Contract
|
УСЛОВИ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ ПРАТКИ ПО ГЕНЕРАЛНА
ПОЛИСА
Предмет на осигурување Член 1
Предмет на осигурување по оваа полиса се сите или договорените пратки што се превезуваат со сопствени или туѓи превозни средства во домашен транспорт.
Предмет на осигурување со овие услови не се:
1. увозни, извозни и реекспортни пратки,
2. предмети кои се превезуваат или пренесуваат во кругот на еден или повеќе погони, продавници и стоваришта.
3. стока или предмети кои не се фактурираат (повратна амбалажа, вратена стока, стока на консигнација и сл.)
4. уметнички и музејски предмети, нумизматички и филателистички збирки, пари и хартии од вредност, накит, благородни метали и минерали, реткости (раритрети) кои како уникат имаат голема вредност.
5. патнички багаж, мостри, колекции и сл.
6. самозапалливи и самоексплозивни стоки и опасни материи.
7. стока за саеми и изложби,
8. предмети во сопственост на трети лица,
9. предмети кои во јавниот превоз го менуваат одредениот габарит и тежина над 20 тони, освен ако тоа не е во директна врска со штетниот настан,
10. превоз на оштетена стока,
11. основни средства во и вон употреба
Предметите наведени од точка 2 и 11, ако се договори, може со посебни услови и премиски стапки да бидат осигурени ако осигуреникот за тоа обезбеди аналитичка евиденција.
Осигурени ризици Член 2
Ова осигурување ги покрива сите ризици од загуби
и оштетувања на осигурениот предмет (пратка), освен штети исклучени од осигурувањето спрема член 1, 3 и 4 од овие Услови.
Ако посебно се договори, може да се осигураат ризиците од член 3, со примена на соодветна премиска стапка од Тарифата и Специјалните
услови и xxxxxxxx.
Со ова Осигурување покриени се штети од генерална хаварија.
Осигуреникот може да го осигура сопствениот интерес и трошоци, но најмногу до 50%.
Специјални и дополнителни ризици Член 3
А. Специјални ризици
1. расипување, смрзнување, одмрзнување и стврднување,
2. самозапалување и самоексплозија,
3. оштетување на етикети,
4. надувување на конзерви,
5. угинување, кршење на нозе со принудно
колење на животни, дивеч, живина, риби и пчели
6. кршење, кало и растур како природно својство на стоката,
7. рѓа и оксидација,
8. природно вapeњe,
9. внатрешно кршење кај електронски производи,
10. загревање и потење,
11. жижавост, молци и саможегнување.
12. рег axe (превоз на сопствени тркала),
13. одбивање на прием на оштетена стока,
14. карантин на живи животни,
15. угинување на егзотични животни,
16. кусок, течење и растурање од непознати причини.
Б. Дополнителни ризици
1. предмети тешки над 20 тони,
2. зголемена опасност на пратки со поголем габарит од пропишаниот
3. течење масло кај трансформатори.
4. вскладиштување на пратки,
5. течење, кало, растур, крш и сл до и над вообичаениот природен процент.
6. пренесување на скапа опрема и предмети во посебни услови (предаватели, искачување на висина, дигалки и сл)
Ризиците од овој член можат да се осигуруваат, ако се договорат во ,,Посебни услови на генералната полиса“, со примена на соодветни услови и премиски стапки.
Со ова осигурување се покриени трошоците и другите штети направени со обидот да се отстрани непосредна опасност од настанување на осигурен случај или да се намали штетата,
па и тогаш ако тој обид бил неуспешен, а трошоците и штетите се поголеми од лимитот со генералната полиса, но под услов штетата и трошоците да се покриени со осигурувањето.
Ограничувања и исклучувања од осигурувањето
Член 4
Осигурувачот не е во обврска на осигуреникот да му надомести загуба, оштетување или трошоци настанати поради
1. лоша намера или груба небрежност направена од осигуреникот,
2. непостапување по упатствата на осигурувачот и испраќачот,
3. воени, политички настани, како и штети и трошоци направени од штрајкувачи и терористи
4. вообичаена загуба, поради природни својства или мани на стоките, како што се: (испарување, рѓа, кало, нормално кршење на лесно кршливи стоки), освен ако посебно не се договори,
5. превоз на пратки во несоодветни превозни средства или амбалажа,
6. несоодветно превозно средство или неправилно пакување, натоварување или недоволно заштитени стоки товарени на превозното средство,
7. пропусти на осигуреникот - испраќачот или примачот, односно неговите работници, или лица за кои што тие се одговорни,
8. пропуштање да се дадат изречни упатства на превозникот или возачот во врска со брзината и начинот на превозот, која ја бара природното својство на стоката,
9. непреземање на посебни мерки во врска со превоз на предмети кои во јавниот превоз го пречекоруваат пропишаниот габарит, освен ако пречекорувањето на тежината или димензијата не се во непосредна врска со настанување на штетниот настан, покриен со осигурување.
10. неправилна или неточна декларација на стоката,
11. штети од незапазен договорен, односно законски срок за испорака или прием на пратките,
12. штети од нуклеарна енергија, радиоактивни и опасни материи,
13. штети предизвикани од одговорност на превозниците кои му ги простил осигуреникот или од него овластени лица,
14. ако осигуреникот намерно го прикрива прометот, а тоа со контрола го констатирал осигурувачот, тој има право да го откаже осигурувањето или да исплати сразмерен дел од штетата.
15. Исклучување на ризик од заразни болести:
1. Исклучени се сите штети поради заразна болест, освен кога се исполнети условите за исклучување на заразено лице.
2.1. „Штета како резултат на заразна болест“ означува било каква штета, оштетување, одговорност или трошок од каква било природа, директно предизвикана или во голема мера предизвикана, придонесена, произлезена од или во врска со некоја од исклучените околности , како што се:
а) заразно заболување и /или
б) страв или опасност, без разлика дали се реални или перцепирани, од заразни болести и / или
в) каква било препорака, одлука или мерка донесена или преземена за ограничување, спречување да се намали или забави ширењето на инфекцијта на заразната болест или да се елиминира или минимизира правната одговорност во врска со таквата болест, без оглед дали е усвоена или преземена од власти или невладини правни лица или физички лица и / или
г) каква било препорака, одлука или мерка донесена за промена, пресврт или елиминирање на која било од околностите наведени во потстав (в) погоре, без разлика дали е донесена од властите или невладини правни лица или физички лица.
без оглед на која било друга причина или околност што во исто време или во која било друга низа придонесе за тоа.
2.2.Не доведувајќи го во прашање влијанието на Xxxxxxxx 2.1 (а), (б) и (г), препораки, одлуки и мерки од страна на кои и да било превземени за закотвување, поставување или задржување на сидрото, на пристаништето или на друго место на кој било брод, превозно средство , опрема или платформа за да продолжат да патуваат, работат, тргуваат, товарат или истоваруваат стоки или друга вообичаена употреба не претставуваат исклучени околности, без разлика на тоа што тие или некои од нив се превземени во точка 2 (в).
3. „Заразна болест“ е секоја болест (без оглед дали е позната или непозната) што
може да се пренесе со која било супстанца или агенс од еден на друг организам, кога: а) супстанцијата или агенсот вклучува, но не ограничувајќи се на тоа, вирус, бактерија, паразит или друг организам или каква било варијанта или мутација на претходно наведеното, без оглед дали се смета за жива или не, и
б) начинот на пренесување, без разлика дали е директен или индиректен, вклучува, но не е ограничен на човечки допир или контакт, пренесување преку воздух, пренесување преку телесни течности, пренесување од или преку било кој цврст предмет, површина , течност или гас и
в) болест, супстанција или агенсот може, дејствувајќи сам или заедно со други коморбидитети, состојби, генетски предиспозиции или со имунолошкиот ситем на човекот да предизвика смрт, болест, телесно оштетување или привремено или трајно нарушување на физичкото или менталното здравје или негативно да влијае на вредноста или безбедноста на кој било вид на имот.
4.1 Исклучувањето на заразено лице се применува кога (1) постапките или одлуките на кое било лице заразено или наводно заразено со заразна болест предизвикуваат или придонесуваат за наводен несакан настан и (2) кога ниту едно од таквите постапки или одлуки или наводната причина за несакан настан не е препорака, одлука или мерка како што е дефинирано во точките 2.1 (в) или 2.1 (г) погоре.
4.2 Доколку овие услови се исполнети, фактот или можноста дека дејствието/-јата или одлуката/-ките на поединецот се повредени или погодени од наводна или вистинска инфекција на тоа лице не исклучува штета што инаку секогаш се надоместува под услов да нема покритие за загуба, штета, одговорност или трошок што произлегува од какво било зголемување на ширењето, фреквенцијата, интензитетот или повторување на заразната болест поради постапките или одлуките на тоа лице.
Tpaeњe на осигурувањето Член 5
Спрема овие услови пратките се покриени со
осигурување од моментот кога ќе го минат прагот на складот, односно од моментот на натоварот и трае со додека стоката на одредено место не го мине прагот на складот на примачот, односно до завршување на истоварот, ако истоварот се врши во складот на примачот.
Пратките се осигурени на превозното средство најмногу 24 часа по завршување на натоварување на превозното средство во местото на отпремање, ако возилото уште не тргнало на пат, како и евентуални прекини за време на патувањето и мирување под услови превозното средство да е под контрола во затворен простор, но најмногу 14 дена. Срокот од 24 часа не тече во недела, државен и национален празник.
Овие срокови не важат за лесно расиплива стока и живи животни.
Ако осигуреникот ја доставува стоката до домот каде што живее купувачот на стоката, а тоа е договорено во Посебните услови, со ова осигурување се надоместуваат и штетите кои ќе настанат во текот на превозот до местото до кое nродавачот презел обврска да ја достави стоката.
Сума на осигурување Член 6
Сумата на осигурување на пратките е нивната
фактурна вредност, зголемена со трошоците за превоз, а за сите други нивната пазарна вредност. Пазарната вредност се утврдува според цената во времето и местото на опрема.
За пратките - непарични обртни средства под осигурена парична вредност се подразбира нивната книговодствена вредност.
Пратките со поголема вредност од лимитот утврден со Генерална полиса, осигуреникот е должен да ги пријави во осигурување пред започнување на превозот.
Во таков случај осигурувачот има право да одреди посебни услови и премија на осигурување или да издаде поединечна полиса.
Пресметка на премија Член 7
Осигуреникот е должен до 15-тиот ден во месецот
по изминување на срокот договорен со генералната полиса да му достави на осигурувачот податоци во писмена форма за пресметување на премија за осигурување или по негово барање да му ги даде на увид периодичните пресметки и годишната сметка. Основица за пресметување на премија согласно член 1, 2 и 3 на овие Услови може да биде:
1. збирот на вредностите, на сите набавени и продадени стоки и предмети,
2. збирот на вредностите на сите пратки што се превезуваат на ризик на осигуреникот и за кои осигуреникот води соодветна евиденција,
3. вредноста на сите набавени стоки и предмети,
4. вредноста на сите продадени стоки и предмети.
5. вредноста на прометот на посебно договорените ризици.
Премијата за осигурување се пресметува и плаќа однапред (тримесечно, полугодишно или годишно). Основот за пресметка на премија се утврдува врз база извршувањето на прометот во изминатиот квартал или договорен период.
Конечна пресметка на премијата се прави по завршувањето на деловната година според податоците од годишната сметка на осигуреникот. Премијата се плаќа во законски срок т.е. 15 дена по приемот на фактурата со пресметката на премија, во спротивно осигурувачот има право да пресмета законска камата.
Осигурувачот има право да врши увид во деловните книги и евиденција на осигуреникот co цeл да се увери во вистинитоста на дадените податоци потребни за пресметување на премијата.
Овие податоци осигурувачот е должен да ги чува
како деловна тајна.
Осигуреникот е должен на осигурувачот да му дава точни податоци за остварениот промет и да му овозможи непосредно земање на податоци од периодичните пресметки и годишната сметка.
Обврски на осигуреникот Член 8
Осигуреникот е должен во случај на штета да ги
преземе следните дејствија:
1. Веднаш, а најдоцна во срок од 3 дена, на најбрз можен начин (телефон, телекс, телефакс) да го извести осигурувачот за штетниот настан и истото писмено да го потврди,
2. Видливите оштетувања да ги констатира веднаш со записник при приемот на пратката во присуство на превозникот и осигурувачот или по потреба да ангажира стручни лица од други организации, судски вештаци или контролни куќи.
3. Оштетените предмети да ги смести во соодветни простории во зависност од пратката, а ако се работи за лесно расиплива
стока веднаш да организира продажба, во согласност со осигурувачот.
4. Самостојно да врши извид на штети до 10,000 денари со интерен записник кој може да го провери осигурувачот,
5. Ако се работи за поправка на оштетени машини и слични стоки преку систем на понуда да обезбеди најповолни услови.
6. Dа преземе мерки за смалување на штетата и да го зачува регресното право на осигурувачот спрема одговорните причинители на штетата,
7. Dа ги преземе оштетените предмети,
8. Dа ги почитува упатствата на осигурувачот,
9. Dа дава ажурни и точни податоци за остварениот промет што е предмет на осигурување.
Корекција на премиски стапки и учество Член 9
Осигуреникот има право на смалување и обврска за
зголемување на премиските стапки во зависност од остварените технички резултати во изминатите три години, а спрема Табелата за корекции наведена во Општите одредби од Тарифата за домашен транспорт.
ВИСИНА НА ШТЕТА
Член 10
1. Во случај на делумно или целосно уништување на пратката, осигурувачот има обврска да ја надомести штетата, во висина на осигурената вредност или на делот на осигурената вредност.
2. Во случај трошоците за поправка да ја достигнат или надминат осигурената вредност на пратката, надоместокот на осигурувачот ќе биде во висина на осигурената вредност, намалена за отстапените остатоци.
3. Кај делумно оштетување на пратката, осигурувачот ја надоместува штетата во висина на трошоците за поправка, но најмногу до осигурената сума, при што го надоместува и сразмерниот дел на трошоците на делот на осигурениот предмет (трошоците за превоз, монтажа, претовар и сл.).
4. Во случај на делумно оштетување на осигурените предмети, осигурувачот ја надоместува штетата врз основа записник за извид и процена на штетата, при што ја
констатира вредноста на осигурениот предмет пред и по штетата. На основа разликата меѓу овие две вредности, осигурувачот го утврдува процентот и висината на штетата.
5. Ако осигуреникот би бил принуден да ја продаде оштетената пратка или остатоците со цел да се избегне целосно уништување или продажбата ја извршил во согласност со осигурувачот, има обврска на осигурувачот да му го поврати износот пoмeѓy осигурената вредност и остварената вредност при продажбата.
Максимална обврска на осигурувачот е осигурената сума и штетите да се исплаќаат во денари.
Исплата на штета Член 11
За остварување на правото на надомест на штета осигуреникот е должен на осигурувачот да му приложи доказни документи за настанатата штета и тоа:
1. барање за надомест на штета,
2. доказ за осигурувањето - платена премија,
3. оригинален товарен лист,
4. испратница и фактура за пратката,
5. записник за штетата,
6. записник од орган на полиција, ако се работи за штети од сообраќајна незгода и кражба,
7. и други документи потребни за утврдување на основата и висината на штетата.
Dоставените документи треба да се во оригинал. Осигурувачот е должен комплетираното оштетено побарување да го реши и исплати во законски срок, т.е. 15 дена по овој срок осигуреникот има право на законска камата.
За поголеми штети за кои може да се согледа висината и основот осигуреникот има право на аванс, најмногу до 80% од проценетата штета.
Регресно право Член 12
По исплата на штетата сите права од одговорниот за штетата до висина на исплатената оштета осигуреникот веднаш со цесија му ги пренесува на осигурувачот.
Ако поради вина на осигуреникот преминот на правото на осигурувачот во целост или делумно е оневозможено, осигурувачот во соодветен износ е ослободен од своите обврски спрема осигуреникот.
Правна поука Член 13
Осигуреникот има право до Агенцијата за
супервизија на осигурување како надлежен орган за супервизија на друштвото за осигурување, да достави претставка во однос на друштвото.
Надлежен суд Член 14
За евентуални спорови настанати од примена на овие услови надлежен е судот според седиштето на осигурувачот.
Tpaeњe u отказ на осигурувањето Член 15
Осигурувањето по овие vслови е склучено на неодредено време, со тоа што секоја од договорните странки може да го откаже со препорачано писмо со отказен срок од три месеци.
Датум на примена Член 16
Овие услови ќе се применуваат на сите ново склучени осигурувања како и на постојните осигурувања доколку се тие поповолни за осигурениците.
Овие услови во пречистен текст стапуваат во сила од 01.01.2021 год.
Одбор на директори
Претседател М-р Xxxxxx Xxxxxx