Contract
ОД: Здружение на приватни гинеколози и акушери на Република Македонија, ул. Париска бр.52/Поликлиника „Букурешт“ - Скопје Карпош, ЕМБС 5240579, застапувано од Претседател д-р Xxxxx Xxxxxxxxxx
ДО: Фондот за здраствено осигурување на Македонија
Предмет: Предлог забелешки за промена на одредби од договорите од дејноста гинекологија
Почитувани,
Фондот предлага да биде изменет Договорот за извршување и плаќање на здраствени услуги во примарната здраствена заштита - гинекологија склучен за период од 2014 год. до 2018 год. (“Договор“) со Xxxxx на Договорот. Со ова писмо Здружението на приватни гинеколози и акушери на Република Македонија Ви доставува Правно мислење со предлог забелешки во однос на Анексот на договорите од дејноста гинекологија. Во овој контекст, а согласно Законот за облигационите односи (“ЗОО”) како здраствените установи се втора договорна страна на Договорот, Ви предлагаме да се изврши измена на одредени членови на Договорот, што не се опфатени со Анексот.
Искрено се надеваме дека нашите предлог забелешки ќе бидат прифатени од Вас со цел да Договорите имаат содржина која ќе биде во согласност со Законот, нормативи и стандарди базирани од усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази за ефикасна и рационална здраствена заштита.
Со почит,
Скопје, ______
За Здружение на приватни гинеколози и акушери
на Република Македонија
___________________________
Д-р Xxxxx Xxxxxxxxxx
Претседател
Прилог: Правно мислење со предлог забелешки во однос на договорите од дејноста гинекологија
Член 7 од Договорот
Предлагаме со Xxxxxxx да се воведе на нов став 2 од член 7 Договорот. Поконкертно предлагаме со Анексот да се додаде нов член (Член 2 став 1 ) кој би гласел:
“Здраствената установа ја генерира пресметката првиот ден по истекот на законскиот рок за исплата на плати во Република Македонија.”
Xxxxxxx предлог е во согласност со предлог измената на сегашниот став 2 од Договорот, кој би станал став 3. Сегашниот став 2 предвидува да здраствената установа достави збирна фактура за обезбедени здраствени услуги до Подрачната служба на Фондот најдоцна до 10-тиот ден од тековниот месец за претходниот месец.
Со Xxxxxxx не се предвидува измена на сегашниот став 2 од член 7 од Договорот.
Предлог:
Предлагаме со Xxxxxxx да се измени сегашниот став 2 од член 7 од Договорот (кој би станал став 3) на начин што ќе се продолжи рокот во кој здраствената установа е должна да ја достави збирната фактура, и да истиот изнесува 15 дена. Предлагаме рок од 15 дена од причина што исплата на плати, а со тоа и придонеси за здраствено осигурување, за жените работнички во Република Македонија е 15-тиот ден од тековниот месец за претходниот месец. Во новиот член 2 од Анексот предлагаме нов став (Член 2 став 2) кој би гласел:
“Во член 7 став 2 се менува и гласи:
Здраствената установа ја доставува збирна фактура за обезбедени здраствени услуги до Подрачната служба на Фондот... најдоцна до последниот работен ден од тековниот месец за претходниот месец...“
Член 8 од Договорот
Предлагаме нов член 3 став 1 во Анексот со кој ќе се додаде нов став 3 во чл. 8 од Договорот, кој би гласел:
“За секој ден задоцнување на плаќање на надоместокот од став 1 на овој член, Фондот се обврзува да исплати на здраствената установа за избраниот лекар законска казнена камата.”
Исто така Предлагаме со новиот член 3 од Анексот со став 2 да се додаде нов став 4 во чл. 8 од Договорот, кој би гласел:
“За вонстандрадни дијагностички постапки избраниот лекар по желба на пациентката има право да наплати дополнителни средства од осигуреничката која нема да побарува надокнада од ФЗОМ.”
Законска основа за додавање на нов став со горенаведента содржина е член 44 став 2 алинеја 2 од ЗЗЗ, според кој: “Здравствените установи од ставот (1) на овој член можат да ги вршат здравствените услуги, кои се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат по желба на пациентот за поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописите од областа на задолжително здравствено осигурување” и член 44 став 4 од ЗЗЗ, според кој:
“Здравствената установа во мрежата може да укажува здравствени услуги на
пациенти кои услугите ги плаќаат со лични средства и во работното време наменето за
вршење на здравствена дејност во мрежата за здравствените услуги кои:
- се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а се вршат со материјали по избор на пациентот со поинаков или повисок стандард од оној утврден со прописите од областа на задолжително здравствено осигурување или
- не се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, а кои не можат да се
вршат одделно од здравствените услуги кои се опфатени со задолжителното здравствено осигурување, по претходна согласност од Фондот.
Член 12 точка 16 од Договорот
Со Xxxxxxx се предлага измена на овој член на начин што после зборот “колпоскопија“ се додаде зборот “по позитивен ПАП тест“. Остатокот од оваа останува неизменет.
Согласно подолудадените коментари во однос на точка 31 и 32 од истиот член, сметаме дека не може да се наметнува обврска на секој избран лекар да располага со ЕХО апарат и колпоскопија.
Предлог:
Предлагаме да се избриш член 12 точка 16 од Договорите затоа што одредбата е незаконска, односно е спротивна на чл. 60 став 5 од Законот за здраствена заштита (“ЗЗЗ“). Согласно чл. 60 став 5 од ЗЗЗ Министерот за здраство е овластен орган за определување на обврските и спецификациите во однос на потребниот простор и опрема за вршење на здрастевна дејност.
Член 12 точка 22 од Договорот
Во точка 22 од член 12 е предвидена обврска за здраствената установа да негува “добри деловни односи“, а член 31 став 2 точка 6 предвидува дека Фондот може еднострано да го раскине Договорот ако здраствената установа, односно избраниот лекар не негуваат добри деловни односи со Фондот. Сметаме дека стандардот “добри деловни односи“ е недефиниран што би довело до широко толкување на овој стандард и можност на Фондот со повикување на овој член да подведе голем број на ситуации и однесување од здраствена установа или избран лекар под терминот “не негување на добри деловни односи“. Со тоа, Фондот би делувал спротивно на општите принципи и стандарди предвидени во ЗОО. Второ, како стандарди овие термини не се содржани во ЗОО каде се употребува терминот “внимание на добар стопанственик”.
Предлог:
Предлагаме бришење на член 12 точка 22, член 27 точка 7 и член 31 став 2 точка 6 од Договорот. Согласно чл. 40 став 2 од Договорот за се што не е предвидено во Договорот важат одредбите од ЗОО, па следствено во негување на односите помеѓу Фондот, од една страна и здраствените установи, од друга страна, ќе важат пропишаните стандарди на однесување од ЗОО.
Член 12 точка 31 и точка 32 од Договорот
Со Xxxxxxx не се предвидува измена на точките 31 и 32 од Договорот, кој гласат:
“31. Кај избран лекар, со цел унапредување на здравјето на жената, а во рамките на примарниот пакет, се и здраствени услуги со ехо и калпоскоп.
32. Здраствената установа мора да располага со ЕХО апарат по ординација.“
Точка 31 е нејасна од причина што не е дефинирано што е и што опфаќа „примарен пакет“. Оваа точка и точка 32 се спротивни на чл. 60 став 5 од ЗЗЗ, според кој Министерот за здравство е овластен орган за определување на обврските и спецификациите во однос на потребниот простор и опрема за вршење на здраствена дејност. Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здраствена дејност во здраствени установи донесен од Министерот за здравство не содржи обврска за здраствените установи да располагаат со ЕХО апарат по ординација.
Член 29 став 2 од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата и обврските од задолжителното здраствено осигурување предвидува дека мерки и активности за избран лекар гинеколог се сметаат и здраствени услуги со ЕХО и калпоскоп. Основата на оваа одредба се црпи од законското овластување на Фондот, согласно чл. 9 став 4 од ЗЗЗ. Со неа се изложува опфатот на здраствената услуга од избран лекар гинеколог. Но од самата одредба не произлегува обврска за избраните лекари да поседуваат и ЕХО и калпоскоп. Одредбата дава можност на избраните лекари да нудат здраствени услуги на осигурани лица со ЕХО и калпоскоп, но не утврдува и должност. Како последица ова, сметаме дека Договорот не може да воспоставуваат обврска за здраствената установа од вид содржан во точка 31 и 32 од член 12.
Предлог:
Предлагаме бришење на член 12 точка 31 и 32 од Договорот.
Член 12 точка 33 од Договорот
Со Анексот не се предлага изменување на точка 33 од член 12 од Договорот која гласи:
„33. Избраниот лекар е обврзан да обезбедува здравствени услуги на осигурени лица кои сакаат да го изберат лекарот, независно од бројот на осигурени лица кои направиле избор кај матичниот лекар.“
Предлог:
Предлагаме бришење на точка 33 од член 12 од Договорите затоа што одредбата е во спротивност на чл. 28 став 5 од Законот за здраствено осигурување (“ЗЗО“) и во спротивност со член 17 од Правилникот за содржината и начинот на остварувањето на правата. Согласно чл. 28 став 5 од ЗЗО: избраниот лекар може да го одбие изборот на осигуреното лице ако покажува недоверба и не постапува по неговите совети. Согласно член 17 од Правилникот: избраниот лекар може да го одбие изборот на осигуреното лице и кога тоа не му дава вистински податоци за својата здраствена состојба.
Член 13 став 1 од Договорот
Со Анексот не се предвидува измена на чл. 13 ст.1 од Договорот, кој предвидува обврска за избраниот лекар да издава упат на осигуреното лице за користење на здраствени услуги во .специјалистичко консултативна и болничка заштита само во здраствени установи кои имаат договор со Фондот.
Сметаме дека со овој член се врши повреда на правото на избор на пациентката, загарантирано со ЗЗЗ, да избира слободно во која установа ќе бара здраствена заштита, вклучувајќи ги и оние установи кои пружаат специјалистичко консултативна и болничка здраствена заштита, а немаат склучено договори со Фондот. Попрецизно не може билатерален договор склучен помеѓу избраниот лекар на пациентката и Фондот, да го ограничува предметното право на пациентката кое е гарантирано со Закон и да го условува неговото уживање со постоење на договори помеѓу установите кои пружаат специјалистичко консултативна и болничка здраствена и Фондот.
Исто така согласно чл. 39 од Уставот на Република Македонија секој граѓанин има право и е должен да го чува и унапредува своето здравје. Овој член не содржи никакви ограничувања или исклучоци во уживањето на правото на избор на граѓанинот при исполнување на неговото право и должност за чување и унапредување на своето здравје. Следи дека право е на пациентката да одлучи во која специјалистичко консултативна и болничка установа ќе го чува и унапредува своето здравје, било тоа и во установа која нема склучено договор со Фондот.
Предлог:
Предлагаме измена на чл. 13 став 1 од Договорот на начин што по зборот “упат” се става точка и остатокот од ставот се брише.
Член 16 од Договорот
Со Xxxxxxx не се предлага измена на чл. 16 од Договорот, со кој се воведува обврска за избраните лекари од дејноста гинекологија да поседуваат специјализирана едукација еднаш годишно, при што истата ќе се изведува од наведени правни лица. Сметаме дека Фондот не е овластен ниту со Закон, ниту со статут и правилници да воведува обврска за специјализирана едукација на избрани лекари од областа гинекологија, и второ не може да се воведуваат обврски, односно права на други правни лица да ја изведуваат оваа едукација, а при тоа тие правни лица не се страни на Договорите.
Предлог:
Предлагаме чл. 16 од Договорот да се измени на начин што сегашната содржина од одредбите ќе се избрише и воведе содржината од чл. 16 од Договорот од 2011 год.
Член 7 од Анексот
Со чл. 7 од Анексот се предвидува измена на став 3 од чл. 25 од Договорот на назин што здраствената установа има обврска во рок од 10 дена да достави до подрачната служба на ФЗОМ посеба фактура спецификација/и пооделно по странска држава и пресметки за обезбедените здраствени услуги на осигурените лица во член 24.
Предлог:
Предлагаме со Анексот да се измени овој став на начин што ќе се продолжи рокот во кој здраствената установа е должна да ја достави предметната фактура спецификација/и, и да истиот изнесува 15 дена. Предлагаме да рокот е 15 дена од причина што исплата на плати, а со тоа и придонеси за здраствено осигурување, за жените работнички во Р. Македонија е 15-тиот ден од тековниот месец за претходниот месец. Предлагаме член 8 од Анексот да гласи:
“Во член 25 став 3 се менува и гласи:
Здраствената установа до Подрачната служба на Фондот... најдоцна до 15-тиот ден од тековниот месец за претходниот месец...“
Член 32 од Договорот
Овој член има многу нејаснотии и е спротивен на одредбите за договорна казна од ЗОО.
Предлог:
(а) Став 1 од член 30 започнува со зборовите: „Договорните страни за одредени повреди на овој договор...“. Предлагаме да се појасни за какви повреди на одредбите на договорот станува збор, односно да се појсани дали договорна казна се исплатува поради: (1) задоцнување на исполнување на одредбите од договорот; (2) неисполнување на одредбите од договорот; (3) нецелосно исполнување на одредбите од договорот; или (4) во сите три наведени случаи.
(б) Исто така, предлагаме став 8 од овој член да се доработи:
Став 8 предвидува дека со утврдување на договорна казна, здраствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записник. Треба да се прецизира за какви повреди станува збор, односно дали се работи за повреди заради неисполнување на обврска, повреда поради задоцнување на исполнување на обврска или повреда поради нецелосно извршување на обврска од договорот.
Ако станува збор за повреди заради неисполнување на обврска, тогаш овој став не е во согласност со одредбите за договорна казна од ЗОО. Согласно член 262 став 1 од ЗОО кога казната е договорена во случај на неисполување на обврската, доверителот - во овој случај Фондот - може да бара или исполнување на обврската или договорна казна. Тоа значи дека Фондот може да бара или исполнување на договорна казна или отстранување на повредата што гласи на исполнување на одредена обврска од страна на здраствената установа.
Ако станува збор за повреда од договорот поради задоцнување на исполнување на обврска или повреда поради нецелосно извршување на обврска тогаш Фондот има право да бара и исполнување на обврската и договорна казна, согласно чл. 262 став 4 од ЗОО. Но, и во овој случај сметаме дека треба зборот “веднаш“ да се дообјасни затоа што не е јасно од кој момент за здраствената установа тече обврската за отстранување на повредите од договорот.
Предлагаме член 32 став 7 да гласи:
“Со утврдување на договорната казна, здраствената установа се обврзува од моментот на прием на записникот согласно чл. 28 и чл. 29 од овој договор да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записник поради задоцнување на исполнување на обврска или поради нецелосно извршување на обврска од овој договор.“
Чл. 31 став 3 од Договорот во врска со чл. 8 од Анексот
Со Анексот не се предлага бришење на чл. 31 став 3 од Договорот, кој гласи:
“Договорот се смета за раскинат од денот на прием на доставницата и во случаи кога два пати е направен безуспешен обид за достава.”
Овој став е во спротивност со новиот став 18 од чл. 32 кој со чл. 8 од Анексот се предлага да се додаде, според кој за уредна достава за еднострано раскинување на договорот се смета достава преку веб порталот на ФЗОМ, односно на официјалната мејл адреса. Попрецизно со овој став самото известување за еднострано раскинување на договорот што здраствената установа го добива преку веб порталот, односно на емејл подразбира по автоматизам уредна достава, односно не остава простор за втор обид на достава.
Предлог:
Предлагаме точка 17 од чл. 36 од Договорот да се избрише.
Член 9 од Анекост
Со Анексот се предлага додавање на нови точки 5 и 6 во член 33 од Договорот.
Предлог:
Предлагаме бришење на новата точка 5 од член 33 од Договорот од причини изложени во точка 5 од овој Прилог.
Предлагаме бришење на новата точка 6 од член 33 од Договорот од причини изложени во точка 2 и 4 од овој Прилог.
Член 35 точка 12 од Договорот
Со Анексот не се предвидува измена на точка 12 од чл. 35 од Договорот, која гласи:
“Доколку здраствената установа во рок од 30 дена од склучување на овој договор не набави колпоскоп во ординацијата.“
Предлог:
Предлагаме бришење на оваа точка затоа што истата е противзаконска од причини погоре изложени. Исто така во чл. 12 од Договорот не е предвидена посебна обврска за здраствената установа да располага со колпоскоп, па следи дека не може да постои договорна казна за здраствената установа за нешто за кое не е обврзана.
Член 36 точка 8 од Договорот
Со Анексот не се предлага измена на точка 8 од чл. 36 која гласи:
“Доколку постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги утврдени во соодветна постапка.“
Предлог:
Предлагаме оваа точка да се појасни. Имено не е јасно на кој начин ќе се докажува основаноста на изрезеното писмено незадоволство од осигурениците за да може евентуално на здраствената установа да и биде изречена договорна казна.
Член 36 точка 9 од Договорот
Со Анексот не се предвидува измена на точка 9 од чл. 36 од Договорот која гласи:
„Доколку здравствената установа секој месец од веб страната на Фондот редовно не ги следи сите новини како и Списокот на здравствени установи кои имаат склучено договор со Фондот за да го упати осигуреното лице да оствари здравствена заштита на повисоко ниво.“
Предлог:
Предлагаме оваа точка да се појасни затоа што не е јасно како и со кој механизам Фондот би можел воопшто да утврдува дали една здраствена установа ги следи новините на Фондот секој месец. Исто така не е јасно што се подразбира под зборот “редовно“, односно колку пати во месецот една здраствена установа треба да ја посетува веб страната на Фондот за тоа посетување на веб страната да се смета за редовно.
Член 36 точка 11 од Договорот
Со Анексот не се предвидува измена на точка 11 од чл. 36, која гласи:
“Доколку здраствената установа не располага со ЕХО апарат во ординацијата.“
Предлог:
Предлагаме бришење на оваа точка затоа што истата е противзаконска од причини погоре изложени.
Член 36 точка 17 од Договорот
Со Анексот не се предлага измена на чл. 36 точка 17 од Договорот која предвидува можност Фондот да изрече договорна казна затоа што здраствената установа редовно, навремено и целосно не го уплатила придонесот за задолжително здраствено осигурување.
Предлог:
Предлагаме точка 17 од чл. 36 да се избрише затоа што согласно член 259 став 3 од ЗОО договорна казна не може да биде договорена за парични обврски. За парични обврски е предвидена законска казнена камата.
Член 38 од Договорите
Член 38 од Договорот предвидува дека Фондот нема обврска да склучи Договор со здраствена установа односно избран лекар во случај на еднострано раскинување на Договорот. Сметаме дека оваа одредба е во спротивност на чл. 8 од ЗЗЗ-начело на континуираност, односно на Фондот му се дава право да обновува веќе раскинат договор во временски период што не е определен, со што се оневозможува тековното работење на здраствената установа.
Предлог:
Се предлага да се измени членот на начин што зборовите по запирката ќе се променат и ќе гласат:
“... а откако здраствената установа, односно избраниот лекар ќе ги отстрани причините поради кои дошло до еднострано раскинување на Договорот, за што ќе се состави записник од овластено лице од Фондот, Фондот е во обврска да склучи Договор со здраствената установа односно избран лекар.“
Нoв член 15 од Анексот
Предлагаме во Анекост да се воведе нов член 15 кој би гласел:
“Во сите членови од договорот што се однесуваат на договорни казни зборот “капитација” се заменува со “просечна месечна нето-плата во Република Македонија.”
Согласно член 260 од ЗОО договорните страни можат да ја определат висината на казната според својот наод, во еден вкупен износ во процент, или за секој ден задоцнување или на некој друг начин. Како здраствената установа е една од двете договорни страни на договорот, предлагаме наместо во капитација, висината на договорната казна да се определува со просечна месечна нето-плата во Република Македонија.
Резиме:
Согласно чл. 54 став 9 од ЗОО Фондот договара обезбедување на здраствени услуги на осигурените лица со здраствените установи според нормативи и стандарди базирани врз усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази за ефикасна и рационална здраствена заштита. Следствено, во случај на спор околу одредени одредби од Договорите или предлог забелешки за измена и дополнување на Договорите, страната што оспорува одредена одредба или предлог забелешка може да ја повика другата страна да докаже дека спорната одредба или предлог забелешка ги исполнува горните критериуими, односно дека одредбата или предлогот се базира на нормативи и стандарди базирани од усвоена медицинска доктрина и медицина базирана на докази за ефикасна и рационална здраствена заштита.
10