Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. 02-
Дата год.
Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005, 37/2006, 18/2007 и 36/2007) и
член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат болничка здравствена заштита (“Сл. весник на РМ”, бр 14/08), се склучува
Д О Г О В О Р
За извршување и плаќање здравствени услуги во болничка здравствена заштита
Склучен во Скопје за 2008 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од заменик на директорот Xxxxx Xxxxx, како стратешки купувач на здравствени услуги од една страна и
2. ------------------------- со седиште во ------------------------ (во понатамошниот текст
Здравствена установа), застапувана од директорот----------------------, ж-ска бр.------------------
што се води кај ----------------, даночен броj -------------------, како давател на услуги од друга страна.
Предмет на договорот Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите помеѓу Фондот и здравствената установа за обезбедување и извршување на здравствени услуги на осигурените лица во болничка здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на услуги во болничка здравствена заштита Член 2
Здравствена установа од болничка здравствена заштита врши дејност од: а) специјалистичко-консултативна здравствена заштита: ----------------------
б) болничка здравствена заштита: ---------------------------
-основен надоместок (киксен дел), во износ од денари
- надоместок според резултатите од извршувањето на договорениот вид, износ од ------------
--------денари
Дејноста од став 1 на овој член здравствената установа ја врши во согласност со Решение број --------------------- од година, издадено од (Министерство за Здравство на
РМ).
Здравствената установа својата дејност ја обавува во една или повеќе организациони единици со соодветен стручен кадар согласно Правилникот за поблиските просторни услови, опрема и кадар за основање и работење на здравствените установи, кој кадар има добиено важечка лиценца за работа.
Здравствената установа за секое проширување или промена на дејноста, како и измена на бројот на организационите единици, склучува Анекс на овој Договор со Фондот согласно средствата во буџетот на Фондот за таа намена.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов Договор.
За секоја промена на седиштето, здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 3
Здравствената установа е должна на осигурените лица да им обезбеди целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна специјалистичко- консултативна и болничка здравствена заштита согласно упатствата базирани на медицина заснована на докази, во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат болничка здравствена заштита (во понатамошниот текст Правилникот), меѓудржавни договори за социјално осигурување, општите акти на Фондот, Програмите за здравствена заштита на Република Македонија како и одредбите на овој договор.
Услугите дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и надстандардните услуги по барање на осигуреното лице, не се на товар на средствата на Фондот.
Вид и обем на здравствени услуги Член 4
Видот и обемот на здравствените услуги кои здравствената установа ги обезбедува на товар на средствата на Фондот според планот за тековната година, претставуваат договорени здравствени услуги кои здравствената установа треба да ги оствари во тековната година .
Индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа според планот за тековната година се договорени индикатори.
Член 5
Планот на видот и обемот на здравствените услуги и планот на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа се утврдени во Прилог - обрасци и се составен дел на овој договор.
Член 6
Како вид и обем на здравствени услуги, според Правилникот, се сметаат здравствени услуги кои здравствената установа ќе ги обезбеди на осигурените лица во тековната година, групирани по групи на дијагнози по дијагностички сродни групи - DRG како и по МКБ–10 со слични дијагностичко-терапевски процедури (во понатамошниот текст:
„терапевски процедури„).
Член 7
Целите што треба да ги постигне здравствената установа низ резултатите од извршената работа се: зголемување на продуктивноста, ефикасноста и квалитетот на услугите и зголемување на задоволството на осигурените лица.
Преку остварувањето на целите од став 1 на овој член се врши оценување на успешноста во работењето на здравствената установа, врз основа на следните индикатори:
- број на хоспитализирани пациенти;
- просечно време на престој во болница;
- број на лекувани пациенти во дневна болница;
- број на повторно примени пациенти или број на повторни операции (реоперации) за иста дијагноза, во период од еден месец по отпуштањето;
- број на инфекции предизвикани во болница.
Секој индикатор изнесува 2% и здравствената установа ќе го оствари доколку биде исполнет планираниот број.
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги Член 8
Висината на вкупниот надоместок (во понатамошен текст договорен износ) е утврдена согласно Правилникот во зависност од средствата во Буџетот на Фондот утврдени за таа намена и се смета како договорен износ за болнички здравствени услуги што ќе бидат остварени во тековната година.
Висината на договорениот износ на здравствената установа за тековната година се определува во износ од најмногу ---------------- денари кој се дели на еднакви месечни износи (месечен надоместок) во износ од денари.
Договорните страни се согласни на договорениот износ за тековната година да може да се измени во зависност од остварувањето на средствата во Буџетот на Фондот, врз основа на Одлука на Управниот одбор на Фондот доколку таква се донесе.
Доколку се изврши измена на висината на договорениот износ од став 3 на овој член, соодветно на извршената измена пропорционално се менува и планот на видот и обемот на здравствените услуги кој е составен дел на овој договор.
Член 9
Надоместокот утврден во член 7 на овој договор се состои од фиксен и променлив дел.
a) Фиксниот дел е утврден како основен надоместок кој изнесува 70% од договорениот износ во висина од ---------------------- денари годишно, односно денари
месечно.
б) Променлив дел е утврден како:
- надоместок според извршување на договорениот вид и обем на здравствени услуги кој изнесува 20% од договорениот износ во висина до денари годишно, односно
------------------- денари месечно и
- надоместок според исполнување на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа (успешност во работењето) кој изнесува 10% од договорениот износ во висина до -------------------- денари годишно, односно денари месечно.
Член 10
Месечниот надоместок од член 8 на овој договор за обезбедени здравствени услуги на здравствената установа се исплатува во целост најдоцна до крајот на месецот, за претходниот месец.
Член 11
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие најдоцна до 10-ти во тековниот месецот до Фондот во електронска и во пишана форма доставува Пресметка за планираниот и остварениот вид и обем на здравствени услуги и Пресметка за планираните и остварените индикатори за остварувањето на целите низ резултатите од извршената работа.
Променливиот дел од надоместокот од член 9, став 1, точка б), алинеја 1 на здравствената установа се намалува доколку извршувањето на договорениот вид и обем е помалку остварен во однос на планираниот договорен вид и обем на здравствени услуги.
Намалувањето се врши со индексот на вкупно пресметаните бодови на извршените здравствени услуги во однос на планираните здравствени услуги, пресметани според бодовите во Ценовникот на здравствени услуги на РМ, по терапевтски процедури во претходното тромесечие.
Променливиот дел од надоместокот според исполнувањето на целите од член 9 став 1,
точка б) алинеја 2 на здравствената установа се намалува според просечниот индекс
добиен врз основа на остварените индикатори (кои имаат подеднаква вредност) во однос на планираните за секоја од утврдените цели, за остварените резултати во претходното тромесечје.
Намалениот износот на променливиот дел од член 9, став 1, точка б) на овој договор доколку биде намален согласно став 2 и 4 на овој член, се одбива од вкупниот месечен надоместок за тоа тромесечје.
Член 12
Со започнување на примена на системот на DRG, вкупниот (договорениот) надоместок на здравствената установа може да се зголеми или намали до 20%, во зависност од индексот на ефикасност кој се пресметува со помош на DRG, како современ систем за класификација на oсигурените лица, од 01.07.2008 година согласно Правилникот.
Индексот на ефикасност е вредноста помеѓу вкупниот обем на извршени услуги и вкупно потрошените средства за извршување на истите.
Индексот на ефикасност ја отсликува реалната цена на здравствените услуги во една здравствена установа, во однос на останатите здравствени установи во Република Македонија.
Истиот има за цел изедначување на чинењето на здравствените услуги во сите здравствени установи во Република Македонија.
Индексите на ефикасност се објавуваат месечно за секоја здравствена установа која работи со Фондот.
Член 13
Здравствената установа доставува фактури за извршени здравствени услуги до подрачната служба заради евиденција на здравствените услуги и уплатената партиципација на осигурените лица најдоцна до 5-ти во тековниот за претходниот месец. Со фактурите се доставува и збирен рекапитулар.
Здравствената установа во која се лекува осигуреното лице може да го упати (доколку постои медицинска оправданост) во друга здравствена установа за дополнително испитување или лекување.
Начинот на фактурирањето за извшените здравствени услуги е уредено со Упатство за фактурирање на здравствени услуги.
Доколку износот на средствата што здравствената установа го фактурирала за здравствени услуги на осигурените лица на крајот од годината е поголем од износот на утврдениот договорен износ, здравствената установа го отпишува побарувањето за разликата помеѓу фактурираниот износ и договорениот износ.
Обврски на здравствената установа
Член 14
Здравствената установа е должна за вршење на здравствените услуги на осигурените лица да обезбеди лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот, помошни медицински материјали кои служат за примена на лековите, материјали за вградување (инплантанти), санитетски и други потрошни материјали потребни за вршење на здравствените услуги.
Доколку здравствената установа не ги обезбеди лековите и материјалите од став 1 на овој член, истата е должна на осигуреното лице да му издаде соодветен доказ (запис на отпусното писмо, конзилијарно мислење, потврда или друг доказ со кој ќе се потврди фактичката состојба).
Доколку здравствената установа не ги обезбеди лековите и материјалите од став 1 на овој член, а осигурените лица ги набавиле со сопствени средства, договорениот месечен надоместок на здравствената установа ќе биде намален за износот на рефундираните средства.
Член 15
Здравствената установа се обврзува да склучи посебни договори со добавувачите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни, со кои ќе го договори начинот и рокот
на нарачката и испораката на лековите за тековниот месец, како и рокот на плаќање од најмалку 120 дена.
Меѓусебниот договор склучен помеѓу здравствената установа и добавувачот не смее да биде во спротивност со договорот помегу Фондот и добавувачот.
Здравствената установа се обврзува за лековите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни да врши плаќање на добавувачите во рокот на стасаност согласно договорите помеѓу Фондот и добавувачите.
Фондот нема никаква одговорност ниту обврска во исполнувањето односно неиполнувањето на меѓусебниот договор склучен помеѓу здравствената установа и добавувачот.
Посебниот договор од став 1 на овој член престанува да важи за лековите за кои ќе се утврдат референтни цени од страна на Фондот.
Член 16
Здравствената установа е должна со средствата добиени по основ на овој договор да врши редовно и навремено плаќање на добавувачите по основ на испорачани лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и медицински помагала.
Фондот не презема никаква обврска за плаќање на лековите од Листата на лекови и медицинските помагала кои се испорачани во здравствената установа.
Член 17
Со утврдување на референтни цени на лековите од страна на Фондот, здравствената установа има обврска самостојно да врши набавка на лекови од целокупниот асортиман од Листата на лекови, согласно Законот за јавни набавки.
Набавката на лековите од Листата на лекови треба да се врши според утврдените средства за таа намена.
Член 18
Со потпишувањето на овој договор се отпишуваат меѓусебните обврски и побарувања помеѓу јавните здравствени установи по основ на фактури за обезбедени здравствени услуги на осигурени лица.
Здравствената установа со овој договор се обврзува да ги повлече сите свои тужби, платни налози и предлози за извршување кои што се насочени кон други Јавни здравствени установи.
Член 19
Здравствената установа согласно законот се обврзува редовно да ја уплатува партиципацијата на сметката на Фондот.
Доколку здравствената установа не ја уплатила пресметаната партиципација на сметката на Фондот, за износот на неуплатената партиципација ќе се намали месечниот надоместок во наредниот месец.
Доколку здравствената установа наплатила партиципација од осигурените лица спротивно на прописите, износот на средствата што Фондот ги рефундирал на осигурените лица по овој основ ќе биде намален од месечниот надоместок на здравствената установа.
Член 20
Доколку здравствената установа остварила приход од Фондот врз основа на невистинити и неточни податоци, по утврдување на невистинитоста и неточноста на податоците за неправилно остварениот приход, Фондот соодветно ќе го намали надоместокот за тековниот месец.
Член 21
Здравствената установа е должна да ги врши бараните испитувања според упатот на избраниот лекар и да ги зема во предвид сите веќе направени испитувања од другите здравствени установи заради поголема економичност со цел да се избегне повторување на испитувањата, воспоставувањето на дијагнозата и лекувањето.
Член 22
Здравствената установа може да дава предлог за упатување на лекување во странство на осигурените лица на товар на средствата на Фондот, само доколку лекувањето не може да се изврши во постојните здравствени установи во Р. Македонија.
Член 23
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците како и интернет поврзување.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа. Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием.
Член 24
Други обврски на здравствената установа:
1. Да го уплатува редовно придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно одредбите на Законот за здравствено осигурување;
2. Да обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3. Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Да го извести избраниот лекар на осигуреното лице со отпусно писмо или медицински извештај за утврдената дијагноза, медицинскиот преглед, испитување, лекување и за други прашања кои се однесуваат на здравствената состојба на осигуреното лице.
5. Да доставува пресметки за извршениот вид и обем на здравствени услуги и пресметки за извршените цели најдоцна до 10-ти во тековниот месец по изминувањето на тримесечјето;
6. Да доставува месечни финансиски извештаи најдоцна до 15–ти во тековниот месец за претходниот, согласно буџетските процедури
7. Да наплатува партиципација и да издава потврда за наплатеното учество (партиципација) согласно законските прописи и да ги применува решенијата за ослободување од партиципација донесено од страна на Фондот;
8. Да му овозможи на Фондот вршење на предходна (Еx-ante) финансиска контрола на извршувањето на буџетот на здравствената установа;
9. Да му овозможи на Фондот, увид и контрола на целокупната документација;
10. Да обезбеди лекови од Листата на лекови и медицински помагала од член 13 на овој договор;
11. Здравствената установа на видно место да ја истакне висината на партиципацијата за услугите што согласно Одлуката за партиципација се наплаќаат;
12. За одржување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита лекарите специјалисти вработени во здравствената установа имаат обврска стручно да се усовршуваат
13. Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи;
14. Здравствената установа е должна да води материјално-финансиска евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на траење;
15. Здравствената установа е должна на видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и да го истакне работното време согласно прописите за работно време;
16. Здравствената установа е должна да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството, и други податоци од медицински карактер потребни за анализи,информации за медицинската наука за потребите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија;
17. Да ги доставува сите потребни извештаи и информации во пишана и електронска форма поврзани со имплементацијата на овој договор;
18. Да негува добри деловни односи со Фондот;
19. Економично и рационално да ги користи средствата добиени од Фондот.
Член 25
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување – странски осигуреници, здравствената установа им обезбедува здрвствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата на користење здравтвена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card – EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доствува посебна пресметка за пружени здрвствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствента установа е должна да ги наведе сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени од Фондот.
Водење на посебни евиденции Член 26
Здравствената установа се обврзува на посебен образец (Образец С) веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и да ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
Здравствената установа се обврзува за пружената здравствена заштита во врска со лекувањето како последица на причините наведени во став 1 на овој член, посебно да ги евидентира пресметките (фактурите) за извршените здравствени услуги во здравствената установа и со посебен допис да ги достави до подрачната служба на Фондот.
Доколку здравствената установа за наведените случаи не постапи според одредбите на овој Договор, Фондот ќе го исплати договорениот надоместок намален за висината на лекувањето.
Обврски на Фондот Член 27
Фондот е обврзан да:
1. го плаќа надоместокот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор
2. врши контрола на примената на одредбите од Законот и подзаконските акти и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите на овој договор;
3. врши мониторинг и контрола на видот и обемот на договорените здравствени услуги како и на пресметките на планирани и остварени здравствени услуги;
4. врши мониторинг и контрола на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа како и на пресметките на планирани и остварени индикатори за цели;
5. врши проверка на податоците и критериумите врз основа на кој е склучуван договорот;
6. го следи износот на рефундирани средства на осигурените лица за лекови од Листата на лекови и медицински помагала од член 12 став 1 на овој договор, кои здравствената установа била должна да ги обезбеди и ја намалува висината на надоместокот на здравствената установа за рефундираниот износ;
7. ја следи уплатената партиципација од страна на здравствената установа.
Предходна контрола (Ex-ante)
Член 28
Здравствената установа се обврзува на Фондот да му овозможи вршење на предходна контрола (Ex-ante) за точноста и усогласеноста на документите кои се однесуваат на финансиските активности кои создаваат обврски и расходи на здравствената установа согласно со законските, подзаконските и интерните акти, одлуките и договорите пред нивното извршување.
Контролата се врши со потпишување или одбивање да се потпишат соодветните документи со кои се одобрува извршувањето на трансакцијата, односно одлуките вклучително и плаќањата.
Исправноста на документите со својот потпис ја одобрува контролорот на Образец –
контролна листа.
Контрола Член 29
Фондот во здравствената установа врши контрола на договорениот вид и обем на договорени здравствени услуги на осигуренитре лица, индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа, контрола на остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденцијата за пружени здравствени услуги на осигурени лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на тој Закон и другите прописи, како и контрола на спроведување на одребите од овој договор.
Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола во целокупното свое работење.
Член 30
За извршената контрола се составува записник за утврдената состојба во здравствената установа.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува записник до здравствената установа со заклучоци за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на записникот од Фондот да достави забелешкидо централната служба на Фондот .
Централната служба на Фондот доколку има нови докази по повторна контрола составува извештај по кој веднаш се постапува.
Користење на средствата во здравствената установа Член 31
Со средствата остварени според овој договор, здравствената установа располага самостојно.
Здравствената установа средствата добиени според овој договор, наменети за одредени позиции од планот не може да ги пренаменува за други позиции, односно други трошоци, со кои ќе предизвика намалување на обемот и квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица.
Раскинување на договорот Член 32
Овој Договор може да се раскине спогодбено во писмена форма.
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Еднострано раскинување на Договорот Член 33
Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа во целост или за одделна организациона единица во следните случаи :
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа континуирано не пружа здравствени услуги според позитивните законски прописи
3. Ако го оневозмножува или отежнува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување со што ке доведе до загрозување на животот и здравјето на осигуреното лице;
4. Aко здравствената установа не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5. Ако здравствената установа доставува неточни податоци до Фондот;
6. Ако со работата се нанесе штета на Фондот;
7. Aко здравствената установа постапува спротивно од одредбите на овој Договор.
8. Ако не негува добри деловни односи;
9. Доколку не се извршуваат здравствените услуги од член 3 на овој договор;
10. Ако не се исполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор;
11. Во случаите кога е применета договорната казна, а по повторна контрола од член 29 и член 30 на овој договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овие членови.
Договорни казни Член 34
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договорот, се согласија за спроведување на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор.
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот.
Доколку се утврдат повреди од член 35 и 36 од овој Договор, се применува договорната казна од член 35 на овој договор.
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 30 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 9 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот, а обврската за договорната казна останува и се наплаќа со задржување на неисплатениот износ што треба да го исплати Фондот на давателот на услугите или по судски пат.
За повредите од членот 35 и 36 направени од страна на здравствената установадоговорната казна се наплатува од нејзината сметка.
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 15 дена од денот на дотавувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот
Член 35
Договорна казна во износ од 150.000,00 денари се утврдува за следните повреди
1. Доколку во рок од 10 дена не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.);
2. Ако здравствената установа наплатува на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
3. Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно не се уплатува согласно законот;
4. Ако не ја уплатува партиципацијата на сметка на Фондот согласно одредбите на овој Договор.
5. Доколку здраствената установа нема извршено набавка на компјутерска опрема и интернет поврзување;
6. Доколку здравствената установа во договорениот рок не ги доставува бараните податоци согласно овој Договор до Фондот;
7. Доколку здравствената установа на осигуреното лице не му издаде соодветен доказ (запис на отпусното писмо, конзилиарно мислење, потврда или друг доказ со кој ќе се потврди фактичката состојба), во случај кога не се обезбедени лековите и материјалите од член 14 на овој договор;
8. Доколку здравствената установа за лековите кои се избрани на јавната набавка на лекови за најповолни не врши плаќање на добавувачите во рокот на стасаност согласно договорите помеѓу Фондот и добавувачите
9. Доколку здравствената установа не посебен образец (Образец С) веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и да ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
10. Доколку здравствената установа, ги извршува видот и обемот на договорените здравствени услуги помалку од 60% за секое тромесечје во две последователни тромесечја;
Член 36
Договорна казна во износ од 75.000,00 денари се утврдува за следните повреди:
1. Ако здравствената установа не води евиденција согласно законските прописи, актите на Фондот и овој Договор;
2. Постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги доколку се утврди оправданост на незадоволството.
3. Ако здравствената установа не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Ако здравствената установа не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација
5. Ако здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на употреба
6. На видно место не истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и нема истакнато работно време
7. На видно место не ја истакне Одлуката за висината на учеството на осигурените лица во цената на здравствените услуги и лековите
Член 37
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот не е во обврска да склучи нов Договор со здравствената установа.
Промена на прописите Член 38
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор, доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Се што не е предвидено со одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Член 39
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор, како и при промена на Одлуката за утврдување на буџетски плафони на ЈЗУ за 2008 година донесена од страна на Управниот одбор на Фондот, доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Судска надлежност Член 40
За решавање на споровите што ќе настанат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје II од Скопје.
Број на примероци на договорот Член 41
Овој договор е составен во 4 (четири) еднообразни примероци, по два за секоја од договорните страни.
Влегување во сила на Договорот Член 42
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува 01.01.2008 година заклучно со 31.12.2008 година.
Преодна одредби Член 43
Со денот на склучувањето на овој договор престануваат обврските и побарувањата од предходните години помеѓу договорните страни.
Член 44
Овој договор престанува да важи доколку здравствената установа до 30.04.2008 година не достави Решение за вршење на дејност издадено од Министерство за здравство.
Составен дел на договорот се:
- извештај за приходи и трошоците на здравствената установа во последните три години;
- извештај за видот и обемот на извршените здравствени услуги на осигурени лица во последните три години;
- извештај за бројот и структурата на вработените во последните три години;
- извештај за видовите, количините и износите на лековите, медицинските материјали и другите материјали потрошени во претходната година;
- план на приходи и трошоците на здравствената устнова за тековната година;
- план и структурата на вработените за тековната година;
- план за видот и обемот на здравствените услуги за тековната година; план на цели што треба да се постигнат во работењето.
Фонд за здравствено осигурување Здравствена установа на Македонија -----------------------
Заменик на директор, Директор XXXXX XXXXX ---------------------------------