CONSOLIDATED VERSIONS
Договор од Лисабон
Консолидирани верзии на Договорот за Европската унија
Договорот за функционирање на Европската унија Повелба за фундаменталните права на Европската унија Протоколи, Декларации
И М П Р Е С У М
Наслов на оригиналот:
CONSOLIDATED VERSIONS
OF THE TREATY ON EUROPEAN UNION AND THE TREATY ON THE FUNCTIONING OF THE EUROPEAN UNION
(2010/C 83/01)EN 30.3.2010 Official Journal of the European Union C 83/1
Издавач на оригиналот:
Publication Office of the European Union 2985 Luxembourg, LUXEMBOURG
Издавач на преводот:
Xxxxxx-Xxxxxxxx-Stiftung во Република Македонија
Координација
Xxxxxxx Xxxxxxxxxx-Xxxxxxxxxx, Xxxxxx-Xxxxxxxx-Stiftung Xxxxxx Xxxxxxxx-Xxxxxxxxx, Секретаријат за европски прашања
Превод (Конгресен сервисен центар):
Xxxxxx Xxxxxxxxxxx Xxxxxxx Xxxxxxxxxx Xxxxxx Xxxxxxxxx Xxxxx Xxxxxxxxx
Јазична ревизија на преводот (Секретаријат за европски прашања): Xxxxxx Xxxxxxxxxxx
Xxxxx Xxxxxxxxxxx
Лектура:
Xxxxx Xxxxxxxx
Печат:
Винсент-Графика
Тираж:
1000 примероци
Ова издание е остварено во соработка со:
Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија
Напомена: Оваа публикација е преведена од оригиналното издание на англиски јазик на Канцеларијата за публикации на Европската унија, преземено од веб страната на EUR-Lex: xxxx://xxx-xxx.xxxxxx.xx/XXXxxx.xx?xxxxXX:X:0000:000:XXX:XX:XXXX. Преводот на македонски јазик е единствена одговорност на Фондацијата Xxxxxx Xxxxxxxx во Република Македонија.
СОДРЖИНА
Роланд Штурм, Договорот од Лисабон 15
КОНСОЛИДИРАНА ВЕРЗИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 33
ПРЕАМБУЛА 35
НАСЛОВ I 37
ОПШТИ ОДРЕДБИ 37
НАСЛОВ II 41
ОДРЕДБИ ЗА ДЕМОКРАТСКИ НАЧЕЛА 41
НАСЛОВ III 43
ОДРЕДБИ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ 43
НАСЛОВ IV 50
ОДРЕДБИ ЗА ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА 50
НАСЛОВ V 51
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА И ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
ЗА ЗАЕДНИЧКАТА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА 51
ПОГЛАВЈЕ 1 51
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНОТО 51
ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА 51
ПОГЛАВЈЕ 2 53
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА 53
ОДДЕЛ 1 53
ОПШТИ ОДРЕДБИ 53
ОДДЕЛ 2 63
ОДРЕДБИ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА 63
НАСЛОВ VI 67
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 67
КОНСОЛИДИРАНА ВЕРЗИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕTO НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 73
ПРЕАМБУЛА 75
ДЕЛ I 76
НАЧЕЛА 76
НАСЛОВ I 77
КАТЕГОРИИ И ОБЛАСТИ НА НАДЛЕЖНОСТ НА УНИЈАТА 77
НАСЛОВ II 80
ОДРЕДБИ СО ОПШТА ПРИМЕНА 80
ДЕЛ II 83
НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И ГРАЃАНСТВО НА УНИЈАТА 83
ДЕЛ III 87
ПОЛИТИКИ И ВНАТРЕШНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА 87
НАСЛОВ I 87
ВНАТРЕШЕН ПАЗАР 87
НАСЛОВ II 88
СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ 88
ПОГЛАВЈЕ 1 89
ЦАРИНСКА УНИЈА 89
ПОГЛАВЈЕ 2 90
ЦАРИНСКА СОРАБОТКА 90
ПОГЛАВЈЕ 3 90
ЗАБРАНА НА КВАНТИТАТИВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ 90
НАСЛОВ III 92
ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РИБАРСТВО 92
НАСЛОВ IV 96
СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ЛИЦА, УСЛУГИ И КАПИТАЛ 96
ПОГЛАВЈЕ 1 96
РАБОТНИЦИ 96
ПОГЛАВЈЕ 2 98
ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ 98
ПОГЛАВЈЕ 3 101
УСЛУГИ 101
ПОГЛАВЈЕ 4 103
КАПИТАЛ И ПЛАЌАЊА 103
НАСЛОВ V 106
ОБЛАСТ НА СЛОБОДА, БЕЗБЕДНОСТ И ПРАВДА 106
ПОГЛАВЈЕ 1 106
ОПШТИ ОДРЕДБИ 106
ПОГЛАВЈЕ 2 109
ПОЛИТИКА ЗА ГРАНИЧНИ КОНТРОЛИ, АЗИЛ И МИГРАЦИЈА 109
ПОГЛАВЈЕ 3 112
СУДСКА СОРАБОТКА ЗА ГРАЃАНСКИ ПРАШАЊА 112
ПОГЛАВЈЕ 4 113
СУДСКА СОРАБОТКА ЗА КРИВИЧНИ ПРАШАЊА 113
ПОГЛАВЈЕ 5 118
ПОЛИЦИСКА СОРАБОТКА 118
НАСЛОВ VI 120
ТРАНСПОРТ 120
НАСЛОВ VII 123
ЗАЕДНИЧКИ ПРАВИЛА ЗА КОНКУРЕНЦИЈАТА, ОДАНОЧУВАЊЕТО И ПРИБЛИЖУВАЊЕТО
НА ЗАКОНОДАВСТВОТО 123
ПОГЛАВЈЕ 1 123
ПРАВИЛА ЗА КОНКУРЕНЦИЈА 123
ОДДЕЛ 1 123
ПРАВИЛА ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ПРЕТПРИЈАТИЈА 123
ОДДЕЛ 2 127
ПОМОШ ДОДЕЛЕНА ОД ЗЕМЈИТЕ 127
ПОГЛАВЈЕ 2 129
ДАНОЧНИ ОДРЕДБИ 129
ПОГЛАВЈЕ 3 130
ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ЗАКОНОДАВСТВОТО 130
НАСЛОВ VIII 134
ЕКОНОМСКА И МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА 134
ПОГЛАВЈЕ 1 134
ЕКОНОМСКА ПОЛИТИКА 134
ПОГЛАВЈЕ 2 140
МОНЕТАРНА ПОЛИТИКА 140
ПОГЛАВЈЕ 3 143
ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ОДРЕДБИ 143
ПОГЛАВЈЕ 4 144
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ ЧИЈАШТО ВАЛУТА Е ЕВРОТО 144
ПОГЛАВЈЕ 5 146
ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ 146
НАСЛОВ IX 151
ВРАБОТУВАЊЕ 151
НАСЛОВ X 153
СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА 153
НАСЛОВ XI 159
ЕВРОПСКИ СОЦИЈАЛЕН ФОНД 159
НАСЛОВ XII 160
ОБРАЗОВАНИЕ, СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ, МЛАДИ И СПОРТ 160
НАСЛОВ XIII 162
КУЛТУРА 162
НАСЛОВ XIV 163
ЈАВНО ЗДРАВЈЕ 163
НАСЛОВ XV 165
ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИТЕ 165
НАСЛОВ XVI 166
ТРАНСЕВРОПСКИ МРЕЖИ 166
НАСЛОВ XVII 167
ИНДУСТРИЈА 167
НАСЛОВ XVIII 168
ЕКОНОМСКА, СОЦИЈАЛНА И ТЕРИТОРИЈАЛНА КОХЕЗИЈА 168
НАСЛОВ XIX 170
ИСТРАЖУВАЊЕ И ТЕХНОЛОШКИ РАЗВОЈ И ВСЕЛЕНА 170
НАСЛОВ XX 175
ЖИВОТНА СРЕДИНА 175
НАСЛОВ XXI 178
ЕНЕРГИЈА 178
НАСЛОВ XXII 179
ТУРИЗАМ 179
НАСЛОВ XXIII 179
ЦИВИЛНА ЗАШТИТА 179
НАСЛОВ XXIV 180
АДМИНИСТРАТИВНА СОРАБОТКА 180
ДЕЛ IV 181
ПРИДРУЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМОРСКИТЕ ЗЕМЈИ И ТЕРИТОРИИ 181
ДЕЛ V 184
НАДВОРЕШНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА 184
НАСЛОВ I 184
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА 184
НАСЛОВ II 184
ЗАЕДНИЧКА ТРГОВСКА ПОЛИТИКА 184
НАСЛОВ III 186
СОРАБОТКА СО ТРЕТИ ЗЕМЈИ И ХУМАНИТАРНА ПОМОШ 186
ПОГЛАВЈЕ 1 186
РАЗВОЈНА СОРАБОТКА 186
ПОГЛАВЈЕ 2 188
ЕКОНОМСКА, ФИНАНСИСКА И ТЕХНИЧКА СОРАБОТКА СО ТРЕТИ ЗЕМЈИ 188
ПОГЛАВЈЕ 3 189
ХУМАНИТАРНА ПОМОШ 189
НАСЛОВ IV 190
РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ 190
НАСЛОВ V 190
МЕЃУНАРОДНИ СПОГОДБИ 190
НАСЛОВ VI 194
ОДНОСИТЕ НА УНИЈАТА СО МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ТРЕТИ ЗЕМЈИ И ДЕЛЕГАЦИИ НА УНИЈАТА 194
НАСЛОВ VII 194
КЛАУЗУЛА ЗА СОЛИДАРНОСТ 194
ДЕЛ VI 196
ИНСТИТУЦИОНАЛНИ И ФИНАНСИСКИ ОДРЕДБИ 196
НАСЛОВ I 196
ИНСТИТУЦИОНАЛНИ ОДРЕДБИ 196
ПОГЛАВЈЕ 1 196
ИНСТИТУЦИИТЕ 196
ОДДЕЛ 1 196
ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 196
ОДДЕЛ 2 200
ЕВРОПСКИОТ СОВЕТ 200
ОДДЕЛ 3 201
СОВЕТОТ 201
ОДДЕЛ 4 203
КОМИСИЈАТА 203
ОДДЕЛ 5 206
СУДОТ НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 206
ОДДЕЛ 6 217
ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА 217
ОДДЕЛ 7 219
СУД НА РЕВИЗОРИ 219
ПОГЛАВЈЕ 2 223
ПРАВНИ АКТИ НА УНИЈАТА, ПОСТАПКИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ И ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ 223
ОДДЕЛ 1 223
ПРАВНИ АКТИ НА УНИЈАТА 223
ОДДЕЛ 2 225
ПОСТАПКИ ЗА ДОНЕСУВАЊЕ АКТИ И ДРУГИ ОДРЕДБИ 225
ПОГЛАВЈЕ 3 230
СОВЕТОДАВНИ ТЕЛА НА УНИЈАТА 230
ОДДЕЛ 1 230
ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛЕН КОМИТЕТ 230
ОДДЕЛ 2 232
КОМИТЕТ НА РЕГИОНИТЕ 232
ПОГЛАВЈЕ 4 233
ЕВРОПСКА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА 233
НАСЛОВ II 234
ФИНАНСИСКИ ОДРЕДБИ 234
ПОГЛАВЈЕ 1 235
СОПСТВЕНИ СРЕДСТВА НА УНИЈАТА 235
ПОГЛАВЈЕ 2 236
ПОВЕЌЕГОДИШНА ФИНАНСИСКА РАМКА 236
ГОДИШЕН БУџЕТ НА УНИЈАТА 239
ПОГЛАВЈЕ 4 240
ИЗВРШУВАЊЕ НА БУџЕТОТ И ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ОДГОВОРНОСТ 241
ПОГЛАВЈЕ 5 242
ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ 242
ПОГЛАВЈЕ 6 243
БОРБА ПРОТИВ ИЗМАМИ 243
НАСЛОВ III 244
ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА 244
ДЕЛ VII 248
ОПШТИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 248
(Списокот на потписници не е репродуциран) 256
ПРОТОКОЛ (бр. 1) 256
ЗА УЛОГАТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРЛАМЕНТИ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА 256
НАСЛОВ I 257
ИНФОРМАЦИИ ЗА НАЦИОНАЛНИТЕ ПАРЛАМЕНТИ 257
НАСЛОВ II 259
МЕЃУПАРЛАМЕНТАРНА СОРАБОТКА 259
ПРОТОКОЛ (бр. 2) 260
ЗА ПРИМЕНАТА НА НАЧЕЛАТА НА СУПСИДИЈАРНОСТ И ПРОПОРЦИОНАЛНОСТ 260
ПРОТОКОЛ (бр. 3) 264
ЗА СТАТУТОТ НА СУДОТ НА ПРАВДАТА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 264
НАСЛОВ I 264
СУДИИ И ГЕНЕРАЛНИ АДВОКАТИ 264
НАСЛОВ II 267
ОРГАНИЗАЦИЈА НА СУДОТ НА ПРАВДАТА 267
НАСЛОВ III 270
ПОСТАПКА ПРЕД СУДОТ НА ПРАВДАТА 270
НАСЛОВ IV 278
ОПШТ СУД 278
НАСЛОВ IVa 285
СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ СУДОВИ 285
НАСЛОВ V 285
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ 285
Специјализирани судови 285
СУД ЗА ЈАВНАТА СЛУЖБА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 286
За статусот на европскиот систем на централните банки и на европската банка 291
ПРОТОКОЛ (бр. 4) 291
ЗА СТАТУТОТ НА ЕВРОПСКИОТ СИСТЕМ НА ЦЕНТРАЛНИТЕ БАНКИ И НА ЕВРОПСКАТА ЦЕНТРАЛНА БАНКА 291
Европскиот систем на централни банки 292
ПОГЛАВЈЕ I 292
ЕВРОПСКИОТ СИСТЕМ НА ЦЕНТРАЛНИ БАНКИ 292
ПОГЛАВЈЕ II 292
ЦЕЛИ И ЗАДАЧИ НА ЕСЦБ 292
ПОГЛАВЈЕ III 295
ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕСЦБ 295
ПОГЛАВЈЕ IV 302
МОНЕТАРНИ ФУНКЦИИ И ОПЕРАЦИИ НА ЕСЦБ 302
Сметки во ЕЦБ и во националните централни банки 302
Работење на отворениот пазар и кредитни операции 302
Минимални резерви 302
Монетарни фунции и операции на ЕСЦБ 303
Други инструменти за монетарна контрола 303
Работење со јавните субјекти 303
Клириншки и платни системи 304
Надворешно работење 304
Други операции 304
ПОГЛАВЈЕ V 305
РАЗУМЕН НАДЗОР 305
ПОГЛАВЈЕ VI 305
ФИНАНСИСКИ ОДРЕДБИ НА ЕСЦБ 305
Финансиски извештаи 305
Ревизија 306
Капитал на ЕЦБ 306
Клуч за запишување на капиталот 307
Пренос на девизните резерви на ЕЦБ 307
Девизни резерви што се чуваат од страна на националните централни банки 308
Распределба на паричните приходи на националните централни банки 308
Распределба на нето-добивките и загубите на ЕЦБ 309
ПОГЛАВЈЕ VII 310
ОПШТИ ОДРЕДБИ 310
Правни акти 310
Судска контрола и сродни прашања 311
Персонал 311
Деловна тајна 312
ПОГЛАВЈЕ VIII 313
ИЗМЕНИ НА СТАТУТОТ И ДОПОЛНИТЕЛНО ЗАКОНОДАВСТВО 313
ПОГЛАВЈЕ IX 314
ПРЕОДНИ И ДРУГИ ОДРЕДБИ ЗА ЕСЦБ 314
Општи одредби 314
Преодни задачи на ЕЦБ 314
Генерален совет на ЕЦБ 315
Деловник на Генералниот совет 315
Одговорности на Генералниот совет 315
Преодни одредби за капиталот на ЕЦБ 316
Одложено плаќање на капиталот, резервите и резервирањата на ЕЦБ 316
Менување на банкнотите во валутите на земјите-членки 317
Применливост на преодните одредби 317
ПРОТОКОЛ (бр. 5) 318
ЗА СТАТУТОТ НА ЕВРОПСКАТА ИНВЕСТИЦИСКА БАНКА 318
ПРОТОКОЛ (бр. 6) 333
ЗА МЕСТОПОЛОЖБАТА НА СЕДИШТАТА НА ИНСТИТУЦИИТЕ И НА ОПРЕДЕЛЕНИ ТЕЛА, КАНЦЕЛАРИИ,
АГЕНЦИИ И СЛУЖБИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА ВЛАДИТЕ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ, 333
ПРОТОКОЛ (бр. 7) 334
ЗА ПРИВИЛЕГИИТЕ И ИМУНИТЕТИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 334
ПОГЛАВЈЕ I 335
ИМОТ, ФОНДОВИ, СРЕДСТВА И ОПЕРАЦИИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 335
ПОГЛАВЈЕ II 336
КОМУНИКАЦИИ И ПРОПУСНИЦИ (LAISSEZ-PASSER) 336
ПОГЛАВЈЕ III 337
ЧЛЕНОВИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 337
ПРЕТСТАВНИЦИ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ ШТО УЧЕСТВУВААТ ВО РАБОТЕЊЕТО НА
ИНСТИТУЦИИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 338
СЛУЖБЕНИ ЛИЦА И ДРУГИ СЛУЖБЕНИЦИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 338
ПРИВИЛЕГИИ И ИМУНИТЕТИ НА МИСИИТЕ НА ТРЕТИТЕ ЗЕМЈИ ШТО СЕ АКРЕДИТИРАНИ ВО ЕУ 341
ПРОТОКОЛ (бр. 8) 343
ВО ВРСКА СО ЧЛЕН 6(2) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ПРИСТАПУВАЊЕТО НА УНИЈАТА КОН ЕВРОПСКАТА КОНВЕНЦИЈА ЗА ЗАШТИТА НА ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И НА ФУНДАМEНТАЛНИТЕ СЛОБОДИ 343
ПРОТОКОЛ (бр. 9) 344
ЗА ОДЛУКАТА НА СОВЕТОТ ВО 344
ВРСКА СО СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ЧЛЕН 16(4) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 344
И ЧЛЕН 238(2) ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ОД 1 НОЕМВРИ
2014 ГОДИНА ДО 31 МАРТ 2017 ГОДИНА, ОД ЕДНА СТРАНА, И ОД 1 АПРИЛ 2017, ОД ДРУГАТА СТРАНА 344
ПРОТОКОЛ (бр. 10) 345
ЗА ПОСТОЈАНА СТРУКТУРИРАНА СОРАБОТКА ШТО Е ВОСПОСТАВЕНА
СО ЧЛЕН 42 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 345
ПРОТОКОЛ (бр. 11) 348
ЗА ЧЛЕН 42 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 348
ПРОТОКОЛ (бр. 12) 349
ЗА ПОСТАПКАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПРЕКУМЕРЕН ДЕФИЦИТ 349
ПРОТОКОЛ (бр. 13) 350
ЗА КРИТЕРИУМИТЕ ЗА КОНВЕРГЕНЦИЈА 350
ПРОТОКОЛ (бр. 14) 352
ЗА ЕВРОГРУПАТА 352
ПРОТОКОЛ (бр. 15) 353
ЗА ОПРЕДЕЛЕНИ ОДРЕДБИ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО
НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА 353
ПРОТОКОЛ (бр. 16) 356
ЗА ОПРЕДЕЛЕНИ ОДРЕДБИ ШТО СЕ ОДНЕСУВААТ НА ДАНСКА 356
ПРОТОКОЛ (бр. 17) 356
ЗА ДАНСКА 356
ПРОТОКОЛ (бр. 18) 357
ЗА ФРАНЦИЈА 357
ПРОТОКОЛ (бр. 19) 357
ЗА ПРАВОТО ОД ШЕНГЕН ШТО Е ИНТЕГРИРАНО ВО РАМКИТЕ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 357
ПРОТОКОЛ (бр. 20) 361
ЗА ПРИМЕНАТА НА ОПРЕДЕЛЕНИ АСПЕКТИ ОД ЧЛЕН 26 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЗА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И ЗА ИРСКА 361
ЗА ПОЛОЖБАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО И ИРСКА ВО ОДНОС НА ОБЛАСТА НА
СЛОБОДА, БЕЗБЕДНОСТ И ПРАВДА 363
ПРОТОКОЛ (бр. 22) 367
ДЕЛ I 367
ДЕЛ II 369
ДЕЛ III 369
ДЕЛ IV 370
ПРОТОКОЛ (бр. 23) 373
ЗА НАДВОРЕШНИТЕ ОДНОСИ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ ВО ОДНОС НА ПРЕМИНУВАЊЕТО
НА НАДВОРЕШНИТЕ ГРАНИЦИ 373
ПРОТОКОЛ (бр. 24) 374
ЗА АЗИЛ ЗА ДРЖАВЈАНИ НА ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 374
ПРОТОКОЛ (бр. 25) 376
ЗА ВРШЕЊЕТО НА ПОДЕЛЕНИТЕ НАДЛЕЖНОСТИ 376
ПРОТОКОЛ (бр. 26) 376
ЗА УСЛУГИ ОД ОПШТ ИНТЕРЕС 376
ПРОТОКОЛ (бр. 27) 377
ЗА ВНАТРЕШНИОТ ПАЗАР И КОНКУРЕНЦИЈАТА 377
ПРОТОКОЛ (бр. 28) 378
ЗА ЕКОНОМСКА, СОЦИЈАЛНА И ТЕРИТОРИЈАЛНА КОХЕЗИЈА 378
ПРОТОКОЛ (бр. 29) 380
ЗА СИСТЕМОТ ЗА ЈАВНА РАДИОДИФУЗИЈА ВО ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ 380
ПРОТОКОЛ (бр. 30) 380
ЗА ПРИМЕНАТА НА ПОВЕЛБАТА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ЗА ПОЛСКА И ЗА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО 380
ПРОТОКОЛ (бр. 31) 382
ЗА УВОЗ ВО ЕВРОПСКАТА УНИЈА НА НАФТЕНИ ПРОИЗВОДИ ШТО СЕ
РАФИНИРАНИ ВО ХОЛАНДСКИТЕ АНТИЛИ 382
АНЕКС КОН ПРОТОКОЛОТ 385
ПРОТОКОЛ (Бр. 32) 385
ЗА СТЕКНУВАЊЕТО НЕДВИЖЕН ИМОТ ВО ДАНСКА 385
ПРОТОКОЛ (бр. 33) 386
ЗА ЧЛЕН 157 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 386
ПРОТОКОЛ (бр. 34) 386
ЗА СПЕЦИЈАЛНИОТ РЕЖИМ ЗА ГРЕНЛАНД 386
ПРОТОКОЛ (бр. 35) 387
ЗА ЧЛЕН 40.3.3 ОД УСТАВОТ НА ИРСКА 387
ПРОТОКОЛ (бр. 36) 387
ЗА ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ 387
НАСЛОВ I 388
ОДРЕДБИ ЗА ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ 388
НАСЛОВ II 388
ОДРЕДБИ ЗА КВАЛИФИКУВАНОТО МНОЗИНСТВО 388
НАСЛОВ III 390
ОДРЕДБИ ЗА СОСТАВИТЕ НА СОВЕТОТ 390
НАСЛОВ IV 390
ОДРЕДБИ ЗА КОМИСИЈАТА, ВКЛУЧИТЕЛНО И ЗА ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК НА УНИЈАТА ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА 390
НАСЛОВ V 390
ОДРЕДБИ ЗА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОВЕТОТ, ВИСОКИОТ ПРЕТСТАВНИК ЗА ЗАЕДНИЧКАТА
НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА И ЗА ЗАМЕНИКОТ НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР НА СОВЕТОТ 390
НАСЛОВ VI 391
ОДРЕДБИ ЗА СОВЕТОДАВНИТЕ ТЕЛА 391
НАСЛОВ VII 392
ПРЕОДНИ ОДРЕДБИ ЗА АКТИТЕ ДОНЕСЕНИ ВРЗ ОСНОВА НА НАСЛОВИТЕ V И VI ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА ПРЕД ВЛЕГУВАЊЕТО ВО СИЛА НА ДОГОВОРОТ ОД ЛИСАБОН 392
ПРОТОКОЛ (бр. 37) 394
ЗА ФИНАНСИСКИТЕ ПОСЛЕДИЦИ ОД ИСТЕКУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ЗА ЕЗЈЧ И ЗА
ИСТРАЖУВАЧКИОТ ФОНД ЗА ЈАГЛЕН И ЧЕЛИК 394
АНЕКСИ 396
АНЕКС I 397
СПИСОК НАВЕДЕН ВО ЧЛЕН 38 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА | 397 |
АНЕКС II | 399 |
ПРЕКУОКЕАНСКИ ЗЕМЈИ И ТЕРИТОРИИ НА КОИ СЕ ОДНЕСУВААТ ОДРЕДБИТЕ ОД ДЕЛОТ 4 ОД ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕТО НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА | 399 |
ДЕКЛАРАЦИИ | 401 |
ВО ПРИЛОГ НА КОНЕЧНИОТ АКТ НА МЕЃУВЛАДИНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОЈА СЕ ДОНЕСЕ ДОГОВОРОТ ОД ЛИСАБОН, | 401 |
А. ДЕКЛАРАЦИИ ВО ВРСКА СО ОДРЕДБИ ОД ДОГОВОРИТЕ | 401 |
Б. ДЕКЛАРАЦИИ ВО ВРСКА СО ПРОТОКОЛИТЕ ВО ПРИЛОГ НА ДОГОВОРИТЕ | 417 |
В. ДЕКЛАРАЦИИ ОД ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ | 421 |
КОРЕСПОДЕНТНИ ТАБЕЛИ(*) | 427 |
Договор за Европската унија | 427 |
Договорот за функционирањето на Европската унија | 431 |
ПОВЕЛБА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА 2010/C 83/02) | 447 |
ПОВЕЛБА ЗА ФУНДАМЕНТАЛНИТЕ ПРАВА НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА | 447 |
Преамбула | 447 |
НАСЛОВ I | 450 |
ДОСТОИНСТВО | 448 |
Човеково достоинство | 448 |
Право на живот | 448 |
Право на интегритет на личноста | 448 |
Забрана за измачување и нечовечко или деградирачко третирање или казнување | 449 |
Забрана за ропство и присилна работа | 449 |
НАСЛОВ II | 449 |
СЛОБОДИ | 449 |
Право на слобода и безбедност | 449 |
Почитување на приватниот и семеен живот | 450 |
Заштита на личните податоци | 450 |
Право на брак и право на формирање семејство | 450 |
Слобода на мисла, совест и религија | 450 |
Слобода на изразување и информации | 451 |
Слобода на собирање и здружување | 451 |
Слобода на уметностите и науките | 451 |
Право на образование | 451 |
Слобода на избор на професија и право на работа | 452 |
Слобода за вршење на дејност | 452 |
Право на сопственост | 452 |
Право на азил | 452 |
Заштита во случај на отстранување, протерување или екстрадиција | 453 |
НАСЛОВ III | 453 |
ЕДНАКВОСТ | 453 |
Еднаквост пред законот | 453 |
Недискриминација | 453 |
Културна, религиска и јазична разновидност | 453 |
Еднаквост меѓу жените и мажите | 454 |
Правата на детето | 454 |
Правата на постарите лица | 454 |
Интегрирање на лицата со посебни потреби | 454 |
НАСЛОВ IV | 455 |
СОЛИДАРНОСТ | 455 |
Право на работниците на информации и консултации во рамки на претпријатието | 455 |
Право на колективно преговарање и активности | 455 |
Право на пристап до служби за посредување при вработување | 455 |
Заштита во случај на неоправдано отпуштање | 455 |
Правични и соодветни работни услови | 456 |
Забрана за детски труд и заштита на младите на работа 456
Семејство и професионален живот 456
Социјална сигурност и социјална помош 456
Здравствена заштита 457
Пристап до услуги од општ економски интерес 457
Заштита на животната средина 457
НАСЛОВ V 458
ГРАЃАНСКИ ПРАВА 459
Право на глас и кандидирање на општински избори 459
Право на добра администрација 459
Право на пристап до документи 459
Европски омбудсман 459
Право на петиција 459
Слобода на движење и живеење 459
Дипломатска и конзуларна заштита 460
НАСЛОВ VI 460
ПРАВДА 460
Право на ефикасен правен лек и правично судење 460
Пресумпција на невиност и право на одбрана 460
Начела на легалност и пропорционалност на кривичните дела и казните 461
Право да не се суди или да не се казнува двојно при кривични постапки за исто кривично дело 461
НАСЛОВ VII 461
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА ТОЛКУВАЊЕТО И ПРИМЕНАТА НА ПОВЕЛБАТА 461
Поле на примена 461
Опсег и толкување на правата и начелата 462
Степен на заштита 463
Забрана за злоупотреба на правата 463
БЕЛЕШКА ЗА ЧИТАТЕЛОТ
Оваа публикација ги содржи консолидираните верзии на Договорот за Европската унија и на Договорот за функционирањето на Европската унија, како и анексите и протоколите од тие Договори што произлегуваат од измените и дополнувањата воведени со Договорот од Лисабон, потпишан на 13 декември 2007 година во Лисабон и кој влезе во сила на 1 декември 2009 година. Исто така, ги содржи и декларациите приложени кон Завршниот акт на Меѓувладината конференција на која се донесе Договорот од Лисабон.
Како што е наведено во Белешката за читателот од претходното издание на консолидираните верзии на Договорите (Сл. весник C 115, 09.05.2008 година, стр. 1), во ова издание се вклучени оние исправки што се донесени до датумот на ова издание.
Во оваа публикација е вклучена и Повелбата за фундаменталните права на Европската унија прогласена во Стразбур на 12 декември 2007 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата (Сл. весник C 303, 14.12.2007 година, стр. 1). Овој текст ја повторува и ја приспособува Повелбата прогласена на 7 декември 2000 година, и ја заменува истата со важност од 1 декември 2009 година, датумот на влегување во сила на Договорот од Лисабон. Врз основа на првиот потстав од член 6(1) од Договорот за Европската унија, Повелбата објавена во 2007 година ја има истата правна вредност како и Договорите.
Овој текст е подготвен со намена документирање и не вклучува одговорност на институциите на Европската унија.
Роланд Штурм
Договорот од Лисабон
Приспособување кон изменетите состојби или нешто повеќе? За историјата на Реформскиот договор
Договорот од Лисабон влезе во сила на 1 декември 2009 година. Тој имаше долга историја. За негово донесување беа пресудни најмалку три причини. Како прво, земјите-членки на Европската унија имаа различна претстава за насоката во која таа треба да се развива. Како второ, се правеа многу обиди да се обезбедат потребните мнозинства во сите земји на ЕУ, во согласност со националните уставни правила, со цел изнаоѓање на нова договорна основа за Европската унија. И како трето, се покажа дека на ЕУ ѝ е потребно многу повеќе време, отколку што
самата таа планираше, за да се подготви за новите политички прилики
– во прва линија тука станува збор за последиците од проширувањето кон Исток.
И одржаната меѓувладина конференција во Амстердам од 1996 година имаше за цел да го подобри начинот на фукционирање на ЕУ преку институционални реформи. Како што ЕУ растеше, така и итноста од институционални реформи стануваше сè поизразена. Во 1995 година кон ЕУ се приклучија Австрија, Финска и Шведска. ЕУ 12 прерасна во ЕУ 15. Со планираното проширување кон Исток, бројката на земји- членки од 15 би се искачила на 27. Под вакви околности ЕУ мораше да се справи со своите институции, процесите на донесување одлуки, како и со сопствената претстава за самата себе. Оттука се наметнаа две прашања: дали ЕУ ќе го реши ова прашање пред проширувањето, што би се рекло во кругот на постарите членки, и како старите и новите членки би реагирале на иницијативата, која би имала за цел конкретизирање на процесот на европска интеграција преку воспоставување уставен поредок. Дотогаш на европската интеграција во ЕУ се гледаше како на постепен процес. Прашењето „како?“ кое се однесува на европската интеграција стоеше во преден план. Силниот акцент на прашењето
„накаде“, односно прашањето “унија на држави или сојузна држава”, беше јасен показател дека 27-те земји-членки имаат различни гледишта за европскиот проект.
Обидот на меѓувладината конференција во Ница од 2000 година да се донесат одлуки за клучните прашања и институционалните реформи пред проширувањето кон Исток во суштина се покажа како неуспешен.
Меѓувладината конференција од Ница ги наследи нерешените институционални проблеми од меѓувладината конференција од Амстердам, како проширувањето на мнозинските одлуки во Советот на министри на ЕУ и воспоставувањето на ново броење на гласовите од поединечните земјите-членки при донесувањето на одлуките, како и реорганизацијата на Европската комисија. Кон институционалните прашања се вбројуваа и идниот состав и големина на Европскиот парламент и неговата улога на соодлучувачко тело во одделни политички области. И покрај компромисите кои беа постигнати во Ница, овие прашања со кои се занимаваше европската политика и по оваа меѓувладина конференција за првпат беа уредени со Договорот од Лисабон.
Исто така, изостана дебатата околу статусот на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија сè до постигнувањето на Договорот од Лисабон. И покрај тоа што во Ница повелбата беше свечено објавена, таа не беше составен дел од европските договори. Повелба за фундаменталните права настана како резултат на нова форма на европска дипломатија, на конвенција под раководство на поранешниот претседател на СР Германија, Рxxxx Xxxxxx. Конвенцијата која се одржа на 17 декември 1999 година и чиишто резултати навремено беа доставени до Европскиот совет на шефови на држави и влади во Бијариц во октомври 2000 година, требаше да поттикне политичка дискусија во рамки на парламентите, регионите во ЕУ и граѓанското општество. Така, по прашањето за заштитата на фундаменталните права, на начин близок до граѓаните, требаше да се изнајде европски пропис заснован на поширока општествена база.
Разочарувањето од резултатите од Самитот во Ница укажаа на потребата од подлабок и посеопфатен обид на европската политика на склучување договори. На седницата на Европскиот совет во Лакен во декември 2001 година, шефовите на држави и влади се согласија моделот на конвенцијата кој тогаш служеше како европски советодавен инструмент, да го пренесат и на размислувањата за иднината на Европа. Земјите-кандидатки од источното проширување требаше да учествуваат во дискусиите за новата договорна основа на ЕУ. За претседател на Европската конвенција беше назначен поранешниот претседател на Франција, Вxxxxx Xxxxxx Xxxxxx.
Во текот на дискусиите околу Уставот на Европа стана јасно дека требаше и треба да се воведат нови теми во европскиот договор. Од една страна, требаше да се разјасни прашањето каква положба ќе има ЕУ по проширувањето на Исток кон новите источни соседи, пред сè, кон светската сила Русија. Од друга страна, ЕУ се најде во непосредна близина на земјите од поранешна Југославија, соочена со воени спорови, и мораше да одговори на заканата од глобалниот тероризам.
Сето ова на заедничката безбедносна и одбранбена политика ѝ даде поголема важност од порано.
Договорот за Устав за Европа беше свечено потпишан на 29 октомври 2004 година во Рим од страна на сите земји-членки. Но, неговото ратификување, а со тоа и самиот договор, доживеа неуспех во 2005 година на референдумите во Франција и Холандија. За донесување на европски договор или измени на европските договори мора да се постигне согласност од страна на сите земји-членки, без исклучок. Постојат низа причини поради кои Французите и Холанѓаните се изјаснија против Уставот. Некои од нив беа од внатрешнополитичка природа или, пак, се поврзани со стравувањата од приклучувањето на Турција кон ЕУ, причини кои во потесна смисла не се однесуваа директно на самиот Устав на Европа. Осумнаесет земји-членки го изгласаа Уставниот договор – во Шпанија и Луксембург по пат на референдум. Сепак, негативните референдуми во Франција и Холандија во мај и јуни 2005 година нанесоа силен удар врз процесот на ратификација. Поради тоа неколку од останатите земји-членки го одложија ратификувањето на Уставниот договор.
Ова беше лекција за Договорот од Лисабон референдум да се спроведува само во случајот кога тоа е задолжително за промена на договорните начела на ЕУ. Ова конкретно значеше дека само во Ирска мораше да се одлучува по пат на референдум. Во сите други земји-членки во врска со Договорот од Лисабон требаше да се изјаснат националните парламенти и – националните уставни судови, доколку истите бидат повикани, како што тоа беше случај во Германија и Чешка.
Договорот од Лисабон, не само историски, туку и суштински почива на идејата за воспоставување на Устав за Европа. Во повеќе етапи Договорот претрпе измени како резултат на преговори и компромиси. И самиот нацрт на Европскиот устав од Конвенцијата беше приспособен според националните приоритети, како резултат на преговори на ниво на шефови на држави и влади, како, на пример, желбата на Полска за интервенции во процедурата за гласање по пат на мнозинство во Советот на министри. Неуспехот на Европскиот устав во тоа време остави простор за негово понатамошно усовршување. Двегодишната фаза за размислување („фаза на рефлексија“) по 2005 година, пред сè, требаше да отвори простор за дебата околу националните претстави за иднината на Европа. Шефовите на држави и влади значително се дистанцираа од поимот устав. Со Берлинската декларација, потпишана на 25 март 2007 година, за време на германското претседателство со ЕУ, се постигна минимален консензус помеѓу земјите-членки. До периодот на изборите за Европскиот парламент во 2009 година, Европската унија требаше да се постави на обновена заедничка основа. На почетокот на мај 2007 година, за време на германското претседателство, на поединечните
европски земји им беше доставен прашалник, со цел да се испорача што пореална слика за зедничките и различните претстави за политиката на Европа. Пред сè, Германија, Данска, Ирска, Португалија и Шведска настојуваа на уредување на односите на база на договор, кој ќе биде во најтесна можна релација со Договорот за Устав за Европа, додека особено Франција, Холандија, Обединетото Кралство, Чешка и Полска од различни причини бараа сосема ново обликување на договорот. На
23 јуни 2007 година во Брисел, по многуте исцрпни и комплицирани преговори во Европскиот совет, во 4 часот и 30 минути рано наутро, конечно беше постигната согласност за свикување на идна меѓувладина конференција посветена на реформите на европските договори.
До последен момент шансата за нов старт беше крајно неизвесна. Приврзаниците на првичниот Договор за устав веќе си ги препишуваа заслугите за европската иднина, но мораа да имаат предвид дека за противниците на Договорот и понатаму поисплатлива беше традиционалната политика заснована на национални државни интереси. Противниците на Договорот за Уставот не сакаа да ги затворат очите пред потребата за реформа на ЕУ. Кога се направија одредени отстапки, тие мораа истовремено да покажат подготвеност, односно да ги прифатат понатамошните чекори на европската интеграција, како, на пример, правно-обврзувачката Повелба за фундаменталните права или проширување на можноста за донесување одлуки со мнозинство, на пример, во областа на правдата и внатрешните работи.
Исцрпните преговори и консултации кои ѝ претходеа на Меѓувладината конференција од Лисабон, која се одржа на 18 и 19 октомври 2007
година, придонесоа многу полесно да се постигне едногласност. Договорот од Лисабон беше потпишан на 13 декември 2007 година од страна на сите шефови на држави и влади.
Процесот на ратификација на Договорот можеше да започне. Мнозинството земји-членки го доставија документот за ратификација до Република Италија до декември 2008 година. Критички настроените претседатели на Полска и Чешка, кога станува збор за ЕУ, бараа и најмала можност да го опструираат Договорот. Во Германија, Сојузниот уставен суд разгледуваше жалби против Договорот, така што претседателот ја чекаше конечната одлука пред да го потпише документот за ратификацијата. Во Ирска, на 12 јуни 2008 година, Договорот падна на референдум, кој беше услов за земјата да го ратификува Договорот од Лисабон. Ирското вето ја разниша европската политика. Едниствен излез од оваа ситуација беше на ирските гласачи да им се понудат нови отстапки, како што беше одредбата со која на
секоја земја ѝ се овозможува да предложи комесар. Дали оваа отстапка ќе биде доволна, не можеше со сигурност да се предвиди. Сепак, од
светската финансиска криза, која особено ја погоди Ирска, граѓаните
на оваа држава сфатија во колку голема мера може да биде од помош европската солидарност (на пример, во рамки на еврозоната). Така, по одржаниот втор референдум во Ирска на 2 октомври 2009 година, 67% од граѓаните се изјаснија за ратификување на Договорот од Лисабон. Одлуката на Ирска придонесе да попуштат и претседателите на Полска и Чешка. Чешкиот претседател се наоѓаше во фаза на исчекување на исходот од жалбите поднесени пред чешкиот Уставен суд, кои на крај беа безуспешни. Тој го потпиша документот за ратификација на 3 ноември 2009 година, како последен од европските шефови на држави.
Во Германија, Сојузниот уставен суд изненади со својата одлука од 30 јуни 2009 година, која наиде на контроверзна дискусија. Со пресудата не се попречуваше патот на претседателот да го потпише документот за ратификација, но донесените придружни закони кои се однесуваат на имплементацијата на Договорот во Германија беа прогласени за неуставни. По усвојувањето на потребните корекции во Бундестагот и Сојузниот совет, во септември 2009 година во Германија беа создадени услови за влегување во сила на Договорот од Лисабон. Не земајќи го предвид временското одложување на процесот на ратификација на договорот од страна на Германија, пресудата на Сојузниот уставен суд од повеќе причини претставува значаен момент за самиот договор. Пред сè, одлуката се противи на првобитната идеја за европски устав, со кој се етаблира една нова заедница на европско ниво. Од перспектива на Сојузниот уставен суд, ЕУ останува да биде дело на суверените демократски држави. Од надлежностите на Европската унија не произлегува независен национален суверенитет на граѓаните на Унијата. Оттука, Сојузниот уставен суд заклучува дека и понатаму земјите-членки мора да ја преземат одговорноста за почитување на основните демократски начела од нивниот устав. Сојузниот уставен суд определува суштинска сфера за германската политика, која не смее во целост да се префрли под одговорност на институциите на ЕУ. Тука се вбројуваат одлуките кои се однесуваат на војна и мир, казненото право и полицијата, приходите и расходите на државата, образованието, медиумите и религијата. Доколку, сепак, се случи вакво префрлање на надлежностите, може повторно да се повика Сојузниот уставен суд.
Со ова јасно беа повлечени границите на европската договорна политика, која критичарите на пресудата ја оценуваат како премногу рестриктивна. Во својот прилог за „Цајт“ (Zeit, 9 јули 2009 година, стр. 4) поранешниот министер за надворешни работи, Јxxxx Xxxxx, ќе истакне дека во пресудата се отсликува улогата на Уставниот суд на „национално резе“ на продлабочената интеграција. Повеќе Европа отколку што самиот Договор од Лисабон дозволува, од гледна точка на Сојузниот уставен суд, е можно само доколку започне нов процес за изготвување европски устав. Ваквата перспектива претставува голем
товар за сегашната Европска унија со 27 земји-членки, која повеќе размислува национално-државно отколку европски.
Патот кон Договорот од Лисабон, секако, беше многу трнлив, а неговото влегување во сила се случи подоцна од планираното, на 1 декември 2009 година. Во ноември, забрзано се бараше персонал за важните новоформирани служби. За прв претседател на Европскиот совет беше избран белгискиот премиер Хxxxxx xxx Xxxxxx, кој е приврзаник на таборот на конзервативците. Од редовите на социјалистите беше избран првиот европски министер за надворешни работи, кој официјално ја носи титулата „Висок претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика“. Назначувањето на оваа функција на британската политичарка леди Кxxxxx Xxxxx (претходно одговорна за трговија при Европската комисија) која доаѓа од редовите на Лабористите, исто како и назначувањето на Вxx Xxxxx, беше интерпретирано како индикација дека во структурата на Европската унија по влегувањето во сила на Договорот од Лисабон шефовите на поединечните држави и влади сакаат да имаат важен збор во сите сфери на европската политика.
Цели и идентитет на Европската унија
Договорот од Лисабон прави отстапување од целта за воведување устав за единствена европска заедница преку откажувањето од сите симболи кои би можеле на ЕУ да ѝ дадат ваков карактер. Во преамбулата на Договорот за ЕУ можат да се најдат вообичаените општи намери на договорните страни. Тие почиваат на универзалните вредности, како човекови права, слобода, демократија, еднаквост и владеење на правото. Поранешните дискусии за експлицитно споменување на христијанско-еврејското наследство на европскиот континент или повикувањето кон Бога за самопотврдување на европската соработка, повеќе не се содржани во Договорот од Лисабон. Целите на Договорот се ориентирани кон подобрувањето на демократијата и ефикасноста во работењето на органите на Унијата. На интеграцијата се гледа како на отворен процес кон создавање на што потесна унија на народите на Европа. Преку Договорот од Лисабон Европската унија за првпат добива својство на правно лице. Таа го зазема местото на Европската заедница, како нејзина правна следбеничка. Но, идејата не лежи во создавање европска наддржава. Одлуките на европско ниво треба да се донесуваат во согласност со начелото на супсидијарност, што е можно поблиску до граѓаните, почитувајќи ги историјата, културата и традицијата на земјите-членки.
Со Договорот за Устав за Европа како официјални симболи на Европската унија се предвидени: знамето на Унијата (дванаесет златни ѕвезди на сина заднина), европската химна („Ода на радоста“ од Бетовен), Денот
на Европа (9 Мај), еврото и девизата „Обединети во различностите“. И покрај тоа што во дневно-политичката употреба идентитетот на Европската унија и понатаму се поврзува со овие симболи, нивното наведување е изоставено во Договорот од Лисабон. Ограничување на симболите на државност во Договорот од Лисабон претставува и самиот чин на именување на eвропскиот министер за надворешни работи, кој ќе раководи со новоформираната Европска служба за надворешно дејствување, односно ќе ја извршува функцијата „Висок претставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика“.
И самата структура на Договорот од Лисабон во голема мера е креирана под притисокот на противниците на изнаоѓање уставно решение на традиционален начин, особено поради цената од можната конфузија кај граѓаните на Унијата. Договорот за Устав предвиде интегрирање во еден документ на Договорот за Европската унија (ДЕУ) и Договорот за Европската заедница (ДЕЗ), кои по Договорот од Мастрихт од 1992 година се основата на европските договори, и вклучување на Повелбата за фундаменталните права на Европската унија. Договорот од Лисабон ја има задржано поделбата на три дела и дополнително регулира, како и претходните договори, релевантни прашања содржани во преку триесет протоколи и шеесет декларации со различни толкувања. Договорот содржи две измени: 1. Договорот за Европската заедница се преименува во Договор за функционирањето на Европската унија (ДФЕУ); 2. Член 6, став 1 од Договорот за ЕУ гласи: „Повелбата за фундаменталните права и договорите се правно рамноправни“. Притоа, Повелбата е правно-обврзувачка за органите на ЕУ, како и за земјите- членки, додека го спроведуваат европското право, а Европскиот суд на правдата го надгледува придржувањето кон истата. Ова не важи за Полска и за Обединетото Кралство. Во Протоколот бр. 30 се гарантира дека против овие земји не може да се остварат правата за покренување обвиненија, што произлегува од Повелбата. И чешкиот претседател пред потпишувањето на документот за ратификација најави извесни ограничувања.
Европските договори би биле почитливи и поразбирливи доколку при распределбата на надлежностите на Европската унија би се користел јазик што ќе овозможи пронаоѓање аналогија со националното законодавство. Во литературата за Европската унија сè почесто станува збор за европското законодавство. Затоа, Договорот за Устав се стремеше кон преименување на европските правни акти во право, рамковно право и одлуки. Договорот од Лисабон ги задржува поимите кои уште повеќе се оддалечуваат од она што претставува национално-државна симболика, како што се регулатива, директива и одлука. За ова постои суштинска причина, која е тесно поврзана со логиката на европската интеграција. Во Европската унија во суштина не постои законодавен
субјект кој поседува сеопфатни овластувања, аналогно на улогата на национален парламент. Во рамки на националните парламенти можат да се обработуваат сите материи и тие имаат законодавни постапки, кои се исти за сите прашања. Спротивно на ова, европските органи работат врз основа на ограничени надлежности преку земјите-членки. Со секое пренесување на надлежностите на специфичен начин се регулира во колкава мера ќе се преземат одредени надлежности, како и методот на одлучување. Така, поаѓајќи единствено од законодавството, произлегува дека ќе се постигне повеќе заедништво од досега.
Нова институционална архитектура
Реформите на институциите имаат за цел дадените структури да ги направат што поефикасни и покохерентни. Во согласност со Договорот од Лисабон (член 13 од ДЕУ), органи на Европската унија се Европскиот парламент, Советот, Комисијата, Судот на правдата, Судот на ревизори и за првпат, Европската централна банка и Европскиот совет.
Наднационалната соработка помеѓу шефовите на држави и влади во Европскиот совет значително се зајакнува. Дури и кога тој законски не смее да дејствува, сепак, игра значајна улога во утврдувањето на основните политички цели и приоритети на ЕУ. Членови на Европскиот совет се и претседателот на Комисијата и Претседателот на Европскиот совет. Во неговата работа учествува и Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Оттука можат да се заклучат две работи. Од една страна, со Договорот од Лисабон се зголемува степенот на ограничување на кадарот во рамки на европските институции, но, од друга страна, во гласот на претседателот на Европскиот совет го наоѓаме гласот на ЕУ. Ова може да се толкува како одговор на ЕУ на прашањето на поранешниот американски министер за надворешни работи, Хxxxx Xxxxxxxx, односно неговото барање на телефонски број на ЕУ. Претседателот на Европскиот совет нема повеќе мандат од само шест месеци, како што беше случај досега, туку мандатот му трае две и пол години, со можност за еден повторен избор.
Дали претседателот на Европскиот совет навистина ќе успее во улогата на гласник на ЕУ на светската политичка сцена, не зависи само од неговите институционално загарантирани капацитети, туку и од неговата личност и раководењето со службата. Според Договорот од Лисабон, Претседателот на Европскиот совет, не навлегувајќи во надворешно-политичките надлежности на Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика, ја застапува Унијата и во делот на надворешните работи и безбедносната политика (член 15, став 6 од ДЕУ). Кон внатрешните структури тој треба да дејствува во правец на консензус и да соработува со претседателот на Комисијата. Обемот
на неговата работа се чини огромен. Статистиките во некои медиуми укажуваат на бројка од 150 значајни средби годишно (The Econоmist, 10 октомври 2009 година, стр. 28). Оттука лесно може да се заклучи дека големиот број високи позиции во ЕУ, чиј број со Договорот од Лисабон уште повеќе се зголеми, однадвор изгледа збунувачки, а гледано одвнатре, во политичкото секојдневие, создава проблеми во разграничувањето на надлежностите. Се работи за ситуација во која рамо до рамо имаме Претседател на Европскиот совет, шестмесечното претседателство во Советот, претседател на Комисијата, претседател на Европскиот парламент, претседател на Еврогрупата, како и Висок претставник во однос на надворешнополитички прашања. Последниот е и заменик на претседателот на Комисијата.
Европската комисија е двигател на европската интеграција. Сè додека во договорите не е поинаку пропишано, законодавен акт на Унијата може да се донесе само на предлог на Комисијата (член 17, став 2 од ДЕУ). Членовите на Комисијата својата работа треба да ја извршуваат потполно независно. Комесар не смее ниту да прифаќа, ниту да спроведува инструкции, на пример, од националната влада која го има предложено (член 17, став 3 од ДЕУ). Доколку доследно се почитуваат договорите, националното потекло на комесарот треба да биде во втор план, односно неговото дејствување во прв план треба да биде за интересите на ЕУ. За време на преговорите кои му претходеа на Договорот се разви дискусија околу големината на Комисијата. Се постигна консензус, односно беше заклучено дека советодавно-одлучувачко тело со 27 комесари не може понатаму да функционира. Уште со Договорот од Ница се предвиде намалување на бројот на комесарите, во време кога тој достигна бројка од 27. Со Договорот од Лисабон, од 1 ноември 2014 година, што значи со започнувањето на следниот мандат на Комисијата, се предвидува намалување на Комисијата, со што бројот на комесари ќе биде еднаков на две третини од бројот на земјите-членки. Сепак, веројатноста да се случи вакво нешто е многу мала. Формулата „една земја - еден комесар“ беше широко афирмирана во 2009 година, со цел да се убедат граѓаните на Ирска да се изјаснат за Договорот од Лисабон. За евентуалното спроведување на ротациона постапка како резултат на намалувањето на Комисијата, мора да има и едногласна одлука во Европскиот совет. Тука постои опасност на подолг рок да се попречи ефикасноста на многу важно, одлучувачко тело на ЕУ, како резултат на погрешно разбрана политика, заснована на национални интереси.
Како институционален победник на Договорот од Лисабон важи Европскиот парламент. Неговото јакнење се поврзува со јакнењето на европската демократија. Јасен показател дека ваквото размислување не е непроблематично е значењето на европските избори во споредба со националните. Одредбата содржана во член 10 став 2 од ДЕУ според која
„Граѓаните се директно претставени на ниво на Унијата во Европскиот
парламент“ не се применуваше во политичкото секојдневие при европските изборни кампањи, кои, пред сè, беа посветени на национални прашања. Оваа појава многу јасно ја дефинираше германскиот Сојузен уставен суд во својата пресуда по Договорот од Лисабон: Европскиот парламент „не е претставнички орган на еден суверен европски народ“ (Сојузен уставен суд, 2BvE 2/08 од 30.6.2009 година, број 280) и ова го поткрепи со фактот на постоење на недоволна или прекумерна застапеност на поединечните земји-членки во Европскиот парламент, како и немањето ефикасна опозиција.
Но, специфичниот карактер на ЕУ како „сојуз на држави“ не му дозволува на Европскиот парламент да се развие во парламент според веќе познатата формула, а намалениот интерес на националните политики и националните медиуми за процесот на одлучување за европската политика во никој случај не може да биде оправдан. Од гледна точка на ЕУ, Договорот од Лисабон се обидува да се справи со демократските недостатоци на европската политика на три начини: преку зајакнување на позицијата на Европскиот парламент, преку можноста за поголема вклученост на националните парламенти во европската политика и преку воведување на директни демократски инструменти за заедничко политичко дејствување.
Европскиот парламент и Советот (Советот на министри) се двата законодавни органи на Унијата (член 14 ДЕУ). Новата редовна законодавна постапка, според која Советот и Парламентот се рамноправни законодавни тела и според која Парламентот не смее да биде надгласан, ја заменува досегашната постапка на соодлучување и е редовна постапка. Ист е случајот и при донесување на одлуки за буџетот, односно доколку станува збор за буџетските расходи Парламентот е еднакво поставен во однос на Советот. За приходите на ЕУ одлучуваат земјите-членки. Досега Европскиот парламент имаше можност да учествува во донесувањето на одлуките само за незадолжителните расходи, сега веќе тој има значајна улога во донесувањето на одлуките за буџетот во областа на земјоделството и регионалниот развој. Исто така, за разлика од порано, кога Европскиот парламент мораше да се согласи со назначувањето на претседателот на Комисијата, сега Парламентот го „избира“ претседателот на Комисијата. Сепак, Комисијата сè уште мора да постигне консензус со Европскиот парламент, а Европскиот парламент може да изгласа недоверба на Комисијата (член 234 од ДФЕУ). Европскиот совет, пак, го задржува правото да го предлага претседателот на Комисијата. Новост е тоа што при изготвувањето на предлогот Советот мора да ги земе предвид резултатите од изборите за Европскиот парламент, бидејќи политичкиот сооднос на гласовите во Парламентот во извесна мера е важен, честопати пресуден за одредувањето на претседателот на Комисијата. Претседателот на Комисијата ги утврдува насоките според кои Комисијата ги извршува
своите задачи и одлучува за внатрешната организација на Комисијата, како и за назначувањето на заменикот на претседателот од редовите на членовите на Комисијата (со исклучок на Високиот претставник на Унијата за надворешна и безбедносна политика).
Националните парламенти во иднина ќе играат поголема улога во европската политика (член 12 од ДЕУ, Протокол бр. 1 и 2). Од една страна, националните парламенти ќе бидат непосредно информирани за документите на Комисијата, како и дневниот ред и протоколите од седниците на Советот. Од друга страна, се воведува механизам за контрола на супсидијарноста, со цел да се избегнат пречекорувања на надлежностите (Протокол бр.2). Националните парламенти или домовите на еден национален парламент имаат можност во рок од осум недели од денот на доставувањето на некој предлог-законодавен акт на ЕУ да излезат со основано мислење, во кое ќе биде образложено зошто предлог-законодавниот акт не е во согласност со начелото на супсидијарност и истото го доставуваат до претседателите на Европскиот парламент, Советот и Комисијата. Секој национален парламент располага со две гласа, при што, доколку се работи за дводомен парламентарен систем, од секој дом доаѓа по еден глас. Доколку бројот на основаните мислења против еден предлог-законодавен акт достигне една третина од вкупниот број гласови од националните парламенти, предлогот се враќа на повторно разгледување. Доколку станува збор за предлог-акти од областа на слободата, безбедноста и правото (правда и внатрешна политика) за приговор е потребна една четвртина од вкупниот број гласови од националните парламенти. Доколку бројот на приговори во рамки на редовна законодавна постапка достигне просто мнозинство од вкупниот број гласови на националните парламенти, ќе се започне вонредна постапка, која под одредени околности може да доведе до ситуација кога законодавните тела на ЕУ (Советот и Европскиот парламент) нема повторно да го разгледуваат предлог- законодавниот акт. Исто така, на земјите-членки им се овозможува во името на своите парламенти да поднесат тужба пред Европскиот суд на правдата за повреда на начелото на супсидијарност при донесувањето на некој законодавен акт на ЕУ. Оваа можност се чини поверојатна за политичката пракса, многу поверојатна од алтернативата која подразбира координација на цела редица парламенти во рамки на земјите-членки во рок од осум недели.
Со Договорот од Лисабон не само што се проширува просторот за демократско заедничко влијание на националните парламенти, Договорот, исто така, се обидува систематски да ја подобри отвореноста на ЕУ кон граѓанското општество. Европското граѓанско општество беше повикано во рамки на Конвенцијата за измени на Договорот да учествува во креирањето на европската уставна реалност. Договорот
од Лисабон ги обврзува сите органи на ЕУ на „отворен, транспарентен и редовен дијалог со претставничките здруженија и граѓанското општество“ (член 11, став 2 од ДЕУ). Во политичката пракса ова може да доведе до ситуација пропишаните обемни сослушувања и консултации на засегнатите страни, на кои е обврзана Комисијата, меѓу другото да се искористат за остварување на интересите на некои трети субјекти, кои располагаат со поголема организација и ресурси во дадениот временски период. По правило, граѓанското незадоволство се изразува повеќе анархиски. Поради оваа појава, Договорот од Лисабон, покрај правото на петиција до Европскиот парламент (член 227, од ДФЕУ) и правото на жалба до Европскиот омбудсман (член 228 од ДФЕУ), нуди и простор за директен демократски форум. Најмалку еден милион граѓани на Унијата, при што „мора да се работи за државјани на поголем број земји-членки“ (член 11 став 4 од ДЕУ), можат да поднесат иницијатива до Комисијата и да ја повикаат да поднесе предлог за европски законодавен акт во рамки на договорите. Колку ќе биде применлива и успешна ваквата можност за заедничко дејствување во пракса, останува да се докаже.
Покрај Европскиот парламент, вториот столб на законодавниот процес во Европската унија го претставува Советот. Оваа двојна структура го отсликува карактерот на ЕУ, од една страна, како унија на граѓаните (Парламент), а, од друга страна, како унија на државите (националните владини претставници во Советот). Договорот од Лисабон воспоставува транспарентност во законодавниот процес во Советот, слична на онаа во Парламентот. Од 1 декември 2009 година сите седници на Советот на кои се разработува европското законодавство се отворени за јавноста. Но, уште поважна и често оспорувана е една друга реформа на Советот: реформата во постапката на одлучување. Сè додека владееше начелото на едногласност, кое и понатаму во некои политички области важи формално а во многу други неформално, воопшто не се обрнуваше внимание на прашањето колку граѓани на ЕУ претставува секоја земја- членка во Советот. Но, ЕУ во процесите на одлучување сè повеќе се стреми кон можноста за одлучување со мнозинство: од една страна, поради продлабочувањето на европската интеграција, а, од друга страна, поради избегнувањето на опасноста од политичка блокада поради неможноста да се постигне потребната едногласност, во услови на зголемен број земји-членки. Со Договорот од Лисабон уште повеќе се продолжува трендот на „одлучување со мнозинство“ во Советот. Бројот на обласите во кои се одлучува со мнозинство порасна од 137 на 181. Квалификуваното мнозинство е воведено како редовна постапка на гласање (член 16, став 3 од ДЕУ), со исклучок на гласањето во областа на заедничката безбедносна и одбранбена политика, каде сè уште се гласа според досегашната постапка, односно со едногласност. Отстапувањето од редовната постапка на гласање мора да биде експлицитно наведено во договорите.
Големо несогласување, кое и Конвенцијата за Уставот не можеше да го реши, беше пресметувањето на квалификуваното мнозинство. Уште во Ница се водеа долги и исцрпни дебати околу прашањето на релативната тежина на гласовите. Решението кое на крајот се утврди се покажа не само како премногу комплицирано, туку и математички незадоволително. Целта требаше да биде тежината на земјите-членки да се поврзе со бројот на граѓаните кои тие ги застапуваат во Европа. Во Договорот од Ница се јавува случај на тројна релација, каде што Германија на сметка на недоволната застапеност во Советот, добива поголем број пратеници во Европарламентот. Одлуките на Советот се ставија во директна релација со мнозинството на „национално-потешките“ гласови, но истовремено и со определено минимално мнозинство од бројот на земјите-членки. На членовите од Советот им се препушти да одлучат за преземањето дополнителни чекори, за да се утврди дали мнозинството во Советот ги има потребните 62% од целокупното население на ЕУ. Реформата со овој компромис наиде на голем отпор, пред сè, кај владата на Полска, која – сè додека важат правилата од Ница - од гледна точка на политичката моќ, се гледаше себе си во поповолна положба. Договорот од Лисабон го голема мера го поедноставува досегашното правило за донесување одлуки со квалификувано мнозинство во Советот и истото го прави потранспарентно. Сега, само 55% од членовите во Советот можат да формираат квалификувано мнозинство, доколку овие 55% потекнуваат од гласовите на најмалку 15 земји-членки и доколку овие земји-членки покриваат минимум 65% од населението на Унијата. За блокирачко малцинство потребни се најмалку четири члена на Советот. Ваквото правило, што го вклучува бројот на населението, е во прилог на повеќето мали држави во ЕУ. Со ова се зголемува нивната моќ во рамки на блокирачкото малцинство, со што помала е веројатноста дека во Советот ќе има борба на гласови. За сметка на подобрената застапеност во Советот, од 2014 година Германија губи три места во Европарламентот.
Со интервенциите на полската влада повторно се усложни постигнатата поедноставена постапка за носење одлуки во Советот, со што во случајот може само условно да зборуваме за подобрување на правилата за донесување одлуки од Ница. Владата на Полска успеа во намерата новата регулатива за пресметување на квалификувано мнозинство да не влезе во сила во 2009 година со Договорот од Лисабон, туку дури во 2014 година (односно, 2017 година). Од 1 ноември 2014 година до 31 март 2017 година ќе важи новото правило за гласање во согласност со Договорот од Лисабон, според кое гласањето може да се спроведува во согласност со Договорот од Ница, доколку тоа го побара некоја земја- членка. Дури од 1 ноември 2017 година ќе се применува исклучиво системот на гласање со двојно мнозинство, предвидено со Договорот од Лисабон. Дополнително ќе важи и „клаузулата од Јанина“, наречена
според местото на одржување на меѓувладината конференција од 1994 година, според која земјите-членки можат да го искористат правото да ги одложат несаканите одлуки, клаузула која, исто така, беше воведена на инсистирање на Полска. Малцинство на држави, што по 2017 година дополнително ќе биде намалено, може да побара од Советот понатамошно разгледување на веќе донесени одлуки, со цел зголемување на бројот на земјите-поддржувачи. Како што може да се види, според Договорот од Лисабон зголемена е сферата на одлучување со мнозинство. Кога се работи за важни прашања, земајќи ја предвид можноста за институционални блокади од страна на поединечните земји-членки, и понатаму останува клучно постигнувањето консензус сведен на најмалиот заеднички именител, т.е. изнаоѓање на решение преку понуда и прифаќање на отстапки, како резултат на националните интереси на поединечните земји-членки. На оние земји-членки, пак, кои сакаат да се оттргнат од задолжителниот процес на донесување одлуки во ЕУ, во согласност со Договорот од Лисабон за првпат им се дава можноста да истапат од Унијата (член 50, став 1 од ДЕУ).
Нови задачи
Со Договорот од Лисабон не се направени некои значајни промени во однос на целите на ЕУ во поединечните политички области. Во средиштето на дискусијата за следните чекори на европската интеграција сè уште се прашањата за кои во земјите-членки можат да се добијат различни одговори. На пример, во врска со понатамошниот развој на внатрешниот пазар во конкурентен економски простор во контекст на глобализацијата и во услови на финансиската криза, повторно се наметнува прашањето на балансот помеѓу слободата на пазарот и интервенциите на државата. Француската иницијатива за отстранувањето на целта во текстот на Договорот од Лисабон, која се однесува на непречената конкуренција. може да се сфати само како симболичен гест и сега тоа се утврдува во Протоколот бр. 27:
„Внатрешниот пазар (...) опфаќа еден систем, кој обезбедува дека конкуренцијата нема да биде нарушена”. Слично може да се толкува и фактот што според Договорот од Лисабон Европската централна банка добива статус на орган на ЕУ. Некои познавачи овие две промени на Договорот ги интерпретираат како обид за зајакнување на политичкото влијание врз внатрешниот пазар и Европската централна банка.
Пред сè, измени беа направени во „структурата на столбови“ на задачите утврдена со Договорот од Мастрихт, Во Мастрихт врз база на Договорот за ЕЗ беа создадени: наднационален столб на ЕУ (каде главно беа содржани одредбите кои се однесуваа на внатрешниот пазар) и два меѓувладини столба (кои ја регулираа заедничката надворешна и безбедносна политика и соработката во областа на правдата и внатрешните
работи). Договорот од Лисабон ја зајакнува наднационалната област, интегрирајќи ги во неа правдата и внатрешните работи. Ова значи дека сега во многу поголема мера ќе биде возможно донесувањето мнозински одлуки и дека Европскиот парламент се здобива со право да се изјасни по дадени прашања. Впрочем, во член 73 од ДФЕУ стои дека земјите- членки под своја одговорност соработуваат помеѓу себе за зачувување на националната безбедност. За разлика од останатите наднационално- организирани политички области, земјите-членки го задржуваат правото на иницијативи во законодавството. Право за поднесување иницијатива нема само Комисијата, туку и една четвртина од земјите-членки (член 76 од ДФЕУ). Во областа на семејното право во прекугранична смисла се применува специфична постапка на донесување одлуки поради многуте различни национални правила, на пример, постапката за развод. Во ваков случај, на националните парламенти им се доставува предлог- законодавен акт. Доколку еден од националните парламенти во рок од шест месеци го одбие предлогот, тогаш тој пропаѓа. Наднационалниот карактер на донесувањето одлуки во областа на слободата, безбедноста и правдата е ослабен не само поради делумните компромиси водени од национални интереси, туку е помалку изразен и поради тоа што во овој понатамошен чекор на интеграција не учествуваат Велика Британија, Ирска и Данска.
Непроменето наднационално се одлучува во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика (ЗНБП). Тука важи начелото на едногласност. Искуството од минатото (на пр., војната во Ирак) покажа дека се можни ситуации кога сите земји-членки на ЕУ не гледаат еднакво на меѓународните конфликти, пред сè, неколку земји-членки како Финска, Австрија или Ирска, кои важат како традиционално политички неутрални. Националните интереси и интересите на ниво на ЕУ поради многу други причини, како што се приоритетите и обемот на буџетот предвиден за вооружување, или, пак, воените способности, не се поклопуваат секогаш по автоматизам. Сепак, во член 42 (ДЕУ) од Договорот од Лисабон стои дека Унијата треба да поседува оперативна способност која ќе се потпира на цивилни и воени средства. Затоа европските договори ја нудат можноста, покрај веќе постојната соработка, одредени земји-членки на доброволна база да воспостават зајакната меѓусебна соработка. Така, со Договорот од Лисабон на земјите-членки „кои исполнуваат повисоки критериуми во однос на воените способности и кои во поглед на мисиите имаат преземено пообврзувачки заложби“ (член 42 став 6 од ДЕУ) им се овозможува воспоставување на постојана структурна соработка (ПСС). Одлуките околу регулирањето на ПСС ги донесува Советот со квалификувано мнозинство. Постојаната структурна соработка служи како инструмент за подобрување на флексибилноста на Европската безбедносна и одбранбена политика. Членките на ПСС треба да бидат
во состојба да постават свои воени мисии за справување со кризи во рок од пет до триесет дена, во согласност со барањата на Обединетите нации (Протокол бр. 10). За гласањето во рамки на ПСС се применува начелото на едногласност.
Големо симболично значење за единството на ЕУ во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика имаат и клаузулите за заемна помош и солидарност содржани во Договорот од Лисабон. Особено балтичките земји имаат големи очекувања од одредбата во член 42 став 7 од ДЕУ: „Во случај некој да посегне по државната територија на некоја земја-членка, останатите земји-членки се должни да ги стават на располагање сета своја помош и поддршка.“Во врска со новата безбедносна состојба, член 222 од ДФЕУ налага земјите-членки да дејствуваат солидарно „во случај една земја-членка да стане жртва на терористички напад, да биде погодена од природна катастрофа или катастрофа предизвикана од човечки фактор. Унијата ќе ги мобилизира сите расположиви ресурси, вклучително и расположивите воени средства на земјите-членки.“ Во поширока смисла, европската солидарност е изразена и во обврската од областа на енергетската политика за помош во случај на прекин на снабдувањето со енергија (член 194 став 1 од ДФЕУ), како и воведената цел за справување со климатските промени, од областа на политиката за животната средина (член 191 став 1 од ДФЕУ).
Перспективи
Европската интеграција претставува единствен процес во светски рамки кој придонесе за заеднички економски, општествен и политички напредок на нациите во Европа. Колку повеќе процесот оди напред и колку повеќе земји-членки се приклучуваат во поставувањето на целите, толку потешко ќе биде донесувањето одлуки во однос на продлабочувањето на Европската унија. Мир во цела Европа, воспоставување заеднички вредности, економска благосостојба за граѓаните и гаранција за нивната безбедност се основните цели на ЕУ. На овие цели се согласуваат сите подеднакво. Сепак, сите земји-членки немаат исти погледи за улогата на ЕУ. Еврото не го имаат воведено сите земји-членки на ЕУ, сите не се вклучени во Шенгенскиот безграничен простор и сите не ја прифатија Повелбата за фундаменталните права. Европа се движи бавно и со различни брзини. Со Договорот од Лисабон се предвидува можноста за воспоставување на механизмот на зајакната соработка, на пример, помеѓу земјите-членки кои особено се залагаат за интеграција. Во член 20 став 2 од ДЕУ, како „крајна инстанција“ е предвидена одлуката на Европскиот совет, доколку тој утврди дека целите на таквата соработка не можат да се остварат во рамки на разумен период од страна на Унијата како целина, и под услов
најмалку девет земји-членки да учествуваат во таа соработка. Од друга страна, Договорот од Лисабон дозволува и истапување од членството и раскинување на обврските спрема ЕУ (член 48 став 2 од ДЕУ).
Со долго подготвуваниот Договор од Лисабон, во ЕУ конечно се постигна фаза на консолидација. Се разбира дека ќе треба да помине одредено време додека да се „проголтаат“ сите измени во Договорот, а одреден број важни одредби нема веднаш да влезат во сила. Времето на брзите измени на договорите и перманентната европска уставна политика во секој случај е завршено. Во наредните години ЕУ ќе мора да се концентрира на напорите одново да се стабилизира балансот помеѓу политиките на националните интереси и заедничките европски интереси. Некои прашања во однос на проширувањето се сé уште отворени - односите со некои од соседите, како на Исток, пред сè, со Русија, така и со соседите од Средоземјето (бегалците од северна Африка/кофликтот на Блискиот Исток), прашања кои повторно се вратија во фокусот на надворешната политика на ЕУ. Препреките на патот на проширувањето се уште поголеми, бидејќи забелешката на Европскиот совет од 2007 година во која тој бара да се вклучи во утврдувањето на евентуалните дополнителни услови при донесувањето на одлуките за проширувањето, е вметната во Договорот од Лисабон (член 49, ДЕУ). Европа воопшто го бара своето место во рамки на изменетиот светски поредок. Со чекорот на формирањето на Г7 и Г20 од редовите на најважните индустриски земји доаѓа до израз релативната светска политичка улога на европските национални држави, а со тоа и неопходноста од зајакната европска соработка.
Договорот од Лисабон не стана поразбирлив како резултат на исцрпниот процес на преговори и консултации. Тој го следи форматот на договорната политика на ЕУ, кој е обврзан на начелото на ограничување на поединечните овластувања. Постојаното вметнување на поединечни овластувања во мали делови во рамки на постоечките договори, кои не ретко се резултат на комплексни компромиси, е причината за сè подолгите и подетални договори. Сепак, Договорот од Лисабон се обидува (членовите 3 – 6 од ДЕУ) што е можно поопшто и разбирливо да ги разграничи надлежностите на ЕУ. Тука се прави разлика помеѓу надлежностите исклучиво на Унијата, надлежностите кои се поделени со земјите-членки, координативните задачи на Унијата и мерките за поддршка на земјите-членки. Улогата на регионите во ЕУ се потврдува како дел од политичката, економската и социјалната структура на Унијата. На тој начин се надминува „слепилото кон регионите“ од поранешните договори. Ова е чекор напред и покрај тоа што регионите на ЕУ со своите парламенти би биле посреќни со поголема регионална застапеност. Тие и понатаму остануваат на своите внатредржавни можности за заедничко дејствување во европската политика.
Договорот од Лисабон, како што коментираат многу евроскептици, на многу места е контроверзен. Единствен начин да се тестира неговата применливост е праксата. Европската интеграција претставува
„перманентен процес на учење; тој процес не може да се скрати со еден договор или устав“, ќе напише Xxxxxx Xxxxxxxxxx за весникот
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (“Frankfurter Allgemeine Zeitung”,
1 декември 2009 година, стр.1). Затоа прашањето гласи: дали Договорот од Лисабон ќе го олесни и ќе го направи потранспарентно и подемократско управувањето со ЕУ, како што се очекуваше? Дали националните парламенти ќе се чувствуваат подобро поврзани со европскиот процес на донесување одлуки? И, пред сè, може ли Договорот од Лисабон да придонесе кон пребродување на замореноста од Европа, за што меѓудругото доказ беше и малиот одѕив на гласачи на европските избори? Европа секогаш ќе се оценува според два критериума: според испорачаните резултати и според близината со граѓаните. Договорот од Лисабон полага големи вредности, пред сè, на зголемување на ефикасноста на политичкиот процес и негова што поголема транспарентност. И двата сегмента претставуваат важни елементи за еден успешен европски проект. Европските убедувања мораат и понатаму да се негуваат дома, во рамките на поединечните земји-членки. Само така Европската унија ќе остане на цврста основа.
КОНСОЛИДИРАНА ВЕРЗИЈА НА
ДОГОВОРОТ ЗА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ПРЕАМБУЛА
НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛОТ НА БЕЛГИЈА, НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛИЦАТА НА ДАНСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ИРСКА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА, НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛОТ НА ШПАНИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА, НЕГОВОТО КРАЛСКО ВИСОЧЕСТВО ГОЛЕМИОТ ВОЈВОДА НА ЛУКСЕМБУРГ, НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛИЦАТА НА ХОЛАНДИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ПОРТУГАЛИЈА, НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛИЦАТА НА ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО НА ВЕЛИКА БРИТАНИЈА И СЕВЕРНА ИРСКА(1),
РЕШЕНИ да означат нова фаза во процесот на Европската интеграција започнат со основањето на Европските заедници,
ИНСПИРИРАЈЌИ се од културното, религиското и хуманистичкото наследство на Европа, од кое се развија универзалните вредности на неповредливите и неотуѓивите права на човекот, слободата, демократијата, еднаквоста и владеењето на правото,
ПОТСЕТУВАЈЌИ СЕ на историската важност на завршувањето на поделбата на европскиот континент и на потребата да се создаде стабилна основа за градење на идната Европа,
ПОТВРДУВАЈЌИ ја својата приврзаност кон начелата на слобода, демократија и почитување на човековите права и основни слободи и владеењето на правото,
ПОТВРДУВАЈЌИ ја својата приврзаност кон основните социјални права дефинирани во Европската социјална повелба потпишана во Торино на
18 октомври 1961 година и во Повелбата на Заедницата за основните социјални права на работниците од 1989 година,
ПОСАКУВАЈЌИ да ја продлабочат солидарноста меѓу своите народи, истовремено почитувајќи ја нивната историја, култура и традиции,
1 Во меѓувреме членки на Европската унија станаа Република Бугарија, Република Чешка, Република Естонија, Република Кипар, Република Летонија, Република Литванија, Република Унгарија, Република Малта, Република Австрија, Република Полска, Романија, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска и Кралството Шведска.
ПОСАКУВАЈЌИ понатамошно јакнење на демократското и ефикасното функционирање на институциите со цел истите подобро да ги извршуваат доверените задачи во единствена институционална рамка,
РЕШЕНИ да остварат зајакнување и сообразност на своите економии и да воспостават економско-монетарна унија, вклучително и единствена и стабилна валута во согласност со одредбите од овој Договор и Договорот за функционирањето на Европската унија,,
ОДЛУЧЕНИ да го унапредат економско-социјалниот напредок на своите народи, имајќи го предвид начелото на одржлив развој и во контекст на воспоставувањето внатрешен пазар и зајакната кохезија и заштита на животната средина, и да спроведат политики кои гарантираат дека напредокот во економската интеграција ќе биде придружен со паралелен напредок и во другите области,
РЕШЕНИ да создадат заедничко граѓанство за државјаните на нивните земји,
РЕШЕНИ да спроведат заедничка надворешна и безбедносна политика, како и постепено градење на заедничка одбранбена политика, која може да води до заедничка одбрана во согласност со одредбите од член 42, со што ќе се зајакне Европскиот идентитет и неговата независност со цел да се промовира мир, безбедност и напредок во Европа и во светот,
РЕШЕНИ да го олеснат слободното движење на лица, притоа гарантирајќи ја безбедноста и сигурноста на своите народи со воспоставување на област на слобода, безбедност и правда, во согласност со одредбите од овој Договор и од Договорот за функционирањето на Европската унија,
РЕШЕНИ да го продолжат процесот на создавање на потесна унија меѓу народите на Европа, во која одлуките ќе се приближат до граѓаните во согласност со начелото на супсидијарност,
ВО ПОГЛЕД НА преземањето идни чекори за унапредување на Европската интеграција,
ОДЛУЧИЈА да основаат Европска унија и за таа цел ги назначија како свои ополномоштени претставници:
(Списокот на ополномоштени претставници не е репродуциран)
КОИ, по разменување на своите целосни овластувања, во добра и соодветна форма, се согласија на следното:
НАСЛОВ I
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(поранешен член 1 од ДЕУ) (2)
Со овој Договор, ВИСОКИТЕ ДОГОВОРНИ СТРАНИ меѓу себе основаат ЕВРОПСКА УНИЈА, во понатамошниот текст наречена „Унија“, на која земјите-членки ѝ ги пренесуваат своите надлежности за да ги остварат своите заеднички цели.
Овој Договор означува нова фаза во процесот на создавање потесна унија меѓу народите на Европа, во која одлуките се донесуваат колку што е можно поотворено и поблиску до граѓаните.
Унијата се засновува на овој Договор и на Договорот за функционирањето на Европската унија (во натамошниот текст „Договорите“). Овие два Договора имаат иста правна сила. Унијата ја заменува и ја наследува Европската заедница.
Член 2
Унијата се темели на вредностите на почитување на човековото достоинство, слободата, демократијата, еднаквоста, владеењето на правото и почитувањето на човековите права, вклучително и правата на лицата што припаѓаат на малцинства. Овие вредности се заеднички за земјите-членки во општество во кое преовладуваат плурализмот, не- дискриминацијата, толеранцијата, правдата, солидарноста и еднаквоста меѓу мажите и жените.
Член 3
(поранешен член 2 од ДЕУ)
1. Целта на Унијата е да го промовира мирот, своите вредности и благосостојбата на своите народи.
2. Унијата им нуди на своите граѓани област на слобода, безбедност и правда без внатрешни граници, во која слободното движење на лицата се обезбедува во комбинација со соодветни мерки за контрола на надворешните граници, азил, имиграција и спречување и борба против криминалот.
2 Овие упатувања се индикативни. За подетални информации погледнете ги табелите за еквивалентност меѓу новото и старото нумерирање на Договорите.
3. Унијата воспоставува внатрешен пазар. Таа работи за одржлив развој на Европа врз основа на балансиран економски пораст и стабилност на цените, висококонкурентна социјална пазарна економија, чија цел е целосно вработување и социјален напредок и високо ниво на заштита и подобрување на квалитетот на животната средина. Промовира научен и технолошки напредок.
Се бори против социјално исклучување и дискриминација и промовира социјална правда и заштита, еднаквост меѓу мажите и жените, солидарност меѓу генерациите и заштита на правата на детето.
Промовира економска, социјална и територијална кохезија и солидарност меѓу земјите-членки.
Ја почитува својата богата културна и јазична различност и гарантира заштита и унапредување на културното наследство на Европа.
4. Унијата воспоставува економска и монетарна унија чија валута е еврото.
5. Во своите односи со останатиот свет, Унијата ги поддржува и ги промовира своите вредности и интереси и придонесува за заштитата на своите граѓани. Унијата придонесува за мирот, безбедноста, одржливиот развој на Земјата, солидарноста и заедничката почит меѓу народите, слободна и праведна трговија, искоренување на сиромаштијата и заштита на човековите права, особено правата на детето, како и за строго почитување и развој на меѓународното право, вклучително и почитување на начелата од Повелбата на Обединетите нации.
6. Унијата ги остварува своите цели со соодветни средства во согласност со надлежностите што ѝ се пренесени со Договорите.
Член 4
1. Во согласност со член 5, надлежностите што не ѝ се пренесуваат на Унијата со Договорите остануваат кај земјите-членки.
2. Унијата ја почитува еднаквоста на земјите-членки пред Договорите, како и нивните национални идентитети, вмрежени во нивните основни политички и уставни структури, вклучувајќи ги и регионалните и локалните самоуправи. Ги почитува нивните основни државни функции, особено оние чија цел е гарантирање на територијалниот интегритет на земјата, одржување на редот и мирот и зачувување на националната безбедност. Конкретно, националната безбедност останува единствено во рамките на одговорноста на секоја земја-членка.
3. Во согласност со начелото за лојална соработка, Унијата и земјите- членки, со целосно заемно почитување, си помагаат во извршувањето на задачите што произлегуваат од Договорите.
Земјите-членки ги преземаат сите соодветни општи или специфични мерки, со цел да се обезбеди остварување на обврските што се јавуваат од Договорите или произлегуваат од актите на институциите на Унијата.
Земјите-членки го олеснуваат остварувањето на задачите на Унијата и се воздржуваат од каква било мерка што би можела да го загрози остварувањето на целите на Унијата.
Член 5
(поранешен член 5 од ДЕУ)
1. Ограничувањата на надлежностите на Унијата се регулираат со начелото на пренесување. Користењето на надлежностите на Унијата се регулира со начелата на супсидијарниот и пропорционалност.
2. Според начелото на пренесување, Унијата постапува само во рамките на надлежностите што ѝ се пренесени од страна на земјите-членки во Договорите за остварување на целите наведени во тие Договори. Надлежностите што не се пренесени на Унијата со Договорите, остануваат кај земјите-членки.
3. Според начелото на супсидијарност, во областите кои не спаѓаат во рамките на нејзините ексклузивни надлежности, Унијата постапува само и доколку целите на предложената активност не можат доволно да се остварат од страна на земјите-членки, на централно или регионално или локално ниво, туку поради нивото или ефектите од предложената активност можат подобро да се остварат на ниво на Унијата.
Институциите на Унијата го применуваат начелото на супсидијарност на начин утврден во Протоколот за примена на начелата на супсидијарност и пропорционалност. Националните парламенти обезбедуваат усогласеност со начелото на супсидијарност, во согласност со процедурата образложена во тој протокол.
4. Според начелото на пропорционалност, содржината и обликот на дејствување на Унијата нема да ги надминат границите на она што е потребно за остварување на целите од Договорите.
Институциите на Унијата го применуваат начелото на пропорционалност на начин дефиниран во Протоколот за примена на начелата на супсидијарност и пропорционалност.
Член 6
(поранешен член 6 од ДЕУ)
1. Унијата ги признава правата, слободите и начелата утврдени во Повелбата за фундаменталните права на Европската унија од 7 декември 2000 година, како што е приспособена во Стразбур, на 12 декември 2007 година, која ја има истата правна сила како и Договорите.
Одредбите на Повелбата не ги прошируваат на кој било начин надлежностите на Унијата дефинирани во Договорите.
Правата, слободите и начелата во Повелбата се толкуваат во согласност со општите одредби од Наслов VII од Повелбата со кои се уредува нејзиното толкување и примена, со посебно внимание на објаснувањата споменати во Повелбата, кои ги утврдуваат изворите на тие одредби.
2. Унијата пристапува кон Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи. Тоа пристапување нема да влијае на надлежностите на Унијата дефинирани во Договорите.
3. Основните права, гарантирани во Европската конвенција за заштита на човековите права и основни слободи и како што произлегуваат од заедничките уставни традиции на земјите-членки, претставуваат основни начела на правото на Унијата.
Член 7
(поранешен член 7 од ДЕУ)
1. Врз основа на образложен предлог од една третина од земјите-членки, од Европскиот парламент или од Европската комисија, Советот, со мнозинство од четири петтини од своите членови по добивање согласност од страна на Европскиот парламент, може да утврди постоење на јасен ризик за сериозна повреда од страна на земја-членка на вредностите наведени во член 2. Пред да донесе таква одлука, Советот ја ислушува засегнатата земја-членка и може да ѝ даде препораки, постапувајќи во согласност со истата процедура.
Советот редовно проверува дали причините за донесувањето на таквата одлука продолжуваат да важат.
2. Европскиот совет, постапувајќи со едногласност на предлог на една третина од земјите-членки или на Комисијата, и по добивање согласност од страна на Европскиот парламент, може да одреди постоење на сериозна и постојана повреда од страна на земја-членка на вредностите споменати во член 2, по повикување на односната земја-членка да ги претстави своите ставови.
ОДРЕДБИ ЗА ДЕМОКРАТСКИ НАЧЕЛА 41
3. При донесување на констатацијата од став 2, Советот со квалификувано мнозинство може да одлучи привремено да прекине одредени права на соодветната земја-членка што произлегуваат од примената на Договорот, вклучително и гласачките права на претставникот на владата на таа земја-членка во Советот. Притоа, Советот ги зема предвид можните последици од таквото суспендирање на правата и обврските на физичките и правните лица.
Во секој случај, обврските за односната земја-членка според овој Договор продолжуваат да бидат обврзувачки за таа земја.
4. Советот со квалификувано мнозинство може да одлучи да менува или да повлече мерки преземени според став 3 како одговор на промени во ситуацијата што довела до нивно воведување.
5. Уредувањата за гласање што се однесуваат на Европскиот парламент, на Европскиот совет и на Советот за целите на овој член се утврдени во член 354 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Член 8
1. Унијата развива посебен однос со соседните земји за да се воспостави област на просперитет и добрососедство, основана на вредностите на Унијата и окарактеризирана со блиски и мирни односи базирани на соработка.
2. За целите на став 1, Унијата може да склучува посебни спогодби со предметните земји. Ваквите спогодби може да содржат реципрочни права и обврски, како и можност за заедничко преземање активности. Нивното спроведување е предмет на периодични консултации.
НАСЛОВ II
ОДРЕДБИ ЗА ДЕМОКРАТСКИ НАЧЕЛА
Член 9
Во сите свои активности, Унијата го почитува начелото за еднаквост на своите граѓани, кои добиваат еднакво внимание од институциите, телата, канцелариите и агенциите. Секој жител на земја-членка е граѓанин на Унијата. Европското граѓанство е дополнително и не го заменува националното државјанство.
Член 10
1. Функционирањето на Унијата се заснова на репрезентативна демократија.
2. Граѓаните во Европскиот парламент се директно претставени на ниво на Унијата.
Земјите-членки во Европскиот совет се претставени од страна на нивните шефови на држави или влади и во Советот од страна на нивните влади, кои се демократски одговорни или пред своите национални парламенти или пред своите граѓани.
3. Секој граѓанин има право да учествува во демократскиот живот на Унијата. Одлуките се донесуваат колку е можно поотворено и поблизу до граѓаните.
4. Политичките партии на европско ниво придонесуваат кон создавање на европска политичка свест и изразување на волјата на граѓаните на Унијата.
Член 11
1. Институциите, со соодветни средства, им даваат можност на граѓаните и на претставничките здруженија да ги објават и јавно да ги разменат своите ставови во сите области на дејствување на Унијата.
2. Институциите одржуваат отворен, транспарентен и редовен дијалог со претставничките здруженија и со граѓанското општество.
3. Европската комисија спроведува широки консултации со засегнатите страни, со цел да обезбеди кохерентност и транспарентност на дејствувањето на Унијата.
4. Најмалку еден милион граѓани кои се државјани на значителен број земји-членки може да преземат иницијатива и да ја повикаат Европската комисија, во рамките на нејзините надлежности, да достави соодветен предлог за прашања за кои граѓаните сметаат дека е потребен правен акт на Унија за целта на спроведување на Договорите.
Процедурите и условите потребни за таква граѓанска иницијатива се одредуваат во согласност со првиот став од член 24 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Член 12
Националните парламенти активно придонесуваат за доброто функционирање на Унијата:
(а) со тоа што се информирани од страна на институциите на Унијата и им
се проследуваат предлог-законодавните акти на Унијата во согласност со Протоколот за улогата на националните парламенти во Европската унија;
(б) со тоа што ќе обезбедат почитување на начелото на супсидијарност во согласност со процедурите предвидени во Протоколот за примена на начелата на супсидијарност и пропорционалност;
(в) со учествување во областа на слободата, безбедноста и правдата во оценувањето на механизмите за спроведување на политиките на Унијата во таа област, во согласност со член 70 од Договорот за функционирањето на Европската унија, и со вклученоста во политичкото следење на Европол и оценувањето на активностите на Европравда во согласност со членовите 88 и 85 од тој Договор;
(г) со учествување во процедурите на ревидирање на Договорите, во согласност со член 48 од овој Договор;
(д) со добивање на информации за барање за членство во Унијата, во согласност со член 49 од овој Договор;
(ѓ) со учествување во меѓупарламентарната соработка помеѓу националните парламенти и во соработката со Европскиот парламент, во согласност со Протоколот за улогата на националните парламенти во Европската унија.
НАСЛОВ III
ОДРЕДБИ ЗА ИНСТИТУЦИИТЕ
Член 13
1. Унијата има институционална рамка чија цел е да ги промовира нејзините вредности, да ги подобрува нејзините цели, да им служи на интересите на нејзините граѓани и на интересите на земјите-членки, и да обезбеди конзистентност, ефективност и континуитет на нејзините политики и активности.
Институциите на Унијата се:
- Европски парламент,
- Европски совет,
- Совет,
- Европска комисија (во натамошниот текст „Комисијата“),
- Суд на правдата на Европската унија,
- Европска централна банка,
- Суд на ревизори.
2. Секоја институција постапува во рамките на надлежностите што ѝ се доделуваатсо Договорите, ивосогласностсопроцедурите, условитеицелите утврдени во нив. Институциите практикуваат меѓусебна лојална соработка.
3. Одредбите што се однесуваат на Европската централна банка и на Судот на ревизори и деталните одредби за другите институции се утврдени во Договорот за функционирањето на Европската унија.
4. Европскиот парламент, Советот и Комисијата може да бидат потпомогнати од страна на Економско-социјалниот комитет и Комитетот на регионите, кои имаат советодавна функција.
Член 14
1. Европскиот парламент, заедно со Советот, извршува законодавни и буџетски функции. Европскиот парламент извршува функции на политичка контрола и консултирање на начин дефиниран во Договорите. Тој го избира претседателот на Комисијата.
2. Европскиот парламент се состои од претставници на граѓаните на Унијата. Бројот на претставници не може да биде поголем од седумстотини и педесет, плус претседателот. Претставувањето на граѓаните е регресивно пропорционално, со минимален праг од шест членови по земја-членка. На ниедна земја-членка не може да ѝ се доделат повеќе од деведесет и шест места.
Европскиот совет, на иницијатива на Европскиот парламент и со негова согласност, со едногласност донесува одлука со која се определува составот на Европскиот парламент, притоа почитувајќи ги начелата споменати во првиот потстав.
3. Членовите на Европскиот парламент се избираат со мандат од пет години на општи директни избори, со слободно и тајно гласање.
4. Европскиот парламент го избира својот претседател и своите службеници од редовите на своите членови.
Член 15
1. Европскиот совет обезбедува потребен стимул за развојот на Унијата и ги дефинира општите политички насоки и приоритети на истата. Европскиот совет не врши законодавни функции.
2. Европскиот совет се состои од шефовите на државите и владите на земјите-членки, Претседателот на Европскиот совет и претседателот на Комисијата. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика учествува во неговата работа.
3. Европскиот совет заседава двапати на шест месеци, и се свикува од страна на Претседателот. Доколку дневниот ред наложува, членовите на Европскиот совет може да одлучат да бидат помогнати од страна на министер, а во случајот на претседателот на Комисијата, од страна на член на Комисијата. Доколку ситуацијата наложува, Претседателот свикува специјален состанок на Европскиот совет.
4. Освен во случаи за коишто поинаку се предвидува со Договорите, одлуките на Европскиот совет се донесуваат со консензус.
5. Европскиот совет избира Претседател, со квалификувано мнозинство, за мандат од две и пол години, кој може да се обнови само еднаш. Во случај на пречка или сериозна злоупотреба на должност, Европскиот совет може да го прекине мандатот на Претседателот во согласност со истата процедура.
6. Претседателот на Европскиот совет:
(а) претседава и ја води работата на Советот;
(б) обезбедува подготовка и континуитет на работата на Европскиот совет во соработка со претседателот на Комисијата и врз основа на работата на Советот за општи работи;
(в) настојува да ги олесни единството и консензусот во рамките на Европскиот совет;
(г) доставува извештај до Европскиот парламент по секој состанок на Европскиот совет.
Претседателот на Европскиот совет, на свое ниво и во тоа својство, го обезбедува надворешното претставување на Унијата за прашања во врска со заедничката надворешна и безбедносна политика, без да е во спротивност со надлежностите на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика.
Претседателот на Европскиот совет не може да извршува национална функција.
Член 16
1. Советот, заедно со Европскиот парламент, има законодавни и буџетски функции. Советот врши функции на создавање политики и координативни функции како што е утврдено во Договорите.
2. Советот се состои од претставник на секоја земја-членка на министерско ниво, кој ја обврзувавладата на односната земја-членка и го дава својот глас.
3. Советот постапува со квалификувано мнозинство, освен кога во Договорите е предвидено поинаку.
4. Од 1 ноември 2014 година, квалификувано мнозинство се смета мнозинство формирано од гласовите на најмалку 55% од членовите на Советот, кое опфаќа најмалку петнаесет земји од членките и претставува земји-членки што опфаќаат најмалку 65% од населението на Унијата.
Блокирачко малцинство мора да вклучува најмалку четири членки на Советот, во спротивен случај се смета дека е постигнато квалификувано мнозинство.
Останатите уредувања во однос на квалификуваното мнозинство се утврдени во член 238(2) од Договорот за функционирањето на Европската унија.
5. Преодните одредби за дефинирање на квалификуваното мнозинство, кои се применуваат до 31 октомври 2014 година, и оние кои се применуваат од 1 ноември 2014 година до 31 март 2017 година, се утврдени во Протоколот за преодни одредби.
6. Советот се составува во различен состав, чиј список се донесува во согласност со член 236 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Советот за општи работи обезбедува конзистентност во работата на различните состави на Советот. Тој ги подготвува состаноците на Европскиот совет и заедно со Претседателот на Европскиот совет и Комисијата ги определува следните чекори.
Советот за надворешни работи го разработува надворешното дејствување на Унијата врз основа на стратешки насоки утврдени од страна на Европскиот совет и обезбедува постојаност во дејствувањето на Унијата.
7. Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки е одговорен за подготовка на работата на Советот.
8. Советот одржува јавни состаноци кога разгледува и гласа за предлог- законодавни акти. За таа цел, секој состанок на Советот се дели на два дела, секој дел соодветно се однесува на разгледувањето на законодавни акти на Унијата и на активности што не се поврзани со законодавни акти.
9. Претседателството на составите на Советот, со исклучок на составот за надворешни работи, се одредува од претставниците на земјите-членки врз основа на рамноправен систем на ротација, во согласност со условите определени со член 236 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Член 17
1. Комисијата го промовира општиот интерес на Унијата и презема соодветни иницијативи во таа насока. Таа ја обезбедува примената
на Договорите и мерките донесени од институциите во согласност со Договорите. Ја надгледува примената на правото на Унијата под контрола на Судот на правдата на Европската унија. Го спроведува буџетот и раководи со програмите. Извршува координативни, извршни и раководни функции, како што е утврдено во Договорите. Со исклучок на заедничката надворешна и безбедносна политика, и други случаи предвидени во Договорите, Комисијата го обезбедува надворешното претставување на Унијата. Го иницира годишното и повеќегодишното планирање на Унијата со цел остварување на меѓуинституциските договори.
2. Законодавните акти на Унијата може да се донесат само врз основа на предлог од Комисијата, освен ако е предвидено поинаку со Договорите. Другите акти се донесуваат врз основа на предлог на Комисијата, кога тоа се предвидува со Договорите.
3. Мандатот на Комисијата е пет години.
Членовите на Комисијата се избираат врз основа на нивната општа компетентност и заложба за европските идеи, од лица чија независност е неоспорна.
Комисијата е целосно независна во извршувањето на своите обврски. Без да е во спротивност со член 18(2), членовите на Комисијата нема да бараат, ниту да примаат насоки од која било влада или друга институција, тело, служба или субјект. Членовите се воздржуваат од каква било активност што не е во согласност со нивните должности или со вршењето на нивните задачи.
4. Комисијата назначена во периодот меѓу денот на влегување во сила на Договорот од Лисабон и 31 октомври 2014 година, се состои од по еден претставник на секоја земја-членка, вклучително и претседателот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, кој е еден од заменик-претседателите на Комисијата.
5. Од 1 ноември 2014 година, Комисијата се состои од број на членови, вклучително и претседателот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, што соодветствува на две- третини од бројот на земјите-членки, освен ако Европскиот совет, со едногласност, одлучи да го промени овој број.
Членовите на Комисијата се избираат од редот на граѓаните на земјите- членки врз основа на систем на строго рамноправна ротација меѓу земјите-членки, кој го одразува демографскиот и географскиот опсег на сите земји-членки. Овој систем се воспоставува со едногласност од страна на Европскиот совет во согласност со член 244 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
6. Претседателот на Комисијата:
(а) ги утврдува насоките, во рамки на кои Комисијата ги извршува своите функции;
(б) одлучува за внатрешната организација на Комисијата, со цел да обезбеди таа да дејствува доследно, ефикасно и како колегијално тело;
(в) назначува заменик-претседатели, со исклучок на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, од редовите на членовите на Комисијата.
Член на Комисијата дава оставка доколку претседателот го побара тоа. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика дава оставка, во согласност со процедурата утврдена во член 18(1), доколку претседателот го побара тоа.
7. Имајќи ги предвид изборите за Европскиот парламент и по одржување на соодветните консултации, Европскиот совет, постапувајќи со квалификувано мнозинство, му предлага на Европскиот парламент кандидат за претседател на Комисијата. Кандидатот се избира од страна на Европскиот парламент со мнозинство од членовите. Доколку кандидатот не го добие потребното мнозинство, Европскиот совет со квалификувано мнозинство во период од еден месец предлага нов кандидат, кој се избира од Европскиот парламент со следење на истата процедура.
Советот, во заедничка спогодба со избраниот претседател, го донесува списокот со други лица, кои ги предложува за назначување како членови на Комисијата. Членовите се избираат врз основа на предлози од страна на земјите-членки, во согласност со критериумите утврдени во став 3, втор потстав, и став 5, втор потстав.
Претседателот, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и другите членови на Комисијата, како тело, се предмет на гласање за согласност од страна на Европскиот парламент. Врз основа на оваа согласност, Комисијата се назначува од страна на Европскиот совет, со квалификувано мнозинство.
8. Комисијата како тело е одговорна пред Европскиот парламент. Во согласност со член 234 од Договорот за функционирањето на Европската унија, Европскиот парламент може да ѝ изгласа недоверба на Комисијата. Доколку се изгласа недоверба, членовите на Комисијата даваат колективна оставка и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика се повлекува од должностите кои ги извршува во Комисијата.
Член 18
1. Европскиот совет со квалификувано мнозинство, во согласност со претседателот на Комисијата, го назначува Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика. Европскиот совет може да го прекине мандатот на Високиот претставник со истата постапка.
2. Високиот претставник ја води заедничката надворешна и безбедносна политика на Унијата. Со своите предлози придонесува кон развој на политиката, која ја извршува во согласност со мандатот што му е доделен од Советот. Истото се однесува и на заедничката безбедносна и одбранбена политика.
3. Високиот претставник претседава со Советот за надворешни работи.
4. Високиот претставник е еден од заменик-претседателите на Комисијата. Тој ја обезбедува конзистентноста на надворешното дејствување на Унијата. Во рамките на Комисијата, Високиот претставник е одговорен за обврските што му се наметнати и се однесуваат на надворешните односи и за координирање на други аспекти од надворешното дејствување на Унијата. При извршување на овие обврски во рамките на Комисијата, и само за овие обврски, Високиот претставник е обврзан со процедурите на Комисијата, доколку тоа е во согласност со ставовите 2 и 3.
Член 19
1. Судот на правдата на Европската унија се состои од Судот на правдата, Општиот суд и специјализираните судови. Тој гарантира почитување на законите во толкувањето и примената на Договорите.
Земјите-членки утврдуваат правни средства, неопходни за да се обезбеди ефективна правна заштита во областите опфатени со правото на Унијата.
2. Судот на правдата се состои од по еден судија од секоја земја-членка. Работата на Судот ја помагаат генерални адвокати.
Општиот суд вклучува најмалку по еден судија од земја-членка.
Судиите и генералните адвокати на Судот на правдата и судиите на Општиот суд се избираат од лица чија независност е неоспорна и кои ги исполнуваат условите наведени во членовите 253 и 254 од Договорот за функционирањето на Европската унија. Тие се назначуваат со заедничка согласност на владите на земјите-членки за период од шест години. Судиите и генералните адвокати, чии мандати завршуваат, може повторно да се назначат.
3. Според Договорите, Судот на правдата на Европската унија:
(а) одлучува за постапки доставени од страна на земја-членка, институција или правно или физичко лице;
50 ОДРЕДБИ ЗА ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА
(б) дава прелиминарни одлуки, на барање на судови или трибунали на земјите-членки, околу толкувањето на законодавството на Европската унија или за важноста на актите донесени од страна на институциите;
(в) одлучува во други случаи, предвидени во Договорите.
НАСЛОВ IV
ОДРЕДБИ ЗА ЗАЈАКНАТА СОРАБОТКА
Член 20
(поранешни членови 27а до 27д, 40 до 40б и 43 до 45 од ДЕУ и поранешни членови 11 и 11а од ДЕЗ)
1. Земји-членки што сакаат да воспостават зајакната меѓусебна соработка во рамките на неексклузивните надлежности на Унијата може да ги искористат своите институции и да ги остварат надлежностите применувајќи ги соодветните одредби од Договорите, во согласност со ограничувањата и деталните уредувања утврдени во овој член и во членовите 326 до 334 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Целта на зајакната соработка е унапредување на целите на Унијата, заштита на нејзините интереси и засилување на процесот на интеграција. Таквата соработка е отворена во секое време за сите земји-членки во согласност со член 328 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
2. Одлуката со која се одобрува зајакната соработка се донесува од Советот како крајна инстанција, откако тој ќе утврди дека целите на таквата соработка не можат да се остварат во рамки на разумен период од страна на Унијата како целина, и под услов најмалку девет земји- членки да учествуваат во таа соработка. Советот постапува во согласност со процедурата утврдена во член 329 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
3. Сите членови на Советот може да учествуваат во дискусиите во рамките на соработката, но само членовите на Советот што ги претставуваат земјите-членки што учествуваат во зајакнатата соработка учествуваат во гласањето. Правилата за гласање се утврдени во член 330 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА 51
4. Актите донесени во рамките на зајакнатата соработка се обврзувачки само за земјите-членки што учествуваат во таквата соработка. Тие акти не се сметаат за дел од acquis кое треба да се прифати од страна на земјите-кандидатки за пристапување кон Унијата.
НАСЛОВ V
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА И ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА
ПОГЛАВЈЕ 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ ЗА НАДВОРЕШНОТО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА
Член 21
1. Дејствувањето на Унијата на меѓународната сцена се раководи според начелата кои го инспирираа нејзиното создавање, развој и проширување, и кои Унијата има за цел да ги промовира во целиот свет: демократијата, владеењето на правото, универзалноста и неделивоста на човековите права и основните слободи, почитување на човековото достоинство, начелата на еднаквост и солидарност, и почитување на начелата од Повелбата на Обединетите нации и меѓународното право.
Унијата се стреми кон развивање односи и градење партнерства со трети земји и меѓународни, регионални или глобални организации, кои ги споделуваат начелата споменати во првиот потстав. Промовира мултилатерални решенија за заедничките проблеми, особено во рамките на Обединетите нации.
2. Унијата дефинира и спроведува заеднички политики и активности и работи во насока на остварување повисок степен на соработка во сите области на меѓународните односи, со цел:
(а) да ги заштити своите вредности, основните интереси, безбедноста, независноста и интегритетот;
(б) да ги консолидира и да ги поддржи демократијата, владеењето на правото, човековите права и начелата на меѓународното право;
(в) да го зачува мирот, да спречи конфликти и да ја зајакне меѓународната безбедност, во согласност со целите и начелата на Повелбата на Обединетите нации, начелата од Завршниот акт од Хелсинки и целите на Париската повелба, вклучувајќи ги и оние што се однесуваат на надворешните граници;
(г) да поттикне одржлив економски и социјален развој и развој на животната средина на земјите во развој, со основна цел искоренување на сиромаштијата;
(д) да ја поттикне интеграцијата на сите земји во светската економија, вклучително и преку прогресивното укинување на ограничувањата во меѓународната трговија;
(ѓ) да помогне во развивањето меѓународни мерки за зачувување и за подобрување на квалитетот на животната средина и одржливото управување на глобалните природни ресурси, со цел да се обезбеди одржлив развој;
(е) да му помогне на населението, како и на земјите и регионите што се соочуваат со природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот; и
(ж) да промовира меѓународен систем што се заснова на силна мултилатерална соработка и добро глобално владеење.
3. Унијата ги почитува начелата и ги следи целите утврдени во став 1 и став 2, при развојот и спроведувањето на надворешното дејствување во различните области опфатени во овој наслов и во Дел V од Договорот за функционирањето на Европската унија и на надворешните аспекти од другите политики на Унијата.
Унијата обезбедува конзистентност помеѓу различните области на нејзиното надворешно дејствување, како и помеѓу овие и нејзините други политики. Советот и Комисијата, потпомогнати од Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, ја обезбедуваат таквата конзистентност и соработуваат за таа цел.
Член 22
1. Врз основа на начелата и целите утврдени во член 21, Европскиот совет ги определува стратешките интереси и цели на Унијата.
Одлуките на Европскиот совет за стратешките интереси и цели на Унијата се поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика и со другите области на надворешното дејствување на Унијата. Таквите одлуки може да се однесуваат на односите на Унијата со одредена земја или регион, или да се тематски во нивниот пристап. Со нив се дефинира
нивното времетраење и средствата кои се даваат на располагање од страна на Унијата и земјите-членки.
Европскиот совет постапува со едногласност на препорака на Советот, која е донесена според уредувањата утврдени за секоја област. Одлуките на Европскиот совет се спроведуваат во согласност со процедурите предвидени во Договорите.
2. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика за областа на заедничката надворешна и безбедносна политика, и Комисијата, за останатите области од надворешното дејствување, може да достават заеднички предлози до Советот.
ПОГЛАВЈЕ 2
ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА НАДВОРЕШНА И БЕЗБЕДНОСНА ПОЛИТИКА
ОДДЕЛ 1
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 23
Дејствувањето на Унијата на меѓународна сцена, во согласност со ова поглавје, се основа на начелата, ги следи целите и се спроведува во согласност со општите одредби утврдени во Поглавје 1.
Член 24
(поранешен член 11 од ДЕУ)
1. Надлежноста на Унијата во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика ги опфаќа сите области на надворешната политика и сите прашања поврзани со безбедноста на Унијата, вклучително и дефинирањето на прогресивна рамка за заедничка одбранбена политика, која може да прерасне во заедничка одбрана.
Заедничката надворешна и безбедносна политика е предмет на специфични правила и процедури. Таа се дефинира и се спроведува од страна на
Европскиот совет и Советот, кои постапуваат со едногласност, освен кога поинаку се предвидува во Договорите. Донесувањето на законодавни акти е исклучено. Заедничката надворешна и безбедносна политика ја спроведуваат Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и земјите-членки, во согласност со Договорите. Конкретната улога на Европскиот парламент и на Комисијата во оваа област е дефинирана во рамките на Договорите. Судот на правдата на Европската унија нема надлежност во однос на овие одредби, со исклучок на неговата надлежност да ја следи сообразноста со член 40 од Договорот и да ја оценува законитоста на одредени одлуки, како што е предвидено во вториот став од член 275 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
2. Во рамките на начелата и целите на своето надворешно дејствување, Унијата води, дефинира и спроведува заедничка надворешна и безбедносна политика, која се заснова на развој на заедничка политичка солидарност меѓу земјите-членки, дефинирање на прашања од заеднички интерес и остварување на сè повисок степен на приближување на дејствувањата на земјите-членки.
3. Земјите-членки активно и безрезервно ја поддржуваат надворешната и безбедносната политика на Унијата во духот на лојалноста и заедничката солидарност и го почитуваат дејствувањето на Унијата во оваа област.
Земјите-членки соработуваат во зајакнувањето и развојот на нивната заедничка политичка солидарност. Се воздржуваат од какво било дејствување, кое е спротивно на интересите на Унијата или може да ја намали нејзината ефективност како кохезивна сила во меѓународните односи.
Советот и Високиот претставник го обезбедуваат почитувањето на овие начела.
Член 25
(поранешен член 12 од ДЕУ)
Унијата ја води заедничката надворешна и безбедносна политика преку: (а) дефинирање општи насоки;
(б) донесување одлуки со кои се дефинираат:
(i) активности што треба да се преземат од страна на Унијата;
(ii) ставови што треба да ги заземе Унијата;
(iii) уредувања за спроведување на одлуките споменати во точките (i) и (ii);и
(в) зајакнување на систематската соработка меѓу земјите-членки при спроведување на политиките.
Член 26
(поранешен член 13 од ДЕУ)
1. Европскиот совет ги определува стратешките интереси на Унијата, ги одредува целите и ги формулира општите насоки на заедничката надворешна и безбедносна политика, како и на прашањата во однос на одбраната. Европскиот совет ги донесува потребните одлуки.
Доколку поради меѓународните случувања има таква потреба, Претседателот на Европскиот совет свикува вонреден состанок на Европскиот совет со цел да се дефинираат стратешки насоки во рамките на политиката на Унијата при соочување со таквиот развој.
2. Советот ја дефинира рамката на заедничката надворешна и безбедносна политика и донесува одлуки потребни за дефинирање и спроведување на истата врз основа на општите насоки и стратешките правци одредени од страна на Европскиот совет.
Советот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика обезбедуваат единство, конзистентност и ефективност на дејствувањето на Унијата.
3. Заедничката надворешна и безбедносна политика ја спроведуваат Високиот претставник и земјите-членки, користејќи национални средства и средства на Унијата.
Член 27
1. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, кој претседава со Советот за надворешни работи, со своите предлози придонесува кон развојот на заедничката надворешна и безбедносна политика и обезбедува спроведување на одлуките донесени од Европскиот совет и од Советот.
2. Високиот претставник ја претставува Унијата за прашања поврзани со заедничката надворешна и безбедносна политика. Тој води политички дијалог со трети земји во име на Унијата и го изнесува ставот на Унијата во рамките на меѓународните организации и на меѓународни конференции.
3. При извршување на својот мандат, Високиот претставник добива поддршка од Европската служба за надворешно дејствување. Оваа служба соработува со дипломатските служби на земјите-членки и се состои од службеници од компетентните оддели на Генералниот секретаријат на Советот и на Комисијата, како и од персонал што се прераспределува од националните дипломатски служби на земјите-членки. Организацијата и функционирањето на Европската служба за надворешно дејствување се определува со одлука на Советот. Советот постапува на предлог на Високиот претставник по консултации со Европскиот парламент и добивање согласност од Комисијата.
Член 28
(поранешен член 14 од ДЕУ)
1. Кога меѓународната ситуација наметнува оперативно дејствување од страна на Унијата, Советот ги донесува потребните одлуки. Тие ги утврдуваат целите, опсегот и средствата, кои ѝ се даваат на располагање на Унијата, и доколку е потребно, и нивното времетраење и условите за нивно спроведување.
Доколку се променат околностите што имале значително влијание на прашањето што е предмет на таква одлука, Советот ги разгледува начелата и целите на таквата одлука и донесува соодветни одлуки.
2. Одлуките споменати во став 1 ги обврзуваат земјите-членки во ставовите што ги донесуваат и активностите што ги спроведуваат.
3. Доколку има план за донесување на национален став или преземање национално дејствување во согласност со одлуката спомената во став 1, соодветната земја-членка навреме обезбедува информации со цел да се овозможат, доколку е потребно, претходни консултации во рамките на Советот. Обврската за обезбедување претходни информации не се применува за мерките што претставуваат само национално транспонирање на одлуките на Советот.
4. Во случај на неодложна потреба поради промени во ситуацијата и во отсуство на разгледување на одлуката на Советот како што е споменато во став 1, земјите-членки може да ги преземат потребните мерките како прашање на итност, притоа имајќи ги предвид општите цели на таквата одлука. Предметната земја-членка веднаш го информира Советот за таквите мерки.
5. Во случај на значителни тешкотии околу спроведувањето на одлуката спомената во овој член, земјата-членка го известува Советот, кој ги дискутира тие проблеми и бара соодветни решенија. Таквите решенија не се во спротивност со целите на одлуката спомената во став 1 и не ја намалуваат нејзината ефективност.
Член 29
(поранешен член 15 од ДЕУ)
Советот донесува одлуки со кои се дефинира пристапот на Унијата кон конкретни прашања од географска и тематска природа. Земјите-членки гарантираат дека нивните национални политики се во согласност со ставовите на Унијата.
Член 30
(поранешен член 22 од ДЕУ)
1. Која било земја-членка, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, или Високиот претставник со поддршка на Комисијата, може да упати прашања до Советот во врска со заедничката надворешна и безбедносна политика и може да му достави иницијативи или предлози.
2. Во случаи кога е потребна брза одлука, Високиот претставник, на сопствена иницијатива, или на барање на земја-членка, свикува вонреден состанок на Советот во рок од 48 часа или, во случај на итност, и во покус период.
Член 31
(поранешен член 23 од ДЕУ)
1. Одлуките од ова поглавје се донесуваат од страна на Европскиот совет и од Советот со едногласност, освен кога е поинаку утврдено во ова поглавје. Донесувањето на законодавни акти е исклучено.
Секој член на Советот, кој се воздржува од гласање, може да ја определи својата воздржаност со формална изјава според овој потстав. Во тој случај, членот не се обврзува да ја применува одлуката, но прифаќа дека одлуката ја обврзува Унијата. Во духот на заедничка солидарност, предметната земја-членка се воздржува од какво било дејствување, кое би можело да биде во спротивност или да го попречи дејствувањето на Унијата што се заснова на соодветната одлука, а останатите земји-членки го почитуваат овој став. Доколку членовите на Советот, кои на овој начин ја определиле својата воздржаност, претставуваат најмалку една третина од земјите-членки што опфаќаат најмалку една третина од населението на Унијата, одлуката нема да биде донесена.
2. По пат на отстапка од одредбите од став 1, Советот постапува со квалификувано мнозинство:
- кога донесува одлука со која се дефинира дејствување или став на Унијата врз основа на одлука на Европскиот совет што се однесува на стратешките интереси и цели на Унијата, споменати во член 22(1),
- кога донесува одлука со која се дефинира дејствување или став на Унијата, на предлог на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, доставен по конкретно барање, кое Европскиот совет го покренал на сопствена иницијатива или на иницијатива на Високиот претставник,
- кога донесува одлука за спроведување на одлука со која се утврдува дејствување или став на Унијата,
- кога се назначува специјален претставник во согласност со член 33.
Ако член на Советот изјави дека од суштински причини, кои ги наведува, поврзани со националната политика, има намера да се спротивстави на донесување на одлука што треба да се донесе со квалификувано мнозинство, тогаш нема да се пристапи кон гласање. Високиот претставник во консултации со засегнатата земја-членка бара решение прифатливо за земјата-членка. Доколку не успее во тоа, Советот, постапувајќи со квалификувано мнозинство, може да побара прашањето да се упати до Европскиот совет за одлука по пат на едногласност.
3. Европскиот совет може едногласно да донесе одлука која пропишува дека Советот постапува по пат на квалификувано мнозинство, освен во случаите споменати во став 2.
4. Ставовите 2 и 3 не се применуваат за одлуки со воени или одбранбени импликации.
5. За процедурални прашања, Советот постапува по пат на мнозинство од своите членови.
Член 32
(поранешен член 16 од ДЕУ)
Земјите-членки меѓусебно се консултираат во рамките на Европскиот совет и на Советот за секое прашање од општ интерес од областа на надворешната и безбедносната политика, со цел да одредат заеднички пристап. Пред да се преземе какво било дејство на меѓународната сцена или пред да се пристапи кон каква било обврска, која би влијаела на интересите на Унијата, секоја земја-членка се консултира со останатите земји-членки во рамките на Европскиот совет или на Советот. Преку приближување на своите дејствувања, земјите-членки гарантираат дека Унијата може да ги потврди своите интереси и вредности на меѓународна сцена. Земјите-членки покажуваат меѓусебна солидарност.
Ако Европскиот совет или Советот определил заеднички пристап на Унијата во рамките на значењето на првиот став, Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика и министрите за надворешни работи на земјите-членки ги координираат нивните активности во рамките на Советот.
Дипломатските мисии на земјите-членки и делегациите на Унијата во трети земји и во меѓународни организации соработуваат и придонесуваат кон формулирање и спроведување на заеднички пристап.
Член 33
(поранешен член 18 од ДЕУ)
На предлог на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Советот може да назначи специјален претставник со мандат поврзан со одредени политички прашања. Специјалниот претставник го извршува својот мандат под надлежност на Високиот претставник.
Член 34
(поранешен член 19 од ДЕУ)
1. Земјите-членки ги координираат своите активности во меѓународни организации и на меѓународни конференции. Тие ги поддржуваат ставовите на Унијата на такви форуми. Таквата координација ја организира Високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Унијата.
Во рамки на меѓународни организации и меѓународни конференции во кои не учествуваат сите земји-членки, оние земји-членки што учествуваат ги бранат ставовите на Унијата.
2. Во согласност со член 24(3), земјите-членки претставени во меѓународни организации или меѓународни конференции во кои не учествуваат сите земји-членки, ги информираат останатите земји-членки и Високиот претставник за секое прашање од заеднички интерес.
Земјите-членки, кои се членки и на Советот за безбедност на Обединетите нации, ги усогласуваат своите дејствувања и целосно ги информираат оста- натите земји-членки и Високиот претставник. Земјите-членки, кои се член- ки на Советот за безбедност, при извршување на своите функции ги бранат ставовите и интересите на Унијата, без тоа да е во спротивност со обврски- те што произлегуваат од одредбите од Повелбата на Обединетите нации.
Ако Унијата има одредено став за прашање што е на агендата на Советот за безбедност на Обединетите нации, земјите-членки што заседаваат во Советот за безбедност бараат да се повика Високиот претставник за да го претстави ставот на Унијата.
Член 35
(поранешен член 20 од ДЕУ)
Дипломатско-конзуларните претставништва на земјите-членки и делегациите на Унијата во трети земји и на меѓународни конференции, и нивните претставници во меѓународни организации, соработуваат со цел да обезбедат почитување и спроведување на одлуките со кои
се дефинираат ставовите и дејствувањата на Унијата, донесени во согласност со ова поглавје.
Тие ја засилуваат соработката со размена на информации и извршување на заеднички оценувања.
Тие придонесуваат кон спроведување на правото на заштита на граѓаните на Унијата на територијата на трети земји, како што е наведено во член 20(2)(в) од Договорот за функционирањето на Европската унија, како и на мерките донесени во согласност со член 23 од тој Договор.
Член 36
(поранешен член 21 од ДЕУ)
Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика редовно се консултира со Европскиот парламент за главните аспекти и основните одлуки во областа на заедничката надворешна и безбедносна политика и заедничката безбедносна и одбранбена политика, и го информира за тоа како се развиваат тие политики. Високиот претставник гарантира дека ставовите на Европскиот парламент соодветно се земаат предвид. Специјалните претставници може да учествуваат во информирањето на Европскиот парламент.
Европскиот парламент може да упатува прашања или препораки до Советот или до Високиот претставник. Европскиот парламент одржува дебата двапати годишно за напредокот во спроведувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика, вклучително и заедничката безбедносна и одбранбена политика.
Член 37
(поранешен член 24 од ДЕУ)
Унијата може да склучува спогодби со една или повеќе држави или меѓународни организации во области што се опфатени со ова поглавје.
Член 38
(поранешен член 25 од ДЕУ)
Без да е во спротивност со член 240 од Договорот за функционирањето на Европската унија, Политичкиот и безбедносен комитет ја следи меѓународната состојба во области што се опфатени со заедничката надворешна и безбедносна политика и придонесува кон дефинирањето на политики со доставување мислења до Советот, на барање на Советот или на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, или на сопствена иницијатива. Исто така, го следи
спроведувањето на договорените политики, без да е во спротивност со надлежностите на Високиот претставник.
Во рамките на ова поглавје, Политичкиот и безбедносен комитет, под надлежност на Советот и на Високиот претставник, врши политичка контрола и стратешко насочување на активностите за управување со кризи споменати во член 43.
Во рамките на целите и времетраењето на дадена операција за управување со криза, определени од Советот, Советот може да го овласти Комитетот да донесе соодветни одлуки во врска со политичката контрола и стратешката насока на операцијата.
Член 39
Во согласност со член 16 од Договорот за функционирањето на Европската унија и по пат на отстапка од став 2 од истиот, Советот донесува одлука со која се утврдуваат правилата за заштита на лица во однос на обработката на лични податоци од страна на земјите-членки при извршување на активности што спаѓаат во опсегот на ова поглавје и правилата во однос на слободното движење на таквите податоци. Усогласеноста со овие правила е предмет на контрола од независни органи.
Член 40
(поранешен член 47 од ДЕУ)
Спроведувањето на заедничката надворешна и безбедносна политика нема да влијае на примената на процедурите и опсегот на надлежностите на институциите, утврдени во Договорите во однос на остварување на надлежностите на Унијата, споменати во членовите од 3 до 6 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Исто така, спроведувањето на политиките наведени во тие членови нема да влијае на примената на процедурите и опсегот на надлежностите на институциите, утврдени во Договорите во однос на остварување на надлежностите на Унијата според ова поглавје.
Член 41
(поранешен член 28 од ДЕУ)
1. Административните трошоци, што произлегуваат за институциите од примената на ова поглавје, ги презема буџетот на Унијата.
2. Оперативните трошоци, што произлегуваат од примената на ова поглавје, исто така, ги презема буџетот на Унијата, со исклучок на трошоците што произлегуваат од операции со воени или одбранбени
импликации, како и во случаи кога Советот со едногласност одлучува поинаку.
Во случаи кога трошоците не се преземаат од буџетот на Унијата, тие се преземаат од страна на земјите-членки во согласност со стапката на бруто домашниот производ, освен ако Советот со едногласност одлучи поинаку. Земјите-членки чии претставници во Советот имаат дадено формална изјава во согласност со член 31(1), втор потстав, не се обврзани да придонесат кон финансирање на трошоците што произлегуваат од операции со воени или одбранбени импликации.
3. Советот донесува одлука за утврдување конкретни процедури со кои се гарантира брз пристап до распределби од буџетот на Унијата за итно финансирање на иницијативи во рамките на заедничката надворешна и безбедносна политика, а особено за подготвителни активности за задачи споменати во член 42(1) и член 43. Советот дејствува по консултациите со Европскиот парламент.
Подготвителните активности за задачите споменати во член 42(1) и член 43, кои не ги презема буџетот на Унијата, се финансираат со новооснован фонд составен од придонеси од земјите-членки.
По пат на квалификувано мнозинство, и на предлог на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, Советот донесува одлуки за воспоставување на:
(a) процедури за основање и за финансирање на новооснованиот фонд, особено за износите што се распределуваат во фондот;
(б) процедури за управување со новооснованиот фонд; (в) процедури за финансиска контрола.
Ако задачата планирана во согласност со член 42(1) и член 43 не може да се финансира со средства од буџетот на Унијата, Советот го овластува Високиот претставник да го користи фондот. Високиот претставник му доставува извештај на Советот за извршувањето на ова овластување.
ОДДЕЛ 2
ОДРЕДБИ ЗА ЗАЕДНИЧКАТА БЕЗБЕДНОСНА И ОДБРАНБЕНА ПОЛИТИКА
Член 42
(поранешен член 17 од ДЕУ)
1. Заедничката безбедносна и одбранбена политика е составен дел на заедничката надворешна и безбедносна политика. Таа обезбедува оперативен капацитет за Унијата, потпирајќи се на цивилни и воени средства. Унијата може да ги искористи тие средства во мисии надвор од својата територија насочени кон одржување на мирот, спречување на конфликт и зајакнување на меѓународната безбедност, во согласност со начелата на Повелбата на Обединетите нации. Овие задачи се извршуваат со капацитетите обезбедени од земјите-членки.
2. Заедничката безбедносна и одбранбена политика го опфаќа постепеното обликување на заедничка одбранбена политика на Унијата. Оваа политика води кон заедничка одбрана во моментот кога Европскиот совет со едногласност ќе донесе таква одлука. Во таков случај тој им препорачува на земјите-членки да ја донесат одлуката во согласност со нивните соодветни уставни барања.
Политиката на Унијата, во согласност со овој оддел, не е во спротивност со специфичната природа на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји-членки, и ги почитува обврските на одредени земји- членки, чија заедничка одбрана се реализира преку Северноатланскиот сојуз (НАТО), во согласност со Северноатланскиот договор и е во согласност со заедничката безбедносна и одбранбена политика утврдена во таа рамка.
3. Земјите-членки ѝ даваат на располагање на Унијата цивилни и воени капацитети за спроведување на заедничката безбедносна и одбранбена политика, со цел да придонесат кон целите дефинирани од страна на Советот. Земјите-членки, кои меѓусебно имаат воспоставено мултинационални сили, може истите да ги дадат на располагање на заедничката безбедносна и одбранбена политика.
Земјите-членки преземаат обврска постепено да ги подобруваат своите воени капацитети. Агенцијата во областа на развојот на одбранбени
капацитети, истражувања, набавка на воена техника и вооружување (во натамошниот текст „Европска агенција за одбрана“) дефинира оперативни барања, промовира мерки за задоволување на тие барања, придонесува кон идентификување и, каде што е соодветно, спроведување на каква било мерка потребна за зајакнување на индустриската и технолошката основа на одбранбениот сектор, учествува во дефинирање на Европската политика во областа на капацитетите и вооружувањето и му помага на Советот при оценување на подобрувањето на воените капацитети.
4. Одлуките што се однесуваат на заедничката безбедносна и одбранбена политика, како и одлуките со кои се иницира мисија како што се споменува во овој член, се донесуваат од Советот со едногласност на предлог на Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика или на иницијатива на земја-членка. Високиот претставник, заедно со Комисијата, онаму каде што тоа е соодветно, може да предложи употреба и на националните ресурси и на средствата на Унијата.
5. Во рамките на Унијата, Советот може да довери извршување на задача на група земји-членки со цел да ги заштити вредностите и интересите на Унијата. Извршувањето на таква задача се регулира со член 44.
6. Земјите-членки, чии воени капацитети исполнуваат повисоки критериуми и кои имаат преземено пообврзувачки заложби во оваа област во однос на најодговорни мисии, воспоставуваат постојана структурна соработка во рамките на Унијата. Ваквата соработка се регулира со член
46. Таа нема да влијае на одредбите од член 43.
7. Ако земја-членка е жртва на вооружена агресија на својата територија, другите земји-членки се обврзани да ѝ обезбедат помош и поддршка со сите средства што им стојат на располагање, во согласност со член
51 од Повелбата на Обединетите нации. Ова не е во спротивност со специфичниот карактер на безбедносната и одбранбената политика на одредени земји-членки.
Заложбите и соработката во оваа област се усогласени со заложбите од Северноатлантскиот сојуз, кој за оние земји што се нејзини членки останува основа за нивната колективна одбрана и форум за спроведување на истата.
Член 43
1. Задачите споменати во член 42(1), за кои Унијата може да користи цивилни и воени средства, опфаќаат заеднички операции на разоружување, хуманитарни и спасувачки задачи, воени совети и задачи за помош, спречување на конфликти и зачувување на мирот, задачи за вооружените сили при управување со криза, како и миротворни задачи и постконфликтна стабилизација. Сите овие задачи може да придонесат
во борбата против тероризмот, вклучително и преку поддршката на трети земји во борбата против тероризмот на нивните територии.
2. Советот донесува одлуки за задачите споменати во став 1, дефинирајќи ги нивните цели и опсегот и општите услови за нивно спроведување. Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, постапувајќи под овластување на Советот и во близок и постојан контакт со Политичкиот и безбедносен комитет, обезбедува координација на цивилните и воените аспекти на тие задачи.
Член 44
1. Во рамките на одлуките донесени во согласност со член 43, Советот може да довери извршување на задача на група земји-членки, кои се подготвени и имаат капацитет за таква задача. Тие земји-членки, во соработка со Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика, меѓусебно се договараат за управувањето на задачата.
2. Земјите-членки што учествуваат во задачата редовно го информираат Советот за својот напредок на сопствена иницијатива или на барање на друга земја-членка. Тие земји-членки го информираат Советот во најкус можен рок доколку извршувањето на задачата наметне големи последици или измени на целта, опсегот и условите одредени во одлуките споменати во став 1. Во тој случај, Советот донесува соодветни одлуки.
Член 45
1. Европската агенција за одбрана спомената во член 42(3), која е под надлежност на Советот, има задача:
(а) да придонесува во дефинирање на целите на воените капацитети на земјите-членки и да го оценува почитувањето на обврските за капацитетите од страна на земјите-членки;
(б) да промовира усогласување на оперативните потреби и донесување на ефективни, компатибилни методи на набавка;
(в) да предложува мултилатерални проекти за остварување на целите во однос на воените капацитети, да обезбеди координација на програмите, спроведени од земјите-членки и управување на конкретни програми за соработка;
(г) да поддржува истражување во областа на одбранбената технологија и да координира и планира заеднички истражувачки активности и разработка на технички решенија за исполнување на идни оперативни потреби;
(д) да придонесува при дефинирање и, доколку е потребно, спроведување на секоја корисна мерка за зајакнување на индустриската и технолошката основа во областа на одбраната и за подобрување на ефективноста на воените расходи.
2. Европската агенција за одбрана е отворена за секоја земја-членка што сака да стане нејзина членка. Советот со квалификувано мнозинство донесува одлука со која се дефинира статутот, седиштето и правилата на работење на Агенцијата. Во одлуката треба да се земе предвид нивото на ефективно учество во активностите на Агенцијата. Во рамките на Агенцијата се основаат посебни групи во кои се здружуваат земји- членки што водат заеднички проекти. Доколку е потребно, Агенцијата ги извршува своите задачи во тесна врска со Комисијата.
Член 46
1. Земјите-членки, кои сакаат да учествуваат во постојаната структурна соработка спомената во член 42(6), и ги исполнуваат критериумите и имаат дадено свои заложби за воените капацитети наведени во Протоколот за постојана структурна соработка, за својата намера ги известуваат Советот и Високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика.
2. Во период од три месеци по известувањето споменато во став 1, Советот донесува одлука со која се воспоставува постојана структурна соработка и се одредува списокот на земји-учеснички. Советот постапува со квалификувано мнозинство, по консултации со Високиот претставник.
3. Која било земја-членка, која во подоцнежна фаза ќе посака да учествува во постојаната структурна соработка, ги известува Советот и Високиот претставник за својата намера.
Советот донесува одлука за потврдување на учеството на соодветната земја-членка, која ги исполнува критериумите и дава заложби како што е споменато во членовите 1 и 2 од Протоколот за постојана структурна соработка. Советот постапува со квалификувано мнозинство, по консултации со Високиот претставник. Во гласањето учествуваат само членовите на Советот што ги претставуваат земјите-учеснички.
Квалификуваното мнозинство се дефинира во согласност со член 238(3) (а) од Договорот за функционирањето на Европската унија.
4. Доколку земја-учесничка повеќе не ги исполнува критериумите или не може да ги оствари своите обврски споменати во членовите 1 и 2 од Протоколот за постојана структурна соработка, Советот може да донесе одлука за привремено прекинување на учеството на односната земја- членка.
Советот постапува по пат на квалификувано мнозинство. Во гласањето учествуваат само членовите на Советот што ги претставуваат земјите- учеснички, со исклучок на односната земја-членка.
Квалификуваното мнозинство се дефинира во согласност со член 238(3) (а) од Договорот за функционирањето на Европската унија.
5. Земја-членка што сака да се повлече од постојаната структурна соработка го известува Советот за својата намера, а Советот забележува дека престанува учеството на односната земја-членка.
6. Одлуките и препораките на Советот во рамките на постојаната структурна соработка, со исклучок на одлуките и препораките предвидени во ставовите од 2 до 5, се донесуваат по пат на едногласност. За целите на овој став, едногласност се формира само од гласовите на претставниците на земјите-учеснички.
НАСЛОВ VI
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 47
Унијата има својство на правно лице.
Член 48
(поранешен член 48 од ДЕУ)
1. Договорите може да се изменуваат и дополнуваат во согласност со вообичаена постапка на ревидирање. Исто така, Договорите може да се изменуваат и дополнуваат во согласност со поедноставени постапки на ревидирање.
Вообичаена постапка на ревидирање
2. Владата на која било земја-членка, Европскиот парламент или Комисијата може да достави предлози до Советот за изменување и дополнување на Договорите. Меѓу другото, овие предлози може да бидат во насока на зголемување или намалување на надлежностите што ѝ се доделени на Унијата со Договорите. Предлозите се доставуваат до Европскиот совет од страна на Советот и за тоа се известуваат националните парламенти.
3. Ако Европскиот совет, по консултирање на Европскиот парламент и Комисијата, донесе одлука со просто мнозинство во насока на проверка на предложените измени и дополнувања, Претседателот на Европскиот совет свикува конвенција составена од претставници на националните парламенти, шефовите на држави и влади на земјите-членки, претставници од Европскиот парламент и Комисијата. Се вршат консултации со Европската централна банка во случај на институционални промени во монетарната област. На конвенцијата се разгледуваат предлозите за измени и дополнувања и по пат на консензус се донесува препорака за конференција на претставници на владите на земјите-членки, како што е предвидено во став 4.
Европскиот совет може да одлучи по пат на просто мнозинство, по добивање на согласност од Европскиот парламент, да не свика конвенција доколку опсегот на предложените измени и дополнувања не оправдува свикување на таква конвенција. Во тој случај, Европскиот совет одредува мандат за конференција на претставници на владите на земјите-членки.
4. Конференцијата на претставници на владите на земјите-членки се свикува од страна на Претседателот на Советот, со цел да се дојде до заедничка согласност во однос на измените и дополнувањата на Договорите.
Измените и дополнувањата влегуваат во сила по нивно ратификување од страна на сите земји-членки, во согласност со нивните уставни барања.
5. Ако две години по потпишување на договор за измена и дополнување на Договорите, четири петтини од земјите-членки го имаат ратификувано тој договор, а една или повеќе земји-членки се соочуваат со тешкотии во постапката на ратификување, истото се проследува до Европскиот совет.
Поедноставени постапки на ревидирање
6. Владите на земјите-членки, Европскиот парламент или Комисијата може да достават до Европскиот совет предлози за ревидирање на сите или дел од одредбите од Дел III од Договорот за функционирањето на Европската унија во врска со внатрешните политики и дејствување на Унијата
Европскиот совет може да донесе одлука за изменување и дополнување на дел или на сите одредби од Xxx XXX од Договорот за функционирањето на Европската унија. Европскиот совет постапува со едногласност, по консултирање со Европскиот парламент и со Комисијата, и со Европската централна банка во случај на институциски промени во монетарната област. Одлуката не влегува во сила до нејзино одобрување од страна на земјите-членки, во согласност со нивните соодветни уставни барања.
Одлуката спомената во вториот потстав не ги зголемува надлежностите пренесени на Унијата со Договорите.
7. Онаму каде што Договорот за функционирањето на Европската унија или Наслов V од овој Договор предвидува Советот да постапува со едногласност во одредена област или случај, Европскиот совет може да донесе одлука со која се овластува Советот да постапува со квалификувано мнозинство во таа област или во тој случај. Овој потстав не се однесува на одлуки со воени импликации или на одлуки во областа на одбраната.
Онаму каде што Договорот за функционирањето на Европската унија предвидува донесување на законски акти од Советот во согласност со посебна законодавна процедура, Европскиот совет може да донесе одлука со која се дозволува донесувањето на такви акти во согласност со вообичаената законодавна процедура.
Националните парламенти се известуваат за каква било иницијатива преземена од Европскиот совет врз основа на првиот или вториот потстав. Доколку национален парламент искаже спротивставување во период од шест месеци од денот на таквото известување, одлуката спомената во првиот и вториот потстав нема да биде донесена. Доколку нема спротивставување, Европскиот совет ја донесува одлуката.
За донесување на одлуките споменати во првиот и вториот постав, Европскиот совет постапува по пат на едногласност по добивање на согласност од Европскиот парламент, која се добива со мнозинство од членовите на Европскиот парламент.
Член 49
(поранешен член 49 од ДЕУ)
Секоја европска земја што ги почитува вредностите споменати во член 2 и се залага за промовирање на истите, може да аплицира за членство во Унијата. Европскиот парламент и националните парламенти се известуваат за апликацијата. Земјата што аплицира ја доставува својата апликација до Советот, кој постапува со едногласност, по консултирање на Комисијата и добивање на согласност од Европскиот парламент, кој постапува со мнозинство од своите членови. Се земаат предвид критериумите одобрени од Европскиот совет.
Условите за пристапување на нови членови и приспособување на Договорите на кои се заснова Унијата а се наметнуваат со таквото пристапување, се предмет на договор меѓу земјите-членки и земјата што аплицира. Овој договор подлежи на ратификација од сите договорни земји, во согласност со нивните уставни барања.
Член 50
1. Секоја земја-членка може да одлучи да се повлече од Унијата, во согласност со нејзините уставни барања.
2. Земја-членка што ќе одлучи да се повлече од Унијата го известува Европскиот совет за својата намера. Во врска со насоките обезбедени од Европскиот совет, Xxxxxxx преговара и склучува договор со таа земја- членка, одредувајќи ги деталите за нејзиното повлекување, имајќи ја предвид рамката за нејзините идни односи со Унијата. За договорот се преговара во согласност со член 218(3) од Договорот за функционирањето на Европската унија. Советот го склучува договорот во име на Унијата, постапувајќи со квалификувано мнозинство, по добивање на согласност од Европскиот парламент.
3. Договорите за односната држава престануваат да важат од датумот на влегување во сила на договорот за повлекување, или доколку нема таков датум, две години по известувањето споменато во став 2, освен ако Европскиот совет, во согласност со засегнатата земја-членка, не одлучи едногласно да го продолжи овој период.
4. За целите на ставовите 2 и 3, членот на Европскиот совет или на Советот, кој ја претставува земјата-членка што се повлекува, не учествува ниту во дискусиите ниту во одлуките на Европскиот совет или на Советот, кои се однесуваат на таа земја.
Квалификуваното мнозинство се дефинира во согласност со член 238(3) (а) од Договорот за функционирањето на Европската унија.
5. Ако земја што се повлекла од Унијата сака повторно да пристапи, нејзиното барање е предмет на процедурата спомената во член 49.
Член 51
Протоколите и Анексите на Договорите претставуваат составен дел од истите.
Член 52
1. Договорите се однесуваат на Кралството Белгија, Република Бугарија, Република Чешка, Кралството Данска, Сојузна Република Германија, Република Естонија, Ирска, Република Грција, Кралството Шпанија, Република Франција, Република Италија, Република Кипар, Република Летонија, Република Литванија, Големото Војводство Луксембург, Република Унгарија, Република Малта, Кралството Холандија, Република Австрија, Република Полска, Република Португалија, Романија, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска, Кралството Шведска и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
2. Територијалниот опсег на Договорите е одреден во член 355 од Договорот за функционирањето на Европската унија.
Член 53
(поранешен член 51 од ДЕУ)
Овој Договор се склучува на неопределен период.
Член 54
(поранешен член 52 од ДЕУ)
1. Овој Договор се ратификува од страна на Високите договорни страни во согласност со нивните уставни барања. Инструментите за ратификација се депонираат во Владата на Република Италија.
2. Овој Договор влегува во сила на 1 јануари 1993 година, доколку сите инструменти на ратификација се депонирани, или доколку не е исполнет тој услов, на првиот ден од месецот по депонирањето на инструментот за ратификација од страна на последната земја-потписничка што го презела тој чекор.
Член 55
(поранешен член 53 од ДЕУ)
1. Овој Договор, составен во единствен оригинал на бугарски, чешки, дански, холандски, англиски, естонски, фински, француски, германски, грчки, унгарски, ирски, италијански, летонски, литвански, малтешки, полски, португалски, романски, словачки, словенечки, шпански и шведски јазик, текстовите на секој од јазиците се подеднакво автентични, се депонира во архивите на Владата на Република Италија, која ќе достави заверен примерок до секоја од владите на останатите земји-потписнички.
2. Овој Договор може да се преведе на кој било друг јазик, определен од земјите-членки, како и на оние јазици што во согласност со уставните поредоци на земјите-членки имаат статус на официјален јазик во дел или на целата нивна територија. Односните земји-членки обезбедуваат заверен примерок од таквите преводи, којшто се депонира во архивите на Советот.
КАКО ПОТВРДА НА ИСТОТО, долупотпишаните ополномоштени претставници го потпишаа овој Договор.
Во Мастрихт, на седми февруари илјада деветстотини деведесет и втора година.
(Списокот на полномошници не е репродуциран)
КОНСОЛИДИРАНА ВЕРЗИЈА НА ДОГОВОРОТ ЗА ФУНКЦИОНИРАЊЕTO НА ЕВРОПСКАТА УНИЈА
ПРЕАМБУЛА
НЕГОВОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛОТ НА БЕЛГИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ФРАНЦИЈА, ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА РЕПУБЛИКА ИТАЛИЈА, НЕЈЗИНОТО КРАЛСКО ВИСОЧЕСТВО ГОЛЕМАТА ВОЈВОТКА НА ЛУКСЕМБУРГ, НЕЈЗИНОТО ВИСОЧЕСТВО КРАЛИЦАТА НА ХОЛАНДИЈА3
ОДЛУЧЕНИ да ги постават основите на една сè потесна унија меѓу народите на Европа,
РЕШЕНИ да обезбедат економски и социјален напредок на своите земји преку заедничко дејствување и отстранување на границите што ја делат Европа,
ПОТВРДУВАЈЌИ дека основна цел на нивните заложби е постојано подобрување на условите за живот и работа на нивните народи,
ПРИЗНАВАЈЌИ дека за отстранување на постоечките пречки е потребно усогласено дејствување со цел да се гарантира стабилен раст, избалансирана трговија и лојална конкуренција,
САКАЈЌИ да го зајакнат единството на своите економии и да го обезбедат нивниот хармоничен развој со намалување на разликите коишто постојат меѓу различните региони и на заостанатоста на послабо развиените региони,
ПОСАКУВАЈЌИ да придонесат преку заедничка трговска политика за постепеното укинување на ограничувањата во меѓународната трговија,
СО НАМЕРА да ја потврдат солидарноста, којашто ја поврзува Европа и прекуморските земји, и сакајќи да го обезбедат развојот на својот просперитет, во согласност со начелата од Повелбата на Обединетите нации,
3 Во меѓувреме членки на Европската унија станаа Република Бугарија, Република Чешка, Кралството Данска, Република Естонија, Ирска, Република Грција, Кралството Шпанија, Република Кипар, Република Летонија, Република Литванија, Република Унгарија, Република Малта, Република Австрија, Република Полска, Република Португалија, Романија, Република Словенија, Република Словачка, Република Финска, Кралството Шведска и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
РЕШЕНИ со обединување на своите ресурси да го одржат и да го зајакнат мирот и слободата, и повикувајќи ги останатите народи на Европа, коишто го споделуваат нивниот идеал, да им се придружат во нивните заложби,
ОДЛУЧЕНИ да промовираат развој на највисокото можно ниво на знаење за своите народи преку широк пристап до образование и преку постојано осовременување,
и за таа цел ги НАЗНАЧИЈА за свои ополномоштени претставници:
(Списокот на полномошници не е репродуциран)
КОИ, по размена на своите целосни овластувања, во добра и соодветна форма, се согласија на следното:
ДЕЛ I НАЧЕЛА
Член 1
1. Овој Договор го уредува функционирањето на Унијата и ги одредува областите, границите и уредувањата за остварување на надлежностите на Унијата.
2. Овој Договор и Договорот за Европската унија претставуваат Договори на коишто се засновува Унијата. Овие два договори, коишто имаат иста правна вредност, се нарекуваат „Договорите“.
НАСЛОВ I
КАТЕГОРИИ И ОБЛАСТИ НА НАДЛЕЖНОСТ НА УНИЈАТА
Член 2
1. Кога со Договорите ѝ се пренесува на Унијата ексклузивна надлежност во одредена област, само Унијата може да пропишува и да донесува законски обврзувачки акти, а земјите-членки имаат таква можност единствено ако се ополномоштени за тоа од страна на Унијата или со цел спроведување на актите на Унијата.
2. Кога со Договорите ѝ се пренесува на Унијата надлежност, споделена со земјите-членки во определена област, Унијата и земјите-членки може да пропишуваат и да донесуваат законски обврзувачки акти во соодветната област. Земјите-членки ја остваруваат својата надлежност, доколку Унијата не ја остварила својата надлежност. Земјите-членки повторно ја остваруваат својата надлежност, доколку Унијата одлучила да запре со остварување на својата надлежност.
3. Земјите-членки ги координираат своите економски политики и политиките за вработување во рамките на уредувањата предвидени во овој Договор, чие дефинирање е во рамките на надлежноста на Унијата.
4. Унијата има надлежност, во согласност со одредбите од Договорот за Европската унија, да дефинира и да спроведува заедничка надворешна и безбедносна политика, како и постепено да обликува заедничка одбранбена политика.
5. Во одредени области и според условите утврдени во Договорите, Унијата има надлежност да извршува активности за поддршка, координација или дополнување на активностите на земјите-членки, без притоа да ги замени нивните надлежности во овие области.
Правно обврзувачките акти на Унијата донесени врз основа на одредбите од Договорите што се однесуваат на овие области, не наметнуваат хармонизација на законите и прописите на земјите-членки.
6. Полето на примена и уредувањата за остварување на надлежностите на Унијата се определуваат со одредбите на Договорите што се однесуваат на секоја област.
Член 3
1. Унијата има ексклузивна надлежност во следните области: (а) царинска унија;
(б) воспоставување на правила за конкуренција неопходни за функционирањето на внатрешниот пазар;
(в) монетарна политика за земјите-членки чија парична единица е еврото;
(г) зачувување на морските биолошки ресурси во рамките на заедничката политика за рибарство;
(д) заедничка трговска политика.
2. Унијата, исто така, има ексклузивна надлежност во склучување на меѓународни спогодби, кога тоа е предвидено во законодавен акт на Унијата или кога е неопходно да ѝ се овозможи на Унијата да ја остварува својата внатрешна надлежност, или кога склучувањето на такви спогодби може да влијае на заедничките правила или да го промени нивниот опсег.
Член 4
1. Унијата споделува надлежност со земјите-членки кога со Договорите ѝ се доделува надлежност што не е поврзана со областите споменати во членовите 3 и 6.
2. Споделената надлежност меѓу Унијата и земјите-членки се применува во следните основни области:
(а) внатрешен пазар;
(б) социјална политика, што се однесува на аспектите одредени во овој Договор;
(в) економска, социјална и територијална кохезија;
(г) земјоделство и рибарство, со исклучок на зачувување на морските биолошки ресурси;
(д) животна средина;
(ѓ) заштита на потрошувачите; (е) транспорт;
(ж) трансевропски мрежи; (з) енергетика;
(ѕ) област на слобода, безбедност и правда;
(и) заеднички безбедносни прашања во областа на јавното здравство, за аспектите одредени во овој Договор.
KАТЕГОРИИ И ОБЛАСТИ НА НАДЛЕЖНОСТ НА УНИЈАТА 79
3. Во областа на истражувањето, технолошкиот напредок и вселената, Унијата има надлежност да извршува активности, конкретно да дефинира и да спроведува програми; сепак, остварувањето на оваа надлежност не ги спречува земјите-членки да ги остваруваат своите надлежности.
4. Во областа на соработката за развој и хуманитарната помош, Унијата има надлежност да врши активности и да води заедничка политика; сепак, остварувањето на оваа надлежност не ги спречува земјите-членки да ги остваруваат своите надлежности.
Член 5
1. Земјите-членки ги координираат своите економски политики во рамките на Унијата. За таа цел, Советот донесува мерки, особено општи насоки за тие политики.
За земјите-членки, чијашто парична единица е еврото, се применуваат посебни одредби.
2. Унијата презема мерки за да обезбеди координација на политиките за вработување на земјите-членки, особено преку дефинирање на насоки за таквите политики.
3. Унијата може да презема иницијативи за да обезбеди координација на социјалните политики на земјите-членки.
Член 6
Унијата има надлежност да презема активности за поддршка, координација и дополнување на активностите на земјите-членки. Областите на ваквото дејствување, на европско ниво, се следните:
(а) заштита и подобрување на човековото здравје; (б) индустрија:
(в) култура; (г) туризам;
(д) образование, стручно оспособување, млади и спорт; (ѓ) цивилна заштита;
(е) административна соработка.
НАСЛОВ II
ОДРЕДБИ СО ОПШТА ПРИМЕНА
Член 7
Унијата обезбедува конзистентност меѓу своите политики и активности, имајќи ги предвид сите свои цели и во согласност со начелата за пренесување овластувања.
Член 8
(поранешен член 3(2) од ДЕЗ)(4)
Во сите свои активности, Унијата цели кон елиминирање на нееднаквости и промовирање на еднаквост меѓу мажите и жените.
Член 9
При одредување и спроведување на политики и активности, Унијата ги има предвид барањата поврзани со промовирање на висока стапка на вработеност, гарантирање на соодветна социјална заштита, борба против социјалната исклученост, и високо ниво на образование, оспособување и заштита на човековото здравје.
Член 10
При одредувањето и спроведувањето на нејзините политики и активности, Унијата се стреми кон борба против дискриминација врз основа на пол, раса или етничко потекло, религија или верување, попреченост, возраст или сексуална определба.
4 Овие упатувања се индикативни. За подетални информации погледнете ги табелите за еквивалентност меѓу старото и новото нумерирање на Договорите.
ОДРЕДБИ СО ОПШТА ПРИМЕНА 81
Член 11
(поранешен член 6 од ДЕЗ)
Барањата за заштита на животната средина мора да се интегрирани во одредувањето и спроведувањето на политиките и активностите на Унијата, особено со цел да се промовира одржлив развој.
Член 12
(поранешен член 153(2) од ДЕЗ)
Барањата за заштита на потрошувачите се земаат предвид при одредување и спроведување на политиките и активностите на Унијата.
Член 13
При формулирање и спроведување на политиките на Унијата за земјоделство, рибарство, транспорт, внатрешен пазар, истражување и технолошки развој и вселена, Унијата и земјите-членки, со оглед на тоа дека животните се суштества со свест, обрнуваат целосно внимание на барањата за благосостојба на животните, притоа почитувајќи ги законодавните и административните одредби и обичаи на земјите-членки во однос на прашања конкретно поврзани со верски ритуали, културни традиции и регионално наследство.
Член 14
(поранешен член 16 од ДЕЗ)
Без да е во спротивност со член 4 од Договорот за Европската унија или со членовите 93, 106 и 107 од овој Договор, и со оглед на положбата на услугите од општ економски интерес во заедничките вредности на Унијата како и нивната улога во промовирање на социјална и територијална кохезија, Унијата и земјите-членки, секоја во рамките на своите соодветни овластувања и во рамките на опсегот на Договорите, обезбедуваат таквите услуги да функционираат врз основа на начела и услови, особено економски и финансиски услови, коишто им овозможуваат да ги остварат своите мисии. Европскиот парламент и Советот, преку регулативи во согласност со вообичаената законодавна постапка, ги воспоставуваат начелата и ги одредуваат условите, без тоа да е во спротивност со надлежноста на земјите-членки, во согласност со Договорите, за обезбедување, извршување и финансирање на ваквите услуги.
Член 15
(поранешен член 255 од ДЕЗ)
1. Со цел да се промовира добро владеење и да се обезбеди учество на граѓанското општество, институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата својата работа ја вршат на колку што е можно поотворен начин.
2. Европскиот парламент заседава јавно, како и Советот, при разгледување и гласање за предлог законодавни акти.
3. Секој граѓанин на Унијата и секое физичко или правно лице кое живее или има регистрирано седиште во земја-членка, има право на пристап до документите на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата, без разлика на нивната форма, предмет на начелата и условите кои се одредуваат во согласност со овој став.
Општите начела и ограничувања засновани на јавен или приватен интерес, со кои се регулира ова право на пристап до документи, се одредуваат преку регулативи од страна на Европскиот парламент и од Советот, коишто постапуваат во согласност со вообичаената законодавна постапка.
Секоја институција, тело, канцеларија или агенција обезбедува транспарентност во своето работење и во својот деловник елаборира посебни одредби за пристапот до нејзините документи, во согласност со прописите споменати во вториот потстав.
Судот на правдата на Европската унија, Европската централна банка и Европската инвестициска банка се предмет на овој став само кога ги остваруваат своите административни задачи.
Европскиот парламент и Советот обезбедуваат публикување на документите што се однесуваат на законодавните постапки во согласност со условите утврдени со прописите споменати во вториот потстав.
Член 16
(поранешен член 286 од ДЕЗ)
1. Секој има право на заштита на своите личните податоци.
2. Европскиот парламент и Советот, во согласност со вообичаената законодавна постапка, ги утврдуваат правилата за заштита на физичките лица во однос на обработката на лични податоци од страна на институциите, телата, канцелариите и агенциите на Унијата и од земјите-членки при извршување на активности кои спаѓаат во опсегот на правото на Унијата, како и правилата кои се однесуваат на слободното движење на таквите податоци. Усогласеноста со овие правила е предмет на контрола од независни органи.
Правилата донесени врз основа на овој член не се во спротивност со правилата утврдени во член 39 од Договорот за Европската унија.
Член 17
1. Унијата го почитува и не го доведува во прашање статусот на црквите и религиските здруженија или заедници во земјите-членки според националното законодавство.
2. Унијата подеднакво го почитува статусот на филозофските и нерелигиски организации според националните законодавство.
3. Признавајќи го нивниот идентитет и нивниот конкретен придонес, Унијата одржува отворен, транспарентен и редовен дијалог со овие цркви и организации.
ДЕЛ II НЕДИСКРИМИНАЦИЈА И ГРАЃАНСТВО
НА УНИЈАТА
Член 18
(поранешен член 12 од ДЕЗ)
Во рамките на опсегот на Договорите, а притоа без да биде во спротивност со каква било посебна одредба која е дел од Договорите, се забранува каква било дискриминација врз основа на националност.
Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка, може да донесат правила наменети за забрана на таквата дискриминација.
Член 19
(поранешен член 13 од ДЕЗ)
1. Без да е во спротивност со останатите одредби од Договорите и во рамките на овластувањата кои ѝ се пренесуваат на Унијата, Советот, едногласно во согласност со посебна законодавна постапка и по
добивање на согласност од Европскиот парламент, може да преземе соодветна активност за борба против дискриминација врз основа на пол, раса или етничко потекло, религија или верување, попреченост, возраст или сексуална определба.
2. По пат на отстапување од став 1, Европскиот парламент и Советот, во согласност со вообичаената законодавна постапка, може да ги донесат основните начела на мерките на поттикнување на Унијата, со исклучување на какво било усогласување на законите и прописите на земјите-членки, за поддршка на активност преземена од земјите-членки со цел да се придонесе кон остварување на целите споменати во став 1.
Член 20
(поранешен член 17 од ДЕЗ)
1. Се создава граѓанство на Унијата. Секое лице што поседува државјанство на земја-членка е граѓанин на Унијата. Граѓанството на Унијата е дополнително и не го заменува националното граѓанство.
2. Граѓаните на Унијата ги остваруваат правата и подлежат на обврските утврдени во овие договори. Меѓу другото, тие имаат:
(а) право да се движат и да се населуваат на територијата на земјите- членки;
(б) право да избираат и да се кандидираат на изборите за Европскиот парламент и на општинските избори во земјата-членка во којашто престојуваат, според истите услови како и државјаните на таа земја;
(в) на територија на трета земја каде што земјата на којашто лицето е државјанин не е претставена, право на дипломатска и конзуларна заштита од властите на која и да е земја-членка, според истите услови како и државјаните на таа земја;
(г) право да доставуваат петиции до Европскиот парламент, жалби до Европскиот омбудсман, како и право да се обратат до институциите и советодавните тела на Унијата на кој и да е јазик од Договорите и да добијат одговор на истиот јазик.
Овие права се остваруваат во согласност со условите и ограничувањата одредени со Договорите и мерките донесени во рамките на тие Договори.
Член 21
(поранешен член 18 од ДЕЗ)
1. Секој граѓанин на Унијата има право слободно да се движи и да престојува на територијата на земјите-членки, во согласност со
ограничувањата и условите утврдени во Договорите и мерките донесени за нивно остварување.
2. Доколку се покаже за неопходно Унијата да спроведе активност за остварување на оваа цел, а со Договорите не се предвидени потребните овластувања, Европскиот парламент и Советот, во согласност со вообичаената законодавна постапка, може да донесат одредби со цел да го олеснат остварувањето на правата споменати во став 1.
3. За истите цели како оние споменати во став 1, и доколку со Договорите не се предвидени потребните овластувања, Советот, во согласност со посебната законодавна постапка, може да донесе мерки за социјална безбедност или социјална заштита. Советот постапува со едногласност по консултации со Европскиот парламент.
Член 22
(поранешен член 19 од ДЕЗ)
1. Секој граѓанин на Унијата, кој живее во земја-членка на која не е државјанин, има право да гласа и да се кандидира на општинските избори во земјата-членка во која живее, под истите услови како и државјаните на таа земја. Ова право се остварува според детални уредувања донесени од Советот, кој постапува едногласно во согласност со посебната законодавна постапка и по консултации со Европскиот парламент; овие уредувања може да предвидат и отстапки оправдани со проблеми специфични за земја-членка.
2. Без да е во спротивност со член 223(1) и одредбите донесени за негово спроведување, секој граѓанин на Унијата, кој живее во земја-членка на која не е државјанин, има право да гласа и да се кандидира на изборите за Европскиот парламент во земјата-членка во која живее, под истите услови како и државјаните на таа земја. Ова право се остварува според детални уредувања донесени од Советот, кој постапува едногласно во согласност со посебната законодавна постапка и по консултации со Европскиот парламент; овие уредувања може да предвидат и отстапки оправдани со проблеми специфични за земја-членка.
Член 23
(поранешен член 20 од ДЕЗ)
Секој граѓанин на Унијата, на територија на трета земја каде што земјата на која лицето е државјанин не е претставена, има право на дипломатска или конзуларна заштита од властите на која и да е земја-членка, под истите услови како државјаните на таа земја. Земјите-членки ги донесуваат
потребните одредби и започнуваат со меѓународните преговори што се потребни за да се обезбеди таквата заштита.
Советот, во согласност со посебна законодавна постапка и по консултации со Европскиот парламент, може да донесе директиви за воспоставување на мерки за координација и соработка, кои се потребни за олеснување на таквата заштита.
Член 24
(поранешен член 21 од ДЕЗ)
Европскиот парламент и Советот, со регулативи во согласност со вообичаената законодавна процедура, ги донесуваат одредбите за постапките и условите што се потребни за граѓанска иницијатива во рамки на значењето на член 11 од Договорот за Европската унија, вклучително и за минималниот број на земјите-членки од кои треба да доаѓаат тие граѓани.
Секој граѓанин на Унијата има право на доставување петиција до Европскиот парламент, во согласност со член 227.
Секој граѓанин на Унијата може да се обрати до Омбудсманот, во согласност со член 228.
Секој граѓанин на Унијата може писмено да се обрати до која било институција или тело споменати во овој член и во член 13 од Договорот за Европската унија, на еден од јазиците споменати во член 55 (1) од Договорот за Европската унија и да добие одговор на истиот јазик.
Член 25
(поранешен член 22 од ДЕЗ)
На секои три години, Комисијата доставува извештај до Европскиот парламент, Советот и Економско-социјалниот комитет во врска со примената на одредбите од овој дел. Во овој извештај се зема предвид развојот на Унијата.
Врз основа на ова, и без да биде во спротивност со останатите одредби од Договорите, Советот, постапувајќи едногласно во согласност со посебна законодавна постапка и по добивање на согласност од Европскиот парламент, може да донесе одредби за зајакнување или за дополнување на правата наведени во член 20(2). Овие одредби влегуваат во сила по нивно одобрување од страна на земјите-членки, во согласност со нивните соодветни уставни барања.
ДЕЛ III
ПОЛИТИКИ И ВНАТРЕШНО ДЕЈСТВУВАЊЕ НА УНИЈАТА
НАСЛОВ I
ВНАТРЕШЕН ПАЗАР
Член 26
(поранешен член 14 од ДЕЗ)
1. Унијата донесува мерки чија цел е воспоставување и обезбедување на функционирањето на внатрешниот пазар, во согласност со соодветните одредби од Договорите.
2. Внатрешниот пазар опфаќа област без внатрешни граници во која се обезбедува слободно движење на стоки, лица, услуги и капитал во согласност со одредбите од Договорите.
3. Советот, на предлог на Комисијата, ги одредува насоките и условите потребни за обезбедување балансиран напредок во сите соодветни сектори.
Член 27
(поранешен член 15 од ДЕЗ)
При составување на своите предлози, а со цел остварување на целите утврдени во член 26, Комисијата го има предвид опсегот на заложбите кои одредени економии што покажуваат разлики во развојот ќе треба да ги направат за воспоставување на внатрешниот пазар и може да предложи соодветни одредби.
Ако овие одредби се во форма на отстапки, тие треба да се од привремен карактер и треба да предизвикаат најмали можни нарушувања на функционирањето на внатрешниот пазар.
НАСЛОВ II
СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА СТОКИ
Член 28
(поранешен член 23 од ДЕЗ)
1. Унијата вклучува царинска унија, која ја опфаќа целата трговија со стоки и која ја вклучува и забраната меѓу земјите-членки на царински давачки за увоз и извоз и на сите такси со еднаков ефект, како и донесувањето на заеднички царински тарифи за нивните односи со трети земји.
2. Одредбите од член 30 и Поглавје 2 од овој наслов се применуваат за производи што потекнуваат од земји-членки и за производи што доаѓаат од трети земји, кои се дел од слободниот проток во земјите-членки.
Член 29
(поранешен член 24 од ДЕЗ)
Производи што доаѓаат од трети земји се сметаат дека се во слободен проток во земја-членка доколку се задоволени формалностите за увоз и доколку сите царински давачки или такси со еднаков ефект, што се плаќаат, се наплатени во таа земја-членка, и доколку тие не оствариле придобивки од вкупно или делумно вратени царински давачки или такси.
ПОГЛАВЈЕ 1
ЦАРИНСКА УНИЈА
Член 30
(поранешен член 25 од ДЕЗ)
Се забрануваат царински давачки за увоз и извоз и такси со еднаков ефект меѓу земјите-членки. Оваа забрана се однесува и на царинските давачки со фискален карактер.
Член 31
(поранешен член 26 од ДЕЗ)
Давачките од заедничката царинска тарифа се одредуваат од страна на Советот, на предлог на Комисијата.
Член 32
(поранешен член 27 од ДЕЗ)
При извршување на задачите што и се доделуваат во рамките на ова поглавје, Комисија се предводи од:
(а) потребата да се развива трговија меѓу земјите-членки и трети земји;
(б) развојот на условите за конкуренција во рамките на Унијата, доколку истите водат кон подобрување на конкурентниот капацитет на претпријатијата;
(в) барањата на Унијата во однос на набавка на суровини и полупроизводи; во овој поглед, Комисијата се стреми кон одбегнување на услови на нарушување на конкуренција меѓу земјите-членки во однос на готови стоки;
(г) потребата да се одбегнат сериозни нарушувања во економиите на земјите-членки и да се обезбеди рационален развој на производство и ширење на потрошувачката во рамките на Унијата.
ПОГЛАВЈЕ 2
ЦАРИНСКА СОРАБОТКА
Член 33
(поранешен член 135 од ДЕЗ)
Во рамките на опсегот на Договорите, Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка, преземаат мерки за зајакнување на царинската соработка меѓу земјите- членки, како и меѓу земјите-членки и Комисијата.
ПОГЛАВЈЕ 3
ЗАБРАНА НА КВАНТИТАТИВНИТЕ ОГРАНИЧУВАЊА МЕЃУ ЗЕМЈИТЕ-ЧЛЕНКИ
Член 34
(поранешен член 28 од ДЕЗ)
Се забрануваат квантитативни ограничувања на увозите и сите мерки со еднаков ефект меѓу земјите-членки.
Член 35
(поранешен член 29 од ДЕЗ)
Се забрануваат квантитативни ограничувања на извозите и сите мерки со еднаков ефект меѓу земјите-членки.
Член 36
(поранешен член 30 од ДЕЗ)
Одредбите од членовите 34 и 35 не се пречка за забраните или ограничувањата на увезени стоки, извезени стоки или стоки во транзит, оправдани врз основа на јавен морал, јавна политика или јавна безбедност; заштита на здравјето и животот на луѓето, животните или растенијата; заштита на националните богатства со уметничка, историска и археолошка вредност; или заштита на индустриската и трговската сопственост. Овие забрани или ограничувања не претставуваат средства за произволна дискриминација или прикриено ограничување на трговија меѓу земјите-членки.
Член 37
(поранешен член 31 од ДЕЗ)
1. Земјите-членки ги уредуваат сите државни монополи со трговски карактер, така што да се гарантира дека не постои дискриминација меѓу државјаните на земјите-членки во однос на условите под кои стоките се набавуваат и се пласираат на пазарот.
Одредбите од овој член се однесуваат на секое тело преку кое земја- членка, фактички или по закон, или директно или индиректно надгледува, ги одредува или забележително влијае на увозите или извозите меѓу земјите-членки. Овие одредби, исто така, се однесуваат и на монополи што државата ги пренела на други тела.
2. Земјите-членки се воздржуваат од воведување на каква било нова мерка која е во спротивност со начелата утврдени во став 1 или која го ограничува опсегот на членовите што се однесуваат на забраната на царинските давачки и квантитативните ограничувања меѓу земјите- членки.
3. Ако државен монопол со трговски карактер има правила кои се создадени за да го олеснат пуштањето во промет на земјоделски производи или за да се добие најдобриот приход од истите, треба да се преземат чекори за спроведување на правилата од овој член со цел да се обезбедат еднакви мерки на заштита за вработувањето и за животниот стандард на засегнатите производители.
НАСЛОВ III
ЗЕМЈОДЕЛСТВО И РИБАРСТВО
Член 38
(поранешен член 32 од ДЕЗ)
1. Унијата дефинира и спроведува заедничка политика за земјоделство и рибарство.
Внатрешниот пазар ги опфаќа и земјоделството, рибарството и трговијата со земјоделски производи. „Земјоделски производи“ се производите од почва, од одгледување стока и од рибарство, како и производи по првична обработка, што се директно поврзани со овие производи. Упатувањата на заедничката земјоделска политика или на земјоделство, и терминот
„земјоделски“, исто така, се однесуваат и на рибарство, имајќи ги предвид специфичните карактеристики на овој сектор.
2. Освен ако не е поинаку предвидено во членовите 39 - 44, правилата утврдени за основање и функционирање на внатрешниот пазар се однесуваат и на земјоделските производи.
3. Производите коишто се предмет на одредбите од членовите 39 - 44 се наведени во Аxxxx X.
4. Функционирањето и развојот на внатрешниот пазар за земјоделски производи мора да се придружени со основање на заедничка земјоделска политика.
Член 39
(поранешен член 33 од ДЕЗ)
1. Целите на заедничката земјоделска политика се:
(а) зголемување на земјоделската продуктивност со промовирање на технички напредок и обезбедување на рационален развој на земјоделско производство и на оптимално користење на производствените фактори, особено на трудот;
(б) на тој начин да се обезбеди прифатлив животен стандард за земјоделската заедница, особено со зголемување на индивидуалните заработувачки на лицата што се занимаваат со земјоделство;
(в) стабилизирање на пазарите;
(г) обезбедување на достапноста на набавки;
(д) гарантирање дека набавките стигнуваат до потрошувачките по разумни цени.
2. При изработување на заедничката земјоделска политика и посебните методи за нејзино спроведување, се зема предвид:
(а) специфичниот карактер на земјоделската активност, кој произлегува од социјалната структура на земјоделството и структурните и природните разлики меѓу различните земјоделски региони;
(б) потребата постепено да се извршуваат соодветни приспособувања; (в) фактот дека во земјите-членки земјоделството претставува сектор
што е тесно поврзан со економијата во целина.
Член 40
(поранешен член 34 од ДЕЗ)
1. Со цел да се остварат целите утврдени во член 39, се создава заедничка организација на земјоделски пазари.
Оваа организација има некоја од следните форми, во зависност од соодветниот производ:
(а) заеднички правила за конкуренција;
(б) задолжителна координација на различните организации на национални пазари;
(в) организација на Европскиот пазар.
2. Заедничката организација, создадена во согласност со став 1, може да ги опфаќа сите мерки потребни за остварување на целите утврдени во член 39, особено регулирањето на цените, помошта за производство и пласирање на пазарот на различни производи, уредувањата за складирање и пренесување, како и заедничкиот механизам за стабилизирање на увоз или извоз.
Заедничката организација се ограничува на следење на целите утврдени во член 39, и исклучува каква било дискриминација меѓу производителите или потрошувачите во рамките на Унијата.
Која било заедничка политика за цени се заснова на заеднички критериуми и унифицирани методи на пресметка.
3. Со цел да ѝ се овозможи на заедничката организација, спомената во став 1, да ги оствари своите цели, мора да се дефинираат еден или повеќе фондови за насоки и гаранции во земјоделството.
Член 41
(поранешен член 35 од ДЕЗ)
За да се овозможи остварување на целите утврдени во член 39, може да се предвидат одредби во рамките на заедничката земјоделска политика за мерки како:
(а) ефективна координација на заложбите во областа на стручното оспособување, истражување и ширење на знаењето во областа на земјоделството; ова може да вклучува и заедничко финансирање на проекти или институции;
(б) заеднички мерки за промовирање на потрошувачката на одредени производи.
Член 42
(поранешен член 36 од ДЕЗ)
Одредбите од поглавјето поврзани со правилата за конкуренција се применуваат за производство и трговија со земјоделски производи само доколку тоа е одредено од Европскиот парламент и Советот во рамките на член 43(2) и е во согласност со постапката утврдена во тој член, а притоа се земаат предвид целите утврдени во член 39.
Советот, на предлог на Комисијата, може да овласти доделување на помош:
(а) за заштита на претпријатија, коишто се соочуваат со пречки поврзани со структурните или природните услови;
(б) во рамки на програмите за економски развој.
Член 43
(поранешен член 37 од ДЕЗ)
1. Комисијата доставува предлози за изработување и спроведување на заедничка земјоделска политика, вклучително и за замена на националните организации со една од формите на заедничка организација, предвидена во член 40(1), како и за спроведување на мерките наведени во овој наслов.
Во овие предлози се зема предвид заемната зависност меѓу земјоделските прашања споменати во овој наслов.
2. Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка и по консултации со Економско-
социјалниот комитет, ја воспоставуваат заедничката организација на земјоделските пазари предвидени во член 40(1), како и останатите одредби потребни за остварување на целите на заедничката земјоделска политика и заедничката политика за рибарство.
3. Советот, на предлог на Комисијата, донесува мерки за одредување цени, даноци, помош и квантитативни ограничувања и за одредување и распределување на можности за риболов.
4. Во согласност со став 2, националните пазарни организации може да се заменат со заедничка организација предвидена во член 40(1) доколку:
(а) заедничката организација им нуди на земјите-членки, кои се против ваквата мерка и кои имаат сопствена организација за засегнатото производство, еднакви мерки на заштита на вработувањето и животниот стандард на засегнатите производители, а притоа се земаат предвид можните приспособувања и специјализацијата што ќе биде потребна со текот на времето;
(б) таквата организација обезбедува услови за трговија во рамките на Унијата слични на оние што постојат на национален пазар.
5. Ако се основа заедничка организација за одредени суровини пред основање на заедничка организација за соодветните обработени производи, таквите суровини, кои се користат за обработени производи наменети за извоз во трети земји, може да се увезуваат од земји надвор од Унијата.
Член 44
(поранешен член 38 од ДЕЗ)
Ако во земја-членка еден производ е предмет на национална пазарна организација или на внатрешни правила со еднаков ефект, што влијае на конкурентната положба на слично производство во друга земја-членка, земјата-членка применува компензациска такса за увозите на овој производ што доаѓа од земја-членка каде што постои таква организација или правила, освен ако таа земја применува компензациска такса на извозот.
Комисијата го одредува износот за овие такси на ниво потребно за надоместок на разликата; исто така, може да овласти други мерки, чии услови и детали ги утврдува таа самата.
НАСЛОВ IV
СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ЛИЦА, УСЛУГИ И КАПИТАЛ
ПОГЛАВЈЕ 1
РАБОТНИЦИ
Член 45
(поранешен член 39 од ДЕЗ)
1. Во рамките на Унијата се обезбедува слобода на движење на работници.
2. Ваквата слобода на движење наложува укинување на секаква дискриминација врз основа на националноста на работниците на земјите- членки во однос на вработувањето, надоместокот и другите услови за работа и вработување.
3. Во согласност со ограничувањата врз основа на јавната политика, јавната безбедност и јавното здравство, слободата го опфаќа и правото:
(а) да се прифаќаат дадени понуди за вработување;
(б) на слободно движење во рамките на територијата на земјите- членки за таа цел;
(в) да се престојува во земја-членка заради вработување, во согласност со одредбите со кои се уредува вработувањето на државјани на таа земја, утврдено со закон, пропис или административен акт;
(г) да се остане на територијата на земја-членка по вработувањето во таа земја, во согласност со условите што се предвидени во прописи составени од Комисијата.
4. Одредбите од овој член не се однесуваат на вработување во јавната служба.
СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ НА ЛИЦА, УСЛУГИ И КАПИТАЛ 97
Член 46
(поранешен член 40 од ДЕЗ)
Европскиот парламент и Советот, во согласност со вообичаената законодавна постапка и по консултации со Економско-социјалниот комитет, издаваат директиви или составуваат регулативи со кои се определуваат потребните мерки за постигнување на слободата на движење на работниците, на начин утврден во член 45, конкретно:
(а) со обезбедување тесна соработка меѓу националните служби за вработување;
(б) со укинување на оние административни постапки и практики, како и на периодите за квалификување за расположливи работни места, без разлика дали произлегуваат од национално законодавство или од спогодби претходно склучени меѓу земји-членки, чијашто одржливост би претставувала пречка за либерализација на движењето на работници;
(в) со укинување на периодите за квалификување и други ограничувања предвидени или во националното законодавство или во претходно склучени спогодби меѓу земји-членки, со кои на работници од други земји-членки им се наметнуваат услови околу слободниот избор на вработување кои се разликуваат од условите наметнати на работниците од односната земја-членка;
(г) со воспоставување соодветен механизам за поврзување на понудите на работни места со апликациите за вработување и за олеснување на воспоставувањето рамнотежа меѓу понудата и побарувачката на пазарот за вработување на начин со кој ќе се одбегнат сериозни закани по животниот стандард и нивото на вработување во различни региони и индустрии.
Член 47
(поранешен член 41 од ДЕЗ)
Земјите-членки, во рамките на заедничка програма, ја охрабруваат размената на млади работници.
Член 48
(поранешен член 42 од ДЕЗ)
Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка, донесуваат такви мерки во областа на социјалната сигурност какви што се потребни за да се обезбеди слобода
на движење на работниците; за таа цел, тие донесуваат уредувања за да обезбедат за вработените и самовработените лица мигранти и нивните штитеници:
(а) сумирање на сите периоди, кои се земаат предвид според законите на неколку земји, за стекнување и задржување на правото на надоместок и за пресметка на износот на надоместок;
(б) исплата на надоместоци на лица кои живеат на територијата на земјите-членки.
Ако член на Советот изјави дека предлог законодавен акт, споменат во првиот потстав, би влијаел на значајни аспекти на системот за социјална сигурност на неговата земја, како и на неговиот опсег, трошоците или финансиската структура, или би влијаел на финансиската рамнотежа на системот, тогаш може да побара истото да се проследи до Европскиот совет. Во тој случај, вообичаената законодавна постапка привремено се запира. По дискусиите, во период од четири месеци по ова привремено запирање, Европскиот совет или:
(а) го проследува предлогот назад до Советот, со што завршува привремениот прекин на вообичаената законодавна постапка; или
(б) не презема активност или бара од Комисијата да достави нов предлог; во тој случај, првично предложениот акт се смета дека не е донесен.
ПОГЛАВЈЕ 2
ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ
Член 49
(поранешен член 43 од ДЕЗ)
Во рамките на одредбите утврдени подолу, се забрануваат ограничувања на слободата на основање за државјани на земја-членка на територија на друга земја-членка. Таквата забрана, исто така, се однесува и на ограничувања за основање застапништва, филијали или подружници од државјани на која било земја-членка основани на територија на која било земја-членка.
Слободата за основање вклучува и право да се започнат и да се вршат активности како самовработено лице и да се основаат и да се управуваат
ПРАВО НА ОСНОВАЊЕ 99
претпријатија, особено претпријатија или фирми во рамките на значењето на вториот став од член 54, во согласност со условите утврдени со закон во земјата каде што таквото основање се спроведува, за нејзините сопствени државјани, со почитување на одредбите од поглавјето за капитал.
Член 50
(поранешен член 44 од ДЕЗ)
1. Со цел да се оствари слобода на основање во однос на конкретна активност, Европскиот парламент и Советот, постапувајќи во согласност со вообичаената законодавна постапка и по консултации со Економско- социјалниот комитет, дејствуваат со директиви.
2. Европскиот парламент, Советот и Комисијата ги извршуваат обврските кои ги добиваат во согласност со претходните одредби, особено:
(а) со договарања, како општо правило, на приоритетно значење на активности за кои слободата на основање дава особено вреден придонес во развојот на производството и трговијата;
(б) со обезбедување на тесна соработка меѓу надлежните власти во земјите-членки со цел да се определи конкретна состојба на различните дејности во рамките на Унијата;
(в) со укинување на оние административни процедури и практики, без разлика дали тие произлегуваат од национално законодавство или од спогодби претходно склучени меѓу земји-членки, чиешто одржување би претставувало пречка за слободата на основање;
(г) со гарантирање дека работниците на една земја-членка вработени на територија на друга земја-членка може да останат на таа територија со цел да започнат активности како самовработени лица, кога ги исполнуваат условите што треба да ги исполнуваат ако влегле во таа земја во период кога планирале да започнат такви активности;
(д) со овозможување на државјанин на една земја-членка да се стекне и да користи земјиште или објекти на територијата на друга земја- членка, доколку тоа не е спротивно на начелата утврдени во член 39(2);
(ѓ) со воспоставување на постепено укинување на ограничувањата на слободата за основање во секоја област на активност што се разгледува, и во однос на условите за основање на застапништва, филијали или подружници на територијата на земја-членка, и во однос на подружниците на територијата на земја-членка и во