Contract
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
ФОНД ЗА ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА
Бр. Дата год. Скопје
Врз основа на член 70 од Законот за здравствено осигурување (“Сл. весник на РМ”, бр. 25/2000, 34/2000, 96/2000, 50/2001, 11/2002, 31/2003, 84/2005 ,37/2006, 18/2007,
36/2007, 82/2008 и 98/2008) и член 3 и 4 од Правилникот за критериумите за склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистичко - консултативна здравствена заштита (“Сл. весник на РМ”, бр14/2008 и бр.164/2008), се склучува
Д О Г О В О Р
За извршување и плаќање здравствени услуги во примарна и специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Склучен во Скопје за 2009 година, помеѓу:
1. Фонд за здравствено осигурување на Македонија (во понатамошниот текст Фонд), застапуван од Директор Xxxxxx Xxxxxxxxx и Директор Xxxxx Xxxxxxxx, како стратешки купувач на здравствени услуги од една страна и
2.
со седиште на
(во понатамошниот текст
Здравствена установа), застапувана од ВД Директор , ж-ска бр.
што се води кај , даночен број , како давател на услуги од друга страна.
Предмет на договорот Член 1
Предмет на овој Договор е регулирање на односите меѓу Фондот и здравствената установа за обезбедување и извршување на здравствени услуги на осигурените лица примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита, утврдување на видот, обемот, квалитетот, начинот и роковите за остварување на договорените здравствени услуги,утврдени цени, начин и рокови на плаќање, контрола на спроведувањето на договорот, права и oбврски на договорните страни, договорни казни и услови за раскинување на договорот, како и други прашања кои се однесуваат за уредување на меѓусебните односи помеѓу договорните страни.
Давател на услуги во примарна и специјалистичко-консултативната здравствена заштита
Член 2
За потребите на осигурените лица овој договор се склучува за примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита во согласност со Решението бр. од година, издадено од Министерството за здравство.
Здравствената установа во примарната здравствена заштита за осигурените лица ги врши следните дејности:
- итна медицинска помош и домашно лекување
- итна стоматолошка помош
- превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца до 18
години (имунизација и систематски прегледи)
- превентивна стоматолошка заштита за деца до 14 години
- поливалентна патронажа за доенчиња и мајки
- депо на лекови
- превоз со санитетско возило
Здравствената установа во специјалистичко консултативна здравствена заштита за осигурените лица ги врши следните дејности:
- специјалистичко-консултативни здравствени услуги
- биохемиски - лабораториски услуги по упат на лекар специјалист
- биохемиски - лабораториски услуги по упат на избран лекар
- микробиолошки лабораториски услуги
- рентген дијагностика
Член 3
Здравствената установа својата дејност ја обавува во една или повеќе организациони единици со соодветен стручен кадар, согласно Правилникот за поблиските просторни услови, опремата и кадрите за основање и работење на здравствените организации и кои имаат добиено важечка лиценца за работа.
Здравствената установа за секое проширување или промена на дејноста, како и измена на бројот на организационите единици, склучува Анекс на овој Договор со Фондот, согласно средствата во буџетот на Фондот за таа намена.
За секоја статусна промена на здравствената установа се склучува нов Договор.
За секоја промена на седиштето, управителот (директорот), жиро сметка здравствената установа е должна да го извести Фондот во рок од 15 дена.
Член 4
Здравствената установа е должна на осигурените лица да им пружа целосна, квалитетна, навремена, економична, ефективна и ефикасна примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита со примена на медицина заснована на докази, во согласност со одредбите на Законот за здравствена заштита, Законот за здравствено осигурување, Правилникот за критериумите за
склучување договори и за начинот на плаќање на здравствените услуги на здравствените установи кои вршат специјалистчко-консултативна (во понатамошниот текст Правилникот), меѓудржавни договори за социјално осигурување, општите акти на Фондот, здравствени услуги кои се опфатени со определени Програми за здравствена заштита како и одредбите на овој договор.
Услуги дадени на осигуреното лице надвор од став 1 на овој член и надстандардните услуги по барање на осигуреното лице, не се на товар на Фондот. Здравствените услуги на осигурените лица ги пружа лекарскиот тим, односно тимови на лекари специјалисти од соодветната дејност, вработени во здравствената установа кои имаат добиено лиценца за работа.
Вид и обем на здравствени услуги во примарна здравствена заштита Член 5
Видот и обемот на здравствените услуги во примарната здравствена заштита здравствената установа ги планира согласно видот на здравствената заштита поo делно по дејности и по програмите за здравствена заштита кои ги донесува Владата на Република Македонија и потребните лекарски тимови и бројот на населението кое гравитира кон здравствената установа.
Член 6
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за превентивна здравствена заштита на предучилишни и училишни деца и превентивна стоматолошка заштита треба да содржи проценка на број на ученици и студенти кои треба да бидат систематски прегледани во тековната година и вакцинирани согласно законските прописи, Програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија за 2009 година и Програмата за систематски прегледи на ученици и студенти во Република Македонија за 2009 година и бројот на лекарските тимови.
Член 7
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за итна медицинска помош и домашно лекување, превоз со санитетско возило кога е тоа неопходно, итната стоматолошка помош и превентивна стоматолошка заштита, здравствената установа го изготвува по број на случаи според потребите на населението и бројот на лекарските тимови.
Член 8
Заради обезбедување континуирана здравствена заштита на осигурените лица ноќе, сабота, недела и државни празници, здравствената установа во согласност со
потребите на населението на избраните лекари треба да им обезбеди простор, услови за работа и ампуларна терапија, без надомест .
Здравствената установа склучува посебен договор со избраните лекари за обезбедуваање на услови за извршување на континуирана здравствена заштита.
Здравствената установа е должна да обезбеди факсимил од Фондот.
Издадениот факсимил со назив ДЕРЖУРНА СЛУЖБА го користи избраниот лекар само за време на дежурството .
На пропишаниот рецепт покрај факсимилот ДЕЖУРНА СЛУЖБА треба да биде ставен и факсимилот на избраниот лекар .
За време на дежурство избраниот лекар може да пропишува само лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот кои со Одлука ги утврдува Управниот одбор на Фондот.
Наплатеното учество од осигуреното лице е приход на здравствената установа. Здравствениот дом е должен еднаш месечно до Фондот да доставува Извештај за потрошени ампули .
Член 9
Планот за видот и обемот на здравствените услуги за поливалентна патронажа за доенчиња и мајки треба да содржи податоци за здравствените услуги, број на посети и број на посетени родилки , согласно Програмата за заштита на деца и мајки и потребниот кадар за спроведување на оваа програма.
Член 10
Здравствената установа за потребите на извршување на здравствените услуги од превентивната, примарната и специјалистичко- консултативната здравствена заштита обезбедува лекови и медицински потрошен материјал и инсулинска терапија во депото на лекови.
Вид и обем на здравствени услуги во специјалистичко
-консултативна здравствена заштита Член 11
Видот и обемот на здравствените услуги кои здравствената установа ги обезбедува на товар на средствата на Фондот ги понудува со план за тековната година кои претставуваат договорени здравствени услуги од специјалистичко-консултативна здравствена заштита кои здравствената установа треба да ги оствари во тековната година.
Видот и обемот на здравствени услуги се планираат на годишно ниво поединечно по број на случаи по квартали прикажани како завршени специјалистичко- консултативни здравствени услуги со референтни цени на завршената услуга за секоја специјалност поединечно, на утврден образец-План за видот и обемот на здравствени услуги.
Здравствената установа за остварување на целите низ резултатите од извршената работа доставува план за годината за која се склучува договорот.
Индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа според планот за тековната година се договорени индикатори.
Планот на видот и обемот на здравствените услуги и планот на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа за специјалистичко- консултативна здравствена заштита се утврдени во Прилог - обрасци и се составен дел на овој договор.
Член 12
Целите што треба да ги постигне здравствената установа низ резултатите од извршената работа се: зголемување на продуктивноста, ефикасноста, квалитетот.
Преку остварувањето на целите од став 1 на овој член се врши оценување на успешноста во работењето на здравствената установа, врз основа на следните индикатори:
1. количник (однос) на првите и повторените амбулански преглед;
2. задоволството на осигурените лица и
3. бројот на упатите до здравствената установа.
Секој индикатор од став 2 на овој член носи поединечно 5% од вкупниот надоместок на здравствената установа, за специјалистичко консултативна здравствена заштита, а здравствената установа секој индикатор ќе го оствари доколку биде исполнет планираниот број.
Утврдување на надоместок Член 13
Плаќањето на здравствените услуги се врши со утврдување на вкупен надоместок на здравствената установа во кој се опфатени средствата за примарана и специјалистичко-консултативна здравствена заштита за осигурените лица на Фондот.
Висината на вкупниот надоместок е утврдена согласно Правилникот и Одлуката за утврдување на буџетските плафони на здравствените установи во зависност од средствата во Буџетот на Фондот утврдени за таа намена и се смета како договорен износ за примарни и специјалистичко-консултативни здравствени услуги што ќе бидат остварени во тековната година.
Висината на договорениот надоместок за тековната година се определува во износ
од најмногу
здравствена заштита.
xxxxxx за примарна и специјалистичко- консултативна
Висината на договорениот надоместок за тековната година се дели на еднакви месечни износи (месечен надоместок) во износ од денари и се исплаќа на здравствената установа во полн износ, по завршување на тековниот месец.
Доколку се изврши измена на Одлуката за утврдување на буџетските плафони на здравствените установи од страна на Управниот одбор на Фондот висината на надоместокот од став 3 и 4 од овој член се менува . Соодветно на извршената измена пропорционално се менува и планот на видот и обемот на здравствените услуги кој е составен дел на овој договор.
Цени на здравствени услуги Член 14
Здравствените услуги од член 2 на овој Договор се искажуваат според бројот на случаите и референтната цена за видот на завршената специјалистичко- консултативна здравствена услуга во апсолутен износ пооделно по дејности и специјалности во која се вклучени трошоците за сите елементи кои учествуваат во цената, утврдени согласно Одлуката за утврдување на референтни цени според Методологија за утврдување на референтните цени .
Начин на пресметување и плаќање на обезбедени здравствени услуги Член 15
Вкупниот надоместок утврден во член 13 на овој договор се состои од дел за примарна и дел за специјалистичко консултативна здравствена заштита Надоместокот за специјалистичко консултативна здравствена заштита се состои од фиксен и променлив дел.
a) Фиксниот дел е утврден како основен надоместок кој изнесува 40 % од договорениот износ за специјалистичко консултативна здравствена заштита.
б) Променлив дел е утврден како:
1) надоместок според извршувањето на договорениот вид и обем на здравствените услуги изнесува 45% од договорениот износ за специјалистичко консултативна здравствена заштита.
2) надоместок според исполнувањето на целите што треба да се постигнат низ резултатите од извршената работа (успешност во работењето) изнесува 15 % од договорениот износ за специјалистичко консултативна здравстена заштита.
Член 16
Месечниот надоместок од член 13 на овој договор за обезбедени здравствени услуги на здравствената установа и се исплатува до крајот на месецот, за претходниот месец.
Вкупниот надоместок не го вклучува пресметатиот износ на вкупното учество на осигурените лица во вкупната цена на здрвствените услуги (партиципација) за тековната година.
Член 17
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие најдоцна до 10-ти во тековниот месец до Фондот доставува Пресметка за планиран и остварен вид и обем на здравствени услуги во електронска и во пишана форма.
Променливиот дел од надоместокот од член 15 став 1, под б), алинеја 1 на здравствената установа се намалува доколку извршувањето на договорениот вид и обем е намалено во однос на планираниот договорен вид и обем на здравствени услуги.
Член 18
Намалувањето се врши по истекот на тромесечието по извршена контрола, со индексот на вкупно пресметаниот износ на извршените здравствени услуги во однос на планираните здравствени услуги, пресметани според утврдените цени на завршени специјалистичко- консулативните здравствени услуги, врз основа на остварените резултати во претходното тромесечје.
Член 19
Променливиот дел од надоместокот според исполнување на целите од член 15 став 1, под б) алинеја 2 на здравствената установа се намалува со просечниот индекс на индикаторите за секоја од утврдените цели, врз основа на утврдените резултати во претходното тромесечје.
.
Здравствената установа по истекот на секое тромесечие најдоцна до 10-ти во тековниот месец до Фондот доставува Пресметка за планираните и остварените индикатори за остварувањето на целите низ резултатите од извршената работа во електронска и во пишана форма.
Член 20
Во вкупниот надоместок на здравствената установа се опфатени сите потребни трошоци за лекови, медицински и друг потрошен материјал потребен за целосно извршување на здравствената услуга на осигурените лица.
Член 21
Здравствената установа доставува фактури за извршени здравствени услуги до подрачната служба заради евиденција на здравствените услуги и наплатената партиципација на осигурените лица најкасно до 5-ти во тековниот за претходниот месец.
Со фактурите од став 1 на овој член се доставува и спецификација по дејности односно програми посебно за примарна и специјалистичко-консултативна здравствена заштита.
Начинот на фактурирањето за извршените здравствени услуги е уредено со Упатство за фактурирање на здравствени услуги.
Доколку износот на средствата што здравствената установа го фактурирала за здравствени услуги на осигурените лица на крајот од годината е поголем од износот на утврдениот вкупен надоместок, здравствената установа го отпишува побарувањето за разликата помеѓу фактурираниот износ и утврдениот надоместок.
Обврски на здравствената установа Член 22
Здравствената установа е должна за вршење на здравствените услуги на осигурените лица да обезбеди медицински потрошни материјали, санитетски и други потрошни материјали потребни за целосно извршување на здравствените услуги.
Доколку здравствената установа не ги обезбеди материјалите од став 1 на овој член, истата е должна на осигуреното лице да му издаде соодветен доказ (потврда) со која ќе ја потврди фактичката состојба.
Доколку здравствената установа не ги обезбеди материјалите од став 1 на овој член, а осигурените лица ги набавиле со сопствени средства, договорениот месечен надоместок на здравствената установа ќе биде намален за износот на рефундираните средства за соодветниот месец.
Член 23
Здравствената установа е должна со средствата добиени по основ на овој договор да врши редовно и навремено плаќање на добавувачите по основ на испорачани лекови од Листата на лекови кои паѓаат на товар на Фондот и медицински помагала.
Член 24
Со утврдување на референтни цени на лековите и инсулинската терапија од страна на Фондот, здравствената установа има обврска самостојно да врши набавки на лекови од целокупниот асортиман од Листата на лекови, согласно Законот за јавни набавки.
Член 25
Здравствената установа се обврзува редовно и согласно законските прописи да ја пресметува и наплатува партиципацијата и да води евиденција за пресметаната и наплатената партиципација од осигурените лица.
Доколку здравствената установа наплатила партиципација од осигурените лица спротивно на прописите, износот на средствата што Фондот ги рефундирал на
осигурените лица по овој основ ќе биде намален за износот на рефундираните средства.
Член 26
Доколку здравствената установа остварила приход од Фондот врз основа на невистинити и неточни податоци, по утврдување на невистинитоста и неточноста на податоците, за неправилно остварениот приход Фондот соодветно ќе го намали надоместокот за тековниот месец.
Член 27
Здравствената установа е должна по потпишувањето на овој Договор да воспостави компјутерска евиденција според процедура, форма и содржина на податоците, утврдени со Упатство на Фондот.
Начинот, обемот, содржината и формата на податоците што ќе ги доставува здравствената установа до Фондот се утврдуваат со Упатство од Фондот.
Податоците од став 2 на овој член се доставуваат на трошок на здравствената установа.
Секоја измена на Упатството од став 1 и став 2 на овој член, здравствената установа е должна да ја усогласи во рок од 30 дена од неговиот прием.
Член 28
Други обврски на здравствената установа:
1.Да го уплатува придонесот за задолжително здравствено осигурување согласно законските одредби и да води уредна евиденсија ;
2.Да обезбедува квалитетни здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
3.Да ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4.Да го извести избраниот лекар на осигуреното лице медицински извештај за утврдената дијагноза, медицинскиот преглед, испитување, лекувањето и за други прашања кои се однесуваат на здравствената состојба на осигуреното лице.
5.Да доставува извештаи и пресметки за извршените здравствени услуги најдоцна до 10-ти по изминувањето на тримесечјето;
6.Да пресметува и наплатува партиципација и да издава потврда за наплатеното учество (партиципација) и да не наплаќа дополнителни средства од осигурените лица, освен за утврденото учество и да ги применува решенијата за ослободување од партиципација донесено од страна на Фондот;
7.Да му овозможи на Фондот, увид и контрола на целокупната документација и екс анте финансиска контрола;
8.Да обезбеди лекови и друг медицински потрошен материјал за целосно извршување на здравствената услуга;
9.Здравствената установа на видно место да истакне висина на партиципацијата за услугите што согласно Одлуката за партиципација се наплаќаат;
10.Да води кадровска евиденција за вработените според законските прописи; 11.Здравствената установа е должна да води уредна евиденција за сите набавени материјали со доказ за набавката и рокот на траење;
12.Здравствената установа е должна на видно место да истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и да го истакне работното време на сите нејзини ординации согласно прописите за работно време;
13.Здравствената установа е должна да води евиденција согласно прописите за водењето на евиденциите во областа на здравството и други податоци од медицински карактер потребни за анализи, информации за медицинската наука, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување на Македонија; 14.Да ги доставува сите потребни извештаи и информации во пишана и електронска форма во одреден рок во врска со имплементацијата на овој договор; 15.Да негува добри деловни односи со Фондот;
16.Економично и рационално да ги користи средствата добиени од Фондот;
17.За одржување и унапредување на квалитетот на здравствената заштита лекарите специјалисти вработени во здравствената установа имаат обврска стручно да се усовршуваат;
18.Да ја развива здравствената заштита според потребите на населението ;
19.Да обезбеди контрола на трошоците и усогласеноста на истите со приходите, планирање на услугите и трошоците за истите;.
20.Да обезбеди еднаква расределба на средствата во зависност од извршените здравствени услуги;
21.Да ја организира итната медицинска помош, домашното лекување, приправноста, породувањето, прегледи од неонатолог-педијатар, патронажа, санитетски превоз во подрачја каде што не се обезбедени наведените здравствени услуги.
Член 29
На лицата опфатени со склучени меѓудржавни договори за социјално осигурување
– странски осигуреници, здравствената установа им обезбедува здрвствени услуги врз основа на договорен меѓудржавен двојазичен образец, врз основа на потврда за правата на користење здравтвена заштита на странскиот осигуреник и членовите на неговото семејство издадена од соодветната подрачна служба или врз основа на европска картичка за здравствено осигурување (European Health Insurance Card – EHIC), доколку со таа земја Фондот има склучено посебен договор за користење на европска картичка за здравствено осигурување на територија на Република Македонија како и врз основа на сертификат доколку европската картичка е во изработка.
Здравствената установа до соодветната подрачна служба доствува посебна пресметка за пружени здрвствени услуги од став 1 на овој член.
Во пресметките, здравствента установа е должни да ги наведатг сите здравствени услуги кои се пружени според цените утврдени од Фондот.
Водење на посебни евиденции Член 30
Здравствената установа се обврзува на посебен образец веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена да ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и ќе ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес.
Здравствената установа се обврзува за пружената здравствена заштита во врска со лекувањето како последица на причините наведени во став 1 на овој член, посебно да ги евидентира пресметките (фактурите) за извршените здравствени услуги во здравствената установа и со посебен допис да ги достави до подрачната служба на Фондот.
Доколку здравствената установа за наведените случаи не постапи според одредбите на овој Договор, Фондот ќе го исплати договорениот надоместок намален за висината на лекувањето.
Фондот е обврзан да:
Обврски на Фондот Член 31
1. врши контрола на примената на одредбите од Законот и подзаконските акти и другите прописи, како и контрола на спроведување на одредбите на овој договор;
2. го плаќа надоместокот за обезбедените здравствени услуги во согласност со овој договор;
3. врши мониторинг и контрола на видот и обемот на договорените здравствени услуги како и на пресметките на планирани и остварени здравствени услуги;
4. врши мониторинг и контрола на индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа како и на пресметките на планирани и остварени индикатори за цели;
5. го проверува овластувањето или акредитацијата на Здравствената установа;
6. врши тековна проверка на критериумите врз основа на кој е склучуван договорот;
7. го следи износот на рефундирани средства на осигурените лица за медицински потрошен материјал, кои здравствената установа била должна да ги обезбеди и ја намалува висината на надоместокот на здравствената установа за рефундираниот износ и
8. Фондот ја следи наплатената партиципација од страна на здравствената установа.
Претходна проверка (Xxx Xxxx) Член 32
Здравствената установа се обврзува на Фондот да му овозможи вршење на предходна проверка (Екс Анте) на точноста и усогласеноста на документите кои се однесуваат на финансиските активности кои создаваат обврски и расходи на здравствената установа согласно со законските, подзаконските и интерните акти, одлуките и договорите пред нивното извршување.
Контролата се врши со потпишување или одбивање да се потпишат соодветните документи со кои се одобрува извршувањето на трансакцијата, односно одлуките вклучително и плаќањата.
Исправноста на документите со својот потпис ја одобрува контролорот на образец -
контрола листа.
За извршените екс анте финансиски контроли се изготвува записник односно извештај за утврдената состојба во здравствената установа.
Контрола Член 33
Фондот во здравствената установа врши контрола со преглед и проверка на финансиската ,медицинската и друга документација во здравствената установа на договорениот вид и обем на договорени здравствени услуги на осигуренитре лица, индикаторите за остварување на целите низ резултатите од извршената работа, контрола на остварувањето на правата од задолжителното здравствено осигурување на осигурените лица, контрола на евиденцијата за пружени здравствени услуги на осигурени лица, контрола на примена на одредбите од Законот за здравственото осигурување и подзаконските акти донесени врз основа на тој Закон и другите прописи, како и контрола на спроведување на одребите од овој договор.
Здравствената установа се обврзува во секое време да му овозможи на Фондот увид и контрола во целокупното свое работење.
Член 34
За извршената контрола се составува записник со утврдената состојба во здравствената установа.
Фондот најдоцна до 15 дена од денот на извршената контрола доставува известување до здравствената установа со предлог мерки за отстранување на утврдените неправилности и недостатоци.
Здравствената установа има право во рок од 8 дена по добивање на известувањето од Фондот да достави забелешки на известувањето до централната служба на Фондот .
Централната служба на Фондот може да ги преиспита забелешките доколку има нови докази.
Користење на средствата во здравствената установа
Член 35
Со средствата остварени според овој договор, здравствената установа располага самостојно.
Здравствената установа средствата добиени според овој договор, наменети за одредени позиции од планот не може да ги пренаменува за други позиции, односно други трошоци, со кои ќе предизвика намалување на обемот и квалитетот на здравствените услуги на осигурените лица.
Средствата остварени од заштеди, здравствената установа може да ги користи за континуирана медицинска едукација и унапредување на дејноста на здравствената установа.
Раскинување на договорот Член 36
Овој Договор може да се раскине спогодбено во писмена форма.
Договорот може да се раскине со писмено известување, со отказен рок од 30 дена од денот на приемот на писменото известување.
Еднострано раскинување на Договорот Член 37
Фондот има право во секое време еднострано да го раскине Договорот со здравствената установа. Договорот се смета дека е раскинат од денот на приемот на доставницата, освен во случаи кога двапати е направен безуспешен обид за достава и тоа:
1. Во случај на стечај или ликвидација на здравствената установа односно доколку и биде изречена мерка забрана за вршење на дејност;
2. Ако здравствената установа континуирано не пружа здравствени услуги според договореното;
3. Ако го оневозмножува или отежнува остварувањето на правата од задолжително здравствено осигурување;
4. Ако здравствената установа не овозможи вршење на контрола од страна на Фондот;
5. Ако со работата се нанесе штета на Фондот
6. Ако здравствената установа постапува спротивно од одредбите на овој Договор .
7. Ако не негува добри деловни односи;
8. Доколку не се извршуваат здравствените услуги од член 2 на овој договор;
Во случаите кога е применета договорна казна, а по повторна контрола од член 32 и 33 на овој Договор повторно се утврди повреда на било која одредба од овој Договор.
Член 38
Во случај на еднострано раскинување на Договорот од страна на Фондот согласно одредбите на овој Договор, Фондот не е веќе во обврска да склучи нов Договор со здравствената установа.
Член 39
Договорните страни за одредени повреди на одредбите од овој договорот, се согласија за исплата на договорна казна.
Износот на договорната казна, повредите за кои е определена можност за договорна казна како и рокот за исплата на договорна казна се утврдени со овој договор.
Доколку се утврдат повреди за кои е предвидено договорна казна и еднострано раскинување на договорот, се применува едностраното раскинување на Договорот. Доколку се утврдат повреди од член 40 и 41 од овој Договор, се применува договорната казна од член 39 на овој договор.
Доколку се утврдат повреди од член 42 од овој Договор кај нема да бидат отстранети по изречената опомена во рок од 8 дена се применува договорна казна од член 41 од овој Договор.
Со исполнувањето на договорната казна за одредена повреда, истата важи за утврдени повреди до исполнувањето на договорната казна, а не се однесува за натамошниот период на важењето на договорот.
Со утврдување на договорната казна, здравствената установа се обврзува веднаш да ги отстрани утврдените повреди за кои е составен записникот од член 32 и 34 на овој договор.
Доколку договорната казна не се уплати во утврдениот рок од став 9 на овој член, овој договор еднострано се раскинува од страна на Фондот од денот на доставувањето на известувањето од Фондот. Обврската за договорната казна останува да се наплати по судски пат..
Рокот за исплата на договорната казна изнесува 30 дена од денот на доставувањето на известувањето од Фондот и се врши со уплата на договорната казна на сметката на Фондот.
Член 40
Договорна казна во износ од 150.000,00 денари се утврдува за следните повреди
1. Доколку во рок од 20 дена не го извести Фондот за било какви промени (статусни, седиште, проширување, промена на дејноста, измени на бројот на организациони единици и сл.);
2. Ако здравствената установа наплатува на осигурените лица партиципација спротивно на важечките прописи;
3. Доколку придонесот за задолжителното здравствено осигурување редовно, навремено и целосно не се уплатува согласно законските прописи;
4. Доколку здраствената установа нема извршено набавка на компјутерска опрема и интернет поврзување;
5. Доколку здравствената установа во договорениот рок не ги доставува бараните податоци согласно овој договор до Фондот;
6. Доколку здравствената установа на осигуреното лице не му издаде соодветен доказ во случај кога не се обезбедени лекови и материјали ;
7. Доколку здравствената установа на посебен образец (Образец С) веднаш, а најдоцна во рок од 10 дена не ја извести Подрачната служба на Фондот за сите случаи кои се последица од: сообраќајна несреќа, несреќа на работа, професионална болест и повреди предизвикани со нанесување на телесни повреди од други лица и да ги доставува потребните податоци за покренување на постапка за регрес;
8. Доколку здравствената установа не ја наплатува партиципацијата согласно законските прописи и не вoди правилна и уредна евиденција за наплатената партиципација .
Член 41
Договорна казна во износ од 75.000,00 денари се утврдува за следните повреди:
1. Доколку здравствената установа не води евиденција согласно законските прописи, актите на Фондот и овој Договор;
2. Доколку здравствената установа во договорениот рок не ги доставува бараните податоци до Фондот согласно овој Договор;
3. Доколку здравствената установа не ја почитува дискрецијата на податоците и информациите во врска со осигурените лица, нивниот дигнитет и интимност;
4. Доколку здравствената установа не обезбедува здравствени услуги на сите осигурени лица без дискриминација;
5. Доколку здравствената установа не води уредна евиденција за сите набавени материјали и лекови со доказ за набавката и рокот на употреба;
6. . Ако здравствената установа не води кадровска евиденција
Член 42
Пред спроведување на казнените одредби на здравствената установа и се упатува писмена опомена
1. На видно место не истакне ознака дека има склучено договор со Фондот и нема истакнато работно време;
2. На видно место не ја истакне Одлуката за висината на учеството на осигурените лица во цената на здравствените услуги и лековите;
3. Доколку постои писмено незадоволство на осигурениците кои ги користат здравствените услуги;
Судска надлежност Член 43
За решавање на споровите што ќе настанат од овој договор, надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 од Скопје.
Влегување во сила на Договорот Член 44
Овој договор влегува во сила со денот на потпишувањето од двете договорни страни, а ќе се применува 01.01.2009 година заклучно со 31.12.2009 година.
Број на примероци на договорот Член 45
Овој договор е составен во 4 (два) еднообразни примероци, по два за секоја од договорните страни.
Промена на прописите Член 46
При промена (измени и дополнувања) на прописите врз основа на кои е склучен овој договор доаѓа до промена на одредбите од Договорот, согласно извршените измени.
Член 47
Се што не е предвидено со одредбите на овој договор, важат одредбите од Законот за облигационите односи.
Преодна одредба Член 48
Со денот на склучувањето на овој договор престануваат обврските и побарувањата од предходните години помеѓу договорните страни.
ПРИЛОЗИ:
- преглед на организациони единици, со список на соодветен стручен кадар со број на лиценци (прилог број 1) ;
- извештај за приходи и трошоците на здравствената установа во последните три години;
- извештај за видот и обемот на извршените здравствени услуги на осигурени лица во последните три години;
- извештај за бројот и структурата на вработените во последните три години;
- извештај за видовите, количините и износите на лековите, медицинските материјали и другите материјали потрошени во претходната година;
- план на приходи и трошоците на здравствената устнова за тековната година;
- план и структурата на вработените за тековната година;
- план за видот и обемот на здравствените услуги за тековната година;
- план на цели што треба да се постигнат во работењето на здравствената установа;
- деловен план,
Фонд за здравствено осигурување
на Македонија,
Директорот | Xxxxxxxx, | ВД Директор, |
Xxxxxx Xxxxxxxxx | Xxxxx Xxxxxxxx |
|