ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 8/2019
ОТВОРЕНА ПОСТАПКА БРOJ 8/2019
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА НАБАВКА НА СТОКИ
„НАБАВКА НА ИТ ОПРЕМА (печатачи/ мултифункционални уреди)“
Скопје, 28.06.2019
ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА ПОКАНА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ ПОНУДА
Почитувани,
Хелсиншкиот комитет за човекови права, со адреса на ул.,,Xxxx Xxxxxxxxx Борче’’ бр.83, 1000 Скопје; телефон за контакт: xx000 0 00 00 000; електронска адреса: xxxxxx@xxx.xxx.xx; има потреба од набавка на ИТ опрема, согласно техничката спецификација во прилог на тендерската документација.
Ве молиме да ни ја доставите Xxxxxx понуда за горенаведениот предмет на договор за набавка најдоцна до 5.07.2019 година, во 12:00 часот (по локално време) на адреса на Хелсиншкиот комитет или на електронска адреса.
Со оваа покана Ви доставуваме тендерска документација која ги содржи сите информации кои ќе Ви помогнат за изработка на понудата. Тендерската документација се состои од следните делови: инструкции за економските оператори, техничка спецификација, модел на договор, задолжителни одредби што ќе ги содржи договорот за јавна набавка, изјава за сериозност на понудата, изјава за независна понуда, образец на листа на доверливи информации и образец на понудата.
Oтворањето на понудите ќе биде комисиски на 5 јули 2019 година во 12:30 часот.
Однапред Ви благодариме на соработката.
Во Скопје, Хелсиншки Комитет за човекови права
28.06.2019 година Xxxxxxx Xxxxxxxx, Извршна Директорка
Предмет на договорот за набавка
Предмет на договорот за набавка е во еден дел, и тоа:
Набавка на ИТ опрема- мултифункционални уреди - печатачи/ копир/ скенери
Предметот на договорот е делив на делови според дефинираните технички спецификации.
Понудувачот може да даде понуда за еден, повеќе или за сите делови од предметот на договорот за набавка. Понудувачот не може да ги дели составните елементи на поединечниот дел.
Извор на средства
Средствата за реализација на договорот за набавка кој е предмет на оваа постапка се обезбедени од неколку донатори кои финансираат проекти во Хелсиншкиот Комитет за 2019 година.
Право на учество
Право да достави понуда има секое заинтересирано домашно и странско правно и физичко лице
- понудувач, кое е регистрирано за вршење на дејноста поврзана со предметот на договорот за набавка.
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка
Критериум за доделување на договорот за јавна набавка е најниска цена. најниска цена. За носител на набавката ќе биде избран оној економски оператор кој ќе понуди најдобар квалитет/ сервис и најниска цена според перформанси, а чија понуда претходно е оценета како прифатлива.
Евалуацијата на понудите ќе се врши согласно со методологијата за изразување на критериумите за доделување на договорот, во комисија составена од вработени лица во Хелсиншкиот комитет.
Спречување на судир на интереси
За спречување на судир на интересите во постапките за доделување на договори за јавни набавки соодветно се применуваат одредбите од Законот за спречување судир на интереси.
Носителот на набавката не смее, при извршување на договорот за набавка, да ангажира лица кои биле вклучени во евалуација на понудите поднесени во постапка за доделување на договор за набавка, во времетраење на договорот. Во тој случај договорот се смета за ништовен.
Информации од доверлив карактер
Договорниот орган ќе ги заштити информациите кои економскиот оператор ги има означено како доверливи, особено кога станува збор за деловна тајна или права од интелектуална сопственост, освен во случаите каде по сила на закон Договорниот орган е должен да ги достави
овие информации до надлежните органи (во случај на жалбена постапка, поведување на управен спор и слично).
Доколку економскиот оператор не ја достави листата на доверливи информации заедно со својата понуда, договорниот орган ќе смета дека предметната понуда не содржи информации од доверлив карактер.
Цената на понудата не се смета за доверлива информација во ниту еден случај.
Формат за доставување на понуди
Хелсиншкиот комитет за човекови права им дава можност да економските оператори да одредат свој слободен формат на поднесување на понудите.
Цена
Економскиот оператор во листата на цени ја внесува цената за секој дел поединечно.
Понудената цена треба да ги вклучува сите трошоци и попусти на економскиот оператор, да биде искажана без данок на додадена вредност кој се искажува посебно. Понудената цена треба да ги вклучува и увозните царини доколку ги има.
Валута на понудата
Цената на понудата се изразува во денари.
Краен рок и место за поднесување на понудите
Краен рок за доставување на понудите е 5 јули 2019 година, до 12:00 часот.
Известување за доделување на договорот за набавка
По завршувањето на евалуацијата, најдоцна до 10 јули 2019 год се испраќа известување за економскиот оператор кој поднел најповолна понуда. Известувањето е од информативен карактер и не предизвикува правни последици.
Во исто време, и сите други економски оператори ќе бидат известени за резултатите од спроведената постапка, одлуката кој е најповолен економски оператор како и за причините за неизбор на нивната понуда. Економските оператори што учествувале во постапката имаат право на увид во извештајот од спроведената постапка.
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ ОД ДОГОВОРОТ ЗА НАБАВКА
Начин на плаќање
Се предвидува следниов начин на плаќање: вирмански во рок од 30 (триесет) дена од првиот нареден ден од денот на прием на фактурата во архивата на Хелсиншкиот комитет за човекови права, лоциран на ул.,,Xxxx Xxxxxxxxx Борче‘‘ бр. 83, 1000 Скопје.
Начинот на плаќање е задолжителен. Секоја понуда која содржи начин на плаќање поинаков од овој утврден во оваа точка ќе се смета за неприфатлива и како таква ќе биде одбиена од страна на комисијата за набавки.
Рок и место на испорака
Носителот на набавката е должен да ја испорача ИТ опремата - предмет на договорот во рок од 20 дена од денот на потпишување на договорот од страна на двете договорни страни, на следнава локација: Хелсиншки Комитет за човекови права на ул.,,Xxxx Xxxxxxxxx Борче‘‘ бр. 83, 1000 Скопје.
Носителот на набавка е обврзан истовремено со испораката на ИТ опремата–предмет на договорот да достави и гарантни листови со гарантен рок во согласност со наведеното во техничката спецификација од тендерската документација и неговата понуда.
Рокот и местото на испорака се задолжителни.
Набавка на принтери и скенери :
Предмет на набавка е следнава информатичка и комуникациска опрема (спецификациите се дадени подолу)
I. Канцелариски печатар/ копир и скенер (црно- бел) – количина 1 (еден)
II. Канцелариски печатар/ копир и скенер (колор) – количина 1 (еден)
III. Самостоечки мултифункционален уред принтер/ копир/ скенер со можност за повеќе влезни единици и паралелна работа од неколку компјутери – количина 1 (еден)
Барани дополнителни информации за сите уреди
1. Колку копии може да направи еден тонер за секоја машина посебно?
2. Која е цената за тонерот/ тонерите? (оригинал vs. заменски)
3. Предвиден број на стр. месечно
4. Што е потрошен материјал во уредот? (на колку време треба да се замени)
5. Колку чини сервис?
6. Колку има гаранција? (со вклучени трошоци за резервни делови, работна рака и превоз)
7. Информација за хартија која се користи (Поддржани формати A4; A5; A6; B5; коверти)
8. Можности за поврзување (мрежно, бежично, WiFi, и слично)
I. Канцелариски печатар/ копир и скенер (црно- бел) – количина 1 (еден)
Минимална спецификација Скенирање и копирање
Ласер технологија (или еквивалент)
Брзина на печатење мин 30/А4 стр/мин Технологија на печатење - Ласерски (црно/ бело)
Резолуција на печатење – најмалку до 600 х 600 dpi АРДФ
Брзина на копирање до 33 стр/мин ц/б Зголемување.намалување на копија 25% - 400% Резолуција на копирање 600 х 600 dpi
Оптичка резолуција на скенирање до 1200 х 1200 dpi ...24 bit
Двострано печатење (дуплекс) автоматски и двострано копирање, скенирање Минимално LCD екран или еквивалент
Минимално поддршка за Windows 8 или еквивалентно повисоки верзии, CD со потреби драјвери
Стартен тонер
II. Канцелариски печатар/ копир и скенер (колор) – количина 1 (еден)
Минимални карактеристики/ Спецификација Брзина на печатење мин до 20/А4 стр/мин
Копирање и скенирае
Технологија на печатење- Ласерски (колор)
Број на бои - 4 (black, magenta, cyan, yellow) или еквивалент Резолуција на копирање - 1200 х 1200 dpi
АРДФ
Информација за хартија
Поддржани формати A4; A5; A6; B5; коверти
Двострано печатење (дуплекс) автоматски дуплекс Минимално LCD екран или еквивалент
Минимално поддршка за Windows 8 или еквивалентно повисоки верзии, CD со потреби драјвери
Минимално 4000 страни на месечно ниво Стартни тонери
III. Самостоечки мултифункционален уред принтер/ копир/ скенер со можност за повеќе влезни единици и паралелна работа од неколку компјутери – количина 1 (еден)
Минимални карактеристики/ Спецификација Копир апарат
Принтер
Скенер (црно бел и во боја)
Резолуција на печатење 600х600 / 1200х1200 АРДФ
Брзина на печатење, најмалку 20 коп/мин Формат за печатење А4
Дуплекс/ автоматско двострано печатење Сортир-финишер
Хефталица автоматска
Број на корисници со шифра за влез и печатење, минимум 30 Мрежно поврзување најмалку за 30 единици/ компјутери
Постоље (како опција)
Минимално LCD екран или еквивалент
Минимално поддршка за Windows 8 или еквивалентно повисоки верзии, CD со потреби драјвери
Стартен тонер.