Брoj
РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
Брoj
.2024 год.
С К О П Ј Е
ДОГОВОРза стипендија од Прва група- Стипендија за студенти
Склучен на ден година помеѓу:
, студент/ка на Универзитетот запишан/а во семестар на Факултетот во студиската 2023/2024 година, со број на индекс , (во натамошниот текст како корисник на стипендија) од друга страна.
Член 1Предмет на овој договор е обезбедување и користење на стипендија за студент кој е запишан на додипломски студии во јавните или приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија, согласно Конкурсот за доделување стипендии на студенти запишани на додипломски студии од јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2023/2024 година, со бр.19-11705/2 од 31.10.2023 година, утврдувањето на износот на стипендијата и регулирањето на правата и обврските на договорните страни.
Член 2Давателот на стипендијата согласно Конкурсот од членот 1 на корисникот на стипендијата му обезбедува стипендија во месечен износ од 6.050 денари, за периодот додека трае наставниот период во академската година, сè додека корисникот ги исполнува условите од членот 4 на овој Договор.
Член 3Давателот на стипендијата се обврзува стипендијата од член 2 од овој договор да ја исплаќа на трансакциска сметка на корисникот на стипендијата.
Член 4Корисникот на стипендија се обврзува:
11 Редовно да ги запишува семестрите, односно годината на студиите, да има положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години и да дипломира во рокот предвиден со статутот на високообразовната установа каде се школува.
2.На почетокот на секоја студиска година, најдоцна до 30 октомври, до давателот на стипендијата да достави потврда за запишан нареден семестар, односно година на студирање и уверение/потврда за предвидени и положени испити со успех од претходните години и индекс на увид, до завршувањето на додипломските студии. Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото на стипендија, како што се: промена на факултет, насока, отсек, прекинување на понатамошно школување, добивање стипендија или кредит од друга установа или фирма, дипломирање, студиски престој во странство, како и други промени, должни се за тоа да го известат давателот на стипендијата најдоцна во рок од 30 дена од денот кога настанала промената. На денот на потпишувањето на договорот да достави број на трансакциска сметка- резидентна, од банка во Република Северна Македонија на која давателот на стипендијата ќе врши исплата на средствата од член 2 на овој договор.
Член 5Давателот на стипендијата може да го раскине договорот доколку корисникот на стипендија не ги исполнува обврските од член 4 на овој Договор, го промени факултетот или насоката за кои се доделува стипендијата, не ги достави навремено потребните документи, не постигне просечен успех согласно Конкурсот и нема положено најмалку 80% од предвидените испити за претходните студиски години.
Член 6Во случај на спор странките се согласни по истиот да решава Основниот суд Скопје II Скопје.
Член 7Овој договор е составен во три еднообразни примероци, од кои два за давателот на стипендијата и еден примерок за корисникот на стипендијата.
Договорот се смета за склучен откако ќе го потпишат договорните странки.
|
-
ДАВАТЕЛ НА СТИПЕНДИЈА
OFRUESI I BURSËS
МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА
MINISTRIA E ARSIMIT DHE SHKENCËS
МИНИСТЕР/ MINISTËR,
Doc.Xx.Xxxxx Xxxxxxx
XXXXXXXX НА СТИПЕНДИЈА
SHFRYTËZUESI I BURSËS
(име и презиме)
(emri dhe mbiemri)
Изготвил: Xxxx Xxxxxxx
Прегледал: Xxxxx Xxxx
Одобрил:Xhemile.l Idrizi
Xxxxxxxx Xxxxxx Xxxxxxxxxxx