II. ПРИМЕНА И ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИНДЕКСАЦИЈА
0528 ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ ЗА ГОДИШНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА-
ИНДЕКСАЦИЈА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
(1) Дополнителните услови за годишно зголемување на премија-индексација (во
понатамошниот текст Дополнителни услови) се составен дел на договорот за осигурување на живот (во понатамошниот текст: договор) што договорувачот ќе го склучи со KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – AД Друштво за осигурување на Живот Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач)
(2) Индексација, согласно овие дополнителни услови, претставува зголемување на премијата за осигурување на живот за определен процент, врз основа на понуда или барање на Договорувачот. Во согласност со зголемување на премијата за осигурување на живот се зголемува и осигурената сума за доживување и смрт.
(3) Според овие Дополнителни услови може да се договори годишно зголемување на премијата за осигурување на живот во процент кој ќе го договорат Договорните страни.
II. ПРИМЕНА И ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ИНДЕКСАЦИЈА
Член 2
(1) Согласно понудата или барањето на Договорувачот, Осигурувачот е должен да врши годишно зголeмување на премијата за осигурување на живот. Со зголемување на премијата за осигурување на живот се зголемува осигурената сума за доживување или осигурени суми за доживување и смрт.
(2) Процентот на индексација, односно зголемување на премијата, во зависност од барањето на Договорувачот, може да изнесува 2%, 3% или 5%.
(3) Во зависност од висината на осигурената сума, Осигурувачот може да побара од Осигуреникот спроведување на лекарски преглед најдоцна 30 дена пред да стапи на сила зголемувањето на премијата за следна осигурителна година. Во овој случај индексацијата ќе се спроведе само доколку Осигуреникот реализира лекарски преглед и под услов здравствената состојба на осигуреникот да е поволна за прифаќање во осигурување.
(4) Во случај на капитализација на полисата не се применува индексација
(5) Во случај на обнова на договор за осигурување кој е раскинат поради неплаќање или е спроведена капитализација, индексација ќе започне да се применува од следна осигурителна година по обнова, но под услов обновата
да се реализра најмалку 60 дена пред следна скаденца.
III. ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОГОВОРУВАЧОТ
Член 3
1. Договорувачот има обврска најдоцна 30 дена пред скаденца на полисата по писмен пат да го извести Осигурувачот доколку сака да изврши исклучување, вклучување на индексација или промена на процент на индексација.
2. Во случај на барање на зголемување на процент на индексација или вклучување на индексација Договорувачот е должен да достави податок за здравствена состојба на осигуреникот, а Осигурувачот може да побара дополнителна медицинска документација или спроведување на лекарски преглед.
3. Договорувачот и Осигуреникот, со потпишувањето на Понудата или Xxxxxxxx изјавуваат дека се согласни со новите осигурени суми после спроведување на индексацијата.
VI. ЗАШТИТА НА ПОТРОШУВАЧИ
Член 13
(1) Во случај кога договорувачот, осигуреникот, односно корисникот на осигурувањето смета дека осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, истиот може да достави претставка со цел xxxxxxxxx решавање на настанатиот спор до:
1) Соодветна организациона единица надлежна за решавање на спорови меѓу договорни страни во рамките на друштвото за осигурување;
2) Служба за внатрешна ревизија во друштвото за осигурување;
3) Организација за заштита на потрошувачи, и
4) Агенција за супервизија на осигурување
(2) Заемната согласност помеѓу осигурувачот и подносителот на претставката постигната во вонсудска постапката ќе биде во форма на меѓусебна спогодба.
Член 14
Осигурувачот е должен да го почитува принципот на доверливост на информациите кои се достапни во процесот на постапување со претставките.
VII. ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 15
(1) Сите лични податоци со кои Друштвото располага како резултат на
склучувањето на договорите за осигурување ќе бидат користени и обработувани во согласност со Законот за заштита на личните податоци и во согласност со интерните акти за заштита на лични податоци кај KРОАЦИА ОСИГУРУВАЊЕ – АД за осигурување на Живот.
VIII. ЗАСТАРЕНОСТ
Член 16
(1) Побарувањата од договорот за осигурување на живот застаруваат во согласност со одредбите од Законот за облигациони односи.
ХVI.ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 17
(1) За односите помеѓу договорните страни, како и на другите лица на кои се однесува осигурувањето на живот, што не се регулирани со овие Дополнителни услови, ќе се применуваат Посебните услови за осигурување и одредбите на Законот за облигациони односи.
(2) Овие Дополнителни услови важат исклучиво со договорени Посебни услови, а доколку нивната содржина е спротивна на Посебните услови, се применуваат одредбите на овие Дополнителни услови.
Член 18
Овие Дополнителни услови влегуваат во сила и ќе се применуваат од 01.08.2019 година.