Проектот се спроведува во рамки на ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2011, Грантова шема “Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанското општество“ - EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK. Проектот е финансиран од...
Договорните страни:
НАБАВУВАЧ: Асоцијација за демократска иницијатива,
ул. Браќа Xxxxxxx, 61, Гостивар, МБ: 5460409, ЕДБ: 4007000119180, застапувана од Xxxxxx Xxxxxx, извршен директор
ДОБАВУВАЧ:
ДОГОВОР ЗА ВРШЕЊЕ УСЛУГИ – Хотелски услуги
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ
Член 1
Со овој Договор се утврдуваат меѓусебните права и обврски на набавувачот и добавувачот за испорачување на нарачаната услуга.
Член 2
Добавувачот треба да ги изврши следните работи во рамките проектот „Граѓанското општество во акција за еднаквост“:
▪ Испорака на хотелски услуги: 12-8669/1; 0503-189
ЦЕНА НА УСЛУГИТЕ
Член 3
Предвидениот буџет за набавка на потрошниот материјал од член 2 на овој договор изнесува 8.080€ евра / 498.517 ден. Износот на надоместокот е нето-износ.
Член 4
Проектот се спроведува во рамки на ИПА Национална програма за транзициска помош и градење на институциите 2011, Грантова шема “Понатамошен развој и финансиска одржливост на граѓанското општество“ - EuropeAid/136-625/ID/ACT/MK. Проектот е финансиран од Делегацијата на ЕУ, спроведуван од Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за Финансии и Генералниот секретаријат на Владата на Р.М. Проектот е регистриран во Централната база на податоци на Владата на Република Македонија за странска помош (ЦДАД) со број на потврда 11-6/503-1 од 30.12.2015 г. и е ослободен од данокот на додадена вредност (ДДВ). Согласно ова, износот од член 3 е нето износ и не го вклучува ДДВ.
Набавувачот ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган (Министерство за финансии) потребните документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.
ПЛАЌАЊЕ
Член 5
Плаќањето на средствата од член 3 од овој Договор ќе се извршува по добивањето на фактурите за испорачанaта услуга. Средствата ќе се префрлат на сметката на добавувачот.
ИСПОРАКА
Член 6
Услугата предмет на овој Договор ќе се испорача во периодот од април до ноември
2016.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА НАБАВУВАЧОТ
Член 7
Набавувачот е должен навремено да ги исплаќа договорените износи.
Набавувачот, граѓанско или правно лице одредено од набавувачот има право на проверка на квалитетот на реализацијата на услугата предмет на овој Договор.
Набавувачот го задржува правото да го врати потрошниот материјал со несоодветен квалитет и да бара замена на истиот и доколку тој не се замени, набавувачот има право да го раскине овој Договор.
ПРАВА И ОБВРСКИ НА ДОБАВУВАЧОТ
Добавувачот е должен:
Член 8
1. Да ја обезбеди потребната услуга врз основа на член 2 од овој Договор.
2. Навреме да ги извршува обврските од овој Договор.
3. Да го известува набавувачот за текот на обезбедување на услугата.
КАЗНЕНИ ОДРЕДБИ
Член 9
Доколку добавувачот не ја испорача делумно или целосно договорената услуга од член 2, а набавувачот е временски принуден да ја има истата, набавувачот го задржува правото истата да ја набави од друг добавувач, при што евентуалната разлика во цена и останатите трошоци паѓаат на товар на добавувачот - потписник на овој Договор.
Во случај на неиспорака на услугите од член 2 од овој Договор, добавувачот се обврзува да плати затезна камата, согласно важечките законски прописи, за период до враќање на уплатените парични средства.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
Член 10
За сè што не е предвидено со овој Договор, важат одредбите од Законот за облигациони односи.
Член 11
Во случај на спор кој не може да се реши спогодбено помеѓу договорните страни, ќе решава надлежниот суд во Гостивар.
Член 12
Договорот е составен во 4 (четири) еднообразни примероци од кои по 2 (два) примерока по потпишувањето и заверката добиваат набавувачот и добавувачот.
Асоцијација за демократска иницијатива
Xxxxxx Xxxxxx, Извршен директор