Contract
Триглав Осигурување АД бул. 8-ми Септември бр. 16 1000 Скопје
УС-нвд-АВН 12-1-мк
Дополнителни услови за осигурување на екипаж во воздухоплови и патници во воздушниот сообраќај при управување и возење со воздухоплови од последици на несреќен случај
член 1: општи одредби
[1] Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст: Општи услови) и овие Дополнителни услови се составен дел од договорот за осигурување на екипаж во воздухоплови и патници во воздушниотсообраќај при управување и возењесовоздухоплови од последици на несреќен случај.
[2] Договарач на осигурувањето по овие Дополнителни услови може да биде секое правно или физичко лице.
член 2: осигурени лица
[1] Лицата наведени во член 1, став (1) од овие Дополнителни услови се осигуруваат без оглед на нивната здравствена состојба и општа работоспособност и старост, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 8 став (1) точка 6 од Општите услови, освен лицата кои со член 4 став (3) од Општите услови, во секој случај се исклучени од осигурување.
член 3: осигурени опасности (ризици)
[1] Осигурувачот има обврска за несреќните случаи кои ќе настанат на:
1) професионален екипаж во воздухоплови, спортски пилоти и лица кои повремено користат летала: за време на полетување, при потребни манипулации пред полетување и после тоа; поради влегување и излегување од леталото; при спасување на леталото и лицата при водухопловни несреќи при учество во комисија за утврдување на воздухопловната несреќа, на патот од зборното работно место (работилница, хангар, управна зграда) до местото одредено за извршување на должноста наведена во оваа точка, и обратно;
2) ученици на моторно летање и едриличарство: при теориска и практична настава; на патот од работилницата или школото до аеродромот и назад;
3) падобранци: во текот на полетувањето со леталото од кое има намера да скокне, за време на скокот и при доскокот; при теориска и практична настава на аеродромот; на пат од зборното место до аеродромот и обратно;
4) патници: во текот за полетувањето, поради влез и излез од леталото, кај спасување при присилно слетување; на просторот од аеродромот кој е одреден за патници.
[2] Само ако е посебно договорено, осигурувачот има обврска за несреќните случаи кои настануваат:
1) при натпреварувачки летови за постигнување рекорди и при акробации;
2) при пробни летови со прототипови и при пробни летови со летала со нова сериска конструкција;
3) при скокови со падобран, освен ако скокот е извршен поради спасување на живот.
[3] Исклучени се сите обврски на осигурувачот за несреќните случаи кои настануваат:
1) при возење со летало кое нема пропишана дозвола за летање;
2) при лет кој бил подготвен, променет или продолжен без знаење или против волјата на сопственикот на леталото,
освен во случај на виша сила. Овој исклучок не важи за патниците и екипажот на леталото на кои не им биле познати овие причини.
член 4: начин на договарање на осигурувањето
[1] Осигурувањето може да се договори со наведување на имиња на осигурениците и без тоа, како и по седишта.
член 5: осигурување со наведување на имињата на осигурениците
[1] Ако е договорено осигурување со наведување на имиња на осигурениците, осигурени се само лицата кои на полисата или во списокот приложен со полисата се поименично наведени, и тоа само за несреќните случаи со видовите на летала кои се одредени во полисата.
член 6: осигурување без наведување на имињата на осигурениците
[1] Ако е договорено осигурување без наведување на имињата на осигурениците, осигурувачот гарантира за несреќните случаи кои настанале со леталото кое е точно наведено во полисата (вид, тип, ознака, регистрација). Ако при несреќен случај, во леталото се наоѓаат повеќе лица отколку што има за одредена дејност наведено во полисата (пилоти, ученици, падобранци, патници итн.), сумата на осигурување која е договорена за поединечен осигуреник се намалува сразмерно со бројот на лица наведени во полисата за одделна дејност и вистинскиот број на лица во моментот на несреќниот случај.
член 7: осигурување по седишта
[1] Ако е договорено осигурување по седишта, осигурувачот има обврска за несреќните случаи кои настануваат на:
1) секој пилот кој седи на седиштето за пилот - ако осигурувањето е склучено за пилоти на леталото;
2) секое друго лице кое лета, кое седи на седиште за лица што летаат или патници - ако осигурувањето е склучено за лица кои летаат, а не се пилоти;
3) секој патник кој седи на седиште за патници - ако осигурувањето е склучено за патници;
4) секој ученик на пилотирање кој седи на седиште за пилоти, лица кои летаат или патници - ако осигурувањето е склучено за ученици за моторно летање или едриличарство.
[2] Осигурувањето по седишта важи исклучиво за одредено седиште во леталото кое по вид, тип, ознака и регистрација е точно наведено во полисата.
[3] Ако леталото има повеќе седишта отколку што се наведени во полисата, кога ќе настане несреќен случај, сумата на осигурување која е наведена во полисата за поединечно седиште се намалува во сразмер помеѓу бројот на седишта осигурени со полисата, и вистинскиот број на седишта во леталото.
член 8: плаќање на премија
[1] Договарачот е должен да ја плати договорената премија на осигурувачот за сите осигуреници без исклучок и за цело
Дополнителни услови за осигурување на екипаж во воздухоплови и патници во воздушниот сообраќај при управување и возење со воздухоплови од последици на несреќен случај
времетраење на осигурувањето во рокот кој е договорен во полисата.
[2] Обврската на осигурувачот кон поединечен осигуреник постои и во случај кога договарачот не ја платил премијата во рокот наведен во полисата, ако несреќниот случај настанал за времетраењето на осигурувањето според одредбите од членовите 6 и 15 од Општите услови.
член 9: ограничување на опсегот на обврските на осигурувачот
[1] Во случај на нарушување на здравјето, осигурувачот ги плаќа вистинските трошоци за лекување, но најмногу до 20% од сумата на осигурување за инвалидитет, а ако таа не е договорена, најмногу до 30% од сумата на осигурување за смрт. Таа обврска постои само во случај кога со полисата е осигурен дневен надомест.
[2] Ако осигуреникот е постар од 75 години осигурувачот исплаќа 50% од износот кој би морал да го плати.
член 10: завршни одредби
[1] Овие Дополнителни услови важат заедно со Општите услови. Ако нивната содржина се разликува од Општите услови тогаш важат овие Дополнителни услови.
2