Contract
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРИ ОТПЛАТА НА КРЕДИТ И НЕМОЖНОСТ ОД ВРАЌАЊЕ ПОРАДИ СМРТ ОД НЕЗГОДА ИЛИ ТРАЈНО ГУБЕЊЕ НА ОПШТА РАБОТНА СПОСОБНОСТ(ИНВАЛИДИТЕТ) НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРЕКУ 50%
КАКО ПОСЛЕДИЦА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ - НЕЗГОДА
Јануари, 2023 година
И НЕМОЖНОСТ ОД ВРАЌАЊЕ ПО
Воведни одредби Член 1
(1) Овие Xxxxxxx Услови за осигурување во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка поради смрт или трајно губење на општата работна способност (инвалидитет) на осигуреникот преку 50% како последица на несреќен случај – незгода (во понатамошниот текст: Посебни Услови) се составен дел на договорот за осигурување поради неможност на враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка (во понатамошниот текст: договор за осигурување) кој договорувачот на осигурувањето го склучува со друштвото за осигурување (во понатамошниот текст: осигурувач) и се применуваат заедно со Општите Услови за осигурување во случај на неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка (во понатамошниот текст: Општи Услови).
Општи одредби Член 2
(1) Со овие Посебни Услови се регулираат односите помеѓу договорувачот на осигурувањето и осигурувачот во случај на осигурување поради неможност за враќање на кредит одобрен од страна на деловна банка по остварување на осигуран случај смрт поради несреќен случај (незгода или трајно губење на општата работна способност (инвалидитет) преку 50% поради несреќен случај (незгода) на осигуреникот кој настапил во периодот на осигурителното покритие.
Осигурани ризици Член 3
(1) Согласно овие Услови, осигурување во случај на неможност на враќање на кредит може да се договори во случај на следните ризици:
1) смрт на осигуреникот како последица од несреќен случај (незгода);
2) трајно губење на општата работна способност (инвалидитет) на осигуреникот преку 50% како последица на несреќен случај – незгода.
Поим за несреќен случај Член 4
(1) Како несреќен случај во смисла на овие Посебни Услови се смета секој ненадеен и од волјата на осигуреникот независен настан што дејствувајќи главно од надвор и нагло врз телото на осигуреникот, има за последица негова смрт или целосен траен инвалидитет.
1) Во смисла на претходниот став, за несреќен случај особено се сметаат следниве настани: газење, судрување, удар со некаков предмет или на некаков предмет, удар на електрична струја или гром, паѓање, лизнување, уривање, ранување со оружје, со разни други предмети или експлозивни материи, убод со некаков предмет, удар или каснување на животно и убод од инсекти, освен ако со таков убод е предизвикана некаква инфективна болест.
2) Како несреќен случај се смета и следново:
• труење со хемиски средства, со исклучок на професионални заболувања;
• труење со храна кое за последица има смрт на осигуреникот;
• инфекција на повреда предизвикана со несреќен случај;
• труење поради вдишување гасови или отровна пареа, со исклучок на професионални заболувања;
• изгореници од оган или електрицитет, со жежок предмет, течност или пареа, киселина, лужини и сл.;
• давење и утопување;
• гушење или задушување поради затрупување (со земја, песок и сл.);
• прснување на мускули, исколчување, прснување на зглобните врски, кршење на здрави коски што ќе настане поради нагли телесни движења или ненадејни напрегнувања предизвикани со непредвиден надворешен настан, доколку тоа непосредно веднаш по повредата е утврдено во болница или друга здравствена установа;
И НЕМОЖНОСТ ОД ВРАЌАЊЕ ПО
• дејствување на светлина, сончеви зраци, температури или лошо време, ако осигуреникот бил непосредно изложен на тоа поради еден пред тоа настанат несреќен случај или се нашол во такви непредвидени околности што никако не можел да ги спречи, или бил изложен поради спасување човечки живот;
• дејствување на рентгенски или радиумски зраци, ако настанат нагло и ненадејно, со исклучок на професионални заболувања;
3)Не се сметаат како несреќен случај во смисла на овие Услови:
• сите заразни, професионални и други болести, како и последици од психички влијанија;
• стомачна кила, кила на папокот, водени и останати кили, освен оние што ќе настанат поради директно оштетување на стомачниот ѕид под непосредно дејство на надворешна механичка сила на стомачниот ѕид, доколку веднаш по повредата е утврдена травматична кила, кај која болнички покрај килата е утврдена повреда на меките делови на стомачниот ѕид во тоа подрачје;
• инфекции и заболувања што ќе настанат поради разни форми на алергија, сечење или кинење жулеви или други израстоци на цврста кожа;
• анафилактичен шок, освен ако настапи при лекувањето поради настанат несреќен случај;
• хернија дисци интервертебралис, сите видови лумбалгии, дископатии, сакралгии, миофасцитис, кокцигодини, ишијалгии, фиброзитис и сите промени на слабинско - крстна регија означена со аналогни термини;
• одлепување на мрежицата (аблацио ретинае) на претходно болно или дегенеративно променето око, а со исклучок се признава одлепување на мрежицата на претходно здраво око, доколку постојат знаци на директна надворешна повреда на очната јаболчица, утврдена во здравствена установа;
• последици што настанале кај осигуреникот поради алкохолно лудило (делириум тременс) и дејство на дрога;
• последици на медицински, особено оперативни зафати што се преземаат за лекување или превентива заради спречување болести, освен ако до тие последици дошло поради докажана грешка на медицинскиот персонал (витиум артис);
• патолошки промени на коските, патолошки епифизиолози;
• системни невромускуларни болести и ендокрини болести.
Обврски на осигурувачот Член 5
(1) Кога ќе настане несреќен случај во смисла на овие Услови, осигурувачот има обврска:
1) во случај на смрт на осигуреникот поради несреќен случај (незгода), да исплати надомест во износ од остатокот на главниот долг на кредитот, без заостанатите рати и камати до денот на настанување на осигурениот настан, но најмногу до договорената сума на осигурување;
2) трајно губење на општата работна способност (инвалидитет) на осигуреникот преку 50% како последица на несреќен случај – незгода, да исплати надомест во висина на остатокот на главниот долг по кредитот, без задоцнети рати и без камати до датумот на настанување на осигуран случај, но најмногу до договорената сума на осигурување. Конечниот степен на инвалидитет се одредува исклучиво по Табелата за определување процент на траен инвалидитет како последица на несреќен случај (незгода) која е составен дел од овие Посебни Услови и Општите Услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) (во понатамошниот текст: Табела за инвалидитет). Индивидуалните способности, социјалната положба или занимање (професионална способност) на осигуреникот, не се земаат предвид при определувањето на процентот на инвалидитет. Степенот на траен инвалидитет осигурувачот го одредува на основ на поднесена медицинска документација и извршен лекарски преглед, освен доколку поинаку не се договори.
Исклучување на обврските на осигурувачот Член 6
(1) Исклучени се сите обврски на осигурувачот ако несреќниот случај настанал:
1) поради земјотрес (освен за случај на смрт);
И НЕМОЖНОСТ ОД ВРАЌАЊЕ ПО
2) поради настан кој директно се припишува на војната, инвазијата, чинот на надворешниот непријател, воени дивеења или воени операции (без оглед дали војната е објавена или не), граѓанска војна, востание, буна или револуција;
3) при управување со воздушни летала од сите видови пловни објекти, моторни и други возила без пропишана службена исправа којашто на возачот му дава овластување за управување и возење со односниот вид и тип воздушно летало, пловен објект, моторно и друго возило.
Одредбите од точката 3) од овој став нема да се применуваат во случај кога непоседувањето на пропишаната службена исправа немало влијание на настанувањето на несреќниот случај.
Во смисла на овие Посебни Услови се смета дека осигуреникот ја поседува пропишаната службена возачка исправа кога со цел за подготвување и полагање испит за добивање службена исправа, презема возење под непосреден надзор на службено овластен стручен инструктор.
4) поради обид или извршување самоубиство на осигуреникот од кои било причини;
5) поради тоа што договорувачот на осигурувањето или корисникот намерно го предизвикал несреќниот случај, а доколку се повеќе корисници, исклучен е само оној корисник кој намерно го предизвикал несреќниот случај;
6) при подготвување, обид или извршување смислено кривично дело, како и при бегање после таквото дејство;
7) поради докажана причинска врска на дејствувањето на наркотични средства, лекарства или алкохолизираната состојба на осигуреникот и настанувањето на несреќниот случај.
Се смета дека осигуреникот е во алкохолизирана состојба ако се утврди присуство на алкохол во крвта повеќе од 10,8 мил. мола (0,5‰) кај возач, а кај останатите осигуреници повеќе од 21,6 мил. мола (1,00‰).
8) Авијација (освен патнички што плаќа на билет на редовна авиокомпанија или признат чартер оператор)
9) Висок ризик и екстремни спортови (Планинарење / Качување по карпи, Планинарење и гушење, планински велосипедизам, скокање во бањи / база, нуркање, борбени спортови, мотори / мотоцикли спортови, трки со моќност, трки со кајакарство / кајакање (трки со диви води, во оддалечени места), Авионско скијање, спортови поврзани со авијацијата и авијацијата)
10) Несреќи предизвикани од професионални активности поврзани со работа со хемикалии и експлозиви, работа на височини, под земја, под вода, на нафтени и гасни платформи, со оружје и други извори на зголемена опасност.
(2) Договорот за осигурување е ништовен, ако во моментот на неговото склучување веќе настанал осигурениот случај, или бил во настанување или било извесно дека ќе настапи, или ако веќе тогаш престанала можноста да настапи, а уплатената премија се враќа на договорувачот, намалена за трошоците на осигурувачот.
(3) Во случај доколку осигуреникот или корисникот на осигурување во пријавата наведе лажни податоци за незгодата, за одвивање на лекувањето, податоци за здравствената состојба, кои би оневозможиле осигурувачот да донесе објективна оцена во донесувањето одлука за исплата на штета, исклучени се сите обврски спрема осигуреникот, односно корисникот на осигурување.
Пријава на штета во случај и исплата на надомест од осигурување Член 7
(1) Осигуреникот што е повреден поради несреќен случај е должен:
1) според можностите веднаш да се пријави на лекар, односно да повика лекар заради преглед и укажување потребна помош и веднаш да ги преземе сите потребни мерки заради лекување, како и да се придржува кон лекарските совети и упатства во поглед на начинот на лекувањето;
2) за несреќниот случај писмено да го извести осигурувачот кога е тоа можно според неговата здравствена состојба;
3) со пријавата на несреќниот случај да му ги даде на осигурувачот сите потребни известувања и податоци особено за местото и времето кога настанал несреќниот случај, целосен опис на настанот, име на лекарот што го прегледал, или што го лекува, наод на лекарот за видот на телесните повреди, за настанатите и евентуалните последици, како и податоци за телесни мани, недостатоци и болести што осигуреникот евентуално ги имал уште пред настанувањето на несреќниот случај.
И НЕМОЖНОСТ ОД ВРАЌАЊЕ ПО
(2) Ако несреќниот случај имал за последица смрт на осигуреникот, корисникот на осигурувањето е должен за тоа писмено да го извести осигурувачот и за тоа да ги обезбеди потребните документи.
(3) Трошоците за лекарски преглед, извештаи (почетен и заклучен извештај на лекарот, повторен лекарски преглед и наод на специјалист) и другите трошоци што се однесуваат на докажувањето на несреќниот случај и правата од договорот за осигурување, паѓаат на товар на подносителот на барањето.
(4) Осигурувачот има право да бара од осигуреникот, договорувачот, корисникот или од кое и да е друго правно или физичко лице дополнителни објаснувања, како и на свој трошок да преземе потребни мерки за лекарски преглед на осигуреникот преку свои лекари, лекарски комисии и здравствени организации за да се утврдат важните причини во врска со пријавениот несреќен случај.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
член 8
[1] За односите од договорот за осигурување се применува правото на Република Северна Македонија.
[2] За односите меѓу осигурувачот, договарачот и осигуреникот кои не се договорени во договорот за осигурување, се применува Законот за облигациони односи.
Постапка по приговори
Во случај осигурувачот и осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, осигуреникот има право на приговор во рок од 8 дена од приемот на писменото известување од осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на штети по приговор, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Постапка по жалба
Договорувачот, односно осигуреникот во однос на работењето на Друштвото има право на жалба до Агенцијата за супервизија на осигурување како орган надлежен орган за супервизија на друштвата за осигуруавање.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основен суд Скопје 2 Скопје.
Овие Посебни Услови се донесени од страна на Xxxxxxxx одбор, врз основа на Одлука Бр. 0203-03/19 од 28.12.2022 година, и стапува во сила сметано од 01.01.2023 година.
УПРАВЕН ОДБОР
Претседател на управен одбор Xxx Xxxxxxxxx
Член на управен одбор Xxxxx Xxxxxxx
Член на управен одбор Xxxx Xxxxxxxx