Contract
ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ И ПОИМНИК
Со овие Општи услови за платежна сметка и платежни услуги (во понатамошниот текст: Општи услови) се регулира отворањето, управувањето и затворањето на платежната сметка/платежна сметка со основни функции, правата и обврските на банката на физичките лица и правните лица во работењето со платежни сметки/платежна сметка со основни функции, трансформацијана платежната сметка во платежна сметка со основни функции и обратно, услови и начини на плаќање, начин на извршување на платежни трансакции, работење со дебитни картички, депозитна сметка, како и процесирање на платежни трансакции, банкарство и мобилна апликација, начин на комуникација, одговорност во врска со извршување на платежни трансакции, пресметка на надоместоци и камати поврзани со платежни услуги/производи, заштитни мерки во врска со извршувањето на платните трансакции, информации за заштита на корисниците на платежната сметка и платежните услуги, условите за измени, дополнувања и раскинување на договорниот однос и начини и рокови за информирање.
Овие Општи услови за платежна сметка и платежни услуги ги уредуваат условите, правата и обврските на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје („Банката“) и Корисникот (дефиниран подолу).
Овие Општи услови се составен дел на Рамковниот договор за платежна сметка и платежни услуги (во понатамошниот текст: Договор), заедно со Тарифата на надоместоци за услугите што ги врши Универзална Инвестициона Банка АД Скопје (во понатамошниот текст: Тарифа) која ги содржи сите видови и износи на надоместоци и трошоци што банката ги наплатува од Корисникот при вршење трансакции и платежни услуги и Информативниот документ за надомeстоци и Поимник (за потрошувачи), а за корисниците на интернет банкарство и мобилна апликација My Unibank и Општите услови за користење на услуги во електронските сервиси.
Согласно Законот за платежни услуги и платни системи, Општите услови, Тарифата на надоместоци, Информативниот документ за надоместоци и Поимник кои се составен дел на Договорот, се јавно објавени и достапни на веб страницата на банката на следниот линк: https://xxx.xxxxxxx.xx/mkMK/xxxxxx.xxxx#!#plateznasmetka, банката може да му ги даде наведените документи и во хартиена форма или преку друг траен медиум. Банката ги извршува платежните услуги што се предмет на овие Општи услови согласно задолжителните одредби од Законот за платежни услуги и платни системи и другите применливи закони и прописи, вклучително и прописите од областа на девизното работење, како и согласно правилата на меѓународните картични платежни шеми во кои Банката директно или индиректно учествува. Банката е директен учесник во следните платни системи: Македонски интербанкарски платен систем (МИПС), Клириншки интербанкарски систем (КИБС), Интернационален картичен систем (КАСИС). Банката е вклучена во SWIFT телекомуникациската мрежа.
Издавачот на овие Општи услови и давател на платежни услуги е Универзална Инвестициона Банка АД Скопје. Банката платежните услуги ги обезбедува во согласност со закон и во согласност со интерните акти.
За прашањата коишто не се уредни со овие општи услови, ќе се применуваат посебните одредби и услови коишто важат за конкретниот продукт/услуга.
Основни податоци за банката:
Назив: Универзална Инвестициона Банка АД Скопје
Седиште: Ул. Xxxxxx Xxxxx бр.6, Скопје
Матичен број: 4646088
Даночен број: 4030993252736
Број на сметка: 240000000000126
Свифт адреса: UIBMMK22
Веб-сајт: xxx.xxxxxxx.xx
Е-пошта: xxxxxxx@xxxxxxx.xxx.xx
Телефон за контакт: (00) 0 000-000
Банката обезбедува платежни услуги врз основа на одобрение од Народната Банка на Република Северна Македонија (НБРСМ), која е овластена да го контролира и надгледува работењето на банката, согласно законските и подзаконските прописи кои го регулираат работењето на банките.
Списокот на експозитурина банката со информации за контакт, како и овие Општи услови се достапни на веб страницата на банката: xxx.xxxxxxx.xx.
0.0.XXXXXXX
Одделни поими употребени во овие Општи услови го имаат следното значење:
-Давател на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка е давател на платежни услуги којшто ја отвора и ја одржува платежната сметка на плаќачот (во случајов Банка – Универзална Инвестициона Банка АД Скопје);
-Датум на валута - е референтно време кое давателот на платежни услуги го користи за пресметување на камата на задолжените или одобрените парични средства на платежната сметка;
-Депозит е побарување од банката во пари, со или без камата или надомест од кој било вид, наплативо веднаш или на определен рок, зависно од условите договорени при вложување на паричните средства;
-Дозволено пречекорување е склучен договор за кредит согласно со кој давателот на платежни услуги му става на корисникот на платежни услуги на располагање износ на парични средства што го надминува тековното салдо на парични средства на платежната сметка;
-Единствен регистар на сметки e национален, централизиран и електронски систем на информации и податоци за денарските и девизните платежни, депозитни или други сметки, вклучувајќи ги и платните инструменти поврзани со нив, за издадените сефови, како и за идентитетот на сопствениците на сметките и сефовите, на вистинските сопственици, на законските застапници и/или лицата што се овластени за работење со истите;
-Единствена идентификациска ознака е комбинација на букви, бројки или симболи која давателот на платежни услуги му ја одредува на корисник на платежни услуги и која при извршување на платежна трансакција задолжително се наведува заради негова недвосмислена идентификација или на неговата платежна сметка од страна на друг корисник на платежни услуги;
-Издавање платни инструменти е платежна услуга на давателот на платежни услуги врз основа на договор со плаќачот за обезбедување на платен инструмент за иницирање и обработка на платежните трансакции направени од страна на плаќачот;
-Корисник на платежни услуги е физичко лице и правно лице кое користи платежна услуга во својство на плаќач или примач или во двете својства;
-Корисник на платежни услуги – должник е физичко лице и правно лице кое е наведено како должник во платниот налог за присилна наплата;
-Кредитен трансфер е платежна услуга со која плаќачот дава инструкции на давателот на платежни услуги којшто ја одржува неговата платежна сметка за извршување на платежна трансакција или серија на платежни трансакции со која се одобрува платежната сметка на примачот;
-Клиринг (анг. clearing) е пренос, усогласување и во одредени случаи потврдување на трансакциите пред нивното порамнување, коешто може да вклучи нетирање на овие трансакции и утврдување на конечните состојби за порамнување;
-Налог за пренос е секоја инструкција од учесникот во платниот систем и/или во системот за порамнување со хартии од вредност, да се стави на располагање на примачот на налогот износ на парични средства преку негово евидентирање на сметката на давател на платежни услуги, централна договорна страна или агент за порамнување или која било друга инструкција што резултира со преземање или подмирување на обврска за плаќање како што е дефинирано со правилата за работење на платниот систем или инструкција од овластен учесник на пазарот на хартии од вредност за пренос на сопственичко право или интерес во врска со една или повеќе хартии од вредност, преку негово евидентирање на сметка за хартии од вредност во регистар или друг соодветен начин;
-Надоместок е сите трошоци и казни, доколку се предвидени, што потрошувачот ги платил или треба да ги плати на давателот на платежните услуги, за или во врска со услугите поврзани со платежната сметка;
-Плаќач е физичко лице кое има платежна сметка и се согласува за извршување на платен налог од таа сметка или во случај кога не постои платежна сметка, физичко лице кое дава платен налог;
- Политика за висина на каматни стапки – е интерен акт на Универзална Инвестициона Банка АД Скопје со која се утврдуваат видовите на каматни стапки во Банката, односно се дефинираат критериумите и начинот за одредување и менување на висината на каматните стапки за сите видови пласирани средства и средства кои се депонирани во Банката.
-Потрошувач е физичко лице кое склучува договор за платежни услуги согласно со закон заради остварување на цели кои не се поврзани со вршењето на неговата дејност или професија;
-Потрошувач со законско престојувалиште е секое физичко лице кое има пријавено живеалиште и/или престојувалиште во Република Северна Македонија согласно со закон, добиена дозвола за привремен или постојан престој согласно со закон, поднесено барање за признавање право на азил согласно со закон или важечки документи издадени од соодветен надлежен орган во Република Северна Македонија, а коишто не содржат податок за постојана адреса на живеење и/или престојувалиште;
-Платен систем е систем за пренос на парични средства заснован на формални и стандардизирани договори и заеднички правила за обработка, клиринг и/или порамнување на налози за пренос помеѓу учесниците во системот;
-Платежна сметка е сметката којашто ја одржува давател на платежни услуги на име на еден Корисник на платежни услуги и којашто се користи за извршување на платежни
трансакции;
-Платежна трансакција e внесување, повлекување или пренос на парични средства иницирани од плаќачот или во име на плаќачот или од примачот, независно од обврските кои произлегуваат од односот помеѓу плаќачот и примачот;
-Платежна трансакција со дебитна картичка е платежна трансакција заснована на картичка, вклучително и платежна трансакција со платежна картичка со претплата, којашто не претставува платежна трансакција заснована на кредитна картичка, пришто за износот на секоја платежна трансакција направена со употреба на дебитната картичка, веднаш или на крајот на однапред дефиниран период се намалува состојбата на расположливите парични средства на платежната сметка на корисникот на платежни услуги;
-Платежна трансакција преку средства за комуникација на далечина е платежна трансакција која е иницирана преку интернет банкарство или преку мобилна апликација;
-Платен инструмент е персонализиран уред(и) и/или збир на постапки договорени помеѓу корисникот на платежни услуги и давателот на платежни услуги и кои се користат за иницирање платен налог;
-Платен инструмент заснован на картичка е секој платен инструмент, вклучително картичка, мобилен телефон, компјутер или каков било друг технолошки уред што содржи соодветна платежна апликација коишто на плаќачот му овозможуваат иницирање платежна трансакција заснована на картичка, а која не е кредитен трансфер или директно задолжување;
-Примач e физичко или правно лице за кое се наменети паричните средства кои се предмет на платежната трансакција;
-Работен ден е ден на кој давателот на платежни услуги на плаќачот или давателот на платежни услуги на примачот вклучен во извршување на платежна трансакција е отворен за работа како би се овозможило извршување на платежната трансакција или ден на кој платниот систем е отворен за работа согласно со период утврден со правилата за работа на платниот систем кој ги опфаќа сите настани за време на работниот циклус на овој систем,независно во кој период од денот и ноќта се случуваат порамнувањата;
-Референтен девизен курс е девизен курс кој се користи како основа за пресметување при купување или продавање на странски платежни средства и којшто го става на располагање давателот на платежните услуги или којшто потекнува од јавно достапен извор;
-Референтна каматна стапка е каматна стапка која се користи како основа за секое пресметување на камата и потекнува од јавно достапен извор и која може да биде проверена од двете договорни страни на договорот за платежни услуги;
-Услуга за давање информации за платежните сметки е онлајн услуга за давање збирни информации за една или повеќе платежни сметки на корисникот на платежните услуги што се одржуваат кај еден или повеќе други даватели на платежни услуги;
-Услуги поврзани со платежна сметка се сите услуги што се поврзани со отворањето, одржувањето и затворањето на платежната сметка, како и договореното дозволено пречекорување и долговното салдо;
-Услуги поврзани со плаќањата се следните:
1) услуги кои овозможуваат внесување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка;
2) услуги кои овозможуваат повлекување готовина од платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка;
3) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај давателот на платежни услуги на корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги: а) извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања; б) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и в) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
4) извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги: а) извршување на директни задолжувања, вклучувајќи еднократни директни задолжувања; б) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и в) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози;
5) издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
6) парични дознаки;
7 )услуги за иницирање на плаќања x
8) услуги за давање информации за платежните сметки, како и сите дејствија на техничка поддршка неопходни за точно вршење на платежните услуги.
-Средство за комуникација на далечина е средство со кое може да се склучи договор за платежни услуги без истовремено физичко присуство на давателот на платежни услуги и корисникот на платежни услуги;
-Траен медиум е секој инструмент кој му овозможува на корисникот на платежни услуги да ги зачува информациите кои се упатени лично до него на начин што овозможува да му бидат достапни во одреден временски период соодветен на целите на нивно користење и што дозволува непроменета репродукција на зачуваните информации (пр.извод на хартија, Интернат банкарсво и мобилна аплиакција);
-Траен налог е инструкција дадена од плаќачот на давателот на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка, за извршување на кредитни трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми;
-Меѓународна платежна трансакција e платежна трансакција каде што еден давател на платежна услуга обезбедува плаќање услуга на територијата на Република Северна Македонија, и друг давател на платежни услуги на територијата на друга земја. Трансакции во денари помеѓу резиденти и нерезиденти, како и трансакции во денари меѓу нерезиденти се сметаат за меѓународни платежни трансакции;
-Парични средства се готовина (книжни и ковани пари), електронски пари или други парични побарувања од давателот на платежни услуги (средства на сметки);
-Расположливи парични средства за присилна наплата се сите парични средства на сметките на корисникот на платежни услуги - должник кај давателот на платежни услуги, освен паричните средства на сметките со посебна намена кои се издвоени согласно со закон или пропис донесен врз основа на закон и паричните средства одобрени врз основа на договор за дозволено пречекорување со давателот на платежни услуги;
-Позитивно салдо на денарска платежна сметка, позитивно салдо на сметката во кое не е вклучено дозволеното пречекорување на сметката;
-Расположливо салдо на платежна сметка во денари - позитивно салдо на сметката, во кое е вклучен и износот дозволено пречекорување на сметката;
-Листа на најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка e документ чија содржина ја утврдува НБРСМ, со стандардизирани термини и дефиниции, за кои потрошувачите плаќаат надоместок и кои ги дава барем еден давател на платежни услуги во Република Северна Македонија;
-Информативен документ за надоместоците е документ кој содржи услуги од листата на најрепрезентативни услуги поврзани со платежната сметка, како и други услуги кои банката може да ги понуди и информации и надоместоци за секоја услуга посебно;
-Извештај за наплатени надоместоци e извештај за сите наплатени надоместоци за услугите поврзани со платежната сметка и доколку е применливо, информациите за висината на каматните стапки;
-Пренесување на платежна сметка или услуга за преносливост е спроведување на пренесување по барање на Корисникот, од еден кон друг давател на платежни услуги на: информации за сите или определени трајни налози за кредитни трансфери, повторливи директни задолжувања и повторливи приливни кредитни трансфери кои се извршуваат во корист или на товар на платежната сметка на Корисникот и/или пренос на позитивното салдо на сопствените парични средства на платежна сметка отворена кај друг давател на платежни услуги, со или без затворање на платежната сметка од која се врши преносот.
Сите термини кои не се конкретно дефинирани во овие Општи услови, а се однесуваат на платежните услуги и услугите со дебитни картички, банкарски услуги или други платежни услуги го имаат значењето утврдено со Законот за платежни услуги и платни системи, како и соодветните прописи.
2. ПЛАТЕЖНА СМЕТКА И ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
2.1. Отворање и работење со платежна сметка за резиденти и нерезиденти
Банката согласно законска регулатива може да отвори платежна сметка во денари/девизи за резиденти и нерезиденти (физички и правни лица) и платежна сметка со основни функции исклучиво само во денари (физички лица). Начинот на отворање, одржување и затворање на овие сметки се врши согласно Договорот и овие Општи услови.
Банката на барање од Корисникот или лицето кое дејствува во негово име и за негова сметка може да отвори платежна сметка во денари и/или во девизи. При отворањето на платежната сметка, Корисникот или лицето кое дејствува во негово име и за негова сметка со банката склучува и потпишува Рамковен договор за платежна сметка и платежни услуги (во понатамошен текст: Договор). По склучување на Договорот банката ја отвора платежната сметка.
Корисникот може да отвори повеќе платежни сметки. За отворање на секоја наредна платежна сметка Корисникот е должен до банката да достави барање за отворање платежна сметка. За секоја нова платежна сметка, Корисникот склучува нов Договор.
Корисникот може да отвори повеќе платежни сметки во денари и една платежна сметка во девизна валута во банката за која било цел која е во согласност со важечките прописи. Банката ја отвора платежната сметка во девизи како мултивалутна, односно на сметката може да се вложуваат средства во сите валути наведени во курсната листа на банката. Банката го задржува правото да го ограничи работењето со одредена валута од курсната листа.
Банката може да одбие да склучи Договор по сопствена оценка по спроведена анализа и во тој случај банката нема да биде одговорна за каква било штета доколку настане како резултат на тоа.
Банката ќе го извести Корисникот за причините за одбивањето и само за случаите дозволени со закон.
Корисникот се обврзува да внимава и да ја користи сметката во согласност со постојната регулатива, барањата на Банката, овие Општи услови и специфичните услови за конкретната платежна услуга, пропишани во договорот потпишан со Банката. Корисникот на платежна сметка нема да дозволи користење на сметката, лично или преку трети лица, за измамнички или незаконски цели, нема да ја загрозува безбедноста на сметката или безбедноста на сметките на други клиенти преку неовластени обиди за пристап, ниту да врши било какви дејствија што би можеле да наштетат на угледот или кредибилитетот на Банката.
За одржување (водење) на сметката Банката пресметува и наплатува надомест согласно Тарифата на Банката, во зависност од видот на сметката и користените услуги.
2.1.1. Отворање платежна сметка за резиденти физички лица
Банката отвора платежни сметки на полнолетни домашни физички лица и тоа на:
- лица со постојано место на живеење во Република Северна Македонија,
- физички лица кои согласно законската регулатива во Република Северна Македонија имаат третман на резиденти.
Банката дозволува отворање на платежни сметки и на малолетни лица и на лица на кои им е одземена или ограничена деловната способност исклучиво на барање на законски застапник односно старател, согласно законските прописи и одредбите на овие Општи услови.
Корисникот на сметка е должен при отворање на платежна сметка да ја достави до банката следнава документација:
• Важечки документ за идентификација,
• За нерезиденти кои согласно законската регулатива имаат третман на резиденти - важечка виза за престој односно работна виза во траење од најмалку 6 (шест) месеци од која може да се утврди местото на привремен престој во РСМ;
• Апликација/барање за идентификација/ажурирање на клиент (физичко лице),
• Барање за отворање на платежна сметка,
• Кон барањето се доставува и приемрок на потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негоа сметка и нивен важечки документ за идентифијација. Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на нотар,
•За малолетни лица, родителот доставува извод од матична книга на родени (оригинал или копија заверена на нотар),
•За лица под старателство – старателот доставува одлука/решение за назначување на старател, лична карта или извод од матична книга на родени (оригинал или копија заверена на нотар), како и друга документација која банката има обврска да ја обезбеди согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти. Доколку е возможно идентификација може да се изврши и со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со закон.
Корисникот на платежна услуга е одговорен за вистинитоста и комплетноста на сите податоци врз основа на кои банката отворила платежна сметка и е должен да ја надомести на банката секоја евентуална штета, загуба или трошок настанат како резултат на доставување лажни и/или нецелосни податоци.
Корисникот на платежна услуга е должен да ја ажурира документацијата за платежната сметка во законски утврдените периоди и рокови како и согласно динамика за ажурирање утврдена со интерните акти на банката, во спротивно, банката го задржува правото да го ограничи работењето преку истата се до доставување на неопходната документација или ажурирање на личните податоци од страна на Корисникот.
2.1.2. Отворање платежна сметка на нерезиденти физички лица
Важечки документ за идентификација - патна исправа или важечка лична карта ако лицето доаѓа од земја членка на ЕУ или од држава со која РСМ има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување од која се утврдува постојано место на живеење во странство;
• Доколку во документот недостига податокот за адреса на живеење, потребно е да се достави дополнителен документ со адресни податоци;
• Кон барањето се доставува и примерок на потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негова сметка и нивен важечки документ за идентифијација. Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на нотар,како и друга документација која банката има обврска да ја обезбеди согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти. Доколку е возможно идентификација може да се изврши и со употреба на средства за електронска идентификација издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со закон.
2.1.3. Отворање платежна сметка со основни функции во денари – овие одредби ќе се применуваат исклучиво кај Корисник - потрошувач (во натамошниот текст: Потрошувач) кој отвора платежна сметка со основни функции
Во рамки на Договорот и на барање на Потрошувачот- или лицето кое дејствува во негово име и за негова сметка банката може да отвори платежна сметка со основни функции само доколку лицето ги исполнува условите предвидени во Законот. Платежната сметка се отвора и гласи во денари. При отворање на платежната сметка со основни функции Потрошувачот потпишува и изјава под морална и материјална одговорност дека не поседува друга платежна сметка во денари во земјата со оглед на тоа што законската регулатива не дозволува Потрошувачот да поседува друга платежна сметка кај истата или кај друга банка во РСМ. При отворање на овој тип на сметка Потрошувачот ја доставува истата документација како за отворање на редовна платежна сметка.
Банката во законски утврдениот рок од 10 работни дена ќе му одговори на Потрошувачот дали му е одобрено отворањето на платежна сметка со основни функции. Банката во истиот рок може и да го одбие барањето доколку:
• потрошувачот веќе има отворено платежна сметка во денари кај истиот или друг давател на платежни услуги во Република Северна Македонија
• воспоставувањето деловен однос на давателот на платежни услуги со потрошувачот кој го поднел барањето е спротивно на прописите со кои се уредува откривањето и спречувањето перење пари и финансирање тероризам;
• не изминал период од најмалку 12 месеци од датумот на еднострано раскинување на рамковниот договор за платежната сметка со основни функции од членот доколку потрошувачот не доставил писмена изјава.
Доколку Банката го одбие барањето за отворање платежна сметка со основна функција, по писмен или електронски пат, без надоместок, го известува Потрошувачот за одбивањето со образложение на причините за одбивањето, освен во случај кога откривање на причините за одбивањето би било спротивно на целите на националната безбедност, јавниот ред и мир или прописите со кои се уредува откривање и спречување перење пари и финансирање на тероризмот.
На барање на Потрошувачот, доколку се исполнети законски предвидените услови, неговата платежна сметка може да се трансформира во платежна сметка со основни функции, како и платежната сметка со основни функции на барање на Потрошувачот може да се трансформира во платежна сметка. Во зависност од типот на сметката соодветно се применуваат одредбите од овие Општи Услови.
Потрошувачите кои имаат отворено платежна сметка со основни функции имаат право на :
- пет бесплатни безготовински транскации во интерен клиринг (безготовински налози реализирани преку шалтер, преку интернет банкарство, мобилна апликација или со траен налог);
- увид и располагање со средствата на сметката преку дебитна картичка која се тарифира согласно редовна тарифа на банката;
- увид и располагање со сметката преку интернет банкарство, мобилна апликација кое се тарифира согласно редовна тарифа на банката.
Месечниот надомест за водење на платежна сметка со основни функции не може да биде повисок од 0,1% од подвижниот просек на просечна плата во РСМ за последните 12 месеци. Првите 5 трансакции реализирани во интерен клиринг на банката се бесплатни, а сите останати се тарифираат согласно тарифата на банката. Потрошувач кој има отворено платежна сметка со основни функции не може да има девизна сметка во банката ниту да користи дозволено пречекорување. За користење на овие услуги корисникот треба да поседува платежна сметка или да направи трансформација на платежната сметка со основни функции во платежна сметка.
Согласно Законската регулатива Потрошувачот може да побара платежната сметка со основни функции да биде ослободена и од месечниот надомест за водење сметка доколку Потрошувачот е примател на следните законски права:
1) законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката,
2) надоместок поради телесно оштетување според прописите за инвалидското осигурување,
3) парична помош од социјална заштита,
4) привремена невработеност,
5) додаток на деца и
6) стипендија, кредит и помош на ученици и студенти.
Со цел Потрошувачот да го користи правото на ослободување од месечниот надомест за водење сметка со основни функции потребно е во банката да приложи решение/потврда од соодветна институција не постара од 6 месеци. Преоцена за ослободување од месечниот надомест за водење платежна сметка банката ќе врши најмалку еднаш во годината. Потрошувач кој има отворено платежна сметка со основни функции ослободена од месечен надомест не може да има девизна сметка во банката ниту да користи дозволено пречекорување.
2.1.4.Отворање платежна сметка за правни лица
Резиденти правни лица
• Решение за упис од Централен Регистар или Решение за упис во трговскиот регистар, во хартиена форма или електронски потпишано со квалификуван електронски сертификат или Тековна состојба издадена од Централен Регистар не постара од 3 (три) месеци - во оригинал или копија заверена на нотар;
• Тековна состојба за вистински сопственик;
• Акт од надлежен орган за основање, ако учесникот не е запишан во регистар;
• Извод од законот, ако учесникот е основан согласно со закон;
• Решение од надлежниот суд за отворање стечајна постапка или известување од Централен регистар до банките за отврање стечајна постапка;
• Заверен потпис на лицата овластени за застапување (ЗП Образец) оригинал или копија заверена на нотар;
• Копија од актот или одлуката каде се докажуваат полномошната на лицата за располагање со средствата од сметката (освен кога законскитот/те застапник/ци е/се единствени лица кои располагаат со средствата од сметката);
• Барање за отворање на платежна сметка,
• Кон барањето се доставува и примерок на потписите на лицата кои дејствуваат во негово име и за негоа сметка и нивен важечки документ за идентифијација. Потписите на овие лица е потребно да се депонираат кај Банката или да бидат заверени на нотар,
• Важечки документ (лична карта или пасош) на лицата овластени за работа со сметката и за вистинските сопственици (нотарски заверени копии) и
• Податоците за вистинскиот сопственик се обезбедуваат од оригиналната или заверената документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци, во случаите на сложена сопственичка структура.
Нерезиденти – правни лица и претставништва на странски фирми:
• Извод од трговскиот регистар или друг регистар каде што се води евиденцијата за правните лица во земјата во која е регистриран субјектот не постар од три месеци, од кој може да се утврди датумот на неговото основање, називот, правната форма, седиштето, даночниот број или друг регистрациски број на правното лице, законскиот застапник, органот на управување или лицата овластени за воспоставување на деловен однос и дејноста којашто ја врши, преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач - во оригинал или копија заверена на нотар;
• Податоците за вистинскиот сопственик се обезбедуваат од оригиналната или заверената документација од трговски, судски или друг јавен регистар, која не смее да биде постара од шест месеци исто така преведени на македонски јазик од овластен судски преведувач;
• За дипломатско преставништво на странска земја или преставништво на меѓународна организација - документ издаден од Министерство за надворешни работи на РСМ или решение за упис или тековна состојба од трговскиот регистар и регистарот на други правни лица од регистарот на Централниот регистар на РСМ;
• Документ за идентфикација на дејноста. Доколку не може да се утврди од изводот од регистарот каде се води правното лице треба да се обезбеди;
• Изјава од управителот/те на нерезидентот правно лице за основната дејност заверена од нотар,
• Изјава од нотар дека во соодветна земја при регистрација на правното лице во содветната земја немаат обврска да определат дејност;
• Копија од статут или друг документ за основање;
•Спесимен на потписите на лицата кои ќе отвараат/работат со сметката потпишан од законскиот застапник и
• Важечки документ (лична карта или пасош) на лицата овластени за работа со сметката и за вистинските сосптвеници (нотарски заверени копии).
Нерезиденти – дипломатски претставништва на странски земји или меѓународни организации
• Документ издаден од Министерството за надворешни работи на РСМ или решение за упис или тековна состојба од трговски регистар и ргистарот на други правни лица од регистарот на Централен регистарна РСМ
• Важечки документ за лична идентификација на одговорното лице;
• Спесимен на потписите на лицата кои ќе отвараат/работат со сметката потпишан од одговорното лице и нивен важечки документ за лична идентификација.
• Банката врши проценка и одлучува по барањето за отворање сметка.
Корисникот на платежна услуга е одговорен за вистинитоста и комплетноста на сите податоци врз основа на кои банката отворила платежна сметка и е должен да ја надомести на банката секоја евентуална штета, загуба или трошок настанат како резултат на доставување лажни и/или нецелосни податоци.
Корисникот на платежна услуга е должен да ја ажурира документацијата за платежната сметка во законски утврдените периоди и рокови како и согласно динамика за ажурирање утврдена со интерните акти на банката, во спротивно, банката го задржува правото да го ограничи работењето преку истата се до доставување на неопходната документација или ажурирање на личните податоци од страна на Корисникот.
Банката може самостојно да отвори сметка на име на Корисникот на платежни услуги потребна за извршување на одредено плаќање или друга Банкарска услуга што ја бара Корисникот на платежни услуги, како и да ја затвори оваа сметка по извршување на услугата за која била потребна сметката за што Корисникот на платежни услуги, со потпишување на конкретниот договор со Банката, дава изрична согласност.
При отворање на валутна сметка, Банката ја означува со меѓународен број на платежната сметка (IBAN) утврдена согласно со меѓународните правила и стандарди.
За отворање на сметката, Корисникот на платежни услуги на сметката плаќа надоместок на Банката во согласност со важечката Тарифа на надоместоци.
Банката води Регистар на сите сметки кој што се отворени во Банката. Податоците во тој регистар Банката ги пополнува врз основа на доставената документација приложена со барањето за отварање на сметките и од документацијата доставена за промена на одредени податоци приложена со барањето за промена.
Податоците од регистарот на платежни сметки во денари, Банката, согласно законската регулатива го доставува до единствениот регистар на сметки (ЕРС).
Корисникот на платежни услуги е должен да ја извести Банката за сите статусни и други промени, најдоцна во рок од 7 (седум) дена од денот на настанување на промената. Со барањето за промена, Корисникот е должен да достави и соодветна документација.
Банката ќе врши ажурирање на податоците на Корисникот на платежни услуги при поднесување на барање за промена на податоци од страна на клиентот, како и почесто, а по проценка на Банката.
Промена на лицата овластени за застапување на правните лица, Корисникот на платежни услуги ја докажува со решение за упис на промената во Централен Регистар на РСМ.
2.1.5. Располагање со средствата од платежна сметка
Со средствата од платежна сметка, Корисникот може да располага на следниве начини:
преку шалтерите на банката,
со платежните инструменти,
со користење на интернет банкарство и мобилната апликација MY Unibank и
со дебитна картичка поврзана со платежната сметка во денари.
Корисникот може да ги спроведува безготовинските и готовинските трансакции од платежната сметка само во висина на расположливото салдо на сметката и дозволеното пречекорување
За располагање со средствата на сметката на шалтерите на банката, Корисникот е должен да се идентификува со документ за идентификација.
На барање на Корисникот, банката издава дебитна картичка која е поврзана со платежната сметка во денари.
Корисникот може да овласти друго лице да располага со средствата на сметката, врз основа на писмено овластување дадено во присуство на овластен вработен на банката или врз основа на писмено овластување заверено од нотар или друг надлежен орган/институција прифатливи за банката.
Полномошното дадено во просториите на банката важи неограничено или до рокот за кој е дадено. Доколку полномошното е дадено пред овластена институција има важност согласно интерните акти на банката за што корисникот ќе биде соодветно информиран. Во секој случај полномошното престанува да важи во моментот на негово писмено отповикување од Корисникот или овластеното лице. Корисникот е должен веднаш да ја извести банката во случај на отповикување на полномошното.
Банката има право да ја задолжи сметката на Корисникот согласно законските прописи и договорните овластувања дадени од страна на Корисникот во Договорот.
Корисникот е должен веднаш да го покрие недозволеното долговно салдо на платежните сметки.
Корисникот е согласен банката да го наплатува недозволеното долговно салдо на сметката со целосно задржување на приливите кои ќе пристигнат на платежната сметка по било кој основ, се до негово потполно измирување.
Доколку Корисникот не го покрие недозволеното долговно салдо, банката има право да поведе постапка за присилна наплата за наплата на своето побарување.
2.2. Платежни услуги:
Платежни услуги се услуги кои овозможуваат:
1) внесување и повлекување готовина на платежна сметка, како и сите активности поврзани со отворање, одржување и затворање на таа сметка;
2) извршување на платежни трансакции, вклучувајќи пренос на парични средства на платежна сметка кај банката на Корисникот на платежни услуги или кај друг давател на платежни услуги:
а) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и
б) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози.
3) извршување на платежни трансакции кај коишто паричните средства се обезбедени со кредитна линија за корисникот на платежни услуги:
а) извршување на платежни трансакции со платежни картички или слични телекомуникациски, дигитални или информатички уреди, и
б) извршување на кредитни трансфери, вклучувајќи трајни налози.
4) издавање платни инструменти и/или прифаќање платежни трансакции;
5) парични дознаки;
6) услуги за иницирање на плаќања, и
7) услуги за давање информации за платежните сметки.
Со цел платен налог да биде правилно инициран и извршен потребно е да се користи единствената идентификациска ознака за број на сметка (bban) или спецификација на информации (IBAN, SWIFT), доколку станува збор за пренос од/кон странство.
Максималниот рок на извршување на платежните услуги е согласно Термински план кој е составен дел на Тарифата на надоместоци која е јавно објавена на веб-страницата на банката.
Корисникот и банката може да договорат ограничување на износот на средставата при користењето на одреден платен инструмент.
Корисникот има право од банката да побара да му издаде два или повеќе различни платежни брендови на платни инструменти засновани на картичка, под услов таквата услуга да се нуди од страна на банката. Информациите за сите расположливи брендови на картички и нивните карактеристики, вклучително и за нивната функционалност, сигурносните карактеристики и трошоците поврзани со нив се ставени на располагање и јавно објавени на веб-страницата на банката на следниот линк: https://www.unibank.mk/mk-MK/pocetna/fizicki-lica/karticki/debitni-karticki.nspx за физички лица и https://www.unibank.mk/mk-MK/karticki-pravni.nspx#!#business-debit за правни лица.
Налозите за пренос што Корисникот ги доставува во банката мора да бидат пополнети согласно важечките прописи и стандарди за извршување платежни трансакции. Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во налогот. Банката нема да земе предвид и нема да постапува по налози со стар датум на извршување, непотполни или неправилно пополнети налози. Корисникот може да извршува плаќања во корист на иматели на сметки во други банки во земјата преку системот на Клириншката куќа (КИБС), каде плаќањата се сметаат за конечни по извршеното порамнување на сметките на банките во системот на НБРСМ и преку системот на порамнување на НБРСМ т.н. МИПС.
Корисникот може да извршува плаќања во корист на иматели на сметки во други странски и домашни банки преку SWIFT системот. Банката има право во секое време да побара дополнителна документација од Корисникот при извршување на налозите и да одбие или стопира извршување на одредена трансакција согласно законската, подзаконската регулатива и интерните акти.
Авторизирана платежна транскација е онаа транскација за која Корисникот или овластеното лице дало согласност за извршување, а банката истото го потврдила:
- Во експозитурите на банката: со достава на правилно пополнет платен налог, со потпишување од Корисникот и преземање на примерок од платен налог со печат како потврда за процесирање на транскацијата;
- Со картичка: предавање на картичката, вметнување на картичката во банкомат и со внесување на ПИН, со вметнување на картичката во ПОС терминал и со внесување на ПИН, или со потпишување на потврдата на ПОС терминалот кој нема ПИН модул, со допирање на картичката на бесконтактниот екран читач и со внесување на ПИН при бесконтактни плаќања за износи дефинирани со правилата на глобалните платежни системи, односно кодот трансакции направени онлајн (плаќања за е-трговија) со внесување број на картичка, датум на истекување и CVV/CVC код, како и еднократен код за онлајн плаќања, доколку е побарано од продажното место;
- Преку интернет банкарство или мобилна апликација користејќи ги елементите за автентикација во согласност со важечките регулативи и конкретната апликација. На одредени продажни места каде што поради брзината на извршување трансакции или технолошки предуслови, согласно позитивните прописи на меѓународните картични шеми за бесконтактно плаќање односно трансакции без потпис на корисникот или внесување на ПИН, Корисникот дава согласност за извршување на таквите трансакции со самиот чин на користење картичка.
- Преку потпишан Договор за налог или Договор за траен налог со соодветни инструкции за плаќање.
2.2.1. Примање на налог за пренос
Банката ги извршува налозите за пренос во согласност со важечките прописи и овие Општи услови. Налози за пренос се оние кои се иницирани на следниот начин:
- на хартија, преку експозитури/Централата на банката, електронски, користејќи ги договорените канали за дистрибуција на банката,
- 1користење на услугата за иницирање плаќање од страна на давателот на услугата за иницирање плаќање (одложена примена согласно законска регулатива ) и
-преку онлајн продажни места, врз основа на правни и договорни односи (пр.обврски по кредитни производи и сл).
Хартиените налози кои се доставуваат до Експозитурата на банката можe да ги поднесе Корисникот или лицата кои се овластени од страна на Корисникот.
Време на прием на платниот налог е моментот кога банката го примила платниот налог. Банката ја задолжува платежната сметка на плаќачот по приемот на платниот налог. Ако времето на прием на платниот налог е во неработен ден за банката на плаќачот се смета дека платниот налог е примен следниот работен ден. Времето на прием на налог за пренос е дефинирано со Терминскиот план според кој работи платниот систем, кој е составен дел од Тарифата на надоместоци и кој е достапен на веб-страницата на банката. Банката може да го изврши налогот за пренос и по истекот на рокот за извршување на налогот за пренос утврден со Терминскиот план за платежни трансакции доколку тоа е последица на дополнителна проверка на документација побарана согласно законска регулатива и не е одговорна за задоцнето извршување на налогот за пренос.
За налозите за пренос со иден датум, Корисникот мора да обезбеди доволно покритие на платежната сметка на почетокот на датумот наведен како датум на извршување, во спротивно банката го задржува правото да не го изврши налогот за пренос. Налозите за пренос примени во банката со иден датум на реализација, банката ќе ги реализира, без оглед на тоа дали до датумот на реализација на налогот се направени промени на овластените потписници на сметката. Во ваков случај банката не сноси никаква одговорност за реализираниот налог со оглед на тоа дека во моментот на приемот истиот бил уредно потпишан од овластен потписник и до неговата реализација не бил отповикан согласно овие Општи услови. При плаќање, наплата, пренос на добивка, купување и продавање на недвижен имот, акции и хартии од вредност, Корисникот е должен да ги почитува законските прописи, а банката не одговара во случај на прекршување на овие прописи.
Корисникот не ги доставува до банката документите врз основа на кои се врши МКД плаќања (договори, фактури, решенија и сл.), но е должен да ги чува документите со кои се докажува обврската и се утврдува основата на плаќањето.На барање на банката или на надлежен орган, Корисникот е должен наведените документи да ги достави до банката или до надлежниот орган на увид.
2.2.2. Извршување на налогот за пренос
Банката ќе го изврши налогот за пренос доколку се исполнети сите следни услови:
- налогот за пренос да е примен во согласност со овие Општи услови и терминскиот план за платежни трансакции
- на платежната сметка на плаќачот има расположиви средства за извршување на налогот за пренос и надоместот за истиот согласно Тарифата на надоместоци,
- во налогот за пренос да се пополнети сите задолжителни елементи,
- елементите не се поправани, пречкртувани, избришани или на друг начин променети,
- платежната трансакција е спроведена на договорениот начин,
- не постојат законски пречки за извршување на платежната трансакција,
- доколку на барање на банката, а од страна на корисникот е обезбедена целосна и комплетна документација која е потребна за извршување на прегугранични трансакции согласно Законот за девизно работење и Подзаконскиот акт за извршувње платежни трансакции со странство и
- трансакцијата е согласно прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам.
Налозите за пренос доставени до банката во хартиена форма мора да бидат потпишани од Корисникот или од овластеното лице на сметката.
Налозите за пренос примени во банката по електронски пат се потпишуваат на однапред договорениот начин согласно Општите услови за користење на услуги во електронските сервиси.
При извршување на прекугранични платежни трансакции, банката ќе го достави платниот налог инициран од плаќачот до странската банка со датум на валута најдоцна третиот работен ден по денот кога платниот налог е примен.
Конечен датум на прием на платниот налог се смета дека е датумот кога Корисникот ја обезбедил комплетната и уредна документација за извршување на прегугранични трансакции согласно Законот за девизно работење и Подзаконскиот акт за извршувње платежни трансакции со странство и освен во случаи ако со плаќачот не е поинаку експлицитно договорено.
За прекугранични платежни трансакции во евра кон Европската економска област, банката ќе обезбеди износот на платежната трансакција да биде одобрен на сметката на банката на примачот најдоцна до крајот на следниот работен ден по денот на приемот на платниот налог. Конечен датум на прием на платниот налог се смета дека е датумот кога Корисникот ја обезбедил комплетната и уредна документација за извршување на прегугранични трансакции согласно Законот за девизно работење и Подзаконскиот акт за извршувње платежни трансакции со странство и освен во случаи ако со плаќачот не е поинаку експлицитно договорено.
Платежна трансакција е авторизирана ако плаќачот дал согласност за извршување на платежна трансакција или серија платни трансакции од кои таа трансакција е дел. Корисникот дава согласност за извршување на платежна трансакција на следите начини:
- во Експозитура/Филијала/Централата на банката со потпишување на налогот,
- преку Интернет банкарство или мобилна апликација,
- преку налог / траен налог – со потпишување на Договор за налог / траен налог и
- со користење на дебитна картичка доколку е корисник на истата.
Во случај на иницирање платежна трансакција преку давател на услуги за иницирање плаќање, плаќачот му дава експлицитна согласност на давателот на услугата за иницирање плаќање да иницира платежна трансакција.
Корисникот е одговорен за точноста и комплетноста на податоците на налозите за пренос и банката не одговара за претрпената штета на Корисникот доколку на банката и доставил неточни или непотполни податоци за платежната трансакција.
Во случај на уплата на средства на платежната сметка на Корисникот отворена кај банката, банката го става на располагање на Корисникот износот на трансакцијата во истиот работен ден во кој ги примила средства во согласност со терминскиот план за платежни трансакции за извршување на платните трансакции. Доколку средствата се примени во неработен ден ќе се сметаат за примени следниот работен ден.
Времето на прием на налог за пренос е дефинирано со терминскиот план за платежни трансакции, кој е составен дел на Договорот и кој е достапен и на веб-страницата на банката.
Неизвршувањето на налогот за пренос поради немање расположивост на платежната сметка на Корисникот не се смета за одбивање на налогот за пренос и банката не е должна за тоа да го извести Корисникот.
Корисникот е должен да ги достави до банката, на нејзино барање и во рокот определен од банката, сите податоци и документација што ги бара банката за да се потврди дали извршувањето на налозите за пренос е во согласност со прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам или други задолжителни прописи и Корисникот се согласува дека банката е овластена да го прекине извршувањето на налозите за пренос додека Корисникот не ги достави сите барани податоци и документација.
Доколку Корисникот не ги достави бараните податоци и документација во определениот рок, банката е овластена да го одбие извршувањето на налогот за пренос.
Банката може да го изврши налогот за пренос и по истекот на рокот за извршување на налогот за пренос утврден со терминскиот план за платежни трансакции за извршување на платните трансакции доколку тоа е последица на проверка на наведените околности, и не е одговорна за задоцнето извршување на налогот за пренос.
2.2.3. Одбивање на налог за пренос
Банката може да одбие да изврши налог за пренос доколку не се исполнети сите услови за извршување на налогот и доколку банката утврди или се сомнева дека извршувањето на налогот би било спротивно на прописите за спречување перење пари и финансирање на тероризам, или друга законска и подзаконска регулатива. Во тој случај, ќе се смета дека налогот за пренос не е примен, а банката ќе го информира Корисникот за одбиениот налог и доколку е можно и за причините за одбивањето и за постапката за исправка на грешките што довеле до одбивање на налогот за пренос. Банката може да побара од Корисникот да плати надомест за наведеното известување доколку одбивањето да се изврши налогот за пренос било објективно оправдано.
Корисникот е одговорен за точноста и потполноста на податоците во платниот налог. Банката не одговара за евентуалната штета која би настанала кај Корисникот заради извршување на погрешно, нецелосно пополнети, фалсификувани или променети налози за плаќање. Платните налози кои не ги исполнуваат условите за прием и постапување по истите, банката ги одбива и најдоцна следниот работен ден ги враќа на Корисникот.
Банката не одговара во случај на прекин на услугите поврзани со извршување на платежни услуги и за последиците од настанатиот прекин, кој е надвор од контрола на банката или последица на виша сила и околности кои не можеле да бидат однапред предвидени, спречени, отстранети или избегнати.
2.2.4. Oтповикување на налогот за пренос
Корисникот на платежна услуга може во писмена форма да ги отповика налозите за пренос. Писменото отповикување на налог за пренос мора да биде потпишано од Корисникот на платежна услуга.
Корисникот на платежна услуга може да го отповика налогот за пренос со иден датум најдоцна до 16.00 часот на работниот ден што му претходи на датумот определен за почеток на извршување на налогот.
Во случај на неприфаќање на барањето за отповикување од страна на банката на примачот, банката го известува Корисникот на платежна услуга наведувајќи ги причините за неприфаќањето на отповикувањето.
Доколку налогот за пренос е инициран од или преку примачот, Корисникот на платежна услуга не може да го отповика налогот по извршување на налогот или откако на примачот му дал согласност да ја изврши платежната трансакција. За отповикување на оваа платежна трансакција по наведениот рок потребна е согласност од примачот.
Банката на Корисникот на платежна услуга му наплатува надоместок за отповикување на налогот за пренос согласно Тарифата.
2Доколку налогот за пренос е инициран преку давател на услугата за иницирање на плаќање, Корисникот на платежна услуга не може да го отповика налогот за пренос откако ќе даде согласност за негово иницирање на давателот на услугата за иницирање плаќање (одложена примена согласно законска регулатива).
32.2.5 Услуга за преносливост на платежни сметки и платежни услуги (одложена примена согласно законска регулатива)
Банката на Корисникот имател на платежна сметка му овозможува користење на услугата за преносливост на платежнa сметкa и платежни услуги во иста валута во којашто гласат, кај нов давател на платежни услуги (во понатамошниот текст Банка што го прима пренесувањето), по поднесување на Барање од страна на Корисникот и согласно овие Општи услови.
Корисникот може да побара извршувањето на сите или поединечни платежни услуги од платежната сметка отворена во Банката да се пренесе кај кај друга Банка каде лицето има отворено платежна сметка. Промена на извршување на платежните услуги , Корисникот може да изврши со или без пренос на парични средства на платежната сметка кај другата Банка, како и со или без затворање на платежната сметка отворена во Банката што го врши пренесувањето.
Банката нема да овозможи пренос на средствата од платежната сметка кај друг давател на платежни услуги доколку истата е неактивна, блокирана, отворена за посебни намени, која е ограничена за располагање, сметки на кои се чуваат електронски пари, сметка поврзана со кредитна картичка и сметки отворени согласно правосилна судска одлука.
Банката што го прима пренесувањето го започнува спроведувањето на услугата преносливост врз основа на Барање за пренесување потпишано од страна на Корисникот. Во барањето Корисникот ја овластува Банката што го врши пренесувањето да и достави на Банката што го прима пренесувањето информации за:
- листа на постоечките трајни налози за кредитни трансфери и информации за мандатите за директните задолжувања што се пренесуваат, а доколку изречно побарал листата да ја достави и до Корисникот;
- расположливи информации за повторливите приливни кредитни трансфери и за мандатите за директни задолжувања, што се извршени во корист или на товар на платежната сметка на Корисникот во претходните 13 месеци, а доколку изречно побарал информациите се доставуваат и до Корисникот;
- да прекине со прием на директни задолжувања и на приливни кредитни трансфери од датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка доколку Банката што го врши пренесувањето нема воспоставен систем за автоматско пренасочување на приливните кредитни трансфери и на директните задолжувања кон платежната сметка на Корисникот што се отвора или ја има отворено кај Банката што го прима пренесувањето.
- да ги отповика трајните налози од датумот определен во барањето за пренесување на платежната сметка;
- да го пренесе преостанато позитивно салдо на парични средства на платежната сметка на Корисникот што се отвора или ја има отворено кај Банката го прима пренесувањето на платежната сметка на датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка и
- да ја затвори платежната сметка на датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка.
Банката што го прима пренесувањето во рок од два работни дена доставува до Банката што го врши пренесувањето копија од Барањето заедно и копија од документот за идентификација на Корисникот за постапување согласно барањето.
Банката што го врши пренесувањето има обврска:
- да ги даде сите побарани информации согласно Барањето од Корисникот доставено преку Банката што го прима пренесувањето и да постапи по истото во рок од пет работни дена доколку се исполнети условите за нивно пренесување согласно ЗПУПС,
- да прекине со прием на приливни кредитни трансфери и на директни задолжувања од датумот определен во овластувањето за пренесување,
- да ги отповика трајните налози од датумот определен во овластувањето за пренесување
- да го пренесе преостанато позитивно салдо на парични средства на платежната сметка на Корисникот што се отвора или ја има отворено кај Банката што го прима пренесувањето на платежната сметка на датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка и
- да ја затвори платежната сметка на датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка, доколку: а) Корисникот на платежни услуги нема неизмирени обврски за платежната сметка што се затвора кон Давателот на платежни услуги што го врши пренесувањето на платежната сметка и б) во целост ги спровел активностите наведени во алинеи 1, 2 и 4 од овој став.
Доколку Банката што го врши пренесувањето неможе да одговори во горенаведените рокови, ќе ја извести Банката што го прима пренесувањето за причините за неможност за постапување.
Банката што го прима пренесувањето во рок од 5 работни дена по прием на бараните инфомрации има обврска да ги спроведе следните активности:
- да започне со извршување на трајните налози за кредитни трансфери коишто ги побарал Корисникот од датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка;
- да се обиде да ги информира плаќачите коишто вршат повторливи приливни кредитни трансфери во корист на платежната сметка на Корисникот за податоците на платежната сметка отворена кај Банката што го прима пренесувањето и да им достави копија од Барањето. Доколку Банката што го прима пренесувањето не ги поседува сите информации потребни за информирање на плаќачите од Корисникот или Банката што го врши пренесувањето може да ги побара информациите што недостасуваат,
- да го извести Корисникот за неговите специфични права доколку се користи директно задолжување,
- да ги направи сите потребни подготовки за прифаќање на директни задолжувања и да започне да ги прифаќа од датумот определен во овластувањето за пренесување на платежната сметка и
- да ги информира примачите кои користат директно задолжување за наплата на парични средства од платежната сметка на Корисникот наведени во овластувањето за пренесување на платежната сметка за податоците на платежната сметка отворена кај Банката што го прима пренесувањето на платежната сметка и за датумот од којшто директните задолжувања можат да се наплатуваат од платежната сметка на Корисникот и да им достави копија од Барањето за пренесување. Доколку Банката што го прима пренесувањето не ги поседува сите информации потребни за информирање на примачите должна е од Корисникот или Банката што го врши пренесувањето да ги побара информациите што недостасуваат.
Банката што го врши пренесувањето не смее да го блокира платниот инструмент пред датумот определен во Барањето, за да не се прекине давањето на платежни услуги за Корисникот во текот на спроведувањето на услугата на преносливост
Банката што го врши пренесувањето е должна веднаш да го извести Корисникот дека е потребно да ги измири достасаните обврски, во спротивно нема да може да се изврши затворање на платежната сметка.
Во постапката за пренос на платежна сметка кај друг давател на платежни услуги, Банката што го врши пренесувањето може да го наплати само надоместокот за извршување на кредитните трансфери согласно Одлуката за тарифата на Банката, додека пак извршувањето на услугата преносливост е без надомест согласно тарифата.
2.3. Камати, надоместоци и девизни курсеви
2.3.1. Камати
Банката пресметува и евидентира активни и пасивни каматни стапки на платежната сметка во денари и девизи во висина и согласно Политиката за висина на каматни стапки.
Пресметката на камата се врши во согласност со законските прописи и интерните акти на банката.
Договорните страни се согласни дека корективната компонента на каматната стапка ја определува банката и може да ја менува во случај на промена на законската регулатива, редовноста во измирување на обврските кон банката, стапката на задолжителна резерва која ја пропишува НБРСМ и стапката на инфлација.
Каматните стапки се променливи за цело времетрање на Договорот согласно Политиката за висина на каматни стапки, и согласно одредбите во Договорот
2.3.2. Надоместоци
Банката пресметува и наплатува надоместоци за отворање и водење на сметките како и за платежните услуги и производи кои Корисникот на сметка ги користи и реализира согласно овие Општи услови и согласно Тарифата.
За промените во Тарифата, банката го известува Корисникот најдоцна 60 дена пред датумот на примена на измената. Корисникот на платежните услуги е должен да ја извести банката доколку не ги прифаќа предложените измени пред датумот на примена на измените.
Доколку Корисникот на платежните услуги пред датумот на примена на измените не ја извести банката дека ги одбива истите, ќе се смета дека Корисникот на платежни услуги ги прифатил предложените измени во Тарифата. Доколку Корисникот ја извести банката дека не ги прифаќа промените, банката има право да го раскине Договорот. Доколку Корисникот ја извести Банката дека не ги прифаќа промените, должен е да доставиа Барање за затворање на сметката. За износот на пресметани надоместоци се задолжува платежна сметка соодветно на местото на настанување на трансакциите за соодветната сметка и истите се прикажуваат на Изводот на платежната сметка достапен во хартиена форма или преку интернет банкарство или мобилна апликација. Кај девизните плаќања и приливи освен провизиите на банката, се наплатуваат и провизиите на странските банки (OUR, BEN или SHA), во случај кога е договорено овие провизии да се на товар на Корисникот.
За промените во Тарифата, банката ќе го извести Корисникот на начин предвиден со Договорот.
2.3.3. Девизни курсеви
Банката врши купување или продавање на странски платежни средства (девизни) и ефективни странски пари (ефектива) по девизен курс од последната курсна листа од тековниот ден, односно кој е договорен помеѓу Корисникот и банката. Целосната курсна листа која постојано се ажурира се објавува на веб страницата на банката на следниот линк: https://www.unibank.mk/.
Промените во висината на каматните стапки и девизниот курс ќе се применуваат веднаш и без претходно известување на Корисникот, под услов измената да се прави врз основа на менување на референтна каматана стапка или референтен девизен курс, за што веднаш ќе го извести Корисникот.
2.4. Блокирање и ограничување на работење со платежна сметка
Банката има право да ја блокира сметката, да ограничи и да не дозволи користење на средствата од сметките на Корисникот во следните случаи:
поради примен платен налог за присилна наплата во банката,
примен акт на надлежен орган за блокада на средства,
во случај на истечен рок на важност на документот за идентификација на Корисникот или лицата овластени од него
заради истечен рок за ажурирање на податоците на Корисникот, односно истечен рок за ажурирање на апликација за идентификација/ажурирање на клиент физичко лице,
заради објективно оправдани причини поврзани со:
1) сигурноста на платниот инструмент,
2) сомнеж за неавторизирано или измамничко користење на платниот инструмент, или
3) значително зголемен ризик дека плаќачот нема да може да ги исполни своите парични обврски поврзани со кредитната линија, во случај на употреба на платен инструмент со одобрена кредитна линија.
за заштита на средствата по сознание за можна злоупотреба,
• по барање на Корисникот и
други случаи согласно важечките прописи и интерните акти кои банката ги применува во работењето со платежните сметки.
Банката ќе го извести Корисникот преку договорените начини на комуникација за блокирањето на платежниот инструмент, односно пристапот до платежната сметка и за причините што го наметнале блокирањето, доколку е можно пред блокирањето да настапи, или најдоцна веднаш по него, освен ако давањето таквите информации не е дозволено заради безбедносни причини, или со оглед на почитувањето на регулаторните барања, коишто спречуваат за плаќачот да биде информиран.
Банката дозволува пристап до платежната сметка, веднаш штом престанат да постојат горенаведените причини. Во случај блокирањето да е извршено на барање на Корисникот, сметката ќе се деблокира само откако ќе биде поднесено писмено барање за деблокирање од страна на Корисникот,во канцеларијата на Банката.
3. ДЕБИТНА КАРТИЧКА
3.1. Дефиниција на поими
Одделни поими употребени во точка 3 го имаат следното значење:
Платежна картичка - вид на платен инструмент кој му овозможува на плаќачот да иницира трансакција со дебитна или кредитна картичка и којшто може да се користи од имателот за плаќање на стоки и услуги и/или за повлекување и/или депонирање на готовина (во понатамошен текст: Картичка);
Дополнителна картичка - картичка, која на барање и со овластување од корисникот на основната картичката се издава на дополнителниот корисник на картичката, и ги користи средствата од сметката/ите на корисникот на основната картичка;
Корисник на основна картичка - корисник на картичката, сопственик на сметката/ите, кој се товари за трошоците кои настануваат со користење на картичката;
Корисник на дополнителна картичка - корисник на картичката, на кој му е издадена дополнителна картичка на барање и со овластување од корисникот на основната картичка;
Дневен лимит - износ на средства, број на трансакции и максимален износ на трансакција кои Корисникот на картичката може да ги користи дневно, во трговија или готовина;
Трошоци - сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, членарините, надоместоците и каматите кои настануваат со користењето на основната и дополнителните картички;
ПОС (POS – Point of Sale) – терминал - електронски уред инсталиран на продажни места или банкарски шалтери кој служи за електронско спроведување на трансакции;
ПИН (PIN - Personal identification number) - таен личен идентификационен број на корисникот на основната картичка, односно корисникот на дополнителната картичка, кој служи како идентификација при користење на картичката на банкомат и ПОС терминал;
Авторизација - постапка со која се проверува дали корисникот на платежни услуги или давателот на платежни услуги има право да извршува определени дејствија;
Банкомат - електромеханички уред којшто им овозможува на овластените корисници да повлечат готовина од сметки и/или им обезбедува пристап кон други услуги; ;
Трговец – примач на плаќање означен како примач на средства кои се предмет на инстант одобрение за пренос врз основа на барање за плаќање до продажно место на трговец;
Меѓународни платежни институции - Mastercard® и Visa®.
Сите термини кои не се конкретно дефинирани во овие Општи услови, а се однесуваат на платежните услуги и услугите со дебитни картички, банкарски услуги или други платежни услуги го имаат значењето утврдено со Законот за платежни услуги и платни системи како и со соодветните прописи.
3.2. Издавање на картичка
Дебитна картичка/дебитна премиум картичка на физичко лице – основна или дополнителна картичка поврзана со платежна сметка во МКД, ЕУР или УСД на Корисник на картичка, која БАНКАТА ја издава на основниот Корисник и на негово барање и овластување на дополнителниот Корисник на картичка. Дебитната картичка може да биде бесконтактна чип картичка и бесконтактна стикер картичка.
Дебитна картичка на правно лице – дебитна бизнис, односно деловна платежна картичка, основна или дополнителна бесконтактна чип картичка поврзана со платежна сметка во МКД на Корисник на картичка, која БАНКАТА ја издава на основниот Корисник и на негово барање и овластување на дополнителниот Корисник на картичка.
Банката по исклучок може да издаде дебитна картичка во друга валута покрај погоре наведените, а за која има техничка можност за тоа, на титуларот на сметката, физичко или правно лице.
Банката врз основа на поднесена апликација му издава на барателот дебитна картичка. Картичката е сопственост на Банката и не е пренослива на друго лице. Рокот на важноста на картичката е означен на нејзината предна страна. Тој рок автоматски се продолжува и се задолжува сметката на Корисникот на картичка со неопходните надоместоци и трошоци за обновување на картичката, согласно со Тарифата на Банката. Банката го задржува правото да не го продолжи рокот на важност на картичката, без да ги образложи причините.
Доколку Корисникот на картичка има намера да ја затвори картичката, должен е до 45-тиот календарски ден, сметано наназад од последниот ден од месецот наведен како важност на картичката, писмено да достави барање до Банката и да ја врати картичката. Картичката се деактивира согласно процедурите на Банката.
Секое лице кое ја користи картичката и соодветниот ПИН и/или се потпише на белешката ќе се смета дека е ополномоштено лице да ја користи картичката (независно од тоа дали е соодветниот Корисник на картичката). Банката има право да ја задолжи сметката со сумата на извршените операции, која е активирана и електронски регистрирана по тој начин.
Корисникот на картичка има право да извршува безготовински плаќања и да подига пари во готово со користење на картичката до определeните лимити од страна на Банката.
Банката може еднострано да ги промени лимитите на картичката.
3.3. Платежни трансакции со картичка
Дебитната картичка на Банката е универзален иструмент за плаќање на стоки и услуги, за подигање на готовина од банкомати и на сите места за исплата кои носат знак Mastercard®/Visa® во земјата и странство, како и за депонирање на готовина на платежната сметка во МКД со која е поврзана картичката, на банкоматите на Банката на кои е овозможена оваа услуга. Депонирање на готовина на банкомат е овозможено само за дебитни картички поврзани со сметка во МКД. Картичката може да ја користи исклучиво лице на чие име е издадена картичката, до истекот на рокот на важење означен на нејзината предна страна. Картичката не смее да се позајмува, префрлува или доставува на трети лица на каков и да е друг начин. Бројот на картичката, рокот на важење и CVV/CVC код – три закосени цифри испишани до лентата за потпис на позадината на картичката не треба да им се соопштува на трети лица.
Средствата се користат од страна на Корисникот на картичка со дебитна картичка, а согласно Општите услови и одредбите од Договорот.
Банката определува дневни лимити за користење со картичката. Корисникот на картичка е информиран за дневните лимити при аплицирањето за картичка. Банката го задржува правото да врши промена на висината на дневните лимити.
Корисникот на картичка при аплицирањето за картичка може да определи дневни лимити кои се разликуваат од лимитите определени од страна на Банката. Дневните лимити може да се менуваат на барање на Корисникот на картичка зависно од неговите потреби за користење на картичката, за што доставува писмено барање до Банката.
Користењето на картичката се врши во рамки на расположливото салдо на платежната сметка, односно во рамки на дневните лимити.
Корисникот на картичката при користење на истата на ПОС терминали кои читаат магнетна лента и/или чип, го потврдува износот на плаќањето со потпис на белешката и/или со идентификационен број ПИН. Идентификационен број (ПИН) Банката му го дава на Корисникот на картичката и е познат само на Корисникот на картичката. ПИН-от е комбинација од четири цифри и има дејство на правновалиден потпис и е строго доверлив. Корисникот на картичката не смее да го кажува ПИН-от, да го запишува на картичката, или на останати документи дури и во различен редослед. Корисникот на картичката е должен по приемот на ПИН–от истиот да го запомни и веднаш потоа да го уништи. Настанатата штета од злоупотребата на картичката и ПИН-от е на товар на Корисникот на картичката.
За дебитна картичка на правно лице:
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за подигање на готовина на банкомати и на ПОС терминали на Банката или на уреди на други банки во земјата и странство, се евидентираат како одлив од платежната сметка по основ на „Исплата во готово од сопствена сметка во полза на правно лице на основ на: откуп на земјоделски производи, материјални трошоци и др.основи согласно прописите“ (шифра 860).
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за плаќање на стоки и услуги на ПОС терминал во трговија, се евидентираат како одлив од платежната сметка по основ на „Плаќање по основ на извршени услуги помеѓу правни субјекти, освен по основ на инвестиции“ (шифра 220).
Сторно трансакциите на банкомати и ПОС терминали, се евидентираат како прилив на платежната сметка по основ на „Плаќање по основ на извршени услуги помеѓу правни субјекти, освен по основ на инвестиции“(шифра 220).
Трансакциите кои Корисникот на картичката ги извршува за депонирање на готовина (дневен пазар) на банкомати на Банката, се евидентираат како прилив на платежната сметка по основ на “Уплати во готово на сопствена сметка од дневен пазар и наплата на чекови на индивидуални трговци поединци” (шифра 800). Сторно трансакциите за депонирање на готовина на банкомати на Банката се евидентираат како одлив (шифра 800).
При користење на картичката за депонирање на готовина на банкомат, депонираната готовина ќе биде на располагање на Корисникот на картичката, во најкраток рок после успешно реализирана трансакција.
На банкоматите е дозволено депонирање само на книжни и полимерни банкноти. Не е дозволено депонирање на монети. Доколку Корисникот на картичката внесе монети, истите ќе бидат задржани во банкоматот, но износот на монетите нема да биде депониран на сметката на Корисникот на картичката.
Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како лажни или фалсификувани, Банката ги задржува, согласно законската обврска за откривање и повлекување фалсификувани пари.
Банкнотите кои при депонирање и верификација се издвоени како оштетени, се враќаат на Корисникот на картичката при извршување на трансакцијата и истите не се депонираат на платежната сметка.
Износот кој по верификација на банкнотите ќе биде депониран е прикажан на екранот на банкоматот.
При користење на картичката за плаќање на стоки и услуги на ПОС терминали Корисникот на картичката е должен да ја провери белешката што му е дадена од трговецот и по потреба да ја потпише. Потписот на белешката треба да е ист со потписот кој е на позадината на картичката. Трговецот има право од Корисникот на картичката да побара потврда за личниот идентитет.
При онлајн плаќањенаместо потпис во повеќето случаи се користи CVV/CVC и ОТП - еднократна лозинка која се добива преку СМС порака на мобилен телефонски број регистриран во Банката и е валиден само за конкретната трансакција кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard ID Check и Visa Secure.
Потпишувајќи ја белешката или внесувајќи го ПИН-от или соопштувајќи го бројот на картичката, CVV/CVC и ОТП (кај трговци кои учествуваат во програмите Mastercard ID Check и Visa Secure), Корисникот на картичката го потврдува износот на плаќањето и ја овластува Банката да ја задолжи платежната сметка и да ја одобри сметката на трговецот со износот на плаќањето.
Корисникот на картичката се обврзува, при купување на стока или услуги, да прими еден примерок од евиденцијата на трошоците и/или да потпише белешка.
При користење на бесконтактна картичка/стикер за бесконтактно плаќање и подигање на готовина, истото се врши со доближување или допирање на картичката/стикерот до уредот кој поддржува бесконтактна технологија. За бесконтактни плаќања со износ до 2.000 МКД за Mastercard/2.500 МКД за Visa картички, не е потребен ПИН за потврда на плаќањето (овој износ може да варира зависно од брендот на картичкатa, продажното место и земјата во која се врши плаќањето). За потврда на плаќања над овие износи потребен е ПИН. За бесконтактно подигање на готовина неопоходно е внесување на ПИН, независно од износот на трансакцијата.
Стоките и услугите купени со картичката, Корисникот на картичката не смее да ги продаде или врати за готовинска надокнада.
Не е дозволено картичката да се користи за купување на порнографски содржини, проституција, оружје, трговија со дрога и опојни средства, како и за други незаконски дејства.
Секое незаконско користење на картичката е на материјална, морална и кривична одговорност на Корисникот на картичката и се казнува со Закон.
Банката може без образложение да го ускрати правото на понатамошното користење на картичката, за што го известува Корисникот на картичка. Во тој случај Корисникот на картичката е должен да ја поништи картичката по чипот и магнетната лента и да ја врати во Банката.
За користење на Дебитна премиум картичка – Mastercard® World Debit за физички лица, која е поврзана со платежна сметка во МКД – (основна или дополнителна дебитна картичка на Корисникот поврзана со платежна сметка во МКД), Банката покрај услугите овозможени за дебитните картички за физички лица, ги овозможува следните привилегии:
поврат на средства „Cashback„ во висина од 0,4% од износ на трансакција за безготовинско плаќање на производи и услуги на продажни места или онлајн, во земјата или странство. Cashback не се исплаќа за трансакции поврзани со исплата на готовина, пренос на средства, продажба/купување на патнички чекови, странски валути, благородни метали, хартии од вредност, криптовалути и слично, плаќање на даноци, обложување, исплата на долг, како и плаќање на финансиски услуги. Исплатата ќе се врши на платежната сметка со која е поврзана картичката, на квартална основа;
без надоместок за УНИСМС - известувањa за авторизации за плаќањa со картички преку СМС;
без надоместок за подигнување на готовина од банкомати на Банката и на банкомати на други даватели на платежни услуги во земјата;
без надоместок за кредитни трансфери преку интернет/мобилно банкарство (интерни плаќања. КИБС и МИПС);
без надоместок за одржување на сметка во МКД на физичко лице;
без надоместок за месечна членарина за останати дебитни картички;
без надоместок за издавање/реиздавање на бесконтактна стикер картичка и
привилегии овозможени од меѓународната платежна институција, кои ќе бидат обајавени на веб страната на Банката.
За користење на Дебитна премиум картичка за физички лица, која е поврзана со платежна сметка во ЕУР/УСД – (основна или дополнителна дебитна картичка на Корисникот поврзана со платежна сметка во ЕУР/УСД), која покрај услугите овозможени за дебитните картички за физички лица, ги овозможува следните привилегии:
исплата на Cashback во висина од 0,4% од износ на трансакција за безготовинско плаќање на производи и услуги на продажни места или онлајн, во земјата или странство. Cashback не се исплаќа за трансакции поврзани со исплата на готовина, пренос на средства, продажба/купување на патнички чекови, странски валути, благородни метали, хартии од вредност, криптовалути и слично, плаќање на даноци, обложување, исплата на долг, како и плаќање на финансиски услуги. Исплатата ќе се врши на платежната сметка со која е поврзана картичката, на квартална основа;
без надоместок за подигнување на готовина од банкомати на Банката и на банкомати на други даватели на платежни услуги во земјата;
без надоместок за одржување на сметка во валута на физичко лице;
без надоместок за месечна членарина за останати дебитниа картичкиа;
без надоместок за издавање/реиздавање на бесконтактна стикер картичка и
привилегии овозможени од меѓународната платежна институција, кои ќе бидат објавени на веб страната на Банката.
Поволностите кои се однесуваат на дебитна премиум картичка ќе му бидат овозможени на Корисникот во периодот на активноста на картичката. Со затворање на картичката престануваат поволностите и услугата предвидени за оваа картичка, а услугите за останатите картички Банката ќе ги наплатува согласно важечката Тарифа на надоместоци на Банката.
3.4. Плаќања на обврски по основ на трансакции со картички, камати и надоместоци
За користење на картичката, Корисникот на картичката е должен да и плаќа на Банката надоместоци и камати согласно со важечката Тарифа и Политиката за каматните стапки на Банката. Каматите и надоместоците кои Корисникот на картичката и ги должи на Банката, Банката службено ги наплаќа од сметката. Во случај кога на сметката нема доволно средства за покривање на трансакциите, задолжените камати и надоместоци и друго, Банката има право во согласност со важечките општи услови да ги наплати службено (без судски налог) износите кои и ги должи Корисникот на картичката од сите други негови сметки во Банката.
За евентуалните искористени износи од дозволеното пречекорување, Корисникот на картичката плаќа на Банката камата на месечно ниво во висина определена од Банката. За картички поврзани со сметка во ЕУР или УСД нема можност за користење на дозволеното пречекорување.
Висината на каматната стапка и начинот на пресметка се променливи согласно Политиката за каматните стапки на Банката.
Надоместоците се утврдени и променливи согласно промените во Тарифата на Банката. Тарифата на Банката и сите промени настанати во неа, достапни се на интернет страната и во експозитурите на Банката.
3.5. Евиденција на плаќања
За дебитни картички поврзани со сметка во МКД, сите плаќања и подигање на готовина во странство задолжувањето на платежната сметка на Корисникот на картичката е во МКД, при што трансакцијата е превалутирана од валутата на трансакцијата во ЕУР со примена на курсни листи од меѓународните платежни институции и од ЕУР во МКД со примена на продажен курс на Народна Банка на Република Северна Македонија, освен ако не е поинаку уредено со Тарифата на Банката. Трошоците и провизиите за конверзија помеѓу валутите се на товар на Корисникот на картичката.
За дебитни картички поврзани со сметка во ЕУР/УСД, за сите плаќања и подигање на готовина задолжувањето на платежната сметка на Корисникот на картичката е во ЕУР/УСД, при што:
- трансакциите извршени во МКД се превалутираат во ЕУР/УСД со примена на куповен курс на БАНКАТА на денот на книжење на трансакциите;
- трансакциите извршени во друга валута, различна од МКД, се превалутираат во ЕУР/УСД со примена на курсни листи од меѓународни платежни институции и
- пресметката на провизиите (трансакциски и нетрансакциски) се извршува во МКД, а задолжување на износот на провизиите е во ЕУР/УСД, со примена на среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија на денот на книжење на провизиите.
Отплатата на сите обврски направени со користењето на картичката, независно од тоа дали се направени во земјата или во странство Корисникот на картичката ја врши во валута на сметката.
Банката ја задолжува службено сметката со сумите на плаќањата, извршени од Корисникот на картичката според редоследот на извршените трансакции. Доколку на сметката нема доволно средства салдото кое евентуално се формирало по основ на извршените трансакции, трошоци, камати, надоместоци и друго, започнува да се вкаматува како недозволен овердрафт согласно Тарифата. Корисникот на картичката е должен да го подмири веднаш.
3.6. Обврски на корисникот на картичка и на банката и одговорности при користење на дебитна картичка
Корисникот на картичката се обврзува:
а) да ја чува картичката со грижа на добар сопственик и да ја користи само лично, во согласност со условите за нејзино идавање и користење, со почитување на Општите услови и препораките за безбедно и сигурно користење на картичките објавени на интернет страната на Банката;
б) да обезбедува вистинити, точни и ажурирани информации за себе и во случај на промена на основните податоци (адреса на живеење или адреса за комуникација, име и/или презиме, работодавец и/или телефонски број) и на сите останати податоци кои влијаат на правото на користење на картичката, должен е веднаш за истите писмено да ја извести Банката. Во спротивно Банката може да му ги скрати корисничките права на Корисникот на картичката, да ги наплати сите трошоци настанати со користење на картичката, како и трошоците со пронаоѓање на Корисникот на картичката;
в) да и ги врати основната и дополнителната картичка на Банката по истекот на нивната важност, по барање на Банката и во други случаи согласно општите услови и условите наведени во Договорот;
г) при откажување на картичката, до 45-тиот календарски ден, сметано наназад од последниот ден од месецот наведен како важност на картичката, писмено да достави барање до Банката и да ја врати картичката. Картичката се деактивира согласно процедурите на Банката;
д) навремено да обезбедува средства по сметката за плаќање;
ѓ) на барање на Банката да достави документација која е од значење за Банкарска анализа и
е) да не ја користи картичката на начин кој ќе го наруши девизниот режим во Република Северна Македонија.
Корисникот на картичката ја овластува Банката:
а) да ги користи, обработува и доставува дадените лични податоци, да ги доставува податоците за состојбите, операциите и другите податоци за неговата сметка/картичка на соодветниот процесинг центар во земјата и/или странство, како и на меѓународните платежни институции, вклучително и податоците за лимитите по картичката, согласно одредбите во Законот за заштита на лични податоци и
б) да може во секое време без надомест да ја активира услугата за СМС известувања и да добива информации за авторизации со картички како и останати информации во врска со услугата која ја користи. Корисникот на картичката има право во секое време, без надомест да го откаже користењето на услугата за СМС известување во експозитурите на Банката.
Корисникот на картичката одговара за сите штети настанати поради неправилно користење на картичката. Носителот на сметката кон која што е издадена основна картичка одговара солидарно со имателите на дополнителни картички за сите обврски, произлезени со користењето на основната или дополнителните картички.
Корисникот на картичката е должен да ја чува картичката од кражба, уништување, демагнетизирање и/или други механички оштетувања.
Банката се обврзува да му овозможи користење на картичката на Корисникот на картичката, согласно општите услови и условите предвидени во Договорот.
Банката кон Корисникот на картичката се обврзува да ги применува меѓународните правила на работење на Mastercard®/Visa®, општите правила и услови на Банката за работење со дебитна картичка и останатите акти на Банката.
Во случај на промена на меѓународните правила на работење на Mastercard®/Visa®, општите правила и услови на Банката за работење со дебитни картички и останатите акти на Банката, Корисникот на картичката е согласен Банката да ги применува измените.
Банката не превзема одговорност за стоката или услугата купена со картичката, за валидноста на добиените информации или неприфаќањето на картичката од страна на некое продажно место.
Банката не одговара по каков и да е начин за зделките, по кои Корисникот на картичката ги извршува плаќањата со користење на картичката. Банката не одговара при неоснован откажување на трети лица да примаат плаќања со картичката или ако иницираното од Корисникот на картичката плаќање не може да биде извршено со картичката поради технички, комуникациски или други причини надвор од контрола на Банката. Користењето на картичката со истечен рок на валидност, на блокирана или оштетена картичка е забрането и може да послужи како основа за граѓанска или казнена одговорност по судски пат.
Банката може да ја блокира картичката поради објективни причини поврзани со:
а) сигурноста на картичката;
б) сомневање за несоодветна употреба на картичката и
в) употреба на картичката со цел измама.
Во случај на блокирање на картичката поради наведените причини, Банката има обврска да го извести Корисникот на картичката, доколку постојат можности за тоа, пред блокирање на картичката или веднаш по блокирањето на картичката, освен доколку давањето на информации не е дозволено од безбедносни причини или поради почитување на законски барања и прописи или барања и прописи на меѓународните платежни институции.
3.7. Дополнителни услови при користење на дебитна картичка
Во случај на губење, кражба, злоупотреба или неавторизирано користење на картичката, Корисникот на картичката е должен веднаш да ја извести Банката со јавување во:
Процесинг центарот (24/7) +3892 3293 888, или
УНИБанка во работно време: +3892 3111 111.
Корисникот на картичката има право да побара картичката да биде блокирана. Ефективното блокирање на картичката Банката се обврзува да го изврши во рамки на времето потребно за обработка на известувањето.
За сите настанати трансакции со картичката во периодот од пријавувањето до ефективното блокирање, Корисникот на картичката е согласен Банката да ја задолжи сметката кон која се води картичката.
Корисникот на картичката е должен писмено да ја извести Банката, во рок од 30 календарски дена од датата на пријавување на губење или кражба на картичката за некоја од следните ситуации:
-дека аплицира за издавање на нова картичка или
-дека не сака издавање на нова картичка, по што се применува процедурата и условите за раскинување на Договорот.
Доколку Корисникот на картичката не ја извести Банката во определениот рок, се смета дека Корисникот на картичката го раскинува Договорот за користење на дебитна картичка по што се применува процедурата и условите за раскинување на Договорот.
Во случај кога Корисникот на картичката ја најде истата по пријавата за нејзиното исчезнување, може да побара деблокада на истата со поднесување на изјава за деблокада. Во тој случај Банката ќе го деблокира користењето на картичката.
Доколку Корисникот на картичката ја пронајде истата во рок подолг од 24 часа од пријавата за нејзиното исчезнување, Банката препорачува истата да не ја користи и да ја врати во најбликсата експозитура на Банката.
Во случај на основано сомнение дека се работи за кражба, Корисникот на картичката е должен случајот да го пријави кај надлежните органи во најкус можен рок.
При оштетување на картичката Корисникот на картичката има право да бара обнова на старата пред истекот на рокот на важење, за што ги измирува трошоците според Тарифата на Банката.
Во случај на задржување на картичката во банкомат поради технички причини на банкоматот или механички причини на картичката, Корисникот на картичката е должен да ја извести Банката.
Во случај кога Корисникот на картичката го оспорува плаќањето со картичката извршено за негова сметка во корист на трето лице од следните причини: плаќањето да не е извршено од него, плаќањето да е извршено со фалсификувана картичка, да не е подигната стоката или да не е извршена услугата или друго, а од кое плаќање за Корисникот на картичката се создава право да претендира враќање на неосновано платената сума, Банката се задолжува да помогне за разрешавање на случаите на оспореното плаќање по ред и во рок определен од Mastercard®/Visa®.
Корисникот на картичката целосно ги сноси загубите од извршените неавторизирани платежни трансакции доколку платежните трансакции настанале поради постапување со намера за измама од страна на Корисникот на картичката или поради неисполнување, со намера или крајно невнимание, на една или повеќе обврски на Корисникот на картичката од членот 85 од Законот за платежни услуги и платни системи.
Сите рeкламации поврзани со картичката се пријавуваат на адресата на Банката. Оспорувањто на трошокот, Корисникот на картичката е должен да го направи по писмен пат во рок до 10 работни дена од датумот на евидентирање на спорната трансакција. Согласно правилата на Mastercard® и Visa® максималниот број на рекламирани трансакции по картичка изнесува 35 транскации.
За решавање на рекламацијата, Корисникот на картичката е должен да ја приложи целата документација која е поврзана со рекламацијата, најдоцна 30 календарски дена од датумот на евидентирање на спорната трансакција. Во спротивно ќе се смета дека Корисникот на картичката ги признава евидентираните трошоци.
Оспорувањето на трошоците не го одлага нивното подмирување.
Корисникот на картичката се согласува и ги прифаќа сите трошоци/трансакции кои може да настанат и по гаснење/затворање на картичката, поради регистрирање на податоците од картичката за периодично користење на определена услуга/производ, како и трансакции без проверка на статусот на картичката, дневните лимити, салдо на сметката и друго. Откажувањето на користење на услугата/производот, Корисникот на картичката е обврзан да го направи директно кај трговецот. Во случај на раскинување на договорот истиот не се смета за раскинат во делот на наведените обврски, се додека не се подмират сите задолжувањата по овој основ.
Доколку се докаже дека рекламацијата е основана, Банката го враќа веќе наплатениот спорен износ на сметката на Корисникот на картичката.
Доколку рекламацијата е неоснована, Банката го известува Корисникот на картичката дека е должен да го подмири износот на оспорените трансакции, доколку истото претходно не е направено.
Рокот за решавање на случајот на рекламацијата го одредува Банката во согласност со правилата на Mastercard®/Visa®;
За обработка на рекламација (основана или неоснована), Банката на Корисникот на картичката му наплаќа соодветен трошок за решавање на рекламацијата, согласно со актуелната Тарифа на Банката.
3.8. Останати одредби
Банката и Меѓународните платежни институции го задржуваат правото за воведување на дополнителни привилегии/услуги за Корисниците на картички, како и за времено или целосно укинување на истите без претходна најава и согласност од Корисникот. Доколку се работи за привилегија/услуга која е овозможена од Меѓународните платежни институции, банката не сноси никаква одговорност за исполнување на истата. Сите привилегии/услуги за Корисниците на картички, вклучувајќи ги и нивните промени, ќе бидат објавени на интернет страната на банката.
За сите измени или дополнувања на Општите услови и Тарифата поврзани со работењето со картички, банката ќе го известува Корисникот на начин согласно одредбите од Договорот.
Корисникот на картичката кој не се согласува со измените е обврзан е да ја врати картичката во Банката, при што доколку Корисникот има склучено посебен договор за картичка, истиот се смета за раскинат.
Доколку Корисникот не ја врати картичката пред истек на определениот рок, се смета дека ги прифаќа измените. Корисникот има обврска да ги надомести сите трошоци кои се настанати до моментот на стапување на измените во сила. Договорните права и обврски за банката течат од денот на одобрување на барањето за издавање на картичка. Правата и обврските предвидени во овие Општи услови кои се однесуваат на користење на картичката, течат од денот кога Корисникот потпишал прием на картичката.
Банката не сноси никаква одговорност ако Корисникот на картичката не може да ја употреби картичката во следните ситуации кои се надвор од контрола на банката:
технички проблеми со опрема, систем, телекомуникации и струја;
штрајк или други вонредни околности;
картичката е заробена на продажно место или на банкомат и истата е оштетена;
кога од било која причина продажното место, банка или банкомат не ја прифаќа картичката;
доколку постојат ограничувања од страна на Меѓународните платежни институции за реализација на трансакциите.
Корисникот на основната картичка е должен веднаш да ја извести банката за промена на адресата, вработувањето, измена на контакт податоци – телефонски број, контакт адреса, мејл адреса или други податоци согласно апликацијата за ажурирање на клиент физичко лице кои може да влијаат врз користењето на картичката. Во случај на неизвестување за променета адреса извршената достава на последната пријавена адреса се смета за уредна и валидна. Секое користење на картичката кое е спротивно на Општите услови повлекува автоматско одземање на основната и дополнителните картички, преземање на мерки согласно законските прописи, а целокупната материјална штета заедно со каматите ја сноси Корисникот на основната картичка.
4. ДЕПОЗИТНА СМЕТКА
4.1 Отворање депозит
Банката согласно законска регулатива може да отвори депозит во денари/девизи за резиденти и нерезиденти физички и правни лица (во понатамошен текст Депонентот).
Отварањето на депозитите се врши во експозитурите и во Бизнис центарот на Банката за клиенти кои ги исполнуваат критериумите за стратешки клиент, во текот на работното време одредено од Банката или преку интернет банкарство.
Депозитот кај Банката станува активен со уплата на средствата од платежната сметка на Депонентот на неговата депозитна сметка во Банката.
Корисникот може да отвори повеќе депозитни сметки. За секоја нова депозитна сметка, Депонентот склучува нов Договор.
Документи потребни за отварање на депозит:
договор за паричен депозит;
важечки документ за идентификација;
за малолетни лица, родителот доставува извод од матична книга на родени (оригинал или копија заверена на нотар);
за нерезиденти кои согласно законската регулатива имаат третман на резиденти - важечка виза за престој односно работна виза во траење од најмалку 6 (шест) месеци од која може да се утврди местото на привремен престој во РСМ;
за нерезиденти важечки документ за идентификација - патна исправа или важечка лична карта ако лицето доаѓа од земја членка на ЕУ или од држава со која РСМ има склучено билатерална спогодба за прекугранично патување од која се утврдува постојано место на живеење во странство .
Во текот на целиот период на важност на Договорот, Депонентот има право да пренесува средства од сопствената платежна на депозитната сметка.
Сите промените поврзани со конкретен депозит, можат да се следат преку извод од депозитна сметка, во експозитура или преку интернет банкарство.
4.2. Работење со депозитна сметка
Со паричниот депозит може да располага:
Лично носителот - Депонентот;
Ополномоштено лице или законски застапник;
Банката, во границите на овластувањата дадени од страна на Депонентот во вид на траен налог за вршење определени плаќања, договорни овластувања или во случаи наложени од страна на надлежни органи;
Банката, за подмирување на достасани обврски на други сметки на Депонентот во Банката и
Лицето кое поднесува барање за наплата на фактура/сметка за извршени трошоци за погреб во случај на смрт на Депонентот - согласно Интерните акти на Банката.
4.3. Каматна стапка на депозит
Каматните стапки на депозитите се фиксни согласно Политиката за каматната стапка и интрените акти на Банката и истите се искажани на годишно ниво.
Висината на каматната стапка ќе биде определена во зависност од редовните месечни приливи (плати, пензии, закупнини) на Депонентот, не пониски од 10.000,00 денари.
Пресметката на каматата се врши на дневно ниво, додека исплатата на достасаната камата се врши во зависност од типот на депозитот: на месечно ниво или при достасување на депозитот.
Пресметката и исплатата на камата по видување во случај на предвремено раскинување на депозитот, е регулирано со Договорот за депозит.
4.4. Затворање депозит
Делумна исплата на депозит не е дозволена.
За предвремено раскинување на Договорот, Депонентот е обврзан да поднесе писмено барање до Банката за раскинување и подигање на средствата, два работни дена претходно.
Затворање на депозит се врши на писмено барање на клиент.
Затворање на депозит се врши и со приложување на умреница или потврда дека лицето – депонентот е починато.
Банката може еднострано да го раскине договорот и да го затвори депозитот доколку настанат други околности, односно во други случаи определени со важечката законска регулатива и интерните акти на банката, како и врз основа на нејзина одлука или доколку Депонентот на паричниот депозит не ги почитува законските и подзаконските прописи, односно работи и се однесува спротивно на овие Општи услови, Договорите или актите на банката.
Со затворање на депозитот, средствата од депозитот и каматата, се пренесуваат на платежна сметка на клиентот.
4.5. Фонд за осигурување за депозити
Денарските и девизните депозити на физичките лица се осигурени во Фондот за осигурување на депозити.
Фондот за осигурување на депозити ги обесштетува физичките лица во висина до 30.000 евра во денарска противвредност по депозити на едно физичко лице во една банка.
5.ТРАЕН НАЛОГ
Траен налог е инструкција дадена од плаќачот (Корисникот) на давателот на платежни услуги којшто ја одржува платежната сметка (Банката) да извршува трансфери во редовни временски интервали или на однапред утврдени датуми од платежната сметка на Корисникот. За извршување на трајниот налог, Банката и Корисникот на платежна сметка потпишуваат Договор за налог односно Договор за траен налог.
Корисникот со трајниот налог ја овластува банката да ја задолжува и да врши плаќања од неговата платежна сметка на износи и динамика и во корист на платежни сметки наведени во самиот траен налог. Банката го реализира трајниот налог на договорениот ден од месецот, а доколку се работи за неработен ден, трајниот налог се реализира следниот работен ден.
Трајниот налог се реализира доколку на почеток на работниот ден Корисникот има расположливо салдо за процесирање на целиот износ на трајниот налог.
Банката нема да го реализира трајниот налог отворен за плаќање на фактури кон издавачи со кои Банката има склучено Договор за наплата доколку на денот на наплата на платежната сметка нема доволно средства за целосна реализација на трајниот налог.
За трајни налози отворени за плаќање на кредитни производи кои ги користи Корисникот, доколку на денот на наплата, на сметката нема доволно средства за целосна аплата на наведениот износ, банката ќе го реализира трајниот налог во висина на расположливите средства на сметката. Доколку сметката на Корисникот е блокирана или ако сметката е затворена, банката нема да го реализира трајниот налог, при што сите материјални и штетни последици поради нереализрањето или нецелосно реализирање на трајниот налог ги сноси Корисникот и паќаат на негов товар.
Доколку датата на реализација на трајниот налог паѓа во неработен ден, налогот се реализира првиот следен работен ден.
Корисникот може да даде траен налог со кој ќе ја овласти банката во негово име и од средствата на неговата платежна сметка да врши:
- редовни плаќања кон сметки на физички или правни лица кои имаат отворено сметка во банката или сметки отворени во друга банка,
- пренос на сопствен депозит во банката,
- отплата на кредити, наплата на надоместок, отплата на кредитни картички издадени од банката и друго.
Банката го извршува плаќањето во валутата и согласно инструкции наведени во самиот траен налог.
Корисникот може да го отповика трајниот налог во секое време, под услов со отповикувањето да не се прекршува договорна обврска на Корисникот спрема банката по било кој договор склучен помеѓу нив.
Корисникот се согласува доколку нема доволно парични средства на сметката наведена во договорот за отплата на кредит, плаќање на надомест, отплата на кредитни карттички, Банката да ги наплати обврските од средствата на сите сметки на име на Корисникот за кои со Банката склучил Договор за отворање на платежни сметки со пренос на средства на сметката на која се евидентирани обврските по конкретен договор.
6. ДОЗВОЛЕНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ
Банката може да одобри дозволено пречекорување на платежната сметка во денари за резиденти или во денари / девизи за нерезиденти согласно интерните акти на банката.
Износот на одобреното дозволено пречекорување, условите за негово користење, рокот на користење, каматните стапки и други податоци поврзани со користењето на дозволено пречекорување на сметката се регулираат со посебен Договор за дозволено пречекорување на платежна сметка потпишан со Корисникот.
Правото на користење на дозволеното пречекорување престанува со промената на условите под кои тоа е одобрено. За состојба на сметката во висина на дозволеното пречекорување, банката пресметува договорна редовна камата.
Доколку Корисникот го надмине тековното салдо на паричните средства на платежната сметка и/или износот на расположливото салдо на платежната сметка, се смета дека платежната сметка преминува во премолчено должничко салдо. На премолчното должничко салдо Банката пресметува и наплатува договорна казнена камата согласно Политиката за каматните стапки.
Доколку Корисникот редовно не ги подмирува своите обврски, банката има право да покрене судска постапка за наплата на побарувањата.
Условите за користење на дозволено пречекорување се детално уредени во Општите услови за потрошувачки кредит, револвинг денарски кредит кој се користи со кредитни картички и дозволено пречекорување https://unibank.mk/content/fizicki lica.
7. КРЕДИТНИ КАРТИЧКИ
На барање на Корисникот, банката по направена кредитна анализа може да одобри користење на кредитна картичка. За одобрување и користење на кредитната картичка Корисникот потпишува посебен наменски договор.
Информациите за сите расположливи брендови на кредитни картички кои банката ги нуди и нивните карактеристики, вклучително и за нивната функционалност, сигурносните карактеристики и трошоците поврзани со нив се ставени на располагање и јавно објавени на веб-страницата на банката на следниот линк: https://www.unibank.mk/mk-MK/pocetna/fizicki-lica/karticki/kreditni-karticki.nspx за физички лица и https://www.unibank.mk/mk-MK/karticki-pravni.nspx#!#business-credit за правни лица.
8. НЕАКТИВНИ СМЕТКИ
Неактивна сметка е:
1) платежна сметка од која непрекинато во период од најмалку 24 месеци не се извршени одливни платежни трансакции авторизирани од Корисникот - потрошувачот или приливни платежни трансакции, со исклучок на пресметката и плаќање/наплата на камата, и/или кои било други платежни трансакции коишто се извршени во корист на Банката или во врска со која Банката немала со потрошувачот или лицата што се овластени за работење со платежната сметка или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација или
2) депозитна сметка во врска со која Банката немала со Корисникот - потрошувачот или лицата што се овластени за работење со сметката или неговиот законски застапник документирана писмена, електронска и/или снимена телефонска комуникација, во непрекинат период од најмалку десет години;
Доколку Корисникот на платежна сметка има повеќе сметки во Банката, ако најмалку една од нив е активна, се сметка дека и останатите негови сметки се активни.
Со настанување на статус на неактивна сметка, не престанува правото на сопственост над паричните средства на имателот, вклучувајќи ги подоблиците на правото на сопственост и другите права што прозилегуваат од сопственоста.
Корисникот или законскиот застапник кое може да располага со сметката, може да го смени статусот на неактивна во активна сметка, со поднесување на барање преку експозитурите на Банката или со направена трансакција преку електонските сервиси, со картичка или на ПОС терминал во износ на висина на расположливото салдо.
Банката ги затвора неактивните платежни сметки на потрошувачот доколку состојбата на паричните средства на платежната сметка изнесува нула во непрекинат период од 24 месеци, под услов платежната сметка да не е блокирана,
9.ПРАВНА ЗАШТИТА НА КОРИСНИКОТ НА ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ
Корисникот е должен да врши редовен увид во промените на сметките, да ги следи и контролира трансакциите веднаш по нивното извршување и сите рекламации/поплаки да ги пријави во банката веднаш без никакво одлагање, но не подоцна од 20 (дваесет) дена по завршување на месецот во кој е евидентирана спорната трансакција на сметката со оглед дека има обврска да подигне извод на крајот на секој изминат месец.
Корисникот на платежна услуга може да поднесе приговор/рекламација до банката на еден од следниве начини:
- лично во Централата, Експозитурата на банката,
-преку електронска адреса reklamacii@unibank.com.mk ,
-по пат на пошта со испраќање на писмо до седиштето на банката.
При поднесување на рекламација/поплака Корисникот ги наведува основни податоци за спорната трансакција и ги поднесува сметките, слиповите и сите останати релевантни документи кои банката може да ги побара.
Поплаки за квалитетот и количината на производите односно услугите купени со картичката, Корисникот ги решава на продажното место и банката не постапува по истите. Корисникот е должен да ги подмири вкупните трошоци кои се реално создадени на платежната сметка без оглед на исходот од рекламациите.
Банката е должна на Корисникот да му даде одговор во рок од 15 (петнаесет) работни дена од денот на прием на рекламација.
Доколку Банката не може да одговори во предвидениот рок поради причини кои се надвор од нејзина контрола, е должна да го извести Корисникот за доцнењето на одговорот со јасно наведување на причините и за рокот до кој Корисникот ќе го добие одговорот, а кој не може да биде подолг од 35 (триесет и пет) работни дена од денот на приемот на приговорот.
Корисникот кој претходно поднел приговор/рекламација до банката, има право на поднесување поплака до Надлежниот орган – НБРСМ со наоди за евентуални прекршувања на одредбите од ЗПУПС.
Поднесувањето поплака до НБРСМ не го исклучува или ограничува правото на Корисникот да поведе судски спор соБанката, заради заштита на своите интереси.
10. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА КОРИСНИКОТ
За сите задолжувања за износот на трансакциите, трошоците, надоместоците и каматите кои настануваат при користење на услуги и производи од страна на Корисникот, банката го известува Корисникот преку Изводот за состојба и прометот на платежната сметка кој Корисникот има обврска да го подигне на начин и во период предвиден во Договорот. Динамиката на следење на објавените информации, увидот во состојбата, промените и изводот на сметката се во целосна надлежност на Корисникот.
За сите информации за изработена картичка или печатење на ПИН, за нови и за постојни корисници на картички банката го известува Корисникот преку СМС порака, Интернет банкарство, мобилна апликација, Извод за состојба и промет на сметка или контакт центарот на банката.
Корисникот со склучување на Договорот е согласен за промените во Договорот и документите кои се негов составен дел, а кои се однесуваат на работењето со сметката, користењето на платежните услуги/производи, банката да го известува преку Изводот за состојба и прометот на сметката кој може да го подигне на шалтерите на банката во хартиена или во електронска форма преку интернет банка и/или Мобилна апликација.
Секоја измена на Рамковниот договор, вклучително и измена на информациите за користење на платежните услуги, Банката ќе му ја предложи на Корисникот најдоцна два месеци пред датумот на примена на измената.
Банката ќе ги изготви предложените измени во едноставна и сеопфатна форма, со употреба на разбирливи зборови, и најмалку 2 (два) месеци пред стапување во сила на промените, ќе го извести Корисникот преку контакт податоците наведени во Рамковниот договор (електронско поштенско сандаче, СМС, е-пошта, извод, контакт адреса) со информација каде истите ќе бидат достапни.
Ќе се смета дека Корисникот ги прифатил предложените измени во условите на Рамковниот договор доколку пред датумот на примена на измените не ја извести Банката дека ги одбива истите.
Во случај Корисникот да не ги прифати предложените измени, Корисникот има право да го раскине Рамковниот договор, на било кој датум пред датумот на примена на измените без да плати трошок или надоместок за раскинувањето на рамковниот договор, при што овие Општи услови престануваат да важат со датумот на раскинување на договорот од страна на Корисникот. Корисникот е должен за раскинувањето писмено да ја извести банката најдоцна пред денот на почетокот на примена на предложените измени и дополни, со обврска за измирување на обврските спрема Банката до денот на гасење/затворање на платежната сметка.
Со потпишување на Договорот Корисникот е запознаен и изрично согласен дека во случај на промена на висината на каматните стапки и/или девизниот курс поради промени на референтната каматна стапка и/или референтниот девизен курс, банката промените ќе ги применува веднаш, без претходно писмено известување и без да се бара дополнителна согласност од Корисникот.
11. ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ
Банката и Корисникот се обврзуваат дека како доверливи ќе ги чуваат сите податоци, дејства и околности за кои добиле сознание во врска со платежната сметка, освен за тоа што е пропишано со важечките прописи или ако изричито поинаку не се договорат.
Податоците за состојбата и промените на платежната сметка на Корисникот се банкарска тајна и банката може да ги открие само со согласност на Корисникот, односно во случаи предвидени со Законот за банките и други законски прописи.
Со потпишувањето на Договорот, Корисникот изрично се согласува банката да ги преземе сите дејствија поврзани со обработка и размената на податоци кои произлегуваат од Договорот, а кои се собрани во согласност со правото на банката да собира, складира, евидентира, организира податоци заради извршување на своите активности. Воедно, Корисникот се согласува собраните податоци банката да ги обработува за целите на спречување перење пари и финансирање на тероризам, заради спроведување на обврските од регулативата FATCA (Законот за даночна усогласеност по странски сметки), обработка со цел откривање и истражување на измама и злоупотреба на плаќање.
12. ОДГОВОРНОСТ
Банката не одговара за штета предизвикана од неизвршување на платежна трансакција во случај штетата да е предизвикана од погрешно внесени податоци во налогот за пренос.
Одговорноста на банката за неможноста да обезбеди платежни услуги е исклучена, како и штетата што би ја претрпел Корисникот како резултат на тоа, доколку е предизвикана од објективни причини кои се надвор од контрола на банката. Објективни причини за давање платежни услуги се сите настани или дејствија кои го попречуваат или оневозможуваат обезбедувањето платежни услуги, а се предизвикани од виша сила, војна, немири, терористички акти, исклучување на телекомуникациите и сите други настани на кои банката не може да има влијание.
Банката не одговара за штета односно за враќање на износот на неовластени, неизвршени и/или неправилно извршени платежни трансакции, како и за поврат на надоместоци и камати, во следниве случаи:
- доколку извршувањето, односно неизвршувањето на платежната трансакцијата е последица на исклучителни и непредвидливи околности кои се надвор од контрола на банката и чии последици не можеле да се избегнат;
- доколку платежната трансакција не може да се реализира поради постоење на ограничувања од страна на меѓународните платежни институции за реализација на трансакциите;
- доколку извршувањето, односно неизвршувањето на платежната трансакција е последица на обврската на банката која произлегува од други прописи кои ја обврзуваат банката;
- ако извршувањето, односно неизвршувањето на платежната трансакција е последица на измама на Корисникот, измама на овластено лице или ако Корисникот или овластеното лице намерно или поради грубо невнимание не ги исполнат своите обврски уредени со овие Општи услови, Договорот и законските прописи;
- доколку банката извршила платежната трансакција врз основа на фалсификуван или изменет налог за пренос; - доколку неизвршувањето на платежната трансакција е последица на дејствијата на Давател на услуги за иницирање плаќања и
- во други случаи дефинирани во овие Општи услови.
Банката исто така се ослободува од одговорност за одложување или неизвршување на налози за пренос предизвикани од обврската на банката да применува и спроведува мерки во согласност со прописите од областа на спречување перење пари и финансирање на тероризам и/или други прописи, како и прописи кои бараат од банката да ги потврди информациите што мора да се приложат за платежната трансакција.
Одговорноста на банката за одложување или неизвршување на налогот за пренос е исклучена и доколку Корисникот на барање на банката не достави дополнителни податоци и документација за спроведување на мерките од претходниот став.
Во случај на испраќање податоци или налози за пренос од страна на Корисникот преку необезбеден канал (на пр. епошта, факс), банката не е одговорна за евентуални штети што може да настанат поради нивна загуба, доцнење, измена, или обелоденување на податоци. Банката нема да одговара за евентуална штета при извршувањето на платежните трансакции извршени врз основа на налози за пренос испратени на опишаниот начин. Одговорноста за безбеден, правилен и навремен пренос на податоци е на страната на испраќачот на податоците.
На барање на банката, Давателот на услугата за иницирање на плаќање е обврзан да докаже дека го потврдил приемот на налогот за пренос во согласност со одредбите од Законот за платежни услуги и платни системи, дека платежната трансакција била автентицирана, правилно евидентирана и дека на извршувањето на платежната трансакција не влијаела техничка неисправност или друг недостаток на услугата.
Доколку Давателот на услугата за иницирање плаќање е одговорен за неовластена платежна трансакција, неизвршување или доцнење во извршувањето на платежната трансакцијата, веднаш ќе и ги надомести на банката на нејзино барање сите износи платени на исплатувачот, вклучително и висината на штетата и другите претрпени штети.
Банката не е одговорна за било какви штети настанати во случај на одбивање на пристап до платежната сметката на Давател на услуги за давање информации за платежни сметки или Давател на услуги за иницирање плаќање врз основа на докажани и објективно оправдани причини кои се однесуваат на неовластен пристап на тој Давател на услуги до платежната сметка вклучително и неовластено започнување на платежна трансакција, а во случај ќе го извести Плаќачот за причините за одбивање пристап до платежната сметка.
Банката на никаков начин не е одговорна за обврските кои произлегуваат од договорниот однос помеѓу Корисникот и Давателот на услуги за давање информации за платежни сметки или Давателот на услуги за иницирање плаќање.
За сите спорови кои произлегуваат од или во врска со Договорот месно надлежен е Судот во Скопје, освен ако банката и Корисникот не се договорат поинаку.
На Договорот се применуваат законските прописи на Република Северна Македонија.
13. КОМУНИКАЦИЈА ПОМЕЃУ СТРАНИТЕ
Комуникацијата помеѓу банката и Корисникот се одвива врз основа на податоците дадени во рамковниот договор и согласно овие Општите услови.
14. ЗАШТИТНИ И КОРЕКТИВНИ МЕРКИ
Корисникот кој е овластен да го користи платниот инструмент е должен:
- веднаш штом ќе го добие платниот инструмент, да ги преземе сите разумни мерки за заштита на корисничките сигурносни обележја на платниот инструмент;
- да го користи платниот инструмент во согласност со договорните услови за издавање и користење на платниот инструмент и
- да ja извести Банката или лицето определено од Банката, веднаш по добивање сознание за губење, кражба, злоупотреба или неавторизирано користење на платниот инструмент.
Корисникот е должен да го следи и контролира пристапот од трети лица до платниот инструмент кој го користи за услугите од платежната сметка.
Во случај Корисникот да констатира неовластен пристап од трето лице до платниот инструмент кој го користи за услугите на платежната сметка, обврзан е веднаш да и пријави на Банката, со јавување во Контакт Центар на (02) 3 111-111, при што Банката со цел да спречи евентуална злоупотреба на системот привремено ќе го блокира извршувањето на поединечни или на сите услуги кои ги користи Корисникот и за тоа ќе го извести Корисникот преку еден од канали за комуникација со Корисникот.
15. ИЗМЕНА И РАСКИНУВАЊЕ НА РАМКОВНИОТ ДОГОВОР
Корисникот може да поднесе барање за раскинување на Договорот со отказен рок, кој не може да биде подолг од 30 (триесет) дена, само доколку ги има подмирено своите обврски со кој е задолжен и кои произлегуваат од користењето на било кој производ или услуга во банката по основ на Договорот, на сметката нема евидентирано неизвршени платни налози за присилна наплата и доколку ги врати банкарските картички. Со Раскинување на Договорот банката ги затвора сите производи кои Корисникот ги користел врз основа на Договорот.
Раскинувањето на Договорот и затворањето на платежната сметка е без надоместок за Корисникот, но доколку Договорот е во сила во период пократок од шест месеци од склучувањето, банката има право да утврди надомест за раскинување на Договор и затворањето на платежната сметка во висина на вистински направените трошоци. Во случај на раскинување на Договорот и затворање на платежната сметка, согласно со кој надоместоците за платежните услуги од Корисникот се пресметуваат или наплатуваат на редовна основа, банката ги наплатува надоместоците во висина која е сразмерна на периодот до раскинување на Договорот.
Банката има право еднострано да го раскине Договорот по сопствена деловна одлука од било која причина како и доколку Корисникот не се придржува кон одредбите на Договорот и Општите услови, со известување испратено до Корисникот најмалку два месеци пред денот на раскинување на Договорот. Известувањето за раскинување банката го доставува до Корисникот во хартиена форма испратено преку препорачана пошта, при што како уредна се смета доставата извршена на последната пријавена адреса на Корисникот во банката. По истек на предвидениот рок, банката ќе го раскине Договорот и ќе ја затвори платежната сметка, а доколку на платежната сметка има позитивно салдо паричните средства ќе ги пренесе на евиденциска сметка со посебна намена. Со преносот на паричните средства на евиденциската сметка со посебна намена не престанува правото на сопственост над паричните средства на Корисникот, вклучувајќи ги подоблиците на правото на сопственост и другите права што произлегуваат од сопственоста.
Банката согласно закон ќе ја затвори сметката која нема салдо и промени во последните две години и нема неизвршени платни налози за присилна наплата, за што ќе го извести Корисникот.
Доколку дојде до промена на статусот на Корисникот од резидент во нерезидент, во тој случај банката ќе ги затвори сметките на резидентот и ќе изврши еднократен пренос на средствата од резидентната девизна сметка и/или денарска сметка на девизна и/или денарска сметка која Корисникот ќе ја отвори во банката како нерезидент. Истата постапка се спорведува при пормена на статус од нерезидент во резидент.
15.1 Раскинување на договор на платежна сметка со основни функции Банката има право еднострано да го раскине Договорот доколку:
- постои сомневање дека Потрошувачот со намера ја користел платежната сметка со основни функции за незаконски цели;
- со платежната сметка со основни функции не е извршена платежна трансакција во непрекинат период од 24 месеци;
- Потрошувачот доставил неточни информации заради отворање на платежна сметка со основни функции, а врз основа на точните информации би немал право да отвори и користи платежна сметка со основни функции;
-Потрошувачот повеќе нема законското престојувалиште или го загубил основот за законското престојувалиште според кој го имал правото на отворање и користење на платежна сметка со соновни функции и
- се утврди дека Потрошувачот по отворањето на платежната сметка со основни функции отворил кај друг давател на платежни услуги платежна сметка во денари.
Едностраното раскинување на Договорот согласно со точка алинеја 1 и 2 од оваа точка, стапува во сила веднаш.
Доколку банката го раскине Договорот согласно со оваа точка алинеја 2, 4 и 5 должна е за едностраното раскинување да го извести Потрошувачот без надоместок, писмено или по електронски пат најмалку два месеца пред раскинувањето на Договорот да стапи во сила, при што ќе ги наведе причините за раскинувањето, освен доколку наведувањето на причините е спротивно на целите на националната безбедност или јавниот интерес, со правна поука за правата на Потрошувачот.
Доколку при еднострано раскинување на Договорот има позитивно салдо на парични средства, износот на позитивното салдо се пренесува на евиденциска сметка со посебна намена кај давателот на платежните услуги при што не престанува правото на сопственост на корисникот над паричните средства, вклучувајќи ги подоблиците на правото на сопственост и другите права што произлегуваат од сопственоста.
Завршни одредби
За склучување на Договорот и комуникација помеѓу банката и Корисникот ќе се користи македонскиот јазик.
Како официјален документ кој ќе се користи како доказ за сите известувања околу измените на Рамковниот договор, Општите услови, Тарифата на надоместоци, како и за сите други промени околу работењето со платежната сметка ќе се смета Изводот од платежната сметка на македонски јазик.
Овие Општи услови се издадени на македонски јазик и македонската верзија ќе преовладува и во случај на нивно преведување на друг јазик.
Договорните односи во врска со давање платежни услуги склучени пред започнување на примената на Законот за платежни услуги и платни системи ќе останат во сила и по започнување со негова примена, а ќе се спроведуваат според важечките законски и подзаконски прописи.
Одредбите од точка 3 на овие Општи услови кои се однесуваат на Дебитни картички, влегуваат во сила на 01.10.2024 година и ќе се применуваат на постојните потрошувачи и на нови потрошувачи.
Одредбите од точките 1, 1.1, 2.1.5, 2.2 и 4.влегуваат во сила на 01.12.2024 година и ќе се применуваат и за сите Корисници кои во банката имаат отворено платежна сметка и/или користат платежни услуги или производи поврзани со платежната сметка.
Со стапување во сила на овие Општи услови, во целост се заменуваат претходно објавените Општи услови.
Прилози:
Тарифа на надоместоци
Информативен документ за надоместоците
Поимник
1 Примена од 01.03.2026 година
2 Одложена примена од 01.03.2026 година
3 Одложена примена од 01.12.2024 година
33