Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА БРОКЕРСКИ И СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ
I ДЕЛ
ОПШТИ И ЗАЕДНИЧКИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овие Општи услови за брокерски и старателски услуги на странски пазари (во понатамошниот текст: Општи услови) се утврдуваат меѓусебните права и обврски на Брокерската куќа и Клиентот во однос на обезбедување на брокерски и старателски услуги, кои се пропишани со одредби од Законот за хартии од вредност и останатата законска и подзаконска регулатива која ги регулира овие услуги.
Општите услови се составен дел од Договорот за брокерски услуги на странски пазари (во натамошниот текст: Брокерски договор) и Договорот за чување на хартии од вредност на странски пазари (во натамошниот текст: Старателски договор).
Клиентот ги користи брокерските и старателските услуги кумулативно, што подразбира едновремено склучување на Брокерски и на Старателски договор.
При склучување на Брокерски и Старателски договор, Брокерската куќа ќе му овозможи на Клиентот да се запознае со услугите, како и со одредбите и ризиците кои произлегуваат од нив, преку презентирање и предавање на Општите услови.
Во овие Општи услови следниве изрази го имаат следново значење:
• Брокерскара куќа е ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје, ул. Истарска 33, Скопје,
• Клиент е корисник на услуги врз основа на Брокерски и Старателски договор со Брокерската куќа.
• Договор е договор за брокерски услуги на странски пазари и договор за старателски услуги на странски пазари.
• Услуга е брокерска или старателска услуга на странски пазари.
• Налог е Брокерски налог и / или Старателски налог.
• Брокерски налог е Налог во согласност со одредбите од член 16 од Општите услови.
• Старателски налог е Налог во согласност со одредбите од член 26 од Општите услови.
• Наменска парична сметка е посебна трансакциска сметка (денарска и девизна) отворена во домашна банка наменета за уплата на пари, пренос на пари од една на друга трансакциска сметка и исплата на пари, кои се одвоени од имотот на Брокерската куќа и кои во случај на стечај или ликвидација не можат да се користат за намирување на обрските на Брокерската куќа.
• Брокер за странски пазари е домашно или странско инвестициско друштво или финансиски посредник кој има добиено соодветна дозвола од надлежен регулаторен орган на соодветната земја за давање на брокерски услуги на странски пазари.
• Чувар на имот е домашна или странска финансиска институција во која Брокерската
куќа има отворена сметка за чување на хартии од вредност и старателска парична сметка.
• Старателска сметка за хартии од вредност е посебна сметка (вклучувајќи ги и сите други дополнителни потсметки) што е отворена кај Чуварот на имот на име на Брокерската куќа, каде што се евидентираат хартиите од вредност кои Брокерската куќа ги чува за Клиентот, врз основа на Старателскиот договор.
• Старателска потсметка е сметка на која Брокерската куќа води аналитика на сите примени и/или испорачани хартии од вредност на Старателската сметка за хартии од вредност и аналитика на сите примени парични средства за порамнување на трансакциите за купување на хартии од вредност, исплата на средства од продажба на хартии од вредност, наплата на приходи (дивиденда, камата, главница) на Старателската парична сметка.
• Старателска парична сметка е посебна парична сметка (денарска и/или девизна) отворена на име на Брокерската куќа кај Чуварот на имот на која се чуваат паричните средствата на Клиентот во врска со брокерски/старателски услуги.
• Суб-чувар е финансиска институција во која Чуварот на имот има отворена сметка за чување на хартии од вредност и / или старателска парична сметка.
• Корпоративни активности се поврзани со активностите на издавачите на хартии од вредност и вклучуваат: одржување на акционерско собрание, исплата на дивиденди во пари или акции, камата и главнина, делење / спојување на акции, преземање, припојувања и спојувања на акционерски друштва, регистрација и исплата на права, зголемување / намалување на акционерскиот капитал со издавање / повлекување акции и сите останати активности поврзани со остварувањето на правата од хартиите од вредност, промените во хартиите од вредност и / или статусни промени на издавачот.
• Издавач е правното лице кое ги издало хартиите од вредност.
• Тарифник е важечката Одлуката на Брокерската куќа за надоместоци за извршување на брокерски услуги, во која Брокерската куќа ги утврдува трошоците кои Клиентот треба да ги плати на Брокерската куќа во врска со користењето на брокерските и старателските услуги.
• Деловни простории, за потребата за давање на налози, се просториите на Брокерската куќа во Скопје, на ул. Истарска 33 Скопје.
• Работен ден е секој ден освен сабота, недела и празници во Република Северна Македонија.
• Посредно управување со портфолио на хартии од вредност на странски пазари – вршење услуги за странски пазари на хартии од вредност по налог на Друштво за инвестициско советување, а за сметка на индивидуален клиент сопственик на портфолио, врз основа на трипартитен Договор за управување со портфолио на хартии од вредност склучен помеѓу Брокерската куќа, Клиентот и Друштво за инвестициско советување со дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност за извршување на услуги со хартии од вредност.
Заштита на средствата на Клиентот
Член 2
Согласно одредбите на Законот за хартии од вредност и Упатството на Комисијата за хартии од вредност за начинот на работење со хартии од вредност за брокерски куќи и овластени банки надвор од Република Северна Македонија, паричните средства на Клиентот дадени за купување на хартии од вредност, Брокерската куќа ги чува на Наменската парична сметка или на Старателската парична сметка. Паричните средства на Клиентот можат да се употребат само во согласност со инструкциите на Клиентот. Брокерската куќа не смее да врши плаќања поврзани со склучените трансакции со хартии од вредност во свое име и за своја сметка од паричните средства на клиентите. Брокерската куќа не смее да ги користи паричните средства на еден клиент за сметка на било кој друг клиент. Паричните средства на клиентите не влегуваат во имотот на Брокерската куќа во случај на стечај или ликвидација и не можат да се користат за намирување на обврските на Брокерската куќа.
На паричните средства на Клиентот, кои се чуваат на Старателската парична сметка отворена за брокерски или старателски услуги, Брокерската куќа/ не исплаќа камата.
Брокерската куќа при извршување на старателските услуги со хартиите од вредност кои се водат на Старателската сметка за хартии од вредност, може да располага само по налог на Клиентот за кој ја извршува услугата. Хартиите од вредност, кои за сметка на Клиентот се водат на Старателската сметка за хартии од вредност кај Чуварот на имот, се во сопственост на Клиентот и не влегуваат во имотот на Брокерската куќа, ниту во нејзината ликвидациона или стечајна маса, ниту можат да се користат за намирување на нејзините обврски.
Податоци за извршување на услуги на странски пазари
Член 3
Брокерската куќа нема директен пристап до странски пазари на хартии до вредност.
За извршување на услугите на странски пазари Брокерската куќа по сопствен избор склучува договор со трето лице/лица и тоа Брокер за странски пазари, кој може, но не мора истовремено да биде Чувар на имот и/или Чувар на имот, за извршување на старателски услуги, кој може но не мора истовремено да биде Брокер за странски пазари.
При изборот на Брокерот за странски пазари/Чуварот на имот, Брокерската куќа е должна да се осигура дека истиот поседува соодветна дозвола за вршење на брокерски/старателски услуги од надлежен регулаторен орган во земјата каде ја извршува услугата,
Одговорност на Брокерската куќа
Член 4
Брокерската куќа нема да сноси одговорност доколку при обезбедување на услугите постапува добронамерно, навремено и со должно внимание и во согласност со Xxxxxxx кој е добиен согласно Општите услови и Договорот, се грижи и внимава на интересите на Клиентот. Брокерската куќа не е должна да ги прифати и изврши налозите што се направени спротивно на одредбите од Општите услови и Договорот.
Клиентот се согласува дека Брокерската куќа не одговора за:
• било каква штета која ќе настане или би можела да настане заради прекршувања и / или пропусти на трети лица, како што се други посредници со кои се склучени трансакциите за извршување на Налозите или кои учествуваат во обезбедувањето на Услугите (Брокер за странски пазари, Чувар на имот, Суб-чувар, берза, клириншко друштво, депозитар), односно за други околности кои не се под контрола на Брокерската куќа;
• било какви загуби и штети што ги претрпел Клиентот поради неисполнување на неговите обврски според Договорот и Општите услови;
• нeисполнување или ненавремено исполнување на обврските преземени со Налогот во случај на виша сила. Виша сила (vis major) вклучува, меѓу другото, нереди, земјотрес, поплава, пожар, штрајкови, прекини на телекомуникациите, недостаток на електрична енергија, скриени грешки (bug-ови) во програмата, неовластен пристап до изворниот код, влијание врз функционалноста на апликациите, измени на прописите или одлуките на надлежните органи во врска со должностите на Брокерската куќа или било кој друг настан кој може, врз основа на важечкиот закон, да се смета за виша сила;
• неисполнување на обврската за плаќање на било кои даноци од страна на Клиентот врз основа на сопственост на хартиите од вредност кои подлежат на оданочување;
• било какви последици, загуби или штети поврзани со (не)приемот, (не)прифаќањето или (не)извршувањето на Налог, кој не е даден во согласност со Општите услови и Договорот;
• загуба или штета која Клиентот може да ја претрпи поради несолвентност на трета страна;
• било каква штета во вид на пропуштена добивка.
Брокерската куќа ќе го извести Клиентот во разумен рок, откако тоа ќе стане можно, за појавата и престанокот на настан кој може да се смета за виша сила, како и за било каква загуба, штета, несоодветно извршување или неисполнување на обврските предизвикани од таков настан.
Хартии од вредност
Член 5
Брокерската куќа нуди за своите клиенти извршување на налози за следните хартии од вредност:
• акции,
• exchange traded funds (ETF) и
• обврзници
• GDR (global depositary receipt)
• ADR (American depositary receipt)
Давање Налог
Член 6
Клиентот може да даде Налог само лично, во деловните простории на Брокерската куќа. Клиентот не може да дава Налог преку полномошник, освен во посебни случаи, одобрени од директотот на Брокерската куќа
Провизии и надоместоци за извршени услуги
Член 7
Брокерската куќа ќе му пресметува и наплатува провизии и надоместоци на Клиентот за извршените услуги во согласност со Тарифникот, како и останати трошоци направени од Брокерската куќа во врска со обезбедувањето на овој вид услуги.
Тарифникот на Брокерската куќа е на располагање на секој Клиент или потенцијален клиент пред потпишување на Договорот со цел, за да се осигура дека Xxxxxxxx има можност да донесе информирана одлука за инвестирање.
Клиентот се согласува дека Брокерската куќа, може во текот на времетраењето на овој Договор да донесе нов или да го измени постојниот Тарифник, при што Xxxxxxxx плаќа надомест за одредена Услуга според важечкиот Xxxxxxxx во време на извршувањето на истата Услуга.
Сите измени и дополнувања на Тарифникот влегуваат во сила на денот на нивното донесување, односно од денот кога ќе бидат истакнати во деловните простории на Брокерската куќа.
Клиентот е должен да ги плати провизиите, надоместоците и трошоците до рокот на доспевање кој е утврден врз основа на фактурата, односно врз основа на пресметката на провизиите, надоместоците и трошоците.
Пресметката на провизиите, надоместоците и трошоците Брокерската куќа ја доставува најдоцна два работни дена по приемот на соодветна потврда од Брокерот за странски пазари односно Чуварот на имот.
Брокерската куќа му доставува на Клиентот валидни конверзии и трошоци кога дел од вкупните трошоци и надоместоци треба да се плати или кога е изразен во странска валута.
Брокерската куќа ќе го извести Клиентот за начините на плаќање или за други начини на исполнување на обврските.
Трошоци и даноци
Член 8
Сите даноци, такси и други надоместоци и трошоци направени во врска со обезбедувањето на Услугата се на товар на Клиентот. Клиентот се обврзува без одлагање да и го исплати на Брокерската куќа, по нејзино барање, во целост износот уплатен на име даноци, такси или други давачки и надоместоци поврзани со обезбедувањето на услугите, зголемени за износот на затезните камати и претрпената штета.
Клиентот е свесен за фактот дека приходите од камати, разлика во куповна / продажна цена, дивиденди и други приходи што ќе ги оствари врз основа на сопственоста на хартии од вредност, може да претставуваат приход од капитал кој може да биде предмет на оданочување.
Заложно право и порамнување на обврски
Член 9
Клиентот е запознаен, свесен и се согласува дека хартиите од вредност на Сметката за хартии од вредност, односно неговите парични средства на Наменската парична сметка и/или Старателската парична сметка, служат како гаранција за сите побарувања на Брокерската куќа кои произлегуваат врз основа на Договорот.
Клиентот е запознен со фактот дека Суб-чуварот, глобалниот старател или депозитар, кој индиректно учествува во обезбедувањето старателски услуги, може (ако е во согласност со националното законодавство или согласно локалниот пазар) да има и / или користи заложно право или право на порамнување врз хартиите од вредност или паричните средства на Клиентот, поради обезбедување, односно подмирување на побарувањето во врска со хартиите од вредност или паричните средства на Клиентот; заради обезбедување или подмирување на побарувањето по основ на трошоци за управување, администрирање и чување или побарувања кои произлегуваат од извршувањето на Старателските услуги, односно за
Старателските налози за кои Клиентот не обезбедил навремено покритие.
Доколку Клиентот доцни со плаќање на побарувањата на Брокерската куќа по основ на Договорот, Xxxxxxxx се согласува дека Брокерската куќа може самостојно да го намири своето побарување за плаќање на надоместокот за брокерски услуги и / или старателски услуги и сите трошоци настанати во врска со обезбедување на услугите.
Клиентот со ова ја овластува Брокерската куќа да го наплати од Наменската парична сметка и/или од Старателската парична сметка износот на достасаниот долг, но само во случај на неплаќање и само до степен до кој салдото на овие сметки ја одразува состојба на парични средства кои му припаѓаат на Клиентот. Во случај кога долгот на Клиентот е деноминиран во друга валута различна од онаа на паричните средства на Наменската парична сметка и/или Сарателската парична сметка, Брокерската куќа е овластена да наплати износ во противредност на износот што го должи во валутата која ја има на Наменската парична сметка и/или Сарателската парична сметка. Брокерската куќа ќе ја определи противредноста на износот што го должи Клиентот во валутата на која гласи, по пазарен курс.
Доколку, во моментот на приемот на средствата од продажба на хартии од вредност и од правата кои произлегуваат од хартии од вредност на Наменската парична сметка и/или Сарателската парична сметка, Клиентот има достасани обврски кон Брокерската куќа, врз основа на Услугите кои таа ги обезбедува, Брокерската куќа ќе задржи дел од средствата потребни за покривање на долгот зголемен за казнена камата, додека остатокот ќе се исплати на транскациската сметка на Клиентот.
Кумулација на услуги
Член 10
Брокерските и старателските услуги Клиентот ги користи кумулативно, при што:
• се претпоставува дека со доставување на Брокерскиот налог од страна на Клиентот, дава и соодветен Старателски налог,
• Клиентот не може да го отповика таквиот Старателски налог без претходно повлекување на Брокерскиот налог;
• Клиентот не може да дава нови налози за порамнување во врска со хартии од вредност на Старателската сметка за хартии од вредност или налози за исплати на парични средства од Старателската парична сметка, кои се потребни за порамнување на трансакциите, освен и се додека не го повлече Брокерскиот налог;
• со повлекување на Брокерскиот налог, се повлекува и Старателскиот налог;
• за потребите на прием, прифаќање и извршување на Брокерски налог, Брокерската куќа има увид, во секое време, на состојбата и трансакциите на Старателската сметка за хартии од вредност како и Старателската парична сметка.
Кореспонденција со Клиентот
Член 11
Освен ако не е поинаку одредено со Општите услови или Договорот, кореспонденцијата помеѓу Xxxxxxxx и Брокерската куќа се одвива писмено, на контакт податоците на Xxxxxxxx и на Брокерската куќа наведени во Брокерскиот договор.
Комуникацијата помеѓу Kлиентот и Брокерската куќа се одвива на македонски јазик, a по посебно барање на Клиентот и на англиски јазик.
Обврски за известување согласно Законот за девизно работење
Член 12
Обврските кои произлегуваат од Законот за девизно работење, а кои се однесуваат на регистрирањето и известувањето за трансакциите склучени на странски пазари врз основа на налозите на Клиентот, се на товар на Клиентот.
Изјава за намерата за користење на брокерските и старателските услуги на сопствена одговорност
Член 13
Брокерската куќа не врши проценка на Клиентот и на тоа дали услугите кои ги нуди се
адекватни за Клиентот и/или потенцијалниот клиент. Поради тоа постои можност некој од наведените услуги да не се соодветни за Клиентот и преку истите може да биде изложен на ризици кои ги поминуваат границите на неговото знаење и искуство и/или нема доволно знаење и искуство правилно да ги процени и/или контролира, a со цел минимизирање на последиците.
Ризици поврзани со инвестирање во хартии од вредност
Член 14
Со давање на налогот, Xxxxxxxx потврдува дека ги разбира и е свесен за ризиците што произлегуваат од вложувањата во хартии од вредност на кои се однесува Налогот.
Ризик е квантифицирана веројатност на загуба или поврат помал од очекуваниот. Ризикот може да се дефинира и како познавање на некоја состојба во која како последица на некоја одлука може да се појават низа на резултати. Веројатноста на остварување на секој резултат може да биде позната или може да биде предмет на лична проценка на доносителот на одлуката.
Главната цел на инвеститорот е остварување на позитивен поврат на вложувањето, меѓутоа, секое вложување е ризично. Затоа, вложувањето може да не го обезбеди очекуваниот поврат или да доведе до загуба на вложениот капитал. Општо, постои линиски однос помеѓу износот на очекуваниот поврат и стапката на ризик, т.е. што поголем очекуван поврат, поголем ризик од настанување на загуба. Различните хартии од вредност носат различни ризици. Една од методите за ограничување на ризикот од загуба е вложување во збир на хартии од вредност, а не во еден или неколку слични хартии од вредност, како и вложувања во хартии од вредност од различни издавачи (начело на диверизфикација на ризикот).
Општи ризици од инвестирање се:
1. Ризик на ликвидност - претставува ризик од неможност одредени хартии од вредност брзо да се купат или продадат без значајни загуби на вредноста, како последица на мала ликвидност на пазарот.
2. Кредитен ризик - можност побарувањата кои настануваат по вложувањата во преносни хартии од вредност, инструменти на пазарот на пари, единици кај субјектите за заеднички вложувања и изведените инструменти да не се наплатат во предвидениот износ и во рокот согласно договорот, како последица на влошување на бонитетот, кредитниот рејтинг или отворање на стечајна постапка над издавачот.
3. Пазарен ризик - претставува ризик од промена на вредноста (зголемување или намалување) на хартиите од вредност поради промена на цената, односно движења на финансиските пазари.
- Каматен ризик - составен дел на пазарниот ризик и претставува ризик од намалување на вредноста на хартиите од вредност поради промена на висината на каматните стапки на пазарот;
- Валутен ризик - или ризик од промена на курсевите, ја покажува осетливоста на хартиите од вредност на флуктуациите на девизните курсеви. За клиентот да се заштити од ризикот на евентуални неповолни меѓувалутни движења, потребно е да ја контролира и следи отвореноста на вкупната девизна позиција, отвореноста на секоја поединечна валута како и движењето на курсот на домашната во однос со останатите светски валути.
4. Ризик од друга договорна страна - ризик дека другата договорна страна нема да може да ги исполни договорените обврски.
5. Ризици на неисполнување на обврските на другата договорна страна поврзани со државата на потекло на другата договорна страна - односно ризици на друга држава, се ризици за приходи или капитал, кои настануваат како последица на работењето на Клиентот во политички и економско несигурни пазари и произлегуваат од актуелните политички и економски ситуации, општествениот систем, реформи и останати околности во општеството.
6. Оперативни ризици - со развојот на финансискиот сектор и банкарството, интензивната примена на информатиката, растот на електронското работење, спојувањата и преземањата во банкарскиот сектор, зголемувањето на бројот на трансакции, ширење на палетата на производи и услуги, вклучувањето на outsourcing, како и интензивното користење на финансиските техники за смалување на кредитниот и пазарниот ризик доведуваат до значајно зголемување на оперативниот ризик во работењето.
Оперативниот ризик е ризик на загуба која произлегува од неадекватен или погрешен интерен процес, човечки фактор и/или оперативен систем или од надворешни случувања.
7. Останати ризици - останати ризици претставуваат останати потенцијални причинители и надворешни влијанија на износите на приходите и капиталот кои се состојат од:
• Стратешки ризик или ризик на деловна ориентација - ризик за приходите и капиталот кои настанува како последица на неадекватни деловни одлуки или неправилно спроведување на истите;
• Репутациски ризик - е ризик кој настанува како последица на негативно јавно мнение на угледот на Xxxxxxxx;
• Ризик на усогласеност (со законски/даночни прописи) - е ризик на приходите и капиталот на Клиентот кој настанува како последица на повреда или неусогласеност со законските / даночните прописи, пропишаните пракси, етички стандарди или друга регулатива.
II ДЕЛ БРОКЕРСКИ УСЛУГИ
Брокерски услуги
Член 15
Брокерските услуги вклучуваат прием и пренос на брокерски налози до Брокерот за странски пазари.
Брокерски Налог
Член 16
Брокерски налог е писмена инструкција на Клиентот дадена на Брокерската куќа, за негова сметка да купува или продава хартии од вредност која ги содржат следните елементи:
• Име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта или број на пасош (за физичко лице), односно назив, седиште, држава, матичен број на правното лице (за правно лице) на Kлиентот;
• Шифрата на Клиентот во овластеното правно лице (број на Договор склучен со Kлиентот);
• Тип на налог (купува или продава);
• Вид на хартија од вредност која се тргува;
• Државата каде што е издадена хартијата;
• ИСИН на хартијата од вредност;
• Код на странскиот пазар преку кој ќе се изврши налогот;
• ИСО код (ISO 10383 - Codes for exchanges and market identification (MIC)
• Количина за тргување;
• Цена за реализација на тргувањето;
• Потпис на клиентот;
Писмената инструкција која не ги содржи основните елементи наведени во претходниот став од овој член од Општите услови не е Брокерски налог и затоа не може да биде примена како таква од страна на Брокерската куќа.
Давање на Брокерски налози
Член 17
Брокерскиот налог Xxxxxxxx го дава лично, во писмена форма, директно во деловните простории на Брокерската куќа.
Видови на Брокерски налози
Член 18
Брокерската куќа ќе врши прием на следните видови на дневни Брокерски налози на странски пазари:
• лимитиран налог, во кој клиентот ја дефинира највисоката цена за купување односно најниската цена за продавање
Прием и прифаќање на Брокерски налози
Член 19
Брокерската куќа по добивање на Налогот од Клиентот веднаш и без одлагање односно без да го задржува ќе го пренесе до Брокерот за странски пазари.
Брокерот за странски пазари ја известува Брокерската куќа за прием на Брокерскиот налог со известување за прифаќање или одбивање на Брокерскиот налог.
Доколку Брокерот за странски пазари го одбие Налогот, Брокерската куќа ќе го извести Клиентот за одбивањето на Налогот од страна на Брокерот за странски пазари најдоцна до следниот работен ден од добивање на известувањето за одбивање на Брокерскиот налог. Доколку Брокерот за странски пазари навремено не ја извести Брокерската куќа за спротивното, се смета дека финансискиот посредник го прифаќа уредно добиениот Брокерски налог.
Доколку финансискиот посредник ја извести Брокерската куќа дека не постојат услови за реализација на налогот, се смета дека истиот е откажан од страна на Xxxxxxxx, согласно условите утврдени во договорот помеѓу Брокерската куќа и Брокерот за странски пазари и Договорот со Клиентот.
Повлекување на Брокерски налози
Член 20
Клиентот може да го повлече Брокерскиот налог се до неговото извршување. Во случај кога Брокерскиот налог е делумно извршен, Брокерската куќа ќе смета дека Xxxxxxxx го повлекува преостанатиот неизвршен дел од Брокерскиот налог.
Брокерската куќа го пренесува известувањето за повлекување на Брокерскиот налог до Брокерот за странски пазари, веднаш штом на соодветен начин ќе го прими од Клиентот.
Повлекувањето на Брокерскиот налог нема да влијае на трошоците и надоместоците во врска со неговото примање, прифаќање или извршување, ниту на преземените обврски до моментот на приемот на известувањето за повлекување од страна на Брокерската куќа.
Повлекувањето на Брокерскиот налог се прави на начинот договорен за давање на Брокерски налози.
Порамнување и плаќање/наплата за извршени трансакции
Член 21
Странските пазари може да имаат различни периоди на порамнување на трансакциите склучени на тие пазари при што ќе се применуваат роковите на порамнување на поединечните држави и/или поединечните пазари на кои предметната трансакција е склучена.
Обврски на Брокерската куќа
Член 22
Врз основа на прифатениот Брокерски налог, Брокерската куќа се обврзува:
• да ги пренесува налозите до Брокерот за странски пазари навремено, ажурно и правилно, при што сличните Брокерски налози ќе ги извршува според редоследот на нивното добивање;
• да води евиденција за реализираните Брокерски налози;
• да го извести Xxxxxxxx за извршувањето и условите под кои е склучена секоја трансакција направена според Брокерскиот налог, со доставување на Пресметка за реализирана трансакција, која ги содржи најмалку следните елементи:
-Име и презиме, ЕМБГ, број на лична карта односно број на пасош (за физичко лице), односно назив, седиште, држава, матичен број на правното лице (за правно лице) на Клиентот;
-Вид на трансакција (купување или продавање);
-Вид на харија од вредност;
-ISIN на харија од вредност;
-Полното име на хартијата од вредност;
-Код на странскиот пазар преку кој е извршен налогот;
-Цената по која е реализирано тргувањето;
-Количината која е реализирана;
-Вкупниот износ на реализираната трансакција;
-Трошоците за реализацијата на трансакцијата (брокерски трошоци, трошоци за порамнување, трошоци за организираниот пазар, регулаторни трошоци, даноци како и сите останати трошоци настанати при реализацијата на трансакцијата).
• Средствата од продажбата на хартии од вредност веднаш и без одложување да бидат исплатени на Клиентот, доколку не постојат достасани обврски на Клиентот кон Брокерската куќа по било која основа или да бидат задржани ка Сарателската парична сметка, по барање на Клиентот.
Обврски на Клиентот
Член 23
Врз основа на дадениот Брокерски налог, Клиентот се согласува:
• да изврши навремена уплата на износот потребен за плаќање на хартии од вредност кои треба да се купат, односно куповната цена, како и сите трошоци, надоместоци и провизии поврзани со извршувањето на Брокерскиот налог;
• да ја плати договорената Брокерска провизија и останатите надоместоци;
• да обезбеди навремени информации и документи потребни за извршување на Брокерскиот налог и исполнување на други обврски кон Брокерската куќа врз основа на Налогот;
• пред склучувањето внимателно да го прочита Брокерскиот договор и на Брокерската куќа да и ја достави целокупната потребна документација за склучување на истиот.
Одговорност на Клиентот
Член 24
Клиентот одговара за исполнување на преземените обврски од трансакциите кои се склучени со реализацијата на дадените Брокерски налози.
ДЕЛ III
СТАРАТЕЛСКИ УСЛУГИ
Старателски услуги
Член 25
Старателските услуги ги опфаќаат следните работи:.
• чување на хартии од вредност;
• порамнување, плаќање и извршување на трансакциите со хартии од вредност според старателски налози;
• наплата на приходи и известување за исплата на дивиденда, камата или доспевање на други побарувања од хартии од вредност;
• известување за акционерски собранија на издавачите, стекнати права од хартиите од вредност и останати корпоративни активности;
• извршување на Старателски налози поврзани со корпоративни активности;
• обезбедување на услуги за застапување и гласање на акционерските собранија на издавачите на хартии од вредност;
• останати услуги по барање и во договор со Клиентот.
За извршување старателски услуги Брокерската куќа склучува Старателски договор со Клиентот, врз основа на кој Брокерската куќа во својата аналитичка евиденција отвора Старателска
потсметка за Клиентот на која ќе води евиденција на сите примени и/или испорачани хартии од вредност на Старателската сметка за хартии од вредност и аналитика на сите примени парични средства за порамнување на трансакциите за купување на хартии од вредност, исплата на средства од продажба на хартии од вредност, наплата на приходи (дивиденда, камата, главница) на Сарателската парична сметка.
Старателски налог
Член 26
Старателски налог е писмена инструкција од Клиентот дадена на Брокерската куќа, за вршење Старателски услуги.
Клиентот ја гарантира точноста и комплетноста на информациите во Старатескиот налог. Клиентот е одговорен за сите последици кои произлегуваат од доставувањето на неточни или нецелосни информации.
Основни елементи на Старателскиот налог
Член 27
Старателскиот налог ги содржи следните суштински елементи:
• име и презиме или назив на Клиентот;
• вид на налог (прием, испорака, со или без плаќање);
• датум на тргување;
• датум на очекуваното порамнување;
• ISIN на хартијата од вредност (меѓународен финансиски идентификационен број);
• количина од хартиите од вредност;
• износ на плаќање за порамнување;
• број на Старателската сметка за хартии од вредност и Старателска парична сметка.
Како валиден Старатескиот налог се смета налог кој ги содржи сите основни елементи на Старателски налог од претходниот став на овој член.
Давање на Старателски налог
Член 28
Старателскиот налог Xxxxxxxx го дава лично, во писмена форма, директно во деловните простории на Брокерската куќа.
Видови Старателски налози
Старателските налози можат да бидат:
Член 29
• прием на хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност со плаќање;
• испорака на хартии од вредност од Сметката за хартии од вредност со плаќање;
• прием на хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност без плаќање;
• испорака на хартии од вредност од Сметката за хартии од вредност без плаќање.
Старателска сметка за хартии од вредност
Член 30
Избришан
Обврски на Клиентот
Член 31
Пред давањето на Старателскиот налог, Xxxxxxxx е должен да се запознае со овие Општи услови кои се достапни во деловните простории на Брокерската куќа. Со давањето на Старателски налог ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со нивната содржина.
Кога се поднесува Старателскиот налог за прием со плаќање, Xxxxxxxx е должен да изврши навремена уплата на средства на Наменската парична сметка, потребни за извршување на Старателскиот налог.
Кога се поднесува Старателскиот налог за испорака, Клиентот е должен навремено да обезбеди доволна количина од хартии од вредност на Сметката за хартии од вредност, за извршување на Старателскиот налог.
Измени, дополнувања и повлекување на Старателскиот налог
Член 32
Клиентот може да го промени, дополни или повлече Старателскиот налог само доколку налогот претходно не е извршен од Чуварот на имот и доколку таквата промена, дополнување или повлекување не предизвика било каква штета или трошок за Брокерската куќа.
Извршување на Старателскиот налог
Член 33
Брокерската куќа по прием на Старателскиот налог од Клиентот веднаш и без одложување односно без да го задржува ќе го пренесе до Институцијата чувар на имот.
Брокерската куќа има право да го одбие приемот на Старателскиот налог доколку:
• Старателскиот налог е нејасен, противречен, неодреден;
• извршувањето на налогот може да предизвика прекршок или кривично дело;
• Старателскиот налог не е даден во согласност со одредбите од овие Општи услови;
• Клиентот не извршил уплата или не обезбедил покритие на Наменската парична сметка со доволен износ на средства за извршување на Старателскиот налог;
• Клиентот нема или не обезбедил доволна количина на хартии од вредност на Сметката на хартии од вредност за извршување на Старателскиот налог;
• Клиентот има доспеан долг во Брокерската куќа врз основа на старателските услуги кои ги користи.
При одбивање на Старателскиот налог, Брокерската куќа ќе го извести Клиентот истиот работен ден. Брокерската куќа не одговара за било каква штета што произлегува од одбивањето на налогот.
Доколку Брокерската куќа го прифати Старателскиот налог и покрај тоа што Клиентот не обезбедил покритие (уплатил / обезбедил пари или количина на хартии од вредност), Клиентот е должен да обезбеди покритие до моментот кој и овозможува на Брокерската куќа навремено исполнување на нејзините преземените обврски кон трети лица. Брокерската куќа има право на надомест на штетата и на трошоците кои произлегуваат од неисполнување на обврските на Клиентот согласно овој став.
Наплата на приходи од хартии од вредност
Член 34
Клиентот се согласува Брокерската куќа да го овласти Чуварот на имот без Старателски налог да ги наплаќа доспеаните приходи (дивиденди, купони, главници, права итн.) и средства кои произлегуваат од хартиите од вредност и да располага со нив согласно Старателски налог.
Брокерската куќа ќе го извести Клиентот за наплатените приходи и средства по добивање на соодветно известување од Чуварот на имот.
Доколку Суб-чуварот, задолжен за наплаќање на приходите, пресметал надоместок за наплата на приходите, Чуварот на имот ќе го исплати наплатениот нето износ на Старателската парична сметка.
Корпоративни настани и активности
Член 35
Брокерската куќа ќе го извести Клиентот за корпоративните активности на издавачите на хартии од вредност само доколку такви информации се добиени од Чуварот на имот.
Ако Клиентот сака да дејствува по корпоративната активност, должен е навремено да достави до Брокеската куќа писмен Старателски налог, со јасни и прецизни инструкции. Доколку Брокерската куќа од Клиентот не прими таков налог, Брокерската куќа нема да дејствува по корпоративната активност.
Учество на акционерски собранија во странство
Член 36
Учеството и застапувањето на Клиентот на акционерски собранија на странските издавачи на хартии од вредност е можно само ако Суб-чуварот е во состојба да обезбеди таква услуга и ако таквото учество и застапеност е во согласност со законодавството на земјата на Суб- чуварот и
странскиот издавач.
Вреднување на хартии од вредност
Член 37
Пресметката на пазарната вредност на хартиите од вредност на потсметката за хартии од вредност на Клиентот, ја врши Брокерската куќа, за странските акции на дневна основа, а за странските обврзници на месечна основа.
Брокерската куќа ги користи следните цени:
• последната цена официјално цитирана на сервисот за финансиски информации Yahoo finace или било кој друг сервис за финансиски информации, за странските акции;
• последната цена или последната понудена куповна цена, официјално цитирана на сервисот за финансиски информации Yahoo finance или било кој друг сервис за финансиски информации, за странските обврзници.
Ако на одреден ден немало тргување, за вреднувањето се зема последната расположива цена. Ако хартијата од вредност не котира на берза, за вреднување се користи номиналната вредност.
Вредноста на финансиските инструменти, деноминирани во странска валута, се пресметува со примена на средниот курс на Народна банка на Република Северна Македонија. Доколку за странската валута не постои среден курс на НБСРМ, за истата се пресметува вкрстен девизен курс со евро валута.
Извештаи и известувања на Брокерската куќа
Член 38
Брокерската куќа му испраќа известувања на Клиентот на македонски или на посебно барање на Клиентот на англиски јазик.
Брокерската куќа ќе ги доставува следните известувања до Клиентот, со следната динамика:
• Извештај за состојба на Сметката за хартии од вредност на Клиентот - месечно и на барање на Клиентот;
• Известување за порамнување на трансакција - по добивање на такво известување од чуварот на имот;
• Известување за приемот на приходите - по добивање на такво известување од чуварот на имот;
• Известување за корпоративна активност - по добивање на такво известување од чуварот на имот.
Брокерската куќа ќе му издаде на Клиентот фактура за старателските услуги.
Клиентот се обврзува да ја провери точноста на сите известувања и податоци добиени од Брокерската куќа. Во случај на приговори и забелешки на доставените известувања, Xxxxxxxx е должен во рок од 3 (три) работни дена од денот на приемот на известување, до Брокерската куќа да достави писмен приговор.
Доколку Брокерската куќа не добие приговор од Xxxxxxxx во тој период, ќе се смета дека Xxxxxxxx се согласува со содржината на поднесените и доставени материјали.
ДЕЛ IV
ПОСРЕДНО УПРАВУВАЊЕ СО ПОРТФОЛИО НА ХАРТИИ ОД ВРЕДНОСТ НА СТРАНСКИ ПАЗАРИ
Услуги на посредно управување со портфолио на хартии од вредност на странски пазари Член 39
Посредно управување со портфолио на хартии од вредност на странски пазари е вршење услуги за странски пазари на хартии од вредност по налог на Друштво за инвестициско советување (во натамошниот текст „Управувач“), а за сметка на индивидуален клиент
сопственик на портфолио, врз основа на трипартитен Договор за управување со портфолио на хартии од вредност склучен помеѓу Брокерската куќа, Клиентот и Управувач кој има дозвола од страна на Комисијата за хартии од вредност за извршување на услуги со хартии од вредност согласно член 148 од Законот за хартии од вредност (во натамошниот текст “Трипартитен договор“), со кој договорните страни можат да одредат и дополнителни права и обврски, надвор од правата и обврските определени со Општите услови.
Трипартитниот договор се склучува во писмена форма и ги определува износот на паричните средства што клиентот му ги доверува на Управувачот за посредно управување; политиката на вложување на клиентот; изјава на клиентот во која наведува дека ги прифаќа условите и превземените ризици од инволвираноста во тргувањето со финансиски инструменти; видот, содржината и фреквенцијата на доставување на извештаите за извршените активности од страна на Брокерската куќа до Управувачот; висината на надоместоците за вршење на работи на посредно управување со портфолио за сметка на индивидуалниот клиент и начинот на пресметување на истите и можност за клиентот да го раскине Трипартитниот договор.
Брокерската куќа ги врши следните услуги:
•Отворање на Старателска потсметка во име и за сметка на клиентот согласно член 25, став 2 од овие Општи услови;
•Прием на налози од Управувачот за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари за Старателската потсметка на клиентот и пренос на налози до Брокер за странски пазари;
•Известувања за корпоративни активности (дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од портфолиото на клиентот);
•Проследување на извештаи со состојбата на хартиите од вредност и состојбата на паричните средства на клиентот, на барање на Управувачот.
При давањето на услугите од претходниот став на овој член, Брокерската куќа има обврска и одговорност за:
•чување на паричните средства на члиентот на Наменската парична сметка односно Старателската парична сметка
•следење на состојбата на портфолиото, во насока на негово вреднување;
•известување на Управувачот за вредноста на портфолиото;
•пресметка на надоместоците кои му припаѓаат на Управувачот за услугите кои му ги дава на клиентот.
Политика на вложување
Член 40
Политиката на вложување ја определуваат Управувачот и клиентот. Брокерската куќа нема никаква обврска ниту одговорност за проценка на клиентот, неговите инвестициони цели, неговото претходно знаење, искуство и разбирање за ризиците поврзани со вложување во хартии од вредност, како ни за изборот на инвестиционата политика при формирање и/или промена на портфолиото на хартии од вредност.
Доставување на извештаи до Управувачот
Член 41
Брокерската куќа врз основа на Трипартитниот договор на Управувачот му доставува:
• Извештаи за реализирани налози за купување и/или продавање на хартии од вредност на странски пазар
Брокерската куќа се обврзува да изготви извештај за Управувачот за реализираните налози за купување и/или продавање на хартии од вредност на странски пазар, согласно член 22 од овие Општи услови и да му го достави на Управувачот во рок од два работни дена од денот на приемот на соодветна потврда од Брокерот за странски пазари согласно член 7 став 6 од овие Општи услови, лично или преку електронска пошта.
• Квартални задолжителни извештаи за вредноста на портфолиото на клиентот како и пресметки на наплатените провизии и други надоместоци;
Брокерската куќа на Управувачот му испраќа квартален извештај не подоцна од 15 дена по завршување на кварталот со следната содржина:
-пресметка на вредноста на портфолиото;
-квартален преглед на почетната и крајната состојба на портфолиото;
-квартален преглед на приносот на портфолиото;
-квартален преглед на наплатените провизии и надоместоци;
-квартален преглед на сите извршени трансакции на квартална основа.
• Пресметки за наплата на влезна, провизија на успех, управувачка и излезна провизија; Брокерската куќа доставува пресметка за наплата на влезна провизија до Управувачот во рок од 5 дена од денот на уплатата на паричните средства и/или преземањето на хартиите од вредност под управување.
Брокерската куќа доставува пресметка за наплата на провизија на успех до Управувачот во рок од 15 дена од денот на завршување на кварталот.
Брокерската куќа доставува пресметка за наплата на управувачка провизија до Управувачот во рок од 15 дена од денот на завршување на месецот.
Брокерската куќа доставува пресметка за наплата на излезна провизија до Управувачот во рок од 5 дена од поднесувањето на писмено известување за раскинување на Договорот или од денот на поднесеното барање за делумна исплата од портфолиото.
• Известувања за корпоративни активности (дивиденди, камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од портфолиото на клиентот);
Брокерската куќа проследува или пренесува секаков вид на извештаи и информации за корпоративни активности (собрание на акционери, исплата на дивиденди, исплата на камати, главници и сите останати парични приливи кои произлегуваат од портфолиото на клиентот) по барање на Управувачот, но само доколку такви информации се добиени од Чуварот на имот.
• Извештаи со состојбата на хартиите од вредност и состојбата на паричните средства на клиентот;
Брокерската куќа доставува до Управувачот извештаи за состојбата на хартиите од вредност на Старателската потсметка на клиентот и за состојбата на паричните средства на клиентот на Наменската парична сметка односно на Старателска парична сметка кај Чуварот на имот, по барање на Управувачот.
Брокерски и старателски услуги при посредно управување со портфолио на хартии од вредност
Член 42
При давањето на услуги на посредно управување со портфолио на хартии од вредност на странски пазари, Брокерската куќа отвора Старателска потсметка во име и за сметка на клиентот за водење аналитика на сите примени и/или испорачани хартии од вредност на Старателската сметка за хартии од вредност и аналитика на сите примени парични средства на Сарателската парична сметка, за порамнување на трансакциите за купување на хартии од вредност, од продажба на хартии од вредност, од наплата на приходи (дивиденда, камата, главница).
Член 43
Брокерската куќа врши брокерски услуги за прием на налози од Управувачот за купување и продавање на хартии од вредност на странски пазари за Старателската потсметка на клиентот и пренос на налози до Брокерот за странски пазари и старателски услуги согласно член 25 од овие Општи услови, врз основа на Брокерски и Старателски договор склучен со клиентот и писмен налог од Управувачот.
Сите трошоци кои ќе произлезат од користење на брокерските и старателските услуги од овој член се на товар на портфолиото на клиентот и се надоместуваат во согласност со одредбите од Трипартитниот договор и Општите услови.
Член 44
Налозите за тргување Управувачот ги дава на начин определен со овие Општи услови и со Трипартитниот договор.
Брокерската куќа по добивањето на налогот за тргување на странски пазар од Управувачот, а во име и за сметка на клиентот, веднаш и без одлагање истиот го извршува согласно условите дефинирани во налогот и според правилата за тргување на конкретиниот странски пазар и Општите услови на Брокерската куќа за брокерски и старателски услуги на странски пазари.
За прифаќање или одбивање на налогот од Управувачот за тргување на странски пазар одлучува Брокерската куќа согласно Општите услови и за истото го известува Управувачот во рок определен со Општите услови.
Доколку Брокерската куќа го извести Управувачот дека не постојат услови за реализација на налогот за тргување на конкретиниот странски пазар, се смета дека истиот е откажан.
Паричните средства за посредно управување со неговото портфолио на хартии од вредност, клиентот е должен да ги уплати на Наменската парична сметка, а од таму Брокерската куќа ги пренесува на Старателската парична сметка за порамнување на примените налози, во согласност со Општите услови.
Освен паричните средства, клиентот како уплата за водење на портфолио на хартии од вредност може да достави до Управувачот хартии од вредност кои веќе се наоѓаат на старателска сметка/потсметка на клиентот. Во таков случај, Управувачот е должен да достави до Брокерската куќа писмена согласност добиена од клиентот, која содржи список на хартии од вредност и нивни количини кои клиентот ги отстапува на Управувачот за посредно управување на портфолио и кои се согласува да бидат пренесени од тековната старателска сметка/потсметка на хартии од вредност на клиентот на новоотворената Старателска потсметка кај Брокерската куќа.
Член 45
Секое натамошно зголемување на портфолиото на клиентот преку дополнителна уплата на парични средства од страна на клиентот или пак преку дополнителен пренос на хартии од вредност од тековната старателска сметка/потсметка на хартии од вредност на клиентот на новоотворената Старателска потсметка, се врши согласно одредбите Трипартитниот договор и Општите услови.
Член 46
Управувачот може да дава налози за тргување на странски пазари на Брокерската куќа за посредно управување со портфолио на хартии од вредност за сметка на клиентот, само по комплетно доставување на сите документи до Брокерската куќа кои се предвидени со Трипартитниот договор, по целосно извршување на уплатата на паричните средства од страна на клиентот на Наменската парична сметка и/или по конечно завршување на преносот на хартии од вредност за кои клиентот дал согласност од неговата тековна старателска сметка/потсметка на хартии од вредност на новоотворената Старателска потсметка кај Брокерската куќа.
Член 47
Брокерската куќа се обврзува без одложување, а најдоцна следниот работен ден, да изготви извештај за Управувачот за реализираните налози за купување и/или продавање на хартии од вредност на странски пазар, согласно член 22 од овие Општи услови и да му го достави на Управувачот во рокот од член 7 став 6 од овие Општи услови, лично или преку електронска пошта.
Трансакциските трошоци настанати при реализацијата на трансакцијата паѓаат во целост на товар и се наплатуваат од портфолиото на клиентот веднаш и тоа на начин со што вредноста на трансакцијата при купување се зголемува, а при продавање се намалува за износот на провизиите.
Провизијата на Брокерската куќа и сите останати трансакциски трошоци Брокерската куќа ги наплаќа од средствата на клиентот кои се наоѓаат на Наменската парична сметка на Брокерската куќа или на друг начин во согласност со Општите услови.
Пресметка на вредноста на портфолиото
Член 48
Брокерската куќа врши пресметка на вредноста на портфолиото на клиентот според последната објавена цена на инструментот во кои се вложени средствата.
Брокерската куќа ја пресметува вкупната вредност на портфолиото, на клиентот со последниот ден од месецот.
Вкупната вредност на портфолиото на денот на вреднување претставува збир на вредноста на сите видови средства. Нето вредноста на портфолиото се пресметува врз основа на пазарните вредности на хартиите од вредност со одземање на утврдените обврски. Паричните средства и хартиите од вредност, коишто се изразени во странска валута се пресметуваат во МКД според официјалниот среден курс на НБРСМ на денот на пресметката на вредноста на портфолиото.
За сопственичките и долгорочни должнички хартии од вредност со кои се тргува на регулирани пазари за објективна вредност на денот на пресметката се смета официјалната дневна цена на определена хартија од вредност постигната на регулиран пазар.
Член 49
Вредноста на портфолиото на клиентот се утврдува четири пати во одделна календарска година и тоа според состојбата на ден 31 март, 30 јуни, 30 септември и 31 декември (во продолжение: пресметковни периоди).
Добивката на клиентот е разликата помеѓу вредноста на портфолиото на денот на утврдување и на највисоката пресметана вредност на портфолиото во претходните пресметковни периоди. При пресметката се земаат во предвид сите уплатени и исплатени парични средства во и од портфолиото и предавањето на хартиите од вредност во и од портфолиото во периодот за кој се утврдува добивката.
Дивидендите и каматите кои произлегуваат од инвестирањето на средствата се вклучуваат во вкупната вредност на портфолиото на денот на стекнување на правата над истите.
Провизијата на успех се наплатува по завршување на пресметковниот период. Доколку во пресметковниот период не е остварена добивка за Клиентот, Управувачот нема право да наплати провизијата на успех додека вредноста на портфолиото повторно не го достигне ниво над нивото на последната највисока пресметана вредност на Портфолиото.
За објективна вредност на хартиите од вредност вклучени во портфолиото за цел на пресметка ќе се смета официјалната дневна цена на определената хартија од вредност постигната на регулиран пазар на последниот ден од кварталот за кој се прави пресметката.
Кварталните извештаи за пресметката вредноста на портфолиото на клиентот Брокерската куќа ги доставува до Управувачот согласно член 41 став 1 точка 2 од овие Општи услови.
Износ на средствата во портфолиото
Член 50
Портфолиото на клиентот го сочинуваат уплатените парични средства и предадените хартии од вредност на управување. Почетниот износ на портфолиото се одредува како збир од уплатените парични средства на клиентот и предадените хартии од вредност. При тоа цената на хартиите од вредност се утврдува според последната официјално објавена цена на регулиран пазар.
Почетното портфолио на клиентот врз основа на Трипартитниот договор го утврдува Брокерската куќа и во рок од два работни дена по префрлање на договорените парични средства и хартии од вредност на клиентот се издава пресметка за почетната вредност на портфолиото, само доколку во портфолиото се внесуваат хартии од вредност.
Тековната вредност на портфолиото на Клиентот се утврдува според последната официјално објавена цена на регулираниот пазар за секој инструмент поединечно.
Член 51
Доколку клиентот ја зголемува вредноста на портфолиото со уплаќање на парични средства односно со префрлање на хартиите од вредност во портфолиото, новата вредност на портфолиото се утврдува, така што се почитува највисоката пресметковна вредност на портфолиото на клиентот пред зголемувањето, зголемена за сумата од парични средства и префрлените хартии од вредност, кои се вреднуваат во согласност со претходниот член. Брокерската куќа прави пресметка за новата вредност на портфолиото.
Член 52
Доколку клиентот ја намалува вредноста на портфолиото по негово барање, Управувачот ги продава хартиите од вредност од портфолиото и ги префрла паричните средства на трансакциска сметка на клиентот или му ги предава хартиите од вредност од портфолиото. Новата вредност на портфолиото се утврдува така што се почитува највисоката пресметковна вредност на портфолиото на клиентот пред намалувањето, намалена за сумата од паричните исплаќања или предадените хартии од вредност, кои се вреднуваат во согласност со член 48 од овие Општи услови. Брокерската куќа прави пресметка за новата вредност на портфолиото.
Надоместоци за вршење услуга на посредно управување со портфолио на хартии од вредност
Член 53
Брокерската куќа за извршувањето на брокерски и старателски услуги при посредно управување со портфолио на хартии од вредност пресметува надоместоци согласно Тарифникот на Брокерската куќа.
Сите трошоци кои ќе произлезат од користење на брокерските и старателските услуги при посредно управување со портфолио на хартии од вредност се на товар на портфолиото на
клиентот и се надоместуваат во согласност со Тарифникот и Општите услови на Брокерската куќа.
Надоместоците на Брокерската куќа за услугите од став 1 на овој член се наплаќаат од средствата на клиентот кои се наоѓаат на Наменската парична сметка на Брокерската куќа или на друг начин во согласност со овие Општи услови.
Освен надоместоците согласно Тарифникот, Брокерската куќа врши пресметка и наплата и на провизиите и надоместоците кои му припаѓаат на Управувачот:
- Влeзна провизија на вкупно инвестираните средства (пари и/или хартии од вредност ).
- Провизија на успех на вкупната добивка која ќе се утврди согласно член 49 од овие Општи услови.
- Управувачка провизија - Управувачот наплаќа годишна управувачка провизија која се пресметува врз основа на месечната нето вредност на Портфолиото,
- Излезна провизија - само во случај кога клиентот делумно или целосно ги повлекува средствата од портфолиото на свое барање.
Брокерската куќа за сите провизии и надоместоци кои му припаѓаат на Управувачот изготвува пресметка, која преку Управувачот се доставува до клиентот, а клиентот е должен да ја плати во рок од 14 дена по доставата. Доколку клиентот не ја плати во предвидениот рок, Брокерската куќа го задржува правото на наплата на обврските на клиентот од паричните средства на клиентот на Наменската парична сметка. Во случај клиентот да нема доволно парични средства за порамнување на обврските, Управувачот го задржува правото да продаде хартиии од вредност и од продажбата Брокерската куќа да ги намири обврските.
Брокерската куќа ги исплаќа средствата од наплатените провизии кои му припаѓаат на Управувачот, по доставување на фактура од страна на Управувачот.
Чување на паричните средства
Член 54
Паричните средства добиени по продажбата на хартиите од вредност на клиентот за намалување или промена на портфолиото, Брокерската куќа ги чува на Старателската парична сметка во согласност со член 2 став 1 од овие Општи услови, се до следно купување на хартии од вредност или до промена на условите или престанок на Трипартитниот договор.
Раскинување на договор
Член 55
При раскин на Трипартитниот договор, од која било догговорна страна која ќе достави писмено известување до останатите две страни, Брокерската куќа е должна во рок од десет работни дена сметано од денот на поднесување на писменото известување со кое се откажува договорот да изработи Извештај со пресметки на сите провизии и надоместоци согласно Xxxxxxxxxx и Општите услови на Брокерската куќа и на Управувачот, а Управувачот истиот да го достави до клиентот. Клиентот е должен да ги намири сите обврски по доставените пресметки во рок од 14 дена. Доколку клиентот не ги намири обврските во предвидениот рок, Брокерската куќа го задржува правото на наплата на обврските на клиентот од паричните средства на клиентот на Наменската парична сметка. Во случај клиентот да нема доволно парични средства за порамнување на обврските, Управувачот го задржува правото да продаде хартиии од вредност и од продажбата Брокерската куќа да ги намири обврските.
Брокерската куќа ги исплаќа средствата од наплатените провизии кои му припаѓаат на Управувачот, по доставување на фактура од страна на Управувачот.
Клиентот е должен во отказниот рок преку Управувачот да достави до Брокерската куќа податоци за својата лична старателска сметка во финансиска институција чувар на имот по сопствен избор на која Брокерската куќа ќе може да ги префрли хартиите од вредност од странските пазари од Старателската сметка за хартии од вредност на Брокерската куќа кај Чуварот на имот, на старателската сметка во финансиската институција чувар на имот по избор на клиентот. Доколку во портфолиото на Клиентот има парични средства кои се наоѓаат на Старателската парична сметка на Брокерската куќа кај Чуварот на имот, истите ќе се префрлат на Наменската парична сметка на Брокерската куќа и од таму заедно со сите преостанати парични средства на клиентот на Наменската парична сметка, доколку ги има, ќе се префрлат на трансакциската сметка на Клиентот.
Доколку до истекот на отказниот рок клиентот не постапи по своите договорни права и обврски и/или доколку клиентот не достави соодветни податоци за лична старателска сметка согласно претходниот став од овој член, Брокерската куќа може да го ликвидира целото портфолио на клиентот и да ги исплати само во парични средства на трансакциската сметка на клиентот.
Ризици поврзани со посредно управување со портфолио на хартии од вредност
Член 56
Вложувањето во финансиски инструменти секогаш е поврзано со преземањето на одредени ризици. Најчести ризици се:
Ризик на ликвидност - способност за продажба на финансиски инструмент или затворање на позиција во некој финансиски инструмент по пазарна цена во кое било време. Во случај на неликвиден пазар, давањето налог на продавање на вообичаена количина може да предизвика значајни флуктуации во цената, а може и налогот да не може воопшто да се изврши или да може да се изврши единствено по значително пониска цена.
Кредитен ризик - Кредитен ризик е веројатноста дека страната која е вклучена во трансакција (на пр. издавач на хартии од вредност) нема да биде во можност да ги подмири своите обврски, целосно или делумно. Ова важи, на пример, на исплата на купонска камата, отплата на доспеана главница и др.
Каматен ризик (ризик од промена на каматните стапки) - Ризикот од промена на каматните стапки претставува можност за загуба во случај на промена на висината на каматната стапка на финансискиот пазар (на пример, растот на референтната каматна стапка на пазарот може да предизвика пад на цената на должничките хартии од вредност).
Ризик од промени во цената на финансиските инструменти (пазарен ризик) - Пазарен ризик претставува можност за пад на цените на одделни финансиски инструменти, што може да доведе до намалување на приносот или намалување на вредноста на портфолиото.
Ризикот од целосна загуба - Овој вид ризик претставува можност дека некоја инвестиција целосно ќе ја изгуби својата вредност.
Ризикот од промени во даночните и другите прописи - Ризик од промена на прописите претставува веројатност дека даночните или други прописи ќе се променат на начин кој негативно ќе влијае на приносот.
Валутниот ризик е последица на движењето на девизните курсеви, кои лесно се намалуваат или пак целосно ја уништуваат капиталната добивка добиена со продажбата на хартиите од вредност.
Цената на хартиите од вредност односно вредноста на вложувањата во име и за сметка на клиентот зависи исто така и од глобалните политички односи, политичките односи во одредени региони или пак држави, од природните и еколошките несреќи, војни и други конфликтни ситуации, кризи и други однапред непредвидливи ситуации.
Клиентот во целост го превзема ризикот од загуба до која би можело да дојде со намалување на вредноста на портфолиото како резултат на падот на пазарната вредност на хартиите од вредност поради причини на кои Брокерската куќа, извршувајќи ги обврските со внимание на добар стопанственик, не можела да влијае, ниту да ги предвиди.
Брокерската куќа на клиентот не му гарантира раст на вредноста на портфолиото, ниту презема одговорност за намалување на вредноста на портфолиото, во кој било случај, освен во случаји кои се определени со Општите услови или со договорите.
ДЕЛ V
ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Деловна тајна и пренос на права
Член 57
Брокерската куќа е должна, согласно важечката регулатива да ги чува сите податоци, информации, факти и околности кои што ги добила врз основа на обезбедувањето на услугите од овие Општи услови.
Брокерската куќа, податоците кои претставуваат деловна тајна е овластена да ги открие единствено само во оние случаи и на оние лица и субјекти како што е предвидено со важечките прописи.
Клиентот ја овластува Брокерската куќа да ги достави до Брокерот за странски пазари/ Институцијата чувар на имот, сите потребни информации за Клиентот за целите извршување на неговите Брокерски и Старателски налози.
Важност на Општите услови
Член 58
На односот помеѓу Клиентот и Брокерската куќа кој настанува со прифаќање на овие Општи услови, се применува важечката законска регулатива во Република Северна Македонија.
Брокерската куќа има право еднострано да ги измени Општите услови. Сите измени и дополнувања на овие Општи услови влегуваат во сила од денот кога ќе бидат истакнати во деловните простории
Важечките Општи услови се достапни во деловните простории на Брокерската куќа во Скопје. Овие Општи услови влегуваат во сила со денот на нивното донесување.
ИНВЕСТБРОКЕР АД Скопје
Одбор на директори Претседател
Xxxxx Xxxxxxxxx