Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 02 3109 060. факс 02 3215 128, www.uniqa.mk
Услови за осигурување авио-каско и авио-одговорност
Друштво за осигурување UNIQA а.д. Скопје, ул. Маркс и Енгелс 3, 1000 Скопје, тел. 00 0000 000. факс 02 3215 128, xxx.xxxxx.xx
Овие услови се донесени на редовна седница на Управен одбор одржана на 15.10.2004 година и со одлука бр.06/04-3 се применуваат од денот на донесувањето.
I Општи услови за осигурување на воздухоплови
Овие услови се применуваат за осигурување на воздухоплови (авио-каско и авио-одговорност за штети причинети на трети лица).
Член 1
Договор за осигурување може да склучи осигуреник или договорувач на осигурување во свое име и за своја сметка или во свое име и за туѓа сметка, ако во полисата не е определено дека договорот е склучен за туѓа сметка, ќе се смета дека е склучен за сметка на осигуреникот.
Во овие услови термините значат:
Осигурувач - компанија за осигурување која со договорот за осигурување се обврзува дека ќе ја надомести штетата, кога ќе настане осигурен случај. Договорувач на осигурување - лице кое со осигурувачот склучува договор за осигурување.
Осигуреник - лице кое има имотен интерес да се осигура.
Премија - износ кој договорувачот на осигурување е должен да го плати по склучен договор за осигурување.
Осигурена вредност - износ на кој предметот е осигуран.
Полиса - документ кој го издава осигурувачот и служи како доказ за постоење договор за осигурување.
Понуда за осигурување - барање на договорувачот или осигуреникот до осигурувачот за да овој му испостави полиса или друг доказ за осигурување.
Понудувач - подносител на понудата за осигурување.
Воздухоплов - труп на воздухопловниот објект од тип авиони, хидроавиони, хеликоптери, едрилици и сл., Наведени во полисата за осигурување, заедно со моторите, стандардните инструменти и опрема. Мотор - секој мотор со сите негови составни делови, вклучувајќи ги и додатоците потребни за негово функционирање како мотор, ќе се смета како единствена целина - мотор на воздухопловот.
Летање или лет - период на време кое почнува од моментот кога воздухопловот почнува да рула поради полетување, односно од моментот кога ќе се обиде да полета и трае додека воздухопловот слета и после допирот со земјата или водата, завршува со рулањето односно лизгањето по вода. За хеликоптер ќе се смета дека е во лет во моментот кога роторите се во движење како резултат на силата на моторот.
Рулање - сите движења на воздухопловот на земјата извршени со сопствен мотор, со замавтување на покрети или тегнење. Кај хидроавиони под рулање се подразбира положба која не е дефинирана како лет или усидрување.
Усидрување - период на време додека хидроавионот се наоѓа во пловна состојба, усидрен или приврзан вклучувајќи поринување и ли извлекување.
На земја - период на време кога воздухопловот не лета или не рула. Не се однесува на хидроавиони во пловна состојба.
Трети лица - правни и физички лица на кои им е нанесена штета (на објекти, телесни повреди или смрт), од страна на осигуреникот (сопственикот односно корисникот на воздухопловот). Во смисла на овие услови како трети лица не се сметаат сопственикот на воздухопловот, односно корисникот, негови вработени како и лица кои извршуваат задачи по налог или за сметка на осигуреникот.
Патници во јавен сообраќај - се сметаат лицата кои заради патување се наоѓаат во едно од превозните средства одредени за вршење на јавен превоз, незвисно дали имаат или немаат возен билет, како и лицата кои се наоѓаат во кругот на аеродромот или во непосредна близина на превозното средство, пред качувањето, односно по слегувањето, кои имале намера да патуваат со определено превозно средство или со него патувале. Како патници се сметаат и лицата кои имаат право на бесплатен превоз или возење. Докажувањето дека некое лице било патник паѓа на товар на осигуреникот. Патниците се сметаат за трети лица.
Надлежни воздухопловни власти - се однесува на дирекцијата за цивилна воздушна пловидба.
Член 2
Каско осигурување на воздухоплови за време на летање, рулање, стоење на земја и усидрување
Осигурувачот ќе му ја надомести на осигуреникот според овие услови, до осигурената вредност, секоја загуба или штета која ќе настане на осигурениот воздухоплов поради вонреден настан за време на летање, рулање, стоење на земја или усидрување како и поради исчезнување на воздухопловот доколку не биде пријавен во рок од 60 дена од моментот на полетување, како и надомест на трошоците кои би биле оправдано направени со цел спасување на осигурениот воздухоплов и трошоците за пренесување на оштетениот воздухоплов до местото на поправка.
Член 3
Осигурување од законска одговорност на осигуреникот спрема трети лица во врска со сопственоста односно користењето на воздухопловот Осигурувачот е во обврска да му ги надомести на осигуреникот, согласно овие услови, сите износи кои тој би бил должен, по законските прописи, да им ги плати на трети лица и патници, во врска со сопственоста односно користењето на воздухопловот, а по нивни оштетни барања во случај на смрт, потполн или делумен инвалидитет, преодни телесни повреди или заболување како и за штети, настанати на нивниот имот, но најповеќе до износот предвиден во полисата по штетен настан.
Член 4
Општи исклучувања од осигурување на воздухоплови, кои се применуваат во авио-каско и авио-одговорност спрема трети лица Осигурувачот не е во обврска да ги надомести штетите настанати поради следните исклучувања:
1. Штета која е настаната поради груба немарност на заповедникот, пилотот и другите членови на посадата.
2. За време додека воздухопловот се користи за вршење било какви незаконски дејствија (цели) или за намени различни од оние кои се наведни во полисата и како што се дефинирани во дефинициите за намена.
3. Додека воздухопловот е надвор од географските лимити наведени во полисата, освен ако тоа се должи на виша сила.
4. Додека воздухопловот е управуван од пилот кој не е наведен во полисата, освен кога воздухопловот може да биде управуван на земја од лица квалификувани за таа цел.
5. За време додека воздухопловот полетува, слетува или во обидите да го направи тоа, од место кое не е во согласност со препораките пропишани од произведувачот на воздухопловот и надлежните цивилни воздухопловни власти, освен во случај на виша сила или ако до тоа е дојдено по одлука на пилотот кој има прописно овлстување од надлежните органи за донесување на такви одлуки.
6. Доколку бројот на патници кои се превезуваат со воздухопловот, го надминува декларираниот максимален број на патници наведен во полисата, како и поради утовар на поголема количина на стока над максималното дозволено оптеретување на воздухопловот.
7. При оштетни побарувања наплативи по други полиси, освен ако обештетувањето ги надмине сумите на осигурување по тие полиси, но максимум до наведената сума во полисата.
8. За оштетни побарувања кои се исклучуваат според клаузулата за исклучување на нуклеарни ризици.
9. Злонамерен акт или саботажа со претходно знаење на осигуреникот, негови вработени или лица кои работат по налог или за сметка на осигуреникот.
10. Трошоците за замена на дотраени и истрошени делови, како ни трошоците за поправка на механичите кршења и застој на електронски,
Услови за осигурување
електрични, хидраулични и машински постројки.
11. За оштетни побарувања кои призлегуваат од:
(a) војна, инвазија, делување на странски непријатели, непријателства (било да е со објавување на војна или без објавување), граѓански војни, терористички дејствија, бунтови, револуции, востанија, воени закони, воено или превземање на власта или обиди за превземање.
(б) било каква непријателска детонација од било какво оружје кое вклучува атомска или нуклеарна фисија и/или фузија или друго дејствување на радијација.
(в) штрајк, немири, граѓански немири или работнички немири.
(г) конфискација, национализација, одземање, ограничување, задржување, присвојување, одземање на дозвола или употреба по наредба на влада (било да е граѓанска или воена) или јавни или локални власти.
(д) киднапирање или било кое незаконско одземање на контролата врз авионот и посадата за време на летање (вклучувајќи и обиди за тоа) кои се извршени од страна на лице односно лица кои се во воздухопловот а кои дејствуваат без одобрение на осигуреникот.
(ѓ) штети предизвикани од загадување и врева.
Понатаму, оваа полиса, не ги покрива оштетните побарувања кои што произлегуваат додека воздухопловот е надвор од контрола на осигуреникот, а се причинети од некои од горе наведените опасности.
Воздухопловот ќе се смета дека е вратен под контрола на осигуреникот по безбедно враќање на воздухопловот на осигуреникот, на аеродром кој не е надвор од географските ограничувања од полисата и е комплетно погоден за извршување на воздухопловни операции (безбедното враќање ќе подразбира воздухопловот да биде паркиран со изгаснати мотори и да не е под присила).
12. Учествување на воздухопловни натпревари, изведување на акробатски, рекордни, ноќни летови или други летови кои го изложуваат воздухопловот на зголемени ризици.
13. Извршување на пробни летови по извршени редовни поправки за одржување на воздухопловот или по реконструкција на осигурениот воздухоплов со која се менуваат неговите својства.
14. Штети и трошоци настанато како последица на хемиски ризик, при употреба на воздухопловот за авио третирање на земјоделските и шумските површини.
15. Доколку не ги исполнува обврските во член 5 од овие услови. Исклучувањата наведени во точките: 11 (а/в/г/д), 12, 13 и 14 можат да бидат вклучени во осигурување во согласност со осигурувачот и плаќање на соодветна дополнителна премија.
Член 5
Општи услови за осигурување на воздухоплови, кои се применуваат за авио-каско и авио-одговорност
1. Целосно спроведување и придржување кон роковите, условите и дополнувањата по оваа полиса ќе бидат услов за проценка на основаноста на оштетно побарување согласно овие услови.
2. Осигуреникот непрестано да води грижа и ќе прави и ќе се сложува да прави се што е практично возможно за да избегне или намали било која штета.
3. Осигуреникот мора да ги исполнува сите навигациски прописи, наредби и барања за способноста за летање (пловидбеност), издадени од компетентни власти кои се однесуваат на сигурноста во управувањето со воздухопловот и треба да обезбеди:
(a) воздухопловот да е способен за летање пред започнување на било кој лет. (б) сите книги за записи кои се во врска со воздухопловот а се пропишани со државни прописи кои се на сила, треба навремено да бидат пополнувани, а по барање на осигурувачот или од него овластено лице да бидат дадени на увид.
(в) сите вработени и агенти на осигуреникот да се придржуваат на таквите наредби и барања.
4. Веднаш треба да се извести осигурувачот за настан од кој може да произлезе оштетно побарување по овие услови:
(a) да обезбеди исцрпен писмен извештај за самиот настан и да достави
веднаш извештај за секое оштетно побарување (од трети лица или патници) со приложување на документација која се однесува на штетниот настан.
(б) да извести за можност од покренување на обвинителен процес против него и преотстапи своето учество во постапка за нагодба или судска постапка, на осигурувачот.
(в) да обезбеди секаква понатамошна информација и помош во врска со штетниот настан кои осигурувачот може да ги побара.
(г) да не превзема дејства со кои може да ги загрози интересите на осигурувачот.
(д) осигуреникот не смее да ја признае одговорноста или да изврши плаќање, понуда или ветување за исплата, без писмено одобрување од страна на осигурувачот.
5. Осигурувачот има право во било кое време и колку долго што сака, да има полна контрола врз преговорите и процесите и во име на осигуреникот да се спогодува, брани или следи за секое оштетно побарување.
6. По извршената исплата на штетата по ова осигурување, на осигурувачот се пренесуваат сите права кои осигуреникот ги има спрема трети лица одговорни за сторена штета и тоа во границите на исплатената штета (право на регрес).
Осигуреникот е должен своите права спрема трети лица одговорни за сторената штета да ги обезбеди на соодветен начин и писмено да ги пренесе на осигурувачот на негово барање, како и да му даде полна помош во остварувањето на истите.
7. Доколку дојде до промена на околностите или до промена на карактерот на ризиците кои се осигурени по овие услови, осигуреникот треба веднаш да го извести осигурувачот за настанатите промени. Ниедно оштетно побарување кое ќе произлезе по тие промени, нема да се исплаќа по овој основ, освен ако тие промени биле прифатени од осигурувачот.
8. Ова осигурување може да биде откажано од страна на осигурувачот како и од страна на осигуреникот, со писмено известување за тоа, со отказен рок од 10 дена. Доколку е откажано од страна на осигурувачот, тој е должен да му врати на осигуреникот сума до висината на неискористениот дел од техничката премијата, по систем про рата. Доколку осигурувањето е откажано од страна на осигуреникот, тогаш осигурувачот има право да одлучи за враќањето на неискористениот дел од техничката премија. Ако во периодот во кој осигуреникот имал покритие, дошло до плаќање на оштетно побарување или е поднесено оштетно побарување кое треба да биде платено од осигурувачот, неискористениот дел нема да му биде вратен на осигуреникот.
9. Ова осигурување не е и странките од овој договор јасно се согласни дека нема да биде толкувано како поморско осигурување.
10. Кога се работи за два или повеќе воздухоплови, условите по ова осигурување ќе се применуваат за секој засебно.
11. Во никој случај, доколку во полисата бидат вклучени повеќе од еден осигуреник, било со писмено дополнување или на друг начин, вкупната одговорност на осигурувачот во однос на било кој или сите осигуреници нема да ги надмине лимитите за обештетување наведени во оваа полиса. 12. Доколку осигуреникот поднесе оштетно побарување знаејќи дека истото е лажно или нечесно во врска со сумата или друго, осигурувањето престанува да важи и се губи правото за оштета.
Член 6
Територијално ограничување
Осигурувањето под овие услови се однесува во колку не е поинаку договорено, на летови на територија на Република Македонија.
Член 7
Траење на осигурувањето
При осигурување на одредено време, осигурувањето започнува во 00:00 часот по македонско време, на оној ден кој е во полисата означен за почетен ден на осигурување и трае до 24:00 по македонско време на оној ден кој е означен, односно утврден во полиста како ден за истек на осигурувањето.
При осигурувањето на пооделни летови - прелети, осигурувањето
започнува во моментот кога воздухопловот почне со рулањето, поради полетување, односно од моментот на обидот за полетување и трае до завршување со рулањето, до допирањето со земја или вода во определено место.
Член 8
Плаќање на премија
Доколку поинаку не е договорено, премијата се плаќа однапред и тоа одеднаш за цела година, односно за периодот на осигурувањето.
Ако се договори плаќање на премија во рати на износот на премијата кој се плаќа во рати, се пресметува договорна редовна камата, а ако премијата не се плати во договорениот рок, осигуреникот е должен да плати казнена камата. Кога премијата се плаќа со вирмани преку банка, осигуреникот е должен премијата даја плати во рок од 15 дена од денот на приемот на фактурата. Во случај да е договорено плаќање на премијата во рати, за да биде осигурувањето во сила, осигуреникот е должен првата рата да ја плати во договорениот рок.
Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата која ќе настане во договорениот рок за плаќање на првата рата, а осигуреникот во тој случај е должен да ја плати годишната премија.
За воздухоплови кои се реосигуруваат или соосигуруваат, не може да се договори плаќање на рати без согласност на реосигурувачот или соосигурувачот.
Член 9
Враќање на премија за воздухоплов вон употреба
Ако осигурениот воздухоплов се наоѓа вон употреба затоа што е во резервна состојба или приземнет од други причини наведени во договорот за осигурување, за период подолг од 30 дена осигуреникот има право за тоа да бара враќање на разликата помеѓу премијата предвидена во полисата за конкретното осигурување и премијата која по тарифите се наплатува за авион вон употреба, а тоа да е предвидено во полисата и однапред пријавено.
II Услови за осигурување авио-каско на воздухоплови
Член 1
Осигурително покритие Според овие услови се осигуруваат воздухопловите кои осигуреникот, како сопственик односно корисник, ги осигурува авио-каско со осигурително покритие против сите ризици за штети и оштетувања кои ќе настанат на осигурениот воздухоплов, поради непредвидени настани за време на летање, рулање, мирување на земја или усидрување, вклучувајќи и исчезнување на воздухопловот (доколку не е пријавен во рок од 60 дена од полетувањето), за времето договорено во полисата за осигурување, но максимум до осигурената вредност.
Со овие услови покриени се и трошоците кои биле оправдано направени за спасување и за превоз на осигурениот воздухоплов до местото на поправка до 10% од осигурената вредност на воздухопловот, освен исклучувањата и ограничувањата наведени во општите услови.
Осигурувачот покрива штети и тогаш кога туѓ државјанин-пилот нема потребна дозвола од дирекцијата за цивилна воздушна пловидба, ако има важечка дозвола за летање на соодветниот тип воздухоплов издадена согласно законските прописи во некоја друга држава.
Горното покритие е условено, ако инструктор по летање пред самостојниот лет, направи пробно летање и проверки на знаењето на странскиот државјанин-пилот.
Пробните летови мора да бидат впишани во книгата на летања.
Член 2
Исклучувања од осигурување
Предмет на осигурување не може да бидат, па ни во случај кога нивната вредност е содржана во вредноста на осигурената ствар:
(a) штета или оштетување на било кој дел од воздухопловот кое се должи или се однесува на абење и трошење, постепено расипување, расипување, нефункционирање, замрзнување, механички структурни или електрични дефекти или откажувања, било да се причинети со дејство на човекот или пропусти, но ова исклучување не се применува на резултантни штети или
оштетувања,односно на штети на останатите делови на воздухопловот, кои настануваат како последица од таквото абење, трошење, расипување...на предметниот дел.
Во рамките на ова исклучување:
1. Прогресивно или кумулативно оштетување на моторот на воздухопловот од вшмукување, а кое не може да се препише на единечен пријавен настан кој изискува моментно повлекување на моторот од употреба или доколку тоа е невозможно, по враќањето во домашната база на осигуреникот, ќе се смета за абење и трошење.
2. Секој мотор со сите негови составни делови вклучувајќи ги додатоците потребни за негово функционирање како мотор ќе се сметаат како единствена целина - мотор на воздухопловот.
3. Оваа полиса не покрива штети или оштетувања на млазни мотори или нивни помошни делови ( или доколку резултираат од тоа на други делови на воздухопловот во рамките на гондолата на млазниот мотор), освен доколку ваквата штета или оштетување се предизвикани од:
(a) пожар или експлозија, кои всушност започнале надвор од гондолата на млазниот мотор;
(б) од било која сила, која дејствува од надвор на воздухопловот
Член 3
Индиректни штети
Со овие услови не се покриени индиректни штети како што се загубена заработувачка или екстра трошоци (земање под рента друг авион или резервни делови) кои произлегуваат од незгодата на воздухопловот кој има покритие по овие услови.
Член 4
Сума на осигурување
Како сума на осигурување се смета вредноста договорена помеѓу осигуреникот и осигурувачот - договорна вредност на воздухопловот, наведена во полисата и истата претставува максимална обврска на осигурувачот во случај на тотална штета.
Сите воздухоплови се осигуруваат на договорна вредност на осигурување која се утврдува врз основа на пазарната, реалната цена на воздухопловот во моментот на договарањето на осигурувањето. Доколку договорената сума на осигурување не е реална, во полисата задолжително мора да се нагласи дека кај делумните штети ќе се примени пропорција меѓу вистинската и осигурената - договорена вредност.
Секоја тековна промена на вредноста на осигурениот воздухоплов посебно се договара и се применува за идниот период.
Член 5
Франшиза
Осигуреникот учествува со 5% од сумата на осигурување, во секоја штета вклучувајќи и тотална штета и задолжително се наведува во полисата за осигурување.
За воздухоплови кои се реосигуруваат факултативно, ќе се применуваат условите на реосигурувачот.
Член 6
Враќање на премија
Доколку поради технички причини, осигурениот воздухоплов не е во можност да лета, во непрекинат период подолг подолг од 30 дена, осигуреникот се стекнува со право да му биде вратена разликата на техничката премија пресметана за користење на воздухопловот за време на летање и премијата за време на мирување на земја, согласно тарифата на осигурувачот.
Осигуреникот нема право на враќање на премија во следните случаи:
(a) за време на подготвување на воздухопловот поради продолжување на дозволата за пловидбеност, вклучувајќи ги сите потребни дејствија за таа цел; (б) доколку на воздухопловот е настаната штета покриена со ова осигурување за време на траење на осигурувањето.
Пресметката за враќање на премијата се врши по истекот на осигурениот период наведен во полисата.
Во прилог на барањето за враќање на премија во согласност со овој член, осигуреникот е должен да поднесе докази дека воздухопловот навистина
во одредениот период не летал (согласно став 1 од овој член), како и изјава дека воздухопловот нема претрпено штети кои би биле плативи по полисата за ова осигурување.
Ако воздухопловот се продаде или даде на користење на друг, ова осигурување престанува да важи и осигуреникот има право на враќање на делот на техничка премија по систем про рата, под услов да нема оштетни побарувања по тековното осигурување.
Осигуреникот има обврска писмено да го извести осигурувачот во рок од 15 дена од денот на продажбата или изнајмувањето.
Член 7
Утврдување и поправка на настанатите штети
1. Осигуреникот е должен, веднаш штом ќе дознае за штетниот настан кој може да резултира со штета или оштетување на осигурениот објект, на најбрз и најпрактичен начин да го извести осигурувачот.
2. Итното известие до осигурувачот е значајно за него, како би можел веднаш да му биде овозможен преглед на објектот од страна на стручни лица, делегирани од страна на осигурувачот, поради прибирање на докази, интервјуирање на сведоци и членови на посада, како во што е можно пократок рок да се донесе одлука за начинот и местото за поправка на штетата. Прегледот на штетата се врши во присуство на претставник на осигуреникот и комисија од надлежните воздухопловни власти.
3. Прегледот на настаната штета се врши на местото на настанот. Само по исклучително одобрување на надлежните воздухопловни органи или стучњаци, ако по нивно мислење би дошло до зголемување на штетата, може утврдувањето да се изврши на место што ќе се договори.
4. Претставникот на осигурувачот кој е одреден да изврши преглед на настанатата штета како последица на штетен настан, односно како незгода на воздухопловот, е должен по извршениот увид да му поднесе на осигурувачот извештај за незгода на воздухопловот, пополнет со сите предвидени и соодветни податоци, како и писмено да извести за сите околности кои се важни и кои можат да имаат влијание на обврската на осигурувачот.
5. По извршениот преглед на штетата, осигуреникот и осигурувачот со заеднички договор донесуваат решение за начинот и местото на поправка на штетата.
6. Во случај на оштетување на осигурениот предмет или губење на негов составен дел, од осигурувањето се надоместува штета во висина на трошоците настанати во врска со поправката и доведувањето на осигурениот предмет во првобитна состојба, но не повеќе од осигурената сума.
7. При поднесување на оштетното барање, осигуреникот треба на барање на осигурувачот да му даде податоци и целокупната расположива документација, како и останати докази потребни за утврдување на природата, причината и висината на штетата.
Оштетното барање се поднесува писмено и треба да содржи:
1. Пријава за незгода на воздухопловот;
2. Извадоци од:
2.1. Патната книга и оперативниот дневник
2.2. Налогот за лет
2.3. Дозволите на членовите на посадата
2.4. Регистрацијата
2.5. Дозвола за пловидбеност
3. Извештаи/записници од:
3.1. Ополлномоштените претставници за истражување на несреќата/ незгодата
3.2. Вештакот од страна на осигуреникот
3.3. За незгода на воздухопловот од страна на осигуреникот, доколку таков претходно не му бил поднесен на осигурувачот. Записникот составен од страна на осигуреникот служи само како документ за разјаснување на пооделни моменти но не е меродавен за утврдување на одговорноста, причината и големината на штетата.
4. Спецификација на работи потребни за поправка на воздухопловот, по претходно распишан тендер или најмалку три понуди од овластени
сервисери кои треба да ги прифати осигурувачот
5. Фактури за извршените поправки.
6. Фактури за извршен пренос на воздухопловот или неговите делови до местото на извршување на поправката
7. Фактури за трошоци кои се направени за надомест на уништената или изгубената залиха и опрема, како и резервни делови кои се користени во врска со поправката.
8. Во одредени случаи, а по утврдување на обврската на осигурувачот за надомест на штета, на осигуреникот може да му се одреди и исплати аконтација како дел од надоместот на штета. Висината на аконтацијата ја утврдуваат и одобруват овластени лица на осигурувачот.
9. Доколку сумата на осигурување во полиста е изразена во денари, оштетата се исплаќа во денари.
10. За суми на осигурување изразени во странска валута, исплатата на штетата во начело се врши во наведената валута во полисата.
Во зависност од оштетувањето и висината на штетата комисијата формирана од осигурувачот, осигуреникот и лица од надлежните воздухопловни органи со записник констатира дали се работи за потполна или делумна штета на воздухопловот.
1. Тотална штета
Во случај на тотална штета, осигурувачот на осигуреникот ќе му ја исплати договорена вредност на воздухопловот утврдена со полисата, намалена за вредноста на остатоците, и франшизата, ако не е поинаку договорено. Осигурувачот го задржува правото да го плати или да изврши замена на воздухопловот со друг воздухоплов.
(a) осигурувачот може да го превземе воздухопловот (заедно со сите документи со записи регистрацијата и правото на сопственост поради спасување);
(б) покритието овозможено во овој оддел престанува да важи за воздухопловот иако тој може да биде задржан од осигуреникот за одредена парична надокнада или поради друго.
(в) воздухопловот кој ќе биде даден за замена на оштетениот треба да биде од иста марка и тип како и во слична состојба доколку не е договорено друго со осигуреникот.
За тотална штета се смета и ако воздухопловот е загубен и нема никакво известување за него во рок од 60 дена од денот на неговото полетување. Тотална штета може да се прогласи во случај, ако оштетувањето, трошоците за спасувањето и транспортот до местото на поправка и враќање изнесуваат над 80% од осигурената вредност со примена на договорената франшиза.
2. Делумни штети
2.1. Осигуреникот има обврска за поправка на делумни штети, осигурени со овие услови да обезбеди најмалку три понуди.
Поправката на воздухопловот може да започне, ако осигуреникот добие согласност од осигурувачот.
Конечната пресметка на трошоците за поправка, не може да биде поголема од 10% од предложената профактура, т.e. прифатената понуда.
Делумни штети се исплаќаат со одбиток на франшизата, која е наведена во полиса за осигурување.
Франшизата се одбива при ликвидација на секоја штета.
2.2. Ако по настанување на штетен настан, се констатира дека договорената осигурена сума е еднаква или поголема од вредноста на осигурениот воздухоплов, осигурувачот мора да ја плати штетата до висина на вистинската вредност на осигурениот воздухоплов како и трошоците направени во разумен обид со цел да се отстрани непосредната опасност за настанување на осигурен случај или да се намалат нејзините штетни последици, но максимум до осигурената сума.
Ако осигурената сума е помала од вредноста на осигурениот воздухоплов, се признава оштета во сразмерен однос меѓу осигурената вредност и вистинската вредност на осигурениот воздухоплов.
2.3. Ако осигурената вредност не е реална, задолжително во полисата треба да се нагласи дека кај делумните штети ќе се примени пропорција
меѓу вистинската и осигурената вредност.
Член 8
Траење на осигурувањето
Договорот за сигурување се склучува за период од една година (365 дена). Осигурувањето започнува во 00:00 часот по македонско време, на оној ден кој е во полисата означен за почетен ден на осигурување и трае до 24:00 по македонско време на оној ден кој е означен, односно утврден во полиста како ден за истек на осигурувањето.
Договор за осигурување може да биде склучен и за период пократок од една година како што е понатаму регулирано во тарифите.
Член 9
Преодни одредби
За сите осигурувања на воздухоплови кои се пренесуваат во факултативно реосигурување, ќе се применуваат оригиналните рокови, услови и клаузули на реосигурувачот.
Осигурувачот има обврска на осигуреникот да му ги приложи сите услови, рокови и клаузули од реосигурувачот заедно со полисата и да го известува за сите промени.
Член 10
Надлежност на судот
Во случај на евентуален спор, надлежен ќе биде судот во седиштето на осигурувачот, ако со полисата не е поинаку договорено.
III Услови за осигурување сопственикот односно корисникот на воздухоплов од одговорност за штети нанесени на трети лица Член 1
Предмет на осигурување
По овие услови осигурувачот ја осигурува законската одговорност на сопстверниокот односно корисникот на воздухоплов, за штети што истиот може да ги предизвика на трети лица.
Како осигуреник може да се јават сопственици односно корисници на воздухоплови регистрирани во регистерот на Р.Македонија како и странски воздухоплови согласно одредбите од законот за осигурување.
Член 2
Осигурително покритие
Осигурувачот е во обврска да му ги надомести на осигуреникот согласно овие услови сите износи кои тој би бил должен по законските прописи да им ги плати на трети лица и патници во врска со сопственоста односно користење на воздухопловот, а по нивните оштетни барања во случај на:
• Смрт, повреда, нарушување на здравјето како и
• Уништување или оштетување на предмети на трети лица, освен од одговорност за штети на предмети што ги примил на транспорт.
Како штета што е предизвиканасо употреба на воздухоплов, се смета и штетата што на трето лице му е предизвикана со паѓање или исфрлање на предмети од воздухопловот.
Осигурувачот ги надоместува и трошоците на судската постапка која е водена со негова согласноство со цел да се заштити осигуреникот од неоправдани барања од трети лица за надоместок на штети. Во колку осигуреникот биде должен да плати на име надоместок над износот предвиден во полисата, осигурувачот е должен д аго надомести само делот на трошоците на судската постапка сразмерно со осигурениот износ во полисата.
Осигурување од законска одговорност на осигуреникот спрема трети лица ја вклучува и законската одговорност на заповедникот, пилотот и останатите членови на посадата на осигурениот воздухоплов, но најмногу до висината на осигурениот износ предвиден во полиста за осигурување освен во исклучувањата наведни во членот 4 точка.
Износот договорен во полисата за осигурување од одгвороност од трети лица претставува максимална обврска на осигурувачот за сите надоместоци кои осигуреникот е должен да ги плати на трети лица во смисла на овој член за еден или повеќе случаи настанато во еден ист настан, а договорениот износ не смее да биде помал од најниските износи предвидени со законот за осигурување.
Член 3
Исклучувања од осигурително покритие
Со ова осигурување не се опфатени оштетните барања на договорувачот на осигурувањето, осигуреникот, заповедникот, пилотот, членовите на посадата на осигурениот воздухоплов и останатите работници на осигуреникот за време на обавување на нивната должност или било каква работа во, на или околу осигурениот воздухоплов како ни имотот на осигуреникот односно имотот во негова употреба.
Со ова осигурување не е покриена загуебена добивка на осигуреникот. Се применуваат сите општи исклучувања од осигурување на воздухоплови, кои се применуваат во авио-каскои авио-одговорност спрема трети лица кои се составен дел на општите услови за осигурување на воздухоплови.
Член 4
Сума на осигурување
Сумата на осигурување се утврдува спрема тежината ,намената, видот на воздухопловот, законската или договорената одговорност по штетен настан.
Сумата на осигурување се изразува во денарска противвредност на лимитот утврден во полисата, сметано по продажен курс од индикативната курсна листа на НБРМ, на денот на издавањето на полисата.
Сумата на осигурување во полисата се утврдува во денари, освен за воздухоплови кои се пласираат во факултативно реосигурување.
Најниските износи накои сопствениците или корисниците на воздухоплови се во обврска да ги осигураат воздухопловите, согласно законските прописи, зависно од тежината, намената и видот на воздухопловот се:
1. За воздухоплови кои се користат за јавен превоз на патници и стока во внатрешниот и надворешниот сообраќај:
Вид на воздухоплов | Сума на осигурување | |
(а) | тежина до 2.700 Кг. | 50.000 ЕУР |
(б) | тежина од 2.701 До 5.700 Кг. | 100.000 ЕУР |
(в) | тежина од 5.701 До 27.000 Кг. | 300.000 ЕУР |
(г) | тежина од 27.001 До 72.000 Кг. | 600.000 ЕУР |
(д) | тежина над 72.000 Кг. | 1.000.000 ЕУР |
За другите воздухоплови :
(a) | за змејови, ултралесни едрилици и параглајдери | 3.000 ЕУР |
(б) | за едрилици, балони, змејови со мотор и ултралесни воздухоплови со мотор | 5.000 ЕУР |
(в) | за воздухоплови со сопствен погон кои се користат за спортска дејност или граѓаните ги користат за лични употреба | 6.000 ЕУР |
(г) | за воздухоплови кои се користат за други цели (вршење на стопански дејности, вршење на управни работи, научно-истражувачки работи, пружање на санитетска помош, противпожарна служба и др.) | 25.000 ЕУР |
(д) | за воздухоплови кои се користат за обучување на летачкиот персонал | 20.000 ЕУР |
Под тежина на воздухопловот во смисла на овој член, се подразбира најголема дозволена тежина на воздухопловот при полетувањето, наведено во уверението за пловидбеност.
Сопствениците односно корисниците на воздухоплови можат да бидат осигурени на износи повисоки од законски предвидените лимити.
Во горенаведените лимите под ред. Бр. 1- За воздухоплови за јавен превоз на патници, се содржани и минималните осигурани суми на кои мора да биде договорено осигурувањето за еден патник-како трето лице, и тоа :
• Во случај на смрт - 1.250 ЕУР
• Во случај на трајно губење на општата работна способност - 2.500 ЕУР
• Во случај на преодна неспособност за работа и нужни трошоци за лекување - 600 ЕУР
Доколку осигуреникот како превозник на патници во јавен превоз бара повисоки суми на осигурување по патник, тоа осигурување се овозможува со правењена посебна полиса според условите за осигурување на патници од незгода.
• Надоместокот за стварни и нужни трошоци за лекување и изгубена заработувачка се исплатуваат независно од исплатената осигурена
сума во случај на смрт, односно во случај на трајно губење на општата работна способност .
• Со денот на конечното утврдување на трајната, односно преодната неспособност за работа, престанува обврската за надоместок за натамошни трошоци за лекување и изгубената заработувачка.
• Се надоместуваат само оние трошоци за лекување кои ги сносува патникот
Ако износот на кој е договорено осигурувањето не е доволен за надомсетување на сите штети предизвикани со ист штетен настан, првенствено се надоместуваат штети на лица . Ако има повеќе оштетени лица, а вкупниот надоместок го надминува износот на кој е договорено осигурување од авио одговорност, правата на оштетените лица спрема друштвото за осигурување сразмерно се намалуваат .
Сумата на осигурување наведена во полисата, претставува максимална обврска на осигурувачот.
Доколку во случај на оштетно барање за телесна повреда или штета на имот, освен оваа полиса постои некоја друга полиса за надомест на штета или осигурување во корист на осигуреникот, применлива за такво оштетно побарување, осигуруваќот нема да има обврска по оваа полиса да го обештети осигуреникот во однос на таквото оштетно барање , освен за вишок на сума која ја надминува сумата која би била платива по другата таква полиса , до кој износ оваа полиса не би се ефектуирала.
Ако воздухопловите летаат надвор од територијата на Р.Македонија, сопственикот односно корисникот на воздухоплов, имаат обврска, за секој лет или со посебна полиса, да се осигураат на износите предвидени со прописите на соодветните странски земји, а странските воздухоплови, реципрочно минимум според важечките лимити предвидени со законот за осигурување на Република Македонија.
Секоја полиса зависно од лимитот на осигурително покритие, пред издавње треба да биде потврдена од соодветните овластени лица на осигурувачот за прием во осигуруваање.
Член 5
Територијално ограничување
Осигурителното покритие за законска одговорност на сопственикот односно корисникот на воздухоплов за одговорност за штети спрема трети лица се простира на територијата на Република Македонија .
Ако посебно се договори, плати дополнителна премија и обезбеди реосигурително покритие, осигурувањето може да се прошири и на територии на други земји, согласно нивните законодавства.
Член 6
Траење на осигурувањето
Осигурувањето се склучува на период од 12 месеци, ако поинаку не е договорено и започнува од 00:00 часот на деноткој во полисата е утврден како почеток на осигурувањето и трае до 24:00 часот на денот кој е утврден во полисата како истек на осигурувањето.
Осигурувањето на одредено време, започнува во 00:00 часот на денот кој во полисата е утврден како почеток на осигурувањето и трае до 24:00 часот на денот кој е утврден во полисата како истек на осигурувањето .
При осигурување на пооделни летови или прелети, осигурувањето започнува во моментот кога воздухопловот ќе почне со рулање поради полетување, односно од моментот на обидот за полетување и трае до завршување на летот со рулање до допирање со земја или вода во определено место договорено со полисата за осигурување.
Член 7
Премија за осигурување
Висината на премијата за осигурување се пресметува согласно важечката тарифа на осигурувачот и зависи од тежината, намената и видот на воздухопловот и од сумата на осигурување што се договара во полисата но во никој случај не може да биде пониска од лимитот на осигурување предвиден во законот за осигурување
Осигуреникот е должен премијата за осигурување наведена во полисата, да ја плати однапред за цела година или во рок од 15 дена по издавање на фактурата, ако поинаку не е договорено.
Доколку премијата за осигурување осигуреникот не ја платил во договорениот рок, осигурувачот може со препорачано писмо да го извести осигуреникот дека во рок од 30 дена од врачувањето на известието за стасаноста на премијата му престанува осигурувањето, но не пред рокот од 30 дена по втасаноста на премијата
Осигурувачот за истото ги известува надлежните воздухопловни власти надлежни за издавање на дозволи за пловидбеност.
Минимална премија за овој вид на осигурување е 50 УСД во денарска противвредност на продажниот курс на усд според индикативната курсна листа на НБРМ.
Член 8
Утврдување законска одговорност на осигуреникот спрема трети лица За утврдување законска одговорност спрема трети лица, надлежни се воздухопловните органи односно судот во колку дојде до спор.
Осигуреникот не смее без согласност на осигурувачот да ја признае својата одговорност за штети сторени на трети лица при штетен настан. Ако осигуреникот тоа го стори, таквото признание не го обврзува осигурувачот, кој е должен да исплати надоместок само ако се утврди дека осигуреникот навистина бил одговорен за настанатата штета.
Член 9
Осигурувачот е должен да ја надомести настанатата штета, покриена со овие услови, во разумен рок, зависно од обемот на штетата, а после ликвидација на штетата.
Член 10
Надомест на штета
Во случај на настанување на штета покриена со ова осигурување, осигуреникот е должен да достави соодветна документација и докази за утврдување на основаноста и висината на штетата, како и за трошоците кои се направени во согласност со осигурувачот со цел смалување на штетата или одбрана од неосновани оштетни побарувања според процедурата согласно член 7 од делот II (каскоосигурување).
Осигуреникот не смее без согласност на осигурувачот да ја признае својата одговорност, ниту да склучува било какви спогодби.
Ако износот на кој е договорено ова осигурување не е доволен за надоместување на сите штети предизвикани со истиот настан, првенствено се надоместуваат штетите на лица.
Член 11
Регресна постапка По исплатување на оштета по ова осигурување осигуреникот, наосигурувачот му ги пренесува со цесија сите права кои тој ги има спрема трети лица одговорни за настанатата штета и тоа до висина на исплатената оштета.
Осигуреникот е должен да ги преземе сите можни мерки, да ги сочува своите права спрема трети лица одговорни за сторената штета, да ги обезбеди на соодветен начин и писмено да му ги пренесе на осигурувачот на негово барање, како и да му даде помош во остварувањето на истите. Ако поради пропуст на осигуреникот се изгуби делумно или целосно регресното право, осигурувачот има право при исплата на оштета да ја намали оштетата во висина на изгубеното регресно право.
Член 12
Преодни одредби
За сите осигурувања на воздухоплови, кои се пренесуваат во факултативно реосигурување, ќе се применуваат оригиналните услови и клаузули за осигурување на авиоодговорност добиени од странскиот реосигурувач . Осигурувачот има обврска на осигуреникот да му ги приложи условите и клаузулите од странскиот реосигурувач со полисата и да го извести за сите промени.
Член 13
Откажување на осигурувањето
Осигурувањето може да се откаже во секое време по писмено барање на осигуреникот или на осигурувачот во рок од 30 дена од денот на доставувањето на писмениот отказ.
Во случај на откажување на осигурувањето, осигурувачот ќе ја задржи и наплати премијата додека трае отказниот рок, а трошоците за работење
до важноста на полисата.
Член 14
Надлежност на судот
За евентуален спор по ова осигурување, ќе биде надлежен судот во седиштето на осигурувачот, ако со полисата за осигурување поинаку не е договорено.
Термини
Термините по овие услови значат :
• Телесна повреда: значи телесна повреда или преодна неспособност вклучувајќи и смрт;
• Штета на имот: значи оштетување, загуба или уништување на имот на трети лица;
• Настанат случај: значи незгода, остварен осигурен ризик во времетраењето на осигурувањето кои предизвикуваат телесна повреда и/или штета на имот на трети лица.
Член 15
Воздухопловот може да се осигура по новонабавна или на вистинска вредност.
Под вистинска вредност се подразбира набавната вредност намалена за соодветна амортизација.
Доколку не е поинаку договорено, под осигурена вредност се смета договорената вредност и е задолжителна за двете договорени страни при ликвидација на штетата.
Член 16
Пренесување на правото од oсигурувањето на трети лица
Ако поинаку не е договорено осигурувањето го покрива само интересот на осигуреникот наведен во полисата.
Без писмена согласност на осигурувачот, осигуреникот не може своите права од осигурувањето да ги пренесе на трети лица.