Contract
|
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
(1) Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај (незгода) и овие Дополнителни услови за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (во понатамошниот текст: Дополнителни услови), се составен дел на договорот за осигурување на туристи и излетници од последици на несреќен случај (незгода), што договарачот на осигурувањето ќе го склучи со Националната групација за осигурување АД “Осигурителна полиса“ Скопје (во понатамошниот текст: осигурувач).
(2) Договарач на осигурувањето може да биде секоја организација која според својата дејност организира групни излети и превоз на туристи и излетници.
(3) Лицата што се осигуруваат според овие Дополнителни услови осигурени се без оглед на нивната здравствена состојба, општата работна способност и годините на староста, како и без плаќање на зголемена премија во смисла на член 9 став (1) точка 4 од Општите услови, освен лицата потполно лишени од деловна способност, кои во секој случај се исклучуваат од осигурувањето.
НАЧИН НА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ
Член 2
Договорот за осигурување на излетници се склучува според вкупно издадените билети или пријави за одење на излет и врз основа во
нив предвидениот број на денови на траење на излетот, за секој поодделен излетник.
ТРАЕЊЕ НА ОСИГУРУВАЊЕТО
Член 3
Ако не е поинаку договорено во полисата, осигурувањето во однос на секој одделен излетник почнува од моментот кога дошол на собирното место за поаѓање на излет, а престанува во моментот на напуштањето на местото определено за враќање на излетникот непосредно по враќањето, односно во моментот на оддалечувањето од местото определено за купување билет или за пријавување за заминување на излет.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ
Член 4
(1) Осигурувањето се однесува само на излетниците што организираат групни излети во одделни места или поблиската околина на појдовното место и тоа преку означената организација во полисата.
(2) Осигурувањето ги опфаќа сите несреќни случаи во смисла на член 5 од Општите услови што ќе ги претрпат излетниците, како при заминувањето и враќањето од излет, така и за време на престојувањето во излетнички места.
(3) Осигурувањето ги опфаќа и несреќните случаи што ќе ги претрпат излетниците за време на чекањето за поаѓање на излет на за тоа определеното собирно место, како и непосредно по доаѓањето од излет, додека излетникот не се
оддалечи од местото определено за враќање од излет.
(4) Осигурувањето не ги опфаќа лицата кои според својата службена должност се наоѓаат со излетниците било како организатори или водичи, возачи, кондуктери и на тоа слично.
(5) Кон осигурувањето на излетниците се вклучува осигурувањето од одговорност на договарачот спрема осигурените лица поради телесните повреди, оштетувањето односно исчезнувањето на нивните предмети, до износите означени во полисата.
Правата и обврските од ова осигурување се регулирани со Посебните услови за осигурување од одговорност на договарачот на осигурувањето од последици на несреќен случај (незгода) и по овие дополнителни услови.
НАЧИН И РОКОВИ ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ И ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 5
(1) Премијата се пресметува во рокот означен во полисата за осигурување, врз основа на вкупно издадените билети или пријави за заминување на излет и врз основа на предвидените во нив денови за траење на излетот за секој одделен излетник.
(2) Договарачот е должен да му достави на осигурувачот пресметка на премијата во договорениот рок за претходното траење и едновремено да му го дозначи вкупниот износ на премијата според пресметката.
(3) Договарачот е должен на осигурувачот да му ги стави на увид сите книги и други евиденции од кои може да се утврди правилноста на извршената пресметка и дознаката на премијата.
(4) Договарачот е должен да му ја плаќа договорената премија на осигурувачот за сето времетраење на осигурувањето во рокот договорен во полисата.
(5) Ако премијата се испраќа по пошта, се смета дека е платена во 24,00 часот оној ден на кој е уплатена во пошта, ако се плаќа со xxxxxx, се смета дека е уплатена во 24,00 часот оној ден, на кој е предаден вирманскиот налог на банката.
(6) Обврската на осигурувачот спрема секој осигуреник одделно постои и кога договарачот не ја плати премијата во предвидениот рок ако осигурениот случај настанал за времетраење на осигурувањето во смисла на член 6 и 19 од Општите услови.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРУВАЧОТ КОГА ОСИГУРЕНИЦИТЕ СЕ ПОМЛАДИ ОД 14 ИЛИ
ПОСТАРИ ОД 75 ГОДИНИ
Член 6
(1) Ако поради несреќен случај настапи смрт на осигуреникот помлад од 14 години, осигурувачот е во обврска да исплати на име трошоци за погреб договорената осигурена сума за случај на смрт, но најмногу износот кој како максимален е утврден со Одлука на Одборот на директори на осигурувачот.
(2) Кога лицето што претрпело несреќен случај е постаро од 75 години,
осигурувачот е во обврска да исплати 50% од износот кој инаку требало да го плати.
ПРИЈАВА НА НЕСРЕЌЕН СЛУЧАЈ
Член 7
(1) Договарачот на осигурувањето е должен да му го пријави на осигурувачот секој настан кој според овие Дополнителни услови има влијание врз обврските на осигурувачот (несреќен случај, оштетување или исчезнување на предмет) како и да им пријави на органите надлежни за кривично гонење, доколку таквиот настан повлекува чија и да е кривична одговорност.
(2) Договарачот воедно е должен на барање на осигурувачот, да му даде потребни известувања со цел за разјаснување и утврдување на постоењето и висината на обврската.
ПРАВНА ПОУКА
Член 8
Осигуреникот има право до Агенцијата за супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Овие Дополнителни услови важат со Општите услови за осигурување на лица од последици на несреќен случај, а доколку нивната содржина е во спротивност со содржината на Општите услови, важат овие Дополнителни услови.