финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЦФСД), во рамки на ИПА II програмата.
МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА
со ПРОФЕСИОНАЛНИТЕ ЗДРУЖЕНИЈА - СОРАБОТНИЦИ
во реализација на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“
финансиран од ЕУ преку Секторот за централно финансирање и склучување договори, при Министерството за финансии на Република Македонија (во понатамошниот текст: ЦФСД), во рамки на ИПА II програмата.
Здружение на граѓани Институт за човекови права, Скопје (во понатамошниот текст: ИЧП), со седиште на ул. Рајко Жинзифов 49А Скопје, ЕМБС:6486703, претставувано од Xxxxxxxxx Xxxx Xxxxxxxxxx (Претседателка)
и
Центар за правни истражувања и анализи (во понатамошниот текст: ЦПИА), со седиште на ул. ул.„Благој Давков 2-2/1311 Скопје, ЕМБС: 6778399, претставувано од Xxxxxx Xxxxxxxx Зафировска (Претседателка)
како партнери во Проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“и професионалните здруженија - соработниците:
Здружение на судии на Република Македонија, со седиште на ул. Xxxxx Xxxxxxxx б.б. Скопје, застапувано од Xxxxxx Xxxxx (Претседател)
и
Здружение на судска администрација на Република Македонија со седиште на ул. Xxxxx Xxxxxxxx б.б.Скопје, застапувано од Борче Мирчески (Претседател)
(во понатамошниот текст: соработници)
на ___________________ година во Скопје, склучија Меморандум за соработка.
Свесни за важната улога на граѓанските организации и нивното зголемено меѓусебно учество во областа на судството и судските реформи; за потребата од подобро судско работење преку партиципативен пристап; од подобрување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста на судството; за подигнување на свеста, последователно, поголема доверба во судството; како и за потребата за подобрување на условите за квалитетно правосудство
Имајќи ја предвид важноста од структурен придонес на граѓанскиот сектор во унапредувањето на националните политики и стандарди и од вклучувањето на сите заинтересирани страни во процесот на пристапување на Република Македонија во Европската Унија;
Поаѓајќи од апликацијата за проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“, поднесена од ИЧП како апликант и партнерот ЦПИА како ко-апликант (во понатамошниот текст: партнер) во рамки на ИПА II програмата;
Согласно Договорот за грант меѓу ЦФСД и ИЧП, бр. 12-6204/1 од 21.12.2018 година (во понатамошниот текст: Договор за грант)
се договорија за следново:
Цел
Цел на овој Меморандум е поблиско регулирање на: начинот на остварувањето на соработката, правата и обврските на партнерите, консултацијата, планирањето и известувањето, управувањето и координацијата, распределбата на средствата за реализација, финансиското работење, документацијата, комуникацијата, видливоста, начинот на решавање на спорови, измени и дополнувања и спроведување на Меморандумот со соработниците.
Проектот започна да се спроведува на 1 јануари 2019 година и ќе трае 30 месеци.
Соработка
Партнерите и соработниците ќе остварат соработка согласно проектната апликација доставена до ЦФСД и Договорот за грант, со цел да се обезбеди навремено, ефикасно и квалитетно спроведување на активностите предвидени со проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“.
Партнерите и соработниците меѓусебно ќе соработуваат за сите прашањата поврзани со спроведувањето на проектот.
Сите публикации и производи на проектот ќе бидат промовирани и објавени од страна на соработниците согласно временската рамка на проектот.
Обврски на партнерите и на соработниците
Согласно Договорот за грант и меѓусебниот план, партнерите ги преземаат следниве обврски:
ЦУП и ИЧП:
Обврски согласно Договорот за грант, потпишан на 21.12.2018 година;
Активности насочени кон организирање на јавни настани во рамките на проектот;
Активности насочени кон развој на методологијата за следење и оценување на судските перформанси заедно со професионалните здруженија;
Формирање Советодавна работна група од членовите на граѓанските организации кои работат во областа на судството и професионалните здруженија за континуирано следење на перформансите, предлагајќи препораки и насоки за времена политика;
Реализација на работилници за одговорност, ефективност и транспарентност со мешани групи на судии и судски персонал со главни позиции, портпароли на судови и помлади соработници / правни лица во адвокатските канцеларии;
Реализација на активности поврзани со развој и испорака во сите судови на "Заедничкиот протокол за унифицирана имплементација и ефикасност во секторот на правда;
Подготовка на 3 видеа во врска со напредокот во правосудството во различни аспекти;
Реализација на активности во насока на подготовка на документ за политики со препорака ориентирана кон акција за транспарентено, одговорно и ефективено правосудство;
Реализација на активности поврзани со унапредување на политиките и законодавството во согласност со начелата на ЕУ за "квалитетни закони";
Организација на процесот на следење и евалуација на проектот;
Координација на подготовка на извештаите;
Координација на активностите за застапување;
Комуникација со ЦФЦД и, доколку е потребно, Делегацијата на ЕУ во Македонија;
Обезбедување целосна документација за проектот, вклучувајќи фото и видео документација;
Координација и административна поддршка на целиот проект.
Обврски на соработниците:
Поддршка во спроведување на проектот;
Поддршка во реализација на активности поврзани со зголемено меѓусебно учество на граѓанските организации и професионалните здруженија во областа на судството и во судските реформи особено во активностите:
Активност 1. Настан за отпочнување и промоција на проектот
Активност 2. Развој на методологијата за следење и оценување на судските перформанси заедно со професионалните здруженија
Активност 3. Формирање Советодавна работна група од членовите на граѓанските организации кои работат во областа на судството и професионалните здруженија за континуирано следење на перформансите, предлагајќи препораки и насоки за времена политика
Активност 4. Пет работилници за одговорност, ефективност и транспарентност со мешани групи на судии и судски персонал со главни позиции, портпароли на судови и помлади соработници / правни лица во адвокатските канцеларии
Активност 5. Развој и испорака во сите судови на "Заедничкиот протокол за унифицирана имплементација и ефикасност во секторот на правда"
Активност 8. Завршна јавна дебатаПоддршка во реализација на активности насочени кон засилено влијание врз процесот на креирање политики во однос на слободата на медиумите, како и подобрување на нивната соработка преку воспоставена платформа за дијалог;
Обезбедување материјали за подготовка на извештаите за пректот;
Обезбедување и чување на документацијата поврзана со имплементацијата на проектот;
Поддршка и лобирање за имплементација на резултатите на проектот;
Овие обврски треба да придонесат кон остварување на проектните резултати:
Р1. Зголемено меѓусебно учество на граѓанските организации во областа на судството и професионалните здруженија на судии и судската администрација во судските реформи;
Р2. Подобро судско работење преку партиципативен пристап;
Р3. Подобрување на ефикасноста, одговорноста и транспарентноста на судството;
Р4. Подигнување на свеста, последователно, поголема доверба во судството.
Консултација
Партнерите и соработниците меѓусебно ќе се консултираат за реализацијата на проектните активности, особено за подготовката на материјалите за работилниците/конференциите и остварувањето на проектните резултати.
Планирање
Партнерите и соработниците ќе ги реализираат предвидените активности на проектот „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“ согласно Договорот за грант и договорен план.
Врз основа на Договорот за грант и договорениот план, проектниот менаџер од ИЧП изготвува календар на активности.
Известување
За проектот се подготвуваат периодичен наративен и финансиски извештај и финален наративен и финансиски извештај за спроведените активности за периодот 1.1.2019- 30.6. 2021 година.
Извештаите ги подготвува проектниот менаџер од ИЧП, финансискиот менаџер од ИЧП и проектниот координатор од ЦПИА а единствениот извештај го составува проектниот менаџер на ИЧП, по добиен инпут од страна на партнерите и соработниците.
Заради следење и поттикнување на активностите, се формира Работен Совет, составен од претставници на ИЧП, ЦПИА и претставници на соработниците.
Работниот Совет ќе се состанува најмалку на секои три месеци, а по потреба и повеќе пати во текот на траењето на проектот.
Работниот Совет:
ги одобрува и прифаќа календарите за работа;
ги одобрува и прифаќа извештаите, вклучувајќи и информации за финансиското работење;
договара распределба на средствата од проектот; по потреба, предлага изменување на Буџетот на проектот;
спроведува активности поврзани со евалуацијата и следењето;
дава насоки за реализација на проектот;
се договара и дава насоки за комуникациските активности на проектот.
Работниот Совет одлучува со консензус, а со седниците раководи проектниот менаџер.
Работниот Совет раководи со проектот и дава насоки на проектниот координативен тим.
Проектен координативен тим
Проектниот менаџер од ИЧП, финансискиот менаџер од ИЧП и проектниот координатор од ЦПИА го сочинуваат проектниот координативен тим. Проектниот координативен тим го раководи проектниот менаџер од ИЧП.
Документација
Партнерите ја водат и чуваат документацијата согласно Договорот и релевантната законска регулатива (10 години задолжително чување).
Електронски копии од сите документи и материјали поврзани со проектот ќе бидат доставени до проектниот менаџер, кој ја прибира и организира целокупната документација поврзана со проектот.
Комуникација
Комуникацијата меѓу партнерите и соработниците и комуникацијата со другите субјекти вклучени во проектот, по правило, ќе се одвива телефонски и преку електронска пошта.
Партнерите и соработниците меѓусебно редовно ќе комуницираат и ќе се известуваат за сите активности кои се спроведуваат во проектот, а во чија реализација ќе бидат вклучени соработниците во проектот.
Со ЦФЦД комуницира проектниот менаџер при што претходно се консултира со проектниот тим.
Видливост
Сите официјални документи и материјали за промоција на проектот ќе бидат изготвени според единствени теркови, во согласност со општите услови на Договорот, а кои ќе ги изработи ИЧП, најдоцна еден месец по стапувањето на овој Меморандум во сила.
Севкупните резултати што ќе произлезат од реализацијата на проектот (материјали, публикации и брошури превидени со проектот) ќе бидат објавени од страна на партнерите и соработниците.
За севкупната документација која што ќе произлезе во рамките на реализацијата на проектот, а која се однесува кон надворешни субјекти, меѓусебно ќе се консултираат партнерите и соработниците.
Времетраење
Проектот започнува да се спроведува на 1-ви јануари 2019 година и ќе трае 30 месеци, односно до 30-ти јуни 2021 година.
Овој меморандум трае од денот на неговото склучување до одобрувањето на завршниот извештај од страна на донаторот, во кој рок треба да биде исполнет предметот на овој договор и извршени обврските на партнерите и соработниците.
Меморандумот ќе стапи во сила на денот на потпишувањето.
Измени и дополнувања
Измени и дополнувања на овој меморандум се вршат со взаемна согласност на партнерите и соработниците во писмена форма.
Решавање на спорови
Евентуалните спорови што можат да настанат во врска со толкувањето или примената на овој Меморандум ќе се решат со консултации меѓу партнерите и соработниците.
Спроведување
Партнерите и соработниците се обврзуваат да ги извршуваат своите договорни обврски во определениот рок и со соодветен квалитет. Доколку било кој од партнерите или соработниците утврди дека некоја обврска не е извршена со соодветниот квалитет или се доцни со извршувањето на обврските, за тоа веднаш ќе му се укаже на проектниот менаџер, предлагајќи соодветни мерки.
Ако се случат какви било промени кои, според мислењето на партнерите и соработниците значително ќе ја загрозат вредноста на Проектот, партнерите и соработниците ќе се консултираат, ќе предложат и ќе преземат мерки за решавање на прашањето.
Меморандумот ќе стапи во сила на денот на потпишувањето.
Потпишан во Скопје, на __________ 2019 година, во четири истоветни примероци, од кои по еден за секој од партнерите и по еден за секој од соработниците.
За ИЧП |
За ЦПИА
|
Здружение на граѓани Институт за човекови права Скопје |
Здружение на граѓани Центар за правни истражувања и анализи
|
Претседателка |
Претседателка
|
Xxxxxxxxx Xxxx Xxxxxxxxxx
____________________ |
Xxxxxx Xxxxxxxx Зафировска
_____________________
|
За ЗСРМ |
За ЗСАРМ |
Здружение на судии на Република Македонија |
Здружение на судска администрација на Република Македонија
|
Претседател |
Претседател
|
Xxxxxx Xxxxx
____________________ |
Xxxxx Xxxxxxxxx
_____________________
|
Проект „Заедничка заложба за подобри достигнувања во судството“