1] Овие услови за каско осигурување на возила (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на понудата и договорот за каско осигурување на возила, кој е склучен меѓу Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот во случај кога се работи за...
Друштво за осигурување
ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје
УСЛОВИ
ЗА КАСКО ОСИГУРУВАЊЕ НА МОТОРНИ ВОЗИЛА
Ознака: УС-АК 01.24 Број: 0101-69/03/04
Датум на примена: 04.2024
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Член 1
[1] Овие услови за каско осигурување на возила (во понатамошниот текст: Услови) се составен дел на понудата и договорот за каско осигурување на возила, кој е склучен меѓу Договорувачот на осигурувањето, односно Осигуреникот во случај кога се работи за исто лице и ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје (во понатамошниот текст: Oсигурувач).
[2] Со договорот за каско осигурување на возила Договорувачот на осигурувањето се обврзува да му плати на Осигурувачот одредени парични средства (премија за осигурување), а Осигурувачот е должен со настанување на осигурен случај да исплати надомест на штета на Осигуреникот.
[3] Овие условите се применуваат за:
1) каско осигурување на возила;
2)дополнително осигурување на машини од кршење;
3)дополнително осигурување на багаж, патни колекции на мостри на стока и други предмети во возила.
[4] Одделни изрази употребени во овие Услови го имаат следново значење:
Осигурувач - ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје;
Договoрувач - лице со кое Осигурувачот склучува договор за осигурување; Осигуреник - лице на кое му припаѓаат правата од осигурувањето; Премија - износ кој се плаќа за осигурување по договор за осигурување;; Полиса - документ за склучениот договор за осигурување;
Франшиза – износ со кој Осигуреникот учествува во штета;
Сума на осигурување - највисок износ до кој Осигурувачот е во обврска при настанување на осигурениот случај;
Надомест од осигурување - износ кој го плаќа Oсигурувачот врз основа на склучениот договор за сигурување по настанување на осигурен случај.
[5] Овие услови се темелат врз Законот за облигационите односи, Законот за супервизија на осигурувањето и Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и останатите подзаконски акти донесени врз основа на овие закони и на соодветен начин се применуваат на договорот за осигурување кој што го склучуваат Договорувачот на осигурувањето и Oсигурувачот.
ПРЕДМЕТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 2
[1] Предмет на осигурување се сите видови моторни, приклучни, товарни, работни и шински возила (во понатамошниот текст: возила) и нивните составни делови.
[2] Како составни делови на возилото се сметаат:
1) опрема во возилото, алат, прибор и резервни делови кои се стандардно испорачани од производителот на односниот вид на возило, како и,
2)уред за обезбедување од кражба, противпожарен апарат во возилото, сигурносен триаголник, сигурносни ремени, таxограф, јаже односно руда за влечење, опрема за укажување на прва помош, резервни сијалички, додатни надворешни и внатрешни огледала и стакла, сончев кров кој е стандардно вграден од произведувачот, мигавец за обележување на застанато возило ноќе на патот, xалогени светла, магловки, грејач на задно стакло, брисач на задно стакло, наслони за глава и ланци за снег, систем за сопирање (АБС) и уред за пожарна заштита за превоз на лесно запаливи и експлозивни работи (АДР).
[3] Кога товарните возила, автобуси, приклучни возила и работни машини се изработени со стандардна додатна опрема која е неопходна за извршување на одредени дејности и е посебно наведена во полисата, опремата се смета за составен дел на возилото.
[4] Со осигурувањето се покриени штетите на осигурените делови од ставовите 2 и 3 само ако се прицврстени на возилото или се наоѓаат во заклучено возило.
ТЕРИТОРИЈАЛНO ПОКРИТИЕ
Член 3
[1] Осигурувањето важи додека осигуреното возило се наоѓа на географското подрачје на Европа и азискиот дел на Турција.
[2] Ако е посебно договорено и платена дополнителна премија територијалното покритие може да се прошири и надвор од географското подрачје на Европа и азискиот дел на Турција.
[3] За возила на компании кои изведуваат или учествуваат во изведување на градежни, монтажни, истражувачки и слични работи надвор од територијата на Република Северна Македонија, потребно е да се склучи посебно осигурување врз основа на овие услови.
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ КАЈ ПОТПОЛНО КАСКО
Член 4
[1] Потполно каско осигурување покрива штети што настанале поради уништување или оштетување на осигурените предмети како последица на ненадејни и независни настани од волјата на осигуреникот или возачот, и тоа:
1)сообраќајна незгода, како на пример: превртување, судир, удар, лизгање, пад во провалија и слично;
2)паѓање или удар од некој предмет, вклучително и снег и мразулци;
3)пожар- се смета оган настанат одеднаш или неочекувано на возилото од оган надвор или во самото возило. Осигурувањето не покрива штети на електричната инсталација кои настанале поради прегорување на електричната инсталација, освен ако се развил пожар.
4) ненадејно надворешно термичко или xемиско дејство – се смета за оштетување, промени или реакции на осигуреното возилото предизвикани од ненадејно надворешно термичко- топлинско или хемиско дејство;
5)удар на гром-осигурувањето ја покрива штетата предизвикана од дејството на сила или топлина на гром и штетата од директен удар на предмети што ги срушил громот;
6)експлозија, освен експлозија од нуклеарна енергија- се смета ненадејно појавување на сила заснована на тежнение на пара или гасови за проширување;
7)луња- луња се смета ветар со брзина од најмалку 17,2 метри во секунда, односно 62 км на час и со јачина најмалку
8 степени според Бофоровата скала);
8)град-опфатени се штети од уништување односно оштетување на осигуреното возило кои се предизвикани од удар од градот;
9)снежна лавина- снежна лавина е лизгање на снежна маса од планинските падини. Осигурувањето покрива и штети кои настанале од дејството на воздушен притисок предизвикан од снежна лавина;
10) лизгање на терен и одронување на земјиште- се смета за ненадејно геолошко движење на земјената површина на коси терени, со јасни манифестации на кршење на површината на тлото. Како одронување се подразбира откинување и уривање на парче цврст материјал како геолошка појава.
11) оштетување или уништување од глодари, диви или домашни животни- Осигурувањето не ја покрива штетата која ќе настане како последица од непосреден контакт на возилото со диви или домашни животни и значи понатамошна штета, како ни штета која ќе настане поради обид за спречување на непосреден контакт. Посредната штета е покриена ако настане со еден од другите осигурани опасности.
12) паѓање на воздушни летала-се смета кога воздушното летало од кој било вид
(моторен авион, едрилица, хелихоптер, ракета, балон, параглајдер, падобран, безпилотно летало-дрон и сл.) или дел од него ќе падне на осигуреното возило или ќе удри во него;
13) манифестации и демонстрации- се смета организиран настан за јавно изразување на мислење, односно согласување, одобрување или несогласување, незадоволство кон некого или нешто, организирани во согласност со законските одредби за организирање на вакви собири;
14) вандализам- се смета насилно или дрско (вандалско) однесување на трети лица;
15) злонамерни постапки или oбес на трети лица;
16) оштетување на тапацирот – се смета оштетување на тапацирот на возилото предизвикано при давање помош на лица кои се повредени во сообраќајна незгода или на некој друг начин;
17) намерно предизвикување штета на осигурените предмети со цел да се спречи поголема штета на тој или друг предмет или на лица;
18) поплава, порој или високи води - Под поплава се смета стихијно и неочекувано поплавување на земјиштето од постојани води (реки, езера, мориња) поради излевање на водата од коритото, пробивање на одбранбениот насип, рушење на брана или излевање на вода поради зголемена плима, бранови или поради надоаѓање на вода од вештачки езера. За поплава се смета и неочекувано поплавување на теренот поради стихијно слевање на вода по стрмнини, улици и патишта (порој) како последица на исклучително силни врнежи. Исто така, за поплава се смета и подземна вода предизвикана како последица на високи води. Осигурувањето покрива штети кои настанале откако високата и подземна вода го надминале нормалниот месечен водостој. Со осигурувањето не се опфатени:
- штети од поплави предизвикани со излевање од канализациска мрежа, освен ако до излевање дошло поради поплави;
- штети на возила додека се наоѓаат во простор помеѓу поток, односно река и насип, освен ако не е поинаку договорено;
- штети на возила додека се наоѓаат во живо или суво корито на поток или река, освен ако не епоинаку договорено. Осигурувањето не покрива штети кои настанале поради движење на возилото низ поплавено подрачје, речно корито или поток или кога на возачот му било познато дека се движи во пресрет на стихијно дејство на вода, освен кога се работи за спасување на лица и имот;
[2] Ако е посебно договорено и платена дополнителна премија, со осигурувањето се покрива и:
1) опасност од ненадејно и неочекувано пропаѓање односно потопување на возила при работа во касети или за време на работа на мочуришен, тињовит, песочен, насипан или сличен терен;
2)штети од осигурени опасности при учество на трки поради постигнување на најголема или просечна брзина, рели натпревари или тест возење, тренинзи за натпревари, како и тест возење и пробно возење во фабрички круг, автодроми и други патеки за таа намена;
3)штети од осигурени опасности при употреба на возила за мотоp скијеринг;
4) oсигурување на возила за време на воени вежби идруги самозаштитни акции;
ОСИГУРЕНИ ОПАСНОСТИ КАЈ ДЕЛУМНО КАСКО
Член 5
[1] Делумно каско осигурување може да се договори:
- за целото време за кое возилото се наоѓа на територијалното подрачје утврдено во договорот за осигурување;
- за време на мирување, односно само за времето кога возилото мирува во место кое е точно одредено и наведено како место на осигурување во полисата.
[2] Делумно каско осигурување кај возила покрива штети поради уништување, оштетување или исчезнување на осигурени предмети кои настануваат како последица на ненадејни и независни настани од волјата на Осигуреникот или возачот, распоредени во групи, односно комбинации врз основа на кои при склучување на договорот за осигурување се утврдува опсегот на осигурително покритие и тоа:
1. Комбинација 1- пожар, удар на гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала,
манифестации и демонстрации. Опсегот на осигурените опасности е еднаков со опсегот на наведените опасности утврдени во одредбите за осигурени опасности кај потполното каско осигурување.
2. Комбинација 2- кражба, тешка кражба, разбојништво и провална кражба и противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење. Штетите што настанале поради кражба на делови од возилото, алат, прибор, резервни делови и уреди, осигурувањето ги покрива само доколку истите биле прицврстени на возилото во моментот на извршување на кражбата или се наоѓале во заклучено возило. Покриена е и штетата која е последица од сообраќајна незгода или дефект што настанал по извршена кражба, тешка кражба, разбојништво и провална кражба и друго противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење. Кај ова осигурување, покрај постојните осигурени опасности осигурителното покритие се проширува и за трошоци за замена на брава во случај на кражба или губење на автомобилските клучеви. Делумно каско осигурување со оваа комбинација може да се склучи единствено заедно со потполното каско осигурување на возилото договорено со Осигурувачот и со комбинација 1 за делумно каско,, за време на мирување,,. Опасностите од оваа точка не се покриени доколку причинителот согласно овие услови е со-осигурено лице.
3. Комбинација 3- кршење или оштетување на стандардно вградени стакла на моторни возила, освен стакла на фарови, огледала (ретровизори) и светлечки тела, како и штета која ќе настане при непосреден допир на возилото со диви и домашни животни.
Осигурувањето на стаклата според оваа комбинација ја покрива штетата што настанала заради остварување на која било осигурена опасност од потполното каско осигурување, како и штетата која е последица од погонска штета. Оваа комбинација се склучува на прв ризик.
4. Комбинација 4- оштетување или уништување на патничкото возилото кое настанало при непосреден допир на паркирано или застанато возило со непознато возило (штета при паркирање), поради кровни снежни лавини, замрзнати творби кои паѓаат од кров на зграда.
5. Комбинација 5- трошоците за наем на заменското патничко возило ако возилото на Осигуреникот било уништено, оштетено или исчезнало поради кои било осигурени опасности кои ги покрива потполното каско осигурување и комбинацијата 2 од делумното каско осигурување.
Осигурувањето ги покрива и трошоците за наем на возило за време кое е потребно за поправка на осигуреното возило и кои ги одредува Осигурувачот врз основа на нормативите за работа на компанијата. Како еден ден за поправка се сметаат 8 работни часови, со тоа што секој работен час над осмиот час, односно над повеќекратни 8 часа, се брои во следен работен ден.
Во случај кога возилото е уништено или исчезнато, осигурувањето ги покрива трошоците за наем на заменско возило за времето додека не се набави друго возило или до пронаоѓање на изгубеното возило, но најмногу до 10 дена.
Трошоците за наем на заменското возило не се покриени ако времето на поправка или времето од уништувањето до набавувањето на друго возило, односно времето од исчезнувањето до пронаоѓање на осигуреното возило е пократко од 3 дена, освен ако не е поинаку договорено.
Со осигурувањето се надоместуваат трошоците за наем на возило со запремнина на моторот колку што е и осигуреното возило но најмногу до 1600 см. Tрошоците за наем на заменско возило вклучуваат трошоци за наем по ден и километража до најмногу 100 изминати километри дневно.
Осигурувачот ги надоместува трошоците врз основа на сметка од наемодавецот.
Ако возилото било изнајмено за пократко време отколку што Осигуреникот има право согласно Општите услови, Осигурувачот ги надоместува трошоците само за вистинското времетраење на наемот, земајќи го предвид договорениот износ за дневно изнајмување.
Осигурување на трошоците за наем на заменско возило не може да склучи лице кое се занимава со изнајмување на возила, за оние возила кои ги дава под наем.
6. Комбинација 6- кршење, оштетување или кражба на дополнително вградени светлечки тела прикачени на моторни возила. Ова осигурување не подразбира штета која настанала при кражба или други облици на противправно одземање на возилото.
7. Комбинација 7– ризик од присвојување на возило – затајување, како и ризик од измама, за изнајмување возила врз основа на фалсификувани документи кај осигурувања на изнајмени возила или возила дадени на користење (рент а кар, лизинг). Се смета дека ризикот од затајување или измама настапил ако осигурениот предмет не е пронајден во рок од 60 дена од денот кога возилото требало да биде вратено, согласно договорот помеѓу осигуреникот и трето лице.
[3] Делумно каско осигурување кое ќе важи за целото време за договореното територијално покритие во договорот за осигурување може да се склучи за опасности за комбинации посебно или за комбинации истовремено.
[4] Ако е посебно договорено и платена соодветна зголемена премија, осигурувањето покрива и штета од осигурена опасност при учество на трки заради постигнување на најголема или просечна брзина, рели натпревари или тест возење, тренинзи за натпревари како и пробно возење и тест возење во фабрички круг, автодроми и други патеки за таа намена.
[5] Делумно каско осигурување „за време на мирување“покрива штети што настанале поради пожар, удар од гром, експлозија, луња, град, снежна лавина, паѓање на воздушни летала, манифестации и демонстрации, кражба, тешка кражба, разбојништво, провална кражба и противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење (комбинација 1 и комбинација 2).
Опсегот на осигурените опасности е еднаков со опсегот на наведените опасности утврдени со одредбите за осигурени опасности кај потполното каско осигурување и одредбите за осигурени опасности според комбинација 2 кај делумното каско осигурување. Ова осигурување покрива и штети што настанале како резултат на сообраќајна незгода или погонски дефект настанат по која било форма на противправно одземање на моторното возило.
Осигурувањето важи само за време додека возилото е сместено во заклучена гаража во место кое е точно наведено во полисата. Ако се договори поинаку, возилата наменети за продажба можат да се осигурат на слободен простор, под услов да се наоѓаат во простор кој е постојано чуван и заграден со добро одржувана ограда висока најмалку 2 метри.
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАШИНИ ОД КРШЕЊЕ
Предмет на осигурување на дополнително осигурување на машини од кршење Член 6
[1] Предмет на дополнително осигурување на машини од кршење може да бидат:
1) тoварни возила со специјална намена, трактори и работни машини;
2)работен уред на товарни возила, автобуси, приклучни возила и работни машини. Кога се осигурени само работните уреди на товарни возила, автобуси, приклучни возила и работни машини, штетата се надоместува само на оној мотор кој по својата конструкција е наменет исклучиво за погон на осигурените работни уреди. Шасијата, возачката кабина, каросеријата, моторот, менувачот,диференцијалот, вкупната трансмисија и сè останато што овозможува движење на работната машина во насока, во никој случај не се сметаат за работен уред;
3)шински возила на електричен погон;
4) радио станици кои не се вградени во специјални возила, радио станици и радарски уреди вградени во возила.
[2] Исто така предмет на осигурување е и хидраулично масло на влечни возила, работни машини иуреди, ако нивната вредност е вклучена во вредноста на возилото и уредот.
[3] Осигурени се само предметите наведени во полисата и тоа:
1)додека се монтираат, се подготвени за работа или работат;
2)кога се монтираат или демонтираат заради преместување или поправка, како и за време на поправка во местото каде што се наоѓа осигурениот предмет или во работилницата на Осигуреникот;
3)за време на превоз поради чистење, поправка или преместување на подрачјето на погонот, нонајмногу 15 км од подрачјето на погонот.
[4] Согласно овие услови, предмет на дополнително осигурување не се машини од кршење,ниту тогаш кога нивната вредност е вклучена во вредноста на осигурениот предмет:
1)приклучни уреди на трактори и земјоделски машини;
2)работни елементи на земјоделски машини, како: ралници, дискови, клинови на брани, ножеви,ножеви со запци за косилки, мотики и слично;
3)делови на машини што се изложени на директно термичко влијание, како: сигурносни облогина садови и уреди за согорување, решетки на лежиште, пламеници на согорувачи, електроотпорни грејачи и слично, освен мотори со внатрешно согорување;
4) делови на машини изложени на абење и замена, сита, облоги на валјаци, флексибилни цевки, ремени, четки, обрачи, оплати (од гума, текстил или синтетички материјали), влошки за филтер, филтер платна, средства за термичка изолација и затворање, делови на спојки изложени на брзо трошење, преносни кабли, клизни и движечки лежаи; 5)потрошен материјал како: гориво, мазиво, средства за разладување, средства за чистење и слично;
6)транспортни траки, ланци и јажиња;
7)пневматици (гуми) за возила;
8)гасеници на возила гасеничари, освен ако не е поинаку договорено;
9) сите видови на алат, делови на возила и уреди кои непосредно служат за кршење, ситнење и обликување;
10) средства за затнување и изолација.
Осигурени опасности на дополнително осигурување на машини од кршење Член 7
[1] Дополнителното осигурување на машини од кршење покрива штети што настанале поради уништување или оштетување на осигурените предмети како последица на ненадејни и независни настани од волјата на Осигуреникот односно возачот и тоа:
1)Грешки во конструкцијата, материјалот и изработката;
2)Непосредно дејство на електрична енергија (краток спој), атмосферско и друг преоптеретување, електричен лак и слично;
3)Прскање или распаѓање поради дејство на центрифугална сила;
4) Мраз, притисок на мраз или снег или непосредно движење на мраз и смрзната вода во моторот;
5)Натпритисок и потпритисок (имплозија);
6)Откажување на уредите за заштита или регулација, како и уредите за автоматско управување со кои е опремено возилото или машината;
7)Заглавување на опремата за бушење за време на бушење во бушотини;
[2] Осигурувањето покрива штети што настанале на хидрауличните масла на осигурените
возила и работни уреди само тогаш кога штетата е последица на оштетување, уништување на тие возила или уреди поради осигурени опасности.
[3] Кај осигурување на шински возила на електричен погон, осигурувањето покрива само штети што настанале поради непосредно дејство на електрична енергија. Не се покриени штети од останати опасности за осигурување на машини од кршење кај тие возила.
[4] Дополнително осигурување на машини од кршење може да се склучи само со потполно каско осигурување кај Осигурувачот.
ДОПОЛНИТЕЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ДОДАТНА ОПРЕМА, БАГАЖ, КОЛЕКЦИИ, МОСТРИ НА СТОКА И ДРУГИ ПРЕДМЕТИ ВО ВОЗИЛА
Предмет на осигурување на дополнително осигурување на додатна опрема,багаж, колекции, мостри на стока и
други предмети во возила Член 8
[1] Ако посебно се договори, предмет на осигурување можат да бидат и:
1) алат, додатна опрема, приклучни уреди, прибор и резервни делови, разни украсни делови, како и рекламни натписи во и на возило наменети за истото, кои се дополнително вградени, прицврстени, односно ставени во возилото;
2) аудио опрема која не е стандардно вградена од производителот на возилата, касетофон, телевизор, радиостаница и клима уред кои се конструктивно предвидени за употреба во возилото и надвор од истото. Антена и звучници се сметаат за составен дел на радиоапаратот, радиостаницата или телевизијата;
3) багаж во патнички автомобили, автобус, камп приколки, товарни и специјални возила;
4) колекции на мостри на стока во патнички автомобили и комби возила;
5) алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност, а кој се превезува во патнички автомобили и комби возила;
6) подвижна техника која се наоѓа во патнички и комби возила (инструменти, апарати, камери ислично).
[2] Осигурувањето на багаж се однесува само на предмети за лична потреба кои Осигуреникот, возачот или патниците ги носат со себе во возилото или на возилото, вклучително и облеката на себе.
Вообичаени предмети за лични потреби, зависно од времето, целта и траењето на патувањето се сметаат уште и: опрема за викенд и кампување, аматерски фотоапарат со прибор, батериски радио приемник, двоглед, ловечка пушка, лично оружје и спортски реквизити.
Накит и предмети од благородни метали се осигурени како багаж најмногу до 6.500 денари по парче. Како багаж не се смета алат, прибор, материјал што служат за вршење на професионална дејност, пари и документи од кој било вид.
[3] Багажот се осигурува како збир на предмети во поединечно возило најмногу до износ од 20. 000 денари, освен ако не е поинаку договорено.
Кај осигурувањето на патни колекции на мостри на стока во полисата се наведува каква колекција се осигурува (колекција на сувенири, манифактурна колекција, електротехничка и друга стока, итн.).
Кај осигурувања на алат и прибор кој служи за вршење на професионална дејност во полисата се наведува каков алат и прибор се осигурува, од што се состои и за која професионална дејност служи.
Кај осигурување на подвижна техника во полисата се назначува која подвижна техника се осигурува и од што се состои.
[4] Со осигурувањето се покрива штета што настанала во времето од заминувањето до враќањето од патување. Багажот, алатот и приборот кои служи за вршење на професионална дејност, како и подвижната техника се осигурени само во случај ако се пренесуваат заедно со сопственикот или вработени кај сопственикот на стоката.
[5] Предметите се осигурени додека се наоѓаат во заклучено возило или се прикачени за истото.
Багажот, колекции на мостри на стока, како и подвижната техника се осигурени и тогаш кога се наоѓаат во хотел, ресторан, преноќиште или во стан надвор од местото на живеење на сопственикот.
Осигурени опасности на дополнително осигурување на додатна опрема,багаж, колекции, мостри на стока и други предмети во возила
Член 9
[1] Дополнително осигурување на додатна опрема, багаж, колекции, мостри на стока и други предмети може да се склучи само заедно со потполно каско осигурување или делумно каско осигурување за целото време на договореното територијано покритие во договорот за осигурување за возило со кое се пренесуваат предметите. Ова дополнително осигурување може да се склучи во ист опсег во кој е веќе склучено осигурувањето на возилото кај Осигурувачот.
[2] Осигурувањето покрива штети што настанале на осигурените предмети заради оштетување, уништување или исчезнување како последица на осигурените опасности кај потполно каско осигурување или делумно каско осигурување (членови 4 и 5 од условите).
[3] Осигурувањето покрива штета што настанала поради кражба и друга форма на противправно одземање на возилото ако е украдено возилото, ако се украдени предметите од заклучено возило или од возило заклучено во гаража, ако се украдени предметите од заклучена просторија во хотел, ресторан, преноќиште или во стан надвор од местото на живеење на сопственикот.
[4] Кај осигуреник кој се занимава со јавен превоз, патниците на автобусите или патничките возила, покриени се штетите што настанале поради замена или исчезнување на багажот при издавање или прием на истите.
НЕОСИГУРАНИ ОПАСНОСТИ
Член 10
[1] Осигурувањето не ги покрива штетите кои настанале кај осигурените предмети од опасности кои не се вклучени во овие услови, како ни штетите кои настанале поради:
1) дефект за време на движење на возилото (таканаречени погонски штети), како на пример поради: грешка во материјалот, истрошеност на материјалот, лошо ракување, оштетување на федери и амортизери, продупчување, пресекување или прснување на надворешна или внатрешна гума, оштетување на тркало поради возење со празни гуми, недоволно подмачкување, недостаток на вода во ладилникот, оштетување на електрична инсталација, оптоварување преку дозволена носивост и други погонски штети. Осигурувачот, меѓутоа е во обврска да надомести штета од сообраќајна незгода, пожар и експлозија, која настанала непосредно како последица на погонска штета.Осигурувачот е во обврска да ја надомести штетата предизвикана поради дефект кога возилото е во движење (погонска штета) при остварување на ризиците кражба, противправно одземање на возило со намера да се употреби за возење и разбојништво, доколку е платен соодветен доплаток за ризикот провална кражба, противправно одземање на возило и разбојништво;
2) смрзнување на течноста во ладилникот или блокот на моторот;
3) губење на погонски материјал поради остварен осигурен случај;
4) оштетување или уништување на моторот и други делови на возилото поради губење на масло или течност од ладилникот за време на возењето после оштетување на возилото;
5) губење на гориво, масло од моторот, менувачот или диференцијалот и течност за ладење од која било причина;
6) од товарот што се превезува со возилото, освен во случај на сообраќајна незгода;
7) штета предизвикана од товар при натовар и истовар освен ако ја предизвика товарот при паѓање заради оштетување на уредот за натоварување. Ако при натовар на товар во возилото или истоварување со сопствени уреди за натовар и истовар дојде до превртување на возилото, осигурувањето ја покрива само штетата што настанала како последица на превртување;
8)штета заради ставање на возилото во погон пред завршена поправка, освен ако се работи за штета што настанала по делумна поправка на пат во друга работилница каде треба да се изврши делумна или целосна поправка;
9) техничка неисправност на возилото, освен ако техничката неисправност настанала ненадејно во текот на возењето и предизвикала остварување на ризиците од член 4 од Општите услови (осигурени опасности кај потполното каско осигурување), истрошеност на гумите на тркалата над пропишаната граница на истрошеност и во други случаи во кои штетата настанала исклучиво како последица на непридржување кон одредбите за технички и заштитни мерки;
10) при превоз со други возила по копнен, речен, езерски и морски пат или превоз на оштетеното возило до најблиската работилница каде ќе се изврши неопходната или целосна поправка;
11) намалена вредност на осигурените предмети по извршената поправка;
12) поради војна и слични случувања и непријателства, терористички чин, граѓанска војна и немири, мина, торпедо, бомби или друго оружје, заплена, одземање, затајување, ограничување или задржување како последица на тие случувања или обиди да се изврши саботажа со политички мотиви, детонација на експлозивни уреди, ако лицето кое го врши тоа делува злонамерно или со политички мотив, запленување, узурпација или други слични мерки кои ги спроведува која било власт или друга слична организација која се бори за власт или поседува власт;
13) штети кои се директна последица на трајни хемиски, термички или механички влијанија корозија, зрачење, стареење и друго);
14) штети кои се последица од трошење, абење, абразија, ерозија, кавитација и друго;
15) штети заради влага, рѓа, воден камен и слично, дури и тогаш кога осигурениот предмет бил уништен или оштетен;
16) посредни штети кои настануваат по осигурен случај (губење на заработка, прекинување на работа, казна, трошоци за наем на возило, оштетни побарувања, трошоци за чување во гаража и чување на осигурени предмети и слично) освен ако Осигурувачот е согласен и одобрените надоместоци за трошоците за нужно потребно време за чување на осигурените предмети на местото на незгодата или на друго место ако не се работи за место на живеење односно седиште на осигуреникот;
17) заради измама или затајување од трето лице на кое е дадено возилото под наем или за користење;
18) за време додека било изнајмено возилото било под наем кај трето лице;
19) ако возилото било одземено со правосилна судска одлука или решение, после постапката на полицијата, финансиската полиција или царина во земјата или странство;
20) доколу не е посебно договорено и наведено во договорот за осигурување, Осигурувачот не е во обврска за исплата на штета за кровно стакло, блиндирано стакло и други надстандардни вложувања во возило.
[2] Осигурувањето, исто така, и во случај на договорено дополнително осигурување на машините од кршење, освен наведените, не покрива штети што настанале поради:
1) недостатоци или грешки кои постоеле во моментот на склучување на договорот за осигурување кои му биле или морале да му бидат познати на осигуреникот или лицето одговорно за работата;
2) монтажа или пробна работа на нови предмети;
3) штети кои настанале во гарантен рок, за чиј надомест се должни произведувачот или продавачот, доколку нивната гаранција не е спорна;
4) трошоци за поправка на оштетените осигурени предмети, ако се утврди и поправи штетата приредовен или периодичен преглед заради одржување.
[3] Ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено и не е пресметана дополнителна премија, осигурувањето не ги покрива штетите што настанале во време кога возилото било мобилизирано и одземено од страна на власта. Осигурувањето за време на мобилизација или конфискација може да се склучи само во рамки на воени вежби и трае од моментот на доаѓање на зборното место до моментот на повторно преземање на возилото.
ГУБЕЊЕ НА ПРАВА ОД ОСИГУРУВАЊЕ
Член 11
[1] Осигуреникот го губи правото од осигурување:
1)ако со возилото управува лице без соодветна дозвола за управување на тој вид возило, освен ако:
- со возилото управува лице за време на обука за стекнување на возачка дозвола што се изведува во согласност со прописите;
- професионален возач како работник на Oсигуреникот (правно лице), кој ќе дозволи со возилото да управува лице кое нема соодветна возачка дозвола. Се смета дека возачот го управува возилото без возачка дозвола, секогаш кога во моментот на настанување на штетниот настан, според важечките прописи му била изречена забрана за управување со тој вид на возило (истекување на важноста на возачката дозвола, службено одземање на возачката дозвола, изрекување на сигурносна мерка - забрана за управување со моторно возило) како и возач почетник, доколку управува во време (помеѓу 23 часот и 5 часот) и со возило (со сила на моторот над 77 KW - за моторни возила и 25 KW - за моторцикли) спротивно на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.
2) ако во моментот на несреќата со возилото управува лице под дејство на алкохол. Се смета дека лицето е под дејство на алкохол и во следниве случаи:
- ако со анализа на крвта или други методи за мерење на концентрацијата на алкохол во организмот се утврди повеќе од 0,09‰ г/кг за професионални возачи и возач почетник и 0,5 г/кг и повеќе (0,5 ‰и повеќе) за сите останати;
- ако алко тестот е позитивен, а не се погрижи со анализа на крвта точно да се утврди степенот на неговата алкохолизираност (освен во случај кога земањето на крв не е штетно по неговото здравје - хемофилија);
- ако по сообраќајната незгода или сличен настан одбие, оневозможи или со напуштање на местото на настанот оневозможи утврдување на точниот степен на неговата алкохолизираност или консумира алкохол и го оневозможи утврдувањето на количината на алкохол во крвта;
- Ако се докаже присуство на алкохол во крвта преку ВИДМАРКОВИОТ Фактор на елиминација (0,138 %0 на час) за лицето кое управувало со возилото
3) ако во моментот на несреќата возачот е под дејство на дрога, психотропни супстанции или лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето.
Се смета дека возачот е под дејство на дрога, психотропни супстанции или лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето, во следниве случаи:
- ако со стручен преглед се утврди дека покажува знаци на пореметување поради употреба на дрога, психотропни супстанции или лекови на кои е означено дека не смеат да се употребуваат пред и за време на возењето;
- ако по сообраќајната незгода избега од местото на настанот, одбие или на друг начин оневозможи утврдување на присуство на дрога, психотропни супстанции или лекови кои не смеат да се употребуваат пред и за време на возењетово телото.
4) до остварување на ризикот кражба на возило, опрема или предмети дошло поради тоа што возилото не било заклучено.
5)ако штетата е причинета намерно или со измама од страна на Договорувачот на осигурувањето/Осигуреникот.
6) ако во текот на осигурителниот период се изврши промена, поправка или какво било дејствона возилото кое го зголемува ризикот од настанување штета.
[2] Осигурувачот ја покрива штетата при настанување на осигурениот случај:
1)која не е во никаква причинско-последична врска со околностите поради кои Осигуреникот ги губи правата од осигурување;
2)која ја предизвикал возач-вработен во правното лице, под дејство на алкохол или дрога врз возилото на
Oсигуреникот-правното лица во време додека управува со тоа возило;
3)на осигуреник кој се занимава со изнајму вање или закуп на возила, ако осигурениот случај го предизвикал возач без возачка дозвола, под дејство на алкохол или дрога.
Со исплатата на надоместот од осигурувањето сите права од Осигуреникот спрема возачот које е одговорен за штетата, преминуваат врз Осигурувачот според самиот закон, а до висина на исплатениот надомест.
ОСИГУРУВАЊЕ НА ВОЗИЛА НА ЛИЗИНГ
Член 12
[1] При осигурување на возила на лизинг, правата од договорот за каско осигурување, освен правата на бонус му припаѓаат на давачот на лизинг (сопственик на возилото) кој во полисата се запишува како Осигуреник, освен ако не е поинаку договорено.
[2] Во полисата задолжително се запишува дека осигуреното возило е на лизинг, како и сопственикот на возилото- давачот на лизинг, примачот на лизинг и број на договорот за лизинг.
[3] Ако се договори поинаку од одредбите од став 1 на овој член, се запишува клаузула за винкулација во полисата согласно договорот за лизинг.
[4] Примачот на лизинг при склучувањето на осигурувањето за возилото набавено преку лизинг има право на бонус.
[5] Со договорот за соработка меѓу Oсигурувачот и давачот на лизинг може да се предвиди дека доколку во текот на времетраењето на осигурувањето заврши договорот за лизинг и корисникот на лизингот стане сопственик на возилото, правата и обврските од договорот за каско осигурување се пренесуваат на него и ќе траат до истекот на тековното времетраење на осигурувањето.
[6] Доколку со возилото на лизинг управува лицекое не е овластено за управување, односно користењена возилото од лизинг компанијата, Осигурувачот не е должен да исплати надомест на штета.
[7] Се смета дека при финансиски лизинг ризикот затајување настаналo, ако:
- На давателот на лизинг не му е вратено возилото во сопственост со посебна постапка за стекнување на сопственост, согласно законска регулатива за финансиски лизинг;
[8] Се смета дека при долгорочен закуп (оперативен лизинг) ризикот затајување настанал, ако се исполнети следните услови:
- Закуподавачот – давателот на лизинг го раскинал договорот за долгорочен закуп, побарал од закупецот- примателот на лизинг да му го врати возилото во поседување, но возилото да не му е вратено во поседување во рок од 60 дена од денот на поднесување на барањето до закупецот.
- Закуподавачот – давателот на лизинг поднел кривична пријава до надлежен орган поради кривично дело затајување.
ОСНОВИ НА ПРЕСМЕТКА НА ПРЕМИЈА ( СУМА НА ОСИГУРУВАЊЕ)
Член 13
[1] За утврдување на премијата на склучени осигурувања за каско, како и за дополнително осигурување на возила и работни уреди од опасности за дополнително осигурување на машини од кршење се применува набавната вредност на новото возило на денот на склучување на договорот за осигурување, додека за следната година на осигурување се применува набавната вредност на ново возило на денот на обнова на осигурувањето.
[2] Набавна вредност на ново возило е извозната цена на производителот, пресметана по средниот курс на денот на
склучување на осигурувањето, зголемена за давачките (трошоци за царина, данок, транспортни трошоци и слично), освен ако во договорот за осигурување не е поинаку договорено.
[3] Ако се работи за возило кое го нема во продажба, неговата набавна вредност се утврдува според набавната вредност на слично возило. Во сите горенаведени случаи, новонабавната вредност на возилото се утврдува на еден од следните начини:
- според фактурата за продажба издадена од страна на овластениот продавач не земајќи ги предвид одобрените попусти (акции, посебни попусти и слично);
- каталог или други извори на информации прифатени од Осигурувачот.
[4] Кај возила со музејска вредност, трофејни возила, возила составени од делови на две или повеќе возила и слично, премијата за осигурување се утврдува врз основа на договорениот износ на осигурување. Договорениот износ на осигурување за тие возила не може да биде поголем од нивната пазарна вредност.
[5] За возилата специјално направени за трки, рели и брзи возења, премијата за осигурување се утврдува врз основа на договорениот износ на осигурување кој не смее да биде понизок од новонабавната вредност на денот на склучување на осигурувањето за сериско возило кое е основа за припременото возило.
[6] За возилата кои се осигуруваат од опасностите за делумно каско осигурување според комбинациите 3, 4, 5, за возилата на поправка во автомеханичарски работилници и работилници за миење и подмачкување, како и за возила со пробни таблички кај одделни потполно каско осигурувања, премијата за осигурување се утврдува врз основа на техничките карактеристики на возилото, бројот на вработени работници и просечната набавна вредност на група возила.
[7] За утврдување на премијата за осигурување на додатната опрема, рекламни натписи, багаж, патните колекции, примероци на стока и други предмети во возилата од опасности на автомобилскокаско се применува договорениот износ на осигурување. Договорената сума на осигурување се применува и кај дополнителното каско осигурување на машини од кршење на работни уреди на теретните возила, клима уреди во автобуси, радиостаници во возила како и радарски уреди во возилата.
За осигурување на тие предмети износот на осигурување се утврдува за секој предмет поединечно, освен за багажот за кој сумата на осигурување се утврдува по возило. Кај осигурување на патните колекции, мостри на стока, се утврдува за секоја колекција посебно.
ЗГОЛЕМЕНА ОПАСНОСТ
Член 14
[1] Во случај на склучено потполно или делумно каско, за зголемена опасност која влијае на премијата за каско се смета:
- Возило земено под наем (рент-а-кар);
- Возило со ,,такси,, намена;
- Возило кое се користи како заменско возило;
- Возила за тестирање и пробно возење;
- Возило за превоз на опасни материи
- Возила со надградба од пластична маса.
[2] Доколку во тарифата на премии за зголемена опасност е предвиден доплаток на премија, и истиот не е пресметан, Осигурувачот има право на осигуреникот да му ја намали исплататата на штетата според договорот за осигурување, така што ќе се помножи соодносот помеѓу пресметаната премија и премијата која би требало да биде пресметана.
НАМАЛЕНА ОПАСНОСТ
Член 15
[1] За намалена опасност и посебни околности, што влијаат на намалување на премијата за осигурување на автомобилското каско се смета:
- возило наменето и адаптирано за возење од страна на инвалид или превоз на инвалиди, ако се исполнети законските услови за ослободување од плаќање на надомест за користење на патиштата;
- старост на возило;
- сопственост на повеќе возила на договорувачот осигурани кај Осигурувачот;
- за приколки на градилишта кои служат за живеење, канцеларии, сместување на алати и сл;
- на приколки на Црвен крст и сл. организации кои се наменети за сместување во случај на елементарни непогоди (земјотрес, поплава и сл.);
[2] Доколку за намалена опасност или посебни околности бил пресметан попуст на премијата, за кој при настанување на штета ќе се утврди дека не е соодветен со одредбите во тарифата за намалена опасности посебни и околности, Осигурувачот има право да ја намали исплатата на штатата според договорот за осигурување, така што ќе се помножи соодносот помеѓу пресметаната премија и премијата која би требало да биде пресметана.
УЧЕСТВО НА ОСИГУРЕНИКОТ ВО ШТЕТА- ФРАНШИЗА
Член 16
[1] Според овие услови, за франшиза се смета задолжителна франшиза, договорна франшиза и дополнителна франшиза зависно од бројот на штетни настани во текот на осигурителниот период.
[2] Ако договорот за осигурување за патничко моторно возило е со вклучен ризик кражба, противправно одземање на возилото и разбојништво се пресметува задолжителна франшиза согласно следните параметри:
•за возила со вредност над 100.000 евра се применува франшиза во висина од 20% од висината на пресметаниот надомест за штета . Доколку се плати дополнителна премија, задолжителната франшиза може да се откупи.
[3] Ако договорот за осигурување е со вклучена договорна франшиза (учество на осигуреникот во штета), Осигурувачот ја надоместува штетата која го надминува износот на договорната франшиза. Договорната франшиза се утврдува во фиксен износ или процент од новонабавната вредност на возилото на денот на утврдување на висината на штетата,
[4] Договорна франшиза може да се договори кај осигурување на возила од опасностите од потполно каско осигурување, како и осигурување на возила и работни уреди од опасностите на дополнително осигурување од ризикот кршење.
Кај потполно каско осигурување, договорната франшиза се применува за осигурените случаи што настанале од осигурените ризици кај потполно каско осигурување, освен за:
- штети што настанале при давање помош на повредени лица во сообраќајна незгода
- намерно оштетување на осигурените предмети ако се работи за спречување на поголема штета на осигурените или други предмети и лица
- за ризикот кршење и оштетување на стакла (ветробранско, страничнo и задно) кај осигурување на патнички моторни возила не се применува во првата штета, во секоја наредна договорната франшиза ќе се применува.
[5] Кај делумно каско oсигурување комбинација 3 договорна и дополнителна франшиза не се применува.
[6] Ако во текот на траење на полисата се пријават повеќе штетни настани, се применува дополнителнафраншиза
како што следува подолу, освен ако не е поинаку договорно:
-за секоја трета штета- 30% од основната премија за осигурување;
-за секоја четврта штета- 50% од основната премија за осигурување;
-за секоја петта штета- 100% од основната премија за осигурување;-
-за секоја шеста и следна штета - 200% од основната премија за осигурување.
[7] Договорна франшиза не може да се договори кај делумното каско осигурување споредкомбинациите 1, 2, 3, 4, и 7, како и кај осигурување на додатна опрема, рекламни натписи, багаж, патни колекции, мостри на стока и други предмети, додека одредбите од став 6 од овој член за дополнителна франшиза се применуваат и кај делумното каско осигурување по сите комбинации (освен комбинација 3), ако поинаку не е договорено.
СО-ОСИГУРАНИ ЛИЦА
Член 17
[1] Осигурувањето ја надоместува и штетата што настанала од опасностите кај потполно и делумно каско осигурување на возилото кое ќе важи за договореното територијално покритие во договорот за осигурување или во мирување во случај кога на одговорното лице (овластениот возач или член на семејство со кое Осигуреникот живее во заедничко домаќинство). Осигуреникот го доверил правото за управување со возилото, освен во случај на кривично дело затајување.
УТВРДУВАЊЕ НА ВИСИНА НА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА
Член 18
[1] Висината на штетата покриена со осигурување се утврдува во следниве случаи:
1) Кај уништување или исчезнување на возило или предмети (тотална штета)
-врз основа на вредноста на осигурените предмети на денот на утврдување на висината на штетата, намалена за пазарната вредност на спасените остатоци од осигурените предмети, земајќи ја предвид нивната состојба непосредно пред настанувањето на осигурениот случај.
За утврдување на висината на штетата меродавна е набавната цена на новите осигурени предмети на денот на утврдување на висината на штетата намалена за изгубената вредност поради техничка истрошеност (амортизација). Амортизацијата и пазарната вредност на остатоците на возилото се утврдуваат согласно актите на Осигурувачот.
Амортизацијата се утврдува врз основа на староста на осигурените предмети, помината километража, техничка застареност, побарувачка на возилото на пазарот и општата состојба на осигурените предмети, со примена на соодветните мерки.
Горната граница на обврските на Осигурувачот не може да биде поголема од набавната цена на нововозило на денот на утврдување на висината на штетата, но најмногу до висината на износот на осигурување наведен во полисата.
2) Кај оштетување на осигурените предмети (делумна штета)
- врз основа на висината на трошоците за поправка, намалени за вредноста на остатоците од деловите кои се заменуваат. Во трошоци за поправка се сметаат и трошоци за монтажа, демонтажа и превоз.
Од износот на трошоците за набавка на нови делови заради замена на оштетените делови и износот на трошоците за лакирање не се одбива соодветен износ поради истрошеност (амортизација), освен кога наместо уништените, односно оштетените делови се набавуваат нови гуми, акумулатори, церада, полнач,хидраулично масло и делови од системот за издувни гасови. Во тој случај се одбива износ во висина на степенот на оштетеност.
Не се надоместуваат поголеми трошоци за поправка кои настанале поради тоа што при поправката биле направени измени, подобрувања или усовршување на некои делови.
Осигурувачот не е должен да ја надомести вредноста на целото возило или склопот ако оштетениот или уништениот склоп, односно дел не може да се набави за време на извршување на поправката, а се работи за склоп, односно дел кој е каталошки предвиден за замена.
[2] Износот на оштета, кај осигурениците кои се обврзници за плаќање данок, се намалува за пресметаниот ДДВ, а износот на оштета кај осигурениците кои не се обврзници за плаќање данок се исплаќа со ДДВ согласно одредбите на Законот за ДДВ.
[3] Ако поправката на оштетеното возило е економски неисплатлива, технички неизводлива или кога трошоците за поправка се еднакви или поголеми од 70% од реалната вредност на осигурениот предмет на денот на утврдување на штетата, се смета дека е предизвикана тотална штета.
На ист начин се утврдува висината на штетата кога осигурувањето е направено на договорената сума на осигурување.
[4] Остатоците од уништените и оштетените делови остануваат во сопственост на Осигуреникот и нивната вредност се утврдува по пазарна вредност според состојбата во која се наоѓаат во моментот на утврдување на висината на штетата, освен ако не е поинаку договорено. Таа вредност се одбива од висината на штетата.
[5] Ако при кражба или друга форма на противправно одземање на осигурениот предмет, истиот е пронајден во рок од 60 дена сметајќи од денот на пријавување на исчезнувањето на возилото кај надлежниот орган, осигуреникот е должен да го преземе тој предмет.
Ако осигурениот предмет е оштетен или уништен, штетата се пресметува во согласност со одредбите од овој член. Ако осигурениот предмет не се пронајде во рок од 60 дена, штетата се надоместува како да се работи за тотална штета без спасени делови.
Доколку украдениот предмет, односно противправно одземениот предмет се пронајде по истекот на рокот, осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест. Ако осигуреникот го задржи осигурениот предмет, евентуалната штета што настанала по загубата на тој предмет се пресметува во согласност со одредбите на овој член.
[6] При утврдување на штетата на возилото, потребно е да се земат предвид и штетите што настанале поради:
1)уништување и оштетување на возилото кое настанало при негово спасување;
2)уништување и оштетување на облеката, покривката и слично при гасење на пожар;
3)дожд и снег кој паѓал во возилото непосредно по неговото оштетување;
4) исчезнување на предмети кои се составен дел на возилото.
[7] Доколку се утврди дека во почетокот на периодот на осигурување, вредноста на осигураниот предмет била поголема од сумата на осигурување, износот на надоместот што го должи Осигурувачот се намалува сразмерно во сооднос меѓу сумата на осигурување и вредноста на осигураниот предмет (пропорција). Оваа одредба не се применува кај делумно каско осигурување комбинација 3, 5, 6 и кај осигурување на возила на поправка во автомеханичарски работилници.
НАДОМЕСТ НА ОСТАНАТИ ТРОШОЦИ ВО ВРСКА СО НАСТАНАТ ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 19
[1] Осигурувачот е во обврска да ги надомести трошоците:
1)за влечење или превоз на оштетеното возило до најблиската сервисна работилница каде може да се изврши нужна или целосна поправка;
2)за влечење или превоз на остатоците од уништеното возило, ако тоа е направено на барање на Осигурувачот;
3)за чистење на местото на незгодата или превезување на остатоците од возилото до најблиското дозволено место за депонирање. Не се покриени трошоците за превоз на товарот кој бил превезуван со возилото;
[2] Осигурувачот не е должен да ги надомести трошоците:
1)за отстранување и намалување на причината на штетата (превентивни мерки);
2) за интервенција на противпожарно или друго друштво кое е должно да пружи бесплатна помош при осигурен случај.
ОБВРСКА НА ОСИГУРУВАЧОТ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТETА
Член 20.
[1] При утврдување штета кај осигурени возила и работни уреди, Осигурувачот прави исплата во полн износ но најмногу до вредноста на осигурениот предмет, односно до износот наведен во полисата.
[2] Утврдената штета на додатна опрема, рекламни натписи, багаж, патни колекции, примероци на стока и други предмети, како и штета кај возила наменети за трки, рели и брзи возења, Осигурувачотги исплаќа во полн износ, но најмногу до договорениот износ на осигурување.
[3] Покрај штетата на осигурените предмети, Осигурувачот ги надоместува и трошоците во врска со осигурениот случај и тоа на начин на кој збирно не ја надминуваат вредноста на предметите или договорениот износ на осигурување.
Осигурувачот ги надоместува трошоците и над вредноста на осигурените предмети или договорениот износ на осигурување ако истите настанале по негов налог или поради спречување на непосредна осигурена опасност. Но ако Осигуреникот не ја исполни својата обврска за спречување на осигурен случај или обврската за спасување, а за тоа нема оправдување, обврската на Осигурувачот се намалува за толку колку што се зголемила штетата заради тоа неисполнување.
[4] Ако во договорот за осигурување е вклучена и договорна франшиза, дополнителна или задолжителна франшиза надоместокот за штета се намалува за тој износ.
[5] Друштвото е должно најдоцна во рок од 14 дена од денот на поднесување на барањето за надомест на штета да провери дали кон барањето за надомест е доставена потребната документација за реализација на оштетното побарување и да изврши увид и проценка на оштетувањата.
Доколку барањето е некомплетно, Осигурувачот во рокот од 14 дена, по писмен или електронски пат е должен до Осигуреникот или од него овластено лице, да побара да се комплетира барањето.
[6] Осигурувачот во рок од 60 дена доставува образложена понуда или образложен одговор до Осигуреникот.
[7] Осигурувачот може да донесе одлука за решавање на штетата и во случај кога Осигуреникот не постапил по најмалку две последователни барања за доставување на дополнителна документација од став 6 на овој член, но ваквата одлука не може да биде донесена во рок пократок од 90 дена од денот на поднесување на барањето за штета.
[8] Доколку износот на штетата не е утврден во рокот одреден во став 5 од овој член, Осигурувачот е должен да исплати сума на неспорен дел на својата обврска на име аконтација.
[9] При кражба или друг облик на противправно одземање на осигурениот предмет, Осигурувачот е должен да исплати надомест по 60 дена од денот на пријавувањето на исчезнувањето на возилото кај надлежниот орган, врз
основа на документ од надлежниот орган дека возилото не е пронајдено и доказ за поднесена кривична пријава Доколку, осигурениот предмет се пронајде по истекот на 60 дена, Осигуреникот има право да го преземе, односно задржи возилото, но под услов да го врати евентуално исплатениот надомест. Ако осигурениот предмет е оштетен или уништен, обврската на Осигуреникот за поврат на исплатениот надомест се намалува за онолку колку што изнесува штетата на осигурениот предмет.
Ако Осигуреникот не го преземе осигурениот предмет, Осигурувачот организира негова продажба.
УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ШТЕТНИ НАСТАНИ
Член 21
[1] Утврдување на премијата на осигурување врз основа на штетните настани се применува на еден од следниве начини:
1) за секое возило посебно, во зависност од бројот на пријавени штети; или
2)за група со 6 или повеќе возила во зависност од односот меѓу пријавените штети и платените премии за осигурување
3)пријавената штета е штета на осигуреното возило врз чија основа Осигурувачот исплатил надомест односно се наоѓа во постапка за одлучување при продолжување или обновување на осигурувањето.
[2] Кај поединечни осигурувања (5 или помалку возила) премијата се одредува во зависност од бројот на пријавени штети за секое возило посебно кај потполно каско осигурување на сите видови на возила и кај потполно каско осигурување со дополнително осигурување на машини од кршење, освен кај осигурените возила кои се на поправка во работилници и кај посебни форми на потполното каско осигурување. Премијата за осигурување се утврдува за секое возило посебно, земајќи го предвид поминатото време на осигурување на возилото од одреден вид, без пријавена штета, односно број на пријавени штети во претходната осигурителна година.
Потполното каско осигурување проширено со дополнително осигурување на машини од кршење претставува целина. Во утврдувањето на премијата за осигурување во зависност од бројот на штетни настани, подеднакво влијаат и осигурените случаи што настанале заради осигурените опасности за потполното каско осигурување или заради осигурените опасности за дополнително осигурување на машини од кршење.
Одредбите од овој став не се применуваат кај дополнително осигурување на багаж, патни колекции, мостри на стока и други предмети при утврдување на премијата за осигурување.
УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД БРОЈОТ НА ПРИЈАВЕНИ ШТЕТИ
Член 22
[1] Ако при склучување на договорот за осигурување е договорено дека при утврдувањето на премијата за осигурување се зема предвид изминатото времетраење на осигурување без пријавенаштета, односно бројот на пријавени штети во минатиот период на осигурување за секое возило посебно, истата се утврдува врз основа на распределувањето во одредена премиска класа со која е утврден премискиот степен на основната премија за осигурување која треба да се земе предвид.
Премиски класи и степени на основната премија за осигурување се:
Премиски класи | ||||||||||||||
2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 |
Степени на основната премија во % | ||||||||||||||
50 | 50 | 50 | 50 | 60 | 70 | 80 | 90 | 100 | 110 | 120 | 135 | 150 | 170 | 200 |
[2] Распоредување во одредени премиски класи:
Бонус:
1)за секое ново осигурување, премијата за осигурување се одредува врз основа на десеттата премиска класа и 100%
степен на основната премија за осигурување;
2)секоја година на осигурување без пријавена штета овозможува распоредување за една премискакласа пониско во следната осигурителна година (бонус);
Малус:
3)секоја пријавена штета во изминатата година, односно период на осигурување има за последица распоредување за две премиски класи повисоко во следната година на осигурување (малус), со тоа што при распоредувањето се земаат предвид најмногу 4 пријавени штети во истата осигурителна година. Ако во претходната осигурителна година е пријавена само една штета чија вредност не надминува 40% од износот на премијата во полисата (премија за потполно каско без премија по комбинации), осигуреникот не го губи стекнатиот бонус кој во целост се пренесува во следната година на осигурување.
УТВРДУВАЊЕ НА ПРЕМИЈА НА ОСИГУРУВАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ПРИЈАВЕНИ ШТЕТИ И ПЛАТЕНА ПРЕМИЈА
Член 23
[1] Ако при склучување на осигурување е договорено дека при утврдување на премијата за осигурување ќесе земе предвид односот меѓу ликвидираните и резервираните штети и платената премија, тогаш премијата се утврдува на следниов начин:
- осигуреникот кај кој односот меѓу пријавените штети и платената премија во изминатите 3 календарски години изнесува помалку од 70%, тогаш премијата за осигурување за следниот осигурителен период се намалува (бонус) во висина на половина од разликата меѓу 70% и во процентуално изразениот постигнат однос;
- осигуреникот кој во изминатите 3 години немал исплатен надомест за штети, има право на бонус од 50%;
- oсигуреникот кај кој односот меѓу платениот надомест за штета и платената премија во изминатите 3 календарски години изнесува повеќе од 90%, премијата за осигурување за следниот осигурителен период се зголемува (малус) за процент кој е еднаков на половина од разликата меѓу постигнатиот однос и 90% со тоа што зголемувањето да не може да изнесува повеќе од 200%.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ ЗА БОНУС И МАЛУС
член 24
[1] При утврдување на премијата за осигурување врз основа на бројот на пријавени штети се земаат предвид и следниве одредби:
1)штета што е пријавена по потполно каско осигурување и што настанала поради еден од осигурените ризици наведени во точка 1 од став 2 во 5 член од овие Услови (комбинација 3), не се смета како пријавена штета и не влијае на бонусот ниту на малусот. Исто така се смета дека штетата не е пријавена ако настанала поради оштетување на возилото при давање помош на лица повредени во сообраќајна несреќа или намерно оштетување на осигурените предмети ако е во прашање спречување на поголема штета кај осигурените или други предмети и лица;
2)ако осигурувањето било во прекин, осигуреникот по прекинот има право на ист бонус за истото возило или за возилото кое го заменил, ако до прекин во осигурувањето дошло пред истекот на годината на осигурување и ако прекинот не траел подолго од пет години, под услов во претходниот период до склучувањето на нов договор за осигурување, да не пријави штета.
3)ако осигурувањето било прекинато по истекот на осигурителната година во која осигуреникот не пријавил штета, ниту пак е пријавена штета за време на прекинот, осигуреникот има право на „бонус” како да немало прекин, под услов прекинот да не траел повеќе од пет години.
4) во случај на пренос на сопственост на возилото, правото на бонус се пренесува на новиот сопственик како и обврската за плаќање на малус.
5)ако осигуреникот по уништување, исчезнување или пренос на сопственост на возилото согласно одредбите од член 27 од овие Општи услови, осигурува друго возило, оствареното право на „бонус” односно обврската за плаќање на малус се пренесува и за новото возило, ако новото возило е од иста премиска група;
6)осигуреникот има право на бонус, односно му се пресметува малус ако донесе писмена потврда од претходниот осигурувач за претходното траење на осигурувањето и бројот на последователни години без пријавена штета, односно број на пријавени штети;
7)при утврдување на премијата за осигурување врз основа на односот меѓу пријавените штети и наплатена премија за осигурување се земаат предвид и следниве одредби:
- бонус односно малус според овие Услови се пресметува и за возила кои осигуреникот ќе ги набави во тековната година на осигурување;
- во случај на прекин на осигурувањето и повторно склучување на договор за осигурување на Осигурувачот му се пресметува бонус односно малус врз основа на резултатите во последните три календарски години додека траело осигурувањето. Ако прекинот траел повеќе од две години се пресметува премија за осигурување без бонус односно малус;
- ако Осигурувачот не располага со податоци за премиите и штетите за најмалку три претходни календарски години, бидејќи осигуреникот не бил осигурен доволно долг временски период, за утврдување бонус односно малус се користат податоци за две односно една календарска година;
- одредбите за утврдување премија за осигурување со примена на односот меѓу ликвидирани надоместоци за штети и наплатена премија за осигурување се применуваат само кај осигуреници кои на крајот од изминатата календарска година имаат осигурено повеќе од 6 возила.
8)штетата се смета дека не е пријавена ако во рок од 3 години е ликвидирана без исплата на надомест или ако целокупниот исплатен износ е регресиран по кој било основ, како и ако осигуреникот го вратил исплатениот надомест. 9)Осигурувачот и осигуреникот имаат право да бараат повторно пресметување на зголемување, односно намалување на премијата за осигурување на крајот од следната осигурителна година, доколку дополнително се утврди дека пресметката за премија е заснована на погрешни податоци за пријавени штети, односно погрешно утврден однос помеѓу ликвидираниот надомест на штети и наплатената премија за осигурување.
ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 25
[1] Договорот за каско осигурување може да се склучи врз основа на понуда од договорувачот на осигурувањето која во писмена форма му ја поднесува на Осигурувачот.
[2] По приемот на понудата, Осигурувачот може да побара дополнување или појаснување. Се смета дека понудата пристигнала кај Осигурувачот кога го добил бараното дополнување или појаснување.
[3] Писмената понуда доставена до Осигурувачот за склучување на договор за осигурување го обврзува понудувачот, ако не одредил пократок рок, во период од 8 дена од денот на пристигнување на понудата кај Осигурувачот. Ако Осигурувачот во тој рок не го одбие барањето, кое не отстапува од условите што ги предложил за осигурување, ќе се смета дека го прифатил барањето и дека договорот е склучен.
[4] Одредбите за склучување на договор за осигурување важат и во случај кога ќе се промени постојниот договор за осигурување, освен во случај на промена на условите за осигурување или тарифата на премии.
[5] Во случај на договор склучен на далечина, Осигурувачот може да одреди дека договорот за осигурување е склучен со самата уплата на премијата.
ТРАЕЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 26
[1] Доколку не е поинаку договорено, осигурителното покритие од договорот за осигурување започнувапо истекот на 24 часот на денот што во полисата за осигурување е означен како почеток на траење на осигурувањето под услов до тој ден да е платена договорената премија или првата рата на премија, а во спротивно по истекот на 24 часот од денот кога премијата е платена.
[2] Осигурителното покритие престанува по истекот на 24 часот на денот означен во полисата на осигурување како ден кога истекува осигурувањето. Ако полисата за осигурување содржи само почеток на осигурувањето, договорот за осигурување се продолжува од година во година, се додека една од договорните страни не го откаже најмалку 3 месеци пред доспевањето на премијата.
ПРЕНОС НА ПРАВО НА СОПСТВЕНОСТ НА ПРЕДМЕТОТ НА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 27
[1] Со промена на корисникот, односно сопственикот на осигурените предмети, договорот за осигурување престанува да важи од 24 часот од денот на издавање на фактура за продажба (правни лица) или заверен купопродажен договор.
[2] Договорувачот на осигурувањето има право да побара поврат на премија за неискористеното времетраење на осигурувањето, ако во таа година не настанал осигурен случај.
[3] Одредбите од овој член се применуваат и при осигурување на повеќе предмети со една полиса. Ако во една полиса се осигурени повеќе возила, договорот за осигурување престанува да важи за она возило кое го променило сопственикот.
[4] Доколку се промени сопственоста врз основа на наследство или истекување на лизингот согласно став 5 од член 12, договорот за осигурување останува во сила. Врз основа на писмено барање од Осигуреникот, Осигурувачот може да одобри пренос на договорените права и обврски од договорот за осигурување на новиот сопственик до истекот на тековниот период на осигурување, под услов пренесувачот на правата и обврските да ја платил премијата во целост.
[5] Кај осигурувањето исклучиво од ризикот кршење на стакло на патнички возила како дополнителен ризик во полисите за Автомобилска одговорност, при промена на сопственоста на возилото договорот за осигурување се пренесува на новиот сопственик.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈАТА
Член 28
[1] Првата рата или еднократна премија, договорувачот на осигурувањето мора да ја плати при склучување на договорот за осигурување, а остатокот од премијата за кој е договорена динамика за плаќање на рати треба да се плати најдоцна пред истекот на осигурувањето. При настанување на осигурен случај за наплата доспева целата ненаплатена премија од тековната година на осигурување.
[2] Ако е договорено плаќање на премијата на рати, а ратата не е платена до денот на доспевање, може да се пресмета законска камата.
[3] Ако и без разлика на договореното време на осигурување во договорот била определена пониска премија, а осигурувањето од било кои причини престанало пред истекот на тој период, Осигурувачот има право да ја наплати разликата до онаа премија која договорувачот на осигурувањето би морал да ја плати доколку договорот за осигурување би бил склучен само за толкав период колку што навистина траело осигурувањето.
[4] Во случај на престанок на важноста на договорот за осигурување поради неплаќање на доспеаната премија, договорувачот мора да ја плати премијата за неплатениот период до денот на престанок на важноста на договорот за осигурување или целокупната премија за тековната година на осигурување, ако до денот на престанок на осигурувањето настанал осигурен случај за кој Осигурувачот има обврска да исплати надомест од осигурување.
ПОСЛЕДИЦИ ОД НЕПЛАЌАЊЕ НА ПРЕМИЈА
Член 29
[1] Ако е договорено премијата да се плаќа при склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува наредниот ден од денот на уплатата на премијата.
[2] Ако е договорено премијата да се плаќа по склучувањето на договорот, обврската на Осигурувачот да го исплати надоместот или сумата определена со договорот почнува од денот определен во договорот како ден на почеток на осигурувањето.
[3] Ако Договорувачот на осигурувањето премијата што стасала по склучувањето на договорот не ја плати до стасаноста, ниту тоа го стори некое друго заинтересирано лице, договорот за осигурување престанува, по истекот на рокот од 30 дена од кога на договарачот на осигурувањето му е врачено препорачано писмо од Осигурувачот со известување за стасаноста на премијата, но со тоа што тој рок да не може да истече пред да поминат 30 дена од стасаноста на премијата.
[4] Во секој случај договорот за осигурување престанува ако премијата не биде платена во рок од една година од стасаноста.
ПОВРАТ НА ПРЕМИЈА
Член 30
[1] Ако осигуреното возило биде уништено пред почетокот на осигурителното покритие, Осигурувачот го враќа
износот на платената премија за осигурување.
[2] Осигурувачот враќа дел од износот на премијата за осигурување за неискористеното времетраење на осигурувањето, доколку осигурениот предмет бил уништен или исчезнал поради неосигурени опасности, како и доколку тоталната штета е покриена врз основа на осигурувањето од одговорност на причинителот на штетата. Неискористеното времетраење на осигурување се смета од денот на прием на писменото барање на Осигуреникот за поврат на премија. Осигуреникот има право да бара поврат на премија ако во таа осигурителна година не настанал осигурен случај.
[3] На Осигурувачот му припаѓа целата премија за тековната осигурителна година, ако осигурениот предмет е уништен поради осигурени опасности.
[4] Ако осигуреникот го одјави возилото кај надлежен орган и ги врати регистарските таблички, Осигурувачот, на барање на Осигуреникот може да врати дел од премијата за неискористеното времетраење на осигурувањето. Осигуреникот има право да бара поврат на премија ако во таа осигурителна година не настанал осигурен случај.
[5] Во други случаи на престанок на осигурувањето пред неговото истекување за кое е платена премија, на Осигурувачот му припаѓа премијата за осигурување до денот до кој трае осигурителното покритие.
[6] Поврат на премија на барање на Осигуреникот е можен врз основа на докази за исполнување на условите за поврат на премија.
[7] При пресметката на неискористениот дел од премијата во смисла на претходниот став, Осигурувачот може да ги вклучи и трошоците за обработка на таквото барање, но најмногу до 10% од неискористениот дел од премијата.
[8] Премијата за осигурување не се враќа на Договорувачот на осигурувањето, ако Осигурувачот наплати побарување по основ на регрес од лицето одговорно за штетата.
ОБВРСКИ НА ОСИГУРЕНИКОТ ПРИ НАСТАНУВАЊЕ НА ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 31
[1] Кога ќе настане осигурен случај, Осигуреникот е должен:
1) веднаш да ги преземе сите мерки кои се во негова моќ за отстранување и намалување на штетата на оштетениот осигурен предмет, да го обезбеди од натамошни оштетувања, придржувајќи се кон упатствата што ќе му ги даде Осигурувачот;
2) веднаш да го извести Осигурувачот, а најдоцна во рок од 3 дена по дознавање за осигурениот случај. Доколку известувањето не е во писмена форма, должен е најдоцна во следните три дена писмено да ја потврди пријавата каде треба да ги наведе и оштетените, уништени или исчезнати предмети, нивната приближна вредност и околностите под кои настанал осигурениот случај. Оштетното побарување може да го поднесе лично или преку полномошник, директно во архивата на Друштвото на адресата на нејзиното седиште, во било која подружница на Друштвото, преку пошта или по електронски пат на е-маил: prijаvа.steti@hаlkinsurаnce.com.mk;
3) при настанување на штета на осигуреното возило од ризиците пожар, експлозија, кражба, тешка кражба и сите видови противправно одземање на возилото, како и сообраќајна незгода во која некој го загубил животот или е повреден или настанала поголема материјална штета при сообраќајна незгода, веднаш треба да го извести надлежниот орган (МВР) и Осигурувачот за уништените, односно оштетените работи со приближна проценка на нивната вредност; По известување на надлежниот орган (МВР) да достави записник за увид од лице место. 4)Задолжително се повикува надлежен орган (МВР) и во услови на помала материјална штета доколку несреќата настанала како резултат на удар на животно на јавните патишта каде е предвидено плаќање на патарина. При пријава на оштетното побарување задолжително да приложи доказ-платена патарина.
5) до увидот на оштетувањата од страна на претставникот на Oсигурувачот да не ја промени положбата на оштетените, односно уништените предмети, освен ако промената е нужна во јавен интерес или поради смалување, односно спречување на зголемување на штетата;
6) во случај на помала материјална штета на возила, кога не се оштетени виталните делови за управување и запирање и возилото може самостојно да се движи, возилото треба веднаш да се отстрани од коловозот овозможувајќи непречено одвивање на сообраќајот заедно со другите учесници во настанатата сообраќајна незгода. Со другиот учесник се пополнува Европски извештај за незгодата и со присуство на двете возила се врши напореден увид и процена на штета.
7) во случај на кражба или друг вид на противправно одземање на возилото, да се предаде целата расположлива документација за возилото и сите оргинални клучеви од украденото возило по настанот, но пред исплатата на оштетата;
8) При отстранување на штета настаната надвор од територијата на Република Македонија, осигуреникот има право да ја отстрани само минимално потребната штета што му овозможува возна состојба на возилото. Сите други дополнителни поправки, претходно мора да бидат одобрени од Oсигурувачот;
[2] Осигуреникот е должен да му ги обезбеди на Oсигурувачот сите податоци со кои располага, а кои се неопходни за утврдување на причината, обемот и висината на штетата.
Осигурувачот исто така може да побара од Oсигуреникот да му обезбеди и други докази, а особено доказ дека го пријавил настанувањето на случајот кај надлежен орган. Ако осигуреникот не ги приложи бараните податоци и докази, се смета дека не го докажал настанувањето на осигурениот случај.
[3] Ако Oсигуреникот по своја вина не го пријави настанувањето на осигурен случај на време и начин одреден во овие услови, должен е на Oсигурувачот да му ја надомести евентуалната штета што би ја имал.
[4] За возило дадено на користење од страна на Рент-а-кар компанија, да обезбеди копии на возачка дозвола и пасош како и телефон и адреса на постојан престој на лицето кое го користи возилото.
УТВРДУВАЊЕ И ПРОЦЕНА НА ШТЕТА
Член 32
[1] По приемот на писмената пријава за настанатиот осигурен случај, Oсигурувачот е должен веднаш а најдоцна во рок од 3 дена да пристапи кон утврдување и процена на штетата. Ако тоа не го стори, Oсигуреникот може сам да изврши проценка и отстранување на последиците од штетата, под услов претходно да обезбеди доказ за настанување на осигурениот случај и обемот, како и висината на штетата.
[2] Во случај договорните страни да не се согласат при заедничко утврдување и процена на штетата, секоја од договорните страни може да побара утврдување и процена на штетата од комисија на стручни лица (вештаци). Предмет на вештачење можат да бидат само спорни околности во поглед на настанување на осигурен случај, обемот на оштетување и висината на штетата.
[3] Секоја од договорните страни назначува свој вештак во писмена форма. За вештаци можат да се назначат лица кои не се во работен однос кај Oсигурувачот односно Oсигуреникот. Пред почетокот на вештачењето, двата вештаци назначуваат трет вештак кој дава свое мислење кога тврдењата на двата вештаци се различни и само во граница на неопходните заклучоци. Мислењето на третиот вештак е конечно и може да се оспори само во случај на грешка во пресметката.
[4] Секоја договорна страна ги покрива трошоците за вештакот кој го именувала, а за третиот вештак трошоците се делат на половина.
ПРАВНА СИТУАЦИЈА ПО ОСИГУРЕН СЛУЧАЈ
Член 33
[1] По настанувањето на осигурен настан во кој возилото било оштетено (делумна штета), тоа и понатаму останува осигурено во висина на неговата вредност во согласност со одредбите на овие услови.
[2] За возилото кое е уништено или украдено (тотална штета) – вклучително и економска тотална штета, осигурувањето кај потполното, сите делумни каско осигурувања и кај дополнителните осигурувања, престанува веднаш по осигурениот настан со денот на уништување или исчезнување.
[3] Одредбите од овој член соодветно се применуваат и кај осигурени случаи кај кои се оштетени, уништени или исчезнати и останатите осигурени предмети.
ПРЕМИН НА ПРАВАТА КОИ ГИ ИМА ОСИГУРЕНИКОТ КОН ОДГОВОРНОТО ЛИЦЕ, НА СОСИГУРУВАЧОТ(СУБРОГАЦИЈА)
Член 34
[1] Со исплата на надомест, сите права на Осигуреникот кон лицето кое е одговорно за штетата преминуваат на Осигурувачот и тоа во висина на исплатениот надомест.
[2] Доколку по вина на Осигуреникот, во целост или делумно е оневозможено преминување на правата од став 1 од овој член, Осигурувачот во одредена мера се ослободува од своите обврски спрема Осигуреникот.
[3] Преминувањето на правата од Осигуреникот на Осигурувачот не може да биде на штета на Осигуреникот, така што ако надоместокот кој Осигуреникот го добил од Осигурувачот е понизок од износот кој му следува, Осигуреникот има право да бара исплата на остатокот од надоместокот од средствата на одговорното лице, пред исплатата на побарувањата на Осигурувачот врз основа на правата кои преминале на Осигурувачот.
[4] Како исклучок од одредбите за премин на правата од Осигуреникот на Осигурувачот, правата не преминуваат на Осигурувачот ако штетата е предизвикана од сопружник, деца на Осигуреникот, брат или сестра, посвоител или посвоеник со Договорувачот на осигурување или Осигуреникот, лице кое живее во заеднички дом со Осигуреникот, овластен возач кој го користел возилото со одобрение од Осигуреникот, освен ако тие лица намерно ја предизвикале штетата. Овластен возач се смета и работник кај Осигуреникот, лице кое на прописен начин учи да управува со возилото и возач кој го стекнал правото за управување со возилото со договор за наем од Осигуреникот кој се занимава со изнајмување на возила, со тоа што независно од одредбите од овој став, Осигурувачот во секој случај има право на регрес спрема возачот или одговорното лице ако надоместокот од осигурување е исплатен врз основа на став 1 од член 11 од овие услови.
ФОРМА НА ДОГОВОРОТ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 35
[1] Документацијата кон Договорот за осигурување и во врска со Договорот за осигурување мора да биде на македонски јазик и во пишана форма, или во договорена електронска форма.
[2] Сите известувања и изјави што треба да се дадат според одредбите на договорот за осигурување мора да бидат во писмена форма.
[3] Како ден на прием се смета денот на прием на пратката пратена по пошта на последната дадена адреса од страна на примачот или денот на прием на пораката пратена во електронската форма.
ИЗМЕНА НА УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ И ТАРИФА НА ПРЕМИИ
Член 36
[1] Aкo ocигypyвачoт ги измeни Уcлoвитe за ocигypyвањe или Tаpифата на пpeмии, дoлжeн e за тoа пиcмeнo, или на дpyг пoгoдeн начин, да гo извecти дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo наjдoцна шeeceт дeна пред истекот на тековната година на осигурувањето.
[2] Дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo има пpавo да гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poк oд шeeceт дeна oд дeнoт на пpиeмoт на извecтyвањeтo. Bo тoj cлyчаj, дoгoвopoт за ocигypyвањe пpecтанyва да важи co иcтeкoт на тeкoвната гoдина на ocигypyвањeтo.
[3] Aкo дoгoвopyвачoт на ocигypyвањeтo нe гo oткажe дoгoвopoт за ocигypyвањe вo poкoт oд cтав 2 oд oвoj члeн, дoгoвopoт за ocигypyвањe вo пoчeтoкoт на наpeдниoт пepиoд на ocигypyвањeтo ce мeнyва вo cooбpазнocт co
извpшeнитe измeни вo Уcлoвитe за ocигypyвањe, oднocнo Tаpифата на пpeмии.
ПРОМЕНА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Член 37
[1] Осигуреникот е должен да го извести Осигурувачот за: промена на адресата на живеење, односно седиштето, промена на своето име или презиме, односно називот на фирмата, промена на трансакциска сметка, промена на телефонски број за контакт, во рок од 15 дена од денот на настанување на промената.
[2] Доколку осигуреникот ја променил адресата на живеење, односно седиштето или своето име, односно името на фирмата, а за тоа не го известил Осигурувачот, доволно е Осигурувачот известувањето кое мора да му го соопшти на осигуреникот да го испрати на адресата на неговото последно постојано живеалиште или седиште или да го адресира на последното познато име, односно фирма.
[3] Во случај кога обидот да се достави препорачаната пратка до осигуреникот не успее (поради преселување или одбивање да се прими) Осигурувачот вратената пратка ќе ја смета како доставена и ќе ја депонира во своето седиште. Осигуреникот се согласува дека вратените недоставени пратки се сметаат како примени на денот од првиот обид за доставување и дека е запознат со содржината на пратката.
[4] Осигурувачот исто така има овбрска да го извести осигуреникот за: промена на седиштето на друштвото, промена на називот на друштвото промена на контактите на друштвото телефон, емаил адреса и сл.
ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Информации во врска со обработка на лични податоци Член 38
[1] Идентитет и контакт на податоците на контролорот и офицерот за заштита на личните податоци: Контролор: Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, Седиште во Скопје на ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, e-mаil: info@hаlkinsurаnce.com.mk, Офицер за заштита на личните податоци: dpo@hаlkinsurаnce.com.mk. Дополнителни податоци за офицерот за заштита на личните податоци може да најдете на интернет страницата на Друштвото www.hаlkinsurаnce.com.mk.
Обработка и заштита на личните податоци Член 39
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје врши обработка (собирање, евидентирање, организирање, чување итн.) на лични податоци на осигуреници, договорувачи на осигурување, нивните законски застапници или полномошници во согласност со одредбите на Законот за заштита на лични податоци и другите релеванти позитивни законски прописи, применувајќи соодветни технички и организациски мерки за обезбедување на безбедност на личните податоци. Собраните лични податоци се дел од збирките на лични податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, а Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје во својство на контролор на личните податоци, истите ги користи согласно основните начела за обработка на лични податоци дефинирани во Законот за заштита на личните податоци.
Правен основ за обработката на личните податоци Член 39-а
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува лични податоци кои се неопходни при склучување на договорите за осигурување (полиси), врз основа на член 109 од Законот за супервизија на осигурување, а во согласност со Законот за заштита на личните податоци.
[2] Личните податоци се неопходни за обработка од страна Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје со цел исполнување на правата и обврските што произлегуваат од договорот за осигурување, односно обработката на истите претставува основа за оценување на осигурително покритие и степен на оштета.
Цели за обработката на личните податоци Член 39-б
[1] Личните податоци (телефонски број и електронска адреса – e-mаil), Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува со цел остварување на контакт заради ефикасно остварување на права и обврските кои произлегуваат од договорите за осигурување (полиси). Овие податоци за цели доставување на рекламни материјали, промоции, понуди како и за други цели на директен маркетинг од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе бидат искористени само доколку имате дадено согласност, преку одбирање на соодветната опција за согласност.
[2] Со цел водење на постапка за надомест на штета и воспоставување на бази на податоци за настанати штети, оценување на осигурително покритие и степен на оштета Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје обработува и копии од документи во кои се содржани и лични податоци.
[3] Личните податоци од став 1 и став 2 на овој член Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на претходна согласност од субјектот на личните податоци, а недавањето на согласност за обработка на овие податоци може да има за последица несоодветно оценување на осигурително покритие или
степен на оштета или пак неисплаќање на оштетно барање.
[4] Согласноста за обработка на личните податоци од ставот 3 на овој член може да се повлече во секое време преку доставување на известување за повлекување на согласност по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.2, 1000 Скопје, со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@hаlkinsurаnce.com.mk. Со повлекување на согласноста за обработка на лични податоци Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ќе прекине со понатамошна обработка на личните податоци и истите ќе ги избрише од базите на податоци со што можат да настанат последици наведени во став 3 од овој член.
Рокови на чување на лични податоци Член 39-в
[1] Личните податоци, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги чува во рок за цело времетраење на договорниот облигационен однос, односно најмногу до 10 години по истекот на договорот за осигурување или во случај на настанување на штета, 10 години по затворањето на случајот на настанување на штетата, односно од денот на целосната исплата на надоместокот за настаната штета согласно член 109 став 8 од Законот за супервизија на осигурување.
[2] По истекот на роковите од став 1 на овој член личните податоци ќе бидат избришани/уништени од базите на податоци на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје и истите нема да се обработуваат за други цели.
Права на субјектите на личните податоци Член 39-г
[1] Остварување на правата кои произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци (право на пристап, корекција, бришење, ограничување на обработката на лични податоци, приговор и преносливост), се врши преку доставување на барање на електронската адреса на офицерот за заштита на лични податоци: dpo@hаlkinsurаnce.com.mk. На истата електронска адреса може да се достави барање во врска со сите прашања поврзани со обработката на личните податоци.
[2] Доколку субјектот на лични податоци смета дека обработката на личните податоци за целите наведени во член 39- б, од страна на Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци, или пак смета дека е повредено некое право за заштита на личните податоци, има право да поднесе барање за утврдување на прекршување на прописите за заштита на личните податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци како надлежен орган за вршење на надзор над законитоста на преземените активности при обработката на личните податоци на територијата на Република Северна Македонија.
Пренос на личните податоци Член 39-д
[1] Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје може да изврши пренос на лични податоци во земји членки на Европската Унија, земји членки на Европскиот економски простор и трети земји. За вршење на преносот на лични податоци во земји членки на Европската унија и Европскиот економски простори се известува Агенцијата за заштита на личните податоци, а преносот на лични податоци во трети земји се врши по претходно добиено одобрени од страна на Агенцијата за заштита на личните податоци. При вршење на преносот на личните податоци се обезбедува високо ниво на технички и организациски мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци. Исто така, се обезбедуваат сите неопходни заштитни мерки за обезбедување на тајност и заштита на личните податоци преку стандардни клаузули за заштита на личните податоци кои се одобрени и објавени од страна на Европската комисија. Сите дополнителни информации во однос на заштитните мерки може да се добијат со поднесување на барање по пошта на следната адреса: ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2 со назнака за Офицерот за заштита на лични податоци или преку електронска адреса dpo@hаlkisnurаnce.com.mk.
Обработка на лични податоци за цели на директен маркетинг Член 39-ѓ
[1] Личните податоци за цели на директен маркетинг, Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје ги обработува само врз основа на експлицитна согласност за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг за своите услуги.
[2] Согласноста за обработка на личните податоци за цели на директен маркетинг може да се повлече во секое време, бесплатно, со писмено барање (доставено на следната електронска адреса: dpo@hаlkinsurаnce.com.mk, или по пошта до Друштвото за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје, ул. Мајка Тереза бр.1 влез 2, 1000 Скопје, со назнака “До Офицерот за заштита на лични податоци”).
НАДЗОР НАД ДРУШТВОТО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
Член 40
[1] Орган надлежен за надзор на осигурителното друштво е Агенцијата за супервизија на осигурување.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 41
Постапка по приговори
Во случај Осигурувачот и Осигуреникот да не се согласат по однос на обемот и висината на штетата, Осигуреникот има право на приговор во рок од 30 дена од приемот на писмената понуда/образложен одговор од Осигурувачот, до Второстепената комисија за решавање на приговори по штети, која е должна во рок од 30 дена да одговори по приговорот.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови кои би произлегле од договорот за осигурување, договорните страни ќе ги решаваат спогодбено, а доколку до спогодба не дојде надлежен е Основниот граѓански суд Скопје.
Право на преставка
Ако Осигуреникот кој е физичко лице смета дека Осигурувачот не се придржува кон одредбите од договорот за осигурување, има право согласно одредбите од Законот за супервизија на осигурувањето да поднесе претставка до:
- Осигурувачот - Друштво за осигурување ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје,
- Агенцијата за супервизија на осигурувањето,
- Организацијата за заштита на потрошувачите.
САНКЦИСКА КЛАУЗУЛА
Осигурувачот нема да изврши исплата на надомест на оштетно побарување или каков било друг вид надомест, по претходно склучен договор за осигурување врз основа на овие Услови, доколку плаќањето на надомест на оштетното побарување или друг вид надомест го изложи Осигурувачот на какви било рестриктивни мерки определени со позитивноправни акти на ООН, САД, Обединето Кралство, ЕУ или Република Северна Македонија.
КЛАУЗУЛИ
Клаузула за каско осигурување за туѓи возила во автомеханичарски и авторемонтни работилници и работилници за перење и подмачкување на возила по полиса бр.
Со каско осигурување на возилото на поправка во автомеханичарски и авторемонтни работилници и работилници за перење и подмачкување на возилото се осигурени туѓи возила кои биле преземени за поправка во автомеханичарски и авторемонтни работилници, како и работилници за перење и подмачкување на возилото.
Покритието важи за време на пробни и примопредајни возења и тоа за време на возење или мирување на подрачјето на работилницата, за штети кои би настанале на возилото кога се извршуваат поправки или при перење или подмачкување. Покриени се и штетите кои би настанале при пад на возилото од дигалка.
Клаузула за каско осигурување на возила за време на достава на сопствени тркала (per axe) по полиса бр.
Со каско осигурување на возила за време на достава на сопствени тркала (per аxe) се осигурени нови моторни возила за непрекинато време на достава на сопствени тркала од местото на набавување (на пример, фабрика, од друг произведувач, од граничен премин на Република Северна Македонија и слично) до складиштето на трговска или друга фирма или од складиште до складиште, од складиште до адресата на купувачот итн.
Премијата за осигурување за опасностите од целосно, односно делумно каско се пресметува како процент од годишната премија за осигурување за секое возило во зависност од од далеченоста меѓу две места.
Премијата за осигурување е одредена врз основа на бројот на возила кои се очекува да бидат доставени на сопствени тркала.
Премијата за осигурување се пресметува врз основа на просечната премија за осигурување за едно возило за изминатата година на осигурување, односно ако се осигурува прв пат, врз основа на просечната премија за осигурување за возилото за кое се предвидува дека ќе преовладува во доставата на сопствени тркала. Премијата завршно се пресметува за изминатата година на осигурување врз основа на вистинскиот број и видот на возила доставени на сопствени тркала (per аxe).
Клаузула за каско осигурување на возила за време на тест возења, како и задржување во складишта по полиса бр.
Со каско осигурувањето на возилата за време на тест возења, односно возења и задржување во складишта, осигурени се нови и користени моторни возила во фабриките и трговските фирми. Покритието важи за време на тест возења, возења и задржување во складишта.
Премијата за осигурување од опасности кај целосно и делумно каско се пресметува како процент од годишната премија за осигурување за секое возило.
Премијата за осигурување се одредува врз основа на бројот на возилата од производниот план, односно продажбата и набавката на моторни возила.
Премијата за осигурување се пресметува врз основа на просечната премија за осигурување за едно возило за изминатата година на осигурување, односно ако се осигурува прв пат, врз основа на просечната премија за
осигурување за возилото за кое се предвидува дека ќе преовладува во производството, односно продажбата и набавката. Премијата завршно ќе се пресмета по истекот на тековната осигурителна година врз основа на вистинскиот број и видот на произведени односно продадени или набавени возила.