Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА СО ПРИМЕНА НА ОТВОРЕНА ПОСТАПКА
/преку ЕСЈН – со е-аукција/
ЗА НАБАВКА НА УСЛУГИ
Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост
Скопје, јули 2024 година
Врз основа на член 50 и 81 од Законот за јавните набавки („Службен весник на Р. М.“ бр. 24/19), подготвена е:
ТЕНДЕРСКА ДОКУМЕНТАЦИЈА со примена на Отворена постапка за услуга-
Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост
Тендерската документација содржи:
2. ДОСТАПНОСТ, ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
4 ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
6 СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
7.. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
8. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ
10.Прилог 2-ИЗЈАВА ЗА СЕРИОЗНОСТ НА ПОНУДА
11.ПРИЛОГ 3-МОДЕЛ НА ДОГОВОР
Образец на листа на доверливи информации
12. ИЗЈАВА (согласно член 88 став 1 од Законот за јавните набавки
1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ
1.1. Дефиниции
Одредени поими употребени во оваа тендерска документација го имаат следново значење:
-„Договор за јавна набавка“ е договор склучен во писмена форма меѓу еден или повеќе економски оператори и еден или повеќе договорни органи чиј предмет е снабдување стоки, обезбедување услуги или изведување градежни работи;
-„Постапка за јавна набавка“ е постапка што ја спроведуваат еден или повеќе договорни органи, чија цел или дејство е купување или стекнување стоки, услуги или работи;
„Економски оператор“ е секое физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапките за јавни набавки нудат стоки, услуги или работи;
-„Понудувач“ е економски оператор кој поднел понуда;
-„Кандидат“ е економски оператор кој бара да учествува или е поканет да учествува во ограничена постапка, конкурентна постапка со преговарање, постапка со преговарање со објавување оглас, постапка со преговарање без објавување оглас, конкурентен дијалог или во партнерство за иновации;
-„Подизведувач“ е правно или физичко лице кое за понудувачот, со кој договорниот орган склучил договор за јавна набавка или рамковна спогодба, снабдува стоки, обезбедува услуги или изведува работи што се директно поврзани со извршувањето на договорот или рамковната спогодба;
-„Тендерска документација“ е секој документ изработен од страна на договорниот орган или на кој упатува договорниот орган, а со кој се опишуваат или се утврдуваат елементите на одредена набавка или постапка, вклучувајќи го и огласот за јавна набавка, претходното информативно известување или периодичното индикативно известување кое се користи како замена за оглас за јавна набавка, техничките спецификации, описната документација, предложените услови на договорот, обрасците што ги пополнуваат кандидатите или понудувачите, информациите за општоприменливите прописи и сета дополнителна документација;
-„Прифатлива понуда" е понуда поднесена од понудувачот, која ги исполнува условите за утврдување способност, потребите и барањата на договорниот орган наведени во техничките спецификации и останатата тендерска документација, што е навремена, која нема невообичаено ниска цена, а чија конечна цена не ги надминува средствата обезбедени или кои може да се дообезбедат од договорниот орган согласно со овој закон;
-„Несоодветна понуда“ е понуда која не одговара на потребите и барањата на договорниот орган утврдени во тендерската документација без значителни промени;
-„Несоодветна пријава за учество“ е пријава за учество поднесена од кандидат кој треба да се исклучи бидејќи не ги исполнува условите за утврдување способност во постапката;
-Централно тело за набавки“ е договорен орган кој врши централизирани набавни активности и помошни набавни активности;
-„Единствен документ за докажување на способноста“ е документ што го издава Централниот регистар на Република Северна Македонија и што содржи податоци со кои се докажуваат елементи од способноста на економскиот оператор;
-Технички спецификации“ се:
а) во случај на јавна набавка на работи, збир на технички прописи содржани во тендерската документација со кои се дефинирани потребните карактеристики на материјалите, производите или стоките за да одговараат на употребата што му е потребна на договорниот орган; тие карактеристики вклучуваат влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и постапките за обезбедување квалитет, терминологијата, симболите, методите на тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на градбата; тие карактеристики, исто така, вклучуваат правила од проектот и правила за процена на трошоците, услови за тестирање, за инспекција и за прием на изведените работи, градежните методи или техники, како и сите други технички услови што договорниот орган има право да ги пропише во согласност со општите и посебните прописи во врска со градбата и вклучените материјали или деловите и
б) во случај на јавна набавка на стоки или услуги, спецификација со која се дефинираат карактеристиките на производот или услугата, како што се ниво на квалитет, влијание врз животната средина и климатски влијанија, опис на сите услови (вклучувајќи и пристапност за лица со хендикеп) и оценка на сообразноста, ниво на изведба, користење на производот, безбедност или димензии, вклучувајќи ги и релевантните барања за производот во однос на називот под кој се продава, терминологијата, симболите, тестирањата и методите за тестирање, пакувањето, означувањето и етикетирањето, како и инструкции за користење, производствени процеси и методи во секоја фаза од животниот век на стоките или услугите, како и постапки за оценување на сообразноста;
--Електронски систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН)“ е единствен информациски систем достапен на Интернет, кој се користи со цел да се овозможи поголема ефикасност, транспарентност и економичност во областа на јавните набавки;
-Динамичен систем за набавки“ е систем кој се воспоставува како целосно електронски процес отворен во текот на целото времетраење за сите економски оператори што ги исполнуваат критериумите за утврдување способност, а кој се користи за вообичаени набавки кои се општо достапни на пазарот и кои ги исполнуваат потребите на договорниот орган;
-„Еквивалентно“ значи дека понудената стока или услуга има исти или подобри технички карактеристики од оние наведени во техничката спецификација на предметот на набавка;
-„Пазарна цена“ е цената на релевантниот пазар земајќи ги предвид предметот на набавка, развиеноста на пазарот, условите од тендерската документација како што се начинот на плаќање, рокот на испорака, количините, гарантниот рок, средствата за обезбедување и слично;
- „Заеднички поимник за јавни набавки–CPV (во натамошниот текст: ЗПЈН)“ е единствен класификациски систем на номенклатури на стоки, услуги и работи што се
применува во постапките за јавни набавки и кој обезбедува еднообразност со останатите постојни номенклатури за стоки, услуги и работи;
-Одговорно лице кај договорниот орган“ е функционер кој раководи со државен орган, градоначалник на единицата на локалната самоуправа или директор на правно лице;
- „Посебно или ексклузивно право“ е право доделено од надлежен орган врз основа на закон, подзаконски пропис или акт на управата, со кое се ограничува вршењето секторски дејности на еден или повеќе субјекти и кое значително влијае врз можноста други субјекти да вршат такви дејности;
-„Државни органи“ се органите на државната управа и органите на законодавната и судска власт;
- „Електронски каталог“ е организирана описна листа на стоки или услуги што ги нудат економските оператори преку ЕСЈН;
- „Алтернативна понуда“ е понуда со која понудувачот нуди предмет на набавка кој ги задоволува минималните барања, односно стандарди што договорниот орган ги предвидел во тендерската документација, но на поинаков начин, со други технички карактеристики или методи, од оние кои биле утврдени со техничката спецификација.
1.2. Договорен орган
Договорен орган е Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје, со адреса на Xx.Xxxxx Xxxxx 0, xxxxxxx, xxxxx 0, телефон за контакт 02/3231-117, електронска адреса: xxxxx.xxxxxxxxxx@xxxxxxxx.xx, лице за контакт Xxxxx Xxxxxxxxxx.
1.2.1 Предмет на договорот за јавна набавка, вид и количини:
- Предмет на договорот за јавна набавка е набавка на услуга- Тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост
Подетален опис на предметот на набавката: Тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува АД за стопанисување со деловен простор во државна сопственост – Скопје согласно техничка спецификација.
- Листа 1. Земјани, ѕидарски, бетонски и армиранобетонски работи, селење;
- Листа 2 Столарски, паркетарски, стакларски, керамичарски и терацерски, молерофарбарски, изолатерски работи;
- Листа 3 Лимарски, покривачки и браварски работи;
- Листа 4 Водовод, канализација и санитарија;
- Листа 5 Електрика;
- Листа 6 Парногреачки работи;
Вид на договорот за јавна набавка – набавка на услуги-категорија бр.1-услуги за одржување и поправка
1.2.2. Предметот на договорот е делив на два дела и тоа:
Предметот на набавката е делив на два (2) дела и тоа:
Дел 1– ( Скопје, Тетово, Куманово, Струмица, Велес, Штип и Кочани) - 4.900.000,00
денари.
Дел 2 – (Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и Кавадарци) - 3.000.000,00 денари.
Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите Делови од предметот на договорот за јавна набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот Дел.
За секој поединечен Дел од предметот на договорот ќе се спроведе посебна електронска аукција преку Електронскиот систем за јавни набавки (xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx). Предмет на секоја аукција ќе биде вкупната цена вклучувајќи ги сите трошоци и попусти и увозни царини, без ДДВ за секој дел од предметот на договорот за јавна набавка.
Понудувачот во својата понуда недвосмислено треба да наведе за кој Дел се пријавува.
Применливи прописи: Оваа постапка се спроведува во согласност со Законот за јавните набавки („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2019 и бр. 87/2021) и важечките подзаконски акти.
При подготовка на својата понуда, економските оператори треба да ги имаат предвид важечките прописи од областа на даноците и другите јавни давачки, работните односи, работните услови, заштитата при работа, заштита на личните податоци, како и важечките прописи во областа на предметот на јавната набавка. Сите прописи може да се најдат во соодветните изданија на Службен весник на Република Северна Македонија. Дополнителни податоци во однос на важечките прописи од горенаведените области, понудувачот може да добие од Управата за јавни приходи, Царинската управа и Министерството за финансии (за даноците и другите јавни давачки), Министерството за труд и социјална политика (за работните односи, работните услови и заштитата при работа), Дирекцијата за заштита на личните податоци (за заштита на личните податоци).
1.3. Општи мерки за спречување на корупцијата (член 33 од Законот за јавните набавки)
1.3.1 Кај договорниот орган Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост-Скопје ,лицето Шеваљ Цеку- контакт тел 02/0000-000
,електронска адреса xxxxxx.xxxx@xxxxxxxx.xx , е овластено за прием на пријави за заштитено внатрешно и надворешно пријавување од страна на укажувачи,а во врска со корупција во јавните набавки.
1.3.2.Договорниот орган, во постапката за јавна набавка и при извршување на договорот, ќе ги преземе сите потребни мерки со цел навремено откривање на корупцијата и отстранување или намалување на штетните последици од истата.
1.4. Вид на постапка за јавна набавка
Договорот за јавна набавка ќе се додели со примена на отворена постапка
koja ќе заврши со електронска аукција како последна фаза од постапката.
Набавката ќе се спроведе со објавување на оглас.
Оваа постапка ќе се спроведува со користење на електронски средства преку Електронскиот систем за јавни набавки (во натамошниот текст: ЕСЈН), достапен на следнава Интернет адреса: xxxxx://xxx.x-xxxxxxx.xxx.xx и Правилникот за начинот на користење на Електронскиот систем за јавни набавки („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 64/2019).
1.5. Времетраење на договорот: 2 (две ) години.
1.6. Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за јавна набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени со Финансискиот план за работната 2024 година, како и Годишниот план за јавни набавки за тековната 2024 година.
1.7. Посебни начини за доделување на договорот за јавна набавка
Оваа постапка ќе заврши со спроведување на електронска аукција, договорниот орган ќе користи електронска аукција како последна фаза во отворената постапка.
Договорот за јавна набавка ќе се додели со користење електронска аукција со цел добивање нови цени коригирани надолу.
1.7..2 Предмет на електронската аукција ќе биде: само цената кога критериум за избор на најповолна понуда е само најниската цена.
1.7.3 Предмет на електронската аукција е вкупна цена без вклучен ДДВ за секој Дел поединечно, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти, увозни царини доколку ги има, за секој Дел поединечно.
Почетна цена на електронската аукција е најниската цена од прифатливите понуди поднесени во првичната фаза од постапката.
Предмет на електронската аукција е вкупната понудена цена по дел (дел 1 и
дел 2)
Предмет на електронска аукција ќе биде вкупната понудена цена за двата
дела посебно вклучувајќи ги сите трошоци и попусти без ДДВ
Сите понудувачи што поднеле прифатливи понуди, истовремено ќе се поканат, да достават нови цени или нови вредности за делот на понудата кој е предмет на електронска аукција.
Електронската аукција започнува најрано два дена од датумот на кој се испратени поканите за учество на електронската аукција [во кои се наведува датумот и времето на започнување на аукцијата, начинот на спроведување на аукцијата, како и сите потребни информации за поврзување со електронските средства што се користат].
Сите понудувачи во секоја фаза од аукцијата ќе имаат пристап до информациите кои ќе им овозможат во секое време да го утврдат својот ранг.
1.7.5.Доколку е поднесена само една понуда или доколку по првичната евалуација во постапката за јавна набавка остане само една прифатлива понуда,договорниот орган иако предвидел електронска аукција истата нема да ја одржи согласно член 59 став 16 од Законот за јавни набавки(Сл.весник на РМ 24/19)
Напомена: Согласно на ова понудувачите треба да имаат во предвид да доставуваат реални цени во рамките на проценетата вредност, за да имаме од двете страни успешно спроведени и реализирани постапки, во спротивно договорниот орган ќе биде принуден да донесува одлука за понишување на постапката поради цени повисоки од реалните на пазарот.
1.8. Елементи во договорот кои произлегуваат од спроведената аукција:
По завршувањето на електронската аукција и изборот на најповолен понудувач, доколку предметот на набавката се состои од повеќе ставки цената на секоја од поединечните ставки ќе се пресметува со соодветно намалување кое ќе биде еднакво на процентот на намалување на цената на првичната понуда на избраниот најповолен понудувач (пред електронската аукција) и цената на последната понуда (по завршувањето на аукцијата).
Обврска на избраниот најповолен понудувач е да достави конечна понуда со единечни цени и вкупна вредност намалени за определен процент кој произлегува како разлика од првично доставената понуда и најповолната понуда добиена по пат на електронска аукција.
Конечната понуда во електронска форма да биде потпишана со валиден дигитален сертификат на одговорното лице или лице овластено од него.
2. ДОСТАПНОСТ, ПОЈАСНУВАЊЕ, ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ТЕНДЕРСКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
2.1. Достапност на тендерската документација
2.1.1 Тендерската документација е достапна на секој заинтересиран економски оператор преку ЕСЈН во формат кој економските оператори може директно да го користат.
2.2. Појаснување на тендерската документација
Економскиот оператор може да побара појаснување на тендерската документација од Договорниот орган, исклучиво во електронска форма, преку ЕСЈН, со користење на модулот "Прашања и одговори", најмалку 8 (осум) дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
Појаснувањето Договорниот орган ќе го достави преку ЕСЈН, во модулот
„Прашања и одговори“, по што сите економски оператори што презеле тендерска документација ќе добијат автоматско електронско известување дека е даден одговор на поставеното прашање и ќе бидат во можност да го прочитаат појаснувањето, без при тоа да се идентификува економскиот оператор што побарал појаснување.
2.3. Изменување и дополнување на тендерската документација
Договорниот орган може, по свое наоѓање или врз основа на поднесените прашања за објаснување поднесени од страна на економските оператори, да ја измени или да ја дополни тендерската документација, при што во најкус можен рок, но не подоцна од 6 (шест) дена пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите ги прави достапни измените и дополнувањата на ист начин како што ја направил достапна тендерската документација, по што сите економски оператори што ја презеле ќе добијат автоматско електронско известување дека е објавена измена.
Во случај на измена на тендерската документација, Договорниот орган крајниот рок за поднесување на понудите може да го продолжи пропорционално на сложеноста на измената или дополната на тендерската документација во последните 8 (осум) дена пред истекот на рокот за поднесување понуди.
3. ПОДГОТОВКА НА ПОНУДАТА
3.1. Право на учество
3.1.1 Право да достави понуда има секое заинтересирано физичко или правно лице или група такви лица, вклучувајќи ги и сите привремени здружувања, кои на пазарот или во постапката за јавна набавка го нудат предметот на набавка.
3.1.2 Составен дел од групната понуда е договор за поднесување групна понуда со кој членовите во групата економски оператори меѓусебно и кон договорниот орган се обврзуваат за извршување на договорот за јавна набавка. Овој договор потребно е да ги содржи следниве податоци:
-членот на групата кој ќе биде носител на групата, односно кој ќе ја поднесе понудата и ќе ја застапува групата,
-членот на групата кој во име на групата економски оператори ќе го потпише договорот за јавна набавка,
-членот на групата кој ќе ја издаде фактурата и сметка на која ќе се вршат плаќањата,
-краток опис на обврските на секој од членовите на групата економски оператори за извршување на договорот.
3.1.3 Членовите на групата економски оператори одговараат неограничено и солидарно пред договорниот орган за обврските преземени со понудата.
3.1.4 Економскиот оператор кој има една или повеќе негативни референци, групата економски оператори во која членува економски оператор кој има негативна референца нема право на учество во постапката согласно со член 101 став 7 од законот.
3.1.5 Економскиот оператор во рамките на иста постапка за доделување на договор за јавна набавка може да учествува само во една понуда. Сите понуди ќе бидат отфрлени ако економскиот оператор:
- учествува во повеќе од една самостојна и/или како член во групна понуда или
- учествува како подизведувач во друга самостојна и/или како член во групна понуда.
3.1.6 Економскиот оператор може да учествува како подизведувач во повеќе од една понуда.
3.1.7 Лицата кои учествувале во изработка на тендерската документација не смеат да бидат понудувачи или членови во група на понудувачи во постапката за јавна набавка.
3.1.8 За да учествува во постапката, економскиот оператор треба да се регистрира во ЕСЈН и да поседува квалификуван сертификат за електронски потпис согласно прописите за електронски потпис. Економскиот оператор се регистрира во ЕСЈН со пополнување на регистрациска форма која е составен дел од ЕСЈН1, .
Напомена: Во моментот на поднесување на групна понуда сите членови на групата треба да бидат регистрирани на Електронскиот систем за јавни набавки.
3.2. Трошоци за поднесување на понуда
Економскиот оператор ги сноси сите трошоци поврзани со подготовката и со доставувањето на понудата, а договорниот орган не е одговорен за тие трошоци без оглед на водењето и на исходот од постапката за јавна набавка.
3.3. Јазик на понудата
Понудата, документите поврзани со понудата како и целата кореспонденција е на македонски јазик со користење на неговото кирилско писмо. Придружните документи и печатената литература кои се дел од понудата може да бидат на друг јазик, а во текот на евалуација на понудите, комисијата може да бара превод на македонски јазик.
Алтернативна понуда
Договорниот орган не дозволува поднесување алтернативни понуди.
3.4. Цена на понудата
Економскиот оператор во Листите на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
Понудената цена за предметните позиции треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без вклучен и со вклучен ДДВ, а врз основа на приложената Техничка спецификација за секој Дел поединечно. Понудената цена треба да ги вклучува увозните царини доколку ги има.
Економскиот оператор, Спецификациите со цени и Образецот на финансиската понуда треба да ги пополни на обрасците преземени од ЕСЈН и истите
1На почетната страна на ЕСЈН во делот „Економски оператори“ се наоѓа линкот „Регистрирај се“.
електронски да ги потпише и електронски да ги поднесе преку ЕСЈН, во соодветен и лесно читлив формат, заедно со останатата потребна документација, составен дел на понудата.
Напомена: Пополнувањето на сите позиции во Спецификациите со цени за Делот за кој учествува е задолжително, во спротивно понудата која што нема да содржи цени за секоја позиција ќе биде отфрлена како некомплетна.
Економските оператори може да се пријават за сите Делови на набавката или за Дел од неа.
Економските оператори треба во понудата недвосмислено да наведат за кој Дел од предметот на јавната набавка се пријавуваат.
Економскиот оператор понудената цена задолжително ја внесува и во ЕСЈН преку веб образецот „Поднеси понуда/пријава за учество“, панел „Податоци од понудата“, во полето за внесување на цената. Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
Обврска на избраниот најповолен понудувач е да достави конечна понуда со вкупна вредност намалени за определен процент кој произлегува како разлика од првично доставената понуда и најповолната понуда добиена по пат на електронска аукција и тоа по електронски пат до Комисијата за јавни набавки.
Цената на понудата се искажува во денари.
Цената на понудата се пишува со бројки и букви.
3.5. Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари. Македонскиот денар ќе се користи како валута за евалуација на понудите. Курсната листа која ќе се користи е курсната листа на Народната банка на Република Северна Македонија, а курсевите за размена се оние кои важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите.
3.6. Корекција на цени
При реализација на договорот за јавна набавка не се предвидува корекција на цените, односно цените искажани во понудата на најповолниот понудувач ќе бидат фиксни за целото времетраење на договорот за јавна набавка.
3.7. Начин, услови и рок на извршување на услугите:
Економскиот оперaтoр се обврзува веднаш по претходно добиена поединечна нарачка(писмен Налог за работа) доставена и заверена од овластено лице на Договорниот орган да отпочне со извршување на работите предмет на овој Договор.
Во итни случаи Економскиот оператор е должен да почне со извршување на работите предмет на овој Договор веднаш по повик од страна на Договорниот орган.
Економскиот оператор се воведува во работа со доставување на Налогот за работа, односно со записник за воведување во работа.
Договорниот орган е должен на Економскиот оператор при воведувањето во работа да му обезбеди нормални услови за работа.
Економскиот оператор се обврзува да ја изврши услугата предмет на овој Договор во рок утврден во секоја поединечна нарачка(Писмен налог) за работа.
3.8. Начин, рок и услови на плаќање
Договорните страни се согласни дека авансно плаќање е неприфатлив начин на плаќање.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган.
Прилог на фактурата е градежна книга за извршени услуги и испратница за замена на резервни делови, уредно потпишани и заверени од страна на овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Економскиот оператор.
3.9. Авансно плаќање
За извршување на договорот за јавна набавка не е дозволено авансно
плаќање.
3.10. Период на важност на понудата
Периодот на важност на понудата ќе изнесува 120 (сто дваесет) дена од денот утврден како краен рок за поднесување на понудите, за чие времетраење понудата во сите нејзини елементи е обврзувачка за понудувачот. Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во оваа точка од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Договорниот орган може, во исклучителни случаи кои не настанале по негова вина, да побара од понудувачите продолжување на периодот на важност на понудите.
4. СРЕДСТВА ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
4.1. Изјава за сериозност на понуда
Во прилог на понудата, понудувачот задолжително доставува потпишана Изјава за сериозност на понудата согласно член 101 од Законот за јавните набавки, при што треба да го користи образецот на изјава даден во прилог на тендерската документација.
Изјавата за сериозност на понудата се доставува заедно со понудата и истата ќе биде активирана доколку понудувачот:
• ја повлече својата понуда пред истекот на периодот на нејзината важност,
• не ја прифати исправката на аритметичките грешки од страна на комисијата,
• не го потпише договорот за јавна набавка согласно со условите од тендерската документација и доставената понуда, или
• не ја обезбеди гаранцијата за квалитетно извршување на договорот.
Со Изјавата за сериозност на понудата, понудувачот изјавува дека нема да ги преземе наведените дејствија. Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно со став 7 од член 101 од Законот за јавните набавки.
Доколку дојде до прекршување на дадената изјава за сериозност на понудата, истото ќе резултира со издавање негативна референца против таквиот понудувач на начин и согласно условите утврдени во Законот за јавните набавки.
Изјавата ја потпишува лицето што ја потпишува и понудата. Доколку лицето што ја потпишува изјавата се разликува од лицето што ја потпишува понудата, во прилог се доставува и овластување за потпишување на изјавата.
Негативната референца договорниот орган ја објавува во рок од три работни дена од денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапка.
Доколку понудувачот ја прекрши дадената изјава, Договорниот орган го исклучува од натамошната постапка и постапува согласно член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
За ситуациите од алинеите 1 и 2 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца се содржи во извештајот за спроведена постапка.
За ситуациите од алинеите 3 и 4 од поточка 4.1.2, предлогот за издавање негативна референца до одговорното лице на договорниот орган го поднесува лицето или организацискиот облик за јавни набавки.
4.2. Гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот
Избраниот најповолен понудувач е должен во рок од 5 (пет) дена од потпишување и заверка на договорот, да му достави на Договорниот орган банкарска гаранција во висина од 5 (пет) % од вкупната вредност на договорот со вклучен ДДВ за целосно, квалитетно, совесно и навремено извршување на услугите кои што претставуваат предмет на договорите за јавна набавка.
Гаранцијата од точка 4.2.1 се доставува во вид на банкарска гаранција во писмена форма. Гаранцијата треба да биде поднесена во оригинална форма. Копии не се прифаќаат.
Гаранцијата ќе биде со важност до целосно реализирање на договорот.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот треба да биде издадена од банка.
Банкарската гаранција за квалитетно и навремено извршување на договорот ќе биде во валутата на која гласи договорот.
Гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот му се враќа на носителот на набавката во рок од 14 дена од денот на целосното реализирање на договорот за јавна набавка.
Во случај кога е продолжен рокот за реализација на договорот или е зголемена неговата вредност, носителот на набавката соодветно треба да ја продолжи важноста и вредноста на гаранцијата за квалитетно и навремено извршување на договорот.
5. ПОДНЕСУВАЊЕ И ОТВОРАЊЕ НА ПОНУДИТЕ
5.1. Поднесување на понудите
Понудата се изготвува во согласност со условите предвидени во тендерската документација во електронска форма, со користење на обрасците дадени во прилог.
Понудувачот е одговорен пред Договорниот орган за извршување на договорот за јавна набавка, без оглед на бројот на подизведувачите.
Понудата е обврзувачка за целиот период на важност што го утврдил договорниот орган.
Понудувачот ја доставува понудата со цена во која се засметани сите трошоци и попусти на вкупната цена на понудата, без вклучен ДДВ кој се искажува посебно, во валута утврдена во тендерската документација (доколку цената на понудата се искажува во валута различна од денарот курсната листа што ќе се користи за евалуација е онаа на Народната банка на Република Северна Македонија, а курсевите за размена се оние што важеле 14 дена пред крајниот рок за поднесување на понудите).
Цената на понудата се изразува за вкупниот предмет на набавка, за секој Дел поединечно, во зависност од тоа за кој Дел економскиот оператор учествува.
Понудувачот може да ја измени, замени или да ја повлече својата понуда пред истекот на крајниот рок за поднесување на понудите.
Понудата се поднесува во електронска форма преку ЕСЈН и истата треба да биде електронски потпишана со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис од одговорното лице на економскиот оператор или лице овластено од него. Сертификатот треба да биде со важност најмалку до моментот на јавното отворање односно крајниот рок за поднесување на понудите.
4.1.7 Доколку понудата ја потпишува лице овластено од одговорното лице, во прилог се доставува и овластување за потпишување на понудата потпишано од одговорното лице.
Напомена: Подетални информации за начинот на дигитално потпишување се содржани во прирачникот “Општи и технички препораки за користење на ЕСЈН за економски оператори и договорни органи“ објавен на почетната страна на ЕСЈН во делот "Документи".
Економските оператори можат во хартиена форма да ја поднесат документација во нестандарден формат и големина пред крајниот рок за поднесување на понудите, доколку истите се преобемни за скенирање и прикачување на ЕСЈН. Оваа документација се доставува во запечатен внатрешен плик на кој се наведува полниот назив
и адреса на економскиот оператор. Така запечатениот внатрешен плик се затвора во надворешен плик кој:
е адресиран со точна адреса на договорниот орган;
содржи информација за бројот на огласот за доделување на договор за јавна набавка и датумот на кој е објавен;
во горниот лев агол стои предупредување „Не отвoрај“, за да не се отвора пред времето и датумот за отворање на понудата.
Понудите кои содржат покус период на важност од тој утврден во точка 3.10.„Период на важност на понудата“ од тендерската документација ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
5.2. Подизведување (член 118 од Законот за јавните набавки)
Понудувачот може дел од договорот за јавна набавка да додели на
подизведувач.
Доколку понудувачот користи подизведувач при извршувањето на договорот
за јавна набавка, во понудата:
- ги наведува сите подизведувачи, како и секој дел од договорот за кој има намера да го додели на подизведувачи;
- доставува контакт податоци за законските застапници на предложените подизведувачи;
- доставува документација за утврдување способност на предложените подизведувачи и
- доставува барање од подизведувачот за директно плаќање, доколку подизведувачот го бара тоа.
Директното плаќање на подизведувачот е задолжително за договорниот орган и за носителот на набавката доколку подизведувачот побарал директно плаќање согласно со условите од овој закон, при што:
- подизведувачот приложува согласност врз основа на која обврските на носителот на набавката ќе ги покрие договорниот орган,
- носителот на набавката, во прилог на неговата фактура или времена ситуација, ги приложува фактурите или времените ситуации на подизведувачот кои претходно ги одобрил.
Доколку не е предвидено директно плаќање на подизведувачите, договорниот орган бара од носителот на набавката да му достави писмена изјава од подизведувачот, дека подизведувачот е исплатен за набавените стоки, обезбедените услуги или изведените работи, во рок од 60 (шеесет) дена од денот на исплаќање на фактурата од страна на договорниот орган на носителот на набавката.
5.3.11. Доколку за извршување на договорот за јавна набавка (или одделен негов дел) е потребно поседување на посебни образовни и професионални квалификации на давателите на услуги или на изведувачите на работи, а економскиот оператор не ги поседува, во тој случај го наведува делот од јавната набавка кој има намера го отстапи на подизведувач и за подизведувачот ја доставува потребната документација согласно со член 118 став 2 од Законот за јавните набавки.
5.3. Краен рок за поднесување на понудите
Краен рок за доставување на понудите е 15.08.2024 година, до 12:00 часот.
Понудите се поднесуваат преку ЕСЈН на следнава веб адреса: https://www.e-nabavki.gov.mk.
По истекот на крајниот рок за поднесување на понудите истите нема да може да се поднесат преку ЕСЈН. Понудата која е поднесена по истекот на крајниот рок за поднесување на понудите нема да биде примена во ЕСЈН, односно ќе биде автоматски отфрлена за што и договорниот орган и економскиот оператор ќе бидат известени и истата нема да се прикаже при јавното отворање на понудите.
5.4. Начин на комуникација
Секое барање, информација, известување и други документи во постапката се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk). Секој документ се евидентира во моментот на испраќање, односно во моментот на примање.
Понудата и придружната документација се испраќаат во електронска форма преку ЕСЈН освен во случаите од точка 5.2.9.
Начинот на поднесување на понудата е утврден во точка 5.1.
5.5. Алтернативни понуди
Во оваа постапка за доделување на договор за јавна набавка не се дозволени алтернативни понуди.
5.6. Елементи на понудата
Понудата задолжително треба да е составена од следниве елементи:
⮚ Пополнет Образец на понуда,(Прилог 1)
⮚ Пополнети Спецификации со цени за Делот за кој економскиот оператор учествува
⮚ Изјава за сериозност на понудата (прилог 2), се пополнува во зависност од делот за кој се конкурира и за секој дел посебно)
⮚ Електронски потпишан модел на договор (прилог 3)
⮚ Документација со која се докажува дека не постојат причини за исклучување од постапката, согласно член 88 од Законот за јавните набавки,
⮚ Документи за докажување на способноста за вршење на професионална дејност (се однесува на двата дела од целиот предмет на јавната набавка.
⮚ Документи за утврдување на техничката и професионалната способност (се однесува на двата дела од целиот предмет на јавната набавка),
⮚ Изјава за неизречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривични дела утврдени во Кривичниот законик (член 88 став 1 од Законот за јавните набавки)
⮚ Образец на листа на доверливи информации (ако ги има)
⮚ Понудата задолжително да биде комплетна и со сите елементи од точка 5.6
⮚ Сите понуди кои не се комплетни ќе бидат отфрлени како неприфатливи.
Образецот на понудата со целосно пополнета Спецификација со цени за Делот за кој економскиот оператор учествува и Изјавата за сериозност на понудата се доставуваат до крајниот рок за поднесување на понуди и истите не можат дополнително да се достават.
Економскиот оператор задолжително треба да ги користи обрасците дадени во оваа тендерска документација при што тие мора да се пополнети без никакви измени на нивната форма, на начин кој што ќе биде соодветен и читлив за Комисијата за јавни набавки. Во спротивно понудата ќе биде отфрлена како неприфатлива од страна на Комисијата за јавни набавки.
5.7. Отворање на понудите
Отворањето на понудите е јавно и ќе се изврши на ден 15.08.2024 година во 12:00 часот, утврдени како краен рок за поднесување на понудите на следнава локација: ул. „Стале Попов„ бр. 9 мезанин,локал бр.5 , Скопје.
Понудувачот може да има свој овластен претставник на јавното отворање на понудите, при што овластениот преставник треба на комисијата да ѝ предаде писмено овластување од понудувачот, доколку сака да даде забелешки на постапката на јавно отворање. Сите овластени претставници на понудувачот, присутни на јавното отворање, треба да потпишат евидентен лист.
Комисијата за јавни набавки ќе пристапи кон отворање на понудите доколку е пристигната и само една понуда. Во таков случај нема да се спроведе електронска аукција. Условот за спроведување на електронска аукција е во постапката да се пристигнати најмалку две прифатливи понуди.
6. УТВРДУВАЊЕ СПОСОБНОСТ
6.1. Услови за утврдување способност (Член 87 од Законот за јавните набавки)
При утврдување на способноста на економските оператори согласно член 87 од Законот за јавните набавки, договорниот орган утврдува:
− дали постојат причини за исклучување од постапката,
− дали се исполнети условите за квалитативен избор утврдени во членовите 89, 90, и 92 од Законот за јавните набавки,
6.2. Причини за исклучување од постапката (член 88 од Законот за јавните набавки)
Договорниот орган согласно член 88 од Законот за јавните набавки го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот оператор доколку утврди дека на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години му е изречена правосилна судска пресуда
за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
− учество во злосторничко здружување,
− корупција,
− затајување даноци и придонеси,
− тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
− перење пари и финансирање тероризам и
− злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
Договорниот орган го исклучува од постапката за јавна набавка економскиот
оператор:
а) кој има неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки, освен ако му е одобрено одложено плаќање на даноците, придонесите или другите јавни давачки во согласност со посебните прописи и истите редовно ги плаќа;
б) кој е во постапка на стечај или во постапка на ликвидација;
в) на кој му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
г) на кој му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
д) на кој му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност или
ѓ) кој дава лажни податоци или не ги доставува податоците што ги бара договорниот орган.
Договорниот орган го исклучува економскиот оператор од постапката за јавна набавка доколку до крајниот рок за поднесување на понудите или пријавите за учество е на листата на издадени негативни референци од членот 101 став 13 од Законот за јавните набавки.
Договорниот орган ќе го исклучи економскиот оператор од постапката за
јавна набавка:
a) доколку договорниот орган оправдано заклучи дека економскиот оператор со други економски оператори постигнал договор чија цел или последица е нарушување на конкуренцијата. Се смета дека заклучокот на договорниот орган од оваа точка е оправдан доколку Комисијата за заштита на конкуренцијата, врз основа на пријава на договорниот орган, во рок од 15 дена го извести договорниот орган дека ќе поведе прекршочна постапка;
б) доколку економскиот оператор покажал значителни или постојани недостатоци во исполнувањето клучни обврски во претходни договори за јавни набавки или претходни договори за концесии и јавно приватни партнерства склучени со тој договорен орган, што резултирало со еднострано раскинување на договорот, наплата на банкарска гаранција за навремено и квалитетно извршување на договорот, барање оштета, барање наплата пенали/договорна казна, или преземање други слични санкции од страна на договорниот орган;
в) доколку економскиот оператор незаконски влијае врз одлуката на договорниот орган или да добие доверливи информации со кои би можел да стекне незаконска предност во постапката за јавна набавка.
6.3. Докажување на способноста за неисклучување од постапката (Член 95 од Законот за јавните набавки)
6.3.1 За докажување дека не постојат причини за исклучување од постапката од точка 6.2 од оваа тендерска документација, односно членот 88 од Законот за јавните набавки, економскиот оператор ги доставува следниве документи:
⮚ изјава на економскиот оператор дека во последните 5 години на економскиот оператор или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган на тој економски оператор или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните пет години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривичните дела учество во злосторничко здружување, корупција, затајување даноци и придонеси, тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности, перење пари и финансирање тероризам и злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе, утврдени во Кривичниот законик;
⮚ потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки од надлежен орган од земјата каде економскиот оператор е регистриран;
⮚ потврда дека не е отворена постапка за стечај од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
⮚ потврда дека не е отворена постапка за ликвидација од надлежен орган или единствен документ за докажување на способноста;
⮚ потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно-приватно партнерство или единствен документ за докажување на способноста;
⮚ потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна привремена забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
⮚ потврда од Регистарот на казни за сторени кривични дела на правните лица дека не му е изречена споредна казна трајна забрана за вршење на одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста;
⮚ потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција– забрана за вршење на професија, дејност или должност или единствен документ за докажување на способноста и
⮚ потврда дека со правосилна пресуда не му е изречена прекршочна санкција - привремена забрана за вршење одделна дејност или единствен документ за докажување на способноста.
Изјавата од алинеја 1 од точка 6.3.1 ја изготвува/пополнува самиот економски оператор во електронска форма и ја потпишува со квалификуван сертификат за електронски потпис и истата не треба да биде заверена од надлежен орган.
Потврдите од потточка 6.3.1 ги издаваат надлежни органи во земјата каде е регистриран економскиот оператор. Ако земјата во која е регистриран економскиот оператор не ги издава овие документи или ако не ги опфаќаат сите гореанведени случаи,економскиот оператор може да достави изјава заверена кај надлежен орган.
Документите за докажување на способност од точките 6.3 (член 88 ставови 1 и 2 од Законот за јавните набавки) не смее да бидат постари од 6 (шест) месеци сметано од крајниот рок за поднесување на понудите наназад.
Во случај на група економски оператори, сите членови на групата ја докажуваат способноста за неисклучување од постапката.
Доколку економскиот оператор или групата економски оператори користи подизведувач при извршувањето на договорот за јавна набавка, доставува документација за утврдување способност за неисклучување од постапката, за секој од предложените подизведувачи.
Напомена: Договорниот орган задржува право, дополнително да ја провери веродостојноста на доставените документи.
6.4. Услови за квалитативен избор на економските оператори се: а) СПОСОБНОСТ ЗА ВРШЕЊЕ ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЈНОСТ б) ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ
СПОСОБНОСТ ЗА ВРШЕЊЕ НА ПРОФЕСИОНАЛНА ДЕЈНОСТ (член 90 од
Законот за јавните набавки)–се однесува на двата дела од целиот предмет на јавната набавка.
- Право на учество во постапката има секој економски оператор кој е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на набавката или припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран.
- За да ја докаже способноста за вршење професионална дејност, економскиот оператор треба да достави.
⮚ Документ за регистрирана дејност–Образец ДРД како доказ дека е регистриран како физичко или правно лице за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за јавна набавка или доказ дека припаѓа на соодветно професионално здружение согласно со прописите на земјата каде што е регистриран. Во Република Северна Македонија надлежен орган за издавање на овој документ е Централниот регистар на Република Северна Македонија.
Напомена: Во случај на група економски оператори, сите членови на групата поединечно ја докажуваат способноста за вршење на професионална дејност.
Економскиот оператор во постапката за јавна набавка, заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на способност за вршење професионална дејност НЕ МОЖЕ да ја користи способноста на други субјекти.
6.5. ТЕХНИЧКА И ПРОФЕСИОНАЛНА СПОСОБНОСТ (Член 92 од Законот за јавните набавки)–се однесува на двата дела од целиот предмет на јавната набавка
За да се квалификува како способен за извршување на предметниот договор за јавна набавка од аспект на неговата техничка или професионална способност, економскиот оператор треба да ги исполнува следниве минимални услови:
-Минимум 3(три) договори од ист вид како предметот на набавката склучени во последните три години.
За да ја докажат техничката и професионалната способност економските оперататори треба да достават:
-Економските оператори треба да достават Минимум 3(три) договори од ист вид како предметот на набавката склучени во последните три години.
-Економските оператори треба да достават Листа на главни испораки на извршени услуги извршени во последните три години, со вредности, датуми,купувачи , со обезбедување потврда за извршени услуги.
Документите од потточка 6.5.1 кои ги изготвува економскиот оператор потребно е да бидат потпишани електронски со валиден дигитален сертификат, додека пак останатите документи издадени од трети лица, потребно е да се скенираат и истите нема потреба да се потпишуваат со дигитален сертификат бидејќи не се составени од економскиот оператор.
6.6. Користење способност од други субјекти (согласно член 96 од Законот за јавните набавки)
Во постапката за јавна набавка, економскиот оператор може заради исполнување на условите за квалитативен избор во делот на техничката или професионалната способност да ја користи способноста на други субјекти .
Економскиот оператор може во постапката за јавна набавка да ја користи способноста на друг субјект за докажување на исполнетоста на условите за квалитативен избор во врска со образовните и стручните квалификации или релевантно стручно искуство само доколку другиот субјект ќе ги изведува работите или ќе ги обезбедува услугите за кои се бара таквата способност.
Доколку за извршување на договорот за јавна набавка (или одделен негов дел) е потребно поседување на посебни образовни и професионални квалификации на давателите на услуги или на изведувачите на работи, а економскиот оператор не ги поседува, во тој случај го наведува делот од јавната набавка кој има намера го отстапи на подизведувач, и за подизведувачот ја доставува потребната документација согласно со член 118 став 2 од Законот за јавните набавки.
Ако економскиот оператор користи способност на друг субјект, тој е должен да ја докаже поддршката со валиден доказ дека тој субјект ќе му ги стави на располагање соодветните ресурси.
Договорниот орган проверува дали субјектот чија способност ја користи економскиот оператор ги исполнува потребните услови за квалитативен избор и дали постојат причини за негово исклучување, што значи дека економскиот оператор треба да
достави документација дали постојат причини за исклучување од постапката, дали се исполнети условите за квалитативен избор утврдени во членовите 89, 90, и 92 од Законот за јавните набавки.
Притоа, договорниот орган во конкретната постапка за субјектот чија способност ја користи економскиот оператор, од аспект на потребните услови за квалитативен избор ја проверува исполнетоста на условите во делот на способноста која е релевантна, односно која економскиот оператор ќе ја користи од него.
Ако групата на економски оператори настапува со техничка или професионална поддршка од трет субјект или трети субјекти, техничката и професионалната способност се утврдуваат согласно член 96 став 1, 2, 3, 4 од Законот за јавните набавки.
7. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛНА ПОНУДА
Договорниот орган како критериум за избор на најповолна понуда ќе ја користи економски најповолната понуда врз основа на:
- цената
За најповолна понуда ќе биде избрана понудата која има најниска понудена цена.
8. ЕВАЛУАЦИЈА НА ПОНУДИТЕ
Кај отворената постапка, комисијата, најпрво ја проверува комплетноста и валидноста на способноста за вршење на професионална дејност на понудувачот. Истовремено, согласно со член 101 став 13 од законот, на ЕСЈН ја проверува листата на издадени негативни референци.
При проверката на комплетноста и валидноста на документацијата за утврдување на способноста на понудувачот и при евалуација на понудата, комисијата може да побара понудувачите да ги појаснат или дополнат документите, доколку не станува збор за значителни отстапувања од бараната документација, внимавајќи со бараното појаснување или дополнување да не создава предност во корист на одреден економски оператор.
Бараното објаснување понудувачот го доставува преку ЕСЈН во рок кој го определила комисијата.
Комисијата не смее да бара, ниту да дозволува никакви промени во финансиската и техничката понуда, освен исправката на аритметички грешки.
Комисијата во примерен рок може да побара од понудувачот, а со цел за објаснување на понудата, превод на делот од понудата кој е во врска со техничката документација за кој во тендерската документација дозволил истата да биде изработена на странски јазик.
Договорниот орган ќе побара од економскиот оператор, во рок не пократок од 5 (пет) дена, да ја објасни цената или трошокот наведен во понудата, доколку смета дека понудата содржи невообичаено ниска цена во однос на услугите што се предмет на набавка или доколку постои сомнеж дека договорот ќе биде извршен.
Договорниот орган, ќе побара објаснување на цената доколку вредноста на понудата е за повеќе од 50% пониска од просечната цена на прифатливите понуди и е за повеќе од 20% пониска од следната рангирана понуда, во случај да има добиено најмалку три прифатливи понуди.
Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со критериумите наведени во тендерската документација.
По извршената евалуација, комисијата ќе пристапи кон рангирање на понудите и изготвување предлог за избор на најповолна понуда.
8.1. Заштита на податоци (член 30 од Законот за јавните набавки)
Договорниот орган нема да открива информации доставени од страна на економскиот оператор кои се означени како тајна или утврдени како класифицирана информација.
Економскиот оператор може, врз основа на закон, друг пропис или општ правен акт да означи одредени податоци за деловна тајна или за класифицирани, вклучувајќи ги техничките или трговските тајни содржани во понудата или пријавата за учество, под услов да го наведе правниот основ врз основа на кој истите се означени за тајни или за класифицирани.
Економскиот оператор не смее да ги означи за деловна тајна или за класифицирана информација: цената на понудата, трошоците на животниот век, спецификациите на понудените стоки, услуги или работи, количините, податоците во врска со критериумите за избор на најповолна понуда, јавните исправи, извадоците од јавни регистри и другите податоци кои согласно со посебните прописи мора јавно да се објавуваат или не смее да се означат како деловни тајни или како класифицирани информации.
8.2. Исправка на аритметички грешки
Ако понудата е прифатлива и е составена и доставена во согласност со тендерската документација, доколку комисијата утврди дека постојат аритметички грешки, исправка се врши на следниот начин:
− каде што има неусогласености на износот изразен во зборови и броеви, преовладува износот изразен во зборови, освен ако износот е поврзан со аритметичка грешка;
− доколку има неусогласености помеѓу единечната цена и вкупната цена, а вкупната цена е резултат на множење на единечната цена и количината, во тој случај преовладува единечната цена, а вкупната цена ќе се коригира, освен ако не постои очигледно поместување на децималната запирка во единечната цена, при што во таков случај важи наведената вкупна цена, а единечната цена ќе се коригира;
− доколку има грешка во вкупниот износ што соодветствува на додавањето или одземањето на меѓувредностите, преовладува меѓувредноста, а вкупниот износ ќе се коригира;
− во случај на несовпаѓање помеѓу цената внесена на Електронскиот систем за јавни набавки и цената внесена во Образецот на понудата, за валидна се смета цената внесена во Образецот на понуда и ќе се измени цената внесена во Електронскиот систем за јавни набавки.
8.3. Поништување на постапката (член 114 од Законот за јавните набавки)
Договорниот орган може да ја поништи постапката за јавна набавка, за што носи одлука за поништување на постапката ако:
- бројот на кандидати е понизок од минималниот број предвиден за постапките за јавна набавка согласно со овој закон,
- не е поднесена ниту една понуда или ниту една прифатлива понуда,
- настанале непредвидени промени во буџетот на договорниот орган,
- понудувачите понудиле цени и услови за извршување на договорот за јавна набавка кои се понеповолни од реалните на пазарот,
- оцени дека тендерската документација содржи битни пропусти или недостатоци,
- добие инструкции од Бирото да ја поништи постапката во управна контрола или поради технички проблем на ЕСЈН кој не може да се надмине на поинаков начин, или
- поради непредвидени и објективни околности се промениле потребите на договорниот орган.
Договорниот орган ги известува сите учесници во постапката за јавна набавка преку ЕСЈН, најдоцна во рок од три дена од денот на поништувањето, во врска со престанокот на обврските на учесниците што произлегуваат од поднесувањето на понудите и за причините за поништување на постапката.
9. СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
9.1. Доделување на договорот за јавна набавка
Договорниот орган ќе донесе Одлука за избор или за поништување на постапката во рок кој не е подолг од рокот за поднесување на понудите, сметајќи од денот определен како краен рок за поднесување на понудите, а не сметајќи ги деновите во кои Договорниот орган чека преземање одредено дејствие од друг субјект.
Договорниот орган го склучува договорот за јавна набавка со понудувачот чија понуда е избрана за најповолна врз основа на техничката и на финансиската понуда во рок од 30 (триесет) дена од денот на конечноста на одлуката за избор, но не подоцна од периодот на важност на понудата.
Доколку две или повеќе понуди имаат иста цена,за најповолен понудувач ќе биде избран оној кој прв ја поднел понудата.
Ако избраниот понудувач се откаже од склучување на договорот или дојде до раскинување заради негово ненавремено или неквалитетно извршување, договорниот орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач, ако цената не е повисока од 5 % во однос на првично избраната понуда.
9.2. Известување за доделување на договорот за јавна набавка
Договорниот орган ќе ги извести понудувачите за одлуките во врска со утврдената способност, извршениот избор на најповолна понуда, склучувањето на
рамковната спогодба или поништувањето на постапката за јавна набавка. Известувањето се доставува во рок од 3 (три) дена од денот на донесувањето на соодветната одлука.
Во прилог на известувањето ќе се достави и примерок од соодветната одлука, а истото ќе се испрати преку ЕСЈН.
По доставување на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување на постапката, а до истекот на рокот за вложување жалба, економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во целокупната документација од постапката, вклучувајќи ги доставените понуди или пријави за учество, освен оние документи што се означени како деловна тајна.
9.3. Склучување на договорот
Договорните страни го склучуваат договорот за јавна набавка во писмена форма во рамки на рокот на важност на најповолната понуда, но не подоцна од 30 (триесет) дена од денот на конечноста на одлуката за избор.
Договорот за јавна набавка се склучува согласно со условите утврдени во тендерската документација и понудата.
9.3.3Договорниот орган ќе го достави договорот за јавна набавка до избраниот најповолен понудувач во 7 (седум ) примероци на потпишување, откако истиот ќе го потпише овластеното лице на договорниот орган.
9.3.4Избраниот најповолен понудувач има обврска да го потпише договорот за јавна набавка и да му го врати на договорниот орган во рок од 5 (пет) работни дена од денот на добивање.
9.3.5 Доколку избраниот најповолен понудувач не го потпише договорот во рокот утврден во точка 9.3.4 од тендерската документација, договорниот орган го задржува правото да смета дека избраниот најповолен понудувач се откажал од склучување на договорот и ќе објави негативна референца.
9.4. Извршување на договорот
Договорните страни го извршуваат договорот за јавна набавка согласно со условите утврдени во тендерската документација и избраната најповолна понуда.
Договорниот орган ќе врши контрола дали извршувањето на договорот за јавна набавка е во согласност со условите од договорот.
При извршувањето на договорот договорните страни покрај одредбите од Законот за јавните набавки, соодветно ќе ги применат одредбите од законот што ги уредува облигационите односи и материјалните прописи од областа на предметот на набавката.
9.5. Измени на договорот за јавна набавка во текот на неговата важност
Напомена: Доколку во текот на реализацијата на договорот евентуално дојде до негово менување истото ќе се врши согласно со член 119 од Законот за јавните набавки.
10. ПРАВО НА ЖАЛБА И ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ЈАВНА НАБАВКА
10.1. Право на жалба (член 138 од Законот за јавните набавки)
Секој економски оператор кој има правен интерес за добивање на договорот за јавна набавка и кој претрпел или би можел да претрпи штета од евентуално прекршување на одредбите од Законот за јавните набавки, може да бара правна заштита против одлуките, дејствијата и пропуштањата за преземање дејствија од страна на договорниот орган во постапката за доделување на договор за јавна набавка, во согласност со условите и постапката предвидени со Законот за јавните набавки.
Жалбата се изјавува до Државната комисија во електронска форма, а се доставува истовремено до Државната комисија и договорниот орган преку ЕСЈН.
Согласно член 143 од Законот за јавните набавки кај отворената постапка, жалба се изјавува во рок од 10 (десет) дена, од денот на:
објавување на огласот за јавна набавка, во однос на содржината на огласот или тендерската документација;
објавување на известувањето за измени и дополнителни информации, во однос на содржината на измените и дополнителните информации;
отворање на понудите, во однос на пропуштањето на договорниот орган соодветно да одговори на навремените прашања или барања за појаснување или измени на тендерската документација или
прием на одлуката за избор на најповолна понуда или за поништување, во однос на постапката на евалуација и избор на најповолна понуда, или за причините за поништување на постапката.
Жалителот кој пропуштил да изјави жалба, нема право на жалба во подоцнежната фаза на постапката за истиот правен основ.
11. ЗАВРШУВАЊЕ НА ПОСТАПКАТА ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Постапката за доделување на договор за јавна набавка завршува на денот на конечноста на одлуката за избор или за поништување на постапката.
12. ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА ЈАВНА НАБАВКА
Прилог 3-Модел на договор
Модел на Договор за набавка на услуга-
Тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна
сопственост - Скопје
Склучен помеѓу :
ДОГОВОРНИ СТРАНИ
1. Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, со седиште на ул.Стале Попов бр.9 мезанин локал бр.5 Скопје, ЕМБС 6701213 ЕДБ 4080011521604 застапувано од Генерален директор Шеваљ Цеку (во натамошен текст: Договорен орган) и
2. , со седиште на ул,, ,, , ЕМБС
, ЕДБ застапувано од (во понатамошниот текст: Економски оператор)
Член 1
Со овој Договор се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорните страни во врска со тековно и инвестиционо одржување на објекти со кои стопанисува Акционерско друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост - Скопје, по спроведена постапка за доделување на договор за јавна набавка со отворена постапка со користење на електронска аукција бр. ,согласно Одлуката за јавна набавка бр.05-1796/3 од 24.06.2024 година, Одлука за измена бр.05-1796/5 од 12.07.2024 година,Одлуката за избор на најповолна понуда бр. од година.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Предмет на овој Договор е тековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува Акционерското друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост , за Дел 1- (Скопје, Тетово, Куманово, Струмица, Велес,
Штип, и Кочани ) и за Дел 2- (Кичево, Прилеп,Битола,Охрид и Кавадарци)
,согласно описот по позиции дадени во техничката спецификација- листите од бр.1 до бр.6 за Дел од тендерската документација и тоа за:
- Листа 1 - земјани, ѕидарски, бетонски и армирано бетонски работи селење;
- Листа 2- столарски, паркетарски, стакларски, керамичарски и терацерски, молерофарбарски, изолатерски работи;
- Листа 3 – лимарски, покривачки и браварски работи;
- Листа 4 – водовод, канализација и санитарија;
- Листа 5 – електрика;
- Листа 6 – парногреачки работи;
* Напомена: /Заради делливоста на набавката, во Договорот
деловите ќе бидат наведени согласно Одлуката за избор на најповолна понуда и одредбите на Договорот ќе се прецизираат согласно Одлуката за избор на најповолна понуда,за конкретниот дел.
ВРЕДНОСТ НА ДОГОВОРОТ
Член 3
Вкупната вредност на овој Договор ќе се утврди врз основа на стварно изведените позиции и количини, внесени и оверени во градежна книга, со единечни цени утврдени во листите од бр.1 до бр.6 од Спецификацијата за Дел , составен дел на овој Договор, во кои е утврден описот на услугата по позиции и единечните цени за секоја позиција, но не повеќе од денари без ДДВ согласно Одлуката за јавна набавка бр. 05-1796/3 од 24.06.2024, Одлука за измена бр.05-1796/5 од 12.07.2024 година, или денари со вклучен ДДВ.
Единечните цени по позиции утврдени во Спецификацијата за Дел (согласно електронската аукција), се цени во кои се вкалкулирани трошоци за работа, работна рака, вграден материјал, манипулативни трошоци, транспортни трошоци и сите други трошоци, ДДВ и други јавни давачки согласно законските прописи.
Договорените единечни цени по позиции утврдени во Листите, не може да се менуваат до истекот на важноста на Договорот.
НАЧИН, УСЛОВИ И РОКОВИ НА ПЛАЌАЊЕ
Член 4
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши вирмански.
Договорниот орган се обврзува плаќањето на Економскиот оператор да го врши во рок од 30 дена од денот на приемот на фактурата во Архивата на Договорниот орган.
Прилог на фактурата е градежна книга за извршени услуги и испратница за замена на резервни делови, уредно потпишани и заверени од страна на овластеното лице на Договорниот орган и овластеното лице на Економскиот оператор.
НАЧИН И РОК НА ИЗВРШУВАЊЕ НА УСЛУГИТЕ
Член 5
Економскиот оперaтoр се обврзува веднаш по претходно добиена поединечна нарачка(писмен Налог за работа) доставена и заверена од овластено лице на Договорниот орган да отпочне со извршување на работите предмет на овој Договор.
Во итни случаи Економскиот оператор е должен да почне со извршување на работите предмет на овој Договор веднаш по повик од страна на Договорниот орган.
Економскиот оператор се воведува во работа со доставување на Налогот за работа, односно со записник за воведување во работа.
Договорниот орган е должен на Економскиот оператор при воведувањето во работа да му обезбеди нормални услови за работа.
Економскиот оператор се обврзува да ја изврши услугата предмет на овој Договор во рок утврден во секоја поединечна нарачка( ПисменНалог) за работа).
Во случај на доцнење со извршување на услугата предмет на овој Договор, од страна на Економскиот оператор, Договорниот орган има право на надомест на штета и договорна казна-пенали.
Договорната казна-пенали се определува во висина од 2% од вредноста на неизвршената услуга со вклучен ДДВ, за секој ден задоцнување, при што потребно е веднаш од страна на Договорниот орган по приемот на извршената услуга да му врачи на Економскиот опертаор писмено известување дека Договорниот орган го задржува правото на договорна казна-пенали.
Во случај на доцнење со извршување на услугата предмет на овој Договор, Договорниот орган има право, по претходно доставено писмено известување до Економскиот оператор за дополнително оставен рок, да го раскине Договорот со проста изјава за раскинување на Договорот и за задржување на правото на договорна казна и надомест на штета.
Во случај на раскинување на Договорот, Економскиот оператор е должен во рок од 15 дена од денот на раскинувањето на Договорот, да му плати на Договорниот орган договорна казна во износ од 20% од вкупната вредност на Договорот со вклучен ДДВ.
Во случај ако штетата што ќе ја претрпи Договорниот орган заради раскинување на Договорот е поголема од договорната казна, Економскиот оператор има обврска да му ја надомести на Договорниот орган разликата до целосниот надомест на штета.
Член 6
Економскиот оператор се обврзува:
1. да ги извршува работите предмет на овој Договор, стручно, квалитетно и во согласност со важечките прописи, нормативи и стандарди за односниот вид на работа;
2. да вградува материјал што одговара на пропишаните стандарди;
3. да превзема мерки за сигурност на објектот и работите, на опремата и материјалот, на работниците, минувачите, сообраќајот и слично;
4. да ги превзема сите дејствија согласно прописите од областа на безбедноста и здравје при работа;
5. да соработува со надзорниот орган на Договорниот орган и
6. да обезбеди стручни, квалификувани и овластени лица, и опрема за извршување на услугите согласно прифатената понуда
Доколку Економскиот оператор не ги изврши работите на начин определен во став 1 на овој член, Договорниот орган може да го раскине Договорот.
НАДЗОР
Член 7
Договорниот орган е должен да именува овластени лица кои ќе вршат надзор над извршувањето на услугите предмет на Договорот од страна на Економскиот оператор.
13. ГАРАНЦИЈА ЗА ИЗВРШУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ, УСЛОВИ И ВАЖНОСТ
Член 8
Извршувањето на Договорот, Економскиот оператор го гарантира со доставување на банкарска гаранција.
Економскиот оператор е должен во рок од 5 дена од потпишувањето на овој Договор да му достави на Договорниот орган банкарска гаранција во висина од 5% од вредноста на Договорот со вклучен ДДВ утврдена во член 3 став 1, со што безусловно гарантира целосно, квалитетно, совесно и навремено извршување на Договорот.
Банкарската гаранција за извршување на Договорот важи до престанувањето на важноста на Договорот.
Недоставувањето на банкарска гаранција претставува основ за раскинување на Договорот. Во овој случај Договорниот орган го задржува правото на договорна казна и надомест на штета.
14. КВАЛИТАТИВЕН И КВАНТИТАТИВЕН ПРИЕМ
Член 9
Квалитативен и квантитативен прием на предметот на овој Договор, врши Договорниот орган со документ (градежна книга) потпишана од овластените лица од член 7 на овој Договор и лица овластени од страна на Економскиот оператор.
Во текот на примопредавањето се утврдува квалитетот и квантитетот на извршените услуги.
Договорниот орган е должен да изврши преглед на извршените услуги штом тоа според редовниот тек на работите е можно, и за утврдените неправилности или недостатоци, освен во неработни денови, веднаш без одлагање да го извести Економскиот оператор.
Економскиот оператор е должен на Договорниот орган да му ја надомести штетата што ја претрпел поради неисполнување, ненавремено или неквалитетно
исполнување на договорните обврски.
Договорниот орган има право поради неправилност или недостаток да бара:
- Бесплатно отстранување на неправилностите и недостатоците на извршената услуга или надомест на трошоците направени за отстранување на неправилностите и недостатоците;
- Сразмерно намалување на цената;
- Надомест на штета;
- Раскинување на Договорот.
15. ГАРАНЦИЈА И ГАРАНТЕН РОК
Член 10
Економскиот оператор гарантира за квалитетот на извршената услуга и за квалитетот на вградените материјали.
За вградените материјали важи гарантниот рок од Производителот, од денот на вградувањето на истите.
Економскиот оператор е должен во гарантниот рок да ги отстрани недостатоците и дефектите утврдени од страна на Договорниот орган.
ВИША СИЛА
Член 11
Договорниот орган и Економскиот оператор се согласни ниту една договорна страна да не биде одговорна кон друга за губиток, повреда или неизвршување на одредбите од овој Договор кои се предизвикани од виша сила.
16. ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 12
Договорот стапува во сила веднаш по неговото заверување во архивата на Договорниот орган.
Член 13
Овој Договор се склучува на определено време во траење од 2
(две) години.
Член 14
Договорот се склучува на македонски јазик и неговото кирилско
писмо.
Член 15
Економскиот оператор се обврзува да ги чува како тајна и нема да ги направи достапни за трети лица, податоците кои потекнуваат од Договорниот орган или се однесуваат на Договорниот орган, а со кои Економскиот оператор се запознал во текот на извршување на Договорот.
спогодбено.
Член 16
Во случај на спор договорните страни се согласни спорот да го решат
Доколку спорот не се реши спогодбено истиот ќе го решава надлежниот
суд во Скопје.
Член 17
За се што не е предвидено со овој Договор ќе се применуваат одредбите од Законот за облигационите односи, Законот за јавните набавки и други позитивни
прописи во Република Македонија.
Член 18
Овој Договор се склучува во 7 (седум) истоветни примероци од кои 5 (пет) за Договорниот орган и 2 (два) за Економскиот оператор.
ДОГОВОРЕН ОРГАН ЕКОНОМСКИ ОПЕРАТОР
Моделот на договор треба да се достави електронски потпишан заедно со понудата
Акционерско Друштво за
стопанисување со деловен простор во државна сопственост–Скопје
Врз основа на огласот за отворената постапка објавен од страна на Акционерско Друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост–Скопје за јавна набавка на услуги за Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува Акционерско Друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост, со објавување на оглас за отворена постапка со електронска аукција преку ЕСЈН (https://www.e-nabavki.gov.mk) и тендерската документација, ја поднесуваме следнава:
П О Н У Д А
Дел I – Информации за понудувачот
I.1. Име на понудувачот:
I.2. Контакт информации
− Адреса:
− Телефон:
− Факс:
− Е-пошта:
− Лице за контакт:
I.3. Одговорно лице:
I.4. Даночен број:
I.5. Матичен број:
Дел II–Техничка понуда
II-1– Согласни сме да ги понудиме предметните услуги согласно техничката спецификација од тендерската документација.
II.2. Ги прифаќаме рокот, начинот и местото на извршување на услугите утврдени во тендерската документација и моделот на договор.
Дел III–Финансиска понуда
III.1.1 A. Вкупна цена на нашата понуда за ДЕЛ 1 ( Скопје, Тетово, Куманово, Струмица, Велес, Штип и Кочани) вклучувајќи ги сите трошоци и попусти на вкупната цена, во денари без вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви) Вкупен износ на ДДВ во денари изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Вкупна цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти на вкупната цена, во денари со вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Б. Вкупна цена на нашата понуда за ДЕЛ 2 (Кичево, Прилеп, Битола, Охрид и Кавадарци) ,вклучувајќи ги сите трошоци и попусти на вкупната цена, во денари без вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви) Вкупен износ на ДДВ во денари изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Вкупна цена на нашата понуда, вклучувајќи ги сите трошоци и попусти на вкупната цена, во денари со вклучен ДДВ изнесува:
(во денари со бројки и букви)
Се согласуваме со начинот на плаќање утврден во тендерската документација
Нашата понуда важи за периодот утврден во тендерската документација. Се согласуваме со начинот и рокот на плаќање утврден во тендерската документација и моделот на договор.
Со поднесување на оваа понуда, во целост ги прифаќаме условите предвидени во тендерската документација и Моделот на договорот.
Составен дел на понудата е Спецификацијата - Листи од бр. 1 до бр. 6 за двата Дела-целосно пополнети со единечни и вкупни цени.
Пополнувањето на сите позиции по листите е задолжително, во спротивно Понудата која нема да содржи цени за секоја позиција, ќе биде отфрлена .
Економските оператори кои ќе дадат понуда и за двата дела, потребно е да ја пополнат техничката спецификација посебно за дел 1 и посебно за дел 2 за сите листи од 1 до 6.
Место и датум | Одговорно лице (потпис) |
Овој образец не се потпишува своерачно, туку исклучиво електронски, со прикачување на валиден дигитален сертификат чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
Прилог 2 -Изјава за сериозност на понудата За дел 1( доколку се конкурира за повеќе од еден дел изјава се доставува за двата дела, а доколку само за еден дел, за делот за кој се конкурира)
И З Ј А В А
За сериозност на понудата
Понудувачот [назив на
економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на услуга- Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува Акционерско Друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост– Скопје која се спроведува по оглас за јавна набавка број објавен од страна на , врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
• нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
• понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
• е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*
(потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
Прилог 2 -Изјава за сериозност на понудата За дел 2 ( доколку се конкурира за повеќе од еден дел изјава се доставува за двата дела, а доколку само за еден дел, за делот за кој се конкурира)
И З Ј А В А
За сериозност на понудата
Понудувачот [назив на
економскиот оператор], како учесник во постапката за набавка на услуга- Tековно и инвестиционо одржување на објектите со кои стопанисува Акционерско Друштво за стопанисување со деловен простор во државна сопственост– Скопје која се спроведува по оглас за јавна набавка број објавен од страна на , врз основа на член 101 став 4 од Законот за јавните набавки, со оваа изјава потврдува дека:
• нема да ги преземе дејствијата наведени во член 101 став 6 од Законот за јавните набавки,
• понудата има правно обврзувачка сила во сите нејзини делови до истекот на периодот на нејзината важност
• е свесен за последиците од прекршување на оваа изјава, што ќе доведе до издавање на негативна референца од страна на договорниот орган согласно со член 101 став 7 од Законот за јавните набавки.
Во име и за сметка на понудувaчот
Изјавил,
Одговорно лице/Овластено лице*
(потпис)
Место и датум
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него. Доколку Изјавата ја дава овластеното лице во прилог да се достави овластувањето
ОБРАЗЕЦ НА ЛИСТА НА ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Информации кои се доверливи | Бројот на страниците со тие информации | Причини за доверливост на тие информации | Временски период во кој тие информации ќе бидат доверливи |
Изјава за неизречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од кривични дела утврдени во Кривичниот законик (член 88 став 1 од Законот за јавните набавки)
И З Ј А В А
(согласно член 88 став 1 од Законот за јавните набавки)
Јас, долупотпишаниот [име и презиме], а во
својство на лице на понудувачот под целосна материјална и кривична одговорност изјавувам дека:
Во последните 5 (пет) години на понудувачот
[назив] или на лицето кое е член на управниот или на надзорниот орган или кое има овластувања за застапување или донесување одлуки или надзор врз него, во последните 5 (пет) години не му е изречена правосилна судска пресуда за сторено кривично дело кое има елементи од следниве кривични дела утврдени во Кривичниот законик:
- учество во злосторничко здружување,
- корупција,
- затајување даноци и придонеси,
- тероризам или казнени дела поврзани со терористички активности,
- перење пари и финансирање тероризам и
- злоупотреба на детскиот труд и трговија со луѓе.
Место и датум Одговорно лице*
(потпис)
* Изјавата се потпишува електронски со користење на квалификуван сертификат за електронски потпис чиј носител е одговорното лице или лице овластено од него.
НАПОМЕНА: Економскиот оператор задолжително ги пополнува сите празни полиња во Изјавата.