Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-...
Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), и Договорот за соработка Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Охрид , во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2024 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 08.08.2024 година се објавува:
Ј А В Е Н П О В И К
до
евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско - корисна работа
Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “Отворени можности за еднакво образование за сите деца”за работно ангажирање со скратено работно време од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид.
Вкупниот период на влученост на невработените лица преку програмата изнесува 9 месеци во кој влегува обуката и работниот ангажман.
Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман 9(девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на Гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.
Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата .
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата Општинско-корисна работа се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750,00 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско- корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:
-долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
- млади лица до 29 години
- лица постари од 50 години
- лица корисници на гарантирана минимална помош
- лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
- лица кои имале статус на деца без родители и родителска грижа
- жртви на семејно насилство
- лица со попреченост
- жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етничките заедници
- лица припадници на ромската етничка заедница
-лица на кои им е решен статусот со лична документација
- самохрани родители
- родители на деца со пречки во развојот
- родители на 3 и повеќе деца
- лица со незавршено средно или пониско образование
Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :
Работно место за 10 образовни асистенти со следниве работни задачи:
- Четиричасовно дневно ангажирање во
- пружење помош и поддршка на учениците со посебни образовни потреби инклузирани во редовната настава преку разни видови на индивидуализиран, диференциран и методолошки пристап во работата;
- пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности;
- помош и подршка на родителите преку соработка со истите;
-соработка со заедницата;
-соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување- Охрид,Лицето да припаѓа на една од целните групи,Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица, Завршено високо образование за: Специјален едукатор и рехабилитатор,педагог, психолог,социјален работник,социјален и рехабилитациски педагог , со завршено VII/1 степен, т.е VI A според македонската рамка на квалификации МРК или 240 ЕКТС, како и лице што ги исполнува условит за наставник во одделенска настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),како и лице наставник во предметна настава (VII/1 степен, т.е VI A според МРК или 240 ЕКТС),
Работно место 2: личен асистент за деца со попречености во редовно средно образование со следниве работни задачи (доколку нема доволно пријавени лица за образовен асистент, во зависност од потребата ќе се ангажира личен асистент со следните работни обврски:
- Четиричасовно дневно ангажирање
- пружење помош и поддршка на учениците и нивна придружба за време на наставниот процес и олеснување во надминување на физичките пречки за време на наставата.
- пружење помош и поддршка на наставниците преку асистирање во реализацијата на наставните активности во делот на надминување на физички пречки и олерснување на пристапнасто за следење на наставата;
- помош и подршка на родителите преку соработка со истите;
-соработка со заедницата;
-соработка со стручните соработници и инклузивен тим на ученикот;
Потребни квалификации и занимања за Работно место 2: Емпатија, Комуникативност, Флексибилност, Толерантност, Психичка стабилност, Одговорност, Принципиелност, Евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Охрид, Лицето да припаѓа на една од целните групи,Стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.
Заинтресираните невработени лица Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид од 08:00 до 14:00 часот, во рок десет (10) дена од денот на објавување.
Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Охрид и избраните кандидати.
Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Охрид кај лицето Xxxx Xxxxx, Општински координатор за Програмата „Општинско- корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Охрид кај лицето Xxxx Xxxxxx Биткоска, Центар за социјлна работа Охрид кај лицето Xxxx Xxxxxxxxxxx.
ГРАДОНАЧАЛНИК
Xxxxx Xxxxxxx