за ангажирање на два (2) експерти СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
Постапувајќи согласно со одредбите на склучениот Договор помеѓу Европската Унија, претставувана од Делегацијата на Европска Унија во Скопје и Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР), со број на договор IPA/2017/391-843 ,финансиран преку повикот EuropeAid/ 155322/DD/ACT/MK
Македонско здружение за заштита при работа (МЗЗПР) објавува ПОВИК ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
за ангажирање на два (2) експерти СПОРЕД ДОГОВОР ЗА ГРАНТ IPA/2017/391-843
РЕФЕРЕНТЕН БРОЈ НА ПРОЦЕДУРА 10/5.7.2
Буџетска линија 5.7.2
Почитувани,
Македонско здружение за заштита при работа во рамките на проектот “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” Ве поканува да учествувате во постапка за ангажирање на два (2) домашни експерти.
Целосната документација е приложена кон ова писмо и содржи:
A. Упатства за понудувачи и барања
B. Aнекси:
❑ Барање за понуда
❑ Опис на работна задача
❑ Организација и методологија
❑ Буџет Со почит,
МЗЗПР- Проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ”
Скопје,
21.08.2018
Проектот е финансиран од Eвропската унија
УПАТСТВА ЗА ПОНУДУВАЧИТЕ
1. Услуги што треба да се обезбедат
Услугите што ги бара Нарачателот се опишани во Описот на проектот (ToR).
2. Содржина на понудите
Понудите, целата кореспонденција и документите поврзани со постапката кои ги разменуваат понудувачот и Нарачателот мора да бидат напишани на локалниот јазик.
Постапката мора да се состои од Техничка и Финансиска понуда.
2.1 Техничка понуда
Техничката понуда (Организација и методологија), Кратка биографија и Xxxxxx за ексклузивност и достапност ја поднесува понудувачот според приложените xxxxxx.
2.2 Финансиска понуда
Финансиската понуда мора да биде презентирана во МКД, без ДДВ/персонален данок ,
следејќи го приложениот формат со потпис од понудувачот.
3. Поднесување на понуди
Понудите мораат да се поднесат најдоцна до 06.09.2018 година до 16 часот на следната адреса: МЗЗПР - проект “Подобрување на вклученоста и влијанието на граѓанското општество во јавните политики за безбедност и здравје при работа и при донесувањето одлуки како подршка на државата во процесите на пристапување кон ЕУ” адреса: Востаничка 2/8 1000 Скопје или на: xxxxxxx.xxx-xxx@xxxxx.xxx.xx
Понудите мора да ги содржат сите потребни документи, наведени во точка 2.1 и 2.2.
4. Потпишување на договорот
Понудувачите писмено ќе биде информирани за прифаќање/одбивање на нивната понуда. Нарачателот го задржува правото да побара дополнителни документи од понудувачот. Најуспешниот понудувач ќе биде поканет да склучи договор за извршување на услугите.
Сите други понудувачи ќе бидат известени за резултатите од евалуацијата на понудите.
5. Евалуација
Квалитетот на секоја техничка понуда поднесена во дадениот рок ќе се оценува во согласност со следните административни и технички барања:
• Цена- 30 бодови
• Работна биографија/портфолио – 40 бодови
• Методологија – 30 бодови