Contract
КОЛЕКТИВНИ ДОГОВОРИ
Врз основа на член 32 од Уставот на Република Македонија, член 88, став 2 од Законот за работни односи (ССл. весник на РМм бр. 80/93, 3/94 и 14/95) и член 5 од Општиот колективен договор за јавните служби, јавните претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност (ССл. весник на РМм бр. 39/94), Министерството за стопанство и Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија, како мнозински синдикат, склучуваат
КОЛЕКТИВЕН ДОГОВОР
ЗА ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД ГРАНКАТА ЕНЕРГЕТИКА
I. ОПШТИ ОДРЕДБИ Член 1
Co овој колективен договор се уредуваат, односно доуредуваат во согласност со Законот и други прописи и Општиот колективен договор за јавните служби, јавни претпријатија, државните органи, органите на локалната самоуправа и други правни лица кои вршат нестопанска дејност (во натамошниот: текст Општ колективен договор), правата, обврските и одговорностите на работниците од работен однос, како и обемот и начинот на остварување на правата и обврските и други прашања од интерес за работниците и работодавачите во јавните претпријатија од гранката енергетика, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.
Член 2
Колективниот договор се применува непосредно и е задолжителен за сите работници и работодавачи во чие име е склучен од јавните претпријатија од гранката енергетиката (во натамошниот текст: јавни претпријатија).
Одредбите од овој договор се однесуваат и на учениците и студентите на производна работа, односно работна практика и на приправниците во јавното претпријатие.
Одредбите од Колективниот договор со кој се регулираат платите и надоместоците на плати и други примања не се применуваат на раководните органи и лицата со посебни овластувања и одговорности утврдени со Статутот или друг акт на јавното претпријатие, доколку со посебниот договор за работа не е поинаку одредено.
Член 3
Под работодавец во смисла на овој договор се подразбира јавно претпријатие лице кое врши стопанска дејност од областа на енергетиката и вработува работници.
Член 4
Co колективен договор на ниво на јавно претпријатие можат да се утврдат поголеми права од утврдените со овој договор, како и права кои не се предвидени со овој договор, ако тоа не е во спротивност со Закон и овој договор.
Доколку со колективен договор на ниво на јавно претпријатие се утврдени помали права или понеповолни услови за работа од правата, односно условите утврдени со овој договор, се применуваат одредбите од овој договор.
Член 5
Врз основа на овој колективен договор, јавните претпријатија од гранката енергетика се должни да донесат сопствени колективни договори.
1
II. ПОСЕБНИ ОДРЕДБИ
1. Посебни услови за засновање на работен однос
Член 7
Работен однос може да заснова секое лице што ги исполнува условите утврдени со за- кон, овој договор и колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Посебните услови можат да се предвидат како услов за засновање на работниот однос само ако се потребни за извршување на работите на определено работно место.
Како посебни услови за засновање работен однос можат да се предвидат, особено видот и степенот на стручната подготовка, особено знаење и способност за извршување на соод- ветните работи, работно искуство, посебната здравствена состојба, психофизички способ- ности и др.
Член 8
Работен однос се заснова со склучување на договор за работа помеѓу работникот и јавното претпријатие.
Договор за работа во смисла на овој член склучува и работник кој засновал работен однос и пред донесувањето на Законот за работни односи, при што договорот треба да се однесува за работното место и условите под кои работи.
Член 9
Co претходното проверување на способноста, кога е тоа утврдено како посебен услов за засновање на работен однос со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, се оценува способноста на работникот (стекнатата пракса и умешноста на работите и задачи- те) и се утврдува дали работникот ги задоволува барањата за вршење на работите за кои се пријавил.
Претходното проверување на способностите се врши само за кандидатите кои ги исполнуваат условите на огласот на начин и во постапка утврдени со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Претходно проверување на способностите не се врши при засновање на работен однос со приправник и работник без квалификации.
Член 10
Староста и полот се утврдуваат како посебен услов за засновање на работен однос на соодветни работни места само во случај кога тоа е така определено со Закон и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
2. Утврдување на потребата од работници
Член 11
Одлука за потреба за засновање работен однос донесува органот определен во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 12
Одлуката од претходниот член на овој Договор може да се донесе кога работните места не можат да се пополнат со распоредување на работници од делот на претпријатието во кој постои таква потреба.
За работните места кои не можат да се пополнат со распоредување по основ на претходниот став се објавува оглас преку организацијата надлежна за работите на вработувањето.
2
3. Начин на засновање на работен однос
Член 13
Работниот однос може да се заснова по пат на оглас и преземање работник од друго претпријатие согласно Законот.
Член 14
Во огласот за слободно работно место, покрај општите услови, потребно е да се наведат:
- посебните услови за засновање на работниот однос утврдени со Законот, овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие;
- должината на траењето на пробната работа, односно дека ќе се врши претходно проверување на способноста на пријавените кандидати за вршење на работите на огласеното работно место, ако за тоа место се предвидува пробна работа, односно претходно проверување на способности.
Член 15
Bo случај кога на работникот му престанал работниот однос кај друг работодавец, врз основа на изготвена програма за економски, технолошки, структурални или слични промени, тој може да биде примен на работа во јавното претпријатие без огласување на работното место, со преземање и склучување на договор за работа на работно место кое одговара на стручната подготовка, односно квалификација на работникот.
4. Органи за избор
Член 16
Избор од кандидатите пријавени на оглас за прием на работа врши работоводниот орган, односно органот определен во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, во постапка утврдена со Колективниот договор на јавното претпријатие.
Кандидатот кој не е избран има право на приговор до органот утврден со колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
5. Проверување на способностите за вршење на работите
Член 17
Проверувањето на способноста, кога тoa e утврдено како посебен услов за засновање на работен однос, го врши Комисија составена од 3 члена со најмалку ист степен на стручна подготовка како што има работникот чии работни способности се проверуваат.
Комисијата од претходниот став ја именува работоводниот орган за работниците кои ги избира органот утврден во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Комисијата работи во полн состав.
Член 18
Проверувањето на работните способности се врши писмено и практично, со извршување на работи и задачи од работното место за кое кандидатот се пријавил. Проверката од претходниот став ја врши Комисијата.
За времето и местото на проверување кандидатот се известува писмено.
3
Член 19
За проверување на способноста на кандидатите Комисијата составува записник во кој ги внесува:
- називот на јавното претпријатие во кое се врши приемот; -
презимето и името на кандидатите;
- на кој оглас се пријавени;
- кога е извршено проверувањето;
- кои практични работи се извршувани;
- оценка за кандидатот (задоволил-не задоволил); -
состав на Комисијата.
Веднаш по завршувањето на работата Комисијата го доставува записникот до органот надлежен за избор на кандидатите.
6. Договор за работа
Член 20
Пред стапувањето на работа на работникот му се овозможува да се запознае со Колектив- ниот договор и со другите акти и прописи со кои се уредуваат правата, обврските и одговор- ностите на работниците и на претпријатието од работен однос, како и обемот и начинот на остварување на правата и обврските и другите одредби за прашања од интерес на работни- ците и претпријатието, како и начинот и постапката за решавање на меѓусебните спорови.
Запознавањето се врши со овозможување на работникот да изврши увид во актите од став 1 на овој член.
Член 21
Bo Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие можат да се предвидат и други одредби за содржината на Договорот за работа освен предвидените со закон и Општиот колективен договор.
7. Распоредување на работниците
Член 22
Работникот се распоредува на работи за кои засновал работен однос.
Работникот во текот на траењето на работниот однос според потребите на процесот на трудот може да биде распореден на секое работно место кое одговара на неговиот степенот на стручна подготовка во следните случаи:
- неопходна потреба на процесот на работа и организацијата на работа;
- подобро користење на стручната спрема и на работните способности на работникот; -
намалување или зголемување на обемот на работата;
- отворање на ново работно место и укинување на постојното;
- престанок на потребата за работа на работникот поради технолошки и други унапредувања;
- забрана за вршење определени работи и работни задачи поради болест или други објективни причини;
- замена на ненадејно отсутен работник;
- побрза реализација на работите утврдени со планот и програмата за работа и развој; -
воведување на нова организација на работа;
- други случаи утврдени во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Одлуката за распоредување на работникот ја донесува работоводниот орган или лице кое тој ќе го овласти и таа треба да се даде во писмена форма.
4
Член 23
Работникот е должен времено да врши работи на работното место за кое се бара понизок степен на стручна подготовка од определен вид занимање во исклучителни околности, додека траат тие околности, но не подолго од 60 дена, со писмен налог, односно усмен налог кој треба да се потврди со писмен во рок од 3 дена и тоа:
- во случај на виша сила;
- несреќа која настанала или која непосредно претстои;
- спречување на расипување на материјални добра и отстранување дефекти; -
замена на ненадејно отсутен работник;
- прекин на работа поради недостиг на енергија, суровини, репроматеријали, резервни делови и слично;
- воена опасност, состојба на подготвеност и воена вежба; - за извршување на сезонски работи кои не трпат одлагање; - за време на извршување ремонти;
- при времено зголемен обем на работа;
- ненадејни хаварии;
- поради примена на безбедносни и изречени заштитни мерки;
- помош на други работници во извршувањето на одредени работи кога е тоа неопходно поради запазување на рокови утврдени со пропис и договор или акт на надлежен орган;
- во други итни, неодложни и неопходни потреби на процесот и организацијата на работа. Барањето за заштита на правата на работникот при распоредување во случаите од став
1 на овој член не го задржува извршувањето на одлуката.
Работникот од став 1 на овој член ја задржува платата од работното место на кое претходно бил распореден, ако е тоа поповолно за него.
Член 24
Работоводниот орган покренува постапка за оценување на работната способност на работникот ако постои сомневање во потребното знаење и способност на работникот за извршување на работите и работните задачи на кои е распореден, односно ако не ги остварува предвидените резултати од работењето.
Работоводниот орган може да формира Комисија од членови со најмалку ист степен на стручна подготовка од определен вид занимање како што има работникот со налог да ја утврдат состојбата.
Оценување на знаењето и способноста на работникот, односно остварувањето на предвидените резултати од работењето, може да се врши по истекот на најмалку 40 работни дена континуирано следење на работата на работникот.
Во време на следење се смета само фактичкото присуство на работникот на работа. На работникот му се доставува известување дека е отпочната постапка за утврдување на не- говите знаења и способности за извршување на работите на работното место на кое е рас- пореден.
За почетокот на постапката се известува Синдикатот.
Работникот и синдикалниот претставник имаат право на увид во документацијата врз основа на која е започната постапката.
Член 25
Во разговорите со органот што ја спроведува постапката од претходниот член на овој договор, на кои има право да присуствува и претставник на Синдикатот, работникот се изјаснува за наводите во документацијата.
За текот на разговорите се води записник.
5
Одлуката за распоредување на друго работно место кое одговара на знаењето и способностите на работникот, или за престанок на работниот однос кога нема такво работно место, ја донесува работоводниот орган или лице овластено од него.
Одлуката од претходниот став се доставува до Синдикатот кој може да го застапува работникот во натамошната постапка за заштита на неговите права.
8. Приправници
Член 26
Приправниците можат да засноваат работен однос на определено или неопределено време.
Приправникот стручно се оспособува за самостојно вршење на соодветните работи и задачи.
Приправничкиот стаж може да трае најдолго 12 месеци.
Должината на приправничкиот стаж се утврдува во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие во зависност од степенот на стручната подготовка и сложеноста на работното место за кое се примаат приправници.
Член 27
Во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие се утврдува начинот на следење и оценување на приправникот.
Член 28
Заради стручно оспособување за самостојно вршење на работите од својата струка приправникот се оспособува на тој начин што во текот на приправничкиот стаж практично се запознава со работите на работното место за кое се оспособува.
Оспособувањето се врши по Програма која се изготвува според описот на работното место за кое се оспособува приправникот, со која се запознава приправникот пред склучување на договорот за работа.
Член 29
Стручното оспособување за самостојно извршување на работите на приправникот го следи непосредниот раководител.
Оценување на стручната способност на приправникот за самостојно извршување на рабо- тите врши Комисија со членови со најмалку ист степен на стручна подготовка како што има работникот - приправник врз основа на успехот што ќе го покаже на приправничкиот испит.
III. РАБОТНО ВРЕМЕ Член 30
Одлука за работа подолга од полното работно време донесува работоводниот орган или лицето што тој ќе го овласти.
Одлуката од претходниот став се донесува во писмена форма. Во итни случаи работа подолга од полното работно време може да се воведе и со усмен налог, кој дополнително мора да се потврди со писмена одлука во рок од 3 дена.
Член 31
Работното време на работникот кој работи на особено тешки, напорни и штетни по здравјето работи не може да биде подолго од 32 часа во текот на работната недела.
Работното време од претходниот став на овој член се смета за полно работно време.
6
Член 32
Почетокот, распоредот и завршетокот на работното време го утврдува работоводниот орган или од него овластен работник согласно Законот и актот на органот на државната управа од соодветната област.
Член 33
Работникот кој работи во смена не смее да го напушти работното место додека не добие замена. Во случај на спреченост да стапи на работа во определената смена работникот е должен благовремено да го извести за тоа непосредниот раководител кој е должен да презе- ме мерки за одредување на друг работник во смената на местото на отсутниот работник.
Член 34
Кога тоа го бара природата на дејноста на претпријатието, односно работите и задачите, организацијата на работата, подоброто користење на средствата за работа, порационалното користење на работното време и извршување на определени работи и задачи со утврдени рокови, одржување и ремонт, изготвување на пресметки и анализи, спазување на одредени рокови во интерес на претпријатието, работоводниот орган може да донесе Одлука за прераспределба на работното време.
Прераспределбата на работното време се врши така да во определен временски период во текот на годината биде подолго од 8 часа дневно, а во останатиот период пократко од 8 часа дневно, со тоа да вкупното работно време на работникот во просек не биде подолго од 40 часа во работната недела во текот на годината и да се обезбеди соодветен одмор на работникот помеѓу работните денови.
IV. ОДМОРИ И ОТСУСТВА
1. Одмори
Член 35
Работникот има право на одмор во текот на дневната работа во траење од 30 минути.
Начинот на користење, почетокот и завршувањето на одморот од претходниот став се утврдува со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Одморот во текот на дневната работа се користи во просториите или вон просториите
на претпријатието, a ако природата на работата или посебни прописи тоа го налагаат, одморот се користи во просториите на претпријатието.
Ако природата на работата не дозволува напуштање на работното место, одморот во текот на работата се организира на начин кој обезбедува работата да не се прекинува.
Член 36
Работникот има право на одмор помеѓу два последователни работни дена во траење од најмалку 12 часа непрекинато и право на неделен одмор во траење од најмалку 24 часа непрекинато.
Ако е потребно да работи на денот на својот неделен одмор на работникот мора да му се обезбеди еден ден за таков одмор во текот на идната работна недела.
Член 37
Работникот има право на годишен одмор од најмалку 18 работни дена по истекот на една година работа, во согласност со критериумите утврдени со Законот, овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
7
Ако во календарската година во која се користи годишниот одмор работникот нема една година работен стаж тој има право на по два работни дена годишен одмор за секој месец поминат на работа без примена на останатите критериуми од Колективниот договор на јавното претпријатие но не повеќе од 18 работни дена.
Член 38
Должината на годишниот одмор преку 18 дена се утврдува во зависност од: -
сложеноста на работата;
- работниот стаж;
- условите за работа;
- придонесот во работата;
- социјалните услови;
- здравствената состојба на работникот и други социјални услови; -
непрекинатата работа во смени;
- бенифициран стаж утврден за одредена работа.
Член 39
Должината на годишниот одмор се утврдува врз основа на следните критериуми:
1. законска основица - 18 дена;
2. за неповолни услови за работа - до 5 дена;
3. за придонес во работата - до 4 дена;
4. за сложеност на работата - до 4 дена;
5. за работно искуство - до 7 дена;
6. за здравствена состојба и други социјални услови во кои живее работникот - до 3 дена;
7. за непрекината работа во смени - до 2 дена;
8. за бенифициран стаж утврден за одредена работа - до 3 дена. Годишниот одмор може да изнесува најмногу 26 работни дена.
По исклучок, на посебно тешки работи, годишниот одмор може да изнесува повеќе од 26,
но не подолго од 36 работни xxxx.
Под посебно тешки услови се смета работата за која е утврден бенифициран стаж, работата со скратено работно време, работата под земја, со тешки климатски услови за работа како и работата за која работникот од точките 2 и 8 ќе оствари максимум.
Конкретните критериуми од став 4 се утврдуваат со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 40
При одредување на должината на годишниот одмор се земаат во вид и посебните социјални услови во кои работникот живее и здравствената состојба на работникот на следниот начин:
- самохран родител со едно дете до 7 години возраст -1 ден;
- самохран родител со повеќе деца до 7 години возраст - 2 дена; -
инвалид на трудот - 2 дена.
Член 41
Годишниот одмор, по правило, се користи во текот на календарската година.
Годишниот одмор може да се користи и во два дела. Ако работникот го користи годишни- от одмор во делови, првиот дел го користи во траење од најмалку 12 работни дена без прекин во текот на календарската година, а вториот дел најдоцна до 30 јуни во наредната година.
Ако за времетраењето на годишниот одмор работникот користи боледување, должен е за тоа веднаш да го извести непосредниот раководител. Времетраењето на боледувањето не се смета во годишен одмор.
8
Член 42
Работникот има право еден ден од годишниот одмор во текот на календарската година да го користи по негова желба за свои лични потреби, со тоа што е должен да го извести работоводниот орган 3 дена пред користењето на тоа право.
Член 43
Работникот го користи годишниот одмор по планот за користење на годишни одмори донесен во јавното претпријатие.
При изготвувањето на планот за користење на годишните одмори се води сметка исти работници да не го користат годишниот одмор секоја година во исто време, како и за желбите на работниците, доколку тоа не е во спротивност со барањата на процесот на работење на јавното претпријатие.
Планот за користење на годишниот одмор се донесува најдоцна до крајот на месец април за тековната година.
Решение за користење на годишниот одмор донесуваат раководителите определени со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 44
По исклучок, работоводниот орган, односно лицето овластено од него може да го промени времето на користење на годишниот одмор, ако тоа го бара процесот на работата или ако настапат објективни околности кај работникот поради кои е принуден да го менува времето за користење на годишниот одмор.
Член 45
За време на користењето на годишниот одмор на работникот му припаѓа надомест на плата во висина на платата која би ја остварил ако работел.
2. Отсуства од работа
Член 46
Работникот има право да отсуствува од работа со надомест на плата најмногу 7 работни дена во текот на една календарска година во следните случаи:
- склучување на брак - 3 дена;
- склучување на брак на дете - 2 дена;
- за раѓање на дете - 2 дена;
- за смрт на сопружник, дете - 5 дена;
- за смрт на родител, брат, сестра - 3 дена; - за смрт на родител на сопружник - 2 дена; - за смрт на баба, дедо - 1 ден;
- за селидба на семејството од едно во друго место -2 дена; - за селидба на семејството во исто место - 1 ден;
- за елементарни непогоди - 3 дена.
Во случаите од претходниот став отсуството од работа се обезбедува и се користи во деновите на настанатата потреба врз основа на која се остварува правото без оглед на барањето на работниот процес.
Член 47
Ако работникот е упатен на стручно оспособување и усовршување, односно полагање на стручен испит за потребите на претпријатието, отсуството од работа со надомест на плата се регулира со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
9
Член 48
Доброволните дарители на крв имаат право на 2 слободни работни денови за секое давање на крв, и тоа денот кога дава крв и наредниот ден. Во случај на давање крв во неработен ден дарителот има право на 2 последователни слободни работни денови.
Слободните денови се сметаат како денови поминати на работа.
Член 49
Работникот има право да отсуствува од работа без надомест на плата до 3 месеци во текот на годината во следните случаи:
- неодложни лични работи;
- патување во странство;
- нега на член на семејството која не е медицински индицирана; -
специјализација и стручно усовршување;
- за изградба или поправка на куќа односно стан; -
за лекување на своја сметка;
- за учество на културни и спортски приредби;
- за учество на конгреси, конференции и слично и - во други случаи на барање на работникот.
Надлежниот орган утврден во член 50 од овој договор може да го одбие барањето на работникот за отсуство од претходниот став ако отсуството неповолно се одразува на процесот на работата.
Член 50
Решение за користење на отсуството од работа со и без надомест на плата како и за мирување на правата и обврските од работен однос во случаите предвидени со закон донесува работоводниот орган или лице овластено од него, што се регулира во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
V. ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА Член 51
Јавното претпријатие е должно да ги обезбеди потребните услови за заштита при работа заради што процесот на трудот ќе го организира на начин со кој се обезбедува сигурност при работата и заштита на здравјето на работниците, граѓаните и животната средина, односно ќе создаде услови за работа и ќе ги преземе пропишаните мерки и нормативи и други општо признати мерки за заштита при работа со кои се обезбедува психофизичко здравје и лична безбедност на работниците, граѓаните и животната средина.
Јавното претпријатие е должно при воведување на било која нова технологија да се грижи да не се загрозува здравјето на работниците и да не влијае штетно на работната и животната средина.
Јавното претпријатие формира орган за заштита при работа, составен од еден претставник на Синдикатот и 2 стручни лица од областа на заштитата при работа кои ги именува работоводниот орган.
Начинот и видот на остварување на заштитата при работа, односно мерките и нормативите за заштита на работа претпријатието е должно да ги уреди со Правилник за заштита при работа, кој го донесува органот на управување во рок од 30 дена од денот на потпишување на Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
10
Член 52
Работникот е должен да се придржува кон мерките за заштита при работа и работите на работното место да ги извршува со внимание заради обезбедување на својот живот и здравје, како и животот и здравјето на другите работници и граѓаните.
Член 53
Работникот има право и должност пред распоредувањето на работното место да се запознае со пропишаните мерки за заштита при работа во врска со работата што треба да ја врши, како и со организирањето и спроведувањето на заштитата при работа.
Јавното претпријатие е должно да го запознае работникот со сите опасности на работа- та и со правата и обврските во врска со заштитата при работа и условите за работа.
Работникот има право да одбие да работи ако му се заканува непосредна опасност за животот или здравјето поради тоа што не се донесени актите утврдени со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие или не се спроведени пропишаните мерки за заш- тита при работа.
Член 54
Јавното претпријатие е должно да обезбеди здравствено - превентивен програмиран од- мор како мерка на заштита на работа и зачувување на здравјето на работниците кои работат во посебно тешки услови утврдени со Колективниот договор на ниво јавното претпријатие.
Јавното претпријатие е должно во рокови и на начин утврден со Закон и Колективен дого- вор на ниво на Јавното претпријатие да обезбеди редовни систематски прегледи на работни- ците заради рано откривање на професионалните заболувања и нивно ефикасно лекување.
Член 55
Јавното претпријатие е должно работникот кој во процесот на работата станал инвалид, односно му се намалила работната способност, да го распореди на соодветно работно место во рок од 15 дена по правосилноста на решението со кое се утврдуваат изменетите работни способности на работникот.
Член 56
Синдикатот има право на увид во примената на пропишаните мерки и нормативи за заштита на работниците при работа.
Во случај кога не се обезбедува нивна соодветна примена, Синдикатот може да бара од работоводниот орган да се почитуваат пропишаните мерки и нормативи за заштита на работниците при работа.
Ако барањето од став 2 на овој член не се почитува, Синдикатот може да побара заштита од инспекцијата на трудот, а потоа да стапи во штрајк.
Член 57
Работните места на кои претежно се вршат тешки физички работи, работи под земја на кои не можат да работат работници помлади од 18 години и работнички, бидејќи би можеле штетно и со зголемен ризик да влијаат на нивното здравје и живот се утврдуваат во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 58
На работник помлад од 18 години не може да му се определи да работи подолго од полното работно време. На работник помлад од 18 години може да му се утврди работно време пократко од полното за работни места утврдени во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
11
Член 59
Согласно овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, органот на управување донесува Програма за обезбедување на заштитата на жените, инвалидите и работниците помлади од 18 години, во согласност со Законот.
VI. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС ПОРАДИ ЕКОНОМСКИ, ТЕХНОЛОШКИ, СТРУКТУРНИ И ДРУГИ ПРОМЕНИ (И ДРУГИ ПРАВА)
Член 60
Во случај на престанок на потребата од одреден број работници поради технолошки, економски, организациони и слични причини, органот на управување, на предлог на работоводниот орган донесува Програма со која се утврдува потребата од промени во производството, организацијата, структурата и технологијата, што ќе предизвика потреба од намалување на бројот на вработените.
Програмата од претходниот став се донесува по претходно прибавено мислење од Синдикатот во јавното претпријатие, кој е должен да го достави во рок од 15 дена.
Одлука за престанување на потребата за работа на работниците донесува работоводниот орган, по претходно прибавено мислење од Синдикатот кој е должен да го достави во рок од 15 дена.
За содржината на Одлуката потребно е да се известат работниците најмалку 3 месеци пред да настапи престанокот на работниот однос по овој основ.
Член 61
На работникот за чија работа престанува потребата поради технолошки и други унапредува- ња со кои се придонесува за зголемување на производството и се зголемува успехот на прет- пријатието не може да му престане работниот однос додека не му се обезбеди едно од следните права по основ на работа, во согласност со критериумите утврдени со Закон и овој Договор.
1. вработување во друго претпријатие без огласување на работното место со преземање и склучување на Договор за работа на работното место кое одговара на неговата стручна подготовка, односно квалификација;
2. стручно оспособување, преквалификација или доквалификација за работа на работно место во јавното претпријатие или во друго претпријатие;
3. еднократен надомест во вид на испратнина во висина од едномесечна плата на работникот за секои две години работен стаж, а најмногу 12 месечни плати, остварена во претходниот месец од денот на престанокот на работниот однос, што се исплатува со денот на престанокот на работниот однос;
4. скратување на работното време во рамките кои ги дозволува Законот;
5. чекање на работа со право на надомест на плата.
Член 62
При утврдување на работниците за чија работа престанува потребата се поаѓа од критериумите утврдени во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие и квантифицирани во бодови, а особено од:
- успешност, односно работен придонес и резултати од работата; -
стручна подготовка и квалификација;
- работно искуство;
- видот и значењето на работното место;
- работен стаж;
- возраст;
- професионално заболување, односно повреда на работното место; -
економско - социјална положба.
12
Член 63
Успешноста, односно придонесот во работата и резултатите од работа се оценуваат според критериуми утврдени и квантифицирани во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност, предност да го задржи работното место има работникот со повисок степен на стручна подготовка.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност и имаат иста стручна подготовка и квалификација предност да го задржат работното место имаат оние работници кои имаат поголемо работно искуство.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност, имаат иста стручна подготовка или квалификација и исто работно искуство предност да го задржат работното место имаат работниците со поголем работен стаж.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност, имаат иста стручна подготовка, квалификација, исто работно искуство, и иста должина на работниот стаж, предност да го задржат работното место имаат работниците со поголема возраст (старост).
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност, имаат ист степен на стручна подготовка и квалификација, исто работно искуство, ист работен стаж и се од иста возраст, предност да го задржат работното место имаат работниците кои имаат професионално заболување, односно, работниците кои претрпеле повреда на работното место.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност, имаат ист степен на стручна под- готовка и квалификација, исто работно искуство, ист работен стаж и возраст, и имаат слична здравствена состојба (инвалидност или повреда на работа) предност да го задржат работното место имаат работниците кои се во полоша социјално-економска положба.
Член 64
Доколку според критериумите утврдени со член 62 и 63 од овој Договор работниците се наоѓаат во иста положба, предност да го задржат работното место имаат:
- работничката за време на бременост, породилно отсуство, отсуство поради нега и заштита на дете и со дете до две години;
- родител со потешко хендикепирано дете;
- самохран родител, односно посвоител на дете до 7 години;
- инвалид на трудот и работници со професионално заболување; - еден од брачните другари што се вработени во претпријатието; - работник кој има до 5 години за остварување на право на пензија; - единствен хранител во семејството кој нема други приходи;
- работници помлади од 18 години;
- работници за време на приправнички стаж;
- синдикалните претставници на кои им трае мандатот;
- други работници на кои им мируваат правата од работен однос.
Член 65
Остварување на правата утврдени со Законот за работниците за чија работа престанува пот- ребата поради технолошки, економски, организациони и слични причини се врши по претходно запознавање на работниците со можностите, условите и обврските за прераспоредување на претпријатието, во друго претпријатие преквалификација и другите права утврдени со Законот.
Член 66
Работоводниот орган на јавното претпријатие може во поединечни случаи да донесе одлука за престанување на потребата од работа на работник со право на исплата на еднократен надомест во вид на испратнина.
13
VII. ПРИВРЕМЕН ПРИНУДЕН ОДМОР
Член 67
Работоводниот орган, врз основа на изготвена Програма за надминување на потешкотии- те во работењето на претпријатието, претходно разгледана и усвоена од Синдикатот ги ут- врдува условите и околностите во кои може да се организира привремен принуден одмор.
Во услови на целосно или делумно престанување на производниот процес на намалување на обемот на работа, економски тешкотии во определени организациони делови, односно делови на производниот процес на претпријатието, работниците од тие организациони делови односно производни процеси се упатуваат на привремен принуден одмор (во понатамошниот текст ППО).
Под организационен дел во смисла на претходниот став се подразбираат погони, односно работни единици на јавното претпријатие. Под делови на производниот процес се подразбира заокружен дел на техничко-технолошкиот процес во погон (работна единица), односно заокружен дел од процесот на работа во стручните служби.
Член 68
При определувањето на работниците кои се упатуваат на ППО мора да се обезбеди техничка сигурност и физичко-техничко обезбедување и одржување на објектите и постројките во организациониот дел во кој се организира ППО, да се обезбеди сигурноста на електроенергетскиот систем на претпријатието и квалитетот во работата на останатите организациони делови на претпријатието од процесот на производството.
Член 69
Работоводниот орган го определува организациониот дел односно делот на производниот процес односно работата во кој се организира ППО и неговото времетраење.
Врз основа на одлуката на работоводниот орган за организирање на ППО, одговорното лице на организациониот дел во кој се организира ППО изготвува план за спроведување на ППО, и со решение поединечно ги определува работниците кои се упатуваат на ППО, како и времетраењето на одморот.
Приговорот поднесен против решението за упатување на работникот на ППО не го задржува извршувањето на решението.
Планот за спроведување на ППО содржи: број на работници кои се упатуваат на ППО, времетраењето на ППО поединечно за секој работник, бројот на работници кои останува- ат на работа, работите кои се извршуваат од работниците кои не се упатени на ППО зара- ди обезбедување на работите од претходниот член од овој Договор, можности за наизме- нично упатување на работниците на ППО, очекуваните економско-финансиски ефекти од организирањето на ППО и други прашања значајни за неговото организирање.
По престанувањето на причините поради кои бил организиран ППО работоводниот орган со Одлука утврдува дека престанала потребата за организирање на ППО во организациониот дел, односно делот на производниот процес и дека се создадени услови за редовно производство, односно работата во истиот.
Член 70
Упатувањето на работниците на ППО се врши на следниот начин:
1. Bo организационите делови, деловите на производниот процес, односно работата каде процесот на производство, односно работата целосно престанал на ППО се упатуваат сите работници освен работниците кои се неопходни за обезбедување на работите од член 68 на овој договор;
14
2. Bo оние организациони делови, делови на производниот процес односно работа каде делумно престанал или се намалил обемот на производството, односно работата на ППО се упатуваат сразмерен број на работници.
Работниците од став 1 точка 2 на овој член се упатуваат на ППО според следните критериуми:
1. успешност во работата;
2. стручна подготовка на работниците;
3. работно искуство во струката;
4. други критериуми предвидени во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие. Оценка за успешноста на работникот во работата на предлог на непосредниот раково-
xxxxx дава одговорното лице на организациониот дел во кој се организира ППО. Доколку работниците покажуваат еднаква успешност предност да останат на работа имаат работ- ниците кои се со повисок степен на стручна подготовка а работат на исти работи.
Доколку работниците покажуваат еднаква успешност и имаат ист степен на стручна подготовка, а вршат исти работи предност да останат на работа имаат работниците со по- големо работно искуство.
При еднакво исполнување на критериумите од овој член предност да остане на работа има: -
работник - самохран родител,
- еден од брачните другари, доколку двајцата работат во претпријатието и во исто време треба да се упатат на ППО,
- работникот определен од одговорното лице на организациониот дел на претпријатието во кој се организира ППО.
Член 71
Претставникот на Синдикатот на ниво на претпријатието односно претставникот на Основната организација - подружницата не можат да се упатуваат на ППО.
Член 72
По исклучок на член 70 став 1 точка 2 од овој Договор одделни работници од делот на производниот процес, односно работа во организациониот дел на претпријатието во кој е сопрено или намалено производството, односно обемот на работа, може да не бидат упатени на ППО по оценка на одговорното лице на организациониот дел ако покажуваат поголема успешност при извршувањето на исти или слични работи од работниците во другите делови на производниот процес, односно работа каде не е сопрено или намалено производството, односно обемот на работа.
Во случаите од став 1 на овој член работниците кои покажуваат поголема успешност во извршувањето на работите ќе се упатат на работа во делот на производниот процес, односно работа каде не е сопрено или намалено производството, односно обемот на работа, a соодветен број на работниците од овие делови на производниот процес, односно работа можат да се упатат на ППО.
Член 73
Организирањето на ППО трае се до престанувањето на причината поради која ППО е организиран.
За времетраењето на ППО работникот може да биде упатен на ППО и повеќе од 60 дена непрекинато, што се утврдува со Планот за спроведување на ППО и решението на одговорното лице на организациониот дел.
Член 74
Доколку работникот за време додека е на ППО се оддалечи или го смени регистрираното место на живеење, должен е веднаш да ја пријави промената во кадровската служба на организациониот дел во кој се организира ППО.
15
Член 75
Работникот го крши работниот ред и дисциплина и работната обврска ако не се јави на работното место во рок од 48 часа од денот определен со уредно доставеното известување дека треба да се јави на работа, а за причината за своето нејавување не ја известил кадров- ската служба на организациониот дел во рок од 24 часа од денот кога настапила причината.
Член 76
Работниците кои ќе останат на работа за времетраењето на ППО во организациониот дел ќе извршуваат и работи од доменот на службата, односно одделението во кое е распореден работникот кои не се во описот на неговото работно место, а одговараат на стручната и работна способност на работникот.
Работникот од став 1 на овој член ја задржува платата од работното место на кое е распореден, ако е тоа за него поповолно.
Непридржувањето кон одредбите на овој член од страна на работникот претставува кршење на работниот ред и дисциплина и работните обврски.
Член 77
По истекот на времето за кое е организиран ППО во организациониот дел се изготвува анализа за ефектите од организирањето на ППО.
Член 78
Висината на платата за работникот упатен на ППО за време на ППО е 70% од основната плата што работникот ја остварил во претходниот месец односно од платата што работниците што се на работа ја примаат во тековниот месец.
VIII. ДОЛЖНОСТ И РАБОТНИ ОБВРСКИ Член 79
Работникот во претпријатието на работа и во врска со работата има определени должности x
работни обврски кои се остваруваат во процесот на заеднички организираната работа во која секој работник врши определена работа односно извршува определени задачи.
Член 80
Работникот ги има особено следните должности и работни обврски:
- да го чува имотот на претпријатието и спрема него да се однесува со внимание на добар стопанственик;
- совесно да ги извршува работите и задачите кои му се доверуваат; -
да се придржува кон мерките за заштита на работа;
- редовно и навремено да доаѓа на работа и совесно да го користи работното време;
- веднаш, а најдоцна во рок од 24 часа да го извести надлежниот орган на претпријатието ако од било кои причини е спречен да дојде на работа;
- да негува добри односи со другите работници;
- да се придржува кон мерките за противпожарна заштита;
- да учествува во спречувањето на елементарни непогоди и да ги отстранува штетните последици;
- да го спречува расипништвото, злоупотребата и појавите на користољубие на штета на средствата на претпријатието;
- да го чува и унапредува угледот на претпријатието;
- пристојно да се однесува кон деловните партнери и гости;
16
- да ги чува податоците кои претставуваат деловна, воена и друга тајна утврдена со закон или акт на претпријатието;
- да укажува на неправилности во работењето;
- да дава помош на други работници во работата;
- да не ги користи своите овластувања спротивно на Законот и актите на претпријатието;
- да ги извршува одлуките на судовите, органите на управување и раководење на прет- пријатието.
IX. УЧЕСТВО НА РАБОТНИЦИТЕ ВО УПРАВУВАЊЕТО
Член 81
Во управувањето со претпријатието работниците учествуваат во согласност со Законот и одредбите на Статутот на претпријатието.
X. СТРУЧНО ОСПОСОБУВАЊЕ И ОБРАЗОВАНИЕ Член 82
Работникот има право и должност да се оспособува и усовршува во согласност со
потребите на процесот на трудот и развојот на претпријатието.
Претпријатието создава материјални, организациони и други услови за оспособување и усовршување на работниците.
Член 83
План за образование на работниците донесува органот на управување на претпријатието во функција на потребите на процесот на работа на претпријатието.
За користење на правата за образование врз основа на планот, одлука донесува работо- водниот орган.
Член 84
Образованието на работниците што се организира во работно време за потребите на претпријатието е работна обврска, па поради тоа се смета во редовно работно време, а на работникот му припаѓаат сите права како да бил на работа.
Обемот на работните денови наменети за стручно оспособување и образование се утвр- дува согласно должината и видот на стручното оспособување и образование со посебен договор кој е во согласност со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
На работникот кој во интерес на јавното претпријатие е упатен на стручно оспособување и образование, му припаѓа надомест на трошоците сврзани со тоа, доколку јавното претпријатие само не ги покрива тие трошоци.
1. Ученици и студенти на практика
Член 85
Co Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие се утврдуваат прифаќањето на ученици и студенти на практична работа, обуката за заштита, надоместоците и другите услови.
XI. ИНФОРМИРАЊЕ НА РАБОТНИЦИТЕ Член 86
Работоводниот орган на претпријатието е должен редовно и навреме да ги информира
работниците и Синдикатот за:
- годишни и повеќегодишни планови за развој;
17
- позначајни деловни и развојни решенија што влијаат на економската и социјалната положба на работниците;
- организациони промени во претпријатието; -
годишни деловни резултати;
- нацртите, односно предлозите на акти и одлуки со кои согласно Колективниот договор на претпријатието, се уредуваат правата и положбата на работниците;
- платите, надоместоците и други примања и станбени прашања, согласно Колективни- от договор на јавното претпријатие.
Информациите од претходниот став работоводниот орган ги дава пред органот на управување, преку весниците на претпријатието и на други начини.
За информирање на работниците во претпријатието постојат весници, билтени, соопштенија и други видови на информирање.
XII. УСЛОВИ ЗА РАБОТА НА СИНДИКАТОТ Член 87
Активноста на Синдикатот не може да се ограничи со одлука на органите на претпријатието
и од страна на работоводниот орган.
Претпријатието е должно да му создава услови за работење и дејствување на Синдикатот согласно Законот, Општиот колективен договор, овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, односно:
- на барање на Синдикатот да му се доставуваат податоци и информации за оние прашања што имаат најнепосредно влијание на материјалната и социјална положба на членовите на Синдикатот како и информации за општествено-економската, материјалната и социјалната положба на работниците од работа и работниот однос;
- Синдикатот да дава мислења и предлози во постапката на донесување на одлуки и решенија што имаат битно влијание на материјалната и социјална положба на работниците, а органите на претпријатието да ги разгледуваат мислењата и предлозите во присуство на претставник на Синдикатот;
- Синдикатот да дава мислење и предлози во постапката на утврдување на одговорноста на работникот за сторени повреди на работните обврски, како и застапување на работниците пред надлежните органи на претпријатието и надвор од него;
- да се обезбедат стручни и административно - технички услови за работа на Синдикатот за остварување на синдикалната функција во согласност со надлежниот орган на претпријатието и овозможи собирање на синдикалната членарина;
- на претставникот на Синдикатот да му се овозможи непречено комуницирање со претставниците на органот на управување и работоводниот орган како и да му се дозволи пристап на работни места во претпријатието, кога е тоа неопходно за остварување на функцијата на Синдикатот и заштита на членовите на Синдикатот.
Член 88
На претставникот на Синдикатот му се овозможува ослободување од работа за негово оспособување и ефикасно вршење на функциите на Синдикатот и тоа:
- до 40 часа во текот на месецот за претставникот на Синдикатот на ниво на претприја- тието;
- до 20 часа во текот на месецот за претставникот на Синдикатот на ниво на дел од претпријатието.
Времето определено во став 1 од овој член претставникот на Синдикатот ќе го користи спрема потребите на синдикалните активности.
18
За тоа време претставникот на Синдикатот има право на надомест на плата во висина на неговата плата и сите други остварувања и надоместоци.
Начинот и времето на користење на слободните часови на синдикалниот претставник се уредуваат со посебен Договор за условите за делување на Синдикатот во претпријатието.
Член 89
Претставникот на Синдикатот во претпријатието со над 500 членови функцијата ја врши професионално.
Претставникот на Синдикатот од став 1 на овој член има право на плата во висина на онаа што ја имал пред отпочнување на функцијата, но не помалку од основната плата што ја добиваат работниците од VII група на сложеност. Неговата плата се валоризира со ос- тварениот пораст на платите во претпријатието и тој има право на плата од добивка.
Платата на синдикалниот претставник ја обезбедува претпријатието.
Член 90
Претставникот на Синдикатот неможе да биде повикан на одговорност, ниту доведен во понеповолна положба, вклучувајќи го и неговото отпуштање од работа поради синдикални активности со кои се штитат правата и интересите на работниците, за време на мандатот и најмалку 2 години по истекот на мандатот, доколку постапувал во согласност со Законот, Општиот колективен договор, овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 91
Остварувањето на својата функција и улога Синдикатот ја врши по пат на:
- преговарање со работоводните органи, органите на управување во претпријатието и државните органи;
- посредување за остварување на барањата; -
колективно договарање;
- штрајк.
Член 92
Работоводниот орган на јавното претпријатие и Синдикатот склучуваат писмен договор за условите за работа и дејствување на Синдикатот во претпријатието.
Член 93
Претставникот на синдикалната организација поради синдикални активности со кои се штитат правата и интересите за членовите не може:
- да биде распореден на друго работно место кај ист или друг работодавец;
- да биде утврден како технолошки вишок и распореден по тој основ;
- против него да се покрене постапка, односно да му престане работниот однос со отказ;
- да му се намалува платата, освен ако не се намалува платата на сите работници во претпријатието, согласно член 114 од овој договор;
- да биде испратен на привремен принуден одмор.
Член 94
Член на Синдикатот, кој е избран односно именуван во органите на Синдикатот, со што е потребно привремено да престане да работи во претпријатието има право по престанувањето на функцијата што ја вршел да се врати во претпријатието на работи и работно место кое одговара на неговата стручна подготовка за што се склучува посебен договор со јавното претпријатие.
19
XIII. ОСТВАРУВАЊЕ НА ПРАВОТО НА ШТРАЈК
Член 95
Правото на штрајк се остварува под услови утврдени со Закон, Општиот колективен договор, овој Договор, Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, Правилата за штрајк, Упатството и документите на СМЕР за организирање и водење на штрајк.
Правото на штрајк се остварува под услов барањата на работниците да не се решат со: -
преговори со работоводниот орган, органот на управување и државните органи;
- посредување за остварување на барањата и
- колективно договарање.
Член 96
Ако барањата на работниците не се решат согласно претходниот член од овој договор, Синдикатот ќе побара изјаснување на работниците-членови на Синдикатот за стапување во штрајк.
Штрајкот го организира и води Синдикатот-потписник на овој договор.
Член 97
Штрајкот може да се организира во дел од јавното претпријатие, во јавното претпријатие, во гранката и во целата дејност производство и преработка на метали, енергетика и рударство.
Одлука за стапување во штрајк на работниците во дел од јавното претпријатие, односно јавното претпријатие донесува органот на синдикалната организација на јавното претпри- јатие, по претходно изјаснување на работниците и остварен договор со раководството на СМЕР.
Одлука за стапување во штрајк на работниците од гранката енергетика носи Одборот на СМЕР за таа гранка.
Одлука за стапување во генерален штрајк на дејноста производство и преработка на метали, енергетика и рударство носи Претседателството на СМЕР по претходно добиена писмена согласност од Одборите на СМЕР и Синдикалните организации.
Член 98
За организирањето на штрајк синдикалниот претставник е должен да го извести претседателот на СМЕР најмалку 10 дена пред организирањето на штрајкот и да оствари договор за преземање мерки и активности и соодветна примена на документите на СМЕР за време на штрајкот.
Член 99
Секој работоводен орган е должен со Колективен договор на ниво на јавното претпри- јатие, односно општ акт да пропише минимум работи кои мораат да се извршуваат за вре- ме на штрајк заради обезбедување на виталните функции на процесот на производство, сигурност на луѓето и имотот, обезбедување на незаменливи услови за животот и работата на граѓаните и други претпријатија, извршување на меѓународни обврски превземени од страна на државата како и начинот на нивното извршување за време на штрајкот.
Член 100
По правило, штрајкувачки одбор е синдикалното раководство, но во него може да се кооптираат и други членови под услов да се членови на СМЕР.
Во штрајкувачкиот одбор се обезбедуваат и правник и економист од членовите на Синдикатот во претпријатието, ако има такви.
20
Штрајкувачкиот одбор одредува група за преговори. Преговорите мора да бидат брзи и ефикасни. За текот на преговорите се информира штрајкувачкиот одбор и членството.
Ако се оцени дека барањата се задоволени, штрајкот се прекинува, а ако се оцени дека барањата се делумно задоволени штрајкот може да се стави во мирување за одреден дефи- ниран рок.
Член 101
Заради обезбедување на извршувањето на работите од работните места определени согласно член 99 од овој договор, секој надлежен орган е должен да преземе соодветни мерки од својот домен и тоа:
1. Работоводниот орган, односно органот што тој ќе го овласти, ги презема следните мерки:
- во периодот од денот на најавата до денот на почетокот на штрајкот определен со Одлуката за штрајк изготвува оперативна програма за обезбедување на минимум на процесот на работа и издава работни налози за извршување на работите;
- организира физичко-техничко обезбедување на објектите, постројките и другите објекти на јавното претпријатие;
- презема мерки за обезбедување на сигурноста на граѓаните и работниците кои продолжуваат со редовно извршување на работите;
- презема и други активности предвидени во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
2. Работниците на јавното претпријатие:
- учествуваат во штрајкот без да ги попречуваат работниците што ќе продолжат редовно да ги извршуваат работите;
- не смеат да ги оштетуваат објектите, постројките и другиот имот на јавното претпријатие;
- правото на штрајк го остваруваат на местото определено од страна на штрајкувачкиот одбор;
- ако ги извршуваат своите работни обврски, по завршувањето на смената се приклучуваат на штрајкот.
3. Штрајкувачкиот одбор:
- се избира од синдикалното раководство, односно синдикалното раководство се прогласува за штрајкувачки одбор;
- донесува Одлука за штрајк ако спорните прашања не се решат по пат на преговори, по претходно добиено мислење од членството за стапување во штрајк;
- го организира и води штрајкот во согласност со Закон, овој договор, Колективниот до- говор на јавното претпријатие, синдикалните правила за штрајк и Упатството за организирање и водење на штрајк на СМЕР;
- во согласност со работоводниот орган го определува местото во кругот, односно работните простории на претпријатието на кое работниците - учесници во штрајкот ќе го остваруваат правото на собирање и презема мерки со кои се обезбедува собирање на учесниците во штрајкот на тоа место (собирањето на учесниците не може да биде на места каде би се попречувал процесот на работа);
- презема мерки за спречување на учество во штрајкот на лица кои не се вработени во претпријатието, односно делот на претпријатието каде се остварува штрајкот, со исклучок на претставници на повисоките органи на Синдикатот кои добиваат дозвола од штрајкувачкиот одбор;
- презема мерки за спречување на оштетување или онеспособување на објектите односно имотот на претпријатието од страна на учесниците на штрајкот или други лица;
21
- презема мерки за непречено работење на работниците кои ќе продолжат да ги извршуваат работите;
- соработува со работоводниот орган, и работниците овластени од него заради обезбедување на претпоставките од член 99 од овој договор и не смее да го попречува раководењето, ниту самовласно да го презема раководењето во процесот на работата.
Член 102
Работникот кој не ги почитува одредбите на Колективниот договор и синдикалните правила за штрајк, како и упатствата и одлуките на синдикалните органи, нема заштита од страна на Синдикатот ако работоводниот орган поведе постапка за утврдување на неговата одговорност.
Против работникот од став 1 на овој член ќе биде покрената постапка во основната организација и во СМЕР, врз основа на Статутот на СМЕР, Статутарната одлука на основната организација и Упатството за организирање и водење на штрајк на СМЕР.
Член 103
Заштита на правата гарантирани со овој договор од страна на Синдикатот уживаат само членовите на Синдикатот кои редовно ги извршуваат обврските и се придржуваат кон Упатството и насоките на синдикалните претставници.
Член 104
За време на штрајкот кој го организира и води Синдикатот - потписник на овој Колективен договор, работниците - членови на СМЕР ги остваруваат сите права од работен однос, вклучувајќи го и правото на материјален надоместок, кој за време на штрајкот изнесува најмалку 60% од најниската плата утврдена со овој Договор и колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 105
Заради остварување на физичкиот план на производството работниците се должни да го надоместат изгубеното производство за време на штрајкот.
Одлука за одработување на изгубените денови донесува работоводниот орган во согласност со Синдикатот.
Во случаите од став 2 на овој член работниците остваруваат плата во согласност со овој договор и Колективниот договор на ниво на претпријатието.
XIV. ПЛАТИ И НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ДРУГИ ПРИМАЊА
Член 106
Основната плата на работникот за полно работно време и нормален учинок, утврдена врз основа на сложеноста на работите, одговорноста и нормалните услови за работа на работното место не може да биде пониска од најниската плата утврдена за одделни степени на сложеност со колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 107
Право на плата имаат сите работници кои се во работен однос со јавното претпријатие во согласност со одредбите на овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 108
Платата на работникот се состои од:
1. Плата за сразмерно извршената работа
2. Плата врз основа на придонесот на работникот во создавањето на добивката
3. Надоместоци на плата.
22
1. Плата за сразмерно извршената работа
Член 109
Платата за сразмерно извршената работа се состои од: -
постојан дел;
- променлив дел.
Член 110 Постојаниот дел на платата го сочинуваат:
- основна плата;
- додаток на плата по основ на работен стаж;
- додаток на плата по основ на услови за работа потешки од нормалните.
Променливиот дел од платата е стимулативен дел кој зависи од остварените резултати на секој работник поединечно.
Член 111
Платата се пресметува и исплатува во рокови кои не можат да бидат подолги од еден месец.
Роковите за пресметка и исплата на платата ги утврдува работоводниот орган во зависност од организацијата и условите на работење, придржувајќи се на општиот рок од претходниот став.
Член 112 Платата на работникот му се исплатува во нето износ.
При исплатата на платата работникот добива пресметковна листа која ги содржи сите елементи и основи по кои е утврдена платата.
Член 113
Co овој договор се утврдуваат:
- најниската плата на работникот во јавните претпријатија од гранката енергетика, за полно работно време и нормален учинок;
- основната плата на работникот;
- додатоците на плата.
Најниската плата се зголемува за условите за работа потешки од нормалните за соодветно работно место.
Член 114
Најниската плата за полно работно време при нормален работен учинок и нормални услови за работа во јавното претпријатие изнесува најмалку 20% повисоко од најниската плата утврдена во Република Македонија со Општиот колективен договор со која се обезбедува социјална и материјална сигурност на работникот и неговото семејство.
Најниската плата за јавните претпријатија од гранката енергетика за месец уу изнесува ууу денари.
Најниската плата се усогласува најмалку еднаш квартално со порастот на трошоците за живот во однос на декември претходната година, односно месечно доколку месечниот пораст на трошоци за живот е над 5% според податоците на Републичкиот завод за статистика или друга институција овластена за нивно објавување.
Во јавното претпријатие, кога настанале потешкотии во работењето, врз основа на из- готвена програма со која се обезбедува надминување на настанатите проблеми и добиено мислење од потписниците на овој договор може да се утврди отстапување од најниската плата утврдена во став 2 на овој член, со тоа отстапувањето од најниската плата не може да изнесува повеќе од 20%, а намалувањето не може да трае подолго од 6 месеци.
23
По исклучок, а во согласност со потписниците на овој договор може да се договори, во случај кога се присутни објективни околности кои го нарушуваат производството, односно работниот процес и поголемо намалување на најниската плата доколку се оцени дека тоа е услов за избегнување на отворање на стечајна постапка.
Јавното претпријатие е должно на крајот од тековната година, доколку финансиските резултати по годишната пресметка го дозволуваат тоа, на работниците да им го исплати помалку исплатениот дел на платата во смисла на став 4 и 5 од овој член.
Член 115
Сите работи, односно работни места се разврстуваат во групи, а односот помеѓу основ- ната плата за најниско и највисоко вреднуваното работно место не може да биде помал од 1:3,2.
Co актот на јавното претпријатие ќе се изврши распоредување и вреднување на поедини работи, односно работни места врз основа на сложеноста и нормалните услови за работа на тие работни места. Притоа, работните места можат да се групираат врз основа на следните описни категории:
- едноставни работи кои не бараат посебно образование, со незнатно телесно оптоварување;
- едноставна работа која не бара посебно образование, но за која е потребно определено искуство и обука, или бара соодветно телесно оптоварување;
- работа која бара потребно знаење, стекнато со учење и (или) бара телесно оптоварување;
- специјални работи кои бараат соодветно образование стекнато со учење, или учење со дополнително искуство;
- работи кои бараат образование стекнато со учење, способност и знаење кое е поставено на стручна основа;
- стручни работи за кои се бара образование, способност, знаење и професионално искуство;
- посебно високо вредни и стручни работи кои бараат вонредно знаење, голема самостојност, способност на самоодлучување, одговорност и соодветни теоретски знаења;
- врвни стручни работи за кои е потребно работно искуство, способност за изготвување на елаборати и познавање на странски јазик;
- работи кои бараат стручност со меѓународна репутација, или соработка со меѓународни фирми, научна работа и самостојност, познавање на странски јазици.
Посебни групи можат да се формираат врз основа на следните описни категории:
- работи кои бараат образование стекнато преку школување од петти степен и повисоко (или пак четврти степен но со покажување на посебни способности), соодветно работно искуство и познавање на работата, самостојност при одлучување, организациски способности и способности за раководење;
- работи кои бараат посебно образование работи кои не се изведуваат по упатство, a ce изведуваат со додатно обучување и бараат соодветна лична вештина (при изведување инсталации, заварување, лиење, ковање и др.)
Член 116
Co Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие односно друг акт ce врши распоредување и вреднување на сите работни места врз основа на сложеност и нормалните услови за работа на тие работни места.
Сите работни места ce распоредуваат по групи за извршување на работни задачи. Распоредувањето и вреднувањето на работните места го врши органот на управување,
односно работоводниот орган.
24
На работните места за кои со актот на јавното претпријатие е предвидена алтернативна стручна подготовка, како основа за определување на степенот на сложеност на работното место ce зема поповолната варијанта за работникот.
Co методологијата на јавното претпријатие подетално ќе ce разработат групите на работи и работни задачи и ќе ce изврши распоредување и вреднување на сите работни места во претпријатието врз основа на сложеност и услови за работа на тие работни места.
Методологијата од претходниот став ја донесува органот на управување на јавното претпријатие, по претходно добиено мислење од Синдикатот.
Член 117
Работникот може да има право на 0,5% додаток на плата за секоја измината година пензи- ски стаж што ќе биде регулирано со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 118
Платата на работникот ce зголемува кога работникот работи во услови потешки од нормалните за поедини работни места во претпријатието. Елементите за потешки услови за работа кои задолжително мораат да ce земат во предвид ce следните:
- влијание на околината (клима, бучава, вибрации, зрачење, влага, штетни гасови, биолошки влијанија и друго);
- физички и психички оптоварувања (оптоварување на сетилата, тешки физички напори со можни последици за здравјето, работа со нечисти материи и друго);
- опасност по здравјето и животот на работното место (опасност од алатите или предме- тите на трудот, од транспортните средства и средствата на јавниот сообраќај, опасности од паѓање, електрична струја, од затрупување, експлозии, жешки и вжарени предмети или материи, нагризувачки материи и друго).
Најмалиот процент на зголемување по основ на горе наведените услови за работа од најнизок интензитет изнесува 2% пo секој од следните основи:
- нечистотија на атмосферата поголема од нормалната, зрачење, силна бука и вибрации; -
заслепувачки услови за работа;
- изложеност на нечистотија;
- работа на ненормално високи и ниски температури; -
работа во вода, на влага и на промаја;
- опасност од повреди;
- работана висина;
- физички оптоварувања;
- психички оптоварувања;
- други основи.
Член 119
Постојаниот дел на платата на работникот се зголемува по час:
1. за прекувремена работа, најмалку 35%;
2. за работа во турнус, најмалку 5%;
3. за работа ноќе, најмалку 35%;
4. за работа во денови на празници утврдени со закон работникот има право на надомест на плата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа зголемена за 50%.
Член 120
Променливиот дел од платата е оној дел кој зависи од остварените резултати во работењето на секој работник поединечно.
25
Член 121
За остварување на подобри (полоши) резултати во работењето основната плата на работникот се зголемува (намалува) во зависност од остварените резултати во работењето на работникот во текот на месецот.
Резултатите од работата на работникот се оценуваат секој месец.
Член 122
Резултатите од работата на работникот се оценуваат во однос на поставените нормативистандарди за работа, односно очекуваните ефекти од работењето на соодветното работно место.
Нормативите - стандардите за работа, односно очекуваните ефекти од работењето во смисла на претходниот став се утврдуваат со акт на јавното претпријатие за сите работни места каде е тоа можно. За останатите работни места нормативите - стандардите се утврдуваат врз основа на Планот и Програмата за работа.
Член 123
Критериумите и мерилата за утврдување на резултатите од работењето на работникот поаѓајќи од обемот, квалитетот на работењето, остварената продуктивност на трудот, заштеди во процесот на работата и ефикасност на користењето на работното време се утврдуваат со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Резултатите од работата на работникот ги утврдува, односно оценува работникот кој го води и организира процесот на работа.
Член 124
Одредбите од член 109 до член 123 од овој договор не се применуваат на работоводниот орган на претпријатието и работниците со посебни овластувања и одговорности утврдени со Статутот и актите на јавното претпријатие.
Платата на работоводниот орган и на работниците со посебно овластување и одговорности по сите основи се утврдуваат со посебен договор кој работоводниот орган го склучува со органот на управување на јавното претпријатие.
2. Плата врз основа на придонесот на работникот во создавањето на добивката
Член 125
Работникот има право на плата и по основ на придонесот во создавањето на добивката.
Критериумите и условите за резултатот од работењето се утврдуваат со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 126
Поради значењето на сигурноста и функционирањето на електроенергетскиот систем, во услови на неможност за остварување добивка, платата на вработените во јавните претпријатија од гранката енергетика се зголемува, односно намалува во зависност од остварените резултати во производството, преносот и дистрибуцијата на електрична енергија споредени со предвидените во електроенергетскиот биланс.
Co Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие ќе се уредат прашањата од претходниот став.
Член 127
Работникот има право на награда-надомест за инвентивен труд, иновација и унапредување.
Правото на работникот по овој основ се утврдува во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие и актот на јавното претпријатие.
26
3. Надоместоци на плата
Член 128
Ha работникот му припаѓаат надоместоци на плата за време на: -
боледување;
- годишен одмор;
- празници - согласно Законот;
- платено отсуство;
- образование;
- стручно оспособување, преквалификација и доквалификација во согласност со потребите на претпријатието;
- извршување на синдикалната функција;
- воена вежба;
- учество во обука за одбрана и заштита;
- јавување на покани на други органи до кое е дојдено без вина на работникот; -
приправнички стаж;
- привремен принуден одмор;
- штрајк;
- други случаи утврдени со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 129
За време на времена неспособност за работа до 7 дена работникот има право на надо- мест на плата во висина од 70%, до 15 дена почнувајќи од првиот ден на боледувањето 80% и до 60 дена, за сите денови 90% од платата на работникот исплатена во претходниот месец.
За професионалните заболувања и повредите на работа како и за другите случаи утврдени со закон, надоместокот се утврдува во висина од 100% од основицата од став 1 на овој член.
Член 130
За деновите поминати на годишен одмор работникот добива надоместок во висина на платата што би му се исплатила во тековниот месец, согласно важечките законски прописи.
Член 131
За деновите на празници согласно Законот, или определени за неработни од надлежен државен орган, работникот добива надоместок на плата.
Основица за пресметка претставува остварената плата на работникот во тековниот месец.
Член 132
За денови на платено отсуство согласно овој договор работникот добива надомест на плата. Основица за пресметка претставува остварената плата на работникот во тековниот месец. За време на стручно оспособување и преквалификација, односно доквалификација сог-
ласно потребите на претпријатието работникот добива надоместок во висина на платата што би му се исплатила во тековниот месец.
Член 133
За време на извршување на синдикалните активности претставникот на Синдикатот кој функцијата не ја обавува професионално има право на надоместок на плата во висина на неговата плата што ја остварува во тековниот месец.
27
Член 134
За време на приправничкиот стаж на работникот му припаѓа најмалку 80% од основната плата предвидена за работното место за кое се оспособува.
Член 135
За време на прекин на работа без вина на работникот кој изнесува до 8 часа надоместокот на плата изнесува 100% од основната плата, преку еден ден до 30 дена - 80%, а над 30 дена 70% од основната плата на работното место.
Надоместокот се исплатува ако не е можно да се надомести изгубеното полно работно време.
Член 136
Работниците кои се упатуваат на ППО имаат право на надоместок на плата во висина од најмалку 70% од платата што работникот ја остварил во претходниот месец, односно од платата што работниците што се на работа ја примаат во тековниот месец.
Член 137
За време на штрајк работниците имаат право на надомест на плата во висина од 60% од најниската плата утврдена со овој договор, доколку штрајкот е организиран и се спроведува во согласност со Законот, овој договор и Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 138
За време на службено патување во Републиката на работникот му следува дневница во висина до 8% од просечната плата исплатена во стопанството во претходните 3 месеци и надомест на трошоците за ноќевања во целосен износ според приложената сметка.
Доколку на работникот кој е на службено патување му е обезбедено бесплатно ноќевање и исхрана, дневницата сразмерно му се намалува.
Член 139
За време на службеното патување на работникот му следува дневница во полн износ за следните случаи:
- за секои 24 часа поминати на службен пат;
- за остатокот на времето подолго од 12 часа, кога службеното патување траело подолго од 1 ден;
- кога службеното патување трае подолго од 12, a пократко од 24 часа.
Половина дневница на работникот му припаѓа ако патувањето траело повеќе од 8, а помалку од 12 часа, како и за остатокот на времето поминато на пат подолго од 8, а пократко од 12 часа кога службеното патување траело повеќе од 1 ден.
Член 140
Надоместокот на трошоците и дневниците за службено патување во странство се утврдуваат во висина на дневницата предвидена во Уредбата за дневниците за службено патување што на републичките органи им се признаваат како материјални трошоци.
Член 141
Работникот има право на надомест на трошоците за превоз при службено патување во земјата и странство.
На службеното патување работникот може да користи: возило на претпријатието, автобус, воз, (кола за спиење), авион, брод.
28
Член 142
Работникот има право на теренски додаток во земјата за работа на терен вон седиштето на претпријатието, во зависност од обезбедените услови за престој на работниците на терен (сместување, исхрана и друго).
Теренскиот додаток се пресметува во висина од најмалку 75% од износот на дневницата што се исплаќа во претпријатието во тој период. Доколку на работникот му е обезбедено само сместување или исхрана, теренскиот додаток се намалува за 25%, а ако е обезбедено и сместување и исхрана теренскиот додаток се намалува за 50%.
Дневницата за службено патување и теренскиот додаток меѓусебе се исклучуваат.
Член 143
Работникот има право на надомест за одвоен живот од семејството во висина од 60% од остварената просечна плата во стопанството во последните три месеци.
За деновите на боледување, службено патување, годишен одмор, платено и неплатено отсуство на работникот не му следува надомест за одвоен живот.
Член 144 Работниците имаат право на оброк за време на работа.
Право на оброк имаат и учениците и студентите на практична работа во претпријатието. Трошоците за оброк паѓаат на товар на нематеријални трошоци од работењето.
При организирана општествена исхрана неможе да се исплатува надомест за исхрана во готови пари. Доколку не се организира општествена исхрана, регресот за исхрана изнесу- ва 25% од просечната плата исплатена во стопанството во претходните три месеци.
Член 145
Дневниците за службено патување, регресот за исхрана и теренскиот додаток, односно надоместокот за одвоен живот меѓусебно се исклучуваат.
Член 146
Работниците имаат право на надомест на трошоците за превоз до и од работа над 2 километри, во случај кога нема организирано превоз во висина на трошоците за возен билет во локалниот јавен сообраќај, ако превозот е утврден како услов при работа.
Член 147
Работникот има право на регрес при користење на годишен одмор во висина на една просечна плата исплатена во стопанството во претходните три месеци, доколку со закон не е поинаку регулирано.
Член 148
Работникот има право на отпремнина при заминување во пензија во износ од 3 просечни месечни плати исплатени во стопанството во претходните три месеци.
Член 149
Xx случај на смрт на работникот на семејството му се исплаќа еднократна парична помош во висина од најмалку една просечна месечна плата исплатена во стопанството во претходните три месеци.
Во случај на смрт на член на потесното семејство (брачниот другар, дете) на работникот се исплатува еднократна парична помош во висина од најмалку една просечна месечна плата исплатена во стопанството во претходните 3 месеци.
29
Во случај на смрт на работникот кој се пензионирал од претпријатието на семејството му се исплатува еднократна парична помош во висина на една просечна плата исплатена во стопанството во претходните 3 месеци.
Член 150
Bo случај на потешка инвалидност работникот има право на соодветен паричен надоместок во согласност со прописите за пензиско и инвалидско осигурување и Колективниот договор на ниво на претпријатието.
Член 151
Xx случај на елементарни непогоди што предизвикале штета на работникот и неговото потесно семејство, како и при подолго боледување на работникот, истиот има право на еднократна парична помош во висина утврдена со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 152
За непрекината работа во претпријатието на работниците може да им се доделува јубилејна награда за 10, 20 и 30 години работа во висина утврдена со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 153
Исплатите по основ на одредбите од член 152 до 159 се вршат врз основа на решение што го донесува работоводниот орган.
XV. ПРЕСТАНОК НА РАБОТЕН ОДНОС И ОТКАЗ Член 154
До престанок на работниот однос може да дојде: - со
спогодба;
- по истекот на времето за кое е заснован;
- по сила на Закон;
- со отказ;
- поради економски, технолошки, структурални и слични промени кои ќе се утврдат во Колективниот договор на ниво на претпријатието.
Член155
Постапката и органите за престанок на работниот однос подетално се регулирани во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, во согласност со Законот и Општиот колективен договор.
Член 156
Ha работникот му престанува работниот однос со негова согласност и без негова согласност во случаи, под услови и на начин утврдени со Законот.
Член 157
Работникот кој наполнил 40 години пензиски стаж или 65 години живот и најмалку 15 години стаж на осигурување и на кој по сила на Закон му престанува работниот однос, може да остане во работен однос доколку таква одлука донесе надлежниот орган на претпријатието и тоа под следните услови:
- ако работникот е ангажиран во определен проект од значење за претпријатието, до завршувањето на проектот;
30
- ако со појавената потреба од засновање на работен однос кај службата надлежна за посредување при вработувањето не може да се обезбеди работник кој ги исполнува условите за работното место;
- во други услови утврдени со Колективен договор на ниво на претпријатието.
Времетраењето на работниот однос за случаите од став 1 на овој член се утврдува во зависност од условите поради кои истиот се продолжува.
Член 158
Bo случаите кога работниот однос престанува во согласност или без согласност на работникот отказниот рок изнесува најмалку 30 дена а најмногу 3 месеци, освен кога работниот однос престанува по сила на Законот. Доколку претпријатието и работникот постигнат согласност, работниот однос може да престане без отказен рок.
За време на отказниот рок, кога работниот однос престанува без согласност на работникот, претпријатието е должно да му овозможи на работникот право на отсуство од работа четири работни дена во текот на еден месец (32 работни часа) заради барање на нови работи.
Член 159
Ако работникот престане со работа по одлука на претпријатието пред истекот на отказниот рок, претпријатието е должно да му исплати надомест на плата до истекот на отказниот рок.
Ако во текот на отказниот рок работникот биде повикан на воена вежба или дослужување на воена обврска или стане привремено неспособен за работа, по негово барање текот на рокот се прекинува и истекот продолжува по враќањето од воена вежба односно воена обврска или по престанок на привремената неспособност за работа.
Член 160
Ha работник кој засновал работен однос на определено време за обавување на приправнички стаж, работниот однос му престанува со истекот на времето определено за приправничкиот стаж.
Член 161
Одлуката за престанок на работниот однос во случаите од 156, 157, 158, 160 и 166 член на овој договор ја донесува работоводниот орган на претпријатието.
Член 162
Одлуката за престанок на работниот однос и причините за донесување на таа одлука мора да му се достави на работникот во писмена форма, со поука за правото на приговор и со назначување на органот до кого приговорот се поднесува.
Член 163
Мерката престанок на работен однос со отказ може да се изрече и за други кршења на работната дисциплина или неисполнување на обврски утврдени со Закон, колективен договор и договор за работа освен утврдените во Законот кои ќе бидат наброени децидно во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 164
При изрекување на мерката за повреда на работната дисциплина или неисполнување на обврските утврдени со Закон, колективен договор и договор за работа особено треба да се има предвид следното:
- тежината на повредата и нејзините последици; -
степенот на одговорност на работникот;
31
- условите под кои е извршена повредата;
- поранешното работење и извршување на работите на работникот;
- поранешни изречени казни и видот на казните во текот на последните 24 месеци.
Член 165
Работникот кој со својата работа ќе користи податоци кои претставуваат деловна тајна или посебно знаење во областа на работењето на претпријатието или податоци за корис- ниците на услугата на претпријатието, за време на траењето на работниот однос, не може дополнително да работи, да биде во договорен однос за друга организација или да работи во друго претпријатие, или на друг начин да го конкурира работењето на претпријатието ниту пак овие податоци и знаења да ги користи во сопствено претпријатие односно дуќан или на друг начин да му нанесува штета и нелојално да се однесува кон претпријатието.
Обврската од став 1 на овој член која е услов за засновање на работен однос, и која тре- ба да се утврди како обврска и по престанокот на работниот однос поблиску се определу- ва во договор за работа за секој работник согласно природата на неговото работно место.
Член 166
Ha работникот му престанува работниот однос ако се утврди дека на негово име има регистрирано претпријатие или дуќан или ако работи за друг работодавец односно за негов член од потесно семејство.
XVI. ОТКАЗЕН РОК Член 167
За време на отказниот рок на работникот му се овозможува отсуство од работа во траење од
четири работни дена во месецот односно 32 работни часа заради барање за ново вработување.
Распоредот на овие денови во месецот се утврдува односно може да биде регулиран со Колективен договор на ниво на претпријатието.
Член 168
Отказниот рок не може да биде пократок од 30 дена ни подолг од 3 месеци што зависи од должината на работниот стаж на работникот причините за отказот, работното место и други услови што треба да бидат регулирани во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, и тоа:
Отказен рок даден од страна на работодавецот на работник кој има: -
работен стаж до 10 години - отказен рок 1 месец;
- работен стаж до 20 години - отказен рок од 2 месеци;
- работен стаж над 20 години - отказен рок од 3 месеци
Работниот однос со отказ од страна на работникот престанува ако писмено изјави дека сака да му престане работниот однос.
Отказниот рок од претходниот став трае најмалку 30 дена од денот на поднесувањето на барањето за отказ, ако со претпријатието не се спогодат поинаку.
За време на отказниот рок работникот има права и обврски од работниот однос.
За време на отказниот рок претпријатието е должно да му овозможи на работникот от- суство од работа заради ново вработување според Законот, Општиот колективен договор за стопанство, овој договор и Колективниот договор на ниво на претпријатието.
За време на отсуство од работа на став 1 од овој член работникот има право на надо- месток на плата и други надоместоци во согласност со овој Колективен договор и Колективен договор на ниво на претпријатието.
32
XVII. МАТЕРИЈАЛНА ОДГОВОРНОСТ
Член 169
Co Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие, врз основа на Закон, се уредува материјалната одговорност на работникот, условите, случаите или критериумите кога претпријатието може поради оправдани причини во целина или делумно да го ослободи работникот од плаќање на штетата.
Работникот има право на приговор до органот утврден во Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
XVIII. ПОСТАПКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА РАБОТНИКОТ Член 170
Работникот има право да поднесе барање, односно приговор заради остварување на
своите права од работен однос, против одлуката донесена во врска со неговите права, обврски и одговорности. Барањето, односно приговорот работникот го поднесува до органот на управување во рок од 15 дена од денот на врачувањето на одлуката со која се утврдува сторена повреда, односно денот кога дознал за повредата.
Поднесувањето на барањето од претходниот став го задржува извршувањето на одлуката до донесувањето на конечна одлука, освен во случаите утврдени со Закон.
Член 171
Работникот има право да присуствува на седницата на која се расправа за неговиот приговор и да се изјасни за фактите кои се важни за донесување на одлуката.
Пред донесувањето на одлуката по приговорот на работникот надлежниот орган е дол-
жен да побара мислење од Xxxxxxxxxx и задолжително да го разгледа и да се изјасни по него, доколку мислењето е доставено.
Надлежниот орган мора да му овозможи на Синдикатот да учествува во постапката за одлучување по приговорот, односно да го застапува работникот - член на Синдикатот, ако тоа го прави на барање или во согласност со работникот.
Член 172
По приемот на приговорот органот кој одлучува во прв степен може со решение да го отфрли приговорот како неблаговремен и недопуштен.
Доколку приговорот е благовремен и допуштен истиот заедно со мислењето на Синдикатот, доколку е доставено и целокупниот материјал органот од став 1 на овој член ќе го достави до органот утврден во колективниот договор на ниво на јавното претпријатие како второстепен во најкус можен рок а не подолго од 5 дена.
Член 173
Второстепениот орган по приговорот одлучува врз основа на факти кои ги утврдил органот кој одлучувал во прв степен а истите може и сам да ги утврдува.
Член 174
По приговорот, второстепениот орган може да донесе една од следните одлуки:
1. да го одбие приговорот како неблаговремен или недопуштен ако тоа првостепениот орган не го сторил;
2. да го одбие приговорот како неоснован и да ја потврди одлуката донесена од првостепениот орган;
33
3. да го уважи приговорот и ја укине одлуката донесена од првостепениот орган и предметот да го врати на повторна постапка и одлучување;
4. да го уважи приговорот и да ја преиначи одлуката донесена од првостепениот орган.
Член 175
Приговорот ќе се одбие како неоснован и одлуката на првостепениот орган потврди кога првостепената одлука е донесена на основа на Законот, овој договор и Колективниот договор на претпријатие.
Приговорот ќе се уважи, првостепената одлука укине и предметот ќе се врати на повторна постапка и одлучување ако се утврди дека постои повреда на одрeдбите на постапката или дека фактичката положба е погрешно или нецелосно утврдена.
Првостепената одлука ќе се преиначи ако се утврди дека решителните факти се неправилно утврдени и дека со оглед на утврдената фактичка состојба, по правилна примена на Законот и одредбите на овој договор, треба да се донесе поинаква одлука по однос на одговорноста на работникот.
Член 176
Второстепениот орган одлуката по приговорот должен е да ја донесе во рок од 15 дена од денот на неговото поднесување.
Писмената одлука на работникот му се врачува во рок од 8 дена од денот на нејзиното донесување.
XIX. СКЛУЧУВАЊЕ И ВАЖЕЊЕ НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР Член 177
Одредбите на Општиот колективен договор овој договор и нивните измени и дополнувања
се применуваат непосредно во обем утврден со нив за сите права на работниците што не се изрично или поблиску уредени со Колективниот договор на ниво на јавното претпријатие.
Член 178
Овој колективен договор се склучува во писмена форма на определено време и важи 3 (три) години од денот на склучувањето.
Важењето на овој колективен договор може да се продолжи со спогодба на учесниците која се склучува најдоцна 30 дена пред да истекне важноста на Колективниот договор.
Во колку потписниците 30 дена пред истекот не покренат постапка за измена и дополнува- ње на Колективниот договор важноста на Колективниот договор автоматски се продолжува.
Потписниците на овој колективен договор можат во било кое време спогодбено да го изменат овој колективен договор со тоа што од последната измена која е извршена, по барање на еден од потписниците треба да измине најмалку 3 месеци.
Член 179
Синдикатот на претпријатието може да го овласти Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија во негово име да преговара со претставниците на органите на управување во претпријатието.
Заштита на правата со овој колективен договор потпишан од страна на Синдикатот, како и застапување пред надлежните судски органи, уживаат само членовите на СМЕР.
XX. РЕШАВАЊЕ НА СПОРОВИТЕ Член 180
За решавање на споровите помеѓу потписниците на овој колективен договор, што не
може да се решат со меѓусебно спогодување се формира Комисија за усогласување.
34
За спор во смисла на став 1 во овој член се смета правен или друг вид на повреда (ако се повредени интересите на потписниците) кој произлегува од овој договор како и спор што ќе настане како последица од неприфаќањето на предлог за измена и дополнување на овој договор.
Член 181
Секој од потписниците именува по два члена на Комисијата за усогласување.
Членовите на Комисијата спогодбено именуваат претседател на Комисијата од редот на угледни, научни, стручни и јавни работници.
Комисијата со ова е составена од 4 члена и претседател на Комисијата односно вкупно Комисијата брои 5 члена.
Член 182
Постапката за усогласување на споровите кои ќе произлезат при спроведување на овој колективен договор започнува на барање на еден од потписниците.
Член 183
Усогласувањето е неуспешно ако една од странитс писмено изјави, но не пред почетокот на усогласувањето, дека истото го смета за неуспешно.
Секое усогласување што странките ќе го постигнат мора да биде во писмена форма. Co донесените решенија се изменува и дополнува овој колективен договор.
Член 184
Секој учесник може да предложи изменување и дополнување на овој колективен договор.
Предлогот за изменување и дополнување во писмена форма се доставува до другиот учесник кој е должен да се изјасни во рок од 30 дена.
Во случај ако другиот учесник не го прифати или не се изјасни по предлогот во рок од став 2 на овој член, учесникот - предлагачот може да започне постапка пред арбитража.
Ако постапката за усогласување е неуспешна двата потписници спогодбено одлучуваат да спорот го разрешат пред арбитража.
Секој потписник именува по два арбитри од кои едниот е од угледни, научни и стручни работници, а претседателот на арбитражата арбитрите го именуваат спогодбено од редот на угледни, научни, стручни и јавни работници.
Арбитражата одлуката ја носи со мнозинство гласови од вкупниот број на членови. Одлуката на арбитражата е конечна.
XXI. КОНТРОЛА НА ПРИМЕНАТА НА КОЛЕКТИВНИОТ ДОГОВОР Член 185
Контрола на примената на овој договор вршат партнерите - потписниците на Договорот.
Потписниците на овој колективен договор должни се да го почитуваат и спроведуваат овој колективен договор.
Секој од потписниците на овој колективен договор именува по 2 (два) члена во Комисијата, која е овластена за толкување на овој колективен договор.
Комисијата од својот состав избира претседател, Мандатот на претседателот трае 6 ме- сеци.
Претседателот се избира наизменично од двата потписници на овој колективен договор.
35
XXII. ПРЕОДНИ И ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 186
Овој колективен договор се смета за склучен кога ќе го потпишат овластени претставници од Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија во име на работниците од овој синдикат и овластени претставници на Министерството за стопанство во име на јавните претпријатија од гранката енергетика.
Член 187
Сите јавни претпријатија од гранката енергетика и сите синдикални организации кои се членови на СМЕР се должни да во рок од 3 месеци од денот на влегување во сила на овој колективен договор ги усогласат и донесат колективни договори и други акти за примена на колективните договори на ниво на јавните претпријатија.
Колективните договори од претходниот став се регистрираат кај Синдикатот на металците, енергетичарите и рударите на Македонија и кај Министерството за стопанство.
Член 188
Ако настанат спорови во склучување на колективните договори во претпријатијата, до нивното склучување непосредно ќе се применуваат решенијата содржани во Законот, Општиот колективен договор и овој договор, во износите, односно мерилата што се утврдени како најмали износи односно како големини.
Одредбите од став 1 на овој член максимално можат да се применуваат во рок од 60 дена.
Член 189
Овој колективен договор влегува во сила од денот на потпишувањето, а ќе се применува осмиот ден од објавувањето на ССлужбен весник на Република Македонијам
Синдикат на металците,
енергетичарите Министерство за стопанство и рударите на Македонија на Република Македонија
Претседател, Министер,
Xxxxxx Xxxxxxxxx, с.р. Xxxxx Xxxxxx, с.р.
36