Contract
|
Член 1
Воведни одредби
(1) Со оваа Клаузула се уредуваат условите за обнова на склучување на осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет.
(2) Осигурувањето од автомобилска одговорност се склучува во согласност со Општите услови за осигурување од автомобилска одговорност на АД Осигурителна полиса Скопје, Законот за задолжително осигурување во сообраќајот, Законот за супервизија на осигурување, Законот за облигациони односи, Законот за електронска трговија, Законот за давање на финансиски услуги на потрошувачи на далечина и другата применлива регулатива, на начин и под услови утврдени во оваа клаузула.
(3) За дополнителните видови на осигурување склучени кон Полисата за осигурување од автомобилска одговорност ќе се применуваат соодветните Општи и посебни услови на АД Осигурителна полиса Скопје.
(4) Доколку одредени одредби од оваа Клаузула се спротивни или противречат на одредбите од Општите услови за осигурување од автомобилска одговорност, ќе се применуваат одредбите утврдени со оваа Клаузула.
Член 2
Услови за склучување на осигурувањето
(1) Осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, може да се склучи само доколку договорувачот на осигурување/осигуреникот имал претходно склучено Договор за осигурување од автомобилска одговорност со кое било друштво за осигурување во Р.С.Македонија.
(2) Осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, не може да се склучи доколку податоците кои се потребни за склучување на осигурувањето се разликуваат од податоците наведени при претходното склучување на Договорот за осигурување, односно доколку има промена на податоците во Договорот за осигурување кои се однесуваат на:
- податоци за сопственикот на возилото кое е предмет на осигурување (на пример: име, презиме, адреса и место на живеење или престојување); и
- податоци за техничките карактеристики на возилото кое е предмет на осигурување (на пример: број на шасија, број на регистарски таблички, боја на возилото).
(3) Осигурување на ризикот од кршење на стакла може да се склучи само доколку:
- договорувачот на осигурување/осигуреникот има склучено Договор за осигурување/полиса од
автомобилска одговорност со АД Осигурителна полиса Скопје во кој/а е вклучен овој ризик; и
- Договорот за осигурување/Xxxxxx од автомобилска одговорност се склучува пред истекот на Договорот за осигурување/Полисата од автомобилска одговорност во кој/а е вклучен ризикот од кршење на стакла.
(4) Договорот за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, може да се склучи најрано 30 дена пред денот на истекот на важечкиот Договорот за осигурување/Полисата.
(5) Со цел склучување на Договорот за осигурување од автомобилска одговорност на интернет страницата на АД Осигурителна полиса Скопје, договорувачот на осигурување/осигуреникот задолжително треба да има пристап до валидна адреса за електронска пошта. При склучување на Договорот се врши проверка на валидноста на адресата за електронска пошта на договорувачот на осигурување/осигуреникот.
Член 3
Начин на склучување на осигурувањето
(1) Склучување на осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, се врши преку интернет страницата на АД Осигурителна полиса Скопје.
(2) Договорот за осигурување се смета за склучен со самото плаќање на премијата за осигурување.
(3) АД Осигурителна полиса Скопје за склученото осигурување од автомобилска одговорност и плаќањето на премијата на договорувачот на осигурување/осигуреникот му доставува потврда на неговата адреса за електронска пошта. Заедно со потврдата, на договорувачот на осигурување/осигуреникот му се доставува и Полиса за автомобилска одговорност, како и Општите и посебните услови врз основа на кои е склучена Полисата.
(4) Договорувачот на осигурување/осигуреникот е должен да ја чува доставената Полиса најмалку за времетраење на периодот за осигурување.
(5) Склучувањето на Договор/Полиса за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, се изедначува со склучување на Договор/Полиса за осигурување од автомобилска одговорност во хартиена форма, односно Полисата за осигурување од автомобилска одговорност склучена преку интернет има исто важење и примена како и Полисата издадена во хартиена форма.
(6) Покрај склучувањето на осигурување од автомобилска одговорност преку интернет, може да се склучат и осигурување на дополнителни ризици кон осигурувањето од автомобилска одговорност, односно осигурување на ризикот од кршење на стакла и автомобилска незгода согласно условите утврдени со оваа Клаузула.
(7) АД Осигурителна полиса Скопје се обврзува да преземе соодветни заштитни мерки во согласност со позитивните законски прописи и најдобрата практика, со цел да обезбеди сигурна и заштитена обработка на податоците и процесот на склучување на осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет.
Член 4
Плаќање на премијата
(1) Плаќањето на премијата за осигурување од автомобилска одговорност се врши преку интернет сервисот за електронска трговија на Халк банка АД Скопје и нивниот платежен процесор NESTPAY, сертифициран за електронска трговија од страна на платежните компании MASTERCARD и VISA.
(2) Предмет на плаќање се сите картички од брендот MasterCard и VISA, издадени од која било банка во светот, како и платежни картички издадени од домашните банки кои во Р.С.Македонија се користат за електронски плаќања. Плаќањето се врши по електронски пат, во реално време. За сигурноста на реализираните трансакции гарантира банката која ја обезбедува услугата. Преносот на податоците што се потребни за реализација на плаќањето се врши во шифрирана форма со користење на посебен SSL (Secure Socket Layer) протокол. По прифаќањето на условите за осигурување, клиентот се пренасочува на веб страницата на платежниот процесор (процесинг-центарот) NESTPAY, при што треба да ги внесе следните податоци за да може да се реализира интернет плаќањето:
• Бројот на картичка;
• CVV2/CVC2 кодот за верификација на картичката (последните 3 бројки на задната страна на картичката);
• Датум на истекување на картичката (expiry date).
(3) Пред да се изврши плаќањето на премијата, врз основа на дадените податоци од страна на договорувачот на осигурување/осигуреникот и важечките Тарифи на премии се утврдува износот на премијата. Износот на премијата се прикажува поединечно за сите видови на осигурување и избрани ризици. Договорувачот на осигурување/осигуреникот може врз основа на утврдените износи да одлучи дали и со кои ризици ќе го склучи осигурувањето од автомобилска одговорност.
(4) Враќање на платената премија се врши на начин и согласно условите утврдени со оваа Клаузула.
Член 5
Обработка на лични податоци
(1) Договорувачот на осигурувањето – физичко лице, односно осигуреникот е согласен АД Осигурителна полиса Скопје, согласно прописите што го регулираат осигурувањето, правата на потрошувачите и заштитата на личните податоци, да ги обработува неговите лични податоци со цел склучување на Договор/Xxxxxx за осигурување од автомобилска одговорност и реализирање на осигурувањето.
(2) Договарачот на осигурување/осигуреникот е согласен АД Осигурителна полиса Скопје и неговиот договорен обработувач на личните податоци, во согласност со прописите што ја регулираат заштитата на личните податоци, да ги обработува неговите лични податоци само за потребите за спроведување на осигурувањето.
(3) Договорувачот на осигурување/осигуреникот може дозволата од претходните ставови на овој член во секој момент бесплатно, трајно или привремено да ја отповика со писмено барање пратено на адреса на АД Осигурителна полиса Скопје.
(4) Личните податоци на Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот АД Осигурителна полиса Скопје може да ги користи за цели на директен маркетинг само доколку за тоа е добиена изречна согласност од Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот.
(5) Договорувачот на осигурување со прифаќање на оваа Xxxxxxxx ја дава својата согласност за
обработка на неговата електронска адреса заради склучување на Договор/Полиса за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет.
(6) АД Осигурителна полиса Скопје, во својство на контролор на збирки на лични податоци, ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување тајност и заштита на личните податоци во согласност со законските и подзаконските акти, како и во согласност со интерните акти и процедури.
(7) Податоците поврзани со платежна картичка и со сметката во банка се внесуваат директно на интернет страницата, која ја обезбедува банката за реализација на плаќањата и тие не се достапни, ниту видливи за АД Осигурителна полиса Скопје. АД Осигурителна полиса Скопје не ги обработува, ниту има пристап до личните податоци поврзани со платежна картичка, или со банкарска сметка.
Член 6
Информации за давателот на услуги – осигурувач
(1) Договорувачот на осигурување/осигуреникот го склучува Договорот/Полисата за осигурување од автомобилска одговорност со АД Осигурителна полиса Скопје.
(2) АД Осигурителна полиса Скопје е друштво за осигурување кое е основано согласно позитивните законски прописи на Р.С.Македонија и кое врши услуги за осигурување на територијата на Р.С.Македонија во рамките на дозволата за вршење на работи за осигурување.
(3) АД Осигурителна полиса Скопје е Друштвонрегистрирано во Централниот регистар на Р.С.Македонија, а во правниот промет настапува со следните податоци:
Целосен назив:
Национална групација за осигурување АД ОСИГУРИТЕЛНА ПОЛИСА Скопје
Седиште (адреса):
Бул. Xxxxx Xxxxxxx Xxxxxxxx бр. 26, 1000 Скопје
Единствен матичен број: 5983681
Единствен даночен број: 4030005548374
(4) Тело надлежно за супервизија на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
Член 7
Повлекување од договорот
(1) Договорувачот на осигурување/осигуреникот може во период од 14 календарски дена да се повлече од Договорот/Полисата за осигурување од автомобилска одговорност, без казна и без да наведе причина за своето повлекување.
(2) Периодот на повлекување почнува од денот на склучување на Договорот/Полисата за осигурување од автомобилска одговорност.
(3) Доколку Договорувачот на осигурување/осигуреникот се повлече од Договорот за осигурување согласно одредбите на овој член, АД Осигурителна полиса Скопје е должна да ја врати премијата за осигурување. АД Осигурителна полиса Скопје има право да задржи сразмерен дел од премијата за осигурување за периодот на осигурување од денот на склучување на Договорот за осигурување до денот на повлекување од Договорот од страна на договарачот на осигурување/осигуреникот.
(4) Договарачот на осигурување/осигуреникот не може да се повлече од Договорот/Полисата за осигурување од автомобилска одговорност доколку е настанат осигурен случај.
(5) Договарачот на осигурување/осигуреникот во случај на повлекување од Договорот/Полисата за осигурување од автомобилска одговорност, согласно одредбите на овој член, должен е да достави писмено барање до АД Осигурителна полиса Скопје.
Член 8
Завршни одредби
(1) Договорот за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет, се склучува на македонски јазик, со кирилично писмо.
(2) Целокупната комуникација и сите придружни документи кон Договорот за осигурување од автомобилска одговорност се на македонски јазик, напишани со кирилично писмо.
(3) Договорувачот на осигурувањето/осигуреникот е должен задолжително да ги прочита и да се запознае со одредбите на оваа Xxxxxxxx, и да даде своја согласност за нивна примена при склучување на Договорот за осигурување од автомобилска одговорност на далечина, односно преку интернет.