Услови за користење на KomPay мобилна апликација
Услови за користење на KomPay мобилна апликација
Со овие услови се утврдуваат правилата и условите за користење на KomPay мобилната апликација за плаќање.
1. Дефиниции:
• Банка - Комерцијална банка АД Скопје. (седиште: Орце Николов бр.3, 1000 Скопје).
• KomPay мобилна апликација - софтвер што го обезбедува Xxxxxxx за Корисникот, кој може да се преземе од Google Play Store и може да се користи по инсталацијата и регистрацијата.
• Инсталација и регистрација на мобилната апликација - овозможување на користење на апликацијата од страна на Kорисникот по нејзино преземање, при што Kорисникот ги прифаќа овие услови за користење, а потоа дава адреса за електронска пошта, на која Банката испраќа код за верификација, поставува ПИН за KomPay со помош на кој Kорисникот се најавува во апликацијата KomPay.
• Најавување на мобилната апликација KomPay - влез во мобилната апликација KomPay од страна на Kорисникот, со внесување на поставениот ПИН во рамки на претходно извршената регистрација.
• Корисник - физичко лице – клиент на кое Банката му издава банкарска картичка според условите утврдени во Договорот за издавање и користење на банкарска картичка, склучена со Kорисникот, односно според условите утврдени во Општите услови за издавање и користење на дебитна и кредитна картичка.
• Мобилен уред - мобилен телефон (смартфон) или било кој друг уред со параметри наведени во овие услови, на кој Корисникот може да ја регистрира и да ја користи KomPay апликацијата.
• Активна интернет конекција – безжична интернет врска на мобилниот уред, која може да биде и Wi-Fi конекција.
• Google Play Store – Google Inc. платформа овозможена од Google и наменета за превземање на апликации за мобилни уреди базирани на Android оперативниот систем.
• NFC – “Near Field Communications” технологија која овозможува бесконтактен пренос на податоци помеѓу два уреди на мало растојание.
• E-mail адреса – електронска адреса на која се праќаат и од која се примаат пораки по електронски пат.
• ПИН за KomPay - нумеричка низа одредена од страна на Корисникот која се користи за негова идентификација при секоја најава и плаќање со мобилната апликација KomPay.
• Банкарска картичка – дебитна или кредитна картичка издадена од страна на Банката, која Корисникот има право да ја користи на начин и под услови утврдени во Договорот за издавање и користење на банкарска картичка, односно Општите услови за издавање и користење на дебитна и кредитна картичка.
• Договор за банкарска картичка - Договор за издавање и користење на банкарска картичка (дебитна и кредитна) склучен помеѓу Корисникот и Банката.
• Општи услови за банкарска картичка – Општи услови за издавање и користење на банкарска картичка кои Корисникот ги добива со подигнувањето на банкарската картичка.
• Дигитализирана банкарска картичка - дигитализирана верзија на банкарска картичка на мобилен уред, која е овозможена од страна на Банката и која
Корисникот има право да ја користи согласно условите за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay.
• Услови за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay - Општи услови за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay со кои се утврдуваат правилата и условите за користење на дигитализирани банкарски картички преку апликацијата KomPay, и кои Корисникот во секое време може да ги зачува или испечати од веб-страницата xxx.xx.xxx.xx, или да ги добие во печатена форма во било која експозитура на Банката.
• Корисничко упатство – Упатство во кое детално е опишан начинот за преземање и користење на мобилната апликација KomPay, како и начинот на нејзино функционирање.
• Тарифа на надоместоци – Одлука за тарифата на надоместоци за услугите кои ги врши Банката со која се регулирани сите задолжувања за износот на трансакциите, провизиите, членарините и надоместоците кои настануваат со користењето на банкарската картичка и нејзината дигитализираната верзија.
2. KomPay мобилна апликација за плаќање
• Kom Pay мобилната апликација е софтверско решение обезбедено од страна на Банката, кое овозможува користење на смартфон за плаќање со банкарска картичка во дигитализирана форма..
• Софтверот што е во сопственост на Банката е предмет на заштитени авторски права, а Xxxxxxxxxx може да го користи само на начин и под услови утврдени во овие услови.
• Банката на Корисникот му ја става на располагање најновата верзија на мобилната апликација, обезбедувајќи можност да ја преземе од Google Play Store, доколку корисникот има активна интернет конекција.
• Банката не е одговорна за обезбедување на услугата за плаќање или за било каква грешка, недостаток или штета што се појавува при нејзиното функционирање, доколку Корисникот ја преземал KomPay мобилната апликација од друг извор.
• Мобилната апликација може да се преземе и да се користи на мобилен уред со параметрите наведени во Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација KomPay, под услови наведени во овој документ.
3. Услови за користење на мобилната апликација
• За да може да се користи мобилната апликација KomPay, потребно е да бидат исполнети следните услови:
- да поседува активна картичка издадена од Банката;
- да поседува мобилен уред кој работи на Android платформа, верзија од 4.4 па повисока, со NFC технологија;
- да ја преземе последната верзија на KomPay мобилната апликација;
- да обезбеди активна интернет конекција;
- да ја активира NFC опцијата на својот мобилен уред;
-да ја регистрира својата e-mail адреса на која Xxxxxxx ќе му испрати код за верификација и да постави ПИН за KomPay.
Без да се исполнат погоре споменатите услови, мобилната апликација нема да може да се користи.
• За користењето на одредени функции на KomPay апликацијата потребна е активна интернет конекција.
Корисникот е одговорен за обезбедување на активна интернет конекција на свој трошок.
Банката не сноси одговорност за евентуални прекини или намалување на брзината на интернет конекцијата, или за нефункционирањето на мобилната апликација доколку мобилниот уред нема интернет конекција во одреден момент. Функциите за кои е потребна активна интернет конекција се наведени во Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација KomPay.
• KomPay апликацијата може да се користи доколку Корисникот успешно се регистрира и се најави на неа по нејзиното преземање.
• По успешна најава на мобилната апликација KomPay, Корисникот може да иницира дигитализација на сопствените картички на начин и под услови утврдени во условите за користење на дигитализирани банкарски картички преку мобилната апликација KomPay.
• Банката има право еднострано да врши промени на функциите за плаќање на KomPay, вклучувајќи го и отстранувањето на одредени функции и воведувањето на нови функции. За секоја промена Банката ги информира корисниците со објаснување на промените за секоја нова верзија на апликацијата објавена на Google Play Store.
• Корисникот ја користи мобилната апликација KomPay на сопствен ризик и одговорност.
• При користење на мобилната апликација KomPay, прифаќањето на подесувањата или друга модификација за која е потребна активна интернет конекција се обврска, ризик и одговорност на Корисникот, и истите се сметаат за прифатени од Банката само кога тие ќе станат видливи во мобилната апликација KomPay.
• Банката има право на еднострано менување на условите за користење на мобилната апликација KomPay, во согласност со новите или изменети законски одредби.
• Банката има право да ја измени, привремено суспендира или да ја прекине апликацијата KomPay без претходна најава.
Банката го известува Корисникот за настанатата модификација, суспензија или прекинување со порака испратена на e-mail адресата или на изводот од платежна сметка во денари, односно изводот од кредитна картичка. Xxxxxxx не е обврзана да го извести Корисникот доколку суспензијата или престанокот е резултат на виша сила, преземените мерки од страна на надлежните органи или обврска пропишана со закон.
• Xxxxxxx го задржува правото да го ограничи работењето на мобилната апликација KomPay без посебно известување, во случај кога:
(а) оперативниот систем на мобилниот уред е изменет (jailbreak, unlock, root и слични модификации) од страна на производителот или Корисникот на таков начин што пристапот од страна на Корисникот на оперативниот систем или неговите подсистеми не е ограничен; или
(б) промената на оперативниот систем може да има други безбедносни ризици и ризици за безбедноста на податоците.
• Корисникот е одговорен за соодветна и наменета употреба на мобилниот уред. Корисникот е одговорен за правилно одржување, заштита и управување со мобилниот уред, неговиот оперативен систем и апликациите инсталирани на мобилниот уред (и во поглед на софтвер и хардвер).
• Банката не одговара за било каков дефект на мобилниот уред, вклучувајќи го и оној предизвикан од вирус.
• Додека ја обезбедува услугата за плаќање преку KomPay мобилната апликација, Банката не е обврзана да го идентификува мобилниот уред или Корисникот на мобилниот уред, туку само го следи внесувањето на точниот ПИН за KomPay.
• Во случај на настаната штета при користењето на услугата за плаќање преку KomPay мобилната апликација, Банката е одговорна само доколку истата
настанала по вина на Банката. Следствено на тоа, Xxxxxxx не одговара за било каква штета што произлегува од губење на податоци, неовластен пристап до податоци, модификација на податоци, грешка во конфигурацијата или забрана за влез поради неточен ПИН, што е надвор од контрола на Банката и не е по нејзина вина.
• Корисникот е должен да ја пријави секоја грешка или дефект на KomPay мобилната апликација веднаш до Банката или на e-mail xxxxxxx@xx.xxx.xx.
4.Користење на ПИН за KomPay
• Мобилната апликација може да се користи само со внесување на ПИН-от за KomPay, поставен од страна на Корисникот при регистрацијата на апликацијата.
• Корисникот е должен да го користи ПИН-от за KomPay секој пат кога се најавува на мобилната апликација.
• Корисникот е одговорен за правилното внесување на ПИН-от за KomPay.
Правилата за ракување и заштита на ПИН-от за KomPay се исти како и правилата за ракување и заштита на ПИН-от за банкарската картичка, и обврските во врска со ПИН-от на банкарската картичка, кои се утврдени во Општите услови за издавање и користење на дебитна и кредитна картичка кои Корисникот ги прифаќа како обврзувачки за него.
• Доколку Xxxxxxxxxx при најавата три пати последователно внесе погрешен ПИН за KomPay, апликацијата ќе биде оневозможена за користење во следните 24 часа.
• Доколку Xxxxxxxxxx при плаќањето три пати последователно внесе погрешен ПИН за KomPay, сите дигитализирани картички ќе бидат блокирани. За повторно користење на истите одново се применува процесот на дигитализација.
• Корисникот има право сам да го дефинира новиот ПИН за KomPay.
5. Промена на мобилен уред и пренос на трето лице
• Корисникот има право да го промени мобилниот уред во секое време, и должен е да ги деактивира сите дигитализирани банкарски картички од апликацијата и да ја ресетира мобилната апликација KomPay на мобилниот уред што го користел до тогаш. Потоа може да иницира дигитализација на банкарските картички на новиот мобилен уред. Неуспешното ресетирање на мобилната апликација или несоодветното ракување со истата е на ризик и одговорност на самиот корисник.
• Доколку мобилниот уред го пренесува на користење на трето лице, Корисникот е должен да ги избрише сите дигитализирани банкарски картички од мобилната апликација KomPay и да ја деактивира апликацијата. Неможноста да се стори тоа е на ризик и одговорност на самиот корисник.
• Промена на мобилниот уред или користење од страна на трето лице поради било која причина (вклучувајќи го и оставањето на мобилниот уред без надзор дури и за кратко време) е на ризик и одговорност на Корисникот.
6. Надоместоци и камати
• Сите надоместоци, провизии и камати кои се однесуваат на банкарската картичка која се користи како дигитализирана се одредени со Одлуката за тарифа на надоместоци за услугите кои ги врши Банката и Одлуката за каматни стапки на Банката. Истите се променливи согласно деловната политика на Xxxxxxx и се достапни на web страната и на шалтерите на Банката.
• Банката има право на еднострано менување на Тарифата на надоместоци во секое време, за што го известува Корисникот преку порака испратена на e-mail адресата или на изводот од платежна сметка во денари, односно кредитна картичка.
7. Известување на корисникот
• Со внесувањето на e-mail адресата при регистрацијата, Корисникот и одобрува на Банката да ги користи тие податоци при испраќање на известувања во врска со KomPay мобилната апликација.
• Обврска на Xxxxxxxxxx е да ја задржи e-mail адресата доставена до Банката за време на регистрирањето на KomPay апликацијата, редовно да ја проверува нејзината содржина и да биде сигурен дека пораките испратени од страна на Xxxxxxx не влегуваат во спам-папката.
• За промените на сметката, како и за сите други промени поврзани со работењето со картичката која е дигитализирана, Банката го известува Корисникот преку месечен извод, кој Корисникот го подигнува на шалтерите на Банката и/или во електронска форма (преку Интернет банка и мБанка).
8. Губење и кражба на мобилен уред
• Корисникот ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на картичката или мобилниот уред на кои е инсталирана мобилната апликација KomPay.
• Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на картичката, како и политиката за приватност при користење на мобилниот уред.
• Корисникот е обврзан веднаш да го пријави губењето, односно кражбата на картичката или мобилниот уред во Банката на телефонскиот број x000 (00) 0 000 000, во Централата на Банката, Одделение за банкарски картички, или во другите организациони единици на Банката - експозитури и филијали.
• Банката има право да изврши блокада на дигитализираната картичка доколку:
- Корисникот постапува спротивно на овие правила и процедури;
- доколку постои сомнеж за неовластено користење на картичка или мобилната апликација KomPay;
- Корисникот пријавил кражба, губење или злоупотреба на картичката или мобилниот уред на кој е инсталирана мобилната апликација KomPay;
- Корисникот самостојно поднел барање да се блокира картичката.
• Во случај на губење или кражба на картичката или мобилниот уред, Корисникот сноси финансиска одговорност за трошоците направени со картичката во период од 5 часа по иницијалната пријава за губењето или кражбата на картичката или мобилниот уред.
• Доколку Xxxxxxxxxx не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на картичката и мобилниот уред, одговорен е за секоја нивна злоупотреба.
9. Откажување на мобилната апликација KomPay
• Можноста за користење на KomPay апликацијата за плаќање престанува доколку Корисникот ја оневозможи дигитализираната картичка и ја деактивира мобилната апликација KomPay, или доколку од било која причина е спречен да ја користи дигитализираната банкарска картичка.
• Корисникот има право во секое време да ја избрише мобилната апликација KomPay од мобилниот уред. Пред да се избрише мобилната апликација, истата мора претходно да се ресетира, што е обврска и одговорност на самиот Xxxxxxxx.
• За да може да се изврши ресетирање на апликацијата KomPay неопходна е активна интернет конекција и Корисникот е должен за нејзино обезбедување.
10. Користење на личните податоци
• Со внесувањето на e-mail адресата за регистрација, Корисникот одобрува Xxxxxxx да го користи тој податок за активирање на услугата за плаќање преку KomPay мобилната апликација.
Правилата за заштита на податоците се регулирани со одредбите од Договорот за издавање и користење на кредитна картичка и Општите услови за издавање и користење на дебитна и кредитна картичка, како и Политиката за приватност.
• Банката има право да ги проверува подесувањата на мобилниот уред кои Корисникот ги прифатил во моментот на преземањето на апликацијата, при најавувањето или при користењето на апликацијата за мобилно плаќање KomPay.
• Со регистрацијата и активирањето на апликацијата, Корисникот одобрува неговите податоци да бидат евидентирани во uPaid Payment Solutions, сертифицираната платформа на Mastercard - Multifunctional digital wallet of Masterpass system, како посредник и опслужувач на Банката за мобилната апликација KomPay.
Согласноста се однесува за следните податоци:
o Email адресата, за регистрација на корисникот во апликацијата
o Phone, дозвола за пристап до податоци на мобилниот уред преку оперативниот систем на уредот. (Device ID(s), Phone number. Device ID & call information may include the ability to read phone status and identity.)
o Број на картичка, Датум на истекување, Назив на картичка, CVC2/CVV2 (Card number, Expiration date, Card nickname, CVC2/CVV2), при дигитализација и/или овозможување на картичка.
Mastercard - Multifunctional digital wallet of Masterpass uPaid Payment Solutions:
Sp. z o.o ul. Hłaski 10 A, 01-689 Warszawa, phone: x00 (00) 000-00-00, e-mail:
11. Рекламации
• Банката не презема никаква одговорност доколку Корисникот не може да ја инсталира апликацијата или да направи успешна регистрација на истата, и покрај следење на инструкциите од Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација KomPay, односно исполнување на потребните предуслови за користење на апликацијата.
• Рекламации за трансакции направени со дигитализираната картичка се разрешуваат на начин ист како оној за трансакции со соответната банкарска картичка.
12. Останати одредби
• Корисничкото упатство за користење на мобилната апликација KomPay, Тарифата на надоместоци, Одлуката за каматни стапки на Банката и Условите за користење на дигитализирани банкарски картички и услуги поврзани со нив претставуваат составни делови на овие услови за користење, доколку Корисникот ги прифати сите одредби како обврзувачки за него.
• Со притискање на копчето "Прифаќам", Корисникот ги прифаќа овие услови за користење, ги прифаќа нивните одредби како обврзувачки и се согласува да ги изврши. Овие услови се достапни на веб-страницата на Банката.
• Овие услови за користење влегуваат во сила од моментот на нивното прифаќање.