Contract
Упатство за регистрација на клиенти физички лица и користење на системот за електронско банкарство
1. Општи напомени за системот на електронско банкарство
Eлектронското банкарство е сервисен центар на Банката преку кој се вршат услуги за електронско доставување на платни трансакции како и размена на други податоци или информации, согласно Договорот склучен помеѓу Банката и Корисникот, користејќи го системoт CCB Online или системот CCB Mobile.
Услугите кои ги овозможува електронското банкарство се пристап до услугите на Банката надвор од нејзините простории, користејќи информатичка технологија, телекомуникации и посебни сигурносни механизми, во криптирана форма кои опфаќаат:
користење само на информативен сервис;
користење на информативен и финансиски сервис;
користење на сервис за прием и праќање на електронски пораки и податоци;
Пристапот до некои од услугите на Банката може да се врши преку WEB базирани решенија или софтверски решенија наменети за мобилни уреди. Имено, може да користите:
WEB апликација CCB Online - апликација базирана на интернет технологија и достапна за користење преку поддржани интернет прелистувачи прифатени од Банката. Корисникот на електронско банкарство пристапува преку линкот на веб-страната на Банката, односно xxxxx://xxxxxx.xxxxxx.xx .
Мобилна апликација CCBank Mobile МК - апликација базирана на листата на поддржани мобилни оперативни системи дефинирани со Општите услови за електронско банкарство. Со мобилната апликација CCBank Mobile MK, Банката на Корисникот му овозможува на едноставен, брз и сигурен начин, 24 часовен пристап до дел од услугите на Банката надвор од нејзините простории.
2. Корисници за системот на електронско банкарство
Услугата може да се користи од физички лица, клиенти на ЦКБ АД Скопје, од чие име и за чија сметка се вршат трансакции или други операции во системот на електронско банкарство како што следи:
Физички лица кои ќе инсталираат персонален сертификат за системoт CCB Online генериран од страна на Банката и доставен на медиум за пренос или сопствен сертификат од КИБС;
Физички лица без персонален сертификат за системот CCB Mobile;
Корисник е секое физичко лице регистрирано за електронско банкарство преку системот на CCB Online или системот на CCB Mobile.
3. Општи карактеристики на CCB Online
Доколку сакате да го користите електронското банкарство преку системот на CCB Online, потребно е претходно да обезбедите:
- Пристап до компјутер и обезбедена интернет конекција;
- Интеренет прелистувач компатибилен со системот на CCB Online (Microsoft Edge, Mozilla Firefox, Google Chrome);
- Регистрација на системот на електронско банкарство при што формуларот за регистрација е достапен преку линкот на интернет страната на Банката, односно xxxxx://xxxxxx.xxxxxx.xx;
- Инсталирање на персонален сертификат за физички лица генериран од страна на Xxxxxxx и доставен на медиум за пренос или регистрирање на сопствен сертификат од КИБС АД Скопје.
3.1. Можности кои ги нуди системот CCB Online
Преку системот на CCB Online, може да ги извршувате следните операции:
Плаќања односно трансфери во денари и валута во земјата и странство, меѓу сопствени сметки, кон други налогопримачи или кон претходно дефинирани налогопримачи;
Извршувања на плаќања кон буџетски сметки;
Извршување на купо-продажба на валути;
Договарање за повластен девизен курс при вршење на плаќања или при купо-продажба на валути, над минималниот износ определен од Банката (5.000 еур);
Добивање на информации за одделните референци на трансфери како и извод/извештај за сите сметки отворени во ЦКБ АД Скопје;
Добивање на информација за кредитните изложености во Банката;
Извршување на плаќања за доспеани обврски по кредитни изложености;
Промени на лозинка за најава на системот на електронско банкарство;
Промени на параметри на Корисникот на системот CCB Mobile (доколку е корисник на системот), додавање или елиминирање на картички кои се појавуваат на мобилната апликација, намалување на лимит за плаќање, привремено блокирање или деактивирање на мобилен уред преку кој се користи системот CCB Mobile и други услуги.
4. Општи карактеристики на CCB Mobile
Доколку сакате да го користите електронското банкарство преку системот на CCB Mobile, потребно е претходно да обезбедите:
- Пристап до интернет преку Wi-Fi мрежа или преку mobile data интернет од мобилен телефон;
- Инсталација на мобилната апликација CCBank Mobile MK која е достапна за преземање бесплатно преку App Store или Play Store;
- Клиентот да достави барање за регистрација достапно преку web страната на банката xxx.xxxxxx.xx (доколку претходно не е регистриран како корисник);
- Клиент кој е регистриран како корисник на електронско банкарство, со внес на корисничкото име и лозинка да ја стартува апликацијата CCB Mobile MK, со што автоматски се доставува барање до Банката за користење на мобилната апликација;
4.1. Оперативни системи на мобилните уреди
Мобилната апликација CCB Mobile MK може да се користи преку следните оперативни системи и мобилни уреди:
Оперативни системи: IOS 9.0+, Android 5.0.+
Мобилни уреди: iPhone 4, 4S, 5, 5S, 5SE, 5C, 6, 6+, 6S, 6S+, 7, 7+, 8, 8+, X, XS, XS Max, XR, 11,
11pro, 11pro max и сите мобилни уреди каде е инсталиран оперативниот систем Android 4.0.3+.
4.2. Можности кои ги нуди системот CCB Mobile
Преку системот на CCB Mobile, може да ги извршувате следните операции:
Плаќања или трансфери во денари и валута во земјата и странство, меѓу сопствени сметки, кон други налогопримачи или кон претходно дефинирани налогопримачи;
Потврдување на трансфери кои се внесени преку електронското банкарство;
Извршувања на плаќања кон буџетски сметки;
Извршување на купо-продажба на валути;
Договарање за повластен девизен курс при вршење на плаќања или при купо-продажба на валути, над минималниот износ определен од Банката (5.000 еур);
Добивање на информации и извештај за извршени трансфери по сметки;
Добивање на информација за кредитните изложености во Банката;
Извршување на плаќања за доспеани обврски по кредитни изложености;
Услугата CCB Mobile може да се користи на повеќе од еден мобилен уред;
На еден мобилен уред може да се додадат повеќе корисници.
4.3. Лимити за плаќање
Лимитите за извршување на плаќања преку системот на CCB Mobile се следните:
1. Максимален дневен лимит за плаќање кон претходно дефинирани налогопримачи и плаќање кон државата/буџетски сметки изнесува 100.000 МКД за 24 часа;
2. Максимален дневен лимит за плаќање кон останати налогопримачи изнесува 100.000 МКД за 24 часа;
3. Без лимити за трансфери меѓу сопствени сметки;
4. Без лимити за трансфери кои се внесени преку електронско банкарство;
5. Лимитите се предмет на промена на барање на клиентот при што истите не може да го надминуваат поставениот лимит од Банката поради заштита на самиот клиент.
5. Регистрација за електронско банкарство
Веб страната на Банката содржи дел каде се регистрирате како корисник на електронско банкарство. Во истиот сегмент на страната се наоѓа и делот за најава на системот CCB Online, но откако ќе се регистрирате и Вашата регистрација ќе биде потврдена во Банката.
На сликата во продолжение е линкот каде е потребно да се регистрирате за електронско банкарство.
Линкот за регистрација ќе ве однесе на следниот прозорец каде се понудени неколку опции. Истите ќе бидат објаснети подетално во продолжение.
Прозорецот нуди неколку опции ,односно:
Регистрација на правни лица за кои регистрацијата се врши во матичната експозитура на клиентот со поднесено барање од овластеното лице за застапување (барањето е достапно на веб страната на Банката);
Регистрација на физички лица/Регистрација за физички лица како корисници за правни лица за регистрација на физичките лица или физички лица како корисници на е-банкарство кај правно лице;
Промена на лозинка што се користи за промена на заборавена лозинка;
Регистрација на сопствен сертификат издаден од КИБС потребен при користење на системот CCB Online доколку имате постоечки сертификат кој сакате да го користите. Доколку немате, Xxxxxxx ќе генерира и ќе Ви издаде сертификат поставен на медиум за пренос;
5.1. Регистрација на физички лица корисници на системот на електронско банкарство
Физичките лица кои сакаат да се регистрираат за електронско банкарство, потребно е да одат на линкот презентиран на претходниот прозорец Регистрација на физички лица/Регистрација за физички лица како корисници за правни лица.
Со клик на линкот, истиот Ве носи на следниот прозорец:
Прозорецот нуди две опции, односно регистрирање на CCB Online со сертификат или CCB Mobile без серификат. Банката овозможува користење на сопствен сертификат издаден од КИБС АД Скопје, но доколку немате сопствен сертификат, Банката ќе Ви генерира и издаде сертификат на медиум за пренос.
Работењето преку системот на CCB Mobile е објаснет во делот II од Упатството за регистрација на корисници физички лица за електронско банкарство.
Со клик на линкот Регистрација на CCBOnline банкарство или Регистрација CCBMobile мобилно банкарство, се појавува формуларот на кој клиентите физички лица потребно е да ги внесат следните податоци:
Важно при потполнување на основните податоци на овој формулар е последниот ред каде има поле кое се означува единствено во случај кога физичкото лице се регистрира како корисник на правно лице со цел за негово потврдување како еден од типовите на корисник за правно лице. Доколку се работи за физичко лице кое не е корисник на правно лице, ова поле не се означува.
Корисничкото име кое го избирате е единствено и уникатно за системот на електронско банакрство. Се препорачува лозинката да содржи минимум 8 карактери, голема буква и специјален знак поради поголемо ниво на сигурност.
Откако ќе ги внесете сите податоци и кликнете на ПРЕГЛЕД, добивате прозорец на кој може да извршите прегледување на внесените податоци и доколку истите се во ред се оди на ОК. Доколку не потполните одредено поле или внесените податоци не соодветсвуваат на поставените критериуми, на прозорецот се појавува порака за грешка и насока за правилен внес.
Откако ќе ги внесете сите податоци и истите ги потврдите со клик на ОК ја добивате следната
порака по која треба да ја посетите матичната експозитура за потврдување.
За користење на електронското банкарство преку системот CCB Online потребно е да инсталирате сертификат кој ќе Ви биде доставен од страна на Банката на медиум за пренос или да го регистрирате сопствениот сертификат издаден од овластениот издавач на сертификати КИБС АД Скопје.
За користење на електронското банкарство преку системот CCB Mobile не е потребно да се генерира и инсталира сертификат при што во Банката со потврдување на регистрацијата ќе добиете 6-цифрен код за влез во апликацијата CCBANK MOBILE MK.
5.2. Инсталирање на сертификат кој е генериран и доставен од страна на Банката или регистрирање на сопствен сертификат за коритење на CCB Online
Во однос на сертификатот кој ќе го користите за системот на CCB Online, Банката Ви нуди две опции:
Опција 1: Користење на сертификат за сопствени потреби генериран и издаден од Банката кој ќе Ви се достави на медиум за пренос (USB или CD).
Имено, откако ќе се регистрирате за електронско банкарство на веб-сајтот на Банката, потребно е да се упатите до Вашата матична експозитура каде регистрацијата ќе Ви биде потврдена. Истовремено, во експозитурата поднесувате барање за издавање на сертификат кој откако ќе биде изработен дополнително ќе Ви биде доставен за користење. На истиот медиум заедно со сертификатот ќе добиете Упатство за инсталирање односно импортирање на сертификат по што ќе Ви биде овозможено користење на системот на CCB Online.
Опција 2: Користење на сопствен сертификат издаден од овластениот издавач на сертификати КИБС АД Скопје
Доколку поседувате сопствен сертификат од овластениот издавач на сертификати КИБС АД Скопје, истиот може да го користите за системот на CCB Online со претходно регистрирање на истиот сертификат на веб-сајтот на Банката. За регистрирање на сертификатот потребно е да го завршите чекорот од точка 5.1 и да ја посетите Вашата матична експозитура.
Откако во експозитурата ќе ја потврдат Вашата регистрација, на компјутерот од кој ќе пристапувате на системот CCBOnline потребно е да го регистрирате сопствениот сертификат. Во продолжение се презентирани чекорите за регистрирање на сопствен сертификат издаден од КИБС АД Скопје.
Потребно е повторно да пристапите до линкот за регистрација за електронско банкарство на веб сајтот на Банката по што ќе Ви се појави следниот прозорец.
Со клик на линкот Регистрација на сопствен сертификат издаден од КИБС ќе се појави следниот прозорец.
Бидејќи Вашата регистрација е потврдена при посетата на експозитурата, се најавувате со Вашето корисничко име и лозинка. Со најавата се појавува следниот прозорец:
Со клик на линкот се појавува следниот прозорец:
Доколку Вашиот сертификат е инсталиран на прелистувачот преку кој пристапувате со изборот на ова поле ќе се појави прозорец на кој се содржани информациите за сертификатот како што е презентирано.
Со клик на полето регистрирај ќе добиете потврда дека сертификатот е регистриран. Откако е завршена регистрацијата на сертификатот, потребно е да ја контактирате Вашата матична експозитура за истиот да биде потврден од страна на службеник во Банката.
5.3. Преземање и инсталирање на апликација CCBank Mobile MK
Апликацијата CCBank Mobile МК е достапна бесплатно за преземање и инсталирање преку преку App store или Google Play.
Откако ќе ја извршите регистрацијата за електронско банкарство која е објаснета во точка 5.1 од ова упатство се упатувате во експозитурата за потврда на регистрацијата по што може да се најавите со корисничкото име и лозинката кои ги избравте при регистрацијата. Доколку веќе сте корисник на електронското банкарство преку системот CCB Online тогаш се најавувате со корисничото име и лозинка од електронското банкарство.
Прозорецот кој се појавува при вклучување на апликацијата CCBank Mobile MK е следниот:
Во полето корисничко име и лозинка ги внесувате постоечките доколку сте корисник на електронско банкарство преку системот на CCB Online или корисничкото име и лозинка кои ги имате избрано при регистрацијата согласно точка 5.1 од Упатството.
Со внесот на Вашето корисничко име и лозинка ќе го добиете прозорецот кој е презентиран во продолжение.
Откако ќе ја добиете оваа порака, Вашата регистрација е прифатена и со ова во Банката е доставено барање за користење на системот на CCB Mobile.
Со клик на полето продолжете ќе бидете упатени кон првата страна од мобилната апликација:
На првичната страна по инсталирање на мобилната апликација и најавата со корисничкото име и лозинка ќе добиете порака за посета на експозитурата за да добиете код за регистрација.
Напомена: потребно е да ја посетите Вашата матична експозитура каде сте регистрирани како клиент за да го добиете потребниот код.
5.4. Промена на заборавена лозинка
Прозорецот од точка 5 од ова Упатство содржи и линк за промена на заборавена лозинка. Овој линк се користи во случај кога ја имате заборавено лозинката. Со клик на линкот за промена на лозинката го добивате следниот прозорец:
Со внесот на потребните податоци и потврдување на истите преку понуденото копче ОК, ќе ја добиете следната порака:
По ова потребно е да се упатите кон Вашата матична експозитура за потврда на новата лозинка.
Дел I – Користење на системот CCB Online
6. CCB Online
Претходно во Упатството наведени се можностите кои ги нуди електронското банкарство преку системот на CCB Online, а овде ќе бидат презентирани чекорите за извршување на банкарските операции.
Со најавата на системот на CCB Online се појавува следното мени преку кое корисникот ќе може да врши операции.
6.1. Мени регистар
Мените регистер го содржи полето за промена на лозинка и налогопримачи кај физичките лица.
Полето налогопримач се користи доколку сакате да внесете коресподенти кон кои ќе вршите плаќања преку системот на електронско банкарство. Имено, оваа опција Ви овозможува да имате претходно дефинирани налогопримачи кон кои при евентуални плаќања едноставно ќе можете да ги изберете без да има потреба да го внесувате називот, сметката и другите потребни податоци при секое извршување на плаќање.
Полето промена на лозинка Ви дава можност да ја промените лозниката во секое време, при што секој корисник сам ја менува својата лозинка. Во полето “Лозинка“ ја внесувате новата лозинка, со која понатаму ќе влегувате во системот и потоа во полето “Потврдување на лозинка“ повторно ја внесувате (потврдувате) новата лозинка и кликате Преглед. На следниот чекор ја потврдувате променетата лозинка со внес на Вашата стара лозинка со која сте се најавиле на системот.
6.2. Мени сметки
Менито сметки Ви овозможува да извршите преглед на сметките кои се додадени кон регистрацијата на електронското банкарство, видот на сметката (трансакциска, депозит и сл.) како и да извршите промена на називот односно описот на сметката согласно своите потреби.
6.3. Мени трансакции
Корисниците преку менито – трансакции може да ги извршуваат следните трансакции:
трансакции кон друга сметка во банката или кон друга банка ПП30;
трансакции кон трезорска сметка ПП50;
трансакции со превземање на фолио број за исплата на плата ПП53;
трансакции за интерни девизни плаќања;
трансакции за девизни плаќања кон друга банка во МК или во странство;
трансакции со импорт на фајл (excel) како збирен налог ПП32.
Исто така, тука имате можност за иницирање на девизна дознака/трансакција во рамките на сметките во Банката, или девизна дознака кон друга домашна банка или странство. При тоа, имате можност и за купопродажба на девизи вклучувајќи и договарање на курс со Xxxxxxx. Преку ова мени имате можност и за креирање шаблони за плаќање кај одделни видови трансакции.
Неколку важни информации при извршување на трансакциите се статусите кои истите ги добиваат во зависност од чекорите. Имено, записите на платните документи може да го добијат следниот статус:
Чека потврдување;
Xxxxxxxx;
Се обработува во банката или;
Реализиран.
Налозите кои имаат статус – чека потврдување може да се повикаат на копчето и да се извршат промени во внесените податоци пред да се потврди за реализација. Кај останатите статуси на платните налози не може да се вршат промени. Внесените записи во ова мени на копчето може да се повикаат и да се прегледаат како и да се копираат со цел истите повторно да се реализираат без да се потполнуваат истите податоци. При внесување на податоците за извршување на трансакциите, знакот означува задолжително поле.
6.3.1. Трансакции кон друга сметка во банката или кон друга банка ПП30;
Преку полето трансакции со ПП30 можат да се извршуваат трансакции само од клиентската сметка на налогодавачот во валута МКД кон клиентска сметка на налогопримач во валута МКД, во рамките на Банката или кон друга Банка. Додавање на нов платен налог во системот се прави со “Внесување на нов запис”.
При реализција на налогот се јавуваат следните полиња:
Шема - Од ова поле можете да изберете предходно дефинирана шема на платен документ. Создавањето на таква шема се прави со избор на подмени “Шаблони”, и се клика на Подготовка на шаблон, од каде се избира типот на платниот налог кој ќе се користи за шемата . За да ја искористите создадената шема, ги следите следните чекори: Воведување на нов запис на платен налог, во полето Шема, со паѓачко мени избирате создадената од Вас шема, го притискате копчето Преглед и податоците од платниот налог се полнат автоматски;
Сметка - Во поле Сметка ја избирате од паѓачкото мени соодветната сметка, од која ќе се изврши трансакцијата. Таму ќе ги видите сите Ваши активни сметки, кои се додадени кон Вашата регистрација.
Износ - Во полето Износ го пишувате износот на трансакцијата;
Опис - Во Опис го пополнувате основот за плаќањето (цел на дознака);
Шифра - Со полето Шифра ја избирате шифрата на плаќање;
Изберете налогопримач - Полето Изберете налогопримач Ви дава можност да го изберете веќе воведениот во листата коресподент со копчето или да ги внесете податоците доколку претходно немате внесени коресподенти;
Назив на налогопримач - внесувате назив на клиентот кон кој сакате да извршите пренос на срества;
Сметка на налогопримач - внесувате сметка кон која сакате да извршите пренос на средства (при преглед на воведените податоци, името на налогопримачот автоматски се пополнува од ЕРТС). Полето Итно го штиклирате во случаите, кога сакате трансакцијата да се изврши веднаш во реално време преку системот на МИПС. Цената на овие трансакции е повисока (видете ја Тарифата на банката)
Напомена: Доколку во полето назив налогопримач автоматски Ви се појави текст “Име Презиме” задолжително внесете го името и презимето на налогопримачот.
Шифра на плаќање кон нерезидент – ова поле се остава непополнето. Истото е предвидено само доколку трансакцијата е кон клиент-нерезидент;
Внесот на трансакцијата се завршува со притискање на копчето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за плаќањето и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК. Во продолжение е приказ на прозорецот.
6.3.2. Трансакции кон трезорска сметка ПП50
Преку полето трансакции кон трезорска сметка ПП50 се вршат плаќања единствено кон Трезор на РСМ (буџет). За овој вид на трансакции потребно е да имате валидни податоци за Уплатна/буџетска сметка, Приходна шифра и Приходна програма.
Полињата за овој налог се потполнуваат аналогно на податоците кои се внесуваат како при трансфер со налог ПП30 со разлика во однос на Трезорските информации кои беа споменати претходно.
Дополнително и за овие плаќања може да се креира шаблон кој би се избирал како копирање на веќе реализиран налог поради побрзо извршување на трансакциите.
6.3.3. Трансакции со превземање на фолио број за исплата на плата ПП53
Овој објект е предвиден за превземање на фолио број за исплата на плата. При тоа, потребно е да го внесете фолио бројот и сметката од која сакате да се изврши реализацијата на трансакциите по превземениот фолио број. Внесот на трансакцијата се завршува со притискање на полето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за плаќањето и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК.
6.3.4. Трансакции за интерни девизни дознаки
Овој објект е предвиден за плаќање во девизи кон сметка на клиент во рамките на Банката. Притоа, за резиденти – физички лица дозволено е само плаќања кон нерезиденти во девизи или префрлување на средства помеѓу сопствени сметки отворени во Банката. Кај дознаки од Xxxxxxxxxxx физички лица нема ограничување при интерни девизни дознаки.
Внесот на потребните текстуални податоци задолжително е со латинично писмо , со големи букви и само со дозволени симболи. Во полето Сметка налогодавач се избира девизната сметка на налогодавачот во валутата на дознаката. Во полето Сметка на провизијата секогаш се избира МКД сметката. Се пополнуваат задолжителните полиња Износ, Опис на трансакцијата (бројот на документот и датумот по кој се плаќа), Сметка на налогопримачот (во форма 320ХХХХХХХХХХХХХХХ) и Назив на налогопримачот.
Во полето Дополнителни документи задолжително се прикачуваат документите врз основ на кои се врши дознаката, а кои согласно девизниот режим од НБРСМ се задолжителни. Истите задолжително треба да бидат во PDF формат и да не надминуваат големина од 2мб. Доколку документацијата за основот на дознаката е над 2мб или во друг формат, може да ја контактирате
Службата за платен промет со странство на xxx@xxxxxx.xx за дополнително доставување на документите на меил.
Полето валута кое во моментот на внесување на нов запис е празно се потполнува автоматски со изборот на трансакциската сметка и валутата во која е отворена. Дополнително со чекирање на полето Додади налогопримач, овој налогопримач ќе биде зачуван при што за наредни трансакции кон истиот, ќе може едноставно да се избере во делот Xxxxxx корисник/примач.
Внесот на трансакцијата се завршува со притискање на полето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за плаќањето и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК.
6.3.5. Трансакции за девизни дознаки за други банки и странство
Овој објект е предвиден за девизни плаќања кон сметки надвор од Банката односно кон друга домашна банка во странска валута или кон странство. Притоа, за резиденти физички лица дозволено е само плаќања кон нерезиденти кон друга домашна банка или странство или префрлување на сопствени средства само на сопствена сметка во друга домашна банка. Кај дознаки од Xxxxxxxxxxx (физички и правни лица) нема ограничување при девизни дознаки за други банки и странство.
Внесот на потребните текстуални податоци задолжително е со латинично писмо , со големи букви и само со дозволени симболи. Во полето Сметка налогодавач се избира девизната сметка на налогодавачот во валутата на дознаката. Во полето Сметка на провизијата секогаш се избира МКД сметката. Се пополнуваат задолжителните полиња Износ и Опис во кое поле се наведува бројот на документот и датумот по кој се плаќа.
Во полето Дополнителни документи задолжително се прикачуваат документите врз основ на кои се врши дознаката, а кои согласно девизниот режим од НБРСМ се задолжителни. Истите задолжително треба да бидат во PDF формат и да не надминуваат големина од 2мб. Доколку документацијата за основот на дознаката е над 2мб или во друг формат, може да ја контактирате Службата за платен промет со странство на xxx@xxxxxx.xx за дополнително доставување на документите на меил.
Податоците за налогодавачот се пополнуваат автоматски, односно податоците според кои клиентот е регистриран во Банката.
Податоците за налогопримачот се пополнуваат согласно инструкциите кои ги има клиентот добиено од другата страна кон која плаќа и тоа: Назив на налогопримач се пополнува со големи латинични букви и бројки како и дозволените симболи /?:().,+.
IBAN се пополнува со Ибан бројот на корисникот (пример: XX00000000000000000000). Доколку плаќањето е кон земја која нема воведено Ибан стандард на сметките, се пишува сметката согласно инструкцијата.
SWIFT BIC на банка на примачот е поле кое задолжително се пополнува со 8 или 11 карактерниот свифт код на банката на примачот (пример: XXXXXXXX XXX XXXXXXXXXXX). Доколку инструкцијата за плаќање содржи банка без свифт код тогаш задолжително се пополнуваат наредните полиња, Примено од кореспондентна банка со назив на Банката на корисникот и нејзината адреса во полето Адреса на банката примач.
Адреса на налогопримачот задолжително се пополнува адресата на корисникот со големи латинични букви и бројки како и дозволените симболи /?:().,+.
Земја на налогопримачот се избира од листата на земји соодветно спрема инструкциите. Трошоци се на товар на се избира со која опција плаќа клиентот ( SHA-поделени, OUR-на товар на налогодавачот и BEN- на товар на корисникот на дознаката)
Датум на валута за дознака се избира од понудените опции. Напомена, избор на валута за тековниот датум е можно до 14:30 часот. Трансакциите внесени после 14:30 часот, ќе бидат реализирани наредниот работен ден, или датумот определен како датум на валута.
Внесот на трансакцијата се завршува со притискање на полето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за плаќањето и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК.
6.3.6. Купување/продажба на девизи
Во менито Купување/продажба на девизи, со опцијата Барање на договарање на курс, имате можност да доставите до Банката барање за договарање на курс за купување или продавање на девизни средства. Согласно тековната политика, Xxxxxxx ќе достави одговор за одобрување по кој курс може да Ви ги откупи Вашите девизни средства или да Ви продаде девизни среддства. Одобрениот курс може да го видите со Преглед на записот за договарње на курсот Валутите кои се дозволени за договарање на курс и купопродажба на девизи, се само за ЕУР и УСД. Минималниот износ за договарање на курс е во противвредност на 307.500 мкд.
Во полето Барање за договорен курс се внесуваат податоците на валутата која ја продавате или купувате и износот на валутата.
Добиеното одобрување на повластен курс има важност од 15 минути по издаденото одобрување. За редовното купување/продавање на валути го добивате следниот прозорец:
При тоа, доволно е да внесете само износ кој го продавате или купувате, додека вториот износ се пополнува автоматски. Доколку претходно имате договорен курс со Банката, вршите избор на договорениот курс а износите автоматски се пополнуваат.
Внесот на трансакцијата се завршува со притискање на полето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за налогот и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК.
6.3.7. Потпишување на внесени трансакции
Сите претходно опишани трансакции за нивно потврдување и понатамошно процесирање за обработка од Банката потребно е да се потпишат со дигиталниот сертификат кој го имате инсталирано согласно упатството.
По извршениот внес на налози преку менито на Трансакции, денарски или девизни, или налози од купопродажба на девизи, за реализација на истите потребно е да го отворите соодветното мени на Трансакции, каде постои листата на креирани налози од соодветниот вид на трансакција. При тоа, статусот на трансакцијата е Чека потврда, односно, е на чекање за потврда/потпис од Ваша страна. Во продолжение е презентиран преглед на трансакции и трансакција која е чекирана за потврдување.
На следниот прозорец по клик на полето Потврда се појавува следниот прозорец:
Се клика на Потпиши и од прозорчето што ќе се појави се бира вашиот дигитален сертификат соодветен за корисничкото име со кое се оперира и се клика ОК. Со тоа соодветниот налог/трансфер е потпишан од Ваша страна и пратен во Банката на реализација. Во колоната Одговор од банката е статусот на Вашиот налог, кој веднаш по потпишувањето е Се обработува, а по негова обработка во Банката, налогот добива соодветен статус.
Напомена: Истовремено може да се означат и да се потпишат/потврдат повеќе внесени трансакции.
6.3.8. Потврда на внесени налози
Системот на електронско банкарство Ви дозволува да внесете налози кои нема да ги потврдите во моментот на внес туку истите ќе ги потврди подоцна. Во менито трансакции има подмени Xxxx потврдување каде Ви се појавуваат видот на трансакции кои се внесени од Ваша страна, а не се потврдени.
Потврдување на внесените налози по нивното избирање се завршува со притискање на полето Преглед каде уште еднаш се разгледуваат деталите за налогот и се внесува лозинката на корисникот и се клика ОК.
6.3.9. Шаблони
Претходно во Упатството напоменавме дека како корисник може да креирате шаблон за трансакциите кои се понудени. На овој начин ќе Ви биде овозможено да извршите плаќање или трансфер на брз начин со потполнети податоци за налогопримач при што се внесуваат податоците само за инзносот и цел на дознака.
Во ова подмени може да извршите и избор на претходно креиран шаблон за извршување на трансакција. Во продолжение е приказ на прозорецот кој се појавува отворањето на ова подмени.
6.4. Мени извештаи
Менито извештаи нуди неколку можености за следење на состојбата на Вашите сметки, извршени трансакции за претходен период како што е прикажано во продолжение.
Во извештајот Xxxxx по сметки ја гледате состојбата по сите сметки, додадени кон Вашата регистрација, како и со кој износ располагате, дали имате дозволен овердрафт, ограничени износи.
Доколку сметката Ви е поврзана со платежна картичка, имате можност да видите износ со кои можете да оперирате преку Вашата картичка како и реализирани, а непрокнижени трансакции кои се извршени во трговија преку пос-терминал или на некој банкомат.
Овде се прикажува расположливото салдо со кое може да располагате и да вршите плаќања или да го подигнете износот на некои од шалтерите на Банката или на банкомат.
Извештајот може да го добиете и во печатена форма со клик на копчето Печати.
Преку извешатајот Преглед по период добивате преглед на сите приливи и одливи по сите основи во периодот кој сами ќе го изберете. Прозорецот кој се појавува е следниот:
Со паѓачкото мени ја избирате сметката и периодот, за кој сакате да добиете преглед. После тоа притискате ОК. Печатите со копче Печатење. Доколку го означите полето Излез во фајл, извештајот се генерира како “Comma Separated values” (CSV) фајл во Excel.
Преку линкот Изводи за датум ги гледате стандардните Изводи за промените и состојбата на Вашите сметки, по датум на изготвување. Изводот може да го печтите со позиционирање и клик на копчето Прикажи извод и Печатење.
Преку линкот Конекции може да видите кога и од која IP адреса имате пристапено на системот за електронско банкарство.
6.5. Мени картички
Преку овој извештај може да ги гледате податоците за сметката и кредитната картичка поврзана со истата. При тоа имате можност да изготвите Преглед на трансакциите за одреден период, или да го повикате Изводот за картичката за соодветниот месец.
Извештајот може да го добиете и во печатена форма со клик на копчето Печатење.
6.6. Мени подесувања
Менито подесувања Ви овозможува да направите одредени промени на правата и лимитите кои Ви се доделени при регистрацијата за електронско банкарство. Овозможувањето на оваа опција е условена од Вашето барање при самата регистрација за користење на електронското банкарство, односно изборот за потврдување на промените со СМС.
Подменијата кои се понудени во овој дел се следните:
Во првиот дел од прозорецот за промени може да го промените телефонскиот број кој е регистиран во клиентската база на ЦКБ АД Скопје. Исто така, може да ја откажете можноста за вршење на овие промени преку СМС со дечекирање на полето – Потврди промени само со СМС. Дополнително, може да извршите промена на името на корисник кое е видливо на екранот од мобилната апликција на корисникот.
промени.
Вториот сегмент на промени кои може да се извршат е надолна корекција на лимитите за плаќање преку системот на CCB Mobile за претходно дефинираните налогопримачи или за сите останати налогопримачи преку системот на CCB Mobile.
Третиот сегмент Ви ги овозможува следните опции:
- Отстранување на Вашите сметки или сметките на кои сте ополномоштени од системот на CCB Online и/или системот CCB Mobile;
- Промени на Вашите сметки или сметките на кои сте ополномоштени од системот на CCB Online и/или системот CCB Mobile во можност само од информативен карактер без можност за плаќање со чекирање на полињата во колоната – Само за информации;
- Промени на називите односно описот на Вашите сметки или сметките на кои сте ополномоштени согласно Вашите потреби;
Четвртиот сегмент од прозорецот Ви дозволува промени кои се поврани со Вашите картички:
- Отстранување на Вашите картички од системот CCB Mobile;
- Промени на називите односно описот на Вашите картички согласно Вашите потреби;
Наредниот сегмент од прозорецот Ви овозможува да извршите привремена блокада или декативирање на мобилниот уред од кој имате пристап до системот на CCB Mobile.
Напомена: Доколку го деактивирате Вашиот мобилен уред, за повторна активација морате повторно да ја посетите Вашата матична експозитура.
Последниот сегмент од прозорецот Ви овозможува да изберете видови банкарски опрерации кои ќе се вршат кон претходно дефинираните налогопримачи како и нивно додавање или отстранување од системот на CCB Online и/или CCB Mobile.
6.6.1. Потврдување на промените
Откако ќе ги извршите саканите промени на правата и лимитите кои Ви ги овозможува прозорецот, следниот чекор е да се изврши потврдување на промената. Потврдувањето на промените се врши со внес на:
- Внесување на Вашата лозинка и;
- Внес на сигурносен/смс код кој го добивате на Вашиот телефон. Важноста на кодот кој ќе го добиете е половина час.
Прозорецот кој ќе го добиете е следен:
Откако ќе го внесете кодот и лозинката пораката која што ќе ја добиете е следна:
Напомена: Сигурносниот смс код не е потребен при:
- Отстранување на сметки од системот на CCB Online или CCB Mobile;
- Отстранување на картички од системот на CCB Online или CCB Mobile;
- Деактивирање или привремено блокирање на мобилниот уред;
- Намалување лимити за плаќање преку системот на CCB Mobile. За останатите промени потребно е да се внесе сигурносен смс код.
6.6.2. Подмени мобилни уреди
Подменито мобилни уреди презентирано на првата слика од точката 6.5 исто како што беше наведено претходно Ви овозможува да декативирате мобилен уред преку кој го користите системот на CCB Mobile или да ја откажете регистрацијата за CCB Mobile.
За овие опции потребно е да извршите избор на записот преку копчето и да одберете опција за откажување на регистрацијата или да го блокирате уредот.
Потоа се внесува Вашата лозинка со што промените се потврдени.
Дел II – Користење на системот CCB Mobile
7. CCB Mobile
Претходно во Упатството наведени се можностите кои ги нуди електронското банкарство преку системот на CCB Mobile, а овде ќе бидат презентирани чекорите за извршување на банкарските операции.
Со најавата на апликацијата CCBank Mobile MK се појавува следното мени преку кое корисникот ќе може да врши операции.
7.1. Мени сметки
Менито сметки Ви овозможува да извршите преглед на сметките кои се додадени кон регистрацијата на електронското банкарство, видот на сметката (трансакциска, депозит и сл) како и да извршите промена на називот односно описот на сметката согласно своите потреби.
Со влегување на полето за некоја од сметките која Ви е додадена при потврдата на регистрацијата може да ги добиете информациите кои се прикажани на сликата. Имено, може да добиете информација за:
- Последни трансакции/движење по сметка односно последни приливи/одливи кои се евидентирани на сметката;
- Извештај од сметката за одреден период кој можете сами да го изберете;
- Може да извршите промена на називот на сметката согласно Вашите потреби;
- Да ја деактивирате сметката за плаќања односно истата да е само од информативен карактер или;
- Да ја остраните сметката од мобилната аплиакција;
- При преглед на некоја од депозитните сметки може да добиете информации за износот на депозитот, каматната стапка и датумот на достасување на депозитот.
7.2. Мени трансфери
Преку менито трансфери имате пристап до подменијата кои Ви овозможуваат да вршите трансфери кон сопствени сметки, плаќања кон други клиенти на Банката, плаќање кон други банки, плаќање кон трезор, преглед на извршените трансфери како и можност да направите избор на претходно внесени шаблони за брзо плаќање кон претходно дефинирани налогопримачи.
7.2.1. Трансфери меѓу сопствени сметки (мкд,девизи)
Подменито Xxxxxxxxx меѓу сопствени сметки Ви овозможува да извршите трансфери меѓу сопствените сметки при што за овие трансфери не важат лимитите кои се поставени од страна на Банката за максимален износ кој е дозволен за вршење трансфер.
При влезот во ова подмени, апликацијата автоматски Ви нуди можност да изберете некоја од сопствените сметки од која ќе го вршите преносот на средства. Преку ова мени можете:
Да пренесете средства на трансакциска сметка за кредитна картичка;
Да извршите купопродажба на девизи преку трансфер на средства од денарска трансакциска сметка кон девизна трансакциска сметка и обратно;
Да извршите пренос кон депозит по видување.
Податоците кои потребно е да ги внесете се следните:
Избор на сметка од која ќе го вршите трансферот;
Износ на кој ќе го извршите трансферот;
Избор на сметка кон која ќе го извршите трансферот;
Да наведете цел на дознака и;
Да изберете датум на реализација на трансферот.
7.2.2. Интерни трансфери во Банката (мкд,девизи)
Преку ова подмени, можете да извршите трансфер на денари или девизи кон клиенти на Банката при што имате опција да го зачувате налогот како шаблон за наредни плаќања со цел побрзо извршување на трансферот.
Податоците за денарски плаќања се потполнуваат аналогно на претходната точка број 7.2.1
Во однос на плаќањата во девизи за резиденти – физички лица дозволено е само плаќања кон нерезиденти во девизи или префрлување на средства помеѓу сопствени сметки отворени во Банката. Кај дознаки од Xxxxxxxxxxx физички лица нема ограничување при интерни девизни дознаки.
При девизни плаќања се појавува поле за внес на сметка за провизија каде задолжително се избира денарската трансакциска сметка а внесот на податоците за налогопримачот се врши со големи букви и латинично писмо.
Исто така, се појавува и полето дополнителна документација каде треба да се прикачи документ кој е задолжителен по регулативата на девизен режим во земјата, не поголеми од 2mb во PDF формат или да ја контактирате Службата за платен промет со странство на мејл xxx@xxxxxx.xx за достава на документите.
7.2.3. Трансфери за други банки (ПП30)
Преку полето трансакции со ПП30 можат да се извршуваат трансакции само од клиентската сметка на налогодавачот во валута MKD кон клиентска сметка на налогопримач во валута MKD кон друга Банка.
Налогодавач - избирате од паѓачкото мени соодветната сметка, од која ќе се изврши трансакцијата. Таму ќе ги видите сите Ваши активни сметки, кои се додадени кон Вашата регистрација.
Износ - Во полето Износ го пишувате износот на трансакцијата;
Корисник-Назив - внесувате назив на клиентот кон која сакате да извршите пренос на средства или избирате од претходно внесените налогопримачи;
Сметка - внесувате сметка кон која сакате да извршите пренос на средства (при преглед на воведените податоци, името на налогопримачот автоматски се пополнува од ЕРТС).
Напомена: Доколку во полето назив налогопримач автоматски Ви се појави текст “Име Презиме” задолжително внесете го името и презимето на налогопримачот.
Шифра на плаќање - избирате шифрата на плаќање;
Повикување на број - (З) и Повикување на број – (О) – податоци кои ги внесувате во повикување на број задолжување или одобрување;
Шифра на плаќање кон нерезидент – ова поле се остава непополнето. Истото е предвидено само доколку трансакцијата е кон клиент-нерезидент;
Тип на плаќање - Итно го штиклирате во случаите, кога сакате трансакцијата да се изврши веднаш во реално време преку системот на МИПС. Цената на овие трансакции е повисока (видете ја Тарифата на банката)
Детали за плаќањето/дознаката - го пополнувате основот за плаќањето (цел на дознака);
Датум – се внесува датумот на валута за реализација на налогот.
Снимај/зачувај го шаблонот за плаќање – доколку се чекира ова поле, овој налог се зачувува како шаблон и може во некој нареден период истиот да биде користен.
7.2.4. Трансфери кон буџетски сметки (ПП50)
Преку полето трансакции кон трезорска сметка ПП50 се вршат плаќања единствено кон Трезор на РСМ (буџет) или кон Фондот за здравство. За овој вид на трансакции потребно е да имате валидни податоци за Уплатна/буџетска сметка, Приходна шифра и Приходна програма.
Полињата за овој налог кои се потполнуваат се аналогни на податоците кои се внесуваат како при трансфер со налог ПП30 со разлика во однос на Трезорските информации кои беа споменати претходно.
Дополнително и за овие плаќања може да се креира шаблон кој би се избирал како копирање на веќе реализиран налог поради побрзо извршување на трансакциите.
Налогодавач - избирате од паѓачкото мени соодветната сметка, од која ќе се изврши трансакцијата. Таму ќе ги видите сите Ваши активни сметки, кои се додадени кон Вашата регистрација.
Износ - Во полето Износ го пишувате износот на трансакцијата;
Корисник-Назив - внесувате назив на клиентот кон кој сакате да извршите пренос на срества;
Xxxxxx – избирате сметка на буџет која претходно е внесена во апликацијата за избор;
Детали за плаќањето/цел на дознака - го пополнувате основот за плаќањето (цел на дознака);
Повикување на број – податоци кои ги внесувате како повикување на број;
Уплата/буџетска сметка – задолжително внесувате уплатната сметка или буџетската сметка за вршење на плаќање;
Приходна шифра – задолжително поле кое е потербно за плаќање кон трезор;
Програма – задолжитено поле за плаќање кон трезор;
Тип на дознака - Итно го штиклирате во случаите, кога сакате трансакцијата да се изврши веднаш во реално време преку системот на МИПС. Цената на овие трансакции е повисока (видете ја Тарифата на банката)
Датум – се внесува датумот на валута за реализација на налогот.
Снимај/зачувај го шаблонот за плаќање – доколку се чекира ова поле, овој налог се зачувува како шаблон и може во некој нареден период истиот да биде користен.
7.2.5. Девизни трансфери кон други банки
Ова подмени е предвидено за девизни плаќања кон сметки надвор од Банката односно кон друга домашна банка во странска валута или кон странство. Притоа, за резиденти физички лица дозволено е само плаќања кон нерезиденти кон друга домашна банка или странство или префрлување на сопствени средства само на сопствена сметка во друга домашна банка. Кај дознаки од Xxxxxxxxxxx (физички и правни лица) нема ограничување при девизни дознаки за други банки и странство.
Податоците за налогопримачот се пополнуваат согласно инструкциите кои ги има клиентот добиено од другата страна кон која плаќа и тоа:
Налогодавач – се избира од Вашите сметки кои се додадени при регистрацијата со што останатите податоци се потполнуваат автоматски;
Сметка за провизија – избирате сопствена денарска трансакциска сметка за наплата на провизијата;
Износ – потполнувате износ на дознаката;
Назив - се внесува називот на налогопримачот;
IBAN се пополнува со Ибан бројот на корисникот (пример: XX00000000000000000000). Доколку плаќањето е кон земја која нема воведено Ибан стандард на сметките, се пишува сметката согласно инструкцијата;
Адреса на корисникот - задолжително се пополнува адресата на корисникот со големи латинични букви и бројки како и дозволените симболи /?:().,+;
Банка на корисникот – се наведува името на банката кон која се врши дознаката;
BIC на Банка на Корисникот - е поле кое задолжително се пополнува со 8 или 11 карактерниот свифт код на банката на примачот (пример: XXXXXXXX или XXXXXXXXXXX).
Вид на провизијата - се избира со која опција плаќа клиентот ( SHA-поделени, OUR-на товар на налогодавачот и BEN - на товар на корисникот на дознаката);
Xxxxxx за плаќањето/цел на дознака – се наведува основот по кој се врши плаќањето;
Xxxx на основен документ врска дознаката – се венсува бројот на документ по кој се врши плаќањето (бр. на фактура и сл.);
Датум на валута за дознака се избира од понудените опции. Напомена, избор на валута за тековниот датум е можно до 14:30 часот. Трансакциите внесени после 14:30 часот, ќе бидат реализирани наредниот работен ден, или датумот определен како датум на валута.
Напомена: Во полето Дополнителни документи задолжително се прикачуваат документите врз основ на кои се врши дознаката, а кои согласно девизниот режим од НБРСМ се задолжителни. Истите задолжително треба да бидат во PDF формат и да не надминуваат големина од 2мб. Доколку документацијата за основот на дознаката е над 2мб или во друг формат, може да ја контактирате Службата за платен промет на xxx@xxxxxx.xx за дополнително доставување на документите на меил.
7.2.6. Се очекува потврда за трансферот
Подменито - Се очекува потврда за трансферот се однесува на оние трансфери кои ги имате внесено, но истите не се потврдени или се внесени за подоцнежна потврда.
Откатко ќе го изберете трансферот за потврдување имате неколку опции:
- Да го потврдите трансферот;
- Да го измените записот во однос на елементите на трансфер;
- Да го поништите записот или;
- Да го испечатите или споделите записот по е-мејл.
7.2.7. Се очекува обработка од Банката
Подменито - Се очекува обработка од Банката се однесува на оние трансфери за кои се очекува обработка во Банката со цел реализација на трансферот.
Откатко ќе го изберете трансферот кој чека да се обработи во Банката ги има следните можности:
- Да ги погледнете сите инфомрации врска трансферот кој ќе се обработи како сметка, износ, налогопримач и слично;
- Да го споделите записот по е-мејл;
7.2.8. Историја на излезни налози/трансфери
Во подменито - Историја на излезни налози/трансфери може да добиете преглед на претходно реализирани трансфер во претходно наведените подменија за трансфери.
При влез на подменито на копчето може да вршите пребарувања на налозите каде ќе поставите одредени критериуми како што е презентирано на следната слика.
Критериумите по кои може да ги пребарувате реализираните налози се следните:
Xxxxxx кој Ви е внесен како претходно дефиниран налогопримач;
Корисник каде може да го впишете називот на корисникот;
Датум при што може да дефинирате временски период од датум до датум и;
Износ каде може да дефинирате гранични вредности на износите на кои имате вршено трансфери.
7.2.9. Шаблони за плаќања/трансфери
Во ова подмени се зачувани шаблоните кои ги имате внесено во апликацијата со цел за побрзо внесување на налози за трансфер. Исто така во овој дел може да извршите пребарување на шаблоните по следните критериуми:
Клиент каде може да изберете клиент за кој имате креирано шаблон;
Корисник каде може да го внесете називот за корисникот за кој имате внесено шаблон;
Дополнителни податоци кои ги имате внесено за креираните шаблони;
Износ каде можете да внесете гранични вредности на износите по кои може да ги повикате шаблоните.
7.2.10. Налогопримачи – Корисници/Лимити
Преку ова подмени може да ги прегледувате претходно дефинираните налогопримачи односно договорни страни кои Ви се потврдени при потврдата на регистрацијата за електронско
банкарство. Овие договорни страни при вршењето на трансферите може да ги избирате и лимитите кои се дефинирани кон нив може да бидат различни од сите останати клиенти. Во овој дел може да извршите и промена на 24 часовниот дневен лимит кон договорните страни или кон сите останати клиенти. Промените кои може да ги извршите се само во намалување на лимитот или да ги оневозможите лимитите со што нема да може да вршите трансфери преку мобилната апликација.
7.3. Мени картички
Менито картички служи за преглед на Вашите дебитни и кредитни картички кои се издадени од Банката. Во ова мени може да добиете информација за расположливиот износ на Вашата дебитна картичка односно вкупниот долг на кредитната картичка.
При избор на кредитна картичка можете да ги добиете информациите кои се прикажани на следната слика.
Имено, на овој прозорец може да добиете информации за :
Број на картичка;
Вид на картичка;
Сметка поврзана со картичката;
Валута;
Статус на картичка;
Вкупниот долг на кредитната картичка;
Износ на кредитен лимит;
Долг од претходен период;
Xxxxxxxxx износ за плаќање;
Датум до кој треба да се изврши плаќањето и
Рокот на важност на картичката.
При избор на дебитна картичка можете да ги добиете информациите кои се прикажани на следната слика.
Имено, на овој прозорец може да добиете информации за:
Број на картичка;
Тип на картичка;
Сметка поврзана со картичката;
Валута;
Статус на картичка;
Расположливиот износ и
Рокот на важност на картичката.
Менито картички има неколку подменија презентирани во продолжение:
7.4. Мени кредити
преглед на трансакциите во период;
преглед на дневни лимити;
промена на назив на картичка;
Менито Кредити Ви овозможува да извршите преглед на Вашите кредитни изложености во Банката по основ на дозволено пречекорување или кредит, кои имаат статус: редовен или нефункционален.
На првиот екран се гледаат следните податоци за секој поединечен производ:
Износ на долг
Доспеан долг
Следен износ за отплата
Датум на следна отплата
При допирање на екранот, за конкретен производ се визуализира следното:
Кредитен производ
Кредит со валутна клаузула
Референтен број
Одобрен износ
Валута
Датум на одобрување
Датум на доспевање
Следен износ за отплата
Годишна каматна стапка
Трансакциска сметка
Недоспеана Главница
Доспеана Главница
Недоспеана камата
Доспеана камата
Доспеана казнена камата
Недоспеана казнена камата
Доспеана провизија.
7.5. Мени доспеани обврски
Менито доспеани обврски Ви овозможува да извршите директно плаќање на обврските од Вашите кредитни изложености. Имено, во ова мени ќе Ви се појават обврските по одредена кредитна изложеност при што на едноставен начин можете да извршите плаќање на истите.
За да направите плаќање кон Кредит потребно е да имате Трансакциска сметка која не го опслужува Кредитот ниту пак Кредитната Картичка.
За плаќање на долг кон кредитна картичка имате неколку опции: минимален износ за плаќање, вкупниот долг како и долг од претходните месеци.
Со изборот на обврската која сакате да ја платите и клик на копчето следно се креира автоматски налог со кој ќе извршите плаќање на обврските.
7.6. Мени промоции
Менито промоции Ви овозожува да добиете информации за актуелните промоции на производите на Банката. Имено, во ова мени може да добиете информации за промотивни услов за:
Xxxxxxxx и девизни депозити за физички лица;
Услови за дозволено пречекорување и кредитни картички;
Промотивни услови за хипотекарни кредити;
Промотивни услови за станбени кредити и друго;
7.7. Мени извештаи
Преку менито извештаи ги имате на увид продажните и куповните валутни курсеви за оние валути за кои Банката врши купопродажба.
За да извршите купопродажба потребно е да имате денарска и девизна трансакциска сметка на која би го извршиле откупот или продажбата на валути.
Овие операции претходно беа обајснети во точка 7.2.1 Трансфери меѓу сопствени сметки.
7.8. Мени известувања
Во менито известувања добивате пораки од страна на Xxxxxxx по разни основи поврзни со извршените трансфери, со кредитните изложености или други информации од важност за Вашето работење со Банката.
7.9. Мени експозитури и ATM-и
Менито експозитури и ATM-и Ви овозможува да добиете информации за деловната мрежа на Банката, односно локацијата на експозитурите или банкоматите на Банката.
На презентираната мапа може да ја лоцирате најблиската експозитура до Вас и со изборот на истата мобилната апликација автоматски Ве носи кон апликациите на мобилниот уред за насоките до избраната локација;
Во делот на Ext. часови може да ги прегледате експозитурите кои работата со продолжено работно време односно експозитури кои работат надвор од стандардното работно време 08:00 до 16:00 часот.
Делот на ATM-и ви овозможува да добиете мапа на сите банкомати на Банката како и да ја изберете нивната локација.
Освен мапа, мобилната апликација Ви нуди и листа на експозитури и банкомати каде може да ги добиете информациите прикажани во продолжение.
Преку објектот листа, може да добиете преглед на експозитурите со следните информации:
Адресата на експозитирата;
Работното време;
Контакт е-мејл на експозитурата и;
Контакт телефон на експозитурата;
Преглед на банкоматите со информации за градот и точната адреса.
.
7.10. Мени информации
Во менито информации ги имате основните податоци за главната дирекција на Банката, адресата како и контакт мејл и контакт телефон.
7.11. Мени прилагодувања
Последното мени кое го нуди мобилната аплиакција Ви овможува да извршите подесувања на одредени параметри за користење на апликацијата.
Исклучување на опцијата за најава на апликацијата или потврдување на трансферите врз основа на препознавање на ликот;
Да извршите промена на јазикот на апликацијата при што апликацијата е достапна на македонски, албански и англиски јазик;
Да го промените пинот со кој се најавувате на аплиакцијата;
Да се одлогирате или да ја деактивирате услугата по што за повторно користење на системот на CCB Mobile, постапката за регистрација е иста како при првична регистрација.