Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. Дата год. Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005 ,37/2006 , 18/2007 и 36/2007) и
член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко - консултативна здравствена заштита (“Сл. весник на РМ”, бр.14/08), се склучува
Д О Г О В О Р
за обезбедување и плаќање здравствени услуги во специјалистичко- консултативната заштита
Склучен во Скопје за 2008 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од директорот Xxxxxx Xxxxxxxxx, како стратешки купувач на здравствени услуги од една страна и
2. Здравствена установа ПЗУ _ со седиште на
_(во понатамошниот текст Здравствена установа), застапувана од
директорот _, ж-ска бр. што се води кај
_, даночен број _, како давател на услуги од друга страна.
Предмет на договорот Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и здравствената установа за обезбедување и извршување на здравствени услуги на осигурените лица во специјалистичко-консултативна здравствена заштита, начинот на плаќање на услугите, правата и обврските на договорните страни како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на услуги во
специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Член 2
За потребите на осигурените лица овој договор се склучува за специјалистичко- консултативна здравствена заштита од дејности:
- _
во согласност со решението број од година, издадено од Министерство за здравство
Здравствената установа својата дејност ја обавува во една или повеќе организациони единици со соодветен стручен кадар (лекарски тим), согласно Правилникот за поблиските просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации и кои имаат добиено лиценца за работа.
Здравствената установа за секое проширување или промена на дејноста, како и измена на бројот на организационите единици, склучува Анекс на овој Договор со Фондот согласно средствата во буџетот на Фондот за таа намена.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов Договор.
За секоја промена на седиштето, здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 3
Здравствената установа е должна на осигурените лица да им пружа целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна специјалистичко-консултативна здравствена заштита согласно со упатствата базирани на медицина заснована на докази, во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко – консултативна здравствена заштита (во понатамошниот текст Правилникот), меѓудржавни договори за социјално осигурување, општите акти на Фондот како и одредбите на овој договор.
Услугите дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и надстандардните услуги по барање на осигуреното лице, не се на товар на Фондот.
Здравствените услуги на осигурените лица ги пружа лекарскиот тим, односно тимови на лекари специјалисти од соодветната дејност, вработени во здравствената установа кои имаат добиено лиценца за работа и кои согласно законските прописи немаат стекнато услови за остварување на право на пензија.
Вид и обем на здравствени услуги Член 4
Видот и обемот на здравствените услуги кои здравствената установа ги обезбедува на товар на средствата на Фондот според планот за тековната година претставуваат договорени здравствени услуги од специјалистичко-консултативна здравствена заштита кои здравствената установа треба да ги оствари во тековната година
Индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа според планот за тековната година се договорени индикатори.
Член 5
Планот на видот и обемот на здравствените услуги и планот на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа се утврдени во Прилог - обрасци и се составен дел на овој договор.
Член 6
Како вид и обем на здравствени услуги според Правилникот, се сметаат здравствени услуги кои здравствената установа ќе ги обезбеди на осигурените лица во тековната година , групирани по групи на дијагнози по МКБ – 10 со слични дијагностичко терапевски процедури (во понатамошниот текст: „терапевски процедури).
Член 7
Целите што треба да ги постигне здравствената установа низ резултатите од извршената работа се: зголемување на продуктивноста, ефикасноста и квалитетот.
Преку остварувањето на целите од став 1 на овој член се врши оценување на успешноста во работењето на здравствената установа, врз основа на следните индикатори:
- количник (однос) на бројот на првите и повторените амбулантски прегледи
- задоволство на осигурените лица
- задоволство на осигурените лица
Секој индикатор изнесува 5% и здравствената установа, ќе го оствари доколку биде исполнет планираниот број.
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги Член 8
Висината на вкупниот надоместок (во понатамошен текст договорен надоместок) е утврдена согласно Правилникот во зависност од средствата во Буџетот на Фондот утврдени за таа намена и се смета како договорен надоместок за специјалистичко – консултативни здравствени услуги што ќе бидат остварени во тековната година.
Висината на договорениот надоместок за тековната година се определува во износ од најмногу _ денари кој се дели на еднакви месечни износи од _ денари (месечен надоместок).
Договорните страни се согласни висината на надоместокот за тековната година да може да се измени во зависност од остварувањето на средствата во Буџетот на Фондот, врз основа на Одлука на Управниот одбор на Фондот доколку таква се донесе.
Доколку се изврши измена на висината на договорениот надоместок од став 3 на овој член, соодветно на извршената измена пропорционално се менува и планот на видот и обемот на здравствените услуги кој е составен дел на овој договор.
Член 9
Надоместокот утврден во член 8 на овој договор се состои од фиксен и променлив дел.
a) Фиксниот дел е утврден како основен надоместок кој изнесува 40 % од договорениот надоместок во висина _ _ денари годишно , односно
денари месечно.
б) Променлив дел е утврден како:
- надоместок според извршувањето на договорениот вид и обем на здравствените услуги кој изнесува 45% од договорениот надоместок во висина најмногу до денари годишно, односно _ денари месечно и
-надоместок според исполнувањето на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа (успешност во работењето) кој изнесува 15 % од договорениот надоместок во висина од најмногу до денари годишно односно,
_денари месечно.
Член 10
Месечниот надоместок од член 8 на овој договор за обезбедени здравствени услуги на здравствената установа и се исплатува во целост до крајот на месецот, за претходниот месец.
Член 11
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие најдоцна до 10-ти во тековниот месецот до Фондот во електронска и во пишана форма доставува Пресметка за планираниот и остварениот вид и обем на здравствени услуги и Пресметка за планираните и остварените индикатори за остварувањето на целите низ резултатите од извршената работа.
Променливиот дел од надоместокот од член 9, став 1, точка б), алинеја 1 на здравствената установа се намалува доколку извршувањето на договорениот вид и обем е помалку остварен во однос на планираниот договорен вид и обем на здравствени услуги.
Намалувањето се врши со индексот на вкупно пресметаните бодови на извршените здравствени услуги во однос на планираните здравствени услуги, пресметани според бодовите во Ценовникот на здравствени услуги на РМ, по терапевтски процедури во претходното тромесечие.
Променливиот дел од надоместокот според исполнување на целите од член 9 став 1, точка б) алинеја 2 на здравствената установа се намалува според просечниот индекс добиен врз основа на остварените индикатори (кои имаат подеднаква вредност) во однос на планираните за секоја од утврдените цели, за остварените резултати во претходното тромесечие .
Намалениот износот на променливиот дел од член 9, став 1, точка б) на овој договор доколку биде намален согласно став 2 и 4 на овој член, се одбива од вкупниот месечен надоместок за тоа тромесечје.
Член 12
Доколку носителот на дејноста во здравствената установа не обезбедува континуирана здравствена заштита поради отсуство во тековниот месец за повеќе од 15 дена непрекинато, освен за време на годишен одмор, основниот надоместок (фиксен дел) нема да се исплати за периодот на траењето на отсуството за соодветниот месец.
За отсуство по основ на боледување над 21 ден на носителот на дејноста во здравствената установа исто така основниот надоместок (фиксниот дел) нема да се исплати за периодот на траењето на боледувањето за соодветниот месец.
Член 13
Во договорениот надоместок на здравствената установа се опфатени сите потребни трошоци за лекови, медицински и друг потрошен материјал потребен и останатите трошоци за целосно извршување на здравствената услуга на осигурените лица.
Член 14
Здравствената установа доставува фактури за извршени здравствени услуги до подрачната служба заради евиденција на здравствените услуги и уплатената партиципација на осигурените лица најкасно до 5-ти во тековниот за претходниот месец.
Со фактурите од став 1 на овој член се доставува и збирен рекапитулар.
Доколку износот на средствата што здравствената установа го фактурирала за здравствени услуги на осигурените лица на крајот од годината е поголем од износот на утврдениот вкупен надоместок, здравствената установа го отпишува побарувањето за разликата помеѓу фактурираниот износ и утврдениот надоместок.
Обврски на здравствената установа
Член 15
Здравствената установа е должна за вршење на здравствените услуги на осигурените лица да обезбеди лекови според Листата на лекови кои паѓаат на товар на средствата на Фондот за евентуални потреби на осигурените лица во зависност од дејноста која ја обавува и други медицински потрошни материјали потребни за целосно извршување на здравствените услуги.
Доколку здравствената установа не ги обезбеди потребните материјалите од став 1 на овој член, а осигурените лица ги набавиле со сопствени средства, договорениот месечен надоместок на здравствената установа ќе биде намален за износот на рефундираните средства за соодветниот месец.
Член 16
Здравствената установа согласно законските прописи се обврзува редовно и навремено да ја уплатува партиципацијата на сметката на Фондот
Доколку здравствената установа наплатила партиципација од осигурените лица спротивно на прописите, износот на средствата што Фондот ги рефундирал на осигурените лица по овој основ ќе биде намален за износот на рефундираните средства. од месечен фиксен надоместок на здравствената установа
Доколку здравствената установа не ја уплатила пресметаната партиципација на сметката на Фондот, за износот на неуплатената партиципација ќе се намали месечниот надоместок во наредниот месец.
Член 17
Доколку здравствената установа остварила приход од Фондот врз основа на невистинити и неточни податоци, по утврдување на невистинитоста и неточноста на податоците, за неправилно остварениот приход Фондот соодветно ќе го намали надоместокот за тековниот месец.
Член 18
Здравствената установа е должна да ги врши бараните испитувања според упатот на избраниот лекар и да ги зема во предвид сите веќе направени испитувања од другите здравствени установи заради поголема економичност со цел да се избегне повторување на испитувањата, воспоставувањето на дијагнозата и лекувањето.
Член 19
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, како и интернет поврзување.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа. Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием
Член 20
Други обврски на здравствената установа:
1. Да го уплатува редовно придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно одредбите на Законот за здравствено осигурување;
2. Да обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3. Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Да го извести избраниот лекар на осигуреното лице со медицински извештај за утврдената дијагноза, медицинскиот преглед, испитување, лекувањето и за други прашања кои се однесуваат на здравствената состојба на осигуреното лице.
5. Да доставува пресметки за извршениот вид и обем на здравствени услуги и пресметки за извршените цели најдоцна до 10- ти во тековниот месец по изминувањето на тримесечјето;
6. Да наплатува партиципација и да издава потврда за наплатеното учество (партиципација) согласно законските прописи и да ги применува решенијата за ослободување од партиципација донесено од страна на Фондот;
7. Редовно да ја уплатува наплатената партиципација од осигурениците на жиро сметка на Фондот согласно Договорот.
8. Да му овозможи на Фондот, увид и контрола на целокупната документација;
9. Да обезбеди потребен медицински потрошен материјал за дејноста што ја обавува.
10. Здравствената установа на видно место да истакне висина на партиципацијата за услугите што согласно Одлуката за партиципација се наплаќаат.
11. Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи;
12. Здравствената установа е должна на видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот, да го истакне работното време на сите нејзини организациони единици согласно прописите за работни односи и да постави кутија за пофалби и поплаки.
13. Здравствената установа е должна да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството, и други податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
14. Да ги доставува сите потребни извештаи и информации во пишана и електронска форма во врска со имплементацијата на овој договор.
15. Да негува добри деловни односи со Фондот;
Член 21
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување – странски осигуреници, здравствената установа им обезбедува здравствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата
на користење здравтвена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card – EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доствува посебна пресметка за пружени здрвствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствента установа е должни да ги наведатг сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени од Фондот.
Водење на посебни евиденции Член 22
Здравствената установа се обврзува на посебен образец веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и ќе ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
Здравствената установа се обврзува за пружената здравствена заштита во врска со лекувањето како последица на причините наведени во став 1 на овој член, посебно да ги евидентира пресметките (фактурите) за извршените здравствени услуги во здравствената установа и со посебен допис да ги достави до подрачната служба на Фондот.
Доколку здравствената установа за наведените случаи не постапи според одредбите на овој Договор, Фондот ќе го исплати договорениот надоместок намален за висината на лекувањето.
Обврски на Фондот
Член 23
Фондот е обврзан да:
1. врши контрола на примената на одредбите од Законот и подзаконските акти и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите на овој договор;
2. го плаќа надоместокот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор;
3. врши мониторинг и контрола на видот и обемот на договорените здравствени услуги како и на пресметките на планирани и остварени здравствени услуги;
4. врши мониторинг и контрола на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа како и на пресметките на планирани и остварени индикатори за цели;
5. врши тековна проверка на податоците и критериумите врз основа на кој е склучуван договорот;
6. го следи износот на рефундирани средства на осигурените лица за лекови од Листата на лекови и медицински потрошен материјал, кои здравствената установа била должна да ги обезбеди и ја намалува висината на надоместокот на здравствената установа за рефундираниот износ;
7. Фондот ја следи уплатената партиципација од страна на здравствената установа. Контрола
Член 24
Фондот има право во здравствената установа да врши контрола на договорениот вид и обем на здравствените услуги на осигуренитре лица, индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа, контрола на остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденцијата за пружени здравствени услуги на осигурени лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти како и контрола на спроведување на одребите од овој Договор.
Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола на целокупното свое работење.
Член 25
За извршената контрола се составува записник за утврдената состојба во здравствената установа.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува записник до здравствената установа со заклучоци за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на записникот од Фондот да достави забелешки до централната служба на Фондот .
Централната служба на Фондот доколку има нови докази составува извештај по кој веднаш се постапува .
Користење на средствата во здравствената установа Член 26
Со средствата остварени според овој договор, здравствената установа располага самостојно.
Здравствената установа средствата добиени според овој договор, наменети за одредени позиции од планот не може да ги пренаменува за други позиции, односно други трошоци, со кои ќе предизвика намалување на обемот и квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица.
Средствата остварени од заштеди, здравствената установа може да ги користи за континуирана медицинска едукација и унапредување на дејноста на здравствената установа.
Спогодбено раскинување на договорот Член 27
Овој договор може спогодбено да се раскине во целост или делумно во делот на една од организационате единици само во писмена форма.
Еднострано раскинување на Договорот Член 28
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Фондот има право во секое време без отказен рок еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа во целост или за одделна организациона единица во следните случаи:
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа континуирано не пружа здравствени услуги според позитивните законски прописи
3. Ако го оневозможува или отежнува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување;
4. Ако здравствената установа не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5. Ако здравствената установа доставува неточни податоци до Фондот;
6. Ако со работата се нанесе штета на Фондот;
7. Ако здравствената установа постапува спротивно од одредбите на овој Договор.
8. Ако не негува добри деловни односи;
9. Доколку не се извршуваат здравствените услуги од член 3 на овој договор;
10. Ако во здравствената установа укажува здравствени услуги на осигурени лица лекар кој не е вработен во здравствената установа.
11. Ако станат неисполнети критериумите врз основа на кои е склучен овој договор;
12. Во случаите кога е применета договорната казна, а по повторна контрола од член 24 и член 25 на овој договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овој договор
Член 29
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договор, се согласија за исплата на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор.
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот.
Доколку се утврдат повреди од член 30 и 31 од овој Договор, се применува договорната казна од член 30 на овој договор.
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 25 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 9 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот, а обврската за договорната казна останува и се наплаќа со задржување на неисплатениот износ што треба да го исплати Фондот на давателот на услугите или по судски пат.
За повредите од членот 30 и 31 направени од страна на здравствената установа договорната казна се наплатува однејзината сметка.
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 15 дена од денот на доставувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот.
Член 30
Договорна казна во износ од 150.000,00 денари се утврдува за следните повреди
1. Доколку во рок од 10 дена не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.);
2. Ако здравствената установа во рок од три дена писмено не го извести Фондот и подрачната служба за отсуство на лекарите во случај на: боледување, , субспецијализација, мирување на работен однос според законот за работни односи, во случај на престанок на работниот однос и ако стекнал услови за остварување право на пензија.
3. Доколку здравствената установа, ги извршува видот и обемот на договорените здравствени услуги помалку од 60% за секое тромесечје во две последователни тромесечја;
4. Доколку здравствената установа во договорениот рок не ги доставува бараните податоци согласно овој Договор до Фондот;
5. Ако здравствената установа наплатува на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
6. Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно не се уплатува согласно законот;
7. Ако не ја уплатува партиципацијата на сметка на Фондот согласно одредбите на овој Договор.
8. Доколку здравствената установа нема извршено набавка на компјутерска опрема и интернет поврзување.
Договорна казна во износ од 75.000,00 денари се утврдува за следните повреди:
Член 31
1. Ако здравствената установа не води евиденција согласно законските прописи, актите на Фондот и овој Договор;
2. Постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги доколку се утврди оправданост на незадоволството;
3. Ако здравствената установа не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Ако здравствената установа не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
5. Ако здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на употреба;
6. На видно место не истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и нема истакнато работно време;
7. На видно место не ја истакне Одлуката за висината на учеството на осигурените лица во цената на здравствените услуги и лековите;
8. Ако здравствената установа не води кадровска евиденција.
Член 32
Здравствената установа е должна писмено во рок од 3 дена да го известува Фондот за отсуство на лекарите во случај на подолготрајно боледување, упатување на субспецијализација, мирување на работниот однос според Законот за работните односи, престанок на работниот однос, односно стекнување на услови за пензионирање на лекарот специјалист.
Член 33
Овој Договор во однос на лекарот специјалист кој е единствен вршител на дејност престанува задолжително доколку лекарот специјалист во Здравствената установа ги исполнува законските услови за пензионирање, односно е упатен на супспецијализација или избор на функција и смрт на лекарот специјалист.
Во случај на еднострано раскинување на овој Договор, Фондот има право да го раскине Договорот во целост или само во однос на еден или повеќе лекари специјалисти наведени во член 2 од овој Договор.
Член 34
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот не е веќе во обврска да склучи нов Договор со здравствената установа односно лекар специјалист.
Промена на прописите Член 35
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор, доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
За се што не е предвидено со одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Судска надлежност Член 36
За решавање на споровите што ќе настанат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје II Скопје.
Број на примероци на договорот Член 37
Овој договор е составен во 4 (два) еднообразни примероци, по два за секоја од договорните страни.
Член 38
Влегување во сила на Договорот Член 39
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува 01.01.2008 година заклучно со 31.12.2008 година.
Преодна одредба Член 40
Со денот на склучувањето на овој договор престануваат обврските и побарувањата од предходните години помеѓу договорните страни.
ПРИЛОЗИ:
- Преглед на организациони единици, со список на соодветен стручен кадар со број на лиценци (прилог број 1).
- извештај за приходи и трошоците на здравствената установа во последните три години;
- извештај за видот и обемот на извршените здравствени услуги на осигурени лица во последните три години;
- извештај за бројот и структурата на вработените во последните три години;
- извештај за видовите, количините и износите на медицинските материјали и другите материјали потрошени во претходната година;
- план на приходи и трошоците на здравствената устнова за тековната година;
- план и структурата на вработените за тековната година;
- план за видот и обемот на здравствените услуги за тековната година; план на цели што треба да се постигнат во работењето на
ll
Фонд за здравствено осигурување на Македонија
Здравствена установа,
Директор, Директор,
XXXXXX XXXXXXXXX