Contract
СТОПАНСКА БАНКА АД ‐ СКОПЈЕ
Филијала
Д О Г О В О Р
за отварање на трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата број
Склучен во на ден година помеѓу :
1 СТОПАНСКА БАНКА АД ‐ СКОПЈЕ,
ЕДБС 4030996116744 и ЕМБС 4065549 (во натамошниот текст: СБ), застапувана од:
2.
(назив на правно лице)
адреса ЕДБС , ЕМБС тел.бр. , факс бр. Застапник по закон (во натамошниот текст: Учесник)
Предмет
Член 1
(1) Предмет на овој договор е регулирање на правата и обврските помеѓу СБ и Учесникот во врска со начинот на отворање, водење и затворање на трансакциската сметка за вршење на платен промет во земјата.
Начин на отворање, водење и затворање на трансакциската сметка
Член 2
(1) Начинот на отворање на трансакциската сметка, водењето, давање на овластување, извршувањето на налози за плаќање, известувањето за направените приливи и одливи, каматата, трошоците поврзани со работењето на трансакциската сметка, затворањето на трансакциската сметка и другите услови се утврдени во Општите услови за работа со трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата, што се составен дел на овој договор.
(2) Со потпишувањето на овој договор Учесникот потврдува дека е запознат и се согласува со Општите услови и правила за работење со трансакциската сметка за вршење на платен промет во земјата.
Останати одредби
Член 3
(1) Учесникот е должен да ја извести СБ за промена на податоците дадени во СБ при отворањето на трансакциската сметка, во рок од 3 дена од денот на донесувањето на одлуката за статусните и други промени.
(2) СБ не презема какво била одговорност за настаната штета по основ на овој договор во случај на ненавремено доставување на информација за измена на податоцита за Учесникот, застапникот по закон и за овластеното / овластените лица.
(3) Со потпишување на овој договор Учесникот е согласен неговите податоци наведени во преамбулата на овој договор СБ да ги обработува и чува согласно позитивните законски акти.
Член 4
(1) Овој Договор се склучува на неодредено време.
(2) Со затварање на трансакциската сметка овој Договор престанува да важи.
Член 5
(1) За се што не е предвидено со овој Договор и во Општите услови и правила за работење со трансакциска сметка за вршење на платен промет во земјата се применуваат важечките прописи.
Член 6
(1 ) Во случај на спор по овој Договор е надлежен Основниот суд Скопје 2.
Член 7
(1) Овој Договор е составен во два (2) еднакви примероци, од кои по еден за СБ и за Учесникот.
ЗА УЧЕСНИКОТ ЗА СТОПАНСКА БАНКА АД СКОПЈЕ