понудувачот чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно која ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економски најповолна понуда.
19.2 Договорниот орган ќе го достави договорот до избраниот најповолен понудувач во 6 (шест) примероци на потпишување.
19.3 Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот во рок од 7 (седум) календарски дена од денот на добивање на договорот и истиот да му го врати на договорниот орган. Договорниот орган презема обврска на избраниот најповолен понудувач да му го испрати потребниот број на примероци од договорот откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
19.4 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 19.3 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот.
Технички спецификации
[меморандум на понудувачот]
Прилог 1 – Образец на понуда
Врз основа на јавниот повик број 0507-189/2/2016, за доделување на договор за набавка на конултантски услуги: Студија за статус на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
1.5. ЕМБС:
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Дел II – Техничка понуда
II.1.Согласни сме да ги понудиме следниве консултантски услуги: Дадени во техничките спецификации – Проектна задача за Студија за статус на пасиштата во ИПР и деловите кои гравитираат кон сливот на реката Брегалница, составен дел на овој јавен повик.
II.2. Ги прифаќаме начинот на извршување на услугата, јазик на изработка на потребните документи, број и начин за доставување на изработените примероци утврдени во јавниот повик.
II.3. Ги прифаќаме рокот за извршување на услугата утврден во јавниот повик.
II.4. Ја прифаќаме договорната казна.
II.5. Согласно подточка 13.2. од јавниот повик - тендерската документација ја доставуваме документацијата со која располагаме, а која е потребна за евалуација на техничките понуди.
II.6. Нашата техничка понуда е обврзувачка за нас.
II.7. Со поднесување на оваа понуда, Изјавуваме дека ги разбираме и во целост ги прифаќаме сите услови и барања во објавениот повик и техничките спецификации.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Дел III – Финансиска понуда
III.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, изнесува: [со бројки]
( ) [со букви]
денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува денари.
Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, со вклучен ДДВ, изнесува: [со бројки]
[со букви] денари.
III.2. Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација.
III.3. Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација-јавниот повик.
III.4. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во јавниот повик.
III. 6. Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во јавниот повик.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |
Прилог II – Образец на Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот
Изјава за лица одговорни за извршување на задачите предмет на договорот по јавен повик бр.0507-189/2/2016
Изјавувам дека од
(назив на понудувачот)
за реализација на предметот набавката по јавен повик бр.0507-189/2/2016, односно за извршување на задачите предмет на договорот за изработка на Студија за статус на пасиштата во ИПР, ќе бидат одговорни следниве лица:
1) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Тим лидер –
експерт за земјоделство -пасишта (Клучен експерт бр.1).
2) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Експерт за земјоделство - земјоделски култури (Клучен експерт бр.2).
3) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Експерт за земјоделство -сточарство (Клучен експерт бр.3).
4) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Експерт за биодиверзитет (Клучен експерт бр.4).
5) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
! Дополнително предложени лица, не значи дека
економскиот
оператор ќе се
здобие поголема предност однос
економските
со
во на
оператори што ги исполнуваат во помал обем минималните критериуми
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Експерт за
шумарство (Клучен експерт бр.5).
6) , вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице) (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача Експерт за ГИС (Клучен експерт бр.5).
!
Доколку економскиот оператор смета за потребно, покрај горенаведените лица потребни за докажување на исполнување на бараниот минимум, може да предложи и други лица кои ќе бидат одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, без оглед на тоа дали тие непосредно му припаѓаат на економскиот оператор, при што во изјавата се додаваат вакви полиња за секое од дополнително предложените лица:
, вработен/ангажиран во нашата институција, ќе биде
(име и презиме на назначеното лице (да се заокружи дали е вработен или ангажиран)
одговорен за реализација на предметот на набавката, со задача
.
(да се даде краток опис на задачите кои ќе му бидат доделени).
Во спротивно вакви полиња не се пополнуваат!
Горенаведените лица, одговорни за извршување на задачите предмет на договорот, ќе бидат ангажирани и достапни за цело времетраење при реализација на договорот.
Предложените лица за извршување на задачите предмет на договорот
се обезбеди дека се исклучиво
(назив на понудувачот)
ангажирани само од него за оваа цел и нема да бидат ангажирани од друг економски оператор за извршување на задачите предмет на конкретната набавка, односно нема да учествуваат во друга понуда за извршување на задачите предмет на договорот за јавна набавка, во спротивно прифаќаме Нашата понуда да биде отфрлена како неприфатлива.
Место и датум | Одговорно лице (потпис и печат) |