мaрт 2022 година
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА
НАБАВКА ОД МАЛА ВРЕДНОСТ
ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ –
ОДРЖУВАЊЕ НА СОФТВЕР ЗА КНИГОВОДСТВЕНО ВОДЕЊЕ НА КРЕДИТИ И НЕПОВРАТНИТЕ СРЕДСТВА
мaрт 2022 година
Врз основа на член 48 и 81 од Законот за јавните набавки (Службен весник на РМ бр.24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
За набавка од мала вредност на услуги –
одржување на софтвер за книговодствено водење на кредити и неповратните средства
Тендерската документација содржи:
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ДОГОВОРНИОТ ОРГАН И ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКА 3
4. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ 7
6. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА 11
7. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА 12
1.1 Договорен орган
1.1. Договорен орган е Министерството за финансии, со седиште на ул. „Xxxx Xxxxx“, бр. 12 - Скопје, интернет адреса xxx.xxxxxxx.xxx.xx, лице за контакт e Xxxxx Xxxxxxxx, телефон за контакт: 02/3255-631, xxxxx.xxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx.
1.2. Предмет на набавка
1.2.1. Предмет на договорот за јавна набавка на услуга е одржување на софтвер за книговодствено водење на кредити и неповратните средства.
1.2.2. Набавката не е делива.
1.2.3. Детален опис на предметот на договорот е даден во техничките спецификации во прилог на оваа тендерска документација.
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата
1.3.1 Договорниот орган во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.3.2 Кај договорниот орган Министерство за финансии, лицето Xxxx Xxxxxxxx, контакт тел.02/0000-000, електронска адреса xxxxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx, е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи, а во врска со корупција во јавните набавки.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
1.4.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на набавка од мала вредност.
1.4.2 Набавката од мала вредност ќе се изврши со објавување оглас.
1.4.3 Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава интернет адреса xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
1.5.1 Електронска аукција нема да се спроведува
1.5.1.1 Договорот за јавна набавка ќе се додели без користење електронска аукција.
2. ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1 Појаснување на тендерската документација
2.1.1 Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација преку модулот "Прашања и одговори" на ЕСЈН, најмалку четири дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
2.1.2 Појаснувањето договорниот орган ќе го достави преку истиот модул, без да го открие идентитетот на економскиот оператор кој го поставил прашањето, за што економските оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање.
2.2 Изменување и дополнување на тендерската документација
2.2.1 Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од два дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
2.2.2 Во случај на измена на тендерската документација, договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите ќе го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните четири дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3.1 Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
xxxxxx опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2 Трошоци за поднесување на понуда
3.2.1 Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3 Јазик на понудата
3.3.1 Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
3.4 Алтернативна понуда
3.4.1 Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.5 Цена на понудата
3.5.1 Во цената на понудата треба да се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во денари.
3.6 Корекција на цени
3.6.1 При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.7 Начин, рок и место на извршување на услугата
3.7.1. Економскиот оператор кој ќе биде избран за најповолен понудувач е должен да ја извршува услугата од денот на стапување на сила на договорот потпишан од двете договорни страни.
Услугата ќе се извршува во просториите на зградата на Министерството за финансии на ул. Xxxx Xxxxx, бр.12, Скопје.
Начинот на извршување на услугата е подетално опишан во техничките спецификации.
3.8 Начин на плаќање
3.8.1 За извршените услуги за предметот на набавката, плаќањето на носителот на набавката ќе се врши на месечно ниво во вид на месечен паушал, во рок од 30 (триесет) дена од денот на приемот на фактурата кон која треба да има приложено уредно пополнет и потпишан работен налог за извршено месечно одржување од двете договорни страни.
3.9 Период на важност на понудата
3.9.1 Периодот на важност на понудата ќе изнесува 90 (деведесет) дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
3.9.2 Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
3.10 Средства за обезбедување
3.10.1 Со понудата економскиот оператор доставува изјава за сериозност на понудата.
3.10.2 Со изјавата економскиот оператор изјавува дека:
нема да ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
ќе ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
ќе го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда.
4.1 Поднесување на понудите
4.1.1 Понудата се поднесува во согласност со тендерската документација, со користење на обрасците дадени во прилог.
4.1.2 Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
4.1.3 Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација.
4.1.4 Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка.
4.1.5 Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.6 Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
4.1.8 Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН.
4.1.9 Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.9.1 од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
4.2. Краен рок за поднесување на понудите
4.2.1 Краен рок за доставување на понудите е 11.04.2022 година, до 10:00 часот.
4.2.2 Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса:
4.2.3 По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН.
4.3. Елементи на понудата
4.3.1 Понудата треба да е составена од следниве елементи:
Образец на понуда (Прилог 1),
Документ за регистрирана дејност,
Изјава за сериозност на понудата (Прилог 2).
4.4 Подизведување
4.4.1 Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на подизведувач. Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, во понудата:
ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
4.5 Отворање на понудите
4.5.1 Отворањето на понудите е јавно, а ќе се изврши на ден 11.04.2022 година, до 10:00 часот, во објектот на Министерството за финансии на ул. „Xxxx Xxxxx“ бр.12 во Скопје.
4.5.2 Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот претставник треба на комисијата да и предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање.
4.5.3 Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда.
5.1 Критериуми за утврдување на способност на понудувачите
За да учествуваат во постапката за јавна набавка, економските оператори треба да докажат дека ја имаат потребната способност за вршење на професионална дејност.
5.1.1 Економскиот оператор треба да е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или да припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2 Начин на докажување на способноста на понудувачот
5.2.1 За докажување на способноста за вршење на професионалната дејност, понудувачот треба да достави со својата понуда документ за регистрирана дејност како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
5.2.2 Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење професионална дејност.
5.3 Критериум за избор на најповолна понуда
5.3.1 За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
5.4 Евалуацијата на понудите
5.4.1 Кај набавката од мала вредност, комисијата најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, комисијата во генерираниот извештај на ЕСЈН за негативни референци, проверува дали понудувачите се на листата на издадени негативни референци.
5.4.2 При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување способност на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
5.4.3 Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од пет дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
5.4.4 Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50 % пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20 % пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
5.4.5 Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
5.4.6 Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
5.4.7 Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
5.4.8 Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
5.4.9 По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
5.5 Заштита на податоци
5.5.1 Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
5.5.2 Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
5.5.3 Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
Напомена: Понудата на економскиот оператор која е подготвена спротивно на точка 5.5.3 од оваа тендерска документација, комисијата ќе ја смета за неприфатлива и нема да ја евалуира.
5.6 Исправка на аритметички грешки
5.6.1 Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, договорниот орган ги коригира аритметичките грешки на следниот начин:
ако постои несовпаѓање меѓу зборовите и бројките, преовладува износот што е напишан со зборови;
ако постои разлика помеѓу единечната цена и вкупната цена, тогаш преовладува единечната цена.
5.6.2 Во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на ЕСЈН и цената внесена во образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во образецот на понуда. Во овој случај комисијата ќе ја измени цената внесена на ЕСЈН.
5.7 Поништување на постапката
5.7.1 Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
добие инструкции од Xxxxxx да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
5.7.2 Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
6.1 Доделување на договорот за јавна набавка
6.1.1 Договорниот орган ќе донесе одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
6.1.2 Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
6.1.3 Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5% во однос на првично избраната понуда.
6.1.5. Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена, за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
6.2 Известување за доделување на договорот за јавна набавка
6.2.1 Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од три дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
6.2.2 Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
6.2.3 По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
6.3 Склучување на договорот
6.3.1 Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
6.3.2 Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
6.4. Извршување на договорот
6.4.1 Договорните страни го извршуваат договорот за јавна согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
6.4.2 Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
6.4.3 При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи.
6.5 Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
Договорот за јавна набавка може да се измени согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
7.1 Право на жалба
7.1.1 Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од овој закон, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за јавна набавка.
7.1.2 Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
7.1.3 Кај набавката од мала вредност, жалба се изјавува во рок од пет дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
7.2 Завршување на постапката за јавна набавка
7.2.1 Постапката за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
МОДЕЛ НА ДОГОВОР
за јавна набавка на услуги –
одржување на софтвер за книговодствено водење на
кредити и неповратните средства
Склучен помеѓу:
1.МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, со седиште на улица „Даме Груев“, бр.12 - Скопје, претставувано од ________________________, во натамошниот текст: договорен орган и
2. _____________________________________________ (назив, адреса и седиште) претставувано од ________________________________________, во натамошниот текст: носител на набавката.
I. ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Предмет на овој договор е јавна набавка на услуги - одржување на софтвер за книговодствено водење на кредити и неповратните средства, по спроведената постапка за набавка од мала вредност, по оглас бр. ___________.
Член 2
Под одржување на софтверот за книговодствено водење на кредити и неповратните средства се подразбира:
- Превентивно одржување на системот и техничка поддршка и
- Aдаптивно одржување.
За услугите кои се покриваат со договорот за превентивно и адаптивно одржување предвидени се 5 (пет) часа месечно, односно 60 (шеесет) часа годишно.
Член 3
Во рамките на превентивно одржување и техничка поддршка, носителот на набавката е должен да обезбеди:
1. Реактивни мерки за решавање на софтверски и системски проблеми, во склад со дефинициите на приоритети кои се дадени во член 9 од овој договор, со дефинирани процедури за пријавување на проблемите и тоа:
-превентивна системска дијагностика;
-разрешување на технички проблеми на системско ниво поврзани со функционалноста на апликативниот софтвер и базата на податоци;
-решавање на апликативни проблеми врзани со евентуални промени на генералната системска околина за работа (хардверски и мрежни конфигурации, оперативен систем);
-отстранување на неправилности во податоците настанати поради грешки и проблеми во функционирањето на апликативниот софтвер и базата на податоци;
-преглед на конзистентноста на базата на податоци;
-преглед на оптовареноста и оптимизација на базата со податоци;
-преглед на критичните прашања (query) и индексите на базата на податоци;
-преглед на сите релевантни логови на системот и
-креирање процедури и полиси за извршување на заштита, архивирање и деархивирање на податоците.
Функционалности кои треба да имаат континуиран тек:
- пресметка на сите видови камати и тоа редовна, затезна, референтна, домицилна и амортизациони планови;
-редовно пренесување на завршните состојби од претходна во тековна година како почетна состојба денарско - девизно;
-имплементација на сите законски промени што настануваат во периодот на одржување на апликативниот софтвер;
-имплементирање на дополнителни промени по барање на набавувачот на услугата заради промени во системот на работа на корисникот;
-автоматско пополнување на обрасци за завршна сметка претходна и тековна година и
-автоматско пресметување на курсни разлики.
2. Отстранување на неправилности во податоците, враќање на податоците и системот во исправна состојба од back up настанати поради:
- нестручна работа со софтверот со која е предизвикано нарушување и/или бришење на податоци и податочната структура;
- компјутерски вируси и друг малициозен софтвер;
- штети предизвикани од хардверски дефекти и
- штети предизвикани од дејство на виша сила (пожар, поплава и сл.).
3. Обезбедување на проектираните перформанси на системот.
4. Дизајн и консалтинг во случај на надградби и промени на опремата.
5. Согледување на реализацијата на обврските, односно изготвување на преглед на доставените барања за интервенции и статусот на нивната реализација.
6. Дополнителна обука и консултации во траење до 4 часа месечно.
7. Телефонска и/или далечинска поддршка за решавање на инциденти.
8. Телефонска поддршка на корисникот на системот.
За решавање на проблеми по кои претходно е постапувано, nосителот на набавката нема право на повторен надомест.
Член 4
Во рамките на адаптивното одржување се подразбираат промени во функционалноста на системот кои може да се сметаат како квалитативни подобрувања на тековното решение, но не се идентификувани како нови функционалности кои до моментот на склучување на договорот за одржување не постоеле во системот.
Услугите во адаптивното одржување, по барање на договорниот орган, се состојат од:
- разрешување на технички проблеми надвор од имплементираните функционалности;
- подобрување на постојниот информациски систем и
- измени и доработки на постоечките функционалности – модули, прегледи, извештаи и останато, поради промена на законски прописи или промена на начинот на работење.
Изработка на нови функционалности – модули, прегледи, извештаи, кои во моментот на склучување на договорот за одржување не постоеле во системот ќе се извршуваат во предвидените работни часови. За изработка на новите функционалности носителот на набавката е должен да достави понуда со потребниот број работни часови за изработка на функционалноста, а по нејзиното прифаќање од страна на договорниот орган, ќе може да се пристапи кон извршување на услугата.
Член 5
Договорниот орган, преку своите определени лица ќе го пријави на носителот на набавката софтверскиот проблем или барање за интервенција преку телефакс или e-mail во текот на работното време.
Исклучок се случаите со Приоритет 1, кои можат да се пријават веднаш, преку телефон со дополнителна достава на mail или телефакс.
II. ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 6
Вкупната вредност на договорот изнесува _____________ денари, без пресметан данок на додадена вредност.
На износот од став 1 на овој член се пресметува данок на додадена вредност кој изнесува _______________ денари.
Вкупната вредност на овој договорот изнесува ____________ денари, со пресметан данок на додадена вредност.
III. ЦЕНА
Член 7
Цената за услугите од член 3 и член 4 од овој договор, изнесува ____________ денари месечно, без пресметан данок на додадена вредност.
На износот од став 1 на овој член се пресметува данок на додадена вредност во износ од __________________ денари.
Месечната цена е непроменлива за времетраење на договорот и ги вклучува сите барани услуги, како и работната рака, патни, дневни или евентуално други трошоци кои би ги имал носителот на набавката.
IV. РОК И НАЧИН НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГАТА
Член 8
Носителот на набавката е должен да обезбеди редовно одржување на софтверот за книговодствено водење на кредитите и неповратните средства сметано од денот на потпишувањето на договорот од двете договорни страни.
Член 9
Носителот на набавката е одговорен да го исполни обемот на работата дефиниран во глава I на овој Договор.
Пријавите на дефекти во експлоатацијата на софтверот или други барања за промени кои се предмет на договорот се вршат по телефон и/или електронски.
Приоритети при постапувањето на носителот на набавката и максимално дозволено време на одзив по кои треба да постапува носителот на набавката се сметаат следниве:
Приоритет 1 : Итно – Дефект со многу висок приоритет, итен случај, блокирање на системот, што подразбира проблем во функционирањето на системот, или негов значаен дел, при што истиот не може да ја извршува својата функција, и предизвикува застој или го успорува нормалното работење на договорниот орган: „он - лајн“ одзив - 2 часa, одзив на самото место - 4 часа, време на санација - 12 часа, време на решавање – три (3) дена.
Приоритет 2 : Сериозен дефект – Дефект кој предизвикува голем прекин во работата на системот, што подразбира проблем при кој оперативните карактеристики на системот се такви што дел од работните активности не функционираат или системот не работи со полн капацитет: „он - лајн“ одзив - 8 часа, одзив на самото место - 24 часа, време на санација - 72 часа, време на решавање –десет (10) дена.
Носителот на набавката врши верификација на приоритетот.
Во случај барањето да не се санира во предвидениот рок, нивото на приоритет автоматски се подига за еден.
За извршената услуга договорните страни потпишуваат документ-работен налог од кој задолжително се приложува примерок кон фактурата што се доставува до договорниот орган за плаќање.
Носителот на набавката се обврзува предметната услуга да ја извршува со разумно знаење и внимание во согласност со професионалните стандарди и тековната легислатива која влијае на друштвата за компјутерски инженеринг и трговија.
V. НАЧИН И РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Член 10
Плаќањето за извршената услуга ќе се врши на месечно ниво во вид на месечен паушал, во рок од 30 (триесет) дена, сметано од денот на приемот на фактурата кон која треба да има приложено уредно пополнет и потпишан работен налог за извршената услуга од страна на носителот на набавката.
Фактурата за извршената услуга да се достави на договорниот орган на следнава адреса: Министерство за финансии, ул. „Даме Груев“, бр.12, - Скопје.
VI. ОБВРСКИ НА НОСИТЕЛОТ НА НАБАВКАТА
Член 11
Носителот на набавката се обврзува дека ќе ја извршува услугата навремено и квалитетно согласно прифатената понуда и пропишаните стандарди за ваков вид на набавка на услуга.
Носителот на набавката презема одговорност да не ги обелоденува специфичните информации за Министерството за финансии во врска со набавката на трети страни кои се сметаат како доверливи информации, освен доколку таквото обелоденување е одобрено од Министерството за финансии или е побарано од македонските власти.
VII. ОБВРСКИ НА ДОГОВОРНИОТ ОРГАН
Член 12
Договорниот орган се обврзува да определи лица кои ќе бидат задолжени за реализацијата на набавката.
Договорниот орган се обврзува да му ги даде на располагање на носителот на набавката потребните податоци за непречено извршување на услугата, како и друга документација со која располага вклучувајќи ја комуникацијата и сите други информации и објаснувања кои се потребни на носителот на набавката.
Член 13
Договорниот орган се обврзува дека ќе го изврши плаќањето за извршената услуга во рокот утврден во член 10 од овој договор.
VIII. ДОВЕРЛИВОСТ НА ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ
Член 14
Определените лица од Носителот на набавката за реализација на Договорот, задолжително потпишуваат Изјава за доверливост на информации и податоци непосредно пред извршувањето на услугата - предмет на Договорот.
Под поимот информации и податоци се подразбираат сите внатрешни и надворешни документи, спецификации, лични податоци, истражувања на пазарот или податоци за него, финансиски или маркетиншки информации, други податоци или бизнис, оперативни или технички информации, како и сите останати податоци и информации и независно дали се дадени во писмена, вербална или електронска форма и се во сопственост на Договорниот орган.
Исто така, поимот информации и податоци, ги опфаќа и сите други податоци кои не се сопственост на Договорниот орган, а се користат за одредени цели во работните задачи и обврски. Тука спаѓаат податоци на сите партнери, клиенти, добавувачи или било кое правно или физичко лице кое со Договорниот орган има засновано деловен или било каков друг однос. Договорниот орган ги става податоците на располагање на Носителот на набавката во врска со погоре наведената цел, а за непречено одвивање на работните задачи и обврски.
Член 15
Не се предмет на овој договор информации кои биле или станале јавно достапни, но не како резултат на откривање од страна на Носителот на набавката и на Договорниот орган и без да бидат прекршени одредбите на овој Договор од страна на Носителот на набавката што може да се докаже со писмена документација или за кои Договорниот орган писмено потврдил дека се ослободени од обврска за неоткривање.
Член 16
Носителот на набавката под целосна морална, материјална и кривична одговорност, се обврзува за време на важноста на Договорот и во период од (5) пет години од датумот на неговото истекување или раскинување да ги чува во тајност сите информации и податоци од било која област на Договорниот орган, кои ќе му бидат дадени во процесот на соработката и притоа нема да ги искористи истите за лични цели, во име на друго лице, ниту ќе ги даде на увид на трета страна.
Носителот на набавката се обврзува да ги чува во тајност сите документи и податоци кои содржат информации за договорниот орган или неговите активности, како и неговите односи со клиенти или трети лица, а кои биле подготвени или изнесени во врска со работата за која Носителот на набавката е ангажиран од страна на Договорниот орган.
Член 17
Носителот на набавката може да ги открие кои било од информациите и податоците наведени во членот 14 став 2 и 3 заради постапување по писмено барање од страна на надлежен орган, со легитимна наредба врз основа на закон. За ваквото барање Носителот на набавката веднаш ќе го извести одговорното лице на Договорниот орган.
Носителот на набавката, пред да ги даде бараните податоци ќе се увери дека барањето е валидно и е во согласност со важечки закон и ќе ги открие ваквите податоци само до степен до кој тоа е барано од надлежниот орган кој има овластување да бара такво соопштување.
Член 18
За секој настан или сомневање во однос на закана за нарушување на доверливоста, интегритетот и расположливоста на податоците и информациите, Носителот на набавката се обврзува веднаш писмено да го извести определеното лице кај Договорниот органот.
Член 19
Носителот на набавката по писмено барање на Договорниот орган веднаш ќе ги врати или уништи сите документи кои содржат податоци и информации за договорниот орган, а кои се добиени во врска со работата за која носителот на набавката е ангажиран од страна на Договорниот орган, без задржување на било какви фотокопии, изводи или друг вид на копии од нив или дел од нив. И покрај уништувањето на било кој податок и материјали Носителот на набавката ќе продолжи да се придржува кон неговата обврска од овој договор и други обврски кои произлегуваат од него, за чување во тајност на сите податоци и информации кои ги сознал на било кој начин, при исполнување на неговите обврски кои произлегуваат од овој договор.
Член 20
Објавувањето податоци, рекламирањето или публицитетот, како и прес конференциите направени од страна на Носителот на набавката во однос на овој Договор или вршење на заеднички деловни активности на договорните страни треба да бидат претходно одобрени од Договорниот орган пред нивното спроведување.
Член 21
Одредбите од глава VIII од овој договор се правно валидни и обврзувачки и кај сите вработени кај Носителот на набавката кои имаат добиено овластување за користење на информациите и податоците кои се уредени со овој договор.
IX. РОК НА ВАЖНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 22
Договорот е со важност од 12 (дванаесет) месеци сметано од 21.6.2022 година.
X. РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 23
Овој договор може да се раскине спогодбено со согласност на договорните страни.
Член 24
Овој договор може да се раскине и еднострано поради непридржување или неисполнување на договорните обврски утврдени со овој договор, како и поради неквалитетно вршење на работите утврдени со договорот. Договорната страна која поради непридржување или неисполнување на договорните обврски го раскинува договорот, должна е тоа да и го соопшти на другата договорна страна без одлагање во писмена форма.
Договорот се смета за раскинат со денот на приемот на известувањето за раскинување на договорот.
Доколку дојде до раскинување на договорот поради неисполнување или ненавремено исполнување на обврските на договорот од страна на носителот на набавката, носителот на набавката ќе биде одговорен за евентуалната штета што би ја предизвикал на договорниот орган како директна или индиректна последица на неговото работење.
Член 25
Кога носителот на набавката нема да ја исполни својата обврска во определениот рок, договорниот орган може да и остави примерен дополнителен рок за исполнување на обврската.
Рокот од став 1 на овој член може да биде продолжен само по писмено барање на носителот на набавката и писмена согласност на договорниот орган.
Ако носителот на набавката не ја исполнил својата обврска во рокот утврден во овој договор или не ја исполнил ниту во дополнителниот кој бил даден од договорниот орган, договорниот орган може да го раскине договорот.
Член 26
Ниту една од договорните страни нема да биде одговорна за неисполнување на обврските од овој договор заради виша сила.
Под виша сила се подразбираат настани или околности на кои договорните страни не можат да влијаат и се надвор од нивната контрола, а го попречуваат нормалното извршување на договорот (елементарни непогоди, воени дејства, граѓански немири, штрајкови, и сл.).
Вишата сила не вклучува настан што е предизвикан од небрежност или намерна активност што би предизвикала застој во извршувањето на обврските од договорот.
Ако една од договорните страни е спречена да ги исполнува своите обврски заради виша сила, должна е веднаш писмено да ја извести другата страна, со наведување на причините за вишата сила и по можност обезбедување на соодветен доказ.
За времетраењето на вишата сила сите права и обврски од овој договор мируваат.
Договорните страни се обврзуваат на ист начин да ја известат договорната страна за повторното воспоставување на нормални услови за извршување на договорот, односно за престанокот на дејството на вишата сила.
По отстранувањето на вишата сила договорот продолжува да се реализира.
XI. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 27
Договорните страни можат да ги дополнат и/или изменат одредбите од овој договор само спогодбено.
Договорната страна која бара измена и/или дополнување е должна своето барање до другата страна да го достави во писмена форма. Одредбите од овој договор можат да се изменат и/или дополнат со склучување анекс на договорот.
Дополнувањата и измените на овој договор се важечки ако се направени во писмена форма и ако се потпишани од двете договорни страни.
Член 28
Сите евентуални спорови кои би произлегле од овој договор, а кои договорните страни не би можеле да ги решат спогодбено, ќе ги решава надлежниот суд во Скопје.
Член 29
За сè што не е регулирано со овој договор, ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и од другите позитивни прописи во Република Северна Македонија.
Член 30
При секоја обработка на личните податоци во текот на реализацијата на овој договор, соодветно ќе се применуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци.
Член 31
Овој договор е составен во 4 (четири) еднообразни примероци од кои 2 (два) примероци за договорниот орган и 2 (два) примероци за носителот на набавката.
ДОГОВОРЕН ОРГАН: РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ФИНАНСИИ
ФУНКЦИЈА,
______________________________ |
НОСИТЕЛ НА НАБАВКАТА:
ФУНКЦИЈА,
___________________________
|
II. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
Предмет на договорот за јавна набавка е одржување на софтверот за книговодствено водење на кредитите и неповратните средства.
Под одржување се подразбира :
- Превентивно одржување на системот и техничка поддршка и
- Aдаптивно одржување.
За услугите кои се покриваат со договорот за превентивно и адаптивно одржување предвидени се 5 (пет) часа месечно, односно 60 (шеeсет) часа годишно.
Активности на Носителот на набавката за реализација на превентивното одржување и техничка поддршка на системот се:
1. Реактивни мерки за решавање на софтверски и системски проблеми, во склад со дефинициите на приоритети од Прилог 2, со дефинирани процедури за пријавување на проблемите:
-превентивна системска дијагностика;
-разрешување на технички проблеми на системско ниво поврзани со функционалноста на апликативниот софтвер и базата на податоци;
-решавање на апликативни проблеми врзани со евентуални промени на генералната системска околина за работа (хардверски и мрежни конфигурации, оперативен систем);
-отстранување на неправилности во податоците настанати поради грешки и проблеми во функционирањето на апликативниот софтвер и базата на податоци;
-преглед на конзистентноста на базата на податоци;
-преглед на оптовареноста и оптимизација на базата со податоци;
-преглед на критичните прашања (query) и индексите на базата на податоци;
-преглед на сите релевантни логови на системот;
-креирање процедури и полиси за извршување на заштита, архивирање и деархивирање на податоците.
Функционалности кои треба да имаат континуиран тек:
-пресметка на сите видови камати и тоа редовна, затезна, референтна, домицилна и амортизациони планови;
-редовно пренесување на завршните состојби од претходна во тековна година како почетна состојба денарско - девизно;
-имплементација на сите законски промени што настануваат во периодот на одржување на апликативниот софтвер;
-имплементирање на дополнителни промени по барање на набавувачот на услугата заради промени во системот на работа на корисникот;
-автоматско пополнување на обрасци за завршна сметка предходна и тековна година;
-автоматско пресметување на курсни разлики.
2. Отстранување на неправилности во податоците, враќање на податоците и системот во исправна состојба од backup поради:
нестручна работа со софтверот со која е предизвикано нарушување и/или бришење на податоци и податочната структура;
Компјутерски вируси и друг малициозен софтвер;
штети предизвикани од хардверски дефекти;
штети предизвикани од дејство на виша сила (пожар, поплава и сл.).
3. Обезбедување на проектираните перформанси на системот.
4. Дизајн и консалтинг во случај на промени на опремата.
5. Согледување на реализацијата на обврските, односно изготвување на преглед на доставените барања за интеревнции и статусот на нивната реализација.
6. Дополнителна обука и консултации во траење до 4 часа месечно.
7. Телефонска и/или далечинска поддршка за решавање на инциденти.
8. Телефонска поддршка на корисниците на системот.
За решавање на проблеми по кои претходно е постапувано, носителот на набавката нема право на повторен надомест.
Услуги на адаптивно одржување
Адаптивното одржување подразбира промени во функционалноста на системот кои може да се сметаат како квалитативни подобрувања на тековното решение, но не се идентифицирани како нови функционалности кои до моментот на склучување на договорот за одржување не постоеле во системот.
Активности на носителот на набавката при реализација на адаптивното одржување и надградба на софтверот, по барање на договорниот орган, се:
разрешување на технички проблеми надвор од имплементираните функционалности;
подобрување на постојниот информациски систем;
- измени и доработки на постоечките функционалности – модули, прегледи, извештаи и останато, поради промена на законски прописи или промена на начинот на работење.
Изработка на нови функционалности – модули, прегледи, извештаи, кои во моментот на склучување на договорот за одржување не постоеле во системот ќе се извршуваат во предвидените работни часови. За изработка на новите функционалности носителот на набавката е должен да достави понуда со потребниот број работни часови за изработка на функционалноста, а по нејзиното прифаќање од страна на договорниот орган, ќе може да се пристапи кон извршување на услугата.
Процедури за пријавување на проблемите и барањата
Договорниот орган, преку своето определено/одговорно лице ќе го пријави на носителот на набавката софтверскиот проблем или барање за интервенција преку телефакс или e-mail во текот на работното време. Исклучок се случаите со Приоритет 1, кои можат да се пријават веднаш, преку телефон со дополнителна достава на mail или телефакс.
Пријавувањето на софтверски проблеми и комуникацијата кон носителот на набавката ќе се врши преку определени лица кој ќе ги одреди носителот на набавката.
Прилог 2
Дефиниции на приоритети и максимално дозволено време на одзив
Приоритет2 Priority |
Дефиниција3 Definition |
On-line одзив
|
On-site одзив
|
Време на санација
|
Време на решавање
|
1 ИТНО – Дефект со многу висок приоритет, итен случај, блокирање на системот
|
Под приоритет 1 – ИТНО, се подразбира проблем во функционирањето на системот, или негов значаен дел, при што истиот не може да ја извршува својата функција, и предизвикува застој или го оспорува нормалното работење на договорниот орган |
2 часa |
4 часа |
12 часа |
3 дена |
2 Сериозен дефект – Дефект кој предизвикува голем прекин во работата на системот |
Под приоритет 2 – Сериозен дефект, се подразбира проблем при кој оперативните карактеристики на системот се такви да дел од работните активности не функционираат или системот не работи со полн капацитет |
8 часа |
24 часа |
72 часа |
10 дена |
Прилог 1 – Образец на понуда
Меморандум на понудувачот
Архивски број
Датум
Седиште
Врз основа на огласот објавен од страна на Министерството за финансии, за набавка на услуги - одржување на софтверот за книговодствено водење на кредити и неповратните средства, со спроведување на набавка од мала вредност, и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот: ______________________________________________________
I.2. Контакт информации
Адреса: ______________________________________________________________
Телефон: ____________________________________________________________
Факс: ________________________________________________________________
Е-пошта: _____________________________________________________________
Лице за контакт: _______________________________________________________
I.3. Одговорно лице: __________________________________________________________
I.4. Даночен број: ____________________________________________________________
I.5. Матичен број: ____________________________________________________________
Дел II – Техничка понуда
2.1 Согласни сме да ви ја понудиме услугата која е предмет на набавка – одржување на софтверот за книговодствено водење на кредити и неповратните средства во сè според барањата дефинирани во техничката спецификација која е составен дел на оваа покана.
Дел III – Финансиска понуда
1 |
2 |
3 |
4 |
ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА НАБАВКАТА |
Број на месеци |
Единечна цена без ДДВ за одржување за 1 (еден) месец |
ДДВ |
Одржување на софтверот за книговодствено водење на кредитите и неповратните средства согласно потребите и барањата на договорниот орган |
12 |
|
|
Вкупна цена за 12 месеци без пресметан ДДВ: |
|
3.1. Вкупната цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, без ДДВ, за период од 12 (дванаесет) месеци изнесува: _______________________ [со бројки] (________________________________________________________________) [со букви] денари.
Вкупниот износ на ДДВ изнесува _______________________ денари.
IV. Нашата понуда е со важност од 90 денови сметано од датумот утврден како краен рок за поднесување на понуди.
V. Се согласуваме со начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација.
VI. Се согласуваме со начинот, местото и рокот за извршување на предметната услуга наведени во тендерската документација.
VII.Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во огласот и тендерската документација и не го оспоруваме Вашето право да ја поништите постапката за доделување на договор за јавна набавка согласно со Законот за јавните набавки.
Место и датум
___________________________ |
Одговорно лице*
___________________________ (потпис) |
*Образецот на понудата може да биде потпишан и од лице овластено од одговорното лице
И З Ј А В А
Понудувачот __________________________________________ [назив на економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка услуги - одржување на софтверот за книговодствено водење на кредити и неповратните средства која се спроведува по оглас за јавна набавка број ___________ објавен од страна на Министерството за финансии, врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот ______________________________
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*_______________________________
(потпис)
Место и датум ______________________________
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
.Носителот на набавката врши верификација на приоритетот
28