За потребите на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015, а врз...
За потребите на проектот “Јакнење на капацитетите и механизмите за поддршка на реформскиот процес на Поглавје 20 (YESNetwork+)” финансиран од Европската Унија во рамките на ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и медиумите 2015, а врз основа на Договорот за грант со референтен број IPA/2016/382-395, Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување објавува:
БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за набавка на услуга – Развој и изработка на сет на алатки за граѓански организации за следење на политики и застапување во областа на Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика
Инструкции за понудувачите
1. Договорен орган
Договорен орган е Фондација за менаџмент и индустриско истражување Скопје, со адреса на ул. 16та Македонска бригада 13б, Скопје, телефон за контакт 02 3108 891, контакт лице Габриела Костовска Богоеска.
2. Предмет на договорот за набавка
2.1 Предмет на договорот за набавка е обезбедување на надворешна експертиза за дизајн и изработка на алатки за мониторинг и застапување од страна на граѓански организации на полетот на Поглавје 20 – Претпријатија и индустриска политика, а за потребите на проектот YESNetwork+. Проектот цели да постигне координација помеѓу граѓанските организации во реформскиот процес на Поглавје 20; да ги зајакне капацитетите на граѓанските организации за креирање на политики, вмрежување и мониторирање на политиките за Поглавје 20; да ja подобри координацијата и трансферот на знаење меѓу граѓанските организации и останатите релевантни чинители и да ja подигне свеста за значењето на Поглавје 20 за целокупниот напредок на земјата за членство во Европската Унија.
Поглавје 20 алатките, предмет на оваа набавка, имаат за цел да придонесат кон градењето на капацитетите на граѓанските организации преку подобро разбирање на процесите за креирање на политики како и преку унапредување на вештините за мониторинг и застапување на граѓанските организации – членки на платформата Поглавје 20 и другите заинтересирани чинители. За таа цел, потребно е да се дизајнираат и изработат 3 (три) Поглавје 20 алатки во следните области:
1. Креирање на политики во Поглавје 20, вклучувајќи изработка на документи за јавни политики
2. Застапување и комуницирање на препораки за политики во Поглавје 20
3. Следење на напредокот во Поглавје 20
Алатките треба да содржат теоретски и практични напатствија за делување на граѓанските организации во наведените области. За секоја од алатките, понудувачот треба да обезбеди краток опис на опфатот, содржината и очекуваниот импакт кон главната целна група – граѓанските организации. Сета документација треба да биде изработена на македонски јазик и доставена во електронска верзија (во word и pdf формат). Понудувачот има обврска да обезбеди лекторирање на документацијата од страна на овластен лектор за македонски јазик.
2.2 Предметот на договорот е неделив. Понудувачот во својата понуда треба да ги вклучи сите три Поглавје 20 алатки.
3. Временска рамка
Индикативната временска рамка за извршување на услугата е 14.05 – 14.08.2018та година. Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување го задржува правото на измена на временската рамка и испораката на нарачаната услуга од страна на изведувачот во зависност од потребите на идните активности што треба да се реализираат во рамките на проектот.
4. Изготвување на понудите
4.1 Набавката ќе се реализира од страна на изведувач со искуство во областа на истражување, креирање и мониторинг на политики, како и градење на капацитети во областа на застапувањето и јавните политики.
Понудата треба да содржи:
Предлог Поглавје 20 алатки со опис на опфат и очекувани резултати
Кратка биографија (CV) на клучните експерти кои ќе работат на дизајн и изработка на алатките
Референтна листа на релевантни претходни ангажмани на понудувачот
Финансиска понуда
4.2 Финансискиот дел од понудата треба да содржи број на денови како количина за изработка на секоја од алатките, како и единечна и вкупна цена во бруто износ. Воедно, да се предвиди и трошок за лекторирање на креираните документи.
5. Постапка за избор
5.1 Административна проверка
Административната проверка на добиените понуди ќе овозможи утврдување на прифатливи понуди, предмет на евалуација, а кои ги исполнуваат сите барања од точка 4.
5.2 Критериуми за доделување на договорот
Критериум за доделување на договорот е економски најповолна понуда. За носител на набавката ќе биде избран оној понудувач чија понуда ќе биде оценета како економски најповолна, односно кој ќе освои најголем број на бодови како збир на бодовите за секој елемент на критериумот економска најповолна понуда. Елементите на критериумот економски најповолна понуда се изразуваат со број на бодови во распон од 1 до 100 бодови кои редоследно се наведуваат според нивната важност, а нивниот вкупен збир изнесува 100 бодови. Како елементи на критериумот економски најповолна понуда се земаат следниве:
Цена - 55 бодови,
Предлог Поглавје 20 алатки - 15 бодови, Искуство на предложениот тим - 15 бодови,
Претходно искуство на организацијата – 15 бодови
5.2.1 За елементот цена се утврдени вкупно 55 бодови. Заради евалуација цената на понудата ќе се пресметува како вкупна цена без данок на додадена вредност, при што најмногу бодови ќе добие понудата која има најниска понудена цена. Бодовите за елементот цена кај другите понуди ќе се доделат според следнава формула:
Број на бодови =
најниска цена (без
ДДВ) *
максимален број бодови за елементот цена
Цена (без ДДВ)
5.2.2 За елементот Предлог Поглавје 20 алатки се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: на скала од 0 (нула) – најлошо до 5 (пет) најдобро ќе се оцени адресирањето на следните под- елементи: (а) тематски опфат (б) соодветност на предложената содржина на алатките, и (в) импакт врз капацитетите на целната група – граѓанските организации од Поглавје 20.
5.2.3 За елементот Искуство на предложениот тим се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: со скала од 0 (нула) – најлошо до 5 (пет) – најдобро ќе се оценат следните под-елементи (а) искуство во наведените области (креирање на политики, застапување и мониторинг), (б) искуство во работа со граѓански организации и други релевантни чинители за Поглавје 20, и (в) искуство во креирање алатки и прирачници за следење на политики.
5.2.4 За елементот Претходно искуство на организацијата се утврдени вкупно 15 бодови. Истиот ќе се евалуира на следниов начин: со скала од 0 (нула) – најлошо до 5 (пет) – најдобро ќе се оценат следните под-елементи (а) референци во наведените области (креирање на политики, застапување и мониторинг), (б) искуство во работа со граѓански организации и други релевантни чинители за Поглавје 20, и (в) искуство во креирање алатки и прирачници за следење на политики.
6. Краен рок и начин за поднесување на понудите
6.1 Краен рок за доставување на понудите е пoнеделник, 14.05.2018 година. Понудите што ќе пристигнат по наведениот рок, како и оние што не се изработени според пропозициите на барањето, нема да бидат земени предвид.
6.2 Понудите се доставуваат по електронски пат на xxxxxxxx@xxx.xxx.xx или лично во просториите на Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.