Contract
Врз основа на член 52 од Законот за инвестициски фондови (Сл. весник на РСМ бр.12/2009, бр. 67/2010, бр. 24/2011, бр. 188/2013, бр. 145/2015, бр. 23/2016, бр.
31/2020, бр. 150/2021 и 288/2021), член 40 од Статутот на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје (во натамошен текст: Друштвото), Одборот на директори на Друштвото, на седницата одржана на ден 27.12.2022 година, донесе:
С Т А Т У Т
на ГРАВЕ ГЛОБАЛ – отворен инвестициски фонд
1. ОПШТИ ОДРЕДБИ
Член 1
Со овој Статут се уредува основањето и организирањето на ГРАВЕ ГЛОБАЛ
– отворен инвестициски фонд (во понатамошниот текст: Фондот), правните односи на Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје (во натамошен текст: Друштвото) со сопствениците на удели во Фондот, како и други прашања од интерес за остварување на целите на Фондот.
Член 2
Овој Статут ги уредува следните содржини: називот на Фондот и видот на Фондот; датум на основање на Фондот, како времето на траење на Фондот; известување на сопствениците на удели (начин и место каде можат да се добијат акти и информации за Фондот); минимален износ на парични средства кои треба да се приберат во Фондот; права од уделите; инвестициски цели и ризик од вложување и од структурата на Фондот; вложување во Фондот, начин на продажба и упис, како и начин на откуп на удели во Фондот; начин и време на пресметка на нето вредноста на имотот на Фондот; време, начин и зачестеност на пресметка на продажната цена при издавање на нови удели или откуп на удели, како и начин на објавување на цените; околности под кои може да дојде до прекин на продажба и откуп на удели; надомест и трошоци за издавање и откуп на удели; пресметка и исплата на дел од добивката на Фондот; времетраење на фискална година; датум на донесување на статутот; податоци за Друштвото за управување и останати одредби.
2. НАЗИВ НА ФОНДОТ И ВИДОТ НА ФОНДОТ
Член 3
Називот на отворениот инвестициски фонд е: ГРАВЕ ГЛОБАЛ – отворен инвестициски фонд (во понатамошниот текст: Фондот).
Скратен назив на Фондот гласи: ГРАВЕ ГЛОБАЛ – X.X.
Во работењето со странство Фондот ќе настапува по името GRAWE GLOBAL
Член 4
Фондот се организира како отворен инвестициски фонд и се категоризира во групата на други инвестициски фондови и кој преставува посебен имот без својство на правно лице, чии сопственици на удели имаат право на сразмерен дел од добивката на Фондот и во секое време имаат право да побараат исплата на уделите со што истапуваат од Фондот.
Со Фондот управува Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје, со седиште на ул. X.Xxxxxxxx„ Бр.14 - 1/8, Скопје, Центар, (во понатамошниот текст: Друштвото), кое е основано на ден 13.08.2014 година, а започна со работа по добивањето на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, со Решение брoj УП 1 08-67 од 19.09.2014 година.
Депозитарна банка на Фондот е Комерцијална банка АД Скопје, со седиште на ул. Орце Николов бр. 3, 1000 Скопје. Изборот на Комерцијална банка АД Скопје за депозитарна банка на Фондот е одобрен со Решение од Комисија за хартии од вредност број УП1 08 - 7 од 28.03.2019 година.
3. ДАТУМ НА ОСНОВАЊЕ И ВРЕМЕ ЗА КОЕ СЕ ОСНОВА ФОНДОТ
Член 5
ГРАВЕ ГЛОБАЛ – отворен инвестициски фонд е основан со добивање на одобрение од Комисијата за хартии од вредност, со Решение број УП1 08 - 7 од 28.03.2019 година.
Фондот е запишан во Регистарот на инвестициски фондови на Република Северна Македонија, од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, под идентификациски број: 9100000000032
Фондот се основа на неопределено време.
4. ИЗВЕСТУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА УДЕЛИ (МЕСТО КАДЕ МОЖЕ ДА СЕ ДОБИЈАТ ДЕТАЛНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ФОНДОТ)
Член 6
Друштвото ги известува сопствениците на удели во Фондот за:
✓ Ревидирани годишни, полугодишни и квартални извештаи за работењето на Фондот;
✓ Дневна нето вредност на имотот на Фондот и вредноста на уделот;
✓ Цената на издавање и откуп на удели;
✓ Прекин на откупот и исплатата на удели;
✓ Измени на Статутот и Проспектот на Фондот; и
✓ Други известувања предвидени со законските и подзаконските прописи.
Член 7
Сопствениците на удели исто така можат да се информираат за било кој аспект од работењето на Фондот на следниве начини:
✓ Во седиштето на Друштвото;
✓ Интернет страницата на Друштвото;
✓ Медиуми;
✓ On-line известување;
✓ Писмено известување;
✓ Телефонски повик.
Постапката на информирање на сопствениците на удели е во зависност од избраниот начин на информирање.
Член 8
Сите информации поврзани со работењето на Друштвото и Фондот, инвестициската политика, информациите објавени во медиумите и сл., може да се добијат во седиштето на Друштвото на ул. ,,X.Xxxxxxxx’’ Бр.14 - 1/8, Скопје, Центар,, секој работен ден од 09:00 до 17:00 часот.
5. МИНИМАЛЕН ИЗНОС НА ПАРИЧНИ СРЕДСТВА КОИ ТРЕБА ДА СЕ ПРИБЕРАТ ВО ФОНДОТ
Член 9
Јавниот повика за купување удели во фондот е објавен на 03.04.2019 година. Истиот успешно е завршен на ден 13.05.2019 година преку прибирање парични средства во минимален износ од 300.000,00 евра во денарска противвредност по среден курс на Народна банка на Република Северна Македонија.
6. ПРАВА ОД УДЕЛИ
Член 10
Правата од уделите во отворениот фонд се стекнуваат со запишување во регистарот на удели во отворениот инвестициски фонд што го води Друштвото. Друштвото води Регистар на удели во Фондот согласно законските и подзаконските прописи. Уписот на податоците во Регистарот на удели се врши веднаш по извршената уплата и утврдувањето на нето вредноста на имотот на Фондот по удел и на бројот на удели што му припаѓа на инвеститорот во чие име и за чија сметка е извршена уплатата.
Уделите им ги обезбедуваат следните права на сопствениците на удели:
• право на информираност;
• право на дел од добивката на Фондот;
• право на продажба на удели од Фондот, односно обврска за откуп на удели;
• право на исплата на дел од ликвидационата маса на Фондот.
Член 11
Сите сопственици на удели имаат еднакви права во Фондот. Уделите во Фондот не можат слободно да се пренесуваат, освен по основ на наследство или договор за подарок. Таквиот пренос има правно дејство по запишување на преносот во Регистарот на удели во Фондот од страна на Друштвото.
7. ИНВЕСТИЦИСКИ ЦЕЛИ И РИЗИК ОД ВЛОЖУВАЊЕ И ОД СТРУКТУРАТА НА ФОНДОТ
Член 12
Паричните средства се прибираат преку продажба на удели во Фондот, а Друштвото истите ќе ги вложува во согласност со одредбите од Законот, Проспектот и Статутот на Фондот. Фондот е во сопственост на имателите на
удели. Сопствениците на удели имаат право на сразмерен дел од добивката на фондот, како и во секое време да побараат исплата на уделот и на тој начин да истапатод фондот.
Член 13
Како инвеститори во Фондот може да се јават домашни и/или странски, физички и/или правни лица.
Член 14
Инвестициската цел ќе се оствари преку професионално управување со средствата на фондот, односно креирање на балансирано портфолио на хартии од вредност.. Во процесот на вложувањето особено внимание ќе се обрне на минимизирање на ризиците кои може да се јават кај овој вид на инвестирање.
Дел од средтсвата на Фондот ќе бидат инвестирани само во UCITS фондовите управувани од “Security Kapitalanlage AG (Security KAG)” кои се основани согласно Директивата 2009/65/ЕЦ и Австрискиот закон за инвестициски фондови од 2011 година. Security KAG е дел од групацијата GRAWE Group со седиште во Грац, Австрија. Покрај инвестирање во фондовите на Security KAG портфолиото на Фондот ќе го сочинуваат и акции и други фондови (ETF’s).
Член 15
Поголем дел од средствата на Фондот ќе бидат инвестирани средствата во хартии од вредност и/или удели на фондови на издавачи чие седиште, односно претежна дејност се врши на територијата на следниве зeмји: Р. Северна Македонија; Земји членки на ОЕЦД; Земји членки на ЕУ; Земји членки на ЦЕФТА; Држави кои не се членки на ОЕЦД, ЕУ и ЦЕФТА чии регулирани пазари на хартии од вредност се членки на светска федерација на берзи - WFE
Друштвото ќе ги инвестира средствата на Фондот во следните видови финанциски инструменти: Акции, од 0% - 30%, Удели или акции во инвестициски фондови, од 55%-100%, Нови емисии на хартии од вредност, од 0%-20% и Депозити и средства на парична сметка, од 0% - 45%. Вложувањата на средствата на Фондот ќе бидат во согласност со одредбите од член 66 и 67 од Законот, како и одредбите од Правилникот за дозволени вложувања, ограничувања на вложувањата и пречекорување на ограничувањата за вложување на имотот на отворениот фонд од Комисијата, кои се релевантни за планираната структура на портфолиото на Фондот.
Инвестициската политика на Фондот може да биде сменета со одлука на
Друштвото за значајни промени во содржината на Проспектот на Фондот. Пред да ги направи промените Друштвото е должно да поднесе барање и да добие одобрение од Комисијата за изменување и/или дополнување на проспектот. Друштвото во рок од седум календарски дена од добивање на одобрението ќе ги извести сите сопственици на удели, за настанатите значајни промени во проспектот во писмена форма преку пошта или преку електронска пошта.
Член 16
Инвеститорите треба да се свесни дека со вложувањето во Фондот преземаат определени инвестициски ризици, со оглед на фактот дека вредноста на финансиските инструменти на пазарот на капитал секојдневно се менува т.е. вредноста на уделот може да расте или опаѓа и повратот на почетната инвестирана сума во секој момент, не е загарантиран. Инвестицискиот ризик претставува веројатност приносот од вложувањето во определен момент да биде помал од очекуваниот или негативен.
Видовите ризици од кои директно или индиректно зависи работењето на Фондот и неговите резултати се следниве:
- Пазарен ризик;
- Каматен ризик;
- Кредитен ризик;
- Ликвиден ризик;
- Валутен ризик;
- Ризик од промена на даночните прописи;
- Политички ризик;
- Oперативен ризик.
8. ВЛОЖУВАЊЕ ВО ФОНДОТ, НАЧИН НА ПРОДАЖБА И УПИС, КАКО И НАЧИН НА ОТКУП НА УДЕЛИ ВО ФОНДОТ
НАЈНИЗОК ИЗНОС НА ВЛОЖУВАЊЕ
Член 17
Најнискиот износ на вложување во Фондот изнесува 1.000,00 денари.
ПРОДАЖБА И УПИС НА УДЕЛИ
Член 18
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови, по добивањето на одобрение од Комисијата за основање на Фондот, издава удели во Фондот.
Член 19
Член 20
При поднесување Барање за издавање на удели, странка - физичко лице се легитимира со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош).
При поднесување Xxxxxx за издавање на удели странка - правно лице, треба да достави веродостоен документ согласно со законските прописи, како тековна состојба од регистрацијата или друг документ од надлежен орган и лична карта од законскиот застапник на правното лице.
Ако при поднесувањето на Барањетo за издавање на удели, странката, физичко или правно лице, се претставува преку полномошник, Барањето за издавање на удели треба да приложи и нотарски заверено полномошно, кое треба да содржи изрично овластување за купување на удели.
Во определени специфични случаи (кога странката е малолетно лице или
лице на кое му е делумно или целосно ограничена деловната способност), Xxxxxx за издавање на удели поднесува законскиот застапник (родител, старател, посвоител) на малолетното лице или лицето на кое му е делумно или целосно ограничена деловната способност
Член 21
Личните податоци кои се собираат, обработуваат и користат од страна на Друштвото, се обработуваат единствено во согласност со целите утврдени со Законот, Проспектот и Статутот на Фондот, а во согласност со прописите за заштита на личните податоци.
Член 22
Првото купување на удели се реализира врз основа на поднесено барање за издавање на удели (во понатамошниот текст Барањето), уплата на паричните средства во износ дефиниран во барањето од страна на вложувачот и прифаќање на поднесеното барање и уплатените парични средства од страна на друштвото. Понатамошните купувања на удели ќе се реализираат со уплата на парични средства и запишување во Регистарот на удели кој го води друштвото. Друштвото се обврзува дека со уплатените парични средства ќе управува како со дел од заедничкиот имот во согласност со условите назначени во Проспектот.
Член 23
Доколку инвеститорите паричните средства за купување на удели ги уплатат во текот на денот (Т) до 24:00 часот, истите купуваат удели според вредноста на уделот на денот на уплатата (Т). За уплатата извршена по 24:00 часот, уделите се купуваат според вредноста на поединечниот удел на наредниот ден (Т+1).
Барањата за издавање на удели и уплатените парични средства во отворениот инвестициски фонд кои се примени во неработен ден, друштвото за управување ќе ги пресметува по цената на уделите од првиот нареден работен ден.
Член 24
Потврда за купување и состојба на удели, без разлика на начинот на кој се стекнати му се издава на Инвеститорот од страна на Друштвото, во писмена форма или на друг соодветен траен медиум без одлагање, а не подоцна од 1 (еден) работен ден од реализацијата на барањето за издавање на удели.
Член 25
За издадените удели се води евиденција во електронска форма во Друштвото и во депозитарната банка.
ОТКУП НА УДЕЛИ
Член 26
Секој сопственик на удели од Фондот има право да бара откуп нa одреден број или сите удели кои ги поседува и на тој начин да истапи од Фондот.
Вредноста на секој поединечен удел се исплатува без одбитоци.
Сопствениците на удели можат во секое време да поднесат Барање за откуп на сите или на одреден број на удели. Барање за откуп се пополнува на посебен формулар изготвен од Друштвото, а истиот може да се добие во седиштето на Друштвото, како и преку продажната мрежа воспоставена на договорна основа.
Во определени специфични случаи (кога странката е малолетно лице или лице на кое му е делумно или целосно ограничена деловната способност), Xxxxxx за откуп поднесува законскиот застапник (родител, старател, посвоител) на малолетното лице или лицето на кое му е делумно или целосно ограничена деловната способност наведено на Договорот.
Член 27
При поднесување на Барање за откуп, странката задолжително се легитимира со соодветен документ. Физичко лице се легитимира со важечки документ за лична идентификација (лична карта или пасош). Доколку станува збор за правно лице, легитимирањето се врши со поднесување на веродостоен документ согласно со законските прописи, како тековна состојба од регистрацијата или друг документ од надлежен орган и лична карта од законскиот застапник на правното лице.
Член 28
Откупот на уделите се врши според цената што одговара на вредноста на уделот утврдена првиот нареден ден на процена по поднесувањето на Барање за откуп на удели (во натамошниот текст: Барање за откуп). Доколку Барањето за откуп е поднесено по 14:00 часот на тековниот ден, истото ќе се смета дека е примено наредниот ден.
Барањата за откуп на удели на отворениот инвестициски фонд кои се примени во неработен ден, друштвото за управување ќе ги пресметува по цената на уделите од првиот нареден работен ден.
Член 29
Потврда за откуп и состојба на удели му се издава на Инвеститорот од страна на Друштвото, во писмена форма или на друг соодветен траен медиум без одлагање, а не подоцна од 1 (еден) работен ден од реализацијата на барањето за откуп удели. За откупените удели се води евиденција во електронска форма во Друштвото и во Депозитарната банка.
Член 30
На основа на поднесеното Барање за откуп од страна на сопственикот на удели, Друштвото дава налог до депозитарната банка, која врши исплата на утврдениот износ на трансакциска сметка на сопственикот на уделите, наведена во образецот на Барањето за откуп.
Во случаи кога клиентот е малолетно лице, исплатата на утврдениот износ се врши на трансакциска сметка на законски застапник на сопственикот на удели наведен во Барањето за откуп.
Друштвото е должно да изврши исплата на средствата за откупените удели од Фондот најдоцна 7 (седум) календарски дена по приемот на Барањето за откуп.
9. НАЧИН И ВРЕМЕ НА ПРЕСМЕТКА НА НЕТО ВРЕДНОСТА НА ИМОТОТ НА ФОНДОТ
Член 31
Нето вредноста на имотот на Фондот се утврдува како разлика помеѓу вредноста на имотот на Фондот (односно пазарната вредност на финансиските инструменти во кои се вложени средствата на Фондот) и вредноста на вкупните обврски на Фондот, и се пресметува согласно со Правилникот за утврдување на нето вредноста на имотот на отворен и затворен инвестициски фонд и за пресметување на нето вредноста по удел или по акции во инвестициски фонд донесен од страна на Комисијата.
Имотот на Фондот на денот на вреднување претставува збир на вредноста на сите видови на средства кои со Законот се пропишани како дозволени вложувања и кои се во согласност со ограничувањата за вложување на средствата на Фондот. Нето вредноста на имотот на Фондот на денот на вреднување се пресметува врз основа на пазарните вредности на хартиите од вредност и депозитите во финансиските институции и други имотни вредности
на Фондот, со одземање на обврските на Фондот на истиот ден. Нето вредноста на имотот на Фондот по удел е нето вредност на имотот на Фондот поделена со бројот на уделите на Фондот на денот на вреднување.
Член 32
Ден на вреднување e денот за кој се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот. Денот на вреднување (т-1) му претходи на денот на пресметка (т) во текот на кој што се пресметува нето вредноста на имотот на Фондот.
Член 33
Вкупниот број на удели на Фондот на денот на вреднувањето се утврдува со намалување на бројот на удели од претходниот ден на вреднување кои Фондот ги повлекол за сметка на лицата кои на денот на вреднувањето поднеле барање за откуп на уделите во Фондот и со тоа престанале да бидат сопственици на уделите, а се зголемува за бројот на удели кои Фондот ги издал на лицата чии средства на денот на вреднувањето се евидентирани на сметката на Фондот со цел за купување на удели во Фондот, а се во согласност со условите во Проспектот и Статутот на Фондот.
Член 34
Нето вредноста по удел и вкупниот број на удели на Фондот се пресметува и изразува во четири децимални места. Сите зголемувања и намалувања на бројот на удели во Фондот се пресметани и изразени во четири децимални места.
Член 35
Нето вредноста на имотот на Фондот и нето вредноста на имотот по удел се пресметува секој работен ден до 16:00 часот за секој ден од годината.
10. ВРЕМЕ, НАЧИН И ЗАЧЕСТЕНОСТ НА ПРЕСМЕТКА НА ПРОДАЖНАТА ЦЕНА ПРИ ИЗДАВАЊЕ НА НОВИ УДЕЛИ ИЛИ ОТКУП НА УДЕЛИ, КАКО И НАЧИН НА ОБЈАВУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ
Член 36
Почетната цена на поединечен удел во Фондот изнесува 100,00 денари. Цената на уделите во Фондот е единствена цена еднаква на нето вредноста на имотот на Фондот по удел, која се пресметува врз основа на пазарната цена на сите финансиски инструменти од портфолиото на Фондот.
Член 37
Нето вредноста на имотот на Фондот и нето вредноста на имотот по удел ја пресметува Друштвото, а ја контролира и ја потврдува депозитарната банка која истовремено е одговорна и за точноста на пресметките кои се доставуваат до Комисијата. Нето вредноста на имотот на Фондот и нето вредноста на имотот по удел се искажува во денари и во евра по среден курс на Народна Банка на Република Северна Македонија кој важи на денот на вреднување.
Член 38
Цената за продажба на новите удели или откуп на постојните е еднаква на нето вредноста на имотот на Фондот по удел. Продажбата на удели на Фондот се врши по цената која е утврдена на денот на кој е извршена уплатата на сметката на Фондот, зголемена за влезен надоместок согласно Проспектот.
Вредноста на уделот, како и архивата на вредности на уделот кои ги изразуваат цените за продажба на новите односно откуп на постојните удели на определен датум се објавуваат на интернет страницата на Друштвото. Утврдената цена на уделите во Фондот се објавува секогаш кога е извршено купување или продажба на удели во Фондот.
11. ОКОЛНОСТИ ПОД КОИ МОЖЕ ДА ДОЈДЕ ДО ПРЕКИН НА ПРОДАЖБА И ОТКУП НА УДЕЛИ
Член 39
Продажбата и откупот на уделите во Фондот може да се прекине доколку Друштвото и депозитарната банка сметаат дека не е можно да се утврди точната цена на имотот од портфолиото на Фондот, при што престанува продажбата и откупот на удели во интерес на постоечките и потенцијалните сопственици на удели.
Член 40
Прекин на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд може да настане и кога во рок од еден ден се достават барања за откуп на удели од фондот во износ поголем од 10% од вредноста на имотот на фондот, а фондот во законски пропишаниот рок не е во можност да ги реализира барањата. Прекинот на продажба и откуп на удели, Друштвото ќе го пријави до Комисијата и ќе го објави во најмалку два дневни весници во Република Северна Македонија, и на својата интернет страница. Прекин на продажба и откуп на
удели, Друштвото може да изврши по добивање на согласност од страна на Комисијата и за истиот писмено ќе ги извести сопствениците на удели.
Член 41
Друштвото за управување со отворени и затворени инвестициски фондови веднаш, не покасно од 24 часа по констатирањето дека не може да ја утврди точната цена на имотот од портфолиото на Фондот, до Комисијата доставува барање за добивање согласност на прекин на продажба и откуп на удели на отворениот инвестициски фонд.
Член 42
Во периодот на постапката за добивање согласност од Комисијата за прекин на продажбата и откупот на удели во отворениот инвестициски фонд, Друштвото не смее да продава и откупува удели од фондот се до завршување на постапката за добивање согласност која се води пред Комисијата. Привремен прекин на продажба и откуп на удели може да настане и доколку Комисијата се стекне со сознанија, или има оправдани причини за сомнеж дека на вложувачите им се нанесува штета поради неточна пресметка на цената на уделите во Фондот.
Член 43
Прекинот на продажба и откуп ќе заврши откако Друштвото и депозитарната банка оценат дека е можно да се одреди точната цена на имотот на портфолиото на отворениот фонд, а најдоцна во рок од 28 дена од почетокот на престанокот освен ако Комисијата не се согласи за продолжување на назначениот рок. Известувањето за продолжување на продажбата и откупот на удели во Фондот ќе се објави во најмалку два дневни весници во Република Северна Македонија.
За времето додека трае прекинот на продажба и откуп на удели, Друштвото може да продолжи со примање на барања за продажба или откуп на удели кои ќе се реализираат по завршувањето на прекинот. Додека трае прекинот сите барања за откуп или продажба на удели нема да бидат извршени во роковите предвидени со овој Статут и Проспектот на Фоднот.
12. НАДОМЕСТ И ТРОШОЦИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И ОТКУП НА УДЕЛИ
НАДОМЕСТ И ТРОШОЦИ НА ТОВАР НА ИМОТОТ НА ФОНДОТ
Член 44
На товар на имотот на Фондот се пресметуваат следните надоместоци и трошоци:
• Надоместок за управување со Фондот;
• Надоместок на депозитарната банка;
• Трошоци во врска со купопродажба на имотот на Фондот;
• Други трошоци кои ќе произлезат во текот на работењето.
Надоместок за управување со Фондот
Член 45
Надоместокот кој се наплатува од Фондот е надоместокот за управување на Друштвото, а како основица се користи вкупната вредност на имотот на фондот намалена за износот на обврските на фондот врз основа на вложувањата во финансиски инструменти, на денот на вреднување на Фондот, по следната формула:
Остварен годишен надомест за управување x 1 / 365
Друштвото наплатува надоместок за управување во висина од 2,00% годишно од вкупната вредност на имотот на фондот намалена за износот на обврските на фондот врз основа на вложувањата во финансиски инструменти и истиот во целост му припаѓа на Друштвото. Друштвото го наплатува надоместокот за управување еднаш месечно, како збир на сите дневни вредности на надоместок за месецот на кој што се однесува пресметката.
Надоместок на депозитарната банка
Член 46
Друштвото на товар на имотот на Фондот плаќа надоместоци и трошоци на депозитарната банка за работите кои се дефинирани во договорот со депозитарната банка, Законот, Статутот и Проспектот на Фондот и Тарифата за надоместоци и трошоци за вршење на работи на Депозитарната банка.
На товар на имотот на Фондот, Друштвото на Депозитарната банка и плаќа надоместок пресметан на годишно ниво, кој се пресметува од вкупната вредност на имотот на фондот намалена за износот на обврските на фондот врз основа на
вложувањата во финансиски инструменти на Фондот, на денот на вреднување на имотот на Фондот, со примена на следниве стапки:
До 1.000.000.000,00 денари | 0,21% |
Од 1.000.000.001,00 –1.800.000.000,00 денари | 0,19% |
Над 1.800.000.001 денари | 0,17% |
Процентот се искажува на годишно ниво со примена на пропорционална метода actual/actual, а наплатата на надоместокот се врши на месечна основа.
Исто така, на товар на имотот на Фондот, Друштвото на депозитарната банка и плаќа за трошоците на суб-депозитарна банка. Износот на овие трошоци е еднаков на реално остварените трошоци.
Трошоци во врска со купопродажба на имотот на Фондот
Член 47
Овие трошоци ги содржат сите трошоци поврзани со купување и продавање на имотот на Фондот (на пример: трошоци за брокерски провизии, берзанска такса, такса за Централен депозитар на хартии од вредност, даноци и евентуални други трошоци поврзани со порамнувањето на трансакциите). Износот на овие трошоци е во висина на стварните трошоци кои произлегуваат од договорите, односно тарифниците на релевантните институции и истите се на товар на имотот на Фондот. Трошоците за купување и продавање се разликуваат во зависност од типот на хартиите од вредност и големината на налогот.
Други трошоци кои ќе произлезат во текот на работењето
Член 48
Останати трошоци кои ќе произлезат во текот на работењето, а се наплатуваат на товар на имотот на Фондот се:
✓ Трошоци за годишна ревизија;
✓ Трошок за исплата на даноци на отворениот фонд;
✓ Трошоци за месечен надомест на Комисијата;
✓ Xxxxxxx за враќање на данок на дивиденда доколку износот на истите е понизок од износот на приливот од повратот на данокот на дивиденда
(при исплата на дивиденда од странство се задржува данок на добивка од страна на исплаќачот во земјата на исплата. Врз основа на меѓународните договори за одбегнување на двојно оданочување склучени меѓу Р. Северна Македонија и други земји, Друштвото има право да поведе постапка за враќање на задржаниот данок при исплата на дивиденда. Друштвото ќе покрене ваква постапка само во случаите во кои износот на вратен данок ќе биде поголем од реално настанатите трошоци за покренување на постапката). Тука влегуваат трошоци кон суб-депозитарна банка за изготвување на ваучери за поврат на данокот на дивиденда по хартија од вредност и трошоци кон депозитарна банка за посредување во процесот на поврат на данокот, согласно актуелните Тарифници на банките, како и останати реални трошоци (поштарина, трошоци за превод, надоместоци кои ги наплатуваат даночните управи на соодветните држави од кои се бара поврат на данокот и сл.)
Овие трошоци ги содржат трошоците кои ќе произлезат во текот на работењето на Фондот и ќе се наплатуваат на товар на имотот на Фондот во висина на реално остварените трошоци кои произлегуваат од договорите, односно тарифниците на релевантните институции.
НАДОМЕСТ И ТРОШОЦИ НА ТОВАР НА ИНВЕСТИТОРИТЕ
Член 49
Надоместоците кои може да се наплатуваат од инвеститорот во Фондот се:
• Влезен надоместок кој се одбива од износот за уплата во моментот на продажба на уделите;
При купување удели нема да се наплатува влезен надоместок.
• Излезен надоместок кој се одбива од нето вредноста на имотот на Фондот по удел во моментот на откуп;
При откуп на удели Друштвото нема да наплатува излезен надоместок.
• Трошоци за печатење на обрасци за запишување на удели;
Трошоците за печатење на обрасци за запишување на удели нема да се пресметуваат и наплатуваат. Друштвото нема да ги наплатува овие торшоци .
Xxxxxxx за премин од еден во друг фонд управуван од Друштвото
Член 50
Од овој фонд не може да се прави пренос на удели во други фоднови управувани од страна на Друштвото. Исто така пренос на удели не може да се прави од други фондови управувани од Друштвото во овој фонд.
13. ПРЕСМЕТКА И ИСПЛАТА НА ДЕЛ ОД ДОБИВКАТА НА ФОНДОТ
Член 51
Правото на учество во добивката сопствениците на удели го остваруваат преку откуп, односно продажба на удели, како разлика помеѓу влезната и излезната цена на уделот намален за сите трошоци и надоместоци. Приходите од инструментите во кои се вложени средствата на Фондот, како што се капиталните добивки, позитивните курсни разлики, дивиденди и каматни приходи, нема да се исплатуваат, туку автоматски ќе се реинвестираат со цел да се зголеми цената на уделите во Фондот. Сопствениците на удели се изјаснуваат за согласност за реинвестирање на добивката во поднесеното Барање за издавање на удели. Добивката на Фондот е содржана во цената на еден удел.
Дополнителни приходи
Член 51-а
Како приходи во фондот ќе се сметаат и приходите кои фондот ќе ги остварува по основ на поврат на дел од управувачката провизија која ја наплаќаат фондовите управувани од Security KAG во кои Фондот има вложено. Износот на поврат на управувачка провизија ќе се регулира со договор помеѓу Друштвото и Security KAG.
Приходот ќе се пресметува и ќе се наплатува квартално. Целиот приход кој ќе се остварува по овој основ ќе се распределува пропорционално на сите сопственици на удели.
По склучување на договорот за поврат на управувачката провизија меѓу Друштвото и Security KAG, истиот ќе биде објавен на веб страната на Друштвото заради запознавање на инвеститорите на фондот. Исто така, на веб страната на Друштвото на квартална основа ќе се објавуваат приходите кои фондот ги има остварено, врз основа на поврат на управувачката провизија од UCITS фондовите со кои управува Security KAG.
14. ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ФИСКАЛНА ГОДИНА
Член 52
Фискалната година трае од 1. (први) јануари до 31. (триесет и први) декември.
15. ДАТУМ НА ДОНЕСУВАЊЕ НА СТАТУТОТ
Член 53
Статут на фондот е донесен на 15.03.2019 година, кој е одобрен од Комисијата за хартии од вредност, со Решение број УП1 08 - 7 од 28.03.2019 година. Измените и дополнувањата донесени на ден 03.08.2022 година и пречистен текст на Статутот се одобрени од Комисијата за хартии од вредност со решение број УП1 08-156 од 17.08.2022 година. Измените и дополнувањата донесени на ден 03.08.2022 година и пречистен текст на Статутот се одобрени од
Комисијата за хартии од вредност со решение број од
година
16. ПОДАТОЦИ ЗА ДРУШТВОТО ЗА УПРАВУВАЊЕ
Член 54
Целосниот назив на Друштвото е: Друштво за управување со отворени и затворени инвестициски фондови ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје. Скратениот назив на фирмата гласи: ВФП ФОНД МЕНАЏМЕНТ АД Скопје.
Седиштето на Друштвото е во Скопје, на ул. X.Xxxxxxxx Бр.14 - 1/8, Скопје, Центар Матичниот број на Друштвото е 6983120.
Друштвото е основано на ден 13.08.2014 година, а започна со работа по добивањето на одобрение од Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, со Решение брoj УП 1 08-67 од 19.09.2014 година.
Друштвото е основано на неопределено време.
Член 55
Oсновната главнина на Друштвото изнесува 525.000,00 евра во денарска противвредност по среден курс на НБРСМ, а се состои од парични влогови.
Член 56
Друштвото има единствен предмет на работење - основање и управување на отворени инвестициски фондови, односно вложување на парични средства во свое име и за сметка на сопствениците на удели во отворените инвестициски фондови со кои управува. Оваа дејност опфаќа:
a) управување со имотот на инвестициските фондови;
b) рекламирање на инвестициските фондови и продажба на удели во отворените инвестициски фондови;
c) административни работи кои се однесуваат на:
- водење на деловни книги и сметки и изготвување на финансиски извештаи;
- воспоставување и одржување на односи со вложувачите;
- утврдување на вредноста на имотот на инвестицискиот фонд и пресметка на цената на уделот;
- усогласување на работењето на Друштвото со законите и други прописи;
- објавување и известување на сопствениците на удели;
- распределба на добивката на инвестицискиот фонд;
- издавање и откуп на удели во отворените инвестициски фондови и водење регистар на сопствениците на удели.
Друштвото има дозвола да врши и работи на управување со средства за сметка на индивидуален клиент - сопственик на портфолио, како и работи на инвестиционо советување на клиенти.
Член 57
Друштвото е должно управувањето со Фондот да го врши со внимание на добар стопанственик, да се придржува на начелата на совесност и чесност, навремено и целосно да ги исполнува сите права и обврски предвидени со Законот, Проспектот и Статутот на Фондот.
Друштвото при извршување на работењето ќе се придржува на сите законски ограничувања, забранети дејства и судир на интереси, а се со цел остварување на интересите на сопствениците на удели во Фондот.
Друштвото е акционер во друштва за управување со инвестициски фондови во Р. Албанија, Р. Србија и Република Босна и Херцеговина. Учеството во сопственоста на друштвото во Р. Албанија изнесува 51% од основната главнина, во Р. Србија учествува со 30% од основната главнина, а во Р. Босна и Херцеговина со 25% од основната главнина.
Исто така во иднина планирано е проширувње на дејностите преку отворање на нови друштва за управување со инвестициски фондови и во други земји од регионот (Бугарија и Црна Гора). За финансирање на ваквите активности
ќе се користат идните добивки кои ќе се генерираат од работењето на ВФП Фонд Менаџмент АД Скопје.
Член 58
Друштвото при извршување на работењето ќе се придржува на сите законски ограничувања, забранети дејства и судир на интереси, а се со цел остварување на интересите на сопствениците на удели во Фондот.
Член 59
Друштвото е одговорно за вршење на дејноста на управување со Фондот во согласност со законските и подзаконските прописи, Статутот и Проспектот на Фондот. Друштвото одговара за штетата причинета на сопствениците на удели во Фондот за делување спротивно на одредбите од Законот, подзаконските прописи, Статутот и Проспектот на Фондот.
Друштвото одговара за правните работи склучени во свое име и за сметка на сопствениците на удели во Фондот, со целокупниот свој имот.
17. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ
Член 60
За се што не е регулирано со овој Статут ќе се применуваат одредбите од Законот за инвестициски фондови и другите законски и подзаконски прописи.
Член 61
Овој Статут влегува во сила веднаш, а се применува од денот на добивање согласност на Одлуката за донесување на Статутот од страна на Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија.